Транспортен Центар/Железничка Скопје
Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Јавен превоз
Forum Discription: Автобуски, трамвај, ЛРТ, метро, тролејбус...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=4197
Printed Date: 05-May-2025 at 15:39
Topic: Транспортен Центар/Железничка Скопје
Posted By: stef4o
Subject: Транспортен Центар/Железничка Скопје
Date Posted: 14-Mar-2022 at 11:34
Отворив една нова тема во врска со Транспортен Центар и Железничка Станица Скопје.
Просторот веќе 30-тина години не се одржува,тотално е запуштено и премногу валкано,неосветлено,несредено.
Во прилог неколку денешни фотографии
Од западната страна,голем дел и од билбордите веќе се распаѓаат
плочникот кај Шехерезада и по цела должина е горе-долу ваков
западниот влез кон Железничката и околината
...
источниот влез кон Железничката
источната страна
------------- Carpe diem
|
Replies:
Posted By: Влатко
Date Posted: 14-Mar-2022 at 15:00
Отсликување на едно полураспаднато општество, а не е единствен пример.
|
Posted By: zabegan
Date Posted: 14-Mar-2022 at 18:41
колку и да ги браниме концептите од после земјотресот, факт е дека се направени за стандарди од одредено време, закаснети со изведба, па застанати во тоа време... за да се среди целиот урбан комплекс потребно е комплетно да се ре-испалнира транспортниот центар и поставеноста на институциите во него, да се збогати со содржина и да се модернизира
неговото пропаѓање е поткрепено од скоро целосното отсуство на интерес за користење на железница кај нас, и пропаѓањето на поштата како доминантен сервис во комуникации од минатото
може да се направат мали корекции и шминки како што пробаа да направат со тереминалот на железничката и дел од просторот околу, ама се тоа е ситно, што исто така пропаѓа после некое време просто од некористење, незаинтересираност и непрофитабилност за да се одржува
------------- Architects create dreams...politicians create nightmares
|
Posted By: stef4o
Date Posted: 14-Mar-2022 at 21:59
Не треба некоја преголема инвестиција да се сменат гнасните плочки кои се тотално уништени и премногу лизгави при дожд и снег,исто така да се тргнат сите тие билборди искршени инфо табли или што и да биле на времето.
Барем малку да се среди бидејќи ако се чека да живне железницата тоа значи дека ќе пропаѓа и наредни 30 години минимум.
Ваква е и состојбата со ГТЦ и со многу други објекти кои се тотално запоставено и на кои едноставно им поминале добрите години.Но не би требало да останат како руини среде град.
------------- Carpe diem
|
Posted By: гитардемон
Date Posted: 14-Mar-2022 at 23:46
Доколку некогаш се воведе приградска железница тогаш местото ќе живне. Дотогаш, ќе имаме една полураспадната босанска (по газдите) автобуска со казино во неа, и нешто што наликува на железничка станица.
------------- Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
Posted By: skopskodete
Date Posted: 15-Mar-2022 at 12:53
Треба естетска реконструкција, а добро би било и да се смести тука и музеј за железничкиот сообраќај, а кога би се вовела приградска железница (и до аеродром), интегрирана со автобускиот превоз, местово ќе живне. Не сум експерт ама мислам и дека треба и некоја вентилација во преминот, а нормално и да се смени осветлувањето и плочките.
|
Posted By: user8642
Date Posted: 15-Mar-2022 at 18:40
Кога ќе видам по свет дека големите железнички станици по големите европски градови добиваат IATA кодови (кои патем ги снемува како IPv4 адреси), и настанува некое мерџање на авионскиот сообраќај со железничкиот, се си мислам дека ќе фати еден сосема поинаков ветар во овој бизнис. Ќе дојде утре некој концесионер како "TAV" или таков сличен, ќе ги земе под концесија сите железнички станици од Виена до Истанбул и до Атина кои му се од интерес, и ќе оперираат на неговите станици приватни железнички компании како AmTrak и такви, или државно-способни како DB или SNCF, и тоа е тоа. Останатите селски помали ќе бидат менаџирани со некој joint-venture меѓу општините на чија територија се и некој национален превозник, ако уопште се најде таков да има интерес.
Нешто како што DHL на светско ниво, а дома Фалкон, Глобко и остали, и сличните како нив ќе ја доубијат традиционалната пошта. И на крајот она малку ситно што ќе остане како јавна универзална услуга ќе отиде под некаква концесија.
Некои постари генерации со комунистички миндсет на ова гледаат како немоќ на државата, некои попаметни помлади како мене гледаат opportunity.
|
Posted By: FT
Date Posted: 15-Mar-2022 at 20:30
Originally posted by user8642
Некои постари генерации со комунистички миндсет на ова гледаат како немоќ на државата, некои попаметни помлади како мене гледаат opportunity. |
И јас сум млад, ама мислам дека основните работи(транспорт, здравје, образование, основни прехранбени продукти) треба да ги обезбедува државата.
|
Posted By: zabegan
Date Posted: 15-Mar-2022 at 21:17
Originally posted by stef4o
Не треба некоја преголема инвестиција да се сменат гнасните плочки кои се тотално уништени и премногу лизгави при дожд и снег,исто така да се тргнат сите тие билборди искршени инфо табли или што и да биле на времето.
Барем малку да се среди бидејќи ако се чека да живне железницата тоа значи дека ќе пропаѓа и наредни 30 години минимум.
Ваква е и состојбата со ГТЦ и со многу други објекти кои се тотално запоставено и на кои едноставно им поминале добрите години.Но не би требало да останат како руини среде град. | дури да направат минорни промени како поплочување фарба и стакла, ќе се изгнаси за одредено време со оглед на тоа колку не се користи просторот и колку е неатрактивен за јавноста за задржување, со оглед на тоа што нема што да се прави таму
за да се направи добра промена, мора прво комплексот да се реши функционално и да се искористат неговите потенцијали максимално, за да тргнеме од мртва точка
дел од ова можеше да го реши креирањето на локална железница во вид на ЛРТ што со моменталната железничка мрежа ќе ги покриеше поголем дел од периферните делови на градот а главниот терминал ќе бепе тука, ама за жал сегасеуште има 0 заинтересираност од градските власти за тоа
------------- Architects create dreams...politicians create nightmares
|
Posted By: zabegan
Date Posted: 15-Mar-2022 at 21:19
Originally posted by FT
Originally posted by user8642
Некои постари генерации со комунистички миндсет на ова гледаат како немоќ на државата, некои попаметни помлади како мене гледаат opportunity. |
И јас сум млад, ама мислам дека основните работи(транспорт, здравје, образование, основни прехранбени продукти) треба да ги обезбедува државата. | мене ништо не ми менува кој го води системот се додека системот е функционален и удобен... и во случај на приватници и во случај на државата може да биде лош или добар
------------- Architects create dreams...politicians create nightmares
|
Posted By: Denko
Date Posted: 15-Mar-2022 at 22:34
Makedonskiot problem se vika (ne)odrzuvanje na objektite, bez razlika dali se drzavni ili privatni. Odrzuvanjeto cini a Makedoncite se poznati po neplakanje, taka sto poveketo objekti odnapred se osudeni na propaganje. Tuka isklucok se bogatite institucii (banki, ESM, Telekom i najvaznite drzavni objekti).
|
Posted By: The Wild Boy
Date Posted: 07-Apr-2022 at 21:11
Некои од локалите се реновираа.
Џабе што Железничката станица се реновираше, нема ама апсолутно никаков проблем средено.
Најголемиот проблем е тоа што капе и тече вода. Буквално одводот за вода нема никви цевки водата да се излева во канализација... дали така било направено за време на Југославија, незнам? Ако било, тогаш голема грешка е направено...
Кога е зима, и кога заладува, знае водата што капе да зе замрзне и буквално се формираат кристали, кои што некои можат да паднат и да повредат некого...
Кога е влажна патеката, плочките се многу лизгави... тоа треба да се среди.
Шахтите што се еден голем чир, стаклата искршени, графитите, едноставно кога возиш испод железничка како да се наоѓаш во некој дистопичен свет, нема живот железничката станица... блееш во бетонско сивило, кое што загноило со текот на годините од никвакво оддржавање. Горниот дел на железничката станица, па барем тие 4-5 перони кои што ги реновираа се генерално ОК, ама реновирани се пероните само блиску до самиот внатрешен дел. Другото е се... грдосија. Јас би го сменил и тој железниот кров кој што е рѓосан од горе, нема смисла веќе. Гледам имаат и такви едни не - доизградени мали зградички, ваљда тие биле планирани за лифт. Ако можат тие да се пренаменат и да може да се доаѓа со лифт од други делови на Железничката станица тоа ќе биде голема предност. Да се избели, целосно комплетно станицата. Испуканиот бетон повторно да се испрска, да се исчисти од комарци, инсекти, прозорците, вратите, се тоа да се смени. Ништо немаат сменето уште од кога е изградена самата Железничка станица. Би и ставил и некаква по - модерна и жива фазада... многу работи треба да се сменат овде. Плочките да се сменат, да се стави нешто што не е лизгаво, да се среди и запустениот дел ококу самата Железничка станица. Добар потег беше тој да се наместат паркинг места, или да се пренамени делот за нешто друго корисно испод Железничката станица, за да не се лепат бездомници. Некое паркче во близина, подобра пристапност за велосипедисти.
Ако, и кога ќе се изгради градско - приградската Железница, и ако можеби на некој градоначалник во иднина ќе му текне да изгради Метро во градов и да ги реши сообраќајните проблеми, тогаш овој Транспортен Центар може да заживее. И секако, ако се подобри и железницата во Македонија.
Еве како изгледала железничката станица при нејзиното отварање: https://youtu.be/qOyBXI3C35o
И кога ќе погледнеме статистички, за 8 милиони превезени патници оваа железничка станица опслужувала добро.
Еве ви примери како би можеле Железничката Станица и Транспортниот центар да се пренаменат: https://marh.mk/josif_nikolovski_zeleznicka_skopje/ https://marh.mk/parking-za-velosipedi-petrovski-paskovska/ https://marh.mk/proekt-kenzo-nov-javen-gradski-prostor/
Има доста интересни предлози објавени на овој вебсајт. Дури гледам имаат направено и за Куманово и Велес. Навистина одлично, и добра креативност. Само за жал во оваа држава нема кој да ги слушне овие артисти и креатори, туку секогаш се става политички интерес пред се. И затоа градот ни оди во погрешна насока, и од урбанистички аспект и од било каков друг.
Генерално за Железничката станица самата форма не е лоша. Просторот го има, изгледот од аспект на форма не е лош, локацијата е ОК, па дури има и дополнителен простор за платформи и шини ако погледнете на мапа се гледа убаво. Сетоа тоа може да се искористи, да се пренамени, се во зависност од потребите. Ќе треба доста работа да се среди овде, а може да се направи нешто убаво од овој транспортен центар па да заличи на нешто, а не да биде дел од градот загубен во тоа минато време, во тој минат век...
Нема поента повеќе за дискусија, ако некој од власта и од градот не се нафатат да променат нешто. Ама гледајки последниве 20-30 години колку се имаат нафатено...
Edit: И во врска со Метрото, имам нешто на ум, да го завршам планот, да го презентирам ќе се дискутира во врска со тоа како би можело истовремено Скопјанка, Транспортниот Центар и Веро Шопинг Центарот да бидат поврзани со една станица. Edit 2: Инаку, знае некој кога бил отворен Булеварот од Железничката станица до НБРМ? Знам дека на почеток било само 1+2 улица. Која година се има направено целосен булевар? За другиот дел од Булеварот К.Ј. Питу знам дека е завршен доцните 80-ти. Корегирајте ме ако сум грешен.
|
Posted By: The Wild Boy
Date Posted: 07-Apr-2022 at 21:21
Овде има повеќе информации во врска со паркингот за велосипеди: https://skopjelab.mk/redizajnskopje/velo-parking/
|
Posted By: FT
Date Posted: 07-Apr-2022 at 22:09
Железничката може да изгледа нереално добро. А сега изгледа нереално лошо, буквално се што не е people friendly го има во, околу, и под станицата.
|
Posted By: stef4o
Date Posted: 12-Jun-2022 at 14:38
Видео и фотки со дрон од Скопската железничка, Портата на Скопје е оставена на забот на времето
Откако во скопскиот земјотрес од 1963 година старата Железничка станица била драстично оштетена, во годините кои следувале Скопје добил разни проекти за нови градби. Таков бил и проектот за јапонскиот архитект Кензо Танге за нова железничка станица, кој сепак не бил остварен според неговите планови. Целосниот проект била мега структура наречена Градска порта чиј составен дел била и железницата.
Старата железничка и натаму се користела сѐ до денешниот ден кога во во 11:30 часот заминал последниот воз со што таа станица заминала во историјата. Зградата на станицата, која земјотресот драстично ја уништил, од 197о година служи како Музеј на Град Скопје. Потоа, во 12:35 часот пристигнал првиот воз на новата Железничка станица со што бил означен почеток на една нова ера.
Железничката е дел од комплексот наречен Транспортен центар и се наоѓа помеѓу населбите Пролет и Маџир Маало од една и Мичурин и Острово од друга страна. Има 10 колосеци поставени на масивен бетонски мост, долг 2 километра. Изградена е во бруталистички стил и се градела 10 години.
За жал денес железничкиот сообраќај е заборавен од државата и народот не ги ползува придобивките од ефикасен железнички транспорт. Скопската Железничка станица е оставена на забот на времето и функционира минимално.
https://skopjeinfo.mk/video-i-fotki-so-dron-od-skopskata-zheleznichka-portata-na-skopje-e-ostavena-na-zabot-na-vremeto - https://skopjeinfo.mk/video-i-fotki-so-dron-od-skopskata-zheleznichka-portata-na-skopje-e-ostavena-na-zabot-na-vremeto
------------- Carpe diem
|
Posted By: skopskodete
Date Posted: 12-Jun-2022 at 21:24
Ваљда едно 5-10 милиони евра требаат за да заличи на нешто Железничкава т.е. не само да заличи, туку да има целосен покрив (на пример стаклен) итн.
|
Posted By: stef4o
Date Posted: 13-Jun-2022 at 07:16
Треба многу да се вложува но сепак капацитетот е голем и неискористен.И автобуската е за никаде,од сите страни тече при дождови,премногу нечисто,внатре слабо осветлено,плочките од Зегин кон Шехерезада и паралелно отспротива се катастрофа.Освен две-три трафики,пошта и една дискотека скоро и да нема други содржини.Не верувам дека и во наредната деценија ќе има некое инвестирање.
А и околината е прилично запуштена,хаварисани возила,стари објекти на трасата за бул.Борис Кидрич,диви населби кон Ист Гејт така да целиот потег е за никаде долги години.
------------- Carpe diem
|
Posted By: MKDSTRUGA
Date Posted: 13-Jun-2022 at 09:18
Нема поента да се среди станицава кога пригуте низ државава се просек 60км/х. Се ќе има смисла ако се поврзат коридорите 8,10,и10д со брзи возови по 200 км/х. Тогаш би имале значаен проток на патници преку железничката станица.
|
Posted By: гитардемон
Date Posted: 13-Jun-2022 at 11:59
Делот кој припаѓа на македонски пошти треба да се издава како канцелариски простор, а трите колосеци кои немаат ни шини (се гледа на сликата) треба да се зазеленат и да бидат јавно достапни како катче за одмор. Автобуската пак (бошњачка енклава каде не се издаваат фискални), треба да се цивилизира и да се издаде на друг ентитет.
------------- Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
Posted By: Denko
Date Posted: 13-Jun-2022 at 13:00
Zeleznickata bukvalno izgleda kako napusteno mesto.
|
Posted By: stef4o
Date Posted: 23-Sep-2022 at 11:01
Деновиве ги фарбаат клупите на Транспортен

------------- Carpe diem
|
Posted By: user8642
Date Posted: 23-Sep-2022 at 19:37
^ Грандиоозни зафати, одамна не сме имале нешто во таа тема!
|
Posted By: stef4o
Date Posted: 15-Aug-2023 at 17:23
(Фото) Околината на Меѓународната автобуска станица во Скопје претрупана со отпад
На паркингот на Меѓуградската автобуска станица во Скопје се забележува отпад, пластични остатоци од испиени пијалоци, како и конзерви. На места се видливи и мали депонии. Ова фреквентно место во центарот на Скопје е претрупано со отпад.
Еве што забележа камерата на Телма
https://telma.com.mk/2023/08/15/foto-okolinata-na-megjugradskata-avtobuska-stanica-vo-skopje-pretrupana-so-otpad/ - https://telma.com.mk/2023/08/15/foto-okolinata-na-megjugradskata-avtobuska-stanica-vo-skopje-pretrupana-so-otpad/
------------- Carpe diem
|
Posted By: stef4o
Date Posted: 14-Jan-2025 at 19:24
Ревитализација на Транспортниот центар во Скопје / Ѓорѓиев
Aвтор: Филип Ѓоргиев
Предмет: магистерски труд
Година на изработка: 2023/2024
Ментор: Михаел Дешман, Влатка Љубановиќ
Универзитет: Факултет за архитектура, Универзитет во Љубљана
Ако архитектурата е огледало на едно општество, тогаш огледалото кое го отсликува македонското општество е доста извалкано! Транспортниот центар во Скопје е еден од постоечките приказни за ново и модерно Скопје, кое никого не остава рамнодушен. Како причина за тоа би ги издвоил самата структура, локацијата и габаритот. Овој објект отсекогаш ми бил интересен, но никогаш не го разбрав целосно. Како дете ми се чинеше огромен, на некој начин страшен и напуштен. Во средно училиште почнав да го гледам како енигма којашто не можев целосно да ја дешифрирам. Денес, се восхитувам на неговата просторна и конструкциска заснова, како и модернистичката идеја, која нуди одлично решение за железничкиот и автобускиот сообраќај во градот. Денес зградата сè уште го преживува својот транзициски период, без стратегија или долгорочен план за тоа како ќе функционира во иднина и е на половина напуштена. Можеби друг голем проблем и причина за лошото функционирање на целата структура е нефункционирањето на железничката станица, поради нефункционирањето на железничкиот сообраќај во државата. Потоа, тука е и (не)работењето на поштата, односно користење само на дел од наменетите простори за пошта. Проблем претставува и деградацијата на објектот поради огромните паркинг површини под целата платформа за возови, булеварите и изразените визуелни и физички пречки.Ова многу зборува за општеството, за вредностите и односот кон архитектурата и културното наследството.
Како да се пристапи кон таков објект за мене беше предизвик. Најпрво започнав со разбирање на градот. Го проучував зошто градот е таков каков што е, вклучувајќи студии за сеизмичкиот развој на градот и архитектонските бисери на модернистичката архитектура, меѓу кои се наоѓа и Транспортниот центар (ТЦ). Размислував за тоа каков град е денес Скопје и како транзицијата влијаела врз него. Тука ги анализирам сите проблематики со кои градот денес се соочува. Потоа, преку анализа на ТЦ, од првата идеја до реализација, ја истражив целата приказна и најдов одговори на прашања како: зошто е изграден така како што е и дали навистина била потребна таква структура за железнички релативно неразвиена држава. Овој дел беше клучен за просторната и програмската валоризација, која потоа доведе до развој на нова концептуална замисла.
Темата за ревитализација не значи само обновување на постоечката работа на железничката, автобуската станица и поштата, туку и размислување за иднината, искористување на потенцијалите и нова програма во истата. Новата програма произлегува од деталната анализа на постоечките програми и она што недостасува во градот. Сфатив, дека за зградата да се врати во живот, ќе биде неопходно да се понудат различни програми за различни луѓе и возрасти. Еден од новите предлог програми е „Саем“. Саемот е место каде се среќаваат нови идеи, и е спој на традицијата, наука и култура. Во периодот кога саемот не е во функција просторот е флексибилен и овозможува развој на нови програми, како co-working простори, работилници. Заради дневните миграции на студенти и ученици, во објекот на поштата се развива нов програм на библиотека и читална, каде би можеле младите попродуктивно да го поминуваат времето чекајќи превоз. Исто така се зачувуваат постоечките програми како што се поштата, железничката и автобуската станица, но со нови идеи и нови начини на користење со еколошки интервенции. Голем акцент ставам и на надворешното уредување, и преку пренасочувањето на постoечките улици и булевари добивам голем зелен остров пополнет со паркови и плоштади на кои се развиваат и шират програмите во ТЦ. Платформата пак станува огромен парк, кој претставува партер на градот и развива простори за урбана агрокултура, железнички музеј, амфитеатар, спортски игралишта и сончева и ветерна електрана.
https://marh.mk/revitalizacija-na-transportniot-centar-vo-skopje-gjorgjiev/ - https://marh.mk/revitalizacija-na-transportniot-centar-vo-skopje-gjorgjiev/
------------- Carpe diem
|
Posted By: stef4o
Date Posted: 27-Feb-2025 at 14:21
ВИДЕО+ФОТО | Автобус под Железничка се чека на сопствен ризик, се дише прашина во полутемница
[tube]hv3LFgPgWCM[/tube]
Поради местоположбата на оваа постојка на главниот булевар, кој е под надлежност на Градот Скопје, за неговата хигиена е задолжено јавното градско претпријатие „Комунална хигиена“. Оттаму тврдат дека нивните служби редовно го чистат овој простор, иако сликата на терен го покажува спротивното.
Дебели слоеви прашина „натапкани“ над тротоарот, разлетани брошури од поминати културни настани во Скопје, расфрлени отпушоци од цигари, празни лименки и искршени стакла – вака изгледа просторот на преминот под Железничката станица на булеварот Кузман Јосифовски – Питу. Оттука минуваат пешаци и во вакви услови граѓани чекаат автобус на постојката која е лоцирана таму.
Од Инфраструктура при Македонски железници на прашањето дали тие се одговорни за чистење на ѓубрето од овој простор и зошто тука долго време нема никакво осветлување, оттаму ни одговорија дека овие активности се дел од надлежностите на Општина Аеродром.
На прашањето до Општина Аеродром, пак, дали се надлежни за одржување на хигиената под Железничката станица, оттаму ни одговорија дека надлежноста за просторот кој е при главниот булевар е на Градот, додека пак тие, заедно со општина Центар се со поделена надлежност за одржување на просторот кај последните постојки на приградските автобуски линии. Поделбата на одговорностите е географска, односно едната страна припаѓа на Аеродром, а другата на Центар.
Автобуска постојка за приградските автобуси, за разлика од овој премин, која исто така се наоѓа под Железничката станица, поредовно се чисти и санира од комуналната служба, вели минувач кој е жител на општина Аеродром. Тој тврди дека неколку пати забележал како општинските комуналци ги чистат овие дваесетина постојки, кои служат како почетни и крајни станици за приградските автобуси.
-Живеам кај „Скопјанка“ и често поминувам под Железничка. Делот од каде тргнуваат автобусите е чист и уреден, не е сјаен, ама сепак нема прашини и е осветлен. Неколку пати гледам дека комуналци од Општина Аеродром ги чистат постојките и го собираат ѓубрето, не знам дали тие се надлежни ама сепак некогаш ги чистат постојките – вели тој за „Слободен печат“.
Но, како што тврди нашиот соговорник, на преминот кај станиците на булеварот Кузман Јосифовски Питу, навечер не би поминал ни со придружба, а не му паѓа напамет да оди сам.
-Од тротоарот кај главниот булевар преферирам да поминувам само преку ден, а навечер постојано го избегнувам. Кога одам оттаму дишам прашина, премногу е мрачно, дури и во текот на денот, а навечер нема ни соодветно осветлување, местото е вистински „гоуст таун“ за пешаците и за оние кои таму треба да чекаат автобус.
Според него, станицата близу влезот за на железничката станица е пофреквентна поради присуството на неколку угостителски објекти и аптека, а таму почесто има и паркирани таксисти, правејќи го овој премин пораздвижен за пешаците, кои според него се чувствуваат посигурни минувајќи оттаму.
Екипата на „Слободен печат“ отиде на терен кај оваа постојка на булеварот Кузман Јосифовски Питу под Железничката станица. Освен прашина, отпадоци и разлетани брошури, забележливо е и навистина слабото осветлување како на самата постојка, така и низ целиот премин, поточно на ова место не пречека вистински мрак на пладне.
Евидентен беше и малиот број луѓе кои стојат на автобуската постојка, безмалку ниту еден човек овде не го чекаше својот автобус, но минуваа бројни пешаци. Поради местоположбата на оваа постојка на главниот булевар, кој е под надлежност на Градот Скопје, за неговата хигиена е задолжено јавното градско претпријатие „Комунална хигиена“.
Оттаму тврдат дека нивните служби редовно го чистат овој простор, иако сликата на терен го покажува спротивното.
-ЈП „Комунална хигиена“ има надлежност за одржување на хигиената на булевар Кузман Јосифовски-Питу, каде што се наоѓаат автобуските постројки под Железничката станица. Во овој реон редовно се врши рачно и машинско метење, како и празнење на корпите за ситни отпадоци- велат од градското комунално претпријатие и додаваат дека за последната постојка на приградските автобуси не се надлежни.
Постојаната негрижа за оваа постојка и просторот околу неа под Железничката станица од страна на градското претпријатие, не им дава голем избор на граѓаните. Тие или ќе пешачат до следната станица или ќе останат да го чекаат својот автобус среде прашина и отпадоци.
https://www.slobodenpecat.mk/videofoto-avtobus-pod-zheleznichka-se-cheka-na-sopstven-rizik-se-dishe-prashina-vo-polutemnica/ - https://www.slobodenpecat.mk/videofoto-avtobus-pod-zheleznichka-se-cheka-na-sopstven-rizik-se-dishe-prashina-vo-polutemnica/
------------- Carpe diem
|
|