![]() |
![]() |
![]() |
Рудници и рудни богатства |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 7891011 13> |
Author | |||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||||||
На толку инвеститори, нема добра понуда за Тајмиште – тендерот во аут!Иако на Тајмиште до сега атакуваа инвеститори од Норвешка, Турција, Канада, Индија… за сега ниту еден не достави доволно добра понуда и бизнис план за рестартирање на рудникот, со што ќе стане и негов газда за најмалку 30 години. Катерина Попоска По едномесечно скенирање на понудите на инвеститорите премиерот Никола Груевски на владината седница одржана на 3 јануари пресече-за сега никој нема да ја искористува железната руда од кичевско Тајмиште. Со ова поништена е постапката за избор на концесионер кој ќе го рестартира АД Тајмиште и од него ќе се експлоатира железната руда најмалку 30 години. “Постапката за доделување на концесија за експлоатација на минерална суровина- руди на железо на АД Тајмиште Кичево на локалитетот Тајмиште, општина Зајас се поништува од причина што во текот на евалуацијата на понудите за Тајмиште имаше само една прифатлива понуда“, оценил премиерот. Последните неофицијални информации од Министерството за економија пак, беа дека Италијанска, Норвешка и Канадска компанија атакуваат на Тајмиште. Се проценува дека овој рудник крие висококвалитетна железна руда доволна за Тајмиште да работи во следните 150 години. Токму овој рудник не работи повеќе од 15 години. Со странската инвестиција во Тајмиште, Владата очекува да се отворат нови работни места и овој рудник да стане нов извозен капацитет. „Очекуваме рудникот да биде нов извозен капацитет на Македонија и делумно замена за увозот на рудата што ќе се вади од овој рудник“, изјави неодамна премиерот. Иако во јуни годинава министерот за економија Ваљон Сараќини објави дека турскиот инвеститор Курум Холдинг со понудени два милиони евра го доби тендерот за експлоатација на железната руда од Тајмиште, во септември Владата ја повлече одлуката. Турските инвеститори навреме не уплатија два милиони евра како еднократен надоместок за добиената концесија за експлоатација на рудата од кичевско Тајмиште. Според последниот тендер, концесионерот на Тајмиште имаше обврска да отвори фабрика за преработка на железната руда и да вработи околу 1.000 луѓе во првите пет години. Курум холдинг најавил и дека може веднаш да изгради не една, туку две фабрики за преработка на рудата, но плановите не доживејаа реализација. За овој рудник до сега се интересираа инвеститори и од Индија, Америка, Англија, Бразил, Мексико, Русија и од Кина, но за сега ниту еден не достави доволно добра понуда и бизнис план за рестартирање на Тајмиште за да стане и нов газда на рудникот. За сега нема најави кога Тајмиште повторно ќе им се понуди на инвеститорите. http://faktor.mk/archives/20681 |
|||||||
![]() |
|||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||||||
Кичево ќе добие рудник за манганВладата избра концесионер за рудник за магнан на локалитетот Стогово, Кичевско. Домашната компанија Тајмиште за 48 милиони денари или околу 800 илјади евра ќе добие триесет годишна дозвола за експлоатација на оваа минерална суровина, барана на меѓународниот пазар. Според информации на Сител, инвестицијата на домашната компанија треба да помеѓу 200 и 300 работни места, а постои и можност во парнтерство со поголема фирма од арапските земји да развие силно извозно производство и поголем рудник на магнан во Кичевско. http://www.sitel.com.mk/kichevo-kje-dobie-rudnik-za-mangan |
|||||||
![]() |
|||||||
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
||||||
една од пробните буштони за манган правени некаде 70-тите години од минатиот век ја имам сретнато на ова место
41.430565, 20.716904 најблизок пат е преку Врбјани(од каде потекнувам од едната страна),а некаде на крајот на 80-тите се правеше муабет за спиштање на рудата до с.Извор(на маг.пат Кичево-Охрид) со вода низ цевковод,од Извор до Кичево би се пренесувала со камиони,па потоа со железница до Скопје |
|||||||
![]() |
|||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||||||
Рудникот за бакар кај Пехчево ќе започне да се гради за два месециРудникот за бакар кај Пехчево ќе започне да се гради за два месеци. По скоро двегодишните истражувања на локалитетот кои го потврдија богатсвото на бакар на пехчевска Кадиица, фирмата „Кадиица –метал“ ги финишира потребните административни обврски и елаборатите за да отпочне со изградбата на објектот каде што ќе се произведува бакарот по пат на подземно лужење. Градоначалникот на Пехчево, Јованчо Станоевски, очекува процедурата за отпочнување на градежните работи на локалитетот да започне во месец март. Отворањето на рудникот за бакар во Пехчево економски треба да го разбуди крајниот исток на државава. Инаку,
инветсицијата за отворање на рудник з а бакар во Пехчево, руската
компанија „Солвеј“, ќе ја чини околу 100 милиони евра, а се најавуваат
100-ина директни вработувања. http://www.kanal77.com.mk/mk/vesti/ekonomija/item/1688-rudnikot-za-bakar-kaj-pehcevo-ke-zapocne-da-se-gradi-za-dva-meseci |
|||||||
![]() |
|||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||||||
Во рудникот за манган „Стогово“ ќе се отворат 250 работни места
http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=11913835112&id=10&prilog=0&setIzdanie=22783 |
|||||||
![]() |
|||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||||||
Скопје, 24 јануари 2013 (МИА) - Домашна компанија ќе врши детални геолошки истражувања на минерални суровини во локалитетот „Алшар“ кај Кавадарци. Компанијата ќе плати концесиски надомест за таа намена во износ од 1.500.000 денари. Понудата на домашната компанија била највисока од вкупно доставените три на јавниот повик распишан во средината на ноември минатата година преку кој Владата бараше концесионери за истражување на минерални суровини. Од трите доставени понуди за „Алшар“, покрај македонската, една е од мешовита компанија со домашен и странски капитал, а една со странски капитал. Министерот за економија Ваљон Сарачини денеска на прес-конференција информира дека на повикот преку кој за истражување беа понудени 61 локалитет, се доставени понуди за вкупно 49 локалитети. За локалитетите за истражување на неметални минерални суровини се доставени понуди за 17, а за метални минерални суровни за 28 локалитети. Понуди се доставени за сите четири локалитети што беа понудени на повикот за украсен камен, а нема ниту една понуда за концесијата што се нудеше за истражување геотермална вода. Понудите за сите локалитети се од 20 компании од кои девет странски. По основ на надомест за концесија за детални геолошки истражувања ќе се наплатат 44 милиони денари. Од тие пари согласно Законот за минерални суровини 78 проценти ќе бидат приход за буџетот на општината на чија територија ќе се врши концесиска дејност, а 22 проценти за државниот Буџет. Според Сарачини, повикот преку кој Владата бараше концесионери за истражување минерални суровини на 61 локалитет е најголем досега и претставува мерка за поттикнување на развојот на оваа област и на целата економија. - Преку новиот Закон за минерални суровини создадовме услови за одржлив развој на рударскиот сектор и зголемување на приливот на инвестиции во него преку скратување и поедноставување на процедурите, посочи Сарачини. Компаниите што доставиле понуди за испитување на локалитетите треба во рок од 30 дена да ги уплатат финансиите што ги понудиле на јавниот повик по што во рок од две години кај металичните суровини да ги извршат истражувањата, а кај неметаличните за четири години. Доколку има позитивни резултати ќе следи добивање концесија и за експлоатација на минералната суровина што ја откриле на тој локалитет. лв/са/13:10http://www.mia.com.mk/mk/Inside/RenderSingleNews/103/101345917 |
|||||||
![]() |
|||||||
rodman ![]() Newbiе ![]() Joined: 16-Feb-2013 Location: ohr Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
||||||
nesto gresis....ne samo sto ke ni ismukaat 10 milijardi evra od drzavcevo kanaganive za desettina godini... tuku ke ni gi ostavaat cijanitot i drugite otrovi..koi se koristat pri proizvodstvoto na zlato...
|
|||||||
![]() |
|||||||
zdravozivo ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 04-May-2012 Location: Kavadarci Online Status: Offline Posts: 211 |
![]() ![]() |
||||||
Патем сум го имал и ова, може ќе му користи на некој ако сакате ставете го во соодветна нишка
http://www.moepp.gov.mk/WBStorage/Files/Studija%20FENI%20Studena%20voda%20final.pdf Студија за оцена на влијанието врз животната средина од отварање на коп за експлоатација на минерална суровина Никлоносна-Железна руда на локалитетот "Студена Вода", Општина Кавадарци Edited by zdravozivo - 01-Mar-2013 at 02:10 |
|||||||
![]() |
|||||||
zdravozivo ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 04-May-2012 Location: Kavadarci Online Status: Offline Posts: 211 |
![]() ![]() |
||||||
![]() |
|||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||||||
Пропадна проектот за рестартирање на Тајмиште!Владата му ја додели, Владата и му ја одзеде концесијата на Акционерското друштво за производство, преработка, промет и услуги Тајмиште за искористување на железната руда од кичевскиот рудник Тајмиште. Поради неуплаќање на речиси 780.000 евра (47.962.600,00 денари) како едократен надоместок за искористување на железната руда од рудникот Тајмиште, Владата реши да ја прекине важноста на договорот со АД Тајмиште. Според податоците од Службениот весник на Македонија, Владата го избра АД Тајмиште за најповолен понудувач на тендерот на 09 јануари 2013 година, за веќе на 26 февруари да го раскине договорот. За сега нема информации дали по изборите Владата повторно, преку тендер, ќе бара инвеститор кој со доволно добра понуда и бизнис план ќе гарантира рестартирање на рудникот, со што ќе стане и негов газда за најмалку 30 години. Последните неофицијални информации од Министерството за економија пак, беа дека Италијанска, Норвешка и Канадска компанија атакуваат на Тајмиште. Се проценува дека овој рудник крие висококвалитетна железна руда доволна за Тајмиште да работи во следните 150 години. Токму овој рудник не работи повеќе од 15 години. Со странската инвестиција во Тајмиште, Владата очекува да се отворат нови работни места и овој рудник да стане нов извозен капацитет. „ Очекуваме рудникот да биде нов извозен капацитет на Македонија и делумно замена за увозот на рудата што ќе се вади од овој рудник“, изјави неодамна премиерот. Во период од една година Владата избра два инвеститори за рестартирање на рудникот тајмиште, оценувајќи ги нивните бизнис планови како поповолни во однос на тругите понудувачи на тендериите, но и двата потенцијални концесионери не ги уплатија парите за еднократен надоместок за навреме, па ја изгубија 30-годишната концесија за кичевскиот рудник. Иако во јуни 2012 година министерот за економија, Ваљон Сараќини објави дека турскиот инвеститор Курум Холдинг со понудени два милиони евра го доби тендерот за експлоатација на железната руда од Тајмиште, во септември Владата ја повлече одлуката. Како и АД Тајмиште, и Турските инвеститори навреме не уплатија два милиони евра како еднократен надоместок за добиената концесија за експлоатација на рудата од Тајмиште. Според последниот тендер, концесионерот на Тајмиште имаше обврска да отвори фабрика за преработка на железната руда и да вработи околу 1.000 луѓе во првите пет години. Курум холдинг најавил и дека може веднаш да изгради не една, туку две фабрики за преработка на рудата, но плановите не доживејаа реализација. За овој рудник до сега се интересираа инвеститори и од Индија, Америка, Англија, Бразил, Мексико, Русија и од Кина, но за сега ниту еден не достави доволно добра понуда и бизнис план за рестартирање на Тајмиште за да стане и газда на рудникот. http://faktor.mk/archives/35908#.UT24X9Ye1VI |
|||||||
![]() |
|||||||
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
||||||
Жално е што пропаѓаат инвестиции во рудник што навистина може да заживее, има огромно богатство, може да ја заживее локалната економија и да ја разбуди железницата од мртов сон.
|
|||||||
![]() |
|||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||||||
ИНТЕРВЈУ Стив Шарп: ќе вложиме 500 милиони долари во Иловица, вадењето злато е голем проект!21/03/2013 // Пред 2 часа // ЕКОНОМИЈА // Коментирај ![]() Стив Шарп, Претседател и главен извршен директор на Еуромакс, во интервју за Фактор вели дека неговата компанија планира во изградбата на рудникот за бакар и злато во с. Иловица вкупно да бидат инвестирани околу 500 милиони долари. Годинава ќе бидат вложени околу 5 милиони долари . Рудникот за бакар и злато треба да биде готов во 2017 година. Фактор Шарп: Нашиот фокус во 2013 година е дополнително да ги дефинираме опсегот на проектот и економската исплатливост, кои се веќе покажани во нашата Прелиминарна економска проценка за Иловица, која беше објавена во октомври минатата година. Би требало да ја опишеме Иловица преку пред-физибилити студија до средината на оваа година и да го надградиме ресурсот. Наскоро ќе ги објавиме резултатите од програмата за дупчење на компанијата за 2012 година и резултатите ќе бидат искористени за надградба на минералната суровина и потенцијални нови минерални резерви. Овие надградени минерални ресурси ќе бидат вклучени во пред-физибилити студијата за Иловица. Штом ќе ја завршиме пред-физибилити студија, ќе започнеме со подготовка на Финалната физибилити студија и техничката документација потребна за добивање дозвола за градба. Ова ќе бара 18 месеци инженеринг, истражување и дизајн, понатамошно дупчење, оценка на аспекти за животната средина преку целосни сезонски варијации и детални извештаи. Фактор: Како ќе се реализира инвестицијата до 2017 година? Шарп: Цениме дека за споменатите студии се потребни околу 30 милиони долари. Почнувајќи од 2015 – 2017 година, ќе потрошиме речиси 500 милиони долари за градење на рудникот. Фактор: Колкав е износот на инвестицијата за оваа година? Шарп: Инвестициите годинава ќе измесуваат приближно 5 милиони долари. Фактор: Како ја оценувате бизнис климата во Македонија? Шарп: Видовме дека Македонија е многу динамична и прогресивна земја за работење. Видовме дека поддршката од Владата е првокласна и дека процесот на издавање дозволи е транспарентен и дека овозможи значаен ангажман од сите засегнати страни. Уште повеќе, Владата беше навистина подготвена да одговори на плановите на Euromax за развојот на проектот Иловица и дека е подготвена да ги олесни странските инвестиции во земјата преку проекти како нашиот. Фактор: Минатата година се смени Законот за минерални суровини. Што значат овие промени за вашата компанија? Шарп: Законот беше надграден за да овозможи спојување на две сродни лиценци. Ова не е од суштинско значење за нашата работа, но овозможува флексибилност за да се спојат лиценцата за експлоатација и лиценцата за истражување во иднина. Исто така, промената која овозможува 4 години инженеринг, а потоа и 3 години за изградба на проектот, одразува реално разбирање за сложеноста на процесот на градење модерен рудник. Фактор: Освен во Македонија, вие сте присутни и во Бугарија и Србија. Дали можете да направите споредба и да ни дадете пример што е поинакво во Македонија? Шарп: Трун (Бугарија) е систем за инцидентно пронаоѓање златна жила, додека KMC (Србија) е систем за силикатна јаловина и порфир. Euromax има тимови во земјите посветени на развојот на овие потенцијали во процес на разработка. Во смисла на развојниот план на компанијата, Иловица е најнапредниот и најзначајниот проект. Фактор: Каков вид технологија ќе се употреби во новиот рудник? Шарп: Вадењето руда ќе биде од отворена јама; обработката на рудата е предвидена да се одвива со користење на едноставен метод на флотација; складирањето на отпадот ќе ги вклучи најдобрите достапни технологии, како што е јаловиште со таложење, што е постабилно и овозможува пообемно рециклирање на водата во споредба со традиционалните техники. Фактор: Дали сметате дека во Македонија има доволно компетентен персонал за реализација на еден ваков проект? Шарп: Да, многу вештини се сродни со други индустрии, како вадење камен и градежништво. Дополнително, високиот стандард на образование ќе обезбеди соодветни стажанти. Фактор: Што ќе значи овој проект за локалната заедница? Шарп: Инвестицијата е од големо значење за локалната заедница. Имено 78 проценти од вкупниот надоместок ќе бидат инвестирани директно во локалната заедница. Ќе имаме обука за нови вештини, кои можат да се употребат во други индустрии.Исто така локалното население ќе има предимство во можностите за вработување. Фактор: Што е со животната средина, дали ќе шревземете мерки за нејиза заштита со оглед на проектот што го спроведувате? Шарп: Компанијата ќе спроведе стратегија за употреба на светски стандарди за заштита на здравјето, безбедноста и животната средина.Ќе ги употребиме само најдобрите техники во рударството и обработката на минералите. Euromax е посветен на рехабилитација на сите области кои се засегнати со проектот во претходната шумска состојба. Ќе работиме во согласност со ЕУ директивите. Ќе назначиме исклучиво меѓународно признати консултанти за животна средина и ќе работиме според највисоките здравствени и безбедносни стандарди. Сите возможни влијанија ќе бидат правилно управувани и ублажени. http://faktor.mk/archives/38023?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=%25d0%25b5%25d0%25ba%25d1%2581%25d0%25ba%25d0%25bb%25d1%2583%25d0%25b7%25d0%25b8%25d0%25b2%25d0%25bd%25d0%25be-500-%25d0%25bc%25d0%25b8%25d0%25bb%25d0%25b8%25d0%25be%25d0%25bd%25d0%25b8-%25d0%25b4%25d0%25be%25d0%25bb%25d0%25b0%25d1%2580%25d0%25b8-%25d0%25b8%25d0%25bd%25d0%25b2%25d0%25b5%25d1%2581%25d1%2582%25d0%25b8%25d1%2586#.UUrdczfpzNU |
|||||||
![]() |
|||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||||||
21.04.2013, 18:51 Рудникот за бакар кај Пехчево има резерви за триесет години Локалитетот има рудни резерви од 70 милиони тони бакарна руда со содржина на метал бакар во неа од 0,2 процента Иван БојаџискиПехчево – Викендов и официјално завршија истражните работи на бакарна руда во месноста Кадиица над Пехчево. Истражувањата траеја две години, а со експресната изработка на елаборатот се утврдени вкупните резерви на бакарна руда кои ја докажаа оправданоста од скорешно отворање нов рудник за бакар во Македонија, втор по рудникот „Бучим“ кај Радовиш. Истражувањата ги финансира рускиот инвеститор „Солвеј“ преку фирмата „Кадиица метал“, која ја формира за потребите на новиот стопански капацитет во Македонија. Локалитетот, по завршувањето на истражните работи, го посетија двајцата управители на фирмата, Николајчо Николов и Алексеј Страхуњин, кои се сретнаа со претставници на локалната власт. „Сакавме и официјално да го информираме градоначалникот на Пехчево, Игор Поповски, дека истражните работи се завршени и дека на ова неразвиено подрачје наскоро ќе биде отворен новиот рудник за бакар. Утврдени се геолошки рудни резерви од 70 милиони тони бакарна руда со содржина на метал бакар во неа од 0,2 процента. Со годишно производство од 4.500 тони бакар, рудникот ќе има животен век од најмалку триесет години“, информираше Николов. Во истражните работи „Солвеј“ инвестираше над три милиони евра. Според Николов, во изградбата на фабриката за лужење, што е нова постапка на Балканот за добивање бакар, ќе бидат инвестирани 35 милиони евра. Новиот рудник ќе обезбедува работа за 135 лица од општината Пехчево, но ќе носи финансиски бенефити и за самата општина, која ќе добива пари од концесијата за експлоатација на рудата. „Пехчево е мала, недоволно развиена општина во која една вака голема и значајна инвестиција доаѓа во вистинско време. Секогаш сме подготвени да ја дадеме сета потребна логистика како локална самоуправа. Фактот дека ќе се отворат 135 нови работни места за општина која има само 5.300 жители е работа од непроценливо значење, како и фактот дека општината ќе добива финансиски надомест што ќе придонесе и за реализација на многубројни инфраструктурни потреби“, вели градоначалникот Игор Поповски. Според Страхуњин, планирано е новиот рудник да стартува кон средината на 2015 година. „Идната година ќе ја градиме фабриката, а во меѓувреме од Министерството за економија очекуваме да ги добиеме концесијата и одобрението за експлоатација. Истражните работи ги завршивме предвреме, а во наш интерес е со експлоатацијата да започнеме побргу, бидејќи сега инвеститорот само троши финансиски средства“, рече Страхуњин. Од посебна важност за Пехчево се и парите кои општината ќе ги добива како процент од експлоатацијата на бакарот. Според актуелните цени на овој метал на светската берза, вредноста на годишното производство на метал ќе изнесува 30 милиони долари, а малата општина Пехчево ќе инкасира над 500.000 евра во својот буџет. Кога се говори за идниот рудник за бакар, во овој крај се поставува прашањето дали тој нема да ја загадува животната средина. Николов уште еднаш потврди дека „Кадиица метал“ нема да може да стартува без обезбедена А-интегрирана еколошка дозвола од Министерството за животна средина. „Луѓето од овој крај мора да бидат информирани дека не постои ниту најмала можност за загадување на нивната животна средина. Ние водевме одговорни луѓе од локалната самоуправа на Пехчево во Русија каде што се уверија дека речиси во самиот град Екатеринбург работи многу поголем рудник на бакар со примена на системот на лужење и дека таму никогаш не дошло до инцидент во однос на животната средина. Нашиот инвеститор „Солвеј“ насекаде каде што вложува го прави тоа со највисок степен на општествена одговорност, а најдобар пример за тоа е „Бучим“, каде што пред две години, исто така, се отвори нов рудник што работи на принципот на лужење, а сите води под него денес се целосно заштитени и во нив се вратија некои автохтони видови риба“, порача Николов. Во Пехчево со големо нетрпение се очекува стартот на рудникот, посебна надеж тој влева кај младите луѓе, кои во неможност да се вработат, секоја година по неколку месеци одат во странство и таму поработуваат обезбедувајќи си каков таков стандард. Николов и Страхуњин му подарија на градоначалникот Поповски мала статуетка на рудар, што е симбол со кој еден град се означува како нов рударски центар во Македонија. http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=06E5A8FBFF9EC84294962820D01845DD |
|||||||
![]() |
|||||||
Dexter26 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 2035 |
![]() ![]() |
||||||
Првично позитивно ја примив оваа вест дека НБРМ ќе има право да
располага со златото кое ќе се ископува од македонските рудници, се додека не го прочитав изразот "велешка
топилница".
Иако во целост поддржувам изградба на нови индустриски објекти за обработка на метали, но под услов да бидат оддалечени и во целост изолирани од населени места, реки, езера, национални паркови и шуми, сепак никогаш нема да поддржам рестартирање на велешката топилница на локацијата на која истата се наоѓа. Од друга страна, ова дефинитивно ќе има позитивен ефект врз македонската економија, конечно ќе имаме државни резерви во злато, металот кој е ако не главната причина, тогаш дефинитивно е една од главните причини за најголемите непријателства и крвопролевања низ историјата на човештвото. http://www.sitel.com.mk/ne-primenlivi-del-od-izmenite-na-zakonot-za-mineralni-surovini Не применливи дел од измените на законот за минерални суровини
|
|||||||
![]() |
|||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||||||
Алшар и уште 49 наоѓалишта добија концесионери за истражување![]() Министерството за економија додели концесии за 50 локации за истражување на минерални суровини низ земјава. Станува збор за најголемиот пакет досега во кој се опфатени 29 наоѓалишта на метална руда, 16 наоѓалишта на неметали и 4 наоѓалишта за украсен камен. Државата од овој проект ќе инкасира 50 милиони денари. Министерот за економија, Ваљон Сараќини, потврди дека меѓу доделените консеции за истражување е и наоѓалиштето Мајден попознато како Алшар. Концесијата за Алшар ја доби скопската фирма Инфо груп, а за конкретната локација аплицирале три заинтересирани компании. „Дефинитивно создаваме услови за полесно работење во секторот рударство и раст на економијата. Значајно е што со новиот закон 78% од приходите од наоѓалиштата ќе одат во општинските каси“, вели Сараќини. И Страшо Милковски, генерален директор на Гранит, која е добитник на локација за истражување на Варовник во Делчевско потенцира дека овој потег на Минситертвото ќе значи нови работни места и предуслов за поголем економски развој. „Нашата цел е што побрзо да завршиме со геолошките истражувања и како втора фаза да поднесеме барање за експлатација на истата локација, бидејќи тие суровини ни се значајни и потребни во градежништвото“, вели Милковски. Концесионерите ќе имаат максимум четири години да ја истражувата локацијата по што треба да поднесат извештај и да одлучат дали ќе бараат концесија за експлатација на истите минерални суровини. http://www.kapital.mk/MK/makedonija/95158/alshar_i_ushte_49_naogjalishta_dobija_koncesioneri_za_istrazhuvanje.aspx |
|||||||
![]() |
|||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||||||
Еуромакс планира 28 илјади тони бакар и злато да произведува од рудникот кај Иловица - струмичко23.05.2013 | 18:19
Прочитано: 141
Kанадската
„Еуромакс“ интензивно работи на истражување на можните потенцијали на
бакар и злато на планината Огражден над селото Иловица во Струмичко.
Од досега направените истражувања
ридовите Чукар и Анови далe одличини резултати. Oвој рудник ќе биде еден
од најголемите не само во земјава туку и во југоисточна Европа.
![]() Паралелно со истражувањата, канаѓаните
работат и на студиите со кои рудникот за бакар и злато над Иловица ќе
ги отстрани сите можни влијанија врз животната средина и примена на
најмодерна технологија за техничка ефикасност.
Инвестицијата на Еуромакс ќе биде
околу половина милијарда долари која ќе вработи околу 400 лица. Ова
инвестиција ке значи развој на овој дел од државата
Фискалните приходи, директните и
индиректните вработувања, подобрувањето на животниот стандард и на
приходите и привлекувањето нови инвестиции во регионот ќе бидат главните
придобивки, потенцира Пелтечки.
Деновиве над ридовите Чукар и Анови
беше инсталирана автоматска метреолошка станица која ке обезбедува
информации за климатсктие промени потребни за финалната физибилити
студија, но и планот за работа.
Во февруари канадската компанија
Еуромакс отвори и информативен центар во селото Иловица каде над 100
грагани се итнересирале за проектот рудник за бакар и злато, можностите
за вработување но и за влијанието на проектот во заседницата и
околинатана што посебен акцент даваат инвеститорите со цел да се
воспостави одлична соработка со локалното население.
http://24vesti.mk/euromaks-planira-28-iljadi-toni-bakar-i-zlato-da-proizveduva-od-rudnikot-kaj-ilovica-strumichko |
|||||||
![]() |
|||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||||||
12.06.2013, 16:27 „Саса“ пушта рудник во рудник Со новиот проект работниот век на рудникот ќе се зголеми за најмалку седум години што значи дека со ова темпо на експлоатација „Саса“ ќе може да работи во наредните 30 години ИВАН БОЈАЏИСКИ http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=E522076CB2752C4F87BA9D37C412792E |
|||||||
![]() |
|||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||||||
Рудникот Стогово издаден под концесија за ископ на манганСкопски легури Мајнинг – Скопје денеска во Министерството за економија потпиша договор за концесија за експлоатација на манган од локалитетот Стогово во Кичевско. Висината на понудата од инвеститорот што е доставена до министерството изнесува 26,1 милион денари. Министерот за економија Ваљон Сарачини изрази задоволство и посочи дека оваа инвестиција значи и нови вработувања што ќе биде од огромно значење за локалното население во западна Македонија и тамошниот економски развој. - Со доделувањето на концесијата за рудникот Стогово кој влегува во нова оперативна фаза најголем бенефит ќе имаат локалното население и општините. Од уплатата на концесиските надоместоци од страна на корисникот, 78 отсто од износот ќе бидат приход за општините, додека 22 проценти за Буџетот на државата, изјави Сарачини. Претставникот на Скопски легури, посочи дека како инвеститори за нив е многу значајно што се дел од програмата на Министерството за економија и Владата на Македонија која планира да спроведе преку измена во законот за минерални суровини со што суровините од Македонија ќе се преработуваат во државата до финалниот производ со понатамошно пласирање на домашниот и странскиот пазар. На локалитетот Стогово утврдени се околу 15 милиони тони рудни резерви со просечна содржина на манган од 24,4 проценти. Во 2012 година во буџетот се слеале 76,7 милиони денари од 96 договори задетални геолошки истражувања. За шест месеци оваа година се потпишани 60 договори од кој најголемиот дел во општините Липково, Дебар, Струга и Прилеп од кој во државната каса треба да влезат 42,23 милиони денари. http://ekonomski.mk/?p=44093 |
|||||||
![]() |
|||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||||||
Нова инвестиција во рудникот СасаРудник во рудник, ова е најновата инвестиција на русите во најголемиот македонски рудник за олово и цинк Саса кај Македонска Каменица. ![]()
2,5 години му беа потребни на Солвеј, руската компанија -сопственик
на рудникот во изготовка, потем набавка на најнова опрема за
таканареченото стегнување на инфраструктурата со најнов производствен
машински парк.
http://www.kanal5.com.mk/vesti_detail.asp?ID=11480&utm_source=daily.mk
Новиот коп со нови 30 вработени рудари, чиј животен век е позициониран на 12 години, стартува на деветти овој месец. Во меѓувреме, Саса се надева дека ќе ја добие новата концесија за место во нејзина близина од два квадратни километри, каде нејзините експерти детално ќе вршат испитувања за можно продолжување на производствениот век. Во услови на глобалната економска криза со лански профит од 35 милиони евра, овој и останатите рудници во Македонија, рударството го зацврстија на врвот од списокот на големо извозно профитабилните гранки во македонската индустрија. |
|||||||
![]() |
|||||||
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
||||||
Глетка која го запира здивот
Овој тип на кристал, од кој се произведува исклучиво медицински гипс, освен во Дебар може да се најде само на уште едно место во светот, во Мексико ФОТОГАЛЕРИЈА Некаде на половина пат, меѓу бањата Косоврасти и Дебар, се наоѓа рудникот на германската фирма "Кнауф" кој длабоко во својата утроба крие едно ретко место од кое навистина запира здивот. Тоа е Кристалната пештера како што ја викаат вработените, но и малкутемина кои воопшто знаат за нејзиното постоење. Во неа може да се најде и види уникатниот кристал - селенит кој освен на ова место го има само уште во Мексико. Поминувајќи оттаму не може а да не се забележи големиот бел рид чија површина е всушност алабастерот во чие подножје се крие рударското окно - "кристалната пештера". Први кои го откриле ова место се римјаните кои пред повеќе од две илјади и двесте години поставиле рудник. Влезот е на неколку метри над нивото на Дебарското Езеро. По само неколку метри почнува да се чувствува студениот воздух но и мирисот на сулфурот, кој доаѓа од неколкуте извори на термална вода во околината. Огромните кристални столбови и сводови ја прекршуваат и пропуштаат светлината на неколкуте светилки и батериите кои ги држиме во рацете. Потребни биле да поминат илјадници години додека тие да се формираат, но и условите кои ги има во ова место. - Температурата тука е секогаш седумнаесет степени. Овој кристал на селенит е со 99 отсто чистота. Уникатен е пред се поради условите, притисокот на земјата и ридот, хемискиот состав и термалните води, објаснува Рефик Имами, раководител во рудникот со дваесет и шестгодишно искуство. Како навлегувавме подлабоко во рударското окно, забележавме дека огромните сводови и таванот, кој некаде беше висок и по десетина метри не се потпира на греди или било каква конструкција. Се држеа самите. - Интересно е што по Мосова скала според која се мери цврстината, овој кристал спаѓа меѓу најмеките. Можете да го изгребете со прст. Но тој е компактен и поради уникатниот состав нема потреба од потпора. Пред неколку години имаше земјотрес, огромните плочи кристал можеше да ги почувствувам како се движат. Бучавата престана, тие се вратија на своето место. Ништо не попушти. Таков е составот што овој столб иако можеме да го изгребеме со нокт е поцврст од било која конструкција, раскажува Имами. И самите се уверивме дека со ноктот од прстот многу лесно се остава трага на површината на кристалот, но нашите домаќини не уверуваа дека ископувањето се врши исклучиво со експлозив. Ни ги покажаа местата каде бил поставен експлозивот и каде кристалот е црн, велат со копча или казма може само да ја скршиме рачката. На секои десетина метри има огромен ходник кој води лево или десно од минијатурната пруга по која рударите ги туркаат количките полни со кристалот. Подот е испресечен со минијатурни поточиња од термалната вода, која иако мириса на сулфур има лековито влијание. Во играта на светлина, зраци и сенки, забележавме неколку мали барички на чија површина имаше тенка кора, како матно стакло, а на дното нешто што потсетуваше на алги, но со бела боја. - Оваа вода е многу лековита. Извира на околу еден километар од тука и под притисок го пробива патот до тука. Температурата кај изворот е меѓу 40 и 50 степени но тука е поладна, кристалот ја лади. Полна е со калциум, магнезиум и сулфур кои прават исклучително и уникатно соединение. Оваа кора, на површината, се користи во козметиката и во фармацијата и е многу здрава за човечката кожа, вели рударот. Ако површината на ридот е со алабастер, целата внатрешност на овој рид е кристалот. Колку всушност има, засега никој не може да каже со точност. Досега рударите стигнале околу 420 метри во хоризонтален правец. Испитувале и во длабочина и во висина, секаде е полно со кристалот. - Дупчевме 23 метри во длабина и целото е полно со кристалот. Истото е и во висина. Засега имаме три ката меѓу кои има плочи дебели меѓу 5 и 6 метри со оџаци за воздух и материјали поради наша безбедност. Секаде е само овој кристал кој го гледате, додава нашиот водич. Овој кристал на селенит се користи исклучиво во медицината. Од него се произведува фин прав кој се користи за изработка на гипс и лонгети. По ископувањето кристалите се дробат и потоа се печат на температура меѓу 140 и 160 степени Целзиусови. Со печењето се одзема дел од водата која ја содржи хемиското соединение на кристалот. - Мора да се внимава да не се препече. Најдобриот прав се добива кога во кристалот останува околу 25 отсто вода. Разликата во количеството вода се гледа при сврзувањето. Повеќе вода повлекува подолго време на сврзување, но во никој случај не влијае на квалитетот, објаснува Имами. Многумина експерти и студенти од целиот свет биле во Кристалната пештера, вршеле испитувања. И тие како нас си заминале со еден ист заклучок, ова е чудо на природата. ФОТОГАЛЕРИЈА (О.Ч.) ФОТО: Ѕ. ПЛАВЕВСКИ ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() вечер |
|||||||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 7891011 13> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |