![]() |
![]() |
![]() |
Демографија |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 1213141516 24> |
Author | |
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
Но која е причината за тивкиот бојкот на пописот на етничките Македонци државјани од дијаспората? Од сајтот корона не се префаќа. На кого му е потребен тој бојкот? |
|
![]() |
|
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
На ВМРО! "Коле вола за кило меса!" Ќе ја заколат Македонија, за да го заколат СДСМ. Спремни се све да направат, за да може на СДСМ да му кажат "I told ya so!". Или па се надеваат дека со масовен бојкот ќе го сјебат пописот. Инаку мислам дека овие од СДСМ мислеа дека ќе добијат вакцини до пред попис за да можат да кажат дека попишувачите се вакцинирани, ама ете есапот не им излага.
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ЗА ПОПИСОТ ВО НОВО СЕЛО И БОСИЛОВО НЕ СЕ ЈАВИЈА ДОВОЛНО ПОПИШУВАЧИ, ЌЕ СЕ СПРОВЕДЕ СО ПОМАЛ БРОЈ ЗАШТО СЕЛАТА СЕ ПОЛУПРАЗНИ
Претстојниот попис ќе се реализира во општините Ново Село и Босилово со 14 попишувачи помалку од потребната бројка, бидејќи на трите јавни повици објавени од Државниот завод за статистика не се јавија доволен број лица. За овие две општини, кои влегуваат во пописен реон 15, требаше да се ангажираат 68 попишувачи и инструктори, но се јавија само 54, кои го поминале тестот и ги почнале обуките. Станува збор за општини од кои што во изминативе години голем број луѓе се иселија, па населените места се преполовени и главно живеат повозрасни луѓе. Најизразено беше иселувањето од подбеласичкиот регион, главно со бугарски пасоши. Според административниот регистар, треба да се попишат население и домаќинства во 32 населени места, каде што според последниот попис од 2002 живеат 25.827 луѓе, со 6.792 домаќинства и 8.194 станови. Претседателот на комисијата за овој реон Милан Андонов потврди дека на терен ќе работат со помалку попишувачи, но уверува дека ангажираните лица ќе ја завршат операцијата, бидејќи добар дел од населените места се мали и со мал број на жители. „Верувам дека со овие попишувачи ќе го реализираме пописот во општините Ново Село и Босилово. Имаме мали населени места, така што секој што ќе го заврши својот реон, односно населено место, ќе биде ангажиран во другите“, изјави Андонов, кој не можеше да одговори на што се должи слабиот интерес за попишувачи. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/za-popisot-vo-novo-selo-i-bosilovo-ne-se-javija-dovolno-popishuvachi-ke-se-sprovede-so-pomal-broj-zashto-selata-se-poluprazni/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ПОПИСОТ ОД АПРИЛ СЕ ОДЛАГА ЗА СЕПТЕМВРИ, ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ ОД ПРВА, ВО ВТОРА ПОЛОВИНА НА ОКТОМВРИ
Лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев и лидерот на опозиционата ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по хармоничната средба денеска во Клубот на пратеници, се договориле пописот на населението и домаќинствата поради екот на пандемијата, од април да се одложи за септември. Дотогаш ќе си тече евидентирањето на нашите иселеници низ светот. Како што изјави по средбата Мицкоски, се одлага и терминот за локални избори, па од првата, се преместува за втората половина на октомври годинава. Заев прецизираше дека пописот ќе се одржи во периодот од петти до 30 септември, датумот допрва ќе се утврдува. Кажа дека со Мицкоски се договориле секој од нив да ги повика граѓаните да се попишуваат, да ја извршат таа своја должност. Ќе се одделат кампањите за попис и за локални избори. Изборната кампања ќе почне од 30 септември натаму. https://sdk.mk/index.php/makedonija/popisot-od-april-se-odlaga-za-septemvri-lokalnite-izbori-od-prva-vo-vtora-polovina-na-oktomvri/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
![]() https://www.facebook.com/prizma.mk |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
![]() ![]() https://www.facebook.com/meta.mk.mk |
|
![]() |
|
гитардемон ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5424 |
![]() ![]() |
Ова со РСМ и РМ е толку ретардирано, го немам видено никаде на друго место во светот. Навистина бе, што правеле порано со сето тоа заштедено време пишувајќи РМ наместо Македонија... Имате видено некој да пишува KS наместо Sverige на шведски? Или RI наместо Italia на италијански?
|
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
|
![]() |
|
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
Ова све испод УКИМ за у ѓубре. А па и тоа УКИМ..... и тамо пола за фрлање.
|
|
![]() |
|
kiriOK ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-Apr-2012 Location: Tamworth,UK Online Status: Offline Posts: 1023 |
![]() ![]() |
Овие факсови ван Македонија е се равни на нула, буквално си празен лист хартија...потрошено време и ресурси.
|
|
![]() |
|
MKDSTRUGA ![]() Senior Member ![]() Joined: 20-Jun-2018 Online Status: Offline Posts: 465 |
![]() ![]() |
Vo Januar mesec 2021 rodeni se duplo pomalce deca odkolku vo Dekemvri 2020. So 931 novorodnece Makedonija vo Januari ima pomalce novorodencija od Estonija so 1.3 milioni ziteli. Dali nekoj ima informacija na sto se dolzi ovaj ogromen pad? Dali se raboti za problem na DZS pri pribiranje na podatocite poradi pandemijata?
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
![]() https://www.facebook.com/meta.mk.mk |
|
![]() |
|
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
![]() Ваков крах на наталитетот сигурно немало во периодот кога овие средношколци биле раѓани. Ова делува како ефект од масовно иселување на млади семејства со деца. |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Сто илјади сомнително издадени изводи - немарност или претпописен план
Речиси сто илјади изводи издала Управата за водење на матични книги кои не биле заведени во евиденцијата и е направен кусок од близу милион денари, но и неколкукратно поголема штета претпрел државниот буџет. Државниот ревизор смета дека е нејасно дали станува збор за измама или за грешка во работењето, а одговорноста ја лоцира кај директорот Бујар Дардишта. Дали се работело за долгорочен план за поткревање на бројки на жители пред пописот на населението, за финансиска проневера или само за лошо работење, засега воздржаност кај надлежните и во Владата. Државниот завод за ревизија во конечниот ивештај за работата на Управата за водење на матични книги во текот на 2019 година изрази неповолно мислење за вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи. Утврдено е дека има кусок во износ од 901.000 денари врз основа на издадени изводи, а нешто повеќе од еден милион денари кусок во приходите, но и околу четири милиони денари штета за буџетот на државата по неколку основи. Поконкретно, издадени биле за 94.451 повеќе изводи од заведеното во евиденцијата, или како што велат од Заводот, станува збор за кусот на изводи. Конкретна одговорност овластениот државен ревизор за финансиските извештаи на Управата ја лоцира кај раководството застапувано од директорот Бујар Дардишта, без оглед, како што е наведено, дали се работи за измами или пак за грешки. Ревизорот кон него ја лоцира и одговорноста во поглед на усогласеноста на работењето со законските регулативи. Со други зборови, сомнежот е дали некому изводи му биле издавани бесплатно, или пак станува збор за злоупотреба на службената положба па на некои лица биле издавани изводи со неточни податоци заради различни цели. Или, како што заклучува овластениот ревизор, издадени се повеќе изводи отколку што се заведени во евиденцијата. И тука, ревизорот ја запишал веќе наведената бројка констатирана со попис извршен на 31 декември 2019 година од 94.451 издадени изводи. И кусокот на пари на сметката на Управата и на државнот буџет. На барање на МКД.мк од Државниот завод за ревизија појаснија: „Во текот на 2019 година издадени се вкупно 530.000 изводи на родени, венчани и умрени лица. Во подрачните одделенија Скопје, Тетово, Гостивар, Ресен и Прилеп констатиран е кусок од 94.451 изводи на граѓани во Република Северна Македонија и надвор од неа". Ревизорот за илустрација во својот извештај спомнува дел од увидот на еден број издадените изводи за родени во некои од населбите во општините Центар, Кисела Вода и Аеродром, при што утврдил дека отприлика за 50 проценти од изводите недостасуваат поднесени барања за добивање на овој документ. За дел од барањата за венчани и починати лица недостасуваат податоци од личната карта на барателот. Утврдивме дека Управата нема донесено интерен акт со кој ќе се регулира постапката на издавање на изводи, уверенија, преписи, копии и други документи врз основа на матичните книги во корист на граѓаните, како и дека не е регулирана одговорноста во случај на грешка при издавање на изводите или во случај на кусок на бројот на примени и издадени изводи", велат од Заводот. Тоа што го зачудува ревизорот е што службите издале над 21 илјада изводи во кои имало грешки, што претставува 4 проценти од вкупно издадените изводи. За надоместување на трошоците за изводите со грешка во Управата не е наведено кој треба да ги надомести, па штетата излегува дека е на целата Управа и на државниот буџет, со оглед и на неуплатените пари за административни такси и други давачки. Исто така, не може да се утврди вкупниот број на набавени и издадени изводи по сериски број, ниту на погрешни изводи, но нема ниту податоци за залихата на изводи со кои располата Управата. „Поради ваквата состојба Управата не е во можност да врши следење и контрола на издадените и поништените изводи", констатирал овластениот ревизор и дополнил дека за целата 2019 година со овластување на директорот на Управата била извршена само една контрола и тоа само на едно подрачно одделение за издавање на изводи. „Отсуството на контроли создава ризик од неправилности при издавањето на изводи", смета ревизорот. Инаку, претходно, на Нацрт извештајот што бил разгледан во Управата, одговорните лица не испратиле забелешки за состојбите кои ги констатирал овластениот ревизор, кој на случајот работел во текот на минатата година. Тој во ноември минатата година имал состанок со одговорните лица во Управата и со нејзиниот директор, а по што директорот Дардишта немал забелешки на Нацрт извештајот. Со други зборови, тоа треба да значи согласување со наодите на ревизорот, кој потоа го составил финалниот извештај. А во неговиот конечен извештај уште и ќе запише барања за изводи само се запишувале во книги, кои не претставуваат пропишан образец и конечно, тој констатирал и одредени неправлности во јавните набавки. Заводот за ревизија за своите наоди како што нѝ беше речено, нема испратено допис до обвинителството, финансиската полиција или до антикорупциската комисија, но има препораки за Управата за водење на матични книги. За констатираните состојбите, како што нѝ беше одговорено, Заводот до директорот на Управата даде препорака да преземе мерки за носење на интерна процедура во која ќе се пропише целокупниот процес на издаваање на изводи и други документи. Одговорните лица треба да бидат задолжени во однос кусокот изводи, но и да ја надоместат финансиската штета од приходите на сметките на Управата и на државниот буџет, велат за МКД.мк во Државниот завод за ревизија. Во делот на системската слабост, недостатоците треба да се отстранат во соработка со Министерството за правда имајќи предвид дека Управата е орган на ова Министертво. Во Управата за матични книги побаравме изјава од директорот Дардишта во врска со наодите во ревизијата, но од службата за односи со јавноста нѝ беше речено дека тој не дава изјави за медиумите и нѝ препорачаа да испратиме конкретно прашање по мејл. Три дена МКД.мк чекаше на одговор и до објавувањето на овој текст одговор не беше добиен. На нашето прашање до Министерството за правда дали ќе биде преземена одговорност за директорот на Управата Дардишта бевме упатени на Владата со образложение дека таа го именува директорот. А во Владата пак, откако е воведена функцијата заменик претседател за борба против корупција и криминал, првото скалило за прашања кои се однесуваат на избрани функционери, е токму кабинетот на вицепремиерот Љупчо Николовски. Оттаму конкретни мерки за сега не се преземни, освен што е започнато информативно собирање на сознанија и намера состојбите да се поправат. Во одговорот на прашањата на МКД.мк се вели: „Кабинетот на заменикот на претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресури, Љупчо Николовски, конкретно за ревизроскиот извештај за Управата за водење матички книги, деновиве одржа состанок со ревизорите коишто го подготвувале извештајот. Изворно бевме информирани во врска со констатираните наоди во конечниот ревизорски извештај за УВМК. Согласно процедурите, Владата ќе ја задолжи УВМК да пристапи кон подготвување на Акциски план, со точно дефинирани активности, рокови и носители за имплементација на дадените препораки од конечниот ревизорски извештај на овластениот ревизор". Па така, веројатно по извесно време ќе треба повторно да го поставиме прашањето дали вицепремиерот пред Владата иницира да се поведе и постапка за утврдување на лична одговорност кај директорот Дардишта и дали им се препорачува на надлежните органи да се поведе постапка за работата на одговорните лица за случајот со изводите. Од политичките партии би можел да се издвои ставот на Левица чии челници деновиве изразија сомнеж дека станува збор за долгорочен план со цел вештачки да се зголемат бројки на жители на земјава во функција на пописот на населението. Борислав Крмов во својата изјава вели: „Вака ДУИ планираше да прави попис, со скоро 100.000 изводи на кои што не им се знае крајот. Затоа, во законот за попис документите за идентификација се наведени како 'соодветни документи' за да може да се врши попис и само со (фалсификувани) изводи". Вакви сомнежи засега не се спомнуваат од страна на наделжните органи. Државниот завод за ревизија до овој момент останува на препораките упатени до Управата за водење на матични книги. Во Антикорупциската комисија велат дека претставка не добиле, но од тоа што имале можност да се информираат, велат, се раѓа сомнеж дека изводи се издавале и под рака и дека е можно да станува збор за злоупотреби. https://www.mkd.mk/makedonija/politika/sto-iljadi-somnitelno-izdadeni-izvodi-nemarnost-ili-pretpopisen-plan |
|
![]() |
|
MKDSTRUGA ![]() Senior Member ![]() Joined: 20-Jun-2018 Online Status: Offline Posts: 465 |
![]() ![]() |
Dali ova znaci deka vo izminatiot period imalo pomalce/poveke rodeni i pocinati od prijavenite preku drzavniot zavid za statistika? I dali mozebi ova vlijae na onaa Januarska staistika kade se imaat prepoloveno prijavenite novorodencija vo Januari vo odnos na Dekemvri proslata godina? Dali poznavate nekoj koj se soocil so problem za prijavuvanje na novorodence ili pocinato lice vo ozminatiov period?
|
|
![]() |
|
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
Ги гледав бројкиве погоре и следново ми упадна во очи. Бидејќи децата не се раѓаат со вграден ROM чип за етничка припадност, би било убаво да се појасни дека горните податоци се број на новороденчиња според етничкото изјаснување на мајката. Ако се земе бројот на новородени според етничкото изјаснување на таткото процентите изгледаат поинаку, и тоа не баш во занемарлива мерка. Тоа се гледа и од око, но ако некој сака да ги пресмета точните проценти, бујрум прецизни податоци за периодот 2008-2019: https://www.stat.gov.mk/PublikaciiPoOblast.aspx?id=10&rbrObl=2 ![]() Релевантните податоци се во табелите Т-04 (За жал за 2019 нема excel фајл, туку само PDF) Еве за илустрација, досега процентуално најкритичната година за етничките Македонци (2013), разликата според мајката е: МК 11.550 (49,9%) АЛ 8.137 (35,1%) но според таткото е: МК 11.603 (50,15%) АЛ 7.488 (32,36%) Значи наместо 14,8 процентни поени, вака разликата е 17,79 процентни поени. Иако на прв поглед е пологично да се користат податоците за мајката, во нашиов случај тоа дава изместена слика. 1. Најголем фактор мислам дека се „албанските невести“ за „македонски ергени“, кои од пред 20-тина години почнаа да се „увезуваат“ во македонските рурални средини од Република Албанија. Ова е поткрепено и со официјалните статистички податоци за деца родени во брак од татко Македонец и мајка Албанка, наспроти обратната ситуација што се движи во симболични рамки. Пикот мислам дека е поминат пред околу една деценија, а вкупната бројка на овие жени е тешко да се утврди, но ако се земат во предвид некои статистички податоци и медиумски прилози или вести, за 20 години имаме сигурно над 1.500 вакви невести и барем двојно толку деца (генерално овие бракови се карактеризираат 2 или повеќе деца). А реално, деца од ваков брак што раснат во Струмичко, во Мариово, во Малешевијата итн, на попис ќе одат во македонска графа, затоа податокот за етничката припадност на мајката е обманувачки во конкретнава ситуација. 2. Значително помал, но сепак незанемарлив фактор е и разликата во бројот на деца родени од татковци Македонци и татковци Албанци, со мајки заведени во етничката графа „останати“. Добар дел од тие мајки се жени доселени во Македонија после стапување во врска/брак со македонски експати, или жените биле експати во Македонија па тука оформиле семејство со локалец. Во статистиката се забележува дека соодносот на деца од вакви заедници е значително во полза на Македонците. Македонците се очигледно малку поотворени кон вакви искуства, културолошки и религиозни фактори се веројатно поголема пречка кај Абанците. Во секој случај, ако такво дете израсне во Македонија, на попис многу порелевантна ќе биде етничката припадност на таткото. Е сега, не дека ова ги од корен ги менува работите. И не дека македонската демографија (во етничка смисла) во моментов не е очајна, и не дека не треба да се прават големи општествени напори да се намали исселувањето, а да се зголеми фертилитетот. Постов е чисто обид да се изгради барем малку појасна слика за состојбата. Исто така, да не бидам погрешно сфатен за меѓуетничкиот контекст на постов. Не ми е целта да докажувам дека во Македонија има малку Албанци или слични глупости... Будали се тие што мислат дека Албанците на пописот ќе бидат под 20%, а исто толку будали се тие што мислат дека во таков случај треба да се укине рамковниот договор. Но трендовите во етничката структура сепак се клучни за тоа како ќе функционира државава и колку стабилна и просперитетна ќе биде. На тоа фино се осврна MKDSTRUGA поназад во нишкава. И затоа воопшто не е небитно дали етничката структура полека се стабилизира или сеуште има простор за крупни поместувања. Во првиот случај ќе можеме конечно да намалиме со меѓуетнички надмудрувања што ни се камен околу врат на сите жители на Македонија, а приоритет да стане решавањето на вистинските проблеми на луѓето. Објективно (ако се исклучат националистичките каузи) на Албанците во Македонија ова сценарио исто така им носи многу повеќе корист, отколку да има долгорочна демографска нестабилност на државата која континуирано ќе му пречи на општествениот и економскиот развој, што нема никого да заобиколи. Edited by Cloverstack - 04-May-2021 at 01:17 |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Падна интересот за попишување на дијаспората, се попишуваа по 17.000 дневно, сега едвај 20!
Самопопишувањето на дијаспората започна нагло да опаѓа. Ако на почетокот на овој процес имаше случаи кога се попишуваа над 17 илјади печалбари дневно, откако пописот се одложи за септември, нивниот број сега не надминува 20 на ден. Дури и вкупниот број на попишани во дијаспората е далеку од очекувањата на претставниците на Државниот завод за статистика. Нивните очекувања беа дека во дијаспората ќе има околу 300 илјади попишани лица, додека досега се попишани околу 200 илјади. Заменик-директорот Илми Селами вели дека печалбарите треба да продолжат со онлајн пописот. Тие имаат поголема политичка зрелост од нас тука и убеден сум дека како и обично, тие правилно ќе го проценат овој процес и сите ќе се попишат. Очекувам пописот да се интензивира кон средината на август кога ќе завршат одморите и кога практично ќе бидеме во фаза на актуализирање пред почетокот на пописот во Македонија“, изјави Илми Селами, Заменик-директор на ДЗС. Но, од здруженијата на печалбари велат дека интензитетот на попишување кај иселениците опаѓа. Од здружението „Илирија“ во Германија велат дека прават сè за да ги сензибилизираат тамошните иселеници да се попишат онлајн во овој период до септември. „За жал, интересот за попишување значително е намален, иако не можам да дадам точен процент. Еуфоријата што беше на почетокот за овој процес во моментов ја нема. Ако прашаме зошто се случи ова, тоа е поради одложувањето на пописот за септември и изјавите на некои политичари кои не беа многу надежни и беа во спротивност со демократскиот процес. Ние преку здруженијата се организираме и повикуваме секој ден онлајн попишувањето да продолжи со тоа темпо. Но, би било добро нашите тамошни лидери да го упатуваат истиот апел на секоја средба или политичка активност за да имаат соодветен попис на дијаспората како население во таа држава“, рече Севдали Ќаили, Иселеник. Пописот на печалбарите почна на 1 март, а требаше да заврши на 21 април, заедно со пописот на резидентното население. Но, со одложувањето на пописот за септември на дијаспората ѝ беше овозможено да продолжи да се запишува до 30 септември, кога мора да заврши и пописот во земјава. https://alsat.mk/mk/padna-interesot-za-popishuvane-na-dijasporata-se-popishuvaa-po-17-000-dnevno-sega-edvaj-20/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ДЕЛЧЕВСКОТО СЕЛО ГРАД, НЕКОГАШ НАЈНАСЕЛЕНО ВО ПИЈАНЕЧКИОТ КРАЈ, ДЕНЕС ИМА ЕДВАЈ 200 ЖИТЕЛИ
Делчевското село Град, кое некогаш било едно од најнаселените во Пијанечкиот крај, денес е едно од најиселените. Од 1.000 жители колку што селото броело пред половина век, денес едвај има 200. Селото е на десетина километри од Делчево кон Пехчево на самата граница со Бугарија, а некогаш било општина и најнаселено поради што и го добило името Град. Иселувањето се провлекува повеќе од половина век кога во селото постојано се намалувал бројот на жителите. Во 1960-те години селото Град имало 500-600 жители. Во изминатите години, селото бележи постојан тренд на иселување, главно во странство. Селото Град доживува неколку демографски процеси. Во минатиот век било населено претежно со муслиманско население. Но, по нивното враќање во Турција, Град почнало да се населува претежно со луѓе од Паланечкиот крај, па така селото почнало да ја менува националната структура и денес повеќе од 95 проценти населението е христијанско. Од година во година, бројот на жители се намалувал и поголем процент од населението што останало да живее во селото се од постарите генерации. Во Град има малку млади луѓе кои му пркосат на новото време, а повозрасните жители со восхит се присетуваат на убавото минато, но истовремено со носталгија зборуваат за најновата судбина што ги снашла. „Сите три деца ми се во странство. Се иселија во Италија и ќерката и синовите. Едниот син, машински инженер, немаше работа овде и мораше да бара егзистенција надвор. По него заминаа и останатите две деца. Бабичката ми почина и сега сум сам. Иако тука имам роднини и добри соселани, сепак семејната самотија ме убива“, со солзи во очите зборува 86-годишниот Александар Стоев кој кога работел во Делчево бил еден од најпознатите тишлери во регионот. „Работилницата и сега ја имам во дворот на куќата, ама што ми треба кога јас повеќе не можам да работам, а нема кој да ме наследи. Располагам со комплет апаратура и алат, но џабе е кога се пропаѓа“, со жалење додава Стоев. Неговиот сосед Илија Златков, кој има 66 години, како помлад врзува крај со крај, но и тој е со истата судбина оти неговите деца заминале во странство. И двајцата велат дека порано било модерно да се напушти родното село за да се замине во некој поголем град во Македонија, во Делчево, Штип, Скопје, а сега како неопходна потреба заради егзистенција младите почнаа да одат во странство и ретко кој се вратил. Од поранешно богато сточарско село со развиено фармерство од повеќе десетици илјади грла крупен и ситен добиток, денес Град е со незабележително сточарство. Ретко која куќа одгледува нешто, главно се насочени на живина. Без разлика на составот на населението, жителите велат дека во селото и порано и сега секогаш постоел соживот во вистинската смисла на зборот. Во селото Град постои старата главна селска црква „Св. Ѓорги“, како и новата „Св. Архангел Михаил“ изградена на местото на старата истоимена црква. Како туристичка атракција е тврдината Градиште која се издига над селото. Тврдината била изградена во турско и била осматрачница и пушкарница. Над тврдината се наоѓа Коњска дупка најисточната пештера во Македонија. Неодамна бил изграден кеј на селската река и мост чија боја на оградата, како што велат селаните, се менува во зависност која е владејачката партија. Над селото Град се наоѓа планината Влаина и на само два километри е граничната линија со Бугарија. Жителите сметаат дека селото Град можело да има поинаква и поубава перспектива. Повозрасните селани зборуваат дека низ нивното село требало да минува железничката пруга кон Бугарија. „Уште во старо време почнал да се реализира проект за пробивање на тунел кај селото Град кој на неколку километри ќе излегувал во Бугарија. И двете страни почнале да го пробиваат ридот и биле ископани повеќе километри. Но, од непознати причини работите на тунелот престанаа, иако над нашето село се гледаат окната од тунелите што се пробиваа и за само неколку десетици метри не биле споени. Железничката пруга во тоа време беше проектирана да продолжи од Кочани до селото Град кон Бугарија. Но, кога се возобнови идејата за пруга кон Бугарија трасата се смени па отиде преку Крива Паланка“, велат останатите жители во селото Град. Тие, иако потекнуваат од паланечкиот крај и одамна се доселиле овде, жалат што пругата не се изградила во Источна Македонија и да минува низ областа Пијанец, а во селото Град да била главната железничка станица. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/delchevskoto-selo-grad-nekogash-najnaseleno-vo-pijanechkiot-kraj-denes-ima-edvaj-200-zhiteli/ |
|
![]() |
|
Staro Skopje ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
![]() ![]() |
Хрватите доста користат RH.
|
|
Градот убав никна, но го откорнаа
|
|
![]() |
|
гитардемон ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5424 |
![]() ![]() |
![]() СФРЈ. И Србите користат RS. Тешко излегуваме од таа матрица. |
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
|
![]() |
|
Staro Skopje ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
![]() ![]() |
Според прелиминарните податоци на ДЗС, во првиот квартал годинава
имало 3,896 живородени, за 7.04% помалку од истиот период лани кога
според прелиминарните податоци имало 4,191. Со вакво темпо годинава ќе
имаме околу 17.5 илјади живородени. По
региони: Скопски 1,392 (-8.96%), Полошки 590 (-8.97%), Пелагониски 427
(-4.04%), Југозападен 342 (-9.52%), Североисточен 303 (-1.94%),
Југоисточен 302 (-7.36%), Источен 278 (+5.3%) и Вардарски 262 (-10.9%).
Најголем раст имало во Вевчани (од 0 на 5), Македонски Брод (од 2 на 8,
300%) и Центар Жупа (4 на 10, 150%), а најголем пад во Дојран (10 на 3,
70%), Берово (29 на 10, 65.52%) и Лозово (7 на 3, 57.14%). Во општините
со мнозинство или релативно мнозинство родени Македонци имало 2,358
раѓања (-4.46%), Албанци 1,441 (-11.81%), Роми 72 (+2.86%) и Турци 25
(+31.58%). ![]() Починале 6,925 луѓе, за 35.76% повеќе од лани кога биле 5,101. По региони: Скопски 1,823 (+35.34%), Пелагониски 1,074 (+30.5%), Полошки 839 (+41.96%), Југозападен 705 (+37.43%), Југоисточен 650 (+46.07%), Источен 639 (+22.18%), Вардарски 597 (+47.77%) и Североисточен 498 (+9.45%). Најголем раст имало во Сопиште (3 на 21, 600%), Арачиново (4 на 14, 250%) и Липково (32 на 94, 193.8%), а најголем пад во Центар Жупа (9 на 5, 44.4%), Петровец (27 на 19, 29.6%) и Пласница (11 на 8, 27.3%). ![]() Во јануари, февруари и март 2021 се регистрирани 1,300 смртни случаи од КОВИД-19, но 1,824 смртни случаи повеќе од истиот период во 2020. На ниво на Македонија процентот на КОВИД од одвишок е 71.27%, а по региони: Североисточен 204.7%, Скопски 96.01%, Источен 89.66%, Пелагониски 76.49%, Вардарски 71.5%, Југозападен 67.71%, Југоисточен 43.41% и Полошки 41.13%. По ЦЈЗ подачја во Струга 320% (повеќе од три пати повеќе регистрирани КОВИД смртни случаи од одвишок), Ресен 300%, Пробиштип 275%, но Тетово 27.92%, Радовиш 31.43% и Валандово 37.5%. Пехчево и Свети Николе немале одвишок. ![]() |
|
Градот убав никна, но го откорнаа
|
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 1213141516 24> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |