Бандери (дрвени/бетонски столбови)
Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Урбани прашања
Forum Discription: Урбанизам, урбана опрема, урбана мафија...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1402
Printed Date: 07-May-2025 at 03:08
Topic: Бандери (дрвени/бетонски столбови)
Posted By: Macedonicus
Subject: Бандери (дрвени/бетонски столбови)
Date Posted: 28-Aug-2011 at 22:04
Во светот практика е сета телекомуникациона инфраструктура да оди под земја додека пак во нашата држава вирее од дрвени и бетонски бандери кои не само што не изгледаат убаво и се не-естетски туку и зафаќаат голем дел од тротоарите. На ретки места може да се сретне подземна инсталација и тоа претежно во центарот во Скопје додека на другите места а камо ли во внатрешноста на Македонија ситуацијата е поразлична. Пример од соседството за уредно средена инсталација е Бугарија која во секој град и село има подземни кабли до секоја куќа, зграда или деловен/индустриски објект. Незнам зошто кај нас не се спроведе таква акција која сигурно би била многу по исплатлива отколку за изработка на еден бетонски/дрвен столб при што не би морало да се трошат дрва. Придобивка би добиле и граѓаните кои не би морале да се соочуваат со прекин на услугите поради надворешните временски влијанија.
Од Европските градови само Букурешт важи за несреден град од аспект на телекомуникациската инфраструктура:
Вака изгледа во Несебар, Бугарија (куќа):
|
Replies:
Posted By: pbanks
Date Posted: 28-Aug-2011 at 22:13
Овој проблем може да се забележи и во Грција, Косово и Јужна Србија освен во Македонија.
Потполно се сложувам со тебе дека мора многу сериозно да се поработи на оваа тема и властите да ги присилат компаниите да ги однесат своите инсталации под земја.
Но за почеток би било добро барем при реконструкција на некои улици да се решава и ова прашање.
Немам поминато деновиве, но на бул. Климент Охридски во текот на реконструкцијата баш приметив дека низа вакви дрвени бандери останаа. Се надевам дека до крајот на реконструкцијата ќе се отстранат.
Најдобро одработен проект на оваа тема е реконструкцијата на ул. 11 Октромври во првиот мандат на Пенов. Освен што се реновираше коловозот (коцка) и тротоарите, се искористи приликата целата инсталација да отиде под земја, штета што немаме слики од тоа време, но инсталацијата на таа улица беше една од најхаотичните.
Денеска возејќи по Првомајска баш ги гледав дрвените бандери и навистина се надевам дека властите во рамките на реконструкцијата на улицата мислат да го решат овој проблем.
|
Posted By: my Macedonia
Date Posted: 28-Aug-2011 at 22:23
Pa i kaj mojata kukja izlepile ovie od EVN kabli niz fasadata bez da prasat. Se prasuvam dali tie istoto go pravat i vo Avstrija? Id*oti!!
|
|