Булевар Македонско-косовска Бригада
Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Градска инфраструктура
Forum Discription: Улици, булевари, сигнализација, јавен превоз...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=3776
Printed Date: 23-Aug-2025 at 14:42
Topic: Булевар Македонско-косовска Бригада
Posted By: stef4o
Subject: Булевар Македонско-косовска Бригада
Date Posted: 08-Sep-2020 at 12:26
СЕ РЕКОНСТРУИРА УЛИЦАТА МАКЕДОНСКО-КОСОВСКА БРИГАДА ВО ЧАИР
Екипите на Град Скопје од денеска ја реконструираат улицата Македонско-косовска бригада во општина Чаир, на потегот од крстосницата со булеварот Никола Карев (Пластичарска) до крстосницата со Втора македонска бригада. На оваа делница ќе се изврши целосна реконструкција на коловозот во должина од 1.700 метри, реконструкција на постојните тротоари, замена на оштетените рабници, нивелација на шахтите и сливниците, а ќе се постават и нова атмосферска и фекална канализација
Оваа фаза всушност е изведбата на едниот крак од идниот булевар Македонска-косовска бригада. Во текот на наредната година очекувам дека ќе почне постапката на експропријација на земјиштето, со цел да го изведеме и вториот крак., со што овој дел ќе се спои со булеварите Босна и Херцеговина и Словенија, а перспективно ќе имаме влез на тунелите под Кале. Оваа е осма улица која Град Скопје почна да ја реконструира. Ги замолувам граѓаните за трпение и да ги почитуваат сообраќајните знаци. Исто така, ги замолувам граѓаните да ги користат алтернативните влезови на Скопје, преку обиколница поради градежните работи на булеварот Александар Македонски. Од друга страна пак големо е задоволството на граѓаните дека во градот се реконструираат улици и се отвораат нови коридори, а квалитетот на изведба ќе го подобри урбаното живеење во Скопје – рече денеска Градоначалникот Шилегов.
За реализација на реконструкцијата на Македонско-косовска бригада ќе се одвојат околу 56 милиони денари, а реконструкцијата треба да биде завршена во рок од 4 месеци.
https://www.facebook.com/CityofSkopje
|
Replies:
Posted By: stef4o
Date Posted: 08-Sep-2020 at 12:36
Кои објекти треба да се рушат за изведба на вториот крак од идниот булевар?
|
Posted By: Théoden
Date Posted: 08-Sep-2020 at 13:30
Originally posted by stef4o
...
Оваа фаза всушност е изведбата на едниот крак од идниот булевар Македонска-косовска бригада. Во текот на наредната година очекувам дека ќе почне постапката на експропријација на земјиштето, со цел да го изведеме и вториот крак., со што овој дел ќе се спои со булеварите Босна и Херцеговина и Словенија, а перспективно ќе имаме влез на тунелите под Кале. ... |
Ова може да биде изведба на едниот крак од идниот булевар „Македонско-косовска бригада“, но само од бул. „Босна и Херцеговина“ до пред „Џон Кенеди“. На овој потег сегашната улица се поклопува со едниот коловоз од планираниот булевар, па ќе остане само да се направи и вториот коловоз. Но, од пред „Џон Кенеди“ до „Никола Карев“ потребно е проширување и од двете страни, а тука е планирана и клучка што ќе бара да се ослободи дополнителен простор. Така да, ако се реализираат тунелите под Кале, реконструкција на овој потег е нелогична.
Originally posted by stef4o
Кои објекти треба да се рушат за изведба на вториот крак од идниот булевар? |
Од „Босна и Херцеговина“ до „Џон Кенеди“ сите што се на барем 10-на метра западно од улицата. Јас се надевам и понавнатре, но тоа зависи од профилот што ќе го има булеварот. Сепак очекувам само дополнителни две ленти плус тротоар. Идеално, ова треба да е булевар од типот на „Партизанска“ или „Јане Сандански“.
|
Posted By: Staro Skopje
Date Posted: 08-Sep-2020 at 17:51
Многу багира и многу е спор OSSP!
Ако улицата ја поделиме на три сегменти (1: НК-ЏК; 2: ЏК-ВМБ и 3: ВМБ-БиХ), кај третиот сегмент треба да се срушат неколку послаби објекти западно од МКБ. Ова зависи од профилот и конкретната траса; во ГУП-от се впишани 50 метри ширина (40 јужно од ЏК), а за булевар од прва категорија доволни се 36 (4+2+3.5+3.5+3.5+3+3.5+3.5+3.5+2+4), а и помалку доколку се одлучат секој булевар во иднина да нема ленти пошироки од 3 метри, иако мое лично мислење е дека булевар од оваа категорија не треба да биде еден од тие. Во тие 50 метри има место и за БРТ линии без да се одземаат сообраќајни ленти. Кај вториот сегмент има десетина куќи во Гази Менташ, а кај првиот и јужниот крај на вториот сегмент (вкл. и соодветен профил за Никола Карев и клучката) има доста за рушење.
Проблемот со оваа улица е што е планирана да биде вториот коридор север-југ (а со патот кон Сончев Град и, се надевам, повеќе населби во тој дел може да стане главен коридор), а на север завршува во улица од 8 метри во Шутка и не се спојува со обиколницата. Можеби би било добро да се пробие булевар помеѓу Визбегово и Шутка и тој дел да се урбанизира.
Инаку беше најавено проширување во 6 ленти на улицава од БиХ до Џон Кенеди. Разочарување е денешното почнување само на реконструкција (без оглед на сегментите); се надевам дека догодина ќе се шири барем третиот сегмент, а со другите два да се почне кога тунелите под Кале веќе ќе се градат.

------------- Градот убав никна, но го откорнаа
|
Posted By: stef4o
Date Posted: 17-Sep-2020 at 16:17
Во тек е реконструкцијата на улицата Македонско-косовска бригада во општина Чаир, на потегот од крстосницата со булеварот Никола Карев (Пластичарска) до крстосницата со Втора македонска бригада, во должина од 1.700 метри
https://www.facebook.com/CityofSkopje/
|
Posted By: stef4o
Date Posted: 15-Oct-2020 at 12:56
НОВА ВОДОВОДНА, ФЕКАЛНА И АТМОСФЕРСКА КАНАЛИЗАЦИЈА НА УЛИЦАТА МАКЕДОНСКО КОСОВСКА БРИГАДА ВО ОПШТИНА ЧАИР
Во склоп на активностите на Град Скопје за изградба на булеварот Македонско-Косовска бригада од крстосницата со булевар Никола Карев до крстосницата со булевар Босна и Херцеговина, ЈП Водовод и канализација почна со изградба на нова водовдна, фекална и атмосферска канализација на овој потег во општина Чаир. Инвестицијата на ЈП „Водовод и канализација“ за овој проект изнесува 19.310.000,00 денари (7.430.000,00 за водоводна мрежа, 7.500.000,00 за фекална канализациска мрежа и 4.380.000,00 за атмосферска канализација).
https://www.facebook.com/jpvodovod.skopje
|
Posted By: stef4o
Date Posted: 08-Feb-2021 at 08:21
Стопирана реконструкција на Бул. „Македонска-косовска бригада
[tube]xTTPXyVqdT8&feature[/tube]
https://alsat.mk/mk/stopirana-rekonstruktsija-na-bul-makedonska-kosovska-brigada/
|
Posted By: stef4o
Date Posted: 08-Feb-2021 at 08:25
https://alsat.mk/mk/stopirana-rekonstruktsija-na-bul-makedonska-kosovska-brigada/
|
Posted By: mackomk
Date Posted: 08-Feb-2021 at 10:05
"...има и такви кои не сакаат да се приклучат на канализационата и водоводна мрежа, вели градоначалникот..."
|
|