Print Page | Close Window

Тбилиси, Грузија (თბილისი)

Printed From: build.mk
Category: Останати теми
Forum Name: Патеписи
Forum Discription: Патеписи од Македонија и светот
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=3228
Printed Date: 09-May-2025 at 20:03


Topic: Тбилиси, Грузија (თბილისი)
Posted By: BOJAN
Subject: Тбилиси, Грузија (თბილისი)
Date Posted: 04-Oct-2015 at 19:00
Во продолжение следува фото-репортажа од главниот град на Грузија, Тбилиси. Од стотици фотографии, на форумов ќе поставам само неколку. Моето патување беше на почетокот од летото, и морам да споменам дека беше вистинско архитектонско доживување



Replies:
Posted By: BOJAN
Date Posted: 04-Oct-2015 at 19:16
Транспортот во Тбилиси е феноменален. Превоз од цивилниот аеродром до центарот на градот е 15 денари со автобус, а толку чини и метрото и маршрутките низ градот. Истовремено, метро станиците и возовите се обновени. Булеварите се широки, типични за СССР, по пет ленти во секој правец низ централното градско подрачје. За архитектурата нема да говорам, оставам на вас да видите како е развиен центарот на Тбилиси во изминативе две децении:



Слика 1: Главната метро-станица Руставели во центарот на Тбилиси:



Слика 2: Една од главните сообраќајници долж реката Кура:


Слика 3: Традиционалните ескалатори кон метро станицата, како и секаде во СССР, долги со километри во земја:


Posted By: BOJAN
Date Posted: 04-Oct-2015 at 19:24
Новата зграда на еден од градските театри во Тбилиси, долж реката Кура:



Жичарницата што води од центарот на Тбилиси:



Куќа во традиционална грузиска архитектура:



Јавни бањи во стариот дел на градот:



Мостот на мирот на реката Кура:



Панорамски поглед кон реката Кура во Тбилиси:



Административна зграда на јавна администрација:




Стариот дел од Тбилиси:




Една типична грузиска црква градена во традиционална архитектура:




Плоштадот на независноста со „Свети Ѓорѓија ја убива ламјата“:




Театарот Руставели во Тбилиси:




Од Тбилиси имам стотици фотографии. Сите нив ги чувам за една репортажа на нашиот портал. Сето тоа го собрав во 10-тина дена поминати во Грузија


Posted By: Џоле
Date Posted: 04-Oct-2015 at 19:51
Одлично! Грузија отсекогаш ми била интересна земја. Тбилиси изгледа одлично на фотографиите. Имам разгледувано неколку репортажи од овој град, така што добро сум запознаен со тамошните прилики. Зградата на нивното собрание е многу грда (ја има погоре на сликите), додека стариот град во Тбилиси е одлично обновен. Би сакал да видам такво нешто и во нашата чаршија. Инаку, Грузија последниве години многу вложува во сопствена промоција во светот, а тоа значи дека вложува и во архитектурата. Можеме да научиме доста работи од таа земја.

-------------
За сè има вторпат


Posted By: jyvation
Date Posted: 04-Oct-2015 at 20:06
Originally posted by BOJAN


Слика 3: Традиционалните ескалатори кон метро станицата, како и секаде во СССР, долги со километри во земја:


Да не го видев насловот ќе помислев метрото во Прага е.Значи не e можно да е толку исто   



Print Page | Close Window