![]() |
![]() |
![]() |
Споменици и скулптури (општо) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 110111112113114 209> |
Author | ||
xnx ![]() Senior Member ![]() Joined: 05-Apr-2009 Online Status: Offline Posts: 1943 |
![]() ![]() |
|
a ovie na tome se vise dosadni, site imaat ista poza, ko kopii se edna na druga
|
||
![]() |
||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
|
Колкав требало да го направат? Вон размер со скулптурата? Така ќе „заличеше на нешто“?!? Edited by Cloverstack - 07-Jul-2011 at 17:12 |
||
![]() |
||
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
|
а зошто жезолов е метален?
|
||
![]() |
||
Superman ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Jun-2010 Online Status: Offline Posts: 154 |
![]() ![]() |
|
Веројатно големината е пропорционална со споменикот. |
||
The One Whose Name Cannot Be Spoken...
|
||
![]() |
||
Superman ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Jun-2010 Online Status: Offline Posts: 154 |
![]() ![]() |
|
Тоа е веќе добра забелешка. Не знам за некој ваков пример, исправете ме ако грешам (не дека е страшно и дека мора да го има некаде за и ние да го направиме). PS Толку зла крв има на форумов што чувствував потреба да се дообјаснам за да не бидам распнат. |
||
The One Whose Name Cannot Be Spoken...
|
||
![]() |
||
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
|
имам видено вакви примери, каде на една скултура се користени различни видови метал, или пак изложената кожа, како лице, раце, нозе да бидат во друго боја
најчесто го имам видено тоа на бронзени споменици и обоените делови обично се позлатувања или посребренувања (пр. Св. Сoфиja во Софија) ама ова прв пат го гледам, не гледам поента во тоа целиот споменик да биде во еден матирајл, и само еден детал да биде во друг |
||
![]() |
||
Superman ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Jun-2010 Online Status: Offline Posts: 154 |
![]() ![]() |
|
Финишира изградбата на Порта Македонија
Никола Крстиќ Целокупното македонско минато на едно место, историска врска на сите периоди, приказ на македонската нација низ вековите - Порта Македонија. Почна поставувањето на релјефите, дело на академската скулпторка Валентина Стевановска. За релјефите да го добијат конечниот изглед, длабока резба во мермер, најпрвин биле извајани во глина, потоа биле направени калапи од гипс кои биле компјутерски скенирани. Грубиот дел од мермерот бил машински сечен, а деталите рачно доработувани. „На самата Порта ќе бидат отсликани релјефи коишто ги работев на ист начин како за фонтаната на Плоштадот Македонија, ќе бидат изработени во мермер и ќе ја претставуваат историјата и културата на Македонија” вели Валентина Каранфилова - Стевановска, академски скулптор (02 07 2011). Однадвор 193 квадратни метри релјефи, одвнатре галериски простор на две нивоа, а најгоре платформа за набљудување која ќе го нуди најубавиот поглед кон централниот споменик бидејќи е на приближно иста висина со „Воинот на коњ”. Портата е висока 21 метар, колку седумкатница, до врвот ќе водат два лифта и две скалила. Објектот кој го гради „Гранит” чини 4.4 милиони евра, инвестиција на Министерството за култура. Се очекува да биде промовиран на 8 Септември, како дел од прославата за 20 годинишнината од независноста. Link за видеото (се гледаат некои од релјефите). http://mtv.com.mk/mk/vesti/makedonija/19762/finishira_izgradbata_na_porta_makedonija.aspx _____________________________________________________________________ Не можев да ја најдам нишката за Портата, ако треба преместете. Edited by Superman - 08-Jul-2011 at 15:56 |
||
The One Whose Name Cannot Be Spoken...
|
||
![]() |
||
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
|
како тоа финишира? можно е карабината да финишира само, далеку е од финиширање објектот, си пополнуваат празно место новинариве
|
||
![]() |
||
Superman ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Jun-2010 Online Status: Offline Posts: 154 |
![]() ![]() |
|
Финишира, не финишираШЕ - несвршено е, во превод привршува ![]() |
||
The One Whose Name Cannot Be Spoken...
|
||
![]() |
||
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
|
![]() |
||
![]() |
||
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
|
министерката во интервју рече дека портата и споменикот на плоштад ќе се отвораат годинава,значи при крај е портата.а за карабина што е нема проблем,знаеме дека фасадата се прави со лепење на предходно веќе изработени готови елементи од мермер,па не би требало да е проблем брзо да се заврши,али ипак мислам 8-ми септември неможе да се оствари ,ама да оставиме времето да покаже
|
||
![]() |
||
spaceman091 ![]() Senior Member ![]() Joined: 26-Dec-2009 Online Status: Offline Posts: 516 |
![]() ![]() |
|
![]() ![]() |
||
![]() |
||
alexgizh ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 07-Jan-2009 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1976 |
![]() ![]() |
|
You have got to be kidding me...
Навистина помислив дека првата слика (каде што се гледа натписот "Цар Самоил" на позеленета позадина) е монтажа! |
||
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
|
||
![]() |
||
mirakuliks ![]() Senior Member ![]() Joined: 06-Feb-2010 Location: New York Online Status: Offline Posts: 831 |
![]() ![]() |
|
Епа најверојатно тоа е тоа што одмана се говори дека во зависност од тоа „како уметникот го замислил делото„, така и може да да бидат од почеток бронзите да бидат однпред патинирани или не. Е сега, дали може и процесот на темнеење на мермерот..односно прљање да се убрза не знам....ама дефитивно и самоил и ченто и јустинијан по некои 5-10 години ќе изгледаат поинаку односно нивните релјефни одлики ќе бидат поистакнати откако ќе подотемнат статуите. |
||
![]() |
||
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
|
Валентина Каранфилова-Стевановска, авторка на „Воинот на коњ“
Таа говори за своите натамошни проекти во рамки на „Скопје 2014“ и за шпекулациите околу високите хонорари на вајарите што ги добија од Владата Жаклина Ѓорѓевиќ Г-ѓо Стевановска, во јавноста станавте позната како авторка на најголемата скулптура во земјава, на Александар Македонски или „Воинот на коњ“, како што сега се нарекува. Овој споменик предизвика контрадикторни реакции. Како се чувствувате сега откако споменикот е поставен, а на кој работевте три години? - Среќна сум и горда што можам, конечно, да го видам поставен на местото каде што треба, по толку многу труд и работа. Посебно сум среќна зашто луѓето го примија позитивно, барем повеќето. Нормално, секогаш може некој да ги гледа работите негативно или позитивно. Со оглед на големината, споменикот го работев многу напорно, бидејќи, пред се', работата е физичка. Среќна сум и поради што овој споменик претставува симбол на Македонија и гордост на Македонците. Ова дело останува за Македонија, не за мене. Среќна сум што успеав да го направам како што го замислив. Горда сум што придонесувам со мојата работа да оставам дело кое ќе остане за идните генерации. Пред да се постави споменикот, многу од медиумите на невидено даваа различни коментари во врска со изгледот на споменикот, пишуваа како фонтаната и споменикот ќе бидат огромни, ќе го затворат целиот плоштад и ред други работи, но сега откако се постави споменикот, иако е доминантен во просторот, тој претставува монументално решение составено од повеќе сегменти и воопшто не му пречи на плоштадот. Впрочем, секој сам може да процени без да слуша нечие мислење. Колкава е, според Вас, важноста на овој споменик? Дали тој има историска вредност, а не само уметничка? - И овој споменик, како и сите споменици што се поставени и ќе се поставуваат имаат историска вредност. Сите овие споменици потоа остануваат во трајна сопственост на културната историја на Македонија без разлика дали денес на некого му се допаѓа или не, бидејќи луѓето заминуваат, а делата остануваат. Зошто споменикот е свртен кон исток и од каде идејата за спојот бронза со мермер? - Во врска со идејата зошто споменикот е свртен кон исток и во врска со поставените релјефи, се' што е поставено повеќе би сакала да зборувам откако се' ќе биде завршено и поставено за да има смисла моето зборување, за да може народот тоа што го зборувам да го види. Се' што е поставено, има своја симболика, но како автор би сакала да го објаснам тоа откако ќе биде и официјално промовирано. Инаку, кога ја правев макетата за конкурсот за Општина Центар, размислував какви материјали да се употребат и одлучив да ги комбинирам двата материјала. Ако столбот беше цел бел, можеби премногу ќе беше, а вака има контрасти и во просторот и поубаво изгледа. Планирано е, исто како и „Портата“, и овој споменик да биде завршен до 8 Септември? - Да, така е планирано. Дотогаш да биде завршен со сите релјефи, со сите придружни фигури, со мозаикот што ќе биде долу на дното од фонтаната, со ефектите на вода. „Портата Македонија“, на која, исто така, ги работам релјефите, ќе се отвори по повод 20-годишнината на независноста на Македонија. Моментно, работам и на „Коњаникот“ во населбата Автокоманда. И тој се' уште се работи, се' уште не е готов. Постаментот и релјефите се работат. Во близина на самиот споменик ќе има и една фонтана, која ќе има осум придружни фигури. Исто така, работам и на фигурите за мостот „Око“, кои ќе бидат високи два метра, но таму не сум сама, туку работам заедно со други уметници. Ги сметате ли за малициозни коментарите дека и еден Микеланџело би можел да Ви позавиди на хонорарот од 650 илјади евра за овој споменик? Веќе најавивте приватни тужби поради нарушување на угледот? - Не би сакала да се идентификувам со хонорарите на Микеланџело. Неговите дела се со непроценлива вредност. Што се однесува до моите хонорари, веќе кажав во јавноста дека се шпекулираше со вредноста на моите хонорари. Сумите што се кажуваа воопшто не се точни. Како и јас, така и сите други уметници што работат на проектот „Скопје 2014“, а мислам дека се некаде околу 30 уметници, имаме склучени договори за секој проект во кој точно е наведено колкави се хонорарите и секој може да види колкава е точната сума на хонорарот. Сите суми што се спомнуваа воопшто не е беа точни. Да, меѓутоа сумите беа наведени во извештајот на Државниот завод за ревизија? - Да, но таму се говори за комплетна изведба на спомениците, без разлика за кој споменик и за колку фигури станува збор. На оваа фигура на плоштадот има придружни фигури, не е само коњаникот, има релјеф, други фигури, како и за „Портата“, така и за другиот споменик што се наоѓа на другата страна од Вардар, на плоштадот „Карпошово востание“. Веќе неколку пати кажав дека хонорарот од 650 илјади евра не е хонорар, туку комплетна изведба на сите овие фигури, а мојот хонорар конкретно за споменикот на градскиот плоштад е 65 илјади евра. За тоа повторувам веќе неколку пати и тоа може да се провери. Сите уметници што работиме на овој проект земаме приближно исти хонорари. Лично на оваа тема разговарав со еден професор, кој ми кажа дека во времето на Југославија хонорарите биле четири пати повисоки отколку сега. Меѓутоа, во јавноста се пласираат информации кои се далеку од вистината. Луѓето не ја знаат вистината и можеби со право реагираат на тоа, меѓутоа тоа не е така. Има договори каде што може да се види тоа. Плоштадот, кој претходно беше празен, сега е исполнет со фигури. Нели е тоа премногу, според Вас, нели сметате дека е пренатрупан? - Нашиот плоштад е многу голем за разлика од сите други плоштади што ги знам во светот. Според мене, скулптурите не пречат една на друга. „Коњаникот“ е горе, високо качен. Дури сега има коментари дека воопшто не е голем, иако претходно го мислеле спротивното. Се' е осмислено. Но, бидејќи моментно во фаза на градба се многу од објектите, не можат да се оценат работите. Но, кога комплетно ќе биде направено, ќе се види дека се' е на место и дека ништо нема да пречи. На Александар, како што се шпекулира, ќе му се придружат и други скулптури од другата страна на реката Вардар, наводно, таму ќе има фигури на неговиот татко и мајка - Филип и Олимпија. Има шпекулации дека Вие ќе бидете авторка и на овие споменици? - Тоа не се шпекулации, јас сум автор на фонтаната со придружни фигури за плоштадот „Карпошово востание“. Тоа беше објавено и во медиумите. Моето идејно решение е избрано за изведба и веќе работам на тој проект, а некои од скулптурите и веќе излегоа. Дел од скулптурите што ги завршив се во Италија на лиење. Таму е предвидено да има една главна фонтана со воин, кој е висок 13 метри, а постаментот вкупно ќе има висина од 15 метри, што значи вкупно фигурата ќе биде висока 28 метри. Ќе има повеќе придружни фигури, ќе има релјефи, меѓутоа во склоп на таа фонтана ќе има уште три помали фонтани на кои се веќе видените фотографии на мајка со дете. Ќе биде богато со придружни фигури од бронза, а сигурно е тоа што ќе има многу повеќе фигури отколку на оваа фонтана на градскиот плоштад. На главната фонтана, воинот ќе биде на столб и ќе тече вода низ неа, а ќе има осум придружни фигури, а на другите три помали фонтани ќе бидат поставени по четири придружни фигури, кои ќе бидат поврзани со релјефи од бронза и од мермер. И овие фигури, како и сите други, имаат своја вредност, ама времето и идните генерации ќе покажат колку ќе вреди тоа, дали повеќе или помалку. Во Вашата биографија ќе стои дека освен Александар, Ваше е и решението за Филип во општината Гази Баба, како и релјефите на скулптурата „Порта“. Но, Вашиот ангажман во проектите од „Скопје 2014“ за некои е спорен, бидејќи Ви забележуваат за претходно „сиромашно“ вајарско искуство. Како го коментирате тоа? - Зад секое успешно дело, без разлика за која уметност се зборува, постои период на анонимност. Значи, никој не се родил славен. Голема сатисфакција за мене е што сега кога се поставуваат делата што ги создадов, предизвикуваат голем интерес и преку делата се гледа моето вајарско искуство. Доживеаја ли уметниците ренесанса со проектот „2014“? Моментно во Скопје се случува бум од споменици и веројатно вајарите имаат полни раце работа? Може ли да кажете како уметниците гледаат на целиот овој проект - како шанса да се докажат и како успеваа досега да ги пласираат своите дела? - Како што со години немало работа за уметниците, ова што се случува сега е вистински пресврт за нив. Уметниците, посебно вајарите, имаат можност нешто да сработат. Многу, многу години наназад ништо не работеа. Иако сите дипломирани вајари учествувале на повеќе изложби, зборувам за сите, не само за мене, сега се даде шанса и ние нешто да заработиме. Досега секој различно се снаоѓаше, никој не работеше тоа што има завршено. Само некои професори што работеа како професори по вајарство си ја работеа работата. Од изложби во Македонија тешко се живее, нема егзистенција. http://utrinski.com.mk/?ItemID=1A50D7D214F9174691919ACEA80E4ACF |
||
![]() |
||
my Macedonia ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Oct-2008 Location: 🇲🇰🇨🇭 Online Status: Offline Posts: 4094 |
![]() ![]() |
|
![]() |
||
spaceman091 ![]() Senior Member ![]() Joined: 26-Dec-2009 Online Status: Offline Posts: 516 |
![]() ![]() |
|
![]() |
||
![]() |
||
Dave Gahan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 27-Oct-2008 Location: 42°0′N,21°26′E Online Status: Offline Posts: 986 |
![]() ![]() |
|
Show must go on....
Инаку веста ја ставам овде, дека гледам и за првата ТРИУМФАЛНА ПОРТА се дискутира овде, па да продлжиме со истото темпо со триумфите...
Извор А баш за Градот имав коректно мислење, единствено тие се занимаваа со некаква инфраструктура, ама ете... |
||
MAKE CAPITALISM HISTORY
|
||
![]() |
||
fichot ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-Feb-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2602 |
![]() ![]() |
|
25000 евра за порта и видиковец? Од гипскартон да не ја планираат, или и тука ќе се уклучи Владата со 2-3 миљончиња?
|
||
![]() |
||
spaceman091 ![]() Senior Member ![]() Joined: 26-Dec-2009 Online Status: Offline Posts: 516 |
![]() ![]() |
|
http://dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=2BFE2EA5B636B440B8738E0065CE22FF
Монументална скулптура на преродбеникот Ѓорѓија Пулевски во сабота ќе биде откриена во мијачкото село Галичник. Скулптурата е поставена во центарот на селото близу селската чешма и црква. Делото е високо 2,5 метри, а ја направи Сретко Јовановски, скулптор, виш конзерватор во Музејот на Македонија. Скулптурата е леана во Рудници и железарница "Институт" во Скопје. Изработката на скулптурата ја финансира Министерството за култура со 500.000 денари, а донатор на леењето и на постаментот е бизнисменот Минчо Јорданов. Поставувањето на споменикот го иницира Музејот на Македонија во рамките на претставувањето на автентичното македонско културно-историско наследство. Македонскиот културно-национален деец Ѓорѓија М. Пулевски е роден во Галичник (1822/23 година), а починал во Софија (1893 г.). Тој бил македонски преродбеник, учебникар, лексикограф, историчар, поет, граматичар, етнограф, комита, војвода и револуционер. |
||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 110111112113114 209> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |