![]() |
![]() |
![]() |
Хидроелектрани |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 1314151617 28> |
Author | |
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
Општините сè повеќе сакаат да градат мали хидроцентрали![]() Општина Кавадарци планира да објави тендер за изградба на 4 мали ходроцентрали до крајот на годинава, изјави градоначалникот Александар Панов. Тој додаде дека проектот ќе биде спроведен по принципот на приватно-јавно партнерство. Инаку општината веќе изгради четири мали хидроцентрали пред неколку години. Крива Паланка, исто така, планира изградба на мали хидроцентрали по истиот принцип на приватно-јавно партнерство. Локалните власти во општината донесоа одлука за започнување на процедурата на нивната изградба во областите Калин Камен и Станечка Река. Проектот во Крива Паланка се очекува да чини околу 1,3 милиони евра и ќе биде спроведен на начин што приватиот партнер ќе ја финансира градбата на хидроцентралите, ќе оперира со нив и по извесен период ќе им ги предаде на општината. Инаку, решавањето на проблемите во однос на електричната енергија на локално ниво се врши според одлуките на општините, а без постоење на севкупна национална стратегија. Некои општини, како Струмица, градат општински гасоводи, додека други се вртат кон малите хидроцентрали. Тие, спеак, имаат само локално значење со оглед на ниското ниво на електрична енергија што го произведуваат. Покрај ова, цената на електричната енергија од малите хидроцентрали е далеку поскапа од онаа од големите хидроцентрали. Се смета дека во Македонија можат да се изградат околу 400 мали хидроцентрали. http://www.plusinfo.mk/vest/22909/Opshtinite-s-povekje-sakaat-da-gradat-mali-hidrocentrali |
|
![]() |
|
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
Скапоцени снимки
Козјак |
|
![]() |
|
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
Навистина прекрасен документарец овој за ХЕ Тиквеш
![]() ![]() ![]() |
|
![]() |
|
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
Јас набрзинска го промоткав и ме зачуди не сум знаел за браната Макарија, а документарецот за тоа време е квалитетно изработен и ме зачуди што воопшто за некој проект аков имаме документирано.
|
|
![]() |
|
OCB ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 03-Feb-2011 Location: 54 Online Status: Offline Posts: 921 |
![]() ![]() |
Историските Чебрен и Галишта на пат да станат историја
Историските Чебрен и Галишта на пат да станат историја. На една недела до истекот на тендерот, повторно нема ниту една понуда за изградба на двете хидроцентрали на Црна река. Рокот веќе се пролонгираше двапати наводно по барање на заинтересираните компании. Но, времето никако не оди во наша полза. Инвеститорите никако да донесат одлука за вложат половина милијарда евра на колку што се проценува изградбата на хидроцентралите. Министерот за економија Сарачини се уште е оптимист дека тендерот ќе успее. Според него, сериозен интерес имало од две, три компании и до последен момент ќе ги чека нивните понуди. Но, ако пропадне и на овој шести обид да се најде инвестирот, министерството за економија конечо ќе се повлече од проектот стар триесетина години. Идејата ќе премине во ресорот животна средина, што според енергетските експерти би значело минимизирање на шансите дека некогаш воопшто би се реализирала. http://vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=37&eventId=43482 |
|
![]() |
|
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
јас мислам дека нема никој да загризи за овој проект.деновиве ја гледав документарката за браната Хувер на реката Колорадо,САД која со своите 21о метри претставувало многу голем градежен проблем и за америка.а Чебрен треба и за некое метро да е повисока брана,па каков заклучот треба да се извлече.тешка работа дека некој ќе сака да ја гради.треба многу години да се експлоатира за да се исплати инвестицијата.а ако ја споредиме количината на водата во колорадо со онаа на река црна
![]() |
|
![]() |
|
StreetStruck ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-Nov-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 415 |
![]() ![]() |
![]() А за ова со тендериве, што да се коментира?!?!?! |
|
"Поробените треба да тежнеат кон слободата, а слободните кон совршенство"- Јане Сандански
|
|
![]() |
|
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
јас сепак ќе останам на фактот дека превисоката брана и тешкотиите поврзани со таква градба ги одалечуваат инвеститорите.брана со 220 метри висина во самиот темел треба да е широка најмалку350-450 метри а тоа пак ќе речам е тешко и за големи држави а не за македонија.факт е дека ќе биде највисока во европа,доказ дека правилно зборувам е фактот што на последниот тендер германците предложиле наместо 2 поголеми езера(чебрен и галиште) да се смени проектот и да се направат 3 помали(и пониски) и да се заштеди на пари.нашите на тоа одговориле дека се тоа базични пресметки кои ние не сме во можност да ги направиме и мора да оди вака.се плашам дека во време на рецесија никој нема да се пријави на тендерот.се надевам дека сум во криво и за мене ќе биде светско чудо ако се направи чебрн не оваа декада,туку во наредните 20 години
ПС.чебрен и галиште се така проектирани(лично зборував со еден од проектантите кој ми беше ментор) за да се вметне нуклеарка помеѓу нив,која во ноќни часови кога ќе има вишок на струја во земјава ќе дава струја на подолната електрана која ќе биде реверзибилна и генераторот ќе работи во режим на мотор и ќе ја враќа водата назад во езерото,за другата ден од таа вода да се прави струја,и така во круг |
|
![]() |
|
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
Ѓаките (критериумите) подоле за една третира и нов тендер. Прилично едноставен е рецептот, само кој да свати дека подобро и децении концесионер, одколку децении ливада.
|
|
![]() |
|
UrbanFreak ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 28-Oct-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1732 |
![]() ![]() |
Да но ми се чини рекордери сме во неусешни тендери. Колку тендери имаше за концесии на патиштата за на крај да изгубиме 4-5 години и пак да се вратиме на првобитното, дека нема интерес, дека е предимензиониран и нереален планот. Знаеш кој е губитник од целиот тој хаос? Ние како држава и како народ. Зошто доколку унпред се знаело дека критериумите се превисоки, не ги спуштиле? Зошто се најмија сите тие консултанти ако повторно тендерот пропадне? Или не си ја завршиле работата како што треба, или нашите одговорни се правеле премногу паметни (како во случајот со подземното поврзување под плоштад) и сепак си терале по свое.
Во право си подобро децинии концесионер отколку ливада, но уште подобро веднаш концесионер отколку за 5 години. На тој начин не само што сме изгубиле драгоцено време, туку и сме изгубиле кредибилитет како држава за организирање тендери и јавни наддавања а богами и солидни пари за секој пропаднат тендер.
|
|
אל תסתכל בקנקן, אלא במה שבתוכו
|
|
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
Две компании со понуди за изградба на хидроцентралите „Чебрен“ и „Галиште“
Како што информира министерот за економија Ваљон Сарачини, утринава до 10 часот, кога истекуваше последниот рок, до Министерството за економија понуди за изградба на хидроцентралите „Чебрен“ и „Галиште“ доставиле понуди ППС од Грција и ЦВЕ од Кина. До крајот на месецов тендерската комисија треба да ја заврши евалуацијата и да и ја достави на Владата својата одлука дали понудите ги задоволуваат тендерските барања или не, по што Владата ќе одлучи дали ќе даде концесија за изградба на двете хидроцентрали. Претседателот на тендерската комисија Јасна Давидовиќ од ЕЛЕМ посочи дека од првичното отворање на понудите се гледа дека ППЦ понудила 28 отсто од акциите во идните електрани да бидат на ЕЛЕМ, додека ЦВЕ нуди 40,5 отсто. Процентот на акциите кои се нудат на ЕЛЕМ е главниот услов на тендерот. Според неа, доколку биде избран концесионерот за изградба на „Чебрен“ и „Галиште“ главните работи би започнале за 1,5 година до кога ЕЛЕМ е обврзан да ги заврши пристапните патишта и мрежното поврзување на новите електрани. Вицепремиерот задолжен за економски прашања Владимир Пешевски рече дека е добро што две компании, во момент кога кризата во Европа се продлабочува, се јавиле на тендерот иако, како што кажа, се уште е рано да се оцени дали ќе биде успешен или не. вј/паг/11:24 http://www.mia.com.mk/default.aspx?vId=89534174&lId=1&pmId=504 |
|
![]() |
|
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
да ги молиме кинезите иначе лошо ни се пишува
|
|
![]() |
|
StreetStruck ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-Nov-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 415 |
![]() ![]() |
Со кинезиве рака под рака и тоа ни е спас за проектов само! Се надевам дека нашиве нема да реагираат за некоја глупава сосема непотребна работа како простаци и да се заврши голготава со тендери.
|
|
"Поробените треба да тежнеат кон слободата, а слободните кон совршенство"- Јане Сандански
|
|
![]() |
|
UrbanFreak ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 28-Oct-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1732 |
![]() ![]() |
Само многу внимателно со Кинезите. Сигурен сум дека имаат финансии и знаење да го изведат зфатаот, но убаво да се проанализира дали и тука и во Вардарска долина ги сакаме како инвеститори. Мислам дека вториов е далеку покомплексен и поголем проект кој ние сами дефинитивно не би можеле да го изведеме. Двата не би им ги дал на Кинезите од стратешка причина. Не би било убаво една друга држава да контролира преку 35% од нашето производство на ел. енергија. Но кога за тој другиот нема ни саглам студија, се чини дека подобро врапче во рака отколку гулаб на гранка.
|
|
אל תסתכל בקנקן, אלא במה שבתוכו
|
|
![]() |
|
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
Јас мислам дека не е работа на избор меѓу врапче и гулаб. Се работи за стратешка инвестција на Кина со оглед на тоа што сака да се позиционира во Европа како и секоја друга сила што сака да шири влијание. Подобро една Кина да поседува хидроцентрала во Македонија со која немаме никакви прашања напротив економска соработка, отколку една Грција да поседува, искрено. Да сакаше сериозна фирма од Европа да гради хидроцентрала ќе се пријавеше. Крај краева и немора одма со овие идеолошки бариери одма да почнуваме. Башка дури денеска разбрав со кој модел отишле на тендер, без временско ограничување за концесија туку за процент од инвестицијата кој ќе биде државен, што вака ми се допадна на прв поглед зашто го тера инвеститорот да работи во интерес на експлоатацискиот век што во другиот слчај на времена концесија не беше случај, а е битен параметар за ваков капацитет. Голема работа и да е 35% од прозиводството, државата има некоја логика да ги покрива домаќинствата и малата и средна индустрија за оние кои не се големи потрошувачи. Понатаму се ќе си дојде само по себе со либерализацијата.
|
|
![]() |
|
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
делот што го нудат кинезите како учество на државата во заедничлиот проект отприлика ќе го покрие недостигот на струја во македонија,нормално + струјата од ТЕ-ТО Скопје,а вишокот кинезите ќе можат да го продаваат.двете страни ќе бидат во корист,а плус би имале и стратешки сојузник што не е мала работа
|
|
![]() |
|
UrbanFreak ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 28-Oct-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1732 |
![]() ![]() |
Каде те молам виде идеолошки бариери во мојот пост? Единствено стратешки не е добро било кој од надвор, и тоа да е една држава да поседува 35% од твојот енергетси потенцијал. Те молам немој со наивни тези, голема работа. Дали си свесен колку во иднина би можеле да бидеме уценувани од таа една страна?
Значи не велам дека не е добро да инвестираат Кинезите, само велам многу внимателно ако им го дадеме Чебрен, не би ми се допаѓало они да ја добијат и Вардарска долина. Не дека не ги сакам Кинезите, напротив. Но поентата ми беше дека да смогневме сили, можеби ќе успеевме и самите да го изградиме овој капацитет, а за Вардарска долина факт е дека не сме кадарни за сега. Во оваа ситуација во која сме со Грција, нивната криза, нивното поседување на ОКТА ни под разно не би требале ним да им го дадеме концесионирањето, макар биле и 3 пати подобри од Кинезите.
|
|
אל תסתכל בקנקן, אלא במה שבתוכו
|
|
![]() |
|
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
Да не настане забуна, тој процент не е како ќе се дели струјата., не значи дека 40% одат за ЕЛЕМ, а другите Кинезите си ги продаваат на пазар, дали во Македонија или надовр. Тоа значи дека Кинезите како мнозински сопственици целосно ја менаџираат компанијата, а ЕЛЕМ на крај добива профит. Ако профитот е реинвестиран во земјава не се оданочува и вредноста на компанијата расте, а со тоа и залогот на ЕЛЕМ. Е сега незнам јас во детали, но би требало да објават повеќе работи дали ЕЛЕМ ќе има златна акција со која за одредени одлуки може да стават вето како што тоа се правеше со некои приватизации, се сомневам дека има такво нешто, но чисто да не настане забуна со процентиве на што се однесуваат. ЕЛЕМ ако сака некогаш и може да го продаде уделот па од тие пари да направи некоја друга идроцентрала. Дури и ова може да е еден мнодел зашто така на готови акции во нова хидроцентрала и полесно ќе дојде инвеститор ако сака да закупи едноставно дел и да биде партнер со Кинеската компанија. Па така да се изгради нов капацитет, па тој да се продаде и од тој да се направи нов како решение за туркање на работите напред, ама сигурно да се инвестираат во нови капацитети не во поправки на РЕК Битола или слични тековни трошоци.
|
|
![]() |
|
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
Урбан не не мислев да те обвинам сега за некаква идеологија, лоши Кинези, дорби Европјани таман работа. Сакав да кажам дека не ни треба воопшто нагласено политички гледање на работите. Тоа што е сега 35% се должи на некомплетиран инсталиран капацитет, некогаш може да бидат многу помалку. Барем кога веќе гледаме дали можеме да бидеме уценувани со процентот на производство, мислам дека од тој аспект и тие вредности треба да вадиме заклучоци. Од друга што фајде од сега 100% кога тоа се истите 65% со Кинезите, пак предходното производство е тоа. Па на крај подобро десетина луѓе плата да земаат одколку некој ендек што седи така и во догледно време државава нема да може да го пополни, а сега има шанса за тоа, до тамо можеме да идеме со споредбава ако сакате.
|
|
![]() |
|
UrbanFreak ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 28-Oct-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1732 |
![]() ![]() |
Кога споманв 35% од ел. енергија произведена во Македонија пред се мислев на моменталните капацитети и идните доколку се реализираат Чебрен, Галиште и Вардарска долина. Сега пресметувам се работи за всушност помал процент (околу 2000 Гв/ч или 24% од нашето идно производство на ел енергија). Како и да е и 24% не е воопшто мал процент да биде контролиран само од една страна. Јас сум апсолутно голем процент од овие проекти да се даде под концесија, немам ништо против Кина но само викам многу претпазливо, не би сакале да ни се случи нешто слично како Руската уцена која ја трпат источно и централно европските земји за гасот и неговата цена. Енергенските се денес најстарешки ресурс и добро е што Македонија за сега 75% од електричната енергија сама ја обезбедува. Зависни сме од нафтени деривати не би било најпаметно голем дел и од електричните потенцијали (најчистите хидропотенцијали) да ни ги управува само една друга страна. Затоа мислам, дека како држава треба многу внимателно да постапиме. Да се истурка до крај проектов, но да се внимава и процени кои ни се намерите со Вардарска долина. Според мене, Чебрен и Галиште се релативно изводлив зафат и за сами да го финасираме,можеби со помош на некој кредитна линија од странство, но Вардарска долина е таа каде што дефинитивно ни требаат и пари и многу знаење, а придобивката би била огромна. Јас лично сите јајца не би ги ставил во иста кошница, и не би ги доделил двата проекта на иста земја, која има неспорно големи амбиции во иднина. Еднаш направивме грешка кога ги продадовме Окта, Усје и Стопанска Банка на Грците, како единствена рефинерија, единствена цементара и најголема банка. Ова би било уште поголема работа, земајки во предвид за колку мокна држава станува збор. Edited by UrbanFreak - 16-Dec-2011 at 13:04 |
|
אל תסתכל בקנקן, אלא במה שבתוכו
|
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 1314151617 28> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |