Print Page | Close Window

Св.Пантелејмон - Пантелеј, Кочани

Printed From: build.mk
Category: Останати теми
Forum Name: Културно наследство
Forum Discription: Археолошки локалитети, цркви, манастири...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1263
Printed Date: 19-Jul-2025 at 12:24


Topic: Св.Пантелејмон - Пантелеј, Кочани
Posted By: Makedonij
Subject: Св.Пантелејмон - Пантелеј, Кочани
Date Posted: 03-Apr-2011 at 20:01
Ногу убав манастир, кој не е ногу познат по Македонија но е прекрасен, сам го тражив веќе да го посетам но не успеах, патот секогаш ме носеше околу тоа место, но не и таму.

http://www.kocani.gov.mk/sliki%20voved/pantelej2.jpg

Изграден е во 1864 година. Возобновен е во 1885 година од игуменот Мартинија. По својата архитектура претставува трокорабна базилика, со три куполи. Фрескоживописот е од зографот Димитар Андонов Папрадишки од 1888-1892 година, од кој зограф се и иконите на иконостасот. Во 1988 година, по интервенција на Митрополиотот Брегалнички Стефан, од страна на Заводот за заштита на спомениците е извршена детална реставрација на кровната конструкција, кубињата и фреските.

http://a3.sphotos.ak.fbcdn.net/hphotos-ak-snc3/20934_228469104353_228464819353_2936249_3567609_n.jpg

елото Пантелеј, сместено на падините на Осоговските планини, се наоѓа на идеална надморска височина од 766 метри што го прави своевидна воздушна бања и локалитет за одмор и рекреација во кој било период од годината.

http://www.kocani.gov.mk/sliki%20voved/pantelej7.jpg

Манастирскиот комплекс во негова непосредна близина го прави уште поатрактивно и заедно со асфалтниот пат достапно за секој што би сакал да има духовен спокој и прекрасни мигови во питомата природа. Манастирот и селото постоеле уште во периодот на владеењето на српскиот жупан Стефан Немања (1166-1196 г.), со поинаква местоположба од денешната. Старото село Пантелеј веројатно се наоѓало северозападно од денешната населба, во месноста Трештеник, а во негова близина била изградена и црква посветена на великомаченикот и добродетел Свети Пантелејмон. Подоцна, во периодот на владеењето на султанот Мехмед IV (1648-1687 г.) оваа црква е срушена.

http://a5.sphotos.ak.fbcdn.net/hphotos-ak-snc3/13323_385127589353_228464819353_3631147_6392762_n.jpg

Во 1519 година султанот Селим I наредил попис во Османлиската империја и според тогашните податоци во Пантелеј живееле 11 семејства со околу 50 жители, а во втората половина на 16 век бројот се зголемил на 160-180. Кон крајот на 18 и почетокот на 19 век во селото живеело само едно семејство во месноста Колибиште, а подоцна се доселиле жители од поблиските и подалечните населби, образувајќи го денешното село. За неговото создавање придонеле и блиските злетовски рудари во кои работеле селаните од Нивичани, Бели, Тркање, Бање и други, а неговата местоположба нудела блискост и посигурност. Според пописот од 2002 година селото брои 64 жители, пред се население во поодминати години.

http://a6.sphotos.ak.fbcdn.net/hphotos-ak-ash1/25428_386803524353_228464819353_3668206_6455078_n.jpg

Во 1872 година била изградена малата црква "Успение на Пресвета Богородица", а во 1885 год. и прекрасниот манастир "Свети Пантелејмон". Според преданието за изградбата на манастирот, на една триесетгодишна слепа девојка, по име Нејтана, на сон и се сонило да појде близу местото каде се уште постоеле урнатини од некоја постара црква, да копа и да пронајде вода со која ќе се излекува. Утредента отишла на местото и почнала да копа, иако селаните и зборувале да престане. Таа не ги послушала и продолжила да копа со раце, криејќи ја причината за својата упорност. Откако се изморила од долгото копање, легнала болна и по извесен период умрела, без да ја пронајде сонуваната вода. На претсмртниот час ги собрала селаните и им кажала за сонот и нејзината желба да прогледне, задолжувајќи ги да копаат се додека не ја пронајдат водата. По нејзината смрт, за кратко време тие ја пронашле сонуваната вода и таа брзо се прочула по својата лековитост. Местото станало собиралиште на луѓето кои барале здравје од секакви болести, а подоцна овде е подигнат и сегашниот манастир. Во неговата внатрешност и денеска има извор со вода за која селаните веруваат дека има лековити својства.

http://a1.sphotos.ak.fbcdn.net/hphotos-ak-snc3/20934_228484574353_228464819353_2936331_1422053_n.jpg

Големината на селото и повеќето извори со планинска вода во близина на манастирот, па и самиот негов двор со конаците, нуделе сигурен престој за секој патник што ќе поминел или ќе се задржел во овие предели. По осамостојувањето на http://www.mpc.org.mk/ -   МПЦ (1958 г.) манастирот потпаѓа под Злетовско-струмичката епархија (подоцна Брегалничка), а по посетата на владиката Наум започнува неговата обнова и претворање во туристичко-религиозен центар на регионот. Со реконструкцијата на црквата, манастирот и околните конаци, како и изградбата на асфалтниот пат во 80-те години на минатиот век, Пантелеј не е заборавено село. Во неговата околина се појавуваат новоградби, викенд куќи, а за верскиот празник во август доаѓаат повеќе илјади посетители.

http://www.kocani.gov.mk/sliki%20voved/pantelej6.jpg
http://www.kocani.gov.mk/sliki%20voved/pantelej4.jpg

http://www.kocani.gov.mk




-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ



Print Page | Close Window