Долно Јеловце е село во Општина Гостивар, во околината на градот Гостивар.
Долно Јеловце е сместено на пазувите на Шар Планининскиот масив или поточно на планината Враца, на надморска височина од 1050 метри.
Најстариот пронајден податок за постоење на Д. Јеловце датира од 1568 година од турските архиви, во кои стои дека селото се викало Јелов Дол. Според турскиот попис, во селото живееле 15 семејства, сите со православна вероисповед. Не е познат бројот на жители, но се наведува дека 13 биле неженети и дека заради тоа плаќале данок на султанот. Населението се занимавало претежно со сточарство и земјоделие.
Во манастирските конаци отворен е национален ресторан „Конак“ во кој гостите уживаат во специјалитетите приготвени по рецепти токму од овој крај. Во самите конаци и во конаците пред црквата Св. Ѓорѓија има апартмани за сместување на сите добронамерници без разлика на вера и вероисповед. Сите апартмани располагаат со засебни бањи.
Се прават напори селото економски да заживее во областа на туризмот, бидејки располага со прекрасна недопрена и еколошки чиста средина. Во моментов единствен сместувачки капацитет се конаците во манастирскиот комплекс Св. Илија кој располага со 22 легла и етно ресторан во кој се служат специјалитети карактеристични за овој крај.
Во Долно Јеловце постојат три светилишта од кои две се наменети на пророкот Свети Илија (заштитник на селото), а едно на Свети Ѓоѓија. Податоци за изградба на двете цркви наменети на пророкот Илија не се познати. Манастирот Свети Илија е возобновен на темелите на стариот во 2004 година кога се удрени и темелите на конакот.
Денес, Долно Јеловце е село во кое постојано живее 1 жител. Но сепак, поради близината, а и убавата местоположба, често е посетувано за време на викендите. Најголемиот дел од јеловчаните иселен е во градот Гостивар, а остатокот во Скопје. Надвор од границите на Македонија најмногубројни се во Србија, а помал дел во Романија, Америка и др.
Црквата Свети Ѓорѓи






------------- За сè има вторпат
|