Author |
Topic Search Topic Options
|
beTon
Senior Member
Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
|
Quote Reply
#181 Posted: 31-May-2009 at 01:07 |
Љупчо Генадиев, млекарница "Насто" - Тетово
"Насто" го проширува асортиманот и ќе освојува нови пазари
Амбициите на "Насто" во новата година се да го освои најголемиот дел од македонскиот пазар, но и агресивно да излезе на нови пазари. Стратешка цел на млекарницата е 50% -60% од производството да се извезува
Млекарницата "Насто" наскоро ќе го отвори новиот производствен објект во Скопје. За набавката на опремата од Шведска, оваа фирма инвестираше околу 1,5 милиони евра. Во новиот капацитет ќе се произведува кашкавал од типот "Гауда" и "Ајдамер", јогурт, кисело млеко и павлака, што претставува проширување на производната палета на млекарницата. Љупчо Генадиев, еден од сопствениците на млекарницата "Насто" од Тетово, вели дека желбата, но и инаетот да се покаже дека македонскиот производ може да биде подобар од кој било друг, го одржуваат веќе седум години во бизнисот со млеко и млечни производи. Млекарницата континуирано растеше до 2001 година, кога поради воената криза во Македонија речиси престана да работи. Сега повторно се обидуваат да го заземат своето место на пазарот. И да се пробијат на други пазари. "Со новиот капацитет ќе ја заокружиме целата палета на млечни производи, со што настојуваме да бидеме лидери во овој бизнис. Бидејќи новата фабрика ги задоволува најстрогите европски стандарди, со добивањето на извознички број за ЕУ планираме извозот да ни биде 50% -60% од вкупното производство", вели Генадиев.
Од името "Насто" ќе направиме препознатлив македонски бренд Дедото на Љупчо Генадиев, Насто, имал бачила на Шара, што било пресудно семејството Генадиеви да ја продолжи традицијата и да се занимава со преработка на млеко. Љупчо Генадиев по професија е градежен инженер и работел како градежен инспектор до отворањето на млекарницата во 1996 година. Бизнисот го започнал со брат му и мајка му, вложувајќи 100.000 евра од семејното наследство што им го оставил дедото. Започнале со дневна преработка на околу пет тони млеко од кое произведувале кашкавал. Постепено асортиманот го прошириле со кашкавалот "моцарела", кој беше многу добро прифатен од пицериите. Првичниот успех им даде стимул на Генадиеви, кои почнаа да откупуваат се повеќе млеко. Наредната година започнаа со производство на бело сирење и пресно млеко и јогурт. Третата година од постоењето на "Насто" се случи косовската криза. Во тоа време млекарницата имаше доста нарачки од хуманитарните органзации и оствари добри резултати. Тогаш во "Насто" инвестираше американскиот фонд СЕАФ, кој откупи 48% од фирмата. Вложените 470 илјади долари се искористија за инсталирање линија за тетрапак пакување. Оваа инвестиција практично иницираше производство на тетрапак млеко со три типа на масленост и три вида на природни сокови. "Нашата цел од самиот почеток е да бидеме први во производството на сирење и кашкавал во земјата. Сакаме Насто да биде препознатлив македонски бренд и во странство", вели Генадиев.
Шверцуваниот бугарски кашкавал е закана за домашните производители Во досегашната работа "Насто" многу малку од своето производство извезуваше надвор. Мали количини се извезени само на Косово, во Србија и Хрватска. Генадиев вели дека нивната досегашна стратегија била да ги задоволуваат потребите на домашните купувачи. Дистрибуцијата на нивните производи е врзана главно за големите малопродажни синџири. "Насто" со млечни производи ги снабдува Армијата и Министерството за здравство. Како проблем во работењето, Генадиев ја истакнува раситнетоста на кооперантскиот сектор. "Млекото го собираме од 700 кооперанти, кои се мали индивидуални производители. Фармерското производство на млеко е слабо развиено, што предизвикува тешкотии за преработувачите. Предноста е во тоа што нашите кооперанти ги хранат кравите со природна храна, па затоа кашкавалот и сирењето добиваат многу поубав вкус", вели Генадиев. Најголем проблем, според него, е шверцот на бугарскиот кашкавал во Македонија. "Бугарите додаваат скроб во млекото, со што добиваат во трајност и во количина. Шверцерите имаат разработени канали, ја симнуваат цената и никој да не може ништо да стори", вели Генадиев.
"Пармалат" и "Арла" заинтересирани за инвестиции во "Насто" Идејата на Генадиев за полесен пробив на светските пазари е да се искористи посебноста на домашните типови кашкавал. Тој вели типовите кашкавал "ајдамер" и "гауда" по својот квалитет немаат шанси со шарските кашкавали. Технолозите на "Насто" многу експериментирале со технологијата за производство на кашкавал и со тек на време постигнале специфични вкус на овие производи. "Не сакавме да земеме некои стари мајстори од бачилата, туку сами, со многу обиди, експерименти и консултирања со потрошувачите, направивме неколку типа на кашкавал прилагодени за различни вкусови", објаснува Генадиев. Тој смета дека покрај виното и тутунот, млечните производи мора да бидат носечки прехранбен извозен артикл на Македонија. Претходно домашниот потрошувач мора да се убеди во квалитетот на домашниот производ. За таа цел во новиот капацитет во Скопје е предвидено посебно место за набљудување, од каде што посетителите и деловните партнери на "Насто" ќе можат да се уверат во чистотата, стручноста и квалитетот на технологијата во млекарницата.
Не смее да ни се повтори грешката со ајварот "Ние имаме македонски карактеристичен производ, како што е биеното сирење, кое не се произведува никаде во светот. Сега, заедно со еден професор од Земјоделски факултет, сакаме да направиме кампања да го заштитиме како македонски автентичен производ, за да не ни се случи како со ајварот, што ни го земаа Словенците. Грците го заштитија сирењето 'фета' и сега никој не смее да произведува сирење под тоа име. Во спротивно, треба да плати лиценца", вели Љупчо Генадиев.
"Луѓето мора да се убедат дека нашата млекарница е на ниво на оние во Германија или Шведска. Исто така, треба да ги научиме потрошувачите дека не може ним повеќе да им одговара западноевропски кашкавал од оној направен од домашно млеко. Едноставно, организмот на нашиот човек е навикнат на храна од ова поднебје", смета Генадиев. "Насто" веќе има контакти со европските гиганти во млечната индустрија "Пармалат" од Италија и "Арла" од Шведска за нивно влегување во оваа фабрика. Во овој момент проблем е што во Македонија има премалку млеко за задоволување на амбициите на овие млекарници да бидат регионални лидери во оваа област. "Македонија има многу мал сточен фонд, споредено со нејзината територија, и затоа мислам дека мора да се инвестира многу повеќе во фармерското производство", вели Генадиев.
Капитал - Игор Петровски - број 169 |
Edited by beTon - 31-May-2009 at 01:14
|
 |
beTon
Senior Member
Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
|
Quote Reply
#182 Posted: 31-May-2009 at 01:12 |
Делчевските сточари можат да здивнат во иднина не се очекуваат проблеми со откупот на млекото |
Првите парчиња кашкавал „Гауда“ по холандски рецепт од малешевско млеко произведени во млекарницата „Фрисмак-Рудине“ од понеделник ќе се најдат по трговските центри и елитните ресторани во Скопје. Ова е уникатниот производ во Македонија од новата млекарница во Делчево. Македонскиот„Рудине“ и холандската Влада инвестираа 1 милион и петстотини илјади евра во најсовремена опрема со единствена технологија во Македонија и капацитет за преработка на 30 тони млеко дневно.
- Наша цел е да произведуваме гауда сирење, тоа е традиционално холандско сирење, за кое треба млеко од висок квалитет. Овој крај има потенцијал да се добие квалитетно млеко поради еколошки чистата средина, но да се постигне квалитетен производ потребно е да се одржи млекото во добра кондиција, вели Џон Бониер, холандски консултант.
- Ќе се произведуваа повеќе видови на производи. Во почетокот започнуваме со Гауда, бело сирење, со јогурт, кисело млеко и пресно млеко, вели Зоран Стоименовски, управител на млекарница „Фрисмак-Рудине“.
Млекарницата стартува со дневен откуп на 2, 5 тони млеко и воведува и нови стандарди при откупот. Со современа опрема располагаат и 8-те откупни пунктови. Млекопроизводителите од регионов задоволни, конечно ќе им се откупува млекото.
-100 литри млеко не можеш дома да го чуваш. Досега, 5-6 месеци се мачевме така еве сега Рудине инвестира, вели Дарко Димитровски, сточар.
Производите од Делчевската млекарница ќе бидат наменети и за извоз. Традиционалното бело сирење ќе се извезува во Канада и Америка. |
|
|
 |
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
|
Quote Reply
#183 Posted: 31-May-2009 at 02:45 |
Абе тука одам во супер-маркет наоѓам гауда, ементалер, ајдамер, чедар, пармезан, рокфорт, моцарела и да не ги набројувам, сите ги има и грчки и странски, а кај нас има само онакво полу-тврдо од битолска млекара и две три увозни од србија - ме гледаат како будала во веро ако побарам моцарела или чедар. Навистина срамота, барем млекарници имаме, арно му текна на некој да почни со нов производ.
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
 |
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
|
Quote Reply
#184 Posted: 02-Jun-2009 at 19:47 |
Еве една добра вест. Не е толку за храната (колку за милкшејкот  ), туку за симболиката, како што си кажува еден искрен тетовчанец подолу.
По Тетово, Мекдоналдс најави отворање ресторани и во Битола, Струга, Гостивар
Тетово, 2 јуни (МИА)
- Раководството на Мекдоналдс Македонија изразува задоволство од
стартот на нивниот нов ресторан во Тетово, кој почна со работа на
30-ти минатиот месец. Директорот на компанијата Владимир Јаневски
денеска на средба со новинарите во Тетово истакна дека почетокот ја
оправдува инвестицијата која е вредна еден милион долари.
Она што може да го добијат во новиот ресторан
тетовци и жителите од регионот, како што вели Јаневски, е квалитет,
услуга и чистота. Ресторанот, кој е петти по ред во земјава, е со
сосема нов поинаков изглед од оние што се отворени во Скопје, а кои во
иднина ќе имаат лик како оној од Тетово.
Тетовскиот ресторан е со капацитет од 150 гости, во кој се вработени 40 лица, со можност тој број да се зголеми на 50.
- Идејата за негово отворање е од пред неколку
години, а вистинската реализација започна минатата година кога е
договорена локацијата каде е отворен ресторанот, рече
Јаневски. Најави дека нови ресторани на Мекдоналдс може да се очекуваат
во Битола, Струга, Гостивар..., но засега не планираат за нивно ширење
во источниот дел на Македонија со образложение дека таму е пониска
економската моќ.
| www.mia.com.mk
McDonalds во ТетовоПонеделник,
18.мај – конечно се отвора свечено новиот McDonalds ресторан во Тетово.
Некој да ми кажуеше пред 10 године дека ќе јадем Мекдоналдс у Тетоо ќе
го напраев ненормален. Не е битен сендвичот битна је симболиката –
Тетово је дел од светскиот синџир на метрополи, Злетово и Пробиштип
никогаш нема да бида. Sorry Дури 40 наши деца се вработаја и више
еден месец ида на пракса у Скопје. |
http://www.gavro.com.mk/vesti/news_nd1242859315084.aspx
 |
|
|
 |
|
|
|
02.06.2009 - Раководството на Мекдоналдс од Македонија задоволни од посетеноста на ресторанот во Тетово
Врвна услуга, квалитетна храна и пријатен амбиент од сега и во Тетово
нуди синџирот на ресторани Мекдоналдс. Раководството на Мекдоналдс од
Македонија задоволни од посетеноста на ресторанот во Тетово, кој е еден
од најубавите Мекдоналдс ресторани на Балканот. Вкупната инвестиција во
тетовскиот ресторан на Мекдоналдс изнесува околу 1 милион долари,
капацитетот е за 150 гости вклучувајќи ја и терасата.
Во ресторанот се вработени 40 лица, а раководството тежнее таа
бројка во иднина да се зголеми и да им се даде можност на младите луѓе
за вработување. Оброците на Мекдоналдс се прават од најквалитетните
состојки, по строго утврдени и унифицирани правила кои безулсовно се
почитуваат и применуваат за секој нов производ на брендот.
Мекдоналдс влева сигурност и е синоним за проверено каде и да сте, во
кој и да е дел од светот. За правење на оброците се употребува
говедско, пилешко и месо од риба, но квалитетното и богато мени на
Мекдонадс, не се единствената причина зошто да го посетите.
Децата, тинејџерите и студентните пред се, се целните групи на
Мекдоналдс. Тетово е од посебен интерес за брендот Мекдоналдс затоа што
е универзитетски град, со голем број млади луѓе, кои покажуваат интерес
за ваков вид на храна, а тетовци биле и чести гости во Мекдоналдс
рестораните во Скопје. По овој во Тетово, кој е петти по ред во
државава и е направен во согласност со најновите трендови и стандарди,
во иднина се планира и отворање на ресторани во Битола, Гостивар и
Струга.
Мекдоналдс е водечка сила во исхраната во светски рамки. со отворени
над 30.000 ресторани, во 120 земји, Мекдоналдс дневно дневно од
најужната точка во Нов Зеланд, до најсеверниот дел во арктичкиот круг
на Финска, опслужува повеќе од 60 милиони луѓе.
|
|
http://www.kiss.com.mk/mak/novosti1.asp?id=6978
А ако сакате да видите како настана МекДоналдсот во Тетово, видете го прашање #15 
http://209.85.129.132/search?q=cache:vZP8nw0sNnMJ:www.makeupyourownmind.co.uk/questions/how-do-you-operate/%3Fcat%3D99+mcdonalds+tetovo&cd=3&hl=en&ct=clnk&gl=gr&client=firefox-a
Edited by гитардемон - 03-Jun-2009 at 21:46
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
 |
Dragan
Senior Member
Joined: 19-Feb-2009
Location: Tetovo
Online Status: Offline
Posts: 1172
|
Quote Reply
#185 Posted: 03-Jun-2009 at 09:25 |
Моше Баум повторно вети пари за „Сведмилк“
Според привремениот стечаен управник Богољуб Макрески, постои основа за отворање стечајна постапка поради лошото финансиско работење на „Сведмилк“, чиј вкупен долг кон доверителите изнесува околу 32 милиона евра

За три дена ќе се знае дали „Сведмилк“ ќе оди во стечај. Понудата на
новиот сопственик Моше Баум да се одложи одлуката за стечај бидејќи тој
за три дена ќе поднесел банкарска гаранција беше одбиена од
доверителите. Ова е исходот од вчерашното прво рочиште во Основниот суд
Скопје 2, на кое беа изнесени доказите за утврдената состојба во
млекарницата. Според привремениот стечаен управник Богољуб Макрески,
постои основа за отворање стечајна постапка поради лошото финансиско
работење на „Сведмилк“, чиј вкупен долг кон доверителите изнесува околу
32 милиона евра.
Катерина Димова, ополномоштен претставник на
Моше Баум, сопственикот на „Сведмилк“, достави писмено барање за
одложување на одлуката до 15 јуни со образложение дека дотогаш ќе биде
доставена банкарска гаранција за исплата на доверителите. Баум
повеќепати напразно најавуваше дека ќе почне да се враќа долгот кон
доверителите.
- Сакаме да нагласиме дека нашата компанија успеа
да обезбеди свеж капитал, кој е потребен за „Сведмилк“. Фондовите ќе
бидат во форма на банкарска гаранција и ќе бидат активирани и
искористени за да се исплатат сите на кои им должиме. Овие пари ќе
бидат достапни само ако сите постапки против компанијата бидат
прекинати веднаш и и' се дозволи на нашата компанија нормално да работи
- се вели во соопштението на Моше Баум упатено до судот, јавноста и до
Владата. Предлагачите за отворање стечајна постапка во млекарницата -
Комерцијална банка, Земјоделско-сточарскиот комбинат Струмица,
Прокредит банка и Тутунска банка, го отфрлија како невалидно барањето
на Баум.
- Понудата на Моше Баум е крајно несериозна и
некоректна, документот е изваден од интернет, нема печат, ниту потпис.
Сметаме дека е најобична манипулација, ништо повеќе - изјави Ване
Андреев од струмичкиот комбинат по завршувањето на рочиштето.
Тој
изрази уверување дека судот ќе донесе решение за отворање стечајна
постапка. Не станува збор за активен стечај, туку за реорганизација на
побарувањата, која може да ја подготви некој од доверителите или
стечајниот управник - рече Андреев.Вкупната материјална вредност на
„Сведмилк“ е проценета на 25 милиони евра.За време на судското рочиште,
пред Судот мирно протестираа група фармери, кооперанти на „Сведмилк“.
Тие бараат од државата да ја национализира млекарницата зашто, според
нив, само така ќе може да си го наплатат долгот.
Протестот на млекарите потклекна на притисокот
Само десетмина млекопроизводители од Битола вчера заминаа да
протестираат во Скопје иако поради млечната криза во изминатите пет
месеци беа најбунтовни. Од нив само четворица се оштетени фармери од
„Сведмилк“, а другите се кооперанти од други млекарници. На протести не
отпатува ни водачот на пелагониските фармери Душко Илиевски, на кого
полицијата пред неколку дена му направи претрес дома и во фармата
барајќи оружје. - Одѕивот е слаб поради политички и полициски
притисоци. Партиски луѓе одеа по селата да разубедуваат фармери да не
излегуваат на протести. Имаше и полициски притисоци. Повеќето фармери
се исплашени и велат дека не сакаат да им се случи тоа што го претрпев
јас. Вчера утро кога тргнував од дома ме следеше полициски автомобил и
решив да не отпатувам. Уште десет полициски автомобили имаше околу
автобусот со фармери што требаше да замине за Скопје - изјави Илиевски http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=1A468A7B1E9FA94DB12A4166BFD33450
|
 |
Dragan
Senior Member
Joined: 19-Feb-2009
Location: Tetovo
Online Status: Offline
Posts: 1172
|
Quote Reply
#186 Posted: 03-Jun-2009 at 09:27 |
so ova ''svedmilk'' vise preku glava mi e zosto ne naprae sekoj stocar da uma 1 akcija do svedmilk i posle da se prodavaat i na kraj nekoj ke ja zemse firmata
|
 |
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
|
Quote Reply
#187 Posted: 03-Jun-2009 at 11:11 |
Ама со кој мозок сакаат да се национализира, навистина не знам. Не е ова Југославија, завршија тие работи. Тие протестираат бидејќи си ги сакаат парите по секоја цена на секој начин, а во оваа држава не оди така. Кога ќе протестираат политички мудро, демек сакаме да се задоволи правдата, да ги осудите за малверзации, ова она, можеби и ќе бидне (сепак е попаметно отколку истурање на млеко), ама луѓево рака на срце си се сточари, што знаат од политика и право? Затоа едниот сака национализација, другиот сака пари од Велија, третиот од Трифун. Не беа добро организирани, затоа и вака ќе заврши. Ќе си платеа најдобар адвокат со парите што ги потрошија за протести и со млекото што го истурија кое btw можеа да го продаваат низ град и селата за пониска цена, за колку толку некој денар да извадат. Уште постојат млекари што носат по дома, ако ништо друго. Ама им се виде лесно со swedmilk и претераа... не дека се тие виновни, ама не е па и дека не се.
Edited by гитардемон - 03-Jun-2009 at 11:13
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#188 Posted: 03-Jun-2009 at 11:19 |
Гитар, на луѓето им се должат огромни суми пари, без никаква легалистичка дилема. Во тој дел јас кај нив никаква кривица не гледам, без разлика дали се сточари или аристократи и дали им се видело лесно или тешко со сведмилк!
|
 |
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
|
Quote Reply
#189 Posted: 03-Jun-2009 at 11:35 |
Да, ама не може да излегуваат да истураат млеко, да блокираат патишта, бидејќи државата била крива. Државата не е крива што пропадна сведмилк, крива е што му ја даде после на Моше Баум. А нивните побарувачки се минимални од времето на Моше, во споредба со тие од пред него. Значи не се решава проблем со селска буна, туку баш како што реков, со тие пари што ги дадоа за нафта за тракторите и за одење до Скопје 100 пати, и со сето млеко што го истурија, ќе платеа адвокат, па и ќе го потплатеа судијата. Не реков дека се виновни за тоа што им се случи, некако се виновни за тоа што не го решија. Ако веќе решиле да протестираат нека ја запалат владата. А не како секогаш, нерешителни, и на крајот без ништо остануваат. Или правно, или насилно требаше, а тие очигледно сакаат преку А1 да го решат проблемот и телевизија. Не знам како е да сум во нивна кожа, неблагодарно е да зборувам, ама сигурно ќе најделе некакво решение ако се организирале подобро.
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#190 Posted: 03-Jun-2009 at 11:39 |
Мислам многу наопаку поставуваш некои работи ама не коментирам понатака зашто не е тука место за муабети за потплаќање на судии и слично!
|
 |
Dragan
Senior Member
Joined: 19-Feb-2009
Location: Tetovo
Online Status: Offline
Posts: 1172
|
Quote Reply
#191 Posted: 03-Jun-2009 at 17:19 |
No dobor kako moze svedska kompanija da izgradi ovde fabrika za proizvodstvo na mlecni proizvodi a taa da ima vo odborot 30% a drzavata da ima 70% epa to sigurno zamrseni race(kriminal) vladata
|
 |
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
|
Quote Reply
#192 Posted: 03-Jun-2009 at 20:24 |
Originally posted by Cloverstack
Мислам многу наопаку поставуваш некои работи ама не коментирам понатака зашто не е тука место за муабети за потплаќање на судии и слично!
|
Добро, во право си нема смисла да го развлекуваме. Ама јас повеќе го зборувам тоа од што ми е криво, што уште едни недолжни граѓани останаа заебани, а не отидоа до крај да си го земат тоа што со право им следува. Тоа со потплаќањето, излезе денес во вестите кој сектор во нашата држава е најкорумпиран, значи не бев далеку од вистинското решение (за жал).  Ајде, ова е за посветли вести нишка, не за вакви работи.
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
 |
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
|
Quote Reply
#193 Posted: 04-Jun-2009 at 10:18 |
Четврток, 04 Јуни 2009 10:33
Македонски
компании ќе бидат дел од новите три индекси, што од утре ги лансираат
Дау Џонс“ и Федерацијата на евроазиски берзи-ФЕАС.
Ова е прв пат Dow Jones да креираат индекси кои ќе ги мерат перформансите на компаниите од Евро-Азискиот регион.
Трите
индекси кои ќе се лансираат во петок се композитни, од кои два се
регионални под-индекси. FEAS индексите на Dow Jones се креирани со цел
да бидат основа за креирање на продукти кои се поврзани со индексите
како што се фондовите и структурните производи.
Дау Џонс“ ФЕАС
компосит индексот моментно го сочинуваат акции од 10 од вкупно 32
земји-членки на Федерацијата, и тоа акции од берзите во: Абу Даби
(ОАЕ), Аман (Јордан), Бахраин (Кралството Бахраин), Белград (Србија),
Софија (Бугарија), Истанбул (Турција), Карачи (Пакистан), Скопје
(Македонија), Мускат (Оман) и Загреб (Хрватска).
„Дау Џонс“ ФЕАС
саут ист јуроп индексот ги мери перформансите на компаниите од петте
берзи-членки на ФЕАС: Софија, Загреб, Скопје, Белград и Истанбул,
додека
Додека Дау Џонс“ ФЕАС мидл еаст/Кавказ индексот
моментно вклучува акции од четири берзи-членки на ФЕАС: Абу Даби, Аман,
Бахраин и Мускат. | http://tera.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=8586&Itemid=106
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#194 Posted: 12-Jun-2009 at 13:45 |
Во Скопје се создава речиси половина од македонскиот БДП
Најголемо
учество во буто-домашниот производ на Македонија во 2007 година има
Скопскиот регион, со 48,5%, додека најмало учество има Североисточниот
регион со 4,2%. Според податоците на Државниот завод за статистика
објавени вчера, поголем бруто-домашен производ по жител, во споредба со
просекот на Македонија, имаат единствено Скопскиот регион со индекс
167.0 и Вардарскиот регион со индекс 103.6. Најмал бруто-домашен
производ по жител, во однос на националниот просек, имаат Полошкиот
регион со индекс 46.4 и Североисточниот регион со индекс 49.9.
Дневната миграција на работната сила придонесува во даден регион да се
создаде бруто-домашен производ кој не е резултат на резидентното
население. Од тие причини, податоците за БДП по жител може да бидат
преценети во регионот каде што тој се создава (Скопскиот регион),
односно потценети во регионот од каде што се одлева работната сила. Тоа
значи дека многу граѓани од останатите региони придонесуваат во
создавањето на БДП за одреден регион, а заработените приходи ги
префрлаат. |
http://www.total.com.mk/default.aspx?mId=16&eventId=17863
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#195 Posted: 12-Jun-2009 at 13:47 |
Јасен показател дека треба да се пристапи кон инфраструктура (К8) и создавање услови за актвино учество на СИ регион во БДП-то!
Edited by lslcrew - 12-Jun-2009 at 13:47
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#196 Posted: 16-Jun-2009 at 23:32 |
Штета. Кога се отвараше Спридер мислев дека сериозен инвеститор ќе ја разработи таа локација и ќе ја премости празнината помеѓу турска чаршија и плоштадот македонија колку толку. Спрема мене токму таа празнина и далечината од утврдените шопинг зони е причина за ова. Можеби кога ќе се комплетираат објектите кои се градат околу плоштад карпошово востание (колку и да ме иритираат повеќето од нив) и ко ќе се среди цел тој простор некој иден инвеститор ќе има повеќе среќа и со стоковна куќа мост но и се надевам дека ќе се дигне нивото на дуќаните во приземјето на Ибни Пајко, Министерството за транспорт итн.
„Спридер“ си замина од стоковната „Мост“

На старата стоковна куќа е истакната нова фирма „Аутлет Македонија“
По три години работа, познатиот грчки бренд „Спридер“ си замина од
Скопје. На старата стоковна куќа „Мост“, каде што изминатиов период
стоеше фирмата на грчки „Спридер“, сега е истакна нова фирма. На црвена
подлога со жолти букви стои „Аутлет Македонија“ („Outlet Macedonia“).
Неофицијално
дознаваме дека станува збор за друга грчка фирма, која наводно од
денеска ќе почне со работа. Нејзиниот претставник ја презел целокупната
стока што ја продаваше „Спридер“, обувки, конфекција за мажи и жени,
како и детска конфекција. Според исказите на нашите соговорници,
„Спридер“ заминал затоа што слабо му одела продажбата, а штом почнат да
се бележат негативни резултати во трговијата, никој не продолжува да
работи. Нашите соговорници не можеа да искоментираат дали слабата
продажба во „Спридер“ била поради високите цени наспроти нискиот
стандард на граѓаните, или евентуално поради некаков бојкот спрема
грчки производи.
Иако го побаравме, не успеавме да
воспоставиме контакт со новиот газда за да ни каже што ќе им понуди на
скопјани новиот бренд и по колкави цени. Во стоковната куќа стои се'
поставено на закачалки, а вратите за купувачите вчера беа затворени. Се
групираше персоналот и се правеа договори за средување на полиците.
Рекламните табли на старата „Спридер“ беа поставени на скалилата пред
објектот. Од овој грчки бренд стоеше само рекламниот покрив на
трафиката отспротива, чии вработени не' информираа дека ќе биде
променет во „Аутлет Македонија“. |
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=036A898A4A4599489575937FF7CA931C
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#197 Posted: 18-Jun-2009 at 22:10 |
Македонија е трета најпосетувана земја за инвестиции
Во текст во магазинот
со наслов "Наплив на инвестиции во Македонија" се наведува дека земјава
се наоѓа во најпребаруваните "invest in" локации веднаш зад САД и
Франција
Македонија е на трето место на најпосетувани инвестициски
локации на Google интернет пребарувачот, покажува последната анализа
објавена во ФДИ магазинот, додаток на Financial Times. Во текст со
наслов "Наплив на инвестиции во Македонија" се наведува дека земјава се
наоѓа во најпребаруваните инвест инн локации веднаш зад САД и Франција.
Ваквиот бумм на Македонија се опишува како изненадувачки затоа што за
разлика од САД и Франција кои и претходно биле во најпребарувани
локации, Македонија воопшто не се појавувала на досегашните рангирања.
Во Агенцијата за странски инвестиции велат дека вакиот пробив на
Македонија се должи на зајакната економска промоција на земјава во
светот. Од друга страна, признаваат дека на тоа влијаела и светската
економнска криза, која ги принудува компаниите да бараат алтернативни
инвестициски локации за да ги намалат трошоците.
Според директорот на Агенцијата Виктор Мизо, особен ефект за
подобрувањето на имиџот на Македонија имаше ТВ кампањата со двата спота
за инвестирање во Македонија, емитувани во март годинава. Не треба да
се занемарат и рекламите во неколку познати светски економски весници
во последните две години. - Дека Македонија станува една од
поинтресните локации за странските компании покажува и 4-5 пати
зголемената посета на интернет страницата на Агенцијата за странски
инвестиции. Наедно за 35 отсто е зголемен и бројот на директни посети
на земјава од страна на странски фирми. Или месечно повеќе од 15
компании ја посетуваат земјава, без разлика на светската економска
криза- вели Мизо.
Ова е добар знак, бидејќи малиот број на странските инвестиции е
една од најголемите слабости на македонската економија. Во Агенцијата
за инвестиции тврдат дека за многу кусо време треба да се види и
конкретен ефект од подобрениот имиџ на земјава. - Со неколку нови
компании преговорите за инвестирање се во завршна фаза - вели Мизо. Од
професионални причини не ги открива имињата, но вели дека се работи за
инвестиици во автобускиот и во производствениот сектор.
Олеснетите процедури и пред се евтината работна рака се голема
предност на Македонија, во време на економска криза што го зафати
светот. Доказ дека може и да се искористи овој период е затворањето на
некои погони на Џонсон контролс во Германија и префрлање на
произвотсвените линии во Македонија. Од агенцијата велат дека од август
се очекува и стартот на британскиот инвеститор "Џонсон мети". Во
меѓувреме, се разговара и со фирми од Азија, кои на нас гледаат како
отскочна даска за Европа.
Сепак, ефектот од подобрениот имиџ на земјава не може да се види
преку ноќ. Скромните 71 милион долари во првите три месеци од годинава
покажува дека трендот на опаѓање на инвестициите што е забележан во
сите светски економии, не ја одбегна ниту Македонија.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=4AE962B7B4EBB64DA82AF8D44D18B9D9
|
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#198 Posted: 18-Jun-2009 at 22:11 |
Интересна работа! Ај чим не сме трети по инвестиции, барем сме трети во популарнсот на нет за инвестиции!  Ваљда и ова ќе вроди со некаков плод.
|
 |
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
|
Quote Reply
#199 Posted: 18-Jun-2009 at 23:03 |
Абе по толку реклами нормално дека ќе дојдат. Штом има некој пари за реклами, значи веројатно може да ти понуди нешто. Епа ние сме најапсурдни, се рекламираме, ама кога ќе дојдат да видат што хохштаплери сме, ајмо назад свите. Прочитав баш за онаа фирмата за ламинати, паркети, што и да е, што сакала да го рестартира погонот, инвестирала пари, не смеела... Да не збораме за турската фирма со топилницата во Велес и други. Еве пак со моите криминални ставови: поарно нека донесат 20 фирми без да побараат под маса пари, од тие инвестиции народот толку ќе се израдува ќе ги изгласа уште 20 пати и ќе украдат 40x повеќе пари отколку од тие парите од под маса што ги бараат од новите фирми. И не велете не, нема жив човек што ќе ме убеди дека не бараат процент владата за да влезе некоја фирма.
Ебаго, татко ми има туристичка агенција, за на екскурзија во средно директорката ги свика од 10тина агенции во Битола, и им вика: ајде луѓе, кажете кој дава најмногу процент за мене, тој ќе ги носи децата. Пред родителите, пред сите. Епа... Нормално станаа половина претставници од агенциите со зинати усти си отидоа, другите останаа па се договорија некако. И после?
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
 |
La Linea
Senior Member
Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
|
Quote Reply
#200 Posted: 19-Jun-2009 at 11:46 |
Originally posted by гитардемон
Абе по толку реклами нормално дека ќе дојдат. Штом има некој пари за реклами, значи веројатно може да ти понуди нешто. Епа ние сме најапсурдни, се рекламираме, ама кога ќе дојдат да видат што хохштаплери сме, ајмо назад свите. Прочитав баш за онаа фирмата за ламинати, паркети, што и да е, што сакала да го рестартира погонот, инвестирала пари, не смеела... Да не збораме за турската фирма со топилницата во Велес и други. Еве пак со моите криминални ставови: поарно нека донесат 20 фирми без да побараат под маса пари, од тие инвестиции народот толку ќе се израдува ќе ги изгласа уште 20 пати и ќе украдат 40x повеќе пари отколку од тие парите од под маса што ги бараат од новите фирми. И не велете не, нема жив човек што ќе ме убеди дека не бараат процент владата за да влезе некоја фирма.
|
Гитаро, со сета должна почит, но ваков муабет повеќе прилега во кафана... Јас како главни причини за слабиот одзив на инвеститорите, кој никако да мрдне од мртва точка, пред се би ја навел бавноста на иституциите, лош третман на постојните инвеститори(читај ЕВН), и лошата бизнис клима(секако дека оние ќе ја испитаат фактичката состојба и покрај тоа што се прикажува на рекламите).
Ебаго, татко ми има туристичка агенција, за на екскурзија во средно директорката ги свика од 10тина агенции во Битола, и им вика: ајде луѓе, кажете кој дава најмногу процент за мене, тој ќе ги носи децата. Пред родителите, пред сите. Епа... Нормално станаа половина претставници од агенциите со зинати усти си отидоа, другите останаа па се договорија некако. И после?
|
No comment...
|
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
 |