![]() |
![]() |
![]() |
Економски вести |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 1112131415 29> |
Author | |||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
||
Добро е тоа што нашле ете некој метод колку толку да се намалуваат испуштањата гасови само мене ме плаши што почна да се тргува и со позицијата, па се ставаат на берзи и вакви работи, како да кажам се тргува со правото, не се ова никакви концесии иако така изгледа на прв поглед, сосема посифистициран анчин е да се дозафркнат некои односи во светов.
|
|||
![]() |
|||
StreetStruck ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-Nov-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 415 |
![]() ![]() |
||
Не бе брат ја мислам дека ова им е само начин, да ги натераат компаниите да тераат ваква еколошка политика, за да ги натераат да вложат во нешто што горе доле би им се исплатело, односно подобро кажано е нешто што нема да им створи многу загуби. Мислам дека убаво е обмислено и е многу фер.
|
|||
"Поробените треба да тежнеат кон слободата, а слободните кон совршенство"- Јане Сандански
|
|||
![]() |
|||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||
Македонија најмногу тргува со ЕУ и Западен Балкан04.01.2011 | Автор: Државен Завод за Статистика
Обем на стоковната размена на Република Македонија со странство, јануари - ноември 2010 годинаСпоред претходните податоци на Државниот завод за
статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република
Македонија во периодот јануари-ноември 2010 година изнесува 2 995 455
илјади САД долари, а на увозот 4 849 414 илјади САД долари. Покриеноста
на увозот со извоз е 61.8%. Трговскиот дефицит во периодот
јануари-ноември 2010 година изнесува 1 853 959 илјади САД долари.
Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на производите од железо и челик (валани производи), облеката, фероникелот и преработките од нафта. Во увозот најмногу се застапени суровата нафта, моторните возила за превоз на лица и електричната енергија. Во периодот јануари-ноември 2010 година, најголемо учество во извозот на стоки имаат земјите-членки на ЕУ 27 (61.4%) и земјите од Западен Балкан (31.0%), а во увозот на стоки најголемо учество имаат земјите-членки на ЕУ 27 (53.4%) и земјите во развој (27.2%). Според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Македонија најмногу тргува со Германија, Грција, Србија, Бугарија и Италија (44.2% од вкупната надворешно-трговска размена се врши со овие пет земји). |
|||
![]() |
|||
pbanks ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
![]() ![]() |
||
Додека го чекаме Шишеџам (меѓу другите) да помине економската криза...
http://novinite.com/view_news.php?id=124080 |
|||
![]() |
|||
гитардемон ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5424 |
![]() ![]() |
||
http://tera.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=31316&Itemid=106 Сите вработени во банката имаат (барем тие што не ги продале пред години) определен број на акции, и се применува ултра модерен метод на забрана на тргување со тие акции... Значи излезе муабет дека ќе се продава банката на странци, па се знае дека цената на акциите ќе скокне лудо, арно ама сиромаштија (иако вработените земаат 40.000 денари на шалтер, тек погорните) некому може му се сака да ги продаде акциите пред да дојде понуда од странство. Епа... ако ги продадете акциите, отпуштени сте. Simple as that. Оваа банка е најбескорисната банка на светот, врзана е со кредитирање на најголемите битолски фирми, меѓутоа работа со физички лица, малку послабо. |
|||
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
|||
![]() |
|||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||
НБРМ: Растот на БДП во 2011 година 3 отсто, а во првиот квартал 4,5
- Главни фактори на кои базираат ваквите оценки се натамошното подобрување на извозната побарувачка, натамошен раст на инвестициите и оцените за натамошен раст на вработеноста, рече Гошев. Тој додаде дека се очекува поинтензивен раст на инфлацијата во однос на проектираниот што би се одразило на очекувањата и побарувачката за девизи. Сепак, додава, согласно релативно умерениот пренесен ефект од светските пазари врз домашните цени во досегашниот период, како и фактот што не се очекуваат притисоци од домашната побарувачка оценува дека инфлацијата ќе се задржи во контролирани рамки. - Дополнителсно, со оглед на реалтивно бавното темпо на опоравување на глобалната економија, што е мошне значаен фактор за движењето на светските цени, засега сметаме дека нема опасност од повторување на епизоцата на високиот раст на светските цени на храната и нафатата од предкризниот период, бидејќи светската економија тогаш беше во фаза на експанзија, истакна Гошев, додавајќи дека НБРМ продолжува со континуирано следење на ризиците и по потреба ќе презема соодветни мерки со цел остварување на целите на монетарната политика. Дефицитот на тековната сметка за 2011 година согласно проекцијата изнесува 4,5 отсто од БДП, растот на девизните резерви се очекува да продолжи и годинава. Нивното ниво сега е 1,730 милијарди евра, што според Гошев е солидно и доколку се реализираат проекциите, догодина може да достигне до 1,9 милијарди евра. Гошев истакна дека 2010 година според најновата проекција треба да заврши со раст на БДП од околу еден отсто, а стапката на инфлација 1,6 отсто. Од средината на овој месец НБРМ воведува нов инструмент Запис за штестмесечен депозит кај НБРМ чија цел е постигнување и одржување на ценовната стабилност и да се придонесе кон одржување стабилен, конкурентен и пазарно ориентиран финансиски систем. Банките со новиот инструмент ќе може да депонираат денарски средства на посебна сметка кај НБРМ со рочност од шест месеци, на кои ќе добиваат камата еднаква на шестмесечен Еуролибор зголемена за 0,5 проценти. Доколку имаат потреба, појасни гувернерот, банките ќе можат да го разрочат и да го употребат за друга намена пред првично запишаниот рок, но во тој случај каматата што ќе им се исплати ќе биде пониска. Со инструментот банките нема да можат да тргуваат меѓу себе. Средствата вложени во овој краткорочен инструмент на банките ќе им се признаваат во износите за исполнување на коефициентите за денарска и девизна ликвидност, согласно Одлуката за упрауввање со ликвидносен ризичик, а благајничките записи и задолжителната резерва во денари банките ќе можат да ги пресметуваат само за исполнување на обврските за обезбедување на регулаторното ниво на денарска ликвидност, а не како досега за исполнување на регулаторните обврски за девизна ликвидност. Новиот инструмент, како што рече Гошев ќе има неутрален ефект врз вкупната ликвидност на банкарскиот систем. Докколку им биде доволно атрактивен во НБРМ очекуваат банките дел од благајничките записи да пренасочат во овој инструмент и на тој начин останатиот дел од благајничките записи ќе добие почиста функција на инструмент за стерилизација на вишокот ликвидност или при нивно распишување за вбризгување ликвидност во системот согласно потребите на монетарната пчолитика. Гошев истакна дека во наредните 40-тина дена ќе биде познато како ќе делува новиот инструмент. http://www.mia.com.mk/default.aspx?vId=80858934&lId=1&pmId=504 |
|||
![]() |
|||
гитардемон ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5424 |
![]() ![]() |
||
Cè убаво, ама да се најдеше начин сите тие пари што банките ги вложуваат во државни записи всушност да се даваат во форма на кредити за физички лица. Штом записи со камата од 4% се попривлечни за банките од кредити за физички лица со камати и до 13%, што останува да се заклучи за способноста за враќање на кредит на просечниот Македонец...
|
|||
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
|||
![]() |
|||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
||
![]() Па не знам дали ќе беше некаква многу поголема корист доколку толкави пари наместо во државни записи завршеа како кредити за физички лица... Да беа кредити за фирми да, ама за физички лица, претпоставувам само ќе се зголемеше непродуктивната задолженост на просечниот Македонец, ќе се зголемеше дефицитот во надворешната трговија, ќе се поткопаше денарот... |
|||
![]() |
|||
гитардемон ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5424 |
![]() ![]() |
||
Да, ама под кредити за физички лица не мислам станбени/потрошувачки/безнаменски кредити, туку мислам кредити за започнување на бизниси, т.е. за мали и средни претпријатија, кои се столбот на секоја економија.
Колку што знам ваквите business start-up кредити се издаваат на физички лица, уште пред да се оформи фирмата, на име на „идниот газда“, а не откако ќе се оформи фирмата па на нејзино име како правно лице. Ама може и да се лажам, не знам како оди кај нас праксата. Edited by гитардемон - 03-Feb-2011 at 17:36 |
|||
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
|||
![]() |
|||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||
Дефицитот во 2010 година се доближи до 2,15 млрд. долари
![]()
http://www.tocka.com.mk/index12.php?ID=32236 |
|||
![]() |
|||
гитардемон ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5424 |
![]() ![]() |
||
Реално нашиoт најголем трговски партнери е еврозоната (со помали и поголеми исклучоци во некои индустриски гранки), така што нашиот фиксен курс на денарот во однос на еврото ни остава многу малку простор за влијаење врз овие трговски balance sheets, па мора да работиме екстензивно на подобрување на конкурентноста на државата и со тоа привлекување на инвеститори кои ќе бидат извозно ориентирани (ова во секој случај е посакувано) - и со тоа да се намали нашиот огромен трговски дефицит (мислам само со Косово имаме суфицит на ниво на севкупна размена во последниве години ако не се лажам).
Иако во најголем дел од случаите, за економија слаба како нашата најправилна одлука е фиксен курс (pegged rate) кој не нè чини баш евтино со оглед на тоа колкав трговски дефицит имаме, и секогаш има опасност од крах ама засега сме чок тамам (иако јас за нас би претпочитал floating rate), тоа што поголемите економии можат да си го дозволат е многу интересна тактика. Се определува курсот на валутата во однос на земјите со кои тргуваат, осносно дали сакаат земјата да се ориентира на извоз или на производство за домашни потреби (и да го ограничи увозот). Поевтина домашна валута (на пр. 100MKD = 1EUR) значи домашните производи се поевтини за странските пазари, што значи и многу поконкурентни на странскиот пазар, со што расте извозот, расте производството, расте БДП, бидејќи увозот е скап (сè што беше 1€, т.е. 60 денари, сега ќе биде 100 денари). Поскапа домашна валута (на пр. 30MKD = 1EUR) значи зголемување на увозот бидејќи сè станува поевтино (сè што беше 1€, т.е. 60 денари, сега ќе биде 30 денари). Ова сепак има сериозни импликации, бидејќи трговски дефицит значи и намалување на државните девизни резерви, бидејќи ќе мора да ја купува домашната валута која не се бара на пазарот, бидејќи се бара странската (за увозот). Значи не може да си направиме сè евтино преку ноќ туку така! ![]() Пак ќе речам, ние со нашите одвај дузина (повеќе се де) извозни компании во државава, колку и да си играме со курсот (ако веќе можевме да си дозволиме) ништо немаше да се промени. Добрата страна на фиксниот курс е стабилноста, ама таа стабилност кај нас би ја нарекол повеќе стагнација. Повеќе флуктуации може да донесат и поголем раст, нормално и поголем пад, ама сепак мислам дека Гошев врши супер работа. Кој се интересира повеќе за оваа тема нека види за CNY и неговиот (до пред скоро) фиксен курс во однос на US$, и нека погугла малку за генералното мислењето на американската јавност за оваа „нефер игра“ на Кинезите. Ова излагање беше во случај некој да се прашува зошто толку време 1€=61.5 денари, па да му подобјаснам, а ме поттикна веста за уште една година со „само“ 5.000.000.000$ трговски дефицит. |
|||
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
|||
![]() |
|||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
||
Нема никакви магични решенија ни со зголемување ни со намалување курс. Има една природна работа, а тое фактичката вредност на производите и услугите што немо0же со ниедна маневра да се промени па макар у која и да било валута да се изразила. Според мене во заблуда е секој што мисли дека фиксниот или променливиот курс се изворот на сите проблеми и решенија.
|
|||
![]() |
|||
гитардемон ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5424 |
![]() ![]() |
||
Фала на твојата издржана анализа. А сега вистината: колку е поевтина твојата валута, толку си поевтин на странските пазари и повеќе извезуваш што и мало дете може да го сфати. И не мора од инает да се контриш. Добро, пак со во право.
|
|||
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
|||
![]() |
|||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
||
Абе не се контрам, тоа е само психолошка зафрканција. Место да се корегираат плати, цени цел пазар, се корегира курсот.
|
|||
![]() |
|||
Dragan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2009 Location: Tetovo Online Status: Offline Posts: 1172 |
![]() ![]() |
||
Исл. Што е тоа вредност на производот. Дали е тоа само директниот вложен труд, основните средства,репроматеријалите,и на крај од продажната цена ќе се одбиат трошоците и еве ти вредност. Еее да е така, на економски факултет ги учат така. Законот за вредности колку што јас знам предвидува над 1000 варијабили кои учествуваат во стваранјето на вредноста на еден производ. Е сега ако 500 варијабили ( променливи фактори ) ги означиме како фиксни тогаш другите 500 незнаеме што додаваат и што одземаат за еден производ има вистинска реална вредност. Ако може само преку еден прост пример зашто има многу на оваа тема да се каже но за Исл. ако два работника растовараат 20-тонски шлепер рачно во Англија и 2 работника растовараат 20-тонски шлепер рачно во Виница, тие од Виница ќе добиат дневница најповеќе од 20 евра, а тие во Англија најмалку од 50 евра. Е сега понатака ќе кажеме зошто тоа таму има поголема вредност,а овде помала за сега толку |
|||
![]() |
|||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
||
Драган тоа истото го кажуваш. Никакво менување курс нема преку ноќ да ни донесе подобар стандард и нашите растоварачи да земаат плата колку тие во англија без разлика дали таа плата се викала 50 евра или 3000 денара.
|
|||
![]() |
|||
Dragan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2009 Location: Tetovo Online Status: Offline Posts: 1172 |
![]() ![]() |
||
Да, а ајде наједноставно да кажеме дека во овој момент не можеме рамноправно да играме на пазарен терен утакмица со многу појаки држави,натпревар за куп за победник на европско првенство затоа што мали ни се шансите да ги победиме сите. Вака ако ни е загарантирана дека нема да отпаднеме од лигата а тоа се вика фиксирани сме на 16 позиција од вкупно 18 па нека отпаѓаат последните две, кои се нафатиле да играат за бодови. Малку чудно но стварно нашата економија не е спремна за така наречен пливачки курс на пазарот затоа што многу брзо тие што се во директното производство ќе банкротираат а тие што се во трговијата и услугите ќе збогатат, па ќе се помери макроекономската политика и тогаш државата ќе треба да го заземе местото на производителите( како што се случува ) па таа да бара пари од банките за да отвара производствена економија а загубата да ја книжи на име долг на наредните генерации. Многу винимателно требе да се работи кај насм, и јас мислам дека нема никаква потреба за пливачки курс на денарот, нека се среди прво политиката и паметот на тие што ја водат државата другите држави околу нас, затоа што сега ние сме како јагне одвоено од стадо, па мора да сме бизу до кучето овчар за да не не изеде волкот. Ако сакаш стручни поими може да дискутираме што е тоа штедење, камати,инвестиции,државна интервенција,што е тоа политика, индиферентност,префрентност,вредност, и многу други параметри.
|
|||
![]() |
|||
UrbanFreak ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 28-Oct-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1732 |
![]() ![]() |
||
Или со други зборови тоа што го вели Гитар, поскапо евро (во однос на денарот) би значел поевтин македонски производ а поскап увозен производ. Со други зборови го стимулира извозот а го дестимулира увозот. Со воклу голем трговски дефицит, тоа дефинитивно е една од можните мерки кои треба да ги размислуваме.
Инаку ЛСЛ, далеку од тоа дека е така ти како што велиш. Па земи ја за пример Америка, која цело време калкулкулира со курсот на доларот. Во одреден период го поттикнува својот извоз и евтините енергенси (кои како берзански производи се врзани за доларот) а во друг ги стимулира другите економии да пласираат производи на американскиот пазар, а поради високиот курс на доларот врши поголема контрола над енергенсите.
Од друга страна, кај нас во регионот, се покажало дека земји кои неможат да го контролираат стабилниот курс на своите валути брзо влегувале во инфлаторни спирали. Тоа им се случи на Србија во времето на Милошевиќ, Албанија и на крај во Бугарија, која поради тоа доби валутен борд. Според мене, курсот на денарот треба да биде полиберален, со дозволени мали флуктации на курсот на денарот во однос на Еврото. Под ова мислам на малку помала контрола од страна на НБРМ и оставање на пазарот да го регулира до некаде курсот на денарот. Во секој случај до некаде контролирано (плус минус 10%) за да не излезе од контрола. Edited by UrbanFreak - 05-Feb-2011 at 19:19 |
|||
![]() |
|||
гитардемон ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5424 |
![]() ![]() |
||
![]() Истото што го споменав и јас погоре, односно дека ни треба floating курс. Ама десет проценти ми изгледаат многу ![]() Не знам lsl што сфати, дека ние само ќе ги смениме курсовите за да прикажеме поголеми или помали бројки? Јас зборувам дека кога едно евро би било (скраја да е) 200 денари наместо 60, а млекото и понатаму би било 50 денари, автоматски место македонското млеко во ЕУ да чини 80 центи, ќе чини 25 центи. Епа со таква цена, веднаш стануваш поконкурентен, веднаш се зголемува извозот, расте БДП, се бара домашната валута сè повеќе во однос на девизите, и ред други позитивни последици. Нормално, системот supply and demand, односно невидливата рака на Адам Смит ќе си најде место и тука, во побарувачката и понудата на девизи, или денари. И тие долгорочно се стремат да се изедначат, впрочем така работи и floating курсот. И да го наместиме денарот на 65 денари, и поставиме floating курс, пазарот сам ќе си го намести на потребното ниво, онаму каде што се среќаваат побарувачката и понудата на денарот, и побарувачката и понудата на еврото. |
|||
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
|||
![]() |
|||
UrbanFreak ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 28-Oct-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1732 |
![]() ![]() |
||
@Gitar
Па добро, јас онака без некоја посопфатна анализа го лупнав 10%. Во секој случај не мислам дека е многу, тоа би значело еврото да може да се движи помеѓу 55 и 67 денари. Инаку не го посочи и обратниот пример кој што е многу важен. Односно во твоето сценарио увозното млеко би чинело 160 денари, а со тоа значително би се намалила потрошувачката на увозното млеко кое би било неколку пати поскапо од домашното. Сепак не е ни тоа толку едноставно, бидејќи во цената на млекото значително влијание имаат и цената на нафтата, цената на добиточната храна, препаратите, механизацијата и слично кои пак се претежно увозни производи.
Србите имаат ваков движечки курс на динарот, па кај нив едно време пред 5-6 години беше 1 евро=60 динари, а денес е 104 динари.
|
|||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 1112131415 29> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |