ТЦ Зебра
Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Комерцијални
Forum Discription: Трговски центри, повеќенаменски комплекси, супермаркети, хипермаркети...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=28
Printed Date: 02-May-2025 at 22:53
Topic: ТЦ Зебра
Posted By: pbanks
Subject: ТЦ Зебра
Date Posted: 18-Sep-2007 at 19:17
Жители од населбата Капиштец утрово со возила ја блокираа улицата Васил Ѓоргов
|
Жителите од населбата Капиштец утрово повеќе од два часа ја блокираа улицата Васил Ѓоргов незадоволни од одлуката на општина Центар на местото на зелената површина со детски игралишта и паркинг простор да гради катна гаража. Велат дека изградбата на гаражата еколошки ќе ја загрози и вака загадената населба, а преку 300 станови во наредните три години додека се гради гаражата ќе останат без паркинг простор.
Тие обвинуваат дека плацот од 7.000 метри квадратни во 2003-тата година му бил продаден на сопственикот на Тинекс маркети Владимир Тодоровиќ преку сомнителна спогодба по ниска цена. Од општина Центар денеска тврдат дека плацот е даден на тендер а објектот предвиден во деталниот урбанистички план. Ќе биде помал од сега заградениот простор со што ќе остане дел за детско игралиште и зелена површина – велат од општината. Граѓаните пак остануваат на своето барање и велат дека ќе протестираат се додека општината не ја смени одлуката. |
|
Replies:
Posted By: Cloverstack
Date Posted: 19-Sep-2007 at 00:21
Еве уште мудрости од пред некој ден кога настана целава работа.
http://dnevnik.com.mk/?itemID=8FFB2928F14D974580F6753589E996BA&arc=1 - http://dnevnik.com.mk/?itemID=8FFB2928F14D974580F6753589E996BA&arc=1
ВО КАПИШТЕЦ СЕ ГРАДИ НА СЕКОЈ СЛОБОДЕН ПРОСТОР „Тинекс“ гради катна гаража, соседите протестираат
Инвеститорот
има градежна дозвола за деловен објект, а жителите на Капиштец бараат
да се промени урбанистичкиот план и на тоа место да се гради училиште

Фирмата „Тинекс“ деновиве почна да гради деловен објект со катна
гаража спроти управната зграда на „Жито лукс“ во населбата Капиштец, а
жителите од околните згради викендов протестираа против изградбата, со
образложение дека на тој простор им било ветено училиште или градинка.
Од Општина Центар велат дека според детаљниот урбанистички план за
Капиштец на локацијата е предвиден деловен објект. Според надлежните,
инвеститорот има градежна дозвола и ги уплатил парите за комуналии, со
што може непречено да гради.
Сопственикот на маркетите „Тинекс“,
Владимир Тодоровиќ, вели дека на просторот ќе гради комплекс од деловни
простории, маркет и катна гаража со 500 места.
- За намената на
деловните простории дополнително ќе размислуваме. Локацијата ја купив
на лицитација пред три години. Целиот проект е во согласност со
детаљниот план, се' е како што налагаат законите - вели Тодоровиќ.
Авторот
на проектот, архитектот Драги Зафиров, објаснува дека катната гаража ќе
биде скриена во објектот и нема да се гледа однадвор.
- Ќе се
гради на површина од 18 илјади квадратни метри, а објектот ќе биде
висок 13,5 метри. Катната гаража ќе има еден кат под земја и два над и
ќе биде поделена на неколку полунивоа. Објектот ќе биде готов за една
година - вели Зафиров.
Инвестицијата ќе чини околу 12 милиони
евра. Тодоровиќ вели дека предност за користење на гаражата ќе имаат
вработените во објектот, посетителите и жителите од соседните згради,
кои ќе имаат можност и да ги откупуваат местата за паркирање за подолг
период. Тој додаде дека паркингот нема да биде бесплатен, но ќе може да
го користат сите граѓани.
Жителите се против изградбата на
објектот, бидејќи како што велат, тој ќе им го одземе слободниот
простор пред зградите и децата ќе нема каде да играат.
- И
лани сакаа да градат на оваа локација, но ние собравме 500 потписи и ја
спречивме градбата. Кога ги купувавме становите пред две децении ни
кажаа дека на тоа место ќе се гради училиште или градинка.
Градоначалничката на Центар, Виолета Аларова се однесува како Капиштец
да е нејзин двор. Ние не сме против инвеститорот, туку сме против
Општина Центар, која носи несоодветни урбанистички решенија, кои се
спротивни на Генералниот урбанистички план - вели Илија Димитриев од
Капиштец.
Жителите ќе испратат писма до сите надлежни институции
со барање да се промени урбанистичкиот план, а со допис ќе се јават и
до Антикорупциската комисија. Тие повторно ќе собираат потписи во надеж
дека тоа ќе има ефект кај надлежните.
- Ќе се задушиме овде.
Имаме маркети колку сакаме, не ни треба уште еден. За да биде
функционална катната гаража, треба да има приод од најмалку две главни
улици. Оваа се гради на споредни улички и ќе предизвика метеж.
Градоначалничката Аларова со месеци не сака да не' прими и да го чуе
нашето мислење. Таа како воопшто да не е со своите сограѓани - се жалат
жителите на Капиштец.
Марија Тасев
|
http://www.vest.com.mk/default.asp?id=140429&idg=7&idb=2163&rubrika=Skopje - http://www.vest.com.mk/default.asp?id=140429&idg=7&idb=2163&rubrika=Skopje
ЖИТЕЛИТЕ НА КАПИШТЕЦ ИСПЛАШЕНИ ДЕКА И КАЈ НИВ ЌЕ НИКНЕ КИНЕСКИ SИД
Катната гаража ќе не задуши
Жителите бараат да се намали катноста на гаражата и нејзиниот влез место на Народен фронт да биде на Васил Ѓоргов
Жителите од Капиштец не сакаат во нивната населба да се гради катна
гаража, која ќе се гради спроти дирекцијата на "Жито лукс" на аголот
меѓу улиците Народен фронт и Васил Ѓорѓов. Тие вчера се собраа во
Општина Центар со барање Општината или да го смени Деталниот
урбанистички план Капиштец, каде уште во 2001 година било предвидено да
се гради катна гаража, или пак инвеститорот да ја намали катноста на
објектот, кој ќе биде висок 17 метри.
"Ќе немаме зеленило. Меѓу зградите ќе ни изградат уште еден кинески
sид. Од една страна се душиме со бензинската кај Автомото сојузот, а од
другата страна сега и со катната гаража. Знаеме дека инвеститорот е
чист и дека ги има сите потребни документи за градба, но ако може да ја
намали висината на објектот, бидејќи ќе го задуши целиот простор",
велат жителите од Капиштец.
Тие побараа инвеститорот Владимир Тодоровиќ, сопственик на синџирот
маркети "Тинекс" и на фирмата "Антера", која во 2003 година го купила
земјиштето на јавно наддавање, во проектот за изградба на гаражата да
го смени влезот во неа.
"Ако може влезот да биде на улицата Васил Ѓорѓов, а не тој да е од
страната на зградите, бидејќи нема да можеме да дишеме ниту пак дете да
пуштиме надвор", велат жителите на Капиштец.
Земјиштето кое газдата на "Тинекс" го купил за да гради катна гаража
зафаќа површина од 7.200 квадратни метри, а гаражата ќе се гради на
површина од 3.200 квадратни метри. Таа ќе има приземје и три ката, и
треба да има околу 500 паркинг места. На приземниот дел ќе има дуќани,
додека во подрумскиот дел, јадрото на објектот и на катовите места за
паркирање. Тодоровиќ објасни дека детското игралиште што сега се наоѓа
на неговата парцела нема да го урива, бидејќи и по ДУП таму е
предвидено игралиште и дека околниот простор ќе го уреди со зеленило.
"Мене не ми пречи да го сменам влезот во објектот, но според правилата
влез во катна гаража од главна улица не е дозволен", рече Тодоровиќ.
Тој објасни дека во тек се подготовките за отпочнување на градежните
активности и дека за една година треба да ја изградат катната гаража.
Револтираните жители и сопственикот на земјиштето ги прими
градоначалничката на Општина Центар Виолета Аларова. Таа им објасни
дека катната гаража со висина од 17 метри е предвидена во планот од
2001 година и дека сега е доцна за какви било интервенции.
(Е.А.)
|
-------------
|
Posted By: Cloverstack
Date Posted: 19-Sep-2007 at 00:22
Еве го целиот реон. Спорната локација е одбележана со жолта точка затоа што не сакам да навлегувам во претпоставки за проекцијата на објектот.
http://imageshack.us">
Еве ја спорната локација зголемена:
http://imageshack.us">
Ужасно се нервирам од вакви теми, ама сепак сакам малце подетално да се осврнам на некои работи.
Одма да кажам дека не го бранам проектот (затоа што не знам скоро ништо за него), ама дека сум апсолутно против мотивите и методите на „загрижените граѓани“. Исто така да кажам дека имам силни про-еколошки гледишта, дека сакам зеленило и „хуман“ град, ама дека ставовите на оваа група граѓани воопшто не оди во прилог на гореспоменатите вредности - токму напротив.
За почеток да ја анализираме ситуацијата:
1. Веќе од сателитската снимка секој нормален може да увиди дека на таа локација е најрационално нешто да се изгради, а дека е сосема нелогично да се остави така. 2. Со ДУП-от ништо не е спорно. 3. Инвеститорот ги има сите потребни дозволи.
Ајде сега малце да ги анализираме „аргументите“ на групата „загрижени граѓани“
1. Загрижени се за „зеленилото“
- За какво ли зеленило зборуваат? Па и од сателитската снимка се гледа дека тоа е запуштена пољана со уништена трева и само едно дрво. Тамошните жители не само што ја газеле тревата правејќи пешачки патеки, туку создале и неколку правливи „сообраќајници“ низ спорната локација, безобзирно поминувајќи со своите моторни возила. Тоа што го направиле нека им служи на чест. Ама нека не се обидуваат сега да се прикажат како заштитници на зеленилото. Нека не се обидуваат да ја претстават запустената пољана како некое невидено богатство. Конечно, нека престанат да глумат дека имаат некаква граѓанска свест.
Нејсе... Квалитетно зеленило во градот може да добиеме само со добро планирање и грижа за истото. Вакво „зеленило“ што сега као го бранат, подобро да има што помалку. Сакам да имаме многу зелени површини низ градот, ама нивната локација, улога, карактеристики и сл. мораат да бидат добро осмислени. Ако се оди само на квантитет од наводно зеленило - се оди кон рурализација на градот.
Остатокот од локацијата веројатно опфаќа и дел од паркингот. Да се изгради катна гаража на место на површински паркинг е секако многу поефикасно и поеколошки. Особено на место каде што паркингот е хроничен проблем. Се надевам дека многу повеќе подземни и катни гаражи ќе никнат низ градов - со тоа не само што би се решавал проблемот со паркирањето, туку би се ослободиле и големи површини кои толку неефикасно и нееколошки се користат за површински паркинзи. Недозволеното паркирање да не го ни споменувам.
2. Загрижени се дека ќе се „задушеле“ - демек страшна работа ги снашла: од една страна катна гаража (иако се работи за низок деловен објект кој што само вклучува катна гаража), а од друга страна бензинска пумпа.
- Прво бензинската е прилично далеку, а за катните гаражи веќе образложував. Второ, бензинската сигурно била таму долго време пред да се вселат „бунтовнициве“, така да ако не им одговарало не морало баш тука да купат станови. Трето, за тоа што се гушат нека не бараат ирационални објаснувања - причините нека ги бараат во крнтиите од автобуси на пример. Или во закрчениот сообраќај за кој во голема мерка се одговорни токму слични вакви ставови кои го саботираат ефикасното решавање на сообраќајните проблеми. Или уште поинтересен пример во кој што најверојатно учество земале и некои од нашиве бунтовници - правење ајвар позади зграда. Деновиве баш е во мода... Тоа нели ги гуши? (и нив и тие што мора да трпат такви будалаштини во најурбаните делови од Скопје)
Не можам да сватам дали овие луѓе се свесни дека живеат во град. Ако до толку не можат да се прилагодат, нека се преселат во село, затоа што според нивниве гледишта веројатно само на село би им било се ОК. Ама уште повеќе збунува фактот што овие луѓе свесно купиле станови во 20-катници. Да не спомнувам дека се практично во центар. Кого се обидуваат да го фарбаат сега? Не беа свесни за недостатоците на таков живот? А од друга страна имаат многу поволности. Ама они изгледа би сакале само поволности да имаат, а негативни страни да нема. Епа такво нешто не постои... Сами си го направиле изборот и нека се соочат со тоа - па макар и да е лош како што тврдат.
3. Загрижени се дека децата ќе немало каде да играат.
- Ја имам многу пати со свои очи видено спорната локација и не сум ја запамтил баш како место каде што си играат деца. Јас лично не би пуштил дете да игра на таа запуштена и исушена пољана. Безобразното каубојско минување со возила по таа површина доволно зборува за тоа дека не само што не се работи за детско игралиште, туку е и одличен индикатор за искреноста на мотивите на тамошните жители. Оние правливи улички низ „зеленилото“ не се направиле самите. Нормално - тоа што е правливо кога е суво, станува калливо кога е влажно... И како капак на се, од време на време по некоја ќеса ѓубре ќе слета, фрлена од 15-ти спрат на пример... Идеално место за детска игра нели...
4. Загрижени се дека е спорна денационализацијата и плус тендерот.
- Навистина не знам дали се спорни или не. Ама дегутантно ми е нивното душегрижништво околу овие прашања. Еве ако се покаже дека се во право за ова и целата процедура да се преиспита и повтори... Демек нема да се бунат кога друг инвеститор ќе гради сличен објект?
5. Бараат на местото да се изгради училиште.
- А зарем училиште нема да им го зафати наводно „единствениот слободен простор“ како што го опишуваат? Ова е само доказ колку се контрадикторни и бесмислени нивните аргументи...
Дали има воопшто потреба да се гради училиште во тој реон? Ако има потреба, дали евентуално тоа не е планирано на некоја поприкладна локација во близината? Дали „бунтовниците“ се засегнати од вакви „ситници“, или единствено им е важно да ги протуркааат своите ирационални барања, без разлика на се?
6. Загрижени се за функционалноста на катната гаража... Аргументот им е: „За да биде функционална катната гаража, треба да има приод од најмалку две главни улици“
- Кога ќе обелоденат од кај го ископаа ова правило, тогаш ќе коментирам... Нормално, би било корисно и да дефинираат што подразбираат под терминот главна улица.
Исто така интересно би било да се знае дали се запознаени со тоа како е планиран Јужен Булевар со своите колекторски/дистрибуторски улици (така е планиран уште многу пред тие да се вселат). Кога еден убав ден ќе дојде време за негова градба, какво ли востание ќе дигнат против овој за градот апсолутно неопходен проект.
Тешко нас со вакви ставови 
|
Posted By: pbanks
Date Posted: 07-Oct-2007 at 16:57
povtorno stravoten render od ova malku sto se gleda od slikava. Da se nadevame deka povtorno problemot e vo renderot kako vo nekoi drugi slucai, oti bojava na stakla ne vetuva mnogu.
Ako nekoj pomine tamu denovive neka slikne, imaat postaveno tabla
|
Posted By: pbanks
Date Posted: 07-Oct-2007 at 22:21
eve go celiot objekt... ova ko da e istata firma sto go ima praveno noviot strumicki pazar. neznam sto da kazam vaka na renderov ne mi se svigja. I podkrovja na delovni objekti pocnaa strasno da me nerviraat.
|
Posted By: Cloverstack
Date Posted: 07-Oct-2007 at 22:34
Ни мене не ми се свиѓа.
Не е многу лош, веројатно просечен за нашава средина... Ама токму тоа е проблемот - просекот ни е многу низок. Ретко се разбива клишето на "cheap" дизајни. Кога викам "cheap" нормално не ми е зборот за цената на проектот... По нашки најверојатно најдобро би се опишало како „малограѓанска архитектура“
Ако ништо друго научивме како се вика проектов.
|
Posted By: dejan
Date Posted: 08-Oct-2007 at 09:41
Interesno izgleda. Ama mozhea uste poveke da napravat za izgledot.
|
Posted By: Cloverstack
Date Posted: 08-Oct-2007 at 15:52
http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1222&ArticleID=78656 - http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1222&ArticleID=78656
СПРОТИ ДИРЕКЦИЈАТА НА „ЖИТО ЛУКС“ ВО КАПИШТЕЦ
Поставен камен-темелникот на катната гаража
Премиерот
Никола Груевски и Владимир Тодоровиќ, сопственикот на маркетите
„Тинекс“, вчера го поставија камен-темелникот на новата катна гаража,
која ќе се гради спроти дирекцијата на „Жито лукс“ во населбата
Капиштец. Темелите ги освети г.г. Стефан, поглаварот на Македонската
православна црква, а на свеченото почнување на изградбата присуствуваа
и Михајло Маневски и Миле Јанакиевски, министрите за правда и транспорт
и врски. - Катната гаража сама по себе претставува груба градба. Затоа,
во проектот е предвиден деловно-комерцијален објект. Гаражата ќе биде
сместена во средишниот дел и ќе собира 500 возила, ќе има супермаркет и
дваесет деловни локации, кои се надевам дека ќе ги задоволат потребите
на граѓаните. Објектот ќе се гради на површина од 3.500 квадратни метри
- рече инвеститорот Тодоровиќ. Тој нагласи дека земјиштето е купено на
јавно наддавање и дека е предвидено со Деталниот урбанистички план на
општината Центар. Тодоровиќ вети дека градбата според димензиите и
намената нема да отстапи од предвиденото. Според најавите, дел деловни
канцеларии може да се пренаменат во хотел. - Тоа е опција што е
оставена како варијанта доколку не се најде закупувач за локациите што
ќе се понудат. Во секој случај се работи за мал дел од вкупната
квадратура - дополни Тодоровиќ. Фирма-изведувач е „Гранит“, а проектант
„Ма дизајн“. Пред околу две недели жителите со возила ја блокираа
улицата Васил Ѓоргов, зашто беа против изградбата на таков објект пред
нивните згради. Тие тврдеа дека општинарите и другите надлежни
институции не смееле да одобрат изградба на каков било објект, без
претходно да ги информираат нив. Жителите се против изградбата зашто,
според нив, оваа населба била двојно погусто населена од другите
населби. Тие се жалат дека градителите им го одземаат единствениот
празен простор и паркинг во овој дел и стравуваат дека на тоа место ќе
никне објект со поголем габарит од предвиденото. Откако просторот се
огради и се претвори во градилиште, сообраќајниот метеж во оваа населба
се зголеми зашто станарите се принудени да ги паркираат своите возила
каде што ќе стигнат. Инвеститорот Тодоровиќ е сопственик на парцелата
веќе три години, а земјиштето го добил на јавно наддавање. Тој пред
извесно време рече дека тој бил единствениот инвеститор што се сретнал
со жителите и им ја приложил целата документација потребна за градба.
Општинарите во Центар пред околу еден месец им објаснија на жителите
дека ваков деловно-комерцијален објект е предвиден во Деталниот
урбанистички план за овој дел.
Р. П.
|
|
Posted By: Cloverstack
Date Posted: 16-Nov-2007 at 16:30
Еве две тазе слики. Ова дефинитивно напредува брзо 
http://imageshack.us">
http://imageshack.us">
|
Posted By: pbanks
Date Posted: 16-Nov-2007 at 20:19
super fotki . mozda mozes ovie da gi okacis i na SSC
|
Posted By: Cloverstack
Date Posted: 16-Nov-2007 at 20:36
pa mislev bolje da se prisobere pogolema kolekcija pa da stavam...
ali ako sakas slobodno stavi gi, znaes deka ne sum ja kopirajt tip 
|
Posted By: pbanks
Date Posted: 19-Jan-2008 at 19:52
1 Изгледа ова е изгледот што ќе гледа кон Васил Ѓоргов (долгнавестиот дел на рендерот), претходниот рендер кој го имаме погоре е страничниот дел кој гледа кон првата црвена кула. Не дека е добро но е подобро
 2 Почнува да штрчи

|
Posted By: pbanks
Date Posted: 19-Jan-2008 at 19:54
еве и една вест за проектов, блокаториве не се откажуваат 
Жители од Капиштец бараат да се запре изградбата на катната гаража
За случајот веќе е поведена судска постапка
Жителите на Капиштец, во чија близина на улицата „Васил Ѓорѓов“ се
гради катна гаража со деловен објект, чиј инвеститор е АНТЕРА-ДООЕЛ,
фирма - ќерка на „Тинекс“, бараат надлежните да му ја одземат парцелата
на инвеститорот и да ги стопираат градежните активности на објектот.
Како основа на барањето тие го наведуваат купопродажниот договор за
земјиштето, кој според нив не е испочитуван од страна на инвеститорот.
Имено, АНТЕРА одамна ги пробила роковите наведени во договорот, една
година од денот на неговото потпишување да се обезбеди дозволата за
градба, а шест месеци потоа да почнат активностите на терен. Како
потврда за нивните наводи, жителите го приложуваат договорот кој е
потпишан на 28 јануари 2004 година. Надлежните вчера не беа достапни за
коментар, а одговор не добивме ниту од „Тинекс“, бидејќи правната
застапничка беше службено отсутна.
Граѓаните имаат поведено
судска постапка. Својот револт жителите го искажаа пред почетокот на
изградбата, кога ја блокираа улицата „Васил Ѓоргов“ во близина на
дирекцијата на „Жито лукс“. Но, општинарите од Центар тогаш одржаа
средба со жителите и со газдата на „Тинекс“ Владимир Тодоровиќ,
приложувајќи притоа документи со кои тврдеа дека изградбата е легална.
(Дс.Т.) |
Извор: http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=BF3B4C7C31BFF849BC7B5D67BEBA1A26 - Утрински весник
|
Posted By: Cloverstack
Date Posted: 20-Jan-2008 at 04:03
@ pbanks
Да, подобро изгледа од кај Васил Ѓоргов... Ако одбиеме од лепота ради рендерот, може и стварно добро да испадне од таа страна 
Ама онаа пократката страна е дефинитивно катастрофа... Кога поминав таму пред некој ден на рендерот забележав и некои округли прозорци што никако не ми се уклапаа

А не дека сум правник, ама на „блокаториве“ очигледно им е малце касно сега за тоа да се бунат 
|
Posted By: pbanks
Date Posted: 10-Mar-2008 at 22:21
Сликава е од прилика 3 недели стара веројатно и овој објект е некаде при крај со одење во висина до сега.

|
Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 10-Mar-2008 at 23:06
Си ми го сликал Јарисот
|
Posted By: pbanks
Date Posted: 16-Mar-2008 at 16:33
Еве тазе од денеска. Има тука уште едно ниво и подкровје за растење 
1
 2
 3
 4

|
Posted By: mitatos
Date Posted: 16-Mar-2008 at 16:36
opasni lopovi ,KATNA GARAZA u naslov, a u pogled deloven objekt ,i taka i taka site delovni objekti bi trebalo da imaat svoj parking, taka da ete se vklopija 2 nesta sto bi trebalo da bidat 1,no , a sepak se 2 ))
------------- "Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
|
Posted By: pbanks
Date Posted: 16-Mar-2008 at 16:44

До сега единствена вистинска катна гаража е онаа во Струмица во Глобал. Еве и оваа кај НЛБ ќе искочи изгледа пред се деловен објект.
|
Posted By: vardar
Date Posted: 17-Mar-2008 at 02:57
Originally posted by UrbanFreak
Си ми го сликал Јарисот  |
Па таму ли се паркира  , треба јарисот на урбанфреак да го ставиме во нишката урбано дивјаштво  (шала)
Него ова со паркингот мислам лошо ќе заврши, како што изгледа уште сега нема место за паркирање а не па кога ќе се отвори објектот и еден куп други коли. Пишува 500 паркинг места, да видиме колку ќе излезат на крај.
|
Posted By: Cloverstack
Date Posted: 03-May-2008 at 16:27
Не е којзнае колку брзо, ама сепак се движи...


|
Posted By: pbanks
Date Posted: 12-Jun-2008 at 19:52
Posted By: nikla802
Date Posted: 13-Jun-2008 at 01:29
Катните гаражи( читај преостанатите слободни паркинзи во градот) останаа единственото нечепнато место од страна на урбаната мафија во соработка со структури од општинските власти. Последниот залак од сиротиов ни град што некој го нарекуваат метропола. Инаку за информација единствениот сооднос под кој што излегува дозвола за градба на ваков тип на објет со услови за градба под име КАТНА ГАРАЖА со ДЕЛОВЕН ОБЈЕКТ е 70% : 30% во корист на катната гаража. А ве молам повторно фрлете поглед на горенаведените два примери: TINEX и Тутунска и NLB кај Рамстор. Јас ни од далеку не согледувам ваков сооднос.
п.с Почекајте уште малку и ке гледаме реприза на паркингот од Универзална сала, на паркингот од Млин Балкан и уште кој не ....................ееее мое Скопје, што се случи...каде ли згрешивме?
|
Posted By: Cloverstack
Date Posted: 15-Jul-2008 at 15:34
1

2

3 Од „задната страна“ која е свртена према стамбениот блок

|
Posted By: pbanks
Date Posted: 07-Aug-2008 at 17:05
Профилите се поредени и тука набргу ќе го имаме епилогот
1
 2

|
Posted By: Vlado_strelec
Date Posted: 09-Aug-2008 at 09:10
A dali moze da se doznae koj e izveduvac???
------------- Vlado_Strelec
|
Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 09-Aug-2008 at 10:28
Изведувач е АД Гранит Скопје.
|
Posted By: Forensic
Date Posted: 14-Aug-2008 at 04:44
Why are they using so much concrete? In't the structure supposed to be light or more like steel and glass?
|
Posted By: pbanks
Date Posted: 14-Aug-2008 at 13:48

the answer is in the title
Тинекс Парк Центар (Катна гаража Капиштец)
|
Posted By: Forensic
Date Posted: 30-Aug-2008 at 04:29
Does this mean parking lot? I guess it does since this explains the concrete. Thanks!!
|
Posted By: pbanks
Date Posted: 30-Aug-2008 at 15:00
Originally posted by Forensic
Does this mean parking lot? I guess it does since this explains the concrete. Thanks!! |
yeap, that's it, multi level parking lot
|
Posted By: Raisinloaf
Date Posted: 14-Sep-2008 at 11:26
одличен проект треба повеке вакви да се израдат во Скопје најмалку 25+
|
Posted By: damjan
Date Posted: 22-Nov-2008 at 17:06
skapi stanovi a im paga cena zaradi ova!!!
|
Posted By: damjan
Date Posted: 22-Nov-2008 at 17:07
plus ne e fer i onaka ima tamu mn.. avtomobili sega uste pojke ke ima1
|
Posted By: Cloverstack
Date Posted: 22-Nov-2008 at 17:55
Не гледам како ради проектов би им паѓала цената на становите, затоа што „негативните ефекти“ од објектов се прилично во доменот на ирационалното. Во секој случај дури и да е така, сигурно планирањето не треба да се прави само врз база на цените на локалните недвижности. Моето мислење за маркицата и проектов опширно го имам кажано на претходната страна.
|
Posted By: zabegan
Date Posted: 23-Nov-2008 at 02:10
Originally posted by damjan
plus ne e fer i onaka ima tamu mn.. avtomobili sega uste pojke ke ima1
| не те сфаќам, баш со катната гаража ќе се намали бројот на автомобилите по уличките
|
Posted By: Cloverstack
Date Posted: 26-Nov-2008 at 00:57
Posted By: гитардемон
Date Posted: 26-Nov-2008 at 01:02
Абе добро и катна гаража со поткровје? Значи колиба да е, поткровје да има! На сите акциони филмови акцијата се случува на покривот од каде што излетува автомобилот! И сега ние како ќе го донесиме Џеки Чен? Шала на страна, таму ќе биди деловниот простор па е поткровје, или едноставно за да биди погрда градбата?
------------- Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 26-Nov-2008 at 01:07
Бидејќе работам на 50 метри од овој објект, приметив дека се гради сосема без концепт. До сега едно 10 пати променија, од поткровја, до внатрешни преградни ѕидови и никако да почнат конечно со застаклување. Очекувам на крај да биде некој тежок КИЧ.
|
Posted By: Cloverstack
Date Posted: 26-Nov-2008 at 01:09

И самиот рендер многу ветува во тој правец 
|
Posted By: pbanks
Date Posted: 26-Nov-2008 at 15:47
Originally posted by гитардемон
Абе добро и катна гаража со поткровје? Значи колиба да е, поткровје да има! На сите акциони филмови акцијата се случува на покривот од каде што излетува автомобилот! И сега ние како ќе го донесиме Џеки Чен? Шала на страна, таму ќе биди деловниот простор па е поткровје, или едноставно за да биди погрда градбата? |
Алергичен сум веќе на тие поткровја Заради поефтини комуниалии или ради ќарење кат плус унаказуваат цели објекти. Разбрав дека цената на комуналии за поткровје веќе нема да биде помала па се надевам дека и помалку ќе ги гледаме на новите објекти.
|
Posted By: La Linea
Date Posted: 19-Dec-2008 at 17:01
1.

2.

3.

4.

5.

6.

7.

8.

9.

------------- Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
Posted By: pbanks
Date Posted: 19-Dec-2008 at 17:13
Последниве 2 фотки се баш "егзотични" 
Што направија со овој проклет објект, профилите се испоредени со месеци а немаат прикачено ни едно стакло.
Ако не друго пренамената катна гаража > деловен простор не ми делува толку голема ко на некои други објекти.
|
Posted By: lslcrew
Date Posted: 23-Jan-2009 at 12:02
Има ли гаражи во катните гаражи? |
„ТИНЕКС“ ВЕТУВА 440 МЕСТА
Камен-темелникот
на гаражата во Капиштец што ја гради компанијата „Тинекс“, пак, беше
поставен во октомври 2007 година. Основата на објектот е 3.500
квадратни метри, а тој има три ката и потпокрив. Во него ќе се сместат
20 локали и голем супермаркет, а од „Тинекс“ ветуваат дека во
внатрешноста ќе обезбедат вкупно 440 места за паркирање.
Пред
почетокот на градбата инвеститорот се соочуваше со проблеми од
локалните жители, кои протестираа и ја блокираа улицата Васил Ѓоргов,
барајќи да се укине маркичката, која беше поставена врз зелена
површина. Надворешноста на објектот се обложува со стакло и со
алуминиумски плочи, па и сега постојат сомнежи кај скопјани дека
објектот ќе ја добие намената заради која почнал да се гради.
-
Зградата однадвор изгледа како деловен објект затоа што таков е
проектот. Од естетски причини решивме местата за паркирање да се
сместат во задниот дел, на сите катови, а страната откај улицата да се
уреди на овој начин. Градежните работи треба да завршат кон крајот на
март, кога ќе има и свечено отворање. Објектот требаше да се заврши
порано, но работите се одолжија поради неповолни временски услови -
велат од „Тинекс“.
|
http://novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabID=2&fCat=1&EditionID=297&top=1&ArticleID=16298 |
|
Posted By: lslcrew
Date Posted: 23-Jan-2009 at 12:11
Стварно незнам од каде простор за сомнеж кај граѓаните, само поради прозорите?! Инаку браво за Тинекс за почитување на рокот, разбирливо за временските услови!
|
Posted By: Cloverstack
Date Posted: 04-Feb-2009 at 19:32
Нема битен напредок од надвор
1

2

|
Posted By: ArchiTechTone
Date Posted: 05-Feb-2009 at 00:03
Originally posted by lslcrew
Стварно незнам од каде простор за сомнеж кај граѓаните, само поради прозорите?! Инаку браво за Тинекс за почитување на рокот, разбирливо за временските услови!
|
Па малце е чудно да се става скапа стаклена фасада на утилитарен објект! Особено кај нас, каде парите ја диктираат формата 
|
Posted By: pbanks
Date Posted: 08-Mar-2009 at 20:49
Posted By: anDarko
Date Posted: 08-Mar-2009 at 22:24
објектов не е ништо посебно, но не е ни катастрофа...сепак можеа и тотално да ја утнат работата и да ги закачат оние одвратните зелени фасадни стакла (како што се на објектот на ФОН) или дреч-сините (објектот на Европски универзитет). Прашањето е колку навистина доволен дел од површината ќе оди на катна гаража?! Доколку бар пола објектот е гаража, тогаш ова е дефинитивно мошне убава гаража; доколку сепак испадне уште една измама и поголем дел отпадне на деловен простор, тогаш ова ќе биде уште еден под-просечен комерцијален објект.
|
Posted By: lslcrew
Date Posted: 09-Mar-2009 at 02:27
Па ја нема толку лошо да го окфалификувам проектот уште недовршен. Ми изгледа сега за сега како пристоен, не толку нападен. Имам замерки на поткровјето, јас тука би идел со рамен кров, во секој случај боњи рамно ќе изгледа одколку поткровјево. Ми смета на некој начин формата. Класична коцка ми е некако многу просто за да си дозволи присуство во срединава. Исто така имам замерка на близината со улицата, а и на, сеуште неофицијално, мањакот места одколку што беше обеќавано.
|
Posted By: beTon
Date Posted: 09-Mar-2009 at 03:03
да со кровот се реметат чистите линии на објектов, но како во цело СК па и во случајов целта ги оправдува средствата т.е. импровизацијата. не малку простор ќаруваат со поткровјето, класичен транзиционен домаќинклук. нема да беше лошо бар со некакви рекламни тараби да го заградеа кровот како би го извадиле естетски на поправ пат објектов. но ајде да го сочекаме крајот...
|
Posted By: kire85
Date Posted: 09-Mar-2009 at 20:15
ne e nisto posebno, no ne e ni katastrofa, koga ke se zavrsi i pusti vo upotreba mislam deka ke izgleda pristojno.
|
Posted By: my Macedonia
Date Posted: 09-Mar-2009 at 20:26
mene mi se dopaga, super da imase 2-3 kati plus, zgradi so staklo se moite omileni zgradi
dosega sigorno e edna 7 potoa ce vidime ko ce zavrsi
|
Posted By: lslcrew
Date Posted: 02-Apr-2009 at 00:10
Posted By: La Linea
Date Posted: 15-Apr-2009 at 23:24
Aктивности околу катната гаража на „Тинекс“ ги револтираа граѓаните

Општината тврди дека инвеститорот поседува уредна документација и гради согласно со ДУП
Жителите на Капиштец повторно реагираат на изградбата на катната
гаража на „Тинекс“, иако уште кога стартуваа градежните активности,
инвеститорот и општинарите укажаа дека објектот се гради согласно со
ДУП и за него инвеститорот ја поседува потребната документација.
Жителите реагираат на најавите за уништување на детското игралиште и
сечата на неколку дрва во паркот за потребите на новиот објект, кои
сега се наоѓаат во непосредна близина на градилиштето. Вчера таму се
поставуваа бетонски огради со кои според надлежните од Општината се
заградува просторот на кој ќе се врши партерно и хортикултурно
уредување.
Владимир Тодоровиќ, инвеститор на објектот, кој од
завчера и официјално стана градоначалник на Општина Центар, вчера беше
зафатен да ги искоментира реакциите на жителите, па за случајот не'
упати кај градежниот инспектор Милан Пижула. Како и пред неколку
месеци, и вчера инспекторот објасни дека инвеститорот гради според
одобрениот проект и според ДУП и дека поседува уредна документација.
„Тоа
што денеска се заградува е за изградба на пешачки пристапни патеки и
целосно ново хортикултурно уредување на просторот. Сервисната улица,
пак, е предвидена со планот и таа, најверојатно, во скоро време ќе
почне да се реализира од страна на Општината. Таа ќе ги поврзува
улиците ‘Народен фронт‘ и ‘Васил Ѓорѓов‘“, дообјасни Пижула. (Дс.Т.) |
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=E0B787FC9F0B404BA09D5D95DB5882DF
------------- Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
Posted By: lslcrew
Date Posted: 27-Apr-2009 at 18:25
Новата улица во Капиштец ги вознемири жителите |
|
Исечени
дрва, отстранети бехатон-плочки и клупи во населбата Капиштец до
катната гаража на „Тинекс“ од страната на црвените згради. Жителите на
оваа населба беа исплашени дека поради новопроектираната улица, која
треба да се гради веднаш до катната гаража ќе им се исечат сите дрва и
ќе се отстрани детското игралиште во кои си играат нивните деца. Од
општината велат дека жителите немаат потреба за загриженост и дека
новопроектираната улица ќе биде на другата страна од катната гаража.
Улицата ќе се наоѓа од страната на белите кули, а предвидено е оваа
улица да поминува веднаш до паркингот што се наоѓа до кулите. Таа ќе
биде долга 110 метри и ќе ги поврзува улиците Народен фронт и Васил
Ѓоргов. Од улицата ќе има и директен пристап до катната гаража, како и
до паркинг-просторот кај белите кули. Од општината Центар велат дека
улицата е предвидена според деталниот урбанистички план и дека наскоро
ќе почне да се гради. Неколку месеци жителите на населбата реагираа на
изградбата на катната гаража и на улицата за која тие мислеле дека ќе
се наоѓа на страната каде што има детско игралиште. Градежниот
инспектор на општината Милан Пижула вели дека жителите немаат потреба
за загриженост затоа што досега на тој простор немало исечено ниту едно
дрво, ниту пак за потребите за изградба на улицата ќе се сечат дрва или
пак ќе се отстрани детското игралиште.
- Улицата ќе се гради од
спротивната страна, каде што воопшто и не се засадени дрва. Од таа
причина жителите немаат потреба за загриженост. А детското игралиште,
кое се наоѓа од другата страна на катната гаража, влегува во маркичката
на инвеститорот за катната гаража. Тој тоа место има право да го уреди
како што сака, иако мислам дека откако тој хортикултурно ќе го уреди
местото ќе биде многу поубаво отколку досега - кажа Пижула.
Од
„Тинекс“ велат дека дрвата се сечат затоа што таму требало да се
направи партерно уредување. Тие додаваат и дека бехатон-плочките се
отстранети поради тоа што на тоа место морало да се изврши тампонирање
на земјата и потоа пак ќе биле посадени дрва и ќе бидат поставени
жардиниери со цвеќиња, како и клупи и нова урбана опрема. Тие
посочуваат и дека местото нема да биде заградено и дека игралиштето
нема да биде отстрането.
Уште во првите месеци кога почна да се
гради катната гаража, жителите на населбата остро и со протести
реагираа на тоа, од причина што мислеле дека ќе им се узурпира
зеленилото и паркинг-просторот. Катната гаража е во сопственост на
маркетите „Тинекс“, чиј сопственик е новиот градоначалник на општината
Центар, Владимир Тодоровиќ. |
http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=379&ArticleID=23353 |
|
Posted By: Cloverstack
Date Posted: 30-Apr-2009 at 16:42

Да беше Општина Центар барем минимум транспарентна, ДУП-от ќе беше достапен до оние кои сакаат да се информираат околу него, па немаше да има забуни од која стрена е зацртана улицата!
Фотки од денес: (за жал изумив да сликам и од другата страна, каде што треба да е делот на гаражата)
1

2

3

4

5

6

|
Posted By: Cifra
Date Posted: 06-May-2009 at 13:45
Да немаше толку силен транзиционен шмек и да не беше формата толку безвезна и да не беше поткровјето толку невкусно тогаш објектов ќе беше во рамки на
задоволително. Ама и баба му на архитектот да имаше тркалца ќе беше
тротинет. Објектов ми е одвратеееен!
|
Posted By: Cloverstack
Date Posted: 05-Jul-2009 at 00:06
ПРИВРШУВА ИЗГРАДБАТА НА ОБЈЕКТОТ ВО КАПИШТЕЦ
Под ист покрив и возила на катови и дуќани
Роза Петкова
Триста
паркинг-места ќе има новата катна гаража со деловни канцеларии која се
гради во населбата Капиштец, најавува инвеститорот „Антера“. Од
компанијата која е ќерка-фирма на маркетите „Тинекс“, чијшто сопственик
е градоначалникот на Центар, Владимир Тодоровиќ, очекуваат објектот да
биде готов до септември. Освен по катовите и на поткровјето, паркирање
е обезбедено, како што тврдат, и во подрумот и на надворешниот паркинг.
Од фирмата велат дека во наредните два месеци ќе се работи на
партерното уредување и на приклучоците за струја, вода и за греење. -
Внатре во објектот има 300 места за паркирање распоредени на четирите
ката и на поткровјето, како и 80 места во подрумот и сто на
надворешниот паркинг. Во подрумот ќе има и пералница за коли, а на
приземјето супермаркет и дуќани. По катовите, по должина на фасадата,
се сместени деловните канцеларии “ велат во „Антера“. Оттаму
објаснуваат дека граѓаните од околните згради ќе може да си откупат или
резервираат место за паркирање во објектот, но не сакаа да откријат по
која цена. - Веќе испративме понуди до станарите, оставени се на
огласните табли во зградите и таму стои цената за откуп на место за
паркирање. Засега нема ограничување на бројот на места кој го нудиме
зашто првенствено треба да видиме колку се заинтересирани “ велат од
„Антера“, кои не сакаа да кажат колку места досега се закупени, туку
одговорија дека се помалку од сто. Сепак, во влезовите на зградите
околу катната гаража немаше ниту едно соопштение за продажбата на
паркинг-места, а при обиколка на објектот, не можевме да го забележиме
ниту влезот за возила. Од Општина Центар не сакаа да дадат информации
за катната гаража, туку само потврдија дека според ДУП е предвидено
меѓу белите кули и новиот објект да се пробие сервисна улица, која ќе
биде врска на улицата Васил Ѓорѓов со Народен фронт. Од „Антера“ велат
дека голем интерес има и за закупот на простор за дуќани, а некои фирми
преку фискалните сметки веќе ги известуваат граѓаните дека ќе имаат
свој продажен простор во комерцијалниот центар во Капиштец. Изградбата
на објектот уште од почетокот предизвика реакции во јавноста поради
стравот дека и оваа градба, како и многу други кои се водат во
деталните урбанистички планови како катни гаражи, ќе се претвори во
уште еден нов трговски центар. На поставувањето на камен-темелникот
пред две години, Тодоровиќ изјави дека во проектот е предвиден
деловно-комерцијален објект, а гаражата ќе биде сместена во средишниот
дел и ќе собира 500 возила, ќе има супермаркет и дваесет деловни
локации. Тој тогаш најави дека дел од деловните канцеларии може да се
пренаменат во хотел, ако не се најде закупувач за локациите што ќе се
понудат. Жители од населбата во почетокот на изградбата протестираа и
со возила ја блокираа улицата Васил Ѓоргов зашто, како што тврдеа,
објектот ќе им го затвори просторот, а возилата кои ќе се паркираат на
катови, ќе ја загадат нивната околина.
|
http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1748&ArticleID=117075
|
Posted By: micko_v
Date Posted: 05-Jul-2009 at 13:51
Зарем не е јасно дека сето ова е поигрување со нашата интелигенцијата ? Па нели маркицата беше представувана како катна гаража ? Ова е всушност деловен објект; ако има супермаркет и деловни простории тогаш местата за паркирање ке бидат искористени од субјектите кои ги користат. Е сега да биде апсурдот уште поголем, ако тие места се откупат од околните згради(се сомневам) тогаш клиентите на тие деловни простории и супермаркети ке треба да паркираат на друго место, а тоа значи узурпација не веке постоечките капацитети. Свесни сте и вие дека сите досегашни проекти претсавени како „катни гаражи„ не ја оправдуваат примарната функција, затоа што инвеститорот сака преку ноќ да ја поврати инвестицијата продавајки деловен простор наместо да ја стопанисува гаражата. Мора да се најде некаква правна рамка за да се спречи ваквото поигрување со јавноста.
|
Posted By: lslcrew
Date Posted: 17-Jul-2009 at 14:55
Катната гаража на "Тинекс" готова до септември
Катната гаража ќе има седум платформи, секоја од по 1.000 квадратни метри и ќе има капацитет за 300 возила
Градоначалникот
на Центар Владимир Тодоровиќ и сопственик на синџирот маркети "Тинекс",
најави дека деловната зграда со катна гаража, што неговата фирма ја
гради во скопската населба Капиштец на улицата Васил Ѓорѓов спроти
дирекцијата на "Жито лукс", ќе ја пушти во употреба на почетокот на
септември. Тој рече дека катната гаража зафаќа површина од околу 7.000
метри квадратни, а дека целиот објект, кој е висок 17 метри зафаќа
површина од околу 13.000 метри квадратни. "Катната гаража ќе биде на
седум платформи, секоја платформа има по 1.000 метри квадратни и ќе се
обезбедат 300 паркинг места. Гаражата е сместена во јадрото на
објектот, односно модерно е направена и околу неа се наоѓаат
канцелариите, па затоа однадвор не се гледа", рече Тодоровиќ. Тој
најави дека во новиот објект во Капиштец ќе го премести и маркетот што
сега се наоѓа на Јужен булевар во близина на Цветниот пазар, под
притисок на јавноста. Сите времени објекти што се наоѓаат на Јужниот
булевар по налог на Министерството за транспорт и врски Општина Центар
треба да ги урне. Поголем дел од објектите околу маркетот беа урнати, а
беше оставен само маркетот на "Тинекс". Тодоровиќ вели дека во случајов
тој не бил привилегиран, бидејќи имал важечки договор за користење на
земјиштето до 2012 година. "Поради притисоците врз мене да се
исселам од таму, решив да го урнам овој објект, а вработените и
маркетот да ги префрлам во новиот објект во Капиштец", рече Тодоровиќ.
http://www.vest.com.mk/?ItemID=303117B66E9548409C779364A1FBAB75 |
|
Posted By: Cloverstack
Date Posted: 17-Jul-2009 at 17:19
Значи не биле ни 380, туку 300?!?
Господинот Тодоровиќ нека објасни како од 500 паркинг места кои ни ги вети на почетокот (во гаражата), сега дојдовме до 300. И нека не се обидува да прошверцува некакви 100 паркинг места околу објектот, тие се друга приказна!
Малце ли беше што од катна гаража објектов се пренамени во комбиниран, па морало да се фати уште некоја кривина? 
Каде се надлежните? Ако е градоначалник не значи дека е над законот и прописите!
|
Posted By: Dave Gahan
Date Posted: 18-Jul-2009 at 10:25
Тој рекол дека катната гаража зафаќа површина од околу 7.000
метри квадратни, а дека целиот објект, кој е висок 17 метри зафаќа
површина од околу 13.000 метри квадратни. Значи 6000 квадрати во џеб + (прашање дали се) 7000 квадрати паркирање (што дали само јас имам впечаток дека не се гледа???) = лоповско-транзициска математика. Уште не објасни овие 6000 квадрати каде ќе паркираат. Ако не ви е досадно проверете наназад дека бројот на планираните паркинг места опаѓа по геометриска прогресија - регресија ќе да е. Па уште ќе го „преселувал„ дисконтот од јужен булевар, као да е тоа музеј на современа уметност па сега колекцијата ќе иде во Капиштец....само дебилен народ као нашиов трпи вакви глупости...станарите од околните згради дури сега ќе нема каде да паркираат ама и така им треба....
------------- MAKE CAPITALISM HISTORY
|
Posted By: lslcrew
Date Posted: 18-Jul-2009 at 14:50
За Тодоровиќ имав доста високо мислење како еден од поретките претприемачи во Македонија кои од рани години на капитализмов спеаја да земат под свое или да основаат фирми. Со овој објект далеку поразлично мислење за него имам!
|
Posted By: pbanks
Date Posted: 30-Jul-2009 at 15:28
Привршуваат... Се расчистува градилиштето, се асфалтираат паркинзите...
1
 2
 3
 4

|
Posted By: Sale SK
Date Posted: 24-Aug-2009 at 06:17
Originally posted by Cloverstack
Значи не биле ни 380, туку 300?!?
Господинот Тодоровиќ нека објасни како од 500 паркинг места кои ни ги вети на почетокот (во гаражата), сега дојдовме до 300. И нека не се обидува да прошверцува некакви 100 паркинг места околу објектот, тие се друга приказна!
|
На крај нема да испаднат ни 300,туку 200.А и што фајде од нив кога тамо ќе се паркираат само вработените?Нема да има место дури ни за потенцијалните муштерии.Уште една катна гаража стана деловен,трговски објект.Се прашувам само до кога вака ќе се работи?
|
Posted By: La Linea
Date Posted: 22-Sep-2009 at 15:23
Oвдека се привршува. Морам да признаам дека испадна подобро од што замислував и очекував да биде многу помал просторот за тротоар, но не е ништо помал од повеќето. Болна точка остануваат поктровјето и прозорите
1.

2.

3.

4.

------------- Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
Posted By: vardar
Date Posted: 23-Sep-2009 at 03:40
Ова испадна баш како што очекував и си замислував, значи комплитли шит, а што да очекуваш кога единствен критериум на инвеститорот е максимално искористување на маркицата. 
Незнам зошто али ептен ме потсеќа на деловните објекти од 80-тите 
|
Posted By: my Macedonia
Date Posted: 03-Oct-2009 at 10:36
Скопје, конечно, ќе ја добие првата катна гаража

Објектот „Зебра“ на инвеститорот „Тинекс“ во Капиштец речиси половина е наменет за паркирање
Деспина Трајковска
Денови се одбројуваат до отворањето на првата катна гаража во Скопје наречена „Зебра“. Лоцирана е во Капиштец, на улицата „Васил Ѓорѓов“, а нејзин инвеститор е „Тинекс“. Иако објектот не е целосно наменет за паркирање, речиси половина од него ќе служи како катна гаража, додека останатиот дел ќе биде со административна и деловна намена.
Катната гаража е со капацитет од 350 паркинг-места распоредени на седум платформи, а има и дополнителни стотина места за паркирање од кои 35 во подземниот дел на објектот, додека останатите се наоѓаат на површината, како отворен паркинг.
Во објектот, кој има четири ката и потпокрив, за паркирање нема да се користи единствено приземниот дел, кој е наменет исклучиво за деловен простор. Веќе е утврдено дека во него ќе се наоѓа голем маркет на „Тинекс“, аптека, пицерија, кафуле, банка, продавница за детски играчки и облека, парфимерија, хемиско чистење и продавница за мобилни телефони. Првиот кат, како и потпокривот, ќе се користи како канцелариски простор. Во објектот има и шест апартмани и 24 соби. Кој ќе стопанисува со собите, дали инвеститорот или некој друг субјект, се' уште не е утврдено. Недефинирана е и висината на цената за користење на катната гаража.
Раде Петковски, инженер и претставник на инвеститорот, вели оти не може да се утврди точниот датум на отворање на објектот, бидејќи се' уште не е приклучен на електричната мрежа. Секојдневно очекуваат ЕВН да одговори на барањето за приклучок на струјата.
„Чекаме на приклучокот и цениме дека две недели потоа, објектот ќе го пуштиме во употреба. Сега ќе станат функционални паркинг-местата, односно делот на катната гаража, како и приземниот дел, каде што се наоѓа маркетот и останатите продавници. Во меѓувреме, останува да ги завршиме финесите на канцеларискиот простор“, вели Петковски.
Објектот има три контролирани автоматски врати за влез и излез. Се простира на бруто-површина од 12.000 квадратни метри. Петковски вели дека тој работел на идентичен таков објект во Москва.
„Зебра“ почна да се гради пред речиси три години со вкупна инвестиција од околу 7 милиони евра без пресметаната вредност на купеното земјиште.
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=FA8F2339A7A3EA4B9A0450136C96FA21 - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=FA8F2339A7A3EA4B9A0450136C96FA21
|
Posted By: lslcrew
Date Posted: 03-Oct-2009 at 12:55
Има грешка. Веста за камен темелникот беше пред точно две години, а не три.
|
Posted By: pbanks
Date Posted: 23-Oct-2009 at 22:54
Објектот е отворен. А Вечер позајмиле слика од нас...
ИНВЕСТИЦИЈА ВРЕДНА 8 МИЛИОНИ ЕВРА
Зебра - прва катна гаража во Скопје
Осум
милиони евра тежи инвестирањето во првата катна гаража "Зебра" која по
две години изградба од завчеравечер е отворена во Капиштец, на улицата
Васил Ѓоргов. Освен паркинг простор во зградата има и деловни
простории, хипер-маркет, аптека, пицерија, кафуле, банка, продавница за
детски играчки и облека, парфимерија, хемиско чистење и продавница за
мобилни телефони. Исто така ќе работи и мал хотел со 30 соби.
Зебра нуди катно паркирање на седум платформи со вкупна површина од
7.000 метри квадратни, со капацитет за 300 возила, и уште дополнителни
150 места во подрумскиот дел и на отворениот паркинг. Некои од
паркинзите се понудени и на продажба, по цена од околу 6 ипол илјади
евра. Жителите од околните згради ќе добијат попуст.
Еден час за паркинг ќе се наплаќа 20 денари, а за посетителите кои
пазарувале во објектот првите два часа ќе бидат бесплатни. Ќе се
продаваат месечни и годишни карти со бенефиции. Менаџерскиот тим на
Зебра најави дека со новиот објект се отворени 350 нови работни места.
Објектот има три контролирани автоматски врати за влез и излез. Земјиштето за катната гаража беше откупено во 2003 година, а изградбата започна пред 2 години.
(Е.А) |
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=0DA3EEF21F4A8C468E8B072781D7199D - http://www.vecer.com.mk/?ItemID=0DA3EEF21F4A8C468E8B072781D7199D
|
Posted By: pbanks
Date Posted: 23-Oct-2009 at 22:56

Конкретно оваа од Кловер

|
Posted By: pbanks
Date Posted: 23-Oct-2009 at 23:10
Еве уште една објава...
Предадена во употреба катната гаража „Зебра“ 
Катната гаража „Зебра“ во Капиштец, инвестиција на „Тинекс“, од
завчера е предадена во употреба. Речиси половина од објектот е наменет
за катно паркирање, а останатиот дел има деловна и административна
намена. Катната гаража е со капацитет за околу 300 возила што ќе се
паркираат распоредени на седум платформи. Објектот располага и со
дополнителни стотина места за паркирање, од кои 35 во подземниот дел на
објектот, додека останатите се наоѓаат на површината како отворен
паркинг. Во приземниот дел на „Зебра“ веќе се отворени и маркетот
„Супер Тинекс“, аптека, хемиско чистење, кафе-бар и ресторан, како и
продавница за детски играчки, а наскоро ќе профункционира и банка.
Првиот кат и потпокривот ќе се користат како канцелариски простор. Во
објектот се наоѓа и мини-хотел со капацитет од 30 соби, од кои шест се
апартмани. |
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=2F6BF0CB659FED4B94444004EE53635B - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=2F6BF0CB659FED4B94444004EE53635B
|
Posted By: Cloverstack
Date Posted: 24-Oct-2009 at 02:14
За фотографијата на Вечер но комент
Туку ај да напраиме една мала математика за „катнава гаража“ што прво ни ја промовираа вака (обратете внимание што пишува на говорницата):

...за сега да стане „Зебра“. Првата Катна Гаража Зебра за во новинарски текстови, а Трговски Центар Зебра за по реклами (pbanks ми кажа дека ваква реклама идела во Дневник веќе подолго време)
Додека од Тинекс се „двоумат“ која е основната намена на објектот, ние да се вратиме на математиката. Објектов имал 450 места за паркирање вклучувајќи го и надворешниот паркинг. А овде ќе се вработеле 350 души. Колку од нив ќе доаѓаат на работа со сопствено возило? Понатака имаме голем хипермаркет Супер Тинекс,
аптека, хемиско чистење, кафе-бар, ресторан,
пицерија, парфимерија, продавница за детски играчки, продавница за
мобилни телефони, банка, хотел со 30 соби, и прилично канцелариски простор. Сето тоа ќе генерира многу посетители. Колку паркинг побарува само маркетот, а камо ли се останато... На крај да ги одбиеме и паркинг местата што ги обезбедуваше постоечкиот паркинг таму пред да се изгради објектов. И сега? „Катнава гаража“ ќе го ублажи или ќе го влоши проблемот со паркирање???

|
Posted By: lslcrew
Date Posted: 24-Oct-2009 at 02:21
Ова вака според рачуници вероватно и ќе изгенерира дополнителна потреба од паркинг. А што ќе се десеше да немаше воопшто предвидено тука катна гаража, па да немаше ни 450 паркинг места. Очигледно кога кај нас ќе се пропише катна гаража во урбанистички план тоа треба да значи дека зградата ќе се потруди да не прави проблем на околните постоечки паркинзи!
|
Posted By: The Man
Date Posted: 02-Nov-2009 at 12:04
[tube]GHH5WH4xbb0[/tube]
-------------
|
Posted By: La Linea
Date Posted: 15-Nov-2009 at 21:09
Објектот и околината
1.

3.

4.

5.

6.

7.

8.

9.

10.

11.

12.

13.

14.
ПРИСТАП
1. Влез во катната гаража

2. Пристапот од Ул. Васил Ѓорѓов, и уште една ваква улица од кај Народен Фронт

3. Паркинг




Ентериер
1.

2.

3.

4.

5.

КАТНАТА ГАРАЖА
Врската со продавниците т.е. со приземјето е преку овие лифтови или пак по скали
1.

2.

3.

4.

5.

6.

Објектот иако официјално е „отворен“, има многу вакви моменти:


И на крај, интересна слика што ја направив


------------- Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
Posted By: pbanks
Date Posted: 15-Nov-2009 at 21:28
    
Линеа проклето добра репортажа. Си покрил буквално се.
|
Posted By: Dave Gahan
Date Posted: 15-Nov-2009 at 21:28
Објектов го имаше на АСК и таму ги видов основите - нацртани беа 3 паркинг места за возила во еден модул, а некој од колегиве спомна дека растерот на столбовите бил на 6м, што значи дека ако 2 коли влегуваат во 5м (4,8м мин), напраена е опасна лажга (не дека нешто не приметуваме од претходно), ќе пробам да го најдам штампаниот материјал за манифестација па ќе го стаам овде...
...ова со сметката од маркетот (да не му спомнувам име) е патетично - дури сега Капиштец ќе го јаде стапот за паркирање...
------------- MAKE CAPITALISM HISTORY
|
Posted By: zabegan
Date Posted: 15-Nov-2009 at 23:38
Originally posted by Dave Gahan
Објектов го имаше на АСК и таму ги видов основите - нацртани беа 3 паркинг места за возила во еден модул, а некој од колегиве спомна дека растерот на столбовите бил на 6м, што значи дека ако 2 коли влегуваат во 5м (4,8м мин), напраена е опасна лажга (не дека нешто не приметуваме од претходно), ќе пробам да го најдам штампаниот материјал за манифестација па ќе го стаам овде...
...ова со сметката од маркетот (да не му спомнувам име) е патетично - дури сега Капиштец ќе го јаде стапот за паркирање... | на сликиве се гледаат по три обележани места, но две од нив се прилично зафатени од столбовите, сега проблемот е дали имаш фиќо или мерцедес 
|
Posted By: SJCF
Date Posted: 22-Nov-2009 at 20:15
и јас направив неколку фотки




|
Posted By: Cloverstack
Date Posted: 23-Nov-2009 at 16:12
Еве и анкета 
Од мене 2
Објектов на крај не излезе толку грд колку што се плашев поради рендерот, но сепак е прилично грд. Сепак 2-ката не произлегува само од изгледот. Кога би гласал за изгледот, за наши услови би дал 4-ка.
Внатрешноста е океј, но не ме импресионира. Пристојна, но премногу неинвентивна и стерилна. Дополнително ми боде очи тоа што објектов е збир од „ходници“. Прво тука е главниот - еден најобичен ходник. Потоа е чудниот супермаркет кој со својот ненормален сооднос на широчина и должина исто така делува како ходник. А колку што можам да видам и гаражниот дел е со таков сооднос. За внатрешноста би дал некоја средна оценка.
Но клучната работа што највеќе ми боде очи е соодносот на површината за паркирање спрема комерцијалните и деловните содржини. Не смее да се дозволи маркици за катни гаражи вака „елегантно“ да стануваат трговски и деловни центри. Тоа е чист криминал! Така да двојката донекаде е и подарок, се мислев за единица... ама спомен куќата на Мајка Тереза е сепак една и единствена 
|
Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 23-Nov-2009 at 18:06
objektov e navistina grd,ama ajde edna 3 od mene,zaradi prvata katna garaza
------------- build.mk, гради форумска историја
|
Posted By: гитардемон
Date Posted: 23-Nov-2009 at 18:26
Му дадов тројка бидејќи секогаш има место за погрдо од ова, ама поубаво од куќата на мајка Тереза. Инаку да те поправам ovaj_stariov, ова не е катна гаража, туку трговски со катна гаража. Затоа и цела мака и муабетот дека нè прелажаа.
------------- Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
Posted By: zabegan
Date Posted: 23-Nov-2009 at 21:06
му дадов двојка на објектов чисто поради тоа што не е најголемата утка во градов, инаку не го бива во сите погледи, што и да кажам ќе се повторам со останатите членови од форумот, прилично гледам дека сите имаат колку толку исто мислење инаку некој дал висока оцена, па да прочитаме и некој коментар зошто 
|
Posted By: Dave Gahan
Date Posted: 23-Nov-2009 at 21:17
Двојка...најмногу заради криминалната димензија на објектов и зголемувањето на паркинг-проблемот на Капиштец...ако се опраи некогаш државава, објектите од ваков тип ќе ги решаваат багери...
------------- MAKE CAPITALISM HISTORY
|
Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 23-Nov-2009 at 22:12
Двојка, кецот го чувам ексклузивно за Дилајла во ова маало
|
Posted By: La Linea
Date Posted: 23-Nov-2009 at 23:44
3-ka, зошто внатре ипак има катна гаража, како и солиден надворешен паркинг.
------------- Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
Posted By: Dragan
Date Posted: 24-Nov-2009 at 00:09
e dobro de luge sto napraevte so ocenikeve ne e skolo kakov e objektov takov e za gazdite e 10 za mene 4 tolku krajna ocenka vo sveditelstvo 4
-------------
|
Posted By: pbanks
Date Posted: 24-Nov-2009 at 16:48
Јас сепак отидов со тројка.
Голем минус е пренамената на објектот но благ плус е дека таа појава не е толку драстична како во некои други случаи. Мислам дека доколку зафржеа барем едно цело ниво за паркирање ситуацијата ќе беше драстично различна (со оглед на тоа дека основата на објектот воопшто не е мала). Косиот кров и подкровјето ме вадат од такт. Доколку ги немаше можеби ќе дадев и една 4ка. Не дека остатокот на надворешноста плени, но и далеку е од крај на свет (за скопски услови).
За внатрешноста Кловер ја има опишано добро. Пристапот од катната гаража до самиот центар е конфузна а каква е комуникацијата со канцеларискиот и хотелскиот дел незнам. Центарот е навистина стерилен, со подобар избор на материјали можеле да направат нешто далеку подобро. Супермаркетот е тесен, што не прави никаква логика со оглед на тоа дека се работи за нов објект.
Во секој случај мислам дека објектов заслужува 2 оценки повеќе од Дилајла која ќе има чиста единица.
|
Posted By: Dave Gahan
Date Posted: 25-Mar-2010 at 10:50
А што е со рампите од повеќе од 25% нагиб и висина на влезот за возила од 2.00м??? Многу фино вака ги коментираме двојки, тројки, ама кога станува збор за некаква естетика на фасада (која исто е многу сомнителна)...како ПП возило ќе гаси запалена кола на кат??? Не сум имал прилика да паркирам внатре, ама како разбрав маркирани се 3 паркинг места во распон од 7,4м - три smart-а неможе да влезат во тој простор...
Друга тема е месечната кирија за паркинг на станарите од околните згради од 3000 ден. и годишната од 30 000ден - баш да видам кој ќе се заинтересира да паркира таму и да оди 5мин пешки до дома...како ќе се реши проблемот со паркирањето во Скопје, на овој начин ли?
Горе сум напишал двојка...каква двојка?! Една голема 0 за објектов од мене...само динамит за вакви грдосии...
------------- MAKE CAPITALISM HISTORY
|
Posted By: pbanks
Date Posted: 25-Mar-2010 at 11:45
Originally posted by Dave Gahan
А што е со рампите од повеќе од 25% нагиб и висина на влезот за возила од 2.00м??? Многу фино вака ги коментираме двојки, тројки, ама кога станува збор за некаква естетика на фасада (која исто е многу сомнителна)... |
Па не би требало да коментираме само фасади, фино си пишува во препораките за гласање што се треба да се земе во предвид. Е сега колку тоа функционира во пракса.........
како ПП возило ќе гаси запалена кола на кат??? |
Не сум сигурен колку ова може да биде релевантен параметар во случајов. Би било убаво да може да влезе пожарна на кат, но зарем може да се симне пожарна во ГТЦ? Имам видено доста паркинзи од овој тип по светов каде единствениот пристап на ПП возило би било со пумпи од надвор. Мислам дека таква опција постои и овде.
Не сум имал прилика да паркирам внатре, ама како разбрав маркирани се 3 паркинг места во распон од 7,4м - три smart-а неможе да влезат во тој простор...
|
Овие карактеристики на објектот се катастрофа вака од "око" кажано. Не само рампите, димензиите на паркинг местата туку и кривините и воопшто коридорите по кои треба да се движат возилата се комплетно утнати.
Утнат е дури и влезот во надворешниот паркинг (од страната на Васил Ѓоргов) каде за да човек се постави ведаш до автоматот со колата за да ја земе картичката треба да фати голем лак влегувајќи во спротивната лента на улицата.
Друга тема е месечната кирија за паркинг на станарите од околните згради од 3000 ден. и годишната од 30 000ден - баш да видам кој ќе се заинтересира да паркира таму и да оди 5мин пешки до дома...како ќе се реши проблемот со паркирањето во Скопје, на овој начин ли?
|
Јас лично барем воопшто не гледам начин да се реши паркирањето за станарите на овој начин. Не гледам комерцијална логика било кој да инвестира во катна гаража и да нуди багателни цени за луѓе да може да ја оставаат колата таму по цела ноќ или по цели викенди... Со ова не сакам да го оправдам потенцијалниот криминал со пренамена на маркичката и сл, туку само искажувам мое мислење за тоа колку една катна гаража може да го реши паркинг прашањето во Капиштец.
Сепак за голем број луѓе кои се во населбата на неколку часа, гаражава нуди едноставно решение. Еве јас често имам работа во тој дел од градот и од кога е гаражата многу полесно калкулирам со времето. Претходно единствен сигурен начин да ја паркирам колата беше ако ја оставам за перење пред Беверли. На индиректен начин со ова се олеснува паркирањето за локалците бидејќи еве јас а веројатно и некои други веќе не им ги користиме нивните паркинг места кога сме во населбата.
|
Posted By: Dave Gahan
Date Posted: 25-Mar-2010 at 13:43
pbanks, не мора да се вадат вреќи пари од секоја инвестиција, како што гледа секој денешен наш „бизнисмен“...никаде во свет никој не гради катна гаража за да го зголеми богатството 2-3 пати (освен во Скопје, очигледно)...не е работата во тоа што на станарите им е скапо, туку скапо е и за тие што доаѓаат од страна да пазаруваат и сл. Сега има плус трговски содржини, а со тоа и зголемен број коли, па уште повеќе од претходно е зголемен проблемот... поентата е овие објекти да се што е можно по-low-tec и да не го чинат ни самиот инвеститор многу пари, а тоа што овој успеа и хотел да пикне овде е израз на алчност, не некаква потреба за естетика, па и каква естетика со алукобонд и ефтина столарија (ај тоа е друго прашање), во секој случај поскапо од гола бетонска конструкција....
Разбирам да има некакви комерцијални содржини, ама до оваа мерка е претерано...
Што се однесува до ПП правила, има стручњаци за таа област што веројатно го изработиле, ревидирале елаборатот за објектов (се надевам дека постои таков), ама од око се изгледа многу сомнително...сепак се работи за објект во кој се сместуваат коли, течат масла, бензини, има издувни гасови - во смисол, мора да е поголема претпазливоста по овие прашања поголема отколку кај друг тип објекти...
------------- MAKE CAPITALISM HISTORY
|
Posted By: Sime
Date Posted: 02-Apr-2010 at 15:50
Да не знае некој за колку се издаваат дуќаните во Зебра? Не дека сакам да земам, туку да видам колку се исплати катната гаража 
|
Posted By: Teglarot
Date Posted: 10-May-2014 at 18:37
Т.Ц./катна гаража Зебра, од страната што не се гледа често.
|
|