Си седам јас така на работа, и гледам имало нови слики од Софија... хахах и баш пред 1-2 недели точно истите слики беа главна тема и во овдешните (Софијски) списанија и весници... За воља на вистината, освен првата слика за која со мoите колеги не сме баш сигурни каде е, сите останати се од Софија и сеуште постојат како такви! Но, треба да напоменам и дека со многу голем интензитет овде се градат нови велосипедски (вистински) патеки. Баш ке направам некакви фотки од Младост кај бизнис паркот, имаат доста добри патеки.
Conservation is a state of harmony between men and land.
Имам една идеја за заживување на проектот „Скопје изнајми велосипед“. Според моите размислувања, најпрвин треба менаџирањето на овој проект да се префрли од Ј.П. Градски паркинг кон ЈСП - Скопје, бидејќи сметам дека изнајмувањето на велосипеди не заживеаја на ниво што е потребно. Понатаму, ЈСП - Скопје има кадар кој одржува возила, па сметам дека полесно, ако ништо друго, има автобази во кои би можеле да се одржуваат велосипедите. Најважното, наместо изнајмување на велосипеди на паркинзите, сметам дека со воведувањето на новите смарт-картички, билетарите на ЈСП-Скопје, и така се непотребни, па дури и денес сметам дека картичките може да се продаваат во маркети и трафики. Сметам дека билетарите на ЈСП-Скопје треба да добијат нова дејност, токму покрај нив да се стационираат велосипедските пунктови и токму од нив да треба да се земаат и оставаат. Билетарите се поставени на многу повеќе локации низ Скопје, а дополнително треба се блиску до поважни институции каде има поголемо движење на луѓе. Се разбира, би требало да се вложи во унифицирање на трафиките во согласност со проектот, но и воведување на смени во работењето, тоа би бил негативниот дел.
Да надополнам дека викендов во Рим се одржи најголемиот настан од ваков вид во светот со стотина илјади велосипедисти што ги окупираа улиците на главниот град на Италија. Се надевам дека и ние ќе ги окупираме улиците на Скопје!
Критична маса на скопските улици - в среда групно возење велосипед
Светскиот тренд „Критична маса“ на групно возење велосипед по градските улици пристигнува и во Скопје.
Настанот организиран од група ентузијасти ги повикува сите граѓани на кои им е преку глава да возат велосипед меѓу автомобилите во крајно ризични и небезбедни услови в среда. Организаторите порачуваат дека возењето велосипед во група е навистина забавно и ги повикуваат сите да се уверат во тоа.
Скопската „Критична маса“, по урнекот на групните возења во над 300 градови во светот, своето прво појавување ќе го има в среда.
Стартот е на паркингот пред Зоолошка градина в среда во 17:30 часот. Од таму ќе се вози по улицата Рузвелтова, потоа по булеварот Партизански Одреди и улиците Даме Груев и Димитрија Чуповски кон Црвениот крст, а од таму ќе се вози до раскрсницата кај Мавровка. Од таму групата велосипедисти ќе се упати по булеварот Гоце Делчев кон Владата, а од таму по Илинденска до Совет на Град Скопје.
Повеќе информации може да добиете на Фејсбук-страницата https://www.facebook.com/events/419497271414656/420500587980991/?notif_t=plan_mall_activity како и на http://natochak.blogspot.com/
Упатство за учесниците http://natochak.blogspot.com/upatstvo
Велосипедистите порачаа: На Скопје под итно му требаат повеќе патеки за возење на велосипеди
Во
изненадувачки голем број, скопјани денеска дадоа поддршка на првата
„Критична маса“, настан кој претставува групно возење на велосипеди по
улиците на еден град и се одржува секој последен петок во месецот во
преку 300 градови во светот. Околу 1.000 велосипедисти им упатија пораки
на градските и локалните власти од Скопје, повеќе да се инвестира во
развојот на велосипедската инфраструктура и да се прошири веќе
започнатиот проект „Изнајми велосипед“ со нови пунктови и точаци.
Екипата на интернет – порталот „Билд“ запраша неколкумина учесници на
настанот дали на Скопје му се потребни нови велосипедски патеки и колку
се задоволни од досегашниот развиток на проектот „Изнајми велосипед“.
„Градоначалниците треба да изградат повеќе стази и да се грижат за
велосипедистите. На центарот на Скопје под итно му се потребни нови
патеки за велосипедистите. Треба да се мисли за улиците и булеварите, но
не треба да се занемарат луѓето што возат точак. Сметам дека многу
малку се вложува“, истакнува Ана Т., студентка од Скопје. Други граѓани
пак констатираат дека на главниот град му се потребни повеќе пунктови за
изнајмување на велосипеди, но и посеопфатна обнова на инфраструктурата
за овој вид превоз во градот. „Во Скопје возам повеќе точак на улица,
отколку на патека. На секој агол има паркирано автомобили каде не треба
или пак на нив стојат пешаци“, ни изјави Маја К., правничка од Скопје.
Првото групно возење на велосипеди започна пред Зоолошката градина,
од каде граѓаните преку булеварите Рузвелтова, Партизански одреди, Даме
Груев, Димитрија Чуповски, Вељко Влаховиќ, 11 – ти октомври, Кочо Рацин,
Крсте Петков Мисирков, Гоце Делчев и Илинденска завршија пред бараките
во кои се сместени градските власти, каде симболично ги кренаа во воздух
своите велосипеди. Следното возење на точаци во група би требало да се
одржи кон крајот на јуни. Во меѓународни рамки, првата „Критична маса“
се одржала во Сан Франциско во септември 1992 година и на неа
учествувале 48 велосипедисти. Во различни градови во светот постојат
различни причини за одржување на настанот, најважното е дека се работи
за масовно возење на овој вид превозни средства на две тркала каде нема
раководство, организација или главен помеѓу граѓаните.
Мислам дека е крајно време да се расчистат од паркирани возила тротоарите и велосипедските патеки долж скопските булевари и улици, а особено по Партизанска и Даме Груев... и тоа да биде трајно решение...
Најмногу велосипеди се изнајмуваат од плоштадот „Македонија“ околу 40 дневно, кај ТЦ „Бисер“ бројката се движи околу 20 дневно, додека кај „Треска“ се изнајмуваат околу 10 велосипеди дневно
Недостиг од „катни гаражи“ и за велосипеди
Поради недостиг од посебен простор
Високите цени за паркирање, како и поскапувањето на такси-превозот ги натера граѓаните да го користат почесто велосипедот како средство за превоз низ градот. Дали до работа, на пазар или до факултет, граѓаните велат дека овој начин на превоз сѐ повеќе им одговара за извршување на дневните обврски и за рекреација во исто време. Она што недостига е паркинг-простор, па граѓаните се снаоѓаат на тој начин што ги заклучуваат зад огради, дрва, сообраќајни знаци итн.
- Работам во Капиштец и најмногу ми се исплати да одам со велосипед, кога временските услови се добри. Пречка е што нема многу велосипедски патеки и паркинзи за велосипеди, морам да го заклучувам велосипедот во влез или на некоја ограда - вели Елисавета од Тафталиџе.
Само пред трговски центри
Паркинзи за велосипеди може да се најдат пред трговските центри или пред факултетите и пазарите, кои се поставени од општините или од самата институција.Од градот велат дека јавните претпријатија, општините и институциите треба да постават соодветни паркиралишта за велосипеди пред институциите и на јавните површини.
- Градот во соработка со ЈП „Градски паркинг“ го разработува системот за изнајмување велосипеди, додека сите други субјекти треба да се вклучат со изградба на инфраструктура за масовно користење на велосипедот. Во однос на патеките, истите тие на кејот се речиси комплетирани, се уредуваат на булеварите и сите позначајни проекти за проширување и изградба на булевари се со задолжителни велосипедски патеки - велат од градот.
Од Карпош велат дека во општината паркинзи за велосипеди има поставено на три места, во ТЦ „Лептокарија“, пред маркетот „Тинекс“ во Карпош 3 и на пазарот во Тафталиџе.
- Се планира да се поставуваат нови паркинзи за велосипеди низ општината, а локациите ќе бидат определени при изработката на проектната документација - велат одговорните од Карпош.
Од ЈП „Градски паркинг“ велат дека моментално велосипеди се изнајмуваат на три локации.
- Почнавме со изнајмување на велосипедите во мај на четири локации, на плоштадот „Македонија“, зад ТЦ „Бисер“, на паркингот кај „Треска“, како и пред стоковната куќа „Илинден“. Последната локација, поради изведување градежни работи, ја преместуваме пред Зоолошката градина, и до крајот на месецов би требало и оттаму да се изнајмуваат велосипеди - вели Владимир Кроневски, раководител на сектор за јавни паркиралишта во „Градски паркинг“.
Украдени два градски велосипеди
Според него, најмногу велосипеди се изнајмуваат од плоштадот „Македонија“ околу 40 дневно, кај ТЦ „Бисер“ бројката се движи околу 20 дневно, додека кај „Треска“ се изнајмуваат околу 10 велосипеди дневно.
- Бројката на велосипеди оваа година е 215, од кои 50 се стари, а другите се нови и се донација од градот. Најмногу се изнајмуваат за викендите и преку недела за на работа. Бројката на украдени велосипеди годинава е помала, досега се украдени два, а често се случува да ги вратат оштетени - дополнува Кроневски.
најмногу велосипеди се изнајмуваат од плоштадот „Македонија“ околу 40 дневно, кај ТЦ „Бисер“ бројката се движи околу 20 дневно, додека кај „Треска“ се изнајмуваат околу 10 велосипеди дневно.
По претпоставка дека во просек еден велосипед се изнајмува за 3 часа, тоа се 240 изнајмени часа или 240 денари дневно, што пак е 7200 денари месечно. Профит кој не е доволен да се покрие ниту амортизацијата на велосипедите.
Би го препишал овој поразителен податок на свеста на граѓаните, но сум прилично сигурен дека доколку постојат пунктови во сите општини и се дозволи изнајмениот велосипед да се врати на било кој пункт (а не како сега само на пунктот од кој е изнајмен) бројот на изнајмувања значително ќе се зголеми.
Од друга страна, еве јас ќе си се земам за пример, точаците изгледаат премногу gay. Никад у живот на таков точак не би се качил. Иако сум скоро месец дена без точак, ама ни на памет не би ми дошло таков точак да возам или да изнајмам. Можеа барем друг тип на точаци да се земат, а не само хипстерски модели. Инаку точна си е констатацијата за свесноста кај луѓето, ама гледајќи ги нашите тротоари и улици, не баш секој сака у 8 сабајле во една таква ситуација со точак да иде на работа.
Не дека ми смета... ама нема врска со тие споредби...
Ни мене не ми се по вкус... но/иако реално и не изгледаат лошо... само треба да се има во предвид дека се сепак градски велосипеди кои се прилагодени за практична примена, а не за рекреација... сигурно нема со ваков велосипед по кеј да... знаеш...
Изградба на армирано бетонски мост на река Серава на ролерско-велосипедска патека на лева страна на река Вардар 200м1 пред мост на бул.“8-ми Септември“.
Понудите да се достават најдоцна до : 25.07.2012 во 13.00 часот
Нови пунктови за велосипеди кај Зоолошка и кај Воената болница
Пунктот за велосипеди кој беше кај стоковната куќа „Илинден“ во Бит-пазар е дислоциран заради изведба на градежни работи на плоштадот „Скендер-бег“. Од јавното претпријатие „Градски паркинг“ велат дека пунктот ќе биде преселен кај Зоолошката градина.
Раководителот на Секоторот за паркиралишта, Владимир Kроневски, најави дека нов пункт за изнајмување на велосипеди се подготвува и на паркингот кај Воената болница.
Тој засега не може да даде прецизни податоци за тоа кога ќе почне да функционира новиот пункт кај Зоолошката градина.
- Во тек е јавната набавка за куќарка, па не би сакал да шпекулирам со термини. Штом ќе заврши набавката ќе се знае прецизно датумот - објасни Kроневски.
Новиот пункт, пак, кај Воената болница би почнал да функционира за две недели.
- Таму се одвиваат градежни работи за изградба на паркингот. Штом ќе бидат завршени, а според мене тоа би било за две недели, ќе профункционира и овој пункт - изјави Kроневски.
Тој истакна дека таму ќе бидат поставени околу 20 велосипеди.
Од „Градски паркинг“ велат дека скопјани не се многу заинтересирани за изнајмување на велосипеди и потенцираат дека дневно прават промет од 100 до 200 денари.
- Засега, најмногу велосипеди во текот на работните денови се изнајмуваат на пунктот во центарот, кај градскиот плоштад, каде што дневно се бараат во просек по 40 велосипеди, потоа на пунктот во населбата Аеродром, каде што се бараат од 20 до 30 дневно зад ТЦ „Бисер“, па на пунктот кај Треска - вели Kроневски и додава дека за викендите овие бројки се зголемени.
Тој констатира дека граѓаните станале посовесни во однос на одржувањето на велосипедите во исправна состојба. А намален е и бројот на украдени велосипеди.
- За разлика од минатата година, годинава бројот на велосипеди кои ги носиме на поправака е помал. Велосипедите кои не се исправни ги повлекуваме. Секој втор ден доаѓа овластен сервисер за да ги поправа - цени Kроневски и додава дека годинава имале украдено четири велосипеди, од кои еден полицијата успеала да го врати.
Јавното претпријатие „Градски паркинг“ во моментов располага со 205 велосипеди, а тие се издаваат по цена од 10 денари за час. (А.П.)
Велосипедските патеки во градот од сега
натаму ќе бидат црвени. Деновиве во тек е бојадисување на велосипедските
патеки во центарот, а поцрвенеа и патеките на околните улици и кружни
текови.
Katastrofa! Prvo, onoj sto ja belezal velosipedskata pateka izgleda zavrsil vecerno skolo?! Vtoro, kade se videlo belezanje pateka za velosidedi na tesen trotoar? I treto, ako nema obelezano pateka za velosipedi, togas se vozi po krajnata desna strana od kolovozot.
После скоро цела година откако иако недовршена, сепак со многу помпа ја „отворија“ велосипедската патека помеѓу булеварот Гоце Делчев и булеварот 8 Септември на левиот брег на Вардар, конечно го изградија и мовчето што фалеше за да се комплетира и поврзе патеката.
И пак си се испофалија самите ко којзнае што да направиле
ПУШТЕН ВО УПОТРЕБА НОВИОТ МОСТ НАД РЕКАТА СЕРАВА
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, денеска /27.12.2012 година/ и официјално го предаде во употреба новиот мост над реката Серава, којшто ја поврза ролерско-велосипедската патека на левата страна од реката Вардар во делот каде што беше прекината.
- Градот Скопје успешно и во предвидениот рок ја заврши изградбата на новиот мост над реката Серава, на вливот во реката Вардар. Со изградбата на мостот над реката Серава на граѓаните на Скопје им се овозможува непрекинато движење по ролерско-велосипедската патека, од мостот кај хотелот „Александар Палас“ до мостот „ТодорАлександров“ (поранешниот мост „Близнак“), во должина од околу 8 километри. Новиот мост над реката Серава е армирано-бетонски, со должина од 16,6 метри и со ширина од 4,6 метри. Коловозот е асфалтиран. Оградата на новиот премин е изработена од челични цевки, а осветлувањето е овозможено со светилките што ја осветлуваат ролерско-велосипедската патека од левата страна на реката Вардар. На изградба на мостот над реката Серава работеа екипите на градежната компанија „Жикол“ Дооел Струмица. Градот Скопје за изградба на овој мост потроши околу 4,8 милиони денари – рече денеска градоначалникот Трајановски.
Косините околу бетонските крила на мостот, од четирите страни, се обработени со камен. Напролет, просторот околу мостот ќе биде зазеленет.
Посебни патеки за велосипеди (ама само за нив, без мешање од пешадија) кои ќе ги поврзуваат двата краеви на Лондон, се дел од планот на градоначалникот Борис Џонсон за претворање на Лондон во најатрактивен град за велосипедисти.
Идејата не е само обична патека или обележан дел од тротоар, туку цела автомобилска лента која со мини тротоар ќе биде одделена од улиците и на која нема да биде дозволено ништо друго освен велосипеди.
Борис Џонсон, градоначалникот на Лондон, со ова сака да го промени имиџот на велосипедизмот и него да го приближи и до почетниците, кои сега ќе имаат патека на која ќе можат да го усовршат своето возење и да го користат велосипедот како превозно средство за низ град без да стравуваат дека ќе настрадаат во сообраќајот.
Проектот треба да биде готов во следните 4 години, а велосипедските патеки ќе се постават над или паралелно со линиите на подземното метро и автобускиот превоз, "за секој да знае каде вози."
You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum