Хотел во Маџир Маало
Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Хотели и одморалишта
Forum Discription: Хотели, хостели, одморалишта, кампови...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=2974
Printed Date: 19-May-2025 at 09:43
Topic: Хотел во Маџир Маало
Posted By: axel
Subject: Хотел во Маџир Маало
Date Posted: 27-Dec-2013 at 18:33
Барокен хотел ќе се гради кај „Веро центар“
Министерството за транспорт и врски нуди на продажба парцела во Маџир
маало, во близина на „Веро центар“, каде е придвидена изградба на објект
со седум ката, приземје и поткровје, како и повеќекатен подземен
паркинг.

Парцелата е со површина од 2.825 метри квадратни, а површината за
градење изнесува 1.775 метри квадратни. Намената на објектот од А4
категорија, односно времено сместување во кое спаѓаат хотели и пансиони,
а она по што се издвојува јавниот оглас е тоа што наложува фасадното
решение да биде во барокен стил кој го одбележа новото преуредување на
центарот на градот преку проектот „Скопје 2014“.Јавниот оглас е објавен
пред десетина дена, а понудите треба да се достават до 10 јануари.
„Најповолниот понудувач е должен, согласно Деталниот урбанистички план
„Маџир маало“, фасадното обликување на објектот да го изработи во еден
од стиловите на барок, класицизам, неокласицизам, романтизам и
неоромантизам“, пишува во јавниот оглас.
За да се запази решението, Министерството за транспорт и врски пред
издавањето на одобрението за градба преку комисија ќе треба прво да го
одобри основниот проект. Почетната цена при електронското наддавање ќе
биде 61 денар за метар квадратен.
Оваа парцела беше тема на дискусија на последната седница во Општина
Центар, вчера, на која се расправаше за предлогот Општината да ги
преземе надлежностите за управување со градежното земјиште од
Министерството за транспорт и врски. http://www.skopjeinfo.mk/gradot/133091990/baroken-hotel-ke-se-gradi-kaj-bero-centar
|
Replies:
Posted By: Еден Дечко
Date Posted: 27-Dec-2013 at 18:44
До кога ли ќе метастазира? (Новинариве сеуште го резилат терминот Барок)
|
Posted By: zabegan
Date Posted: 28-Dec-2013 at 01:46
Originally posted by Еден Дечко
До кога ли ќе метастазира? (Новинариве сеуште го резилат терминот Барок)
| се додека некој не фати да прочита што е тоа барок 
------------- Architects create dreams...politicians create nightmares
|
Posted By: Cloverstack
Date Posted: 30-Dec-2013 at 01:08
Мистичната локација од веста на скопјеинфо не е баш кај Веро Центар, поблиску е до транспортниот центар. Од спротивната страна на булеварот се наоѓа „социјално“.
41°59'32.51"N 21°26'41.58"E
Originally posted by Еден Дечко
До кога ли ќе метастазира? (Новинариве сеуште го резилат терминот Барок)
| Уште поинтересно прашање: каде се ќе успее да метастазира? Како тргнале работиве, малку „Ск2014“ во Припор, Волково и Драчево веќе воопшто не изгледа нереално. Сериозен сум.
|
Posted By: Еден Дечко
Date Posted: 30-Dec-2013 at 01:32
И мене не би ме зачудило, мислам принципот е толку усовршен (ставаш неколку капители, крем боја и имаш готов "Барок") што можеме да почнеме и станбени згради да градиме во "Барок" стил.
|
Posted By: martind
Date Posted: 17-Jan-2014 at 00:56
http://www.build.mk/?p=31753 - http://www.build.mk/?p=31753
|
Posted By: Teglarot
Date Posted: 17-Jan-2014 at 14:21
Нашите мили долгогодишни и сегашни властодршци, цела декада кенкаат дека тогашниот претседател, Бранко го продал земјиштето кај Рамстор за само 25 евра квадрат, факт е дека е 10 пати поголемо од ова земјиште... Но овие буљаши, продаваат исто така, земјиште во Центар, за 1.15 евра квадрат. Ама нема везе... битно да се краде...
|
Posted By: my Macedonia
Date Posted: 17-Jan-2014 at 15:13
Од една страна добро барем ќе се урбанизира и може да е еден знак за почнување со урбанизација во тој дел на градот, од другата страна како негативно ги гледам точките ваља барокен стил и ниска цена на земјиштето што истотака центар е! Јас не верувам дека за толку ниска цена е продадено земиштето, пола цена официално а пола неофициално (в ѓеб). Ајде и да е навистина за толку мала цена продадена сепак, тоа е штета за скопје и државата! Жално, не секој знае колку консегуентно и колку важно треба да се работи за нашата земја!
|
Posted By: martind
Date Posted: 17-Jan-2014 at 15:47
Во практиакта во посовремените економии, земјишта за минимална цена се продаваат во следните случаи:
- За изградба на објекти од државен интерес односно од интерес на граѓаните (како на пр. болници, приватни училишта, спортски објекти ...)
- За изградба на објекти кои претходно не постоеле во градот или кои имаат позитивни ефекти врз економијата (трговски центри, не и хотели, фабрики и сл.)
Ова со земјиштето за хотел навистина е неиздржливо и навистина жално, не знам и како е "тендерот" прогласен за успешен кога конкурирала само една компанија, обично во ваков случај тендерот се поништува и се распишува нов.
Ама за жал тоа е нашата Македонија, каде преку ноќ може да се стане милионер на грбот на државата
|
Posted By: martind
Date Posted: 17-Jan-2014 at 16:03
Originally posted by Teglarot
Нашите мили долгогодишни и сегашни властодршци, цела декада кенкаат дека тогашниот претседател, Бранко го продал земјиштето кај Рамстор за само 25 евра квадрат, факт е дека е 10 пати поголемо од ова земјиште... Но овие буљаши, продаваат исто така, земјиште во Центар, за 1.15 евра квадрат. Ама нема везе... битно да се краде... |
Знам дека најголем грев што и се случило на Македонија, не од 1991 туку од 1944 па до денес се милионите (а наскоро и милијарда) евра потрошени на купишта "камења" кои немаат никаква економска вредност за Македонија и македонскиот народ.
-------------
|
Posted By: axel
Date Posted: 17-Jan-2014 at 16:16
a neli albancive od amadeus kupija parcela pod kale lani ili polani ne se sekjavam dobro,se slucuva tamu nesto?
|
Posted By: martind
Date Posted: 17-Jan-2014 at 18:55
Ако мислиме на истите парцели, тие не се купени од страна на Амадеус туку од вработен во Агенција за контраразузнавање. Станува збор за две парцели за изградба на хотел (и тоа едно до друго, а купувач е едно лице нејасно е тоа како може да си биде сам конкуренција).
Иначе под кале изграден е и помали станбени објекти, можно е тие да се од Амадеуис.
|
Posted By: Teglarot
Date Posted: 17-Jan-2014 at 19:19
Само криминалец или морон може да го продаде тоа земјиште за таа цена.
-------------
|
Posted By: alexsend
Date Posted: 17-Jan-2014 at 19:33
Ова е срамота.
Па за таа цена не можеш да купиш земја во пустелија некоја! Па во пинтија што е да не речам предградие е преку 80 евра!
Ова мора да се поништи. Ама нема...
|
Posted By: martind
Date Posted: 17-Jan-2014 at 20:04
За 3000 евра што се вика не можеш автомобил од Германија да увезеш...
|
Posted By: axel
Date Posted: 18-Jan-2014 at 20:54
Vo pravo sum bil za zemjiteto pod kale
„Амадеус стоун“ која го купи земјиштето кај СОК банки ќе ги гради Шпанските скали и хотелот под Кале
http://24vesti.mk/%E2%80%9Eamadeus-stoun%E2%80%9C-koja-go-kupi-zemjishteto-kaj-sok-banki-kje-gi-gradi-shpanskite-skali-i-hotelot-pod-k
|
Posted By: gjoko
Date Posted: 19-Jan-2014 at 17:44
Овде вистинското прашање е зшто никој друг не се јавил на лицитацијата-страв од власта да не се замерат или пак неисплатливост да се прави хотел на тоа место и тоа барок
|
Posted By: zabegan
Date Posted: 19-Jan-2014 at 18:33
Originally posted by gjoko
Овде вистинското прашање е зшто никој друг не се јавил на лицитацијата-страв од власта да не се замерат или пак неисплатливост да се прави хотел на тоа место и тоа барок | или пак однапред договорена работа, како и секогаш...
------------- Architects create dreams...politicians create nightmares
|
Posted By: Еден Дечко
Date Posted: 19-Jan-2014 at 20:18
Има ли форумов модератори? Кога пред некој ден пишував за естетика и стилови, моите постови со кои се трудам да објаснам што можевме, а што добивме, беа окарактеризирани како политички, на што јас секако не можев да се начудам, а сега се пишуваат постови со сериозна политичка доза во истите и никој не реагира. Очигледно јас погрешив кога решив да се зачленам и пишувам постови за модернизам, брутализам, барок, неокласика, артдеко, академизам, романескна архитектура итн затоа што кога јас пишувам за стилови и санирање на колку од толку сум окарактеризиран како нечиј политички идеалист, а оние кои навистина го гушат форумот со политчки (понекогаш дури и историски) постови, дивеат со препирки кој бил крив, јас ќе ви кажам кој е крив, народот што живее со умисла дека ние имаме политичари, а во суштина имаме глумци. Навистина штета, за вас кои наместо да се препирате дали биле криви едните или другите, можете за промена-велам да започнете да пишувате корисни постови во врска со темите и те како актуелни, а не преџвакани, затоа што без тоа без коректна дискусија и користење на главите ќе ја имаме Астана и тоа во Европа, и ќе плукаме по сопствената историја и вредности на тој начин верувале или не. Но и јас што си ја трескам главата, секако младите бришка фаќаат. Очигледно не се спремни на секои две години да бидат потстригнувани на избори за нечии цели, баш денес еден лидер од една држава имаше изјава за тоа дека работата на политичарот не е да одбројува до наредните избори, туку да се занимава со реални нешта а не да го дели народот на вакви, такви, онакви, но вие продолжете на крајот кога ќе докажите кој бил крив ќе реализирате дека веќе нема кој да го гласа онај правиот/вистинскиот.
|
Posted By: Џоле
Date Posted: 24-Jan-2014 at 07:53
Поништена продажбата на земјиштето во Маџир Маало
Извадок од ДУП-отКомпанијата „Амадеус Стоун“ сепак нема да гради барокен хотел во скопско Маџир Маало. Министерството за транспорт и врски ја поништи продажбата на градежната парцела 3.24, лоцирана помеѓу Народната банка и Железничката станица [»мапа]. Министерот Миле Јанакиески денеска образложи дека причината за ваквата одлука лежи во фактот што дел од земјиштето е во сопственост на физички лица, кое им било вратено со Законот за денационализација уште во 2009 година. Од вкупно продадените 2.855 метри квадратни на „Амадеус Стоун“, дури 320 метри квадратни се наоѓаат во приватна сопственост, со што се оневозможува продажбата на оваа парцела од страна на државата. Јанакиески соопшти дека отуѓувањето на земјиштето е поништено, а уплатените финансиски средства во висина од околу 3.290 евра ќе му бидат вратени на инвеститорот.
Целата збрка со поништувањето на продажбата на земјиштето лежи во неусогласеноста на впишаните податоци во катастарскиот план и катастарскиот операт. За направениот пропуст со објаснување денеска се огласија и од Агенцијата за катастар на недвижности. „Референтот кој го работел овој предмет направил превид и го консултирал само катастарскиот план, но не и имотниот лист. Кога го издал податокот навел дека целокупната градежна парцела и сите катастарски парцели од кои е сочинета се во сопственост на Република Македонија иако во имотните листови состојбата не била таква“, изјави директорот на Агенцијата за катастар на недвижности Славче Трпевски. Од агенцијата наведуваат дека ќе бидат преземени соодветни санкции против сите инволвирани лица за кои ќе биде констатирана одговорност.
Атрактивната градежна парцела беше продадена во текот на минатата недела за минимални 71 денари за метар квадратен. На електронското јавно наддавање учествуваше единствено компанијата „Амадеус Стоун“. На локацијата е предвидена изградба на хотел со приземје, седум ката и поткровје, а во рамките на зданието е предвидено да има и подземен паркинг простор. Со чинот на поништување на продажбата, земјиштето се враќа во сопственост на државата и на физичките лица кои поседуваат имотни листови за спорните 320 метри квадратни.
http://www.build.mk/?p=31954 - http://www.build.mk/?p=31954
------------- За сè има вторпат
|
|