Print Page | Close Window

Сидерокастрон (Железнец, Демир Хисар)

Printed From: build.mk
Category: Останати теми
Forum Name: Културно наследство
Forum Discription: Археолошки локалитети, цркви, манастири...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1921
Printed Date: 19-Jul-2025 at 05:49


Topic: Сидерокастрон (Железнец, Демир Хисар)
Posted By: Tony Martin
Subject: Сидерокастрон (Железнец, Демир Хисар)
Date Posted: 17-Nov-2012 at 01:29
Железнец (Сидерокастрон), руднички центар. Сл. 63, 64.

  Лит.: Г. Гагиќ 1981, 93; — А. Стојановски 1981, 64.

  Местоположба. „Градиште” се вика долгиот и тесен рид што се издига на јужниот дел на Железнец, над устието на Кушница во Црна Река. Висок е 130 м (847 м н.м.), има стрмни страни и зарамнет врв. Во подножјето поминува главниот регионален пат, денес патот Кичево - Битола. На планинските падини јужно од Градиште лежат бројни рудокопи на железо од антиката и
средниот век. Оттука и средновековното и ново име: Железнец, византиски — Сидерокастрон, турски — Демир Хисар.

Сл.%2063.%20„Градиште”,%20Железнец,%20наоди,%2013.—14.%20век

Сл. 63. „Градиште”, Железнец, наоди, 13.—14. век

Најстари остатоци. На врвот на Градиште била изградена укрепена населба во хеленистичко време, датирана со македонски монети од 4.—1. век ст.е. Во доцноантичко време било изградено обѕидие со малтер, околу простор кој зафаќал 4 ха. Југоисточниот дел го претставувал јадрото на крепоста. Внатрешниот простор бил терасесто изделен во неколку долги потези, делумно подѕидани, со траги од куќи и други градби. Подградието се оформило на тесниот срт северозападно од крепоста, одделен со ров од неа, но исто така, опфатен со ѕид. Наоди: доцноантичка керамика, монети од доцниот 4. до 6. век, многу парчиња поситни предмети ковани од железо, алатки, железна згура.

Сл.%2064.%20„Градиште”,%20Железнец,%20доцноантичко%20рударско%20гратче,%20обновено%20во%20средниот%20век%20%28Сидерокастрон%20—%20град%20Железнец%29

Сл. 64. „Градиште”, Железнец, доцноантичко рударско гратче, обновено во средниот век (Сидерокастрон — град Железнец) 

Средновековни остатоци. Во доцниот среден век животот во крепоста бил обновен. Подградието било оставено неукрепено. Целосно бил обновен западниот ѕид и изградена мала акропола на северозападниот агол, во цврста малтерна техника. Денес на теренот се запазени овие обнови мошне добро (за разлика од доцноантичките делови): една челна кула, една кружна и една полукружна полукула, потоа централната кула-донжон (13.—14. в.). Најдени се повеќе монети од 13. и 14. век (Латински имитации; Андроник II Палеолог и др. потоа венецијански од 14.) и шпански од 16. век.

Гратчето Железнец (Сидерокастрон) зафаќало површина од 2,8 ха и претставувало регионално стопанско и управно средиште во 13. и 14. век. Забележано е во врска со борбите околу овој регион што се воделе помеѓу Византија и Србија (Сидерокастрон); потоа за време владеењето на Стефан Дечански или Душан како „град Железн’ц” (по В. Кравари 1989, 330).




Print Page | Close Window