Купување на плац
Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Изградба и ентериери
Forum Discription: Совети, искуства, едукација, проекти...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=3230
Printed Date: 08-May-2025 at 06:10
Topic: Купување на плац
Posted By: aaaa
Subject: Купување на плац
Date Posted: 05-Oct-2015 at 12:33
Здраво дечки, ве читам долго време, и сега дојде време да прашам.
Сакам да купам плац, се договоривме со продавачот за цената, е сега пред да се официјализира, треба да се проверат некои работи, за да не си имам зафрканции после.
Малце инфо за плацот: - Моменталниот сопственик го купил плацот пред 30 години, ставил само темели, и така е оставено до денес. Тогаш по закон морало да се започне со градење по одреден период од купувањето, тоа важи и сега само со некои измени веројатно. - Кога го купил плацот, во документот има една квадратура, пред неколку години дури и му се додадени уште неколку квадрати (од нигде никаде како што кажува), а моментално таа квадратура е намалена за неколку квадрати.
Прашања: - Ваш совет за темелите, да ги тргнам и да ставам нови, или да продолжам да градам врз старите (стоеле отворени цело време) - Мислења/совети за зафрканцијата со квадратурите - Кои се документи треба да се проверат, и што се треба да се праша, пред да го земам плацот
Ви благодарам
|
Replies:
Posted By: King
Date Posted: 05-Oct-2015 at 18:20
Првин во врска со градежната дилема, мој совет ти е да повикаш луѓе од сертифицирана лабараторија Гранит, Гим, тие ке извадат кернови од бетонот. Во лабараторија ке се покаже колку се квалитетно изведени столбовител и дали претрпеле оштетување, со други зборови ќе се утврди нивната квалитатаивна состојба во моментов
Второ во врска со имотот и додаваните и одземани квадрати во истата, би те советувал да земеш историјат (движење) на парцелата, во него мора да ги пишува сите направени измени, зошто се направени, врз база на кој документ се направени, и кога се направени.
|
Posted By: Max
Date Posted: 13-Feb-2016 at 14:33
за темелите проектантот ќе си каже нема што да импровизираш, инаку во лабос и да ти потврдат каква марка на бетон имаш посекако нема да можат да ти кажат колку арматура имаш во есапот, во принцип порано се штедело макар што било ефтино та зар не сме биле најдомакинска екс-ју република
|
Posted By: antigona
Date Posted: 30-Jun-2016 at 00:29
Не знам каде е најсоодветно да замолам за мислње, па ќе се обидам со оваа нишка. Имено, ве молам за мислење за населбата 11 октомври во Скопје. Се размислувам да купам еден убав плац со стара барака (за рушење е) за изградба на семејна куќа веднаш до првата/последна станица на автобусот на ЈСП со бр. 4 која е лоцирана во оваа населба. Населбата е солудно урбанистички организирана, се наоѓа на само 2км од центарот на Скопје, но ме загрижува потенцијалот од загадување на воздухот од Усје. Има ли некој некакво искуство со оваа населба?
Фала однапред 
|
Posted By: beTon
Date Posted: 30-Jun-2016 at 14:31
искуство и да има некој сите имаат различна диоптрија за тоа дали и колку е добра населбата
лично заради преголемиот промет на возила често поминувајки баш на овој потег ќе се осетев ко да сум во Чаир, незнам тука е тесно грло, дали заради автобуската, дали заради маркетот и импровизираниот паркинг, или пак немањето раскрсница, битно последна 4ка делува од старт несредено
што е до Усје да, колку и да имаат добри филтри, не само околина туку цело Скопје има зијан од фабриката, инаку без неа мислам дека потенцијално на местово ни Водно ни Жданец не му се рамни, некако на излез од урбаната џунгла ми делува ослободително
|
Posted By: antigona
Date Posted: 03-Jul-2016 at 13:15
Благодарам beTon. Сепак, прометот на главната улица не е толку проблем, ул/бул Борис Трајковски одамна веќе е со профил од по две ленти во правец и има раскрсница со семафори. Така да скоро никогаш нема застој на таа улица. Но, останува стравот од загадувањето од Усје, но и од ближната топлана...а урбанистички, се работи за мошне плански изградена мала населба...
|
Posted By: beTon
Date Posted: 03-Jul-2016 at 19:00
за семафорите немав абер, нејсе, самиот импровизиран паркинг пред тоа маркетот таму е терсене работа, а за Усје што да кажам, ако е утеха цело Скопје е загадено вака или онака http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=559&PID=165900#165900 - http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=559&PID=165900#165900 со таква дилема нит Сопиште човек би немал мир со оглед дека пм10 и таму ќе да глават
|
Posted By: Glava
Date Posted: 04-Jul-2016 at 17:06
Загаденоста од УСИЕ не е проблем тука. Местото е одлично, единствено би размислил околу близината на железничката пруга.
Исто така ако не се лажам тука некаде (долж пругата чинам беше) треба да поминува и Јужниот Булевар?
|
Posted By: beTon
Date Posted: 05-Jul-2016 at 11:01
лапсуз, јас говорев за последна 24-ка ајде само 1 км потака инаку нас.11 Октомври е мирно убаво место, дури најдобрата рибарница во Скопје е таму, со оглед дека домакините од трафиката и самите се рибари, та ако има свежа риба негде во секое време тоа ет таму, бар вака беше пред 10тина години
потенцијално би било и елитно место, доколку кај пругата кренат некоја парк-шума, но доколку пробијат сервисна улица кон нас.Мичурин иако полезно сепак ќе ви земат мирот, мада со тоа проширувањето на булеварот истиот сигурно уште сега е заминат
|
|