Author |
Topic Search Topic Options
|
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#101 Posted: 07-Oct-2008 at 03:01 |
 Убаво пишува дека тие средства ќе бидат од предпристапните фондови на ЕУ. Тоа значи дека се еден вид донација. Точно дека делницата Д.Капија - Смоквица ќе чини многу повеќе, но ретко кога може да се очекува вакви проекти да се финансираат од еден извор и тоа баш донација. Финансиската конструкција ќе се затвори од повеќе извори на средства, кои се надевам се веќе обезбедени и наскоро конечно ќе тргне изградбата... Веќе премногу беше одолговлекувано...
Edited by Cloverstack - 07-Oct-2008 at 03:01
|
 |
Plugger
Senior Member
Joined: 15-Sep-2008
Online Status: Offline
Posts: 378
|
Quote Reply
#102 Posted: 07-Oct-2008 at 16:11 |
Clover, Jas fcera gledav na Alfa Vesti i kazaa deka vladata se ushte gi nema akreditirano tie donacii koj shto EU gi ima odobreno. Navodno po novite pravila morale tie da znaat tocno za sto tie pari ke se koristat, kako shto razbrav od 2008 do 2010 godina veke bile odobreni 240 miljoni evra. Mislam deka so tie pari ako se investiraat na pravo mesto bi mozhele mnogu da reshime niz drzhavata. Eve go tekstot
Македонија неподготвена да ги користи европските предприсатапни фондови
понеделник, 06 октомври 2008, 19:21
 Македонија не искористи околу 160 милиони евра од европските претпристапни фондови поради институционална неподготвеност. Од
вкупно 460 милиони евра колку што одвои ЕУ за побрз развој на
националната економија во земјава во периодот 2007-2013, остануваат
уште околу 300 милиони кои се уште неможат да се искорисатат затоа што
агенциите преку кои треба да се реализираат овие средства не се
акредитирани од Европската Комисија. Еден од предусловите за
искористување на ЕУ фондовите е добрата подготовка на државната
администрација и постоење на соодветни национални агенции за контрола
на трошењето на овие пари. За жал Македонија доцни со акредитирање на
овие агенции, а средствата сеуште се нерасположливи за користење.
Државата треба веднаш да се анагажира за да обезбедат потребните
институционални институции. Антоан Флоријан Баришиќ, европски
експерт од Хрватска, вели дека доколку ги искористиме овие средства што
ни ги нуди Европа како земја кандидатка за влез во унијата, тоа ќе
овозможи подобрување на стандардот и раст на стопанаството. Од
Владата на ова одговараат со демант. Министерот Ивица Боцевски за Алфа
изјави дека единствени експерти кои можат да се занимаваат со
европските ИПА фондови се владините соработници од секретаријатот за
европски прашања, министерството за финансии и ипард агенцијата. Македонија
како кандидатка за влез во ЕУ има право да ги користи средствата од
ИПА, како помош во транзицијата, прекуграничната соработка, регионален
развој, човечки ресурси и рурален развој. Во Македонија засега, дури не
се акредитираат соодветните агенции, можат да се користат средствата од
ИПА само за првите 2 сегменти. Новинар: Александар Јанев
http://vesti.alfatv.com.mk/default.aspx?mId=37&eventId=999
Edited by Plugger - 07-Oct-2008 at 16:54
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#103 Posted: 07-Oct-2008 at 22:22 |
Ќе се обноват единаесет патишта
Владата почна со програмата за обнова на патиштата во земјава.
Вчера е распишан тендер за единаесет регионални патишта Илинден -
Калуѓерец, Ржаничино - Овче Поле, Лакавица - Дреново, Давидово -
Раброво, конекција - Кратово - конекција М-5, Струга - Дебар, Макази -
Долно Дупени (граница со Грција), Прилеп - Кичево и Прилеп -
Кривогаштани, потоа Превалец - Смојмирово, како и Струмица - Нов Дојран
- Дојран (граница со Грција).
Овој проект е финансиран од Светската Банка со 70 милиони евра и ќе
се реализира во следните три години. Во моментов се водат разговори со
Европската банка за обнова и развој за обезбедување на 50 милиони евра
за реконструкција на други патишта од регионалната мрежа. Инвестициите
за локалните патишта, пак, ќе бидат реализирани во соработка со
општините. Во земјава има 8.995 километри локални патишта, а вкупниот
предвиден износ од 34 милиони евра ќе им биде распределен на сите 84
општини врз основа на формула и критериуми што се утврдуваат заедно со
Заедницата на локална самоуправа - ЗЕЛС.
Катерина Панова Илиевска, портпарол на Агенцијата за државни патишта
вели дека има голем интерес од општините и оти за првата фаза (вкупно
се пет), аплицирале 30 општини со над 80 проекти.
http://vecer.com.mk/?ItemID=293E95D8486B7E40BE25E38CD7005D75 |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#104 Posted: 07-Oct-2008 at 23:58 |
Некако ми фали еден податок, колку вкупно километри ќе се реконструираат! Чисто онака за споредба!
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#105 Posted: 08-Oct-2008 at 00:08 |
Па уште не се избрани сите проекти
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#106 Posted: 13-Oct-2008 at 17:58 |
 ПРОТЕСТ НА ЖИТЕЛИТЕ НА НЕКОЛКУ КУМАНОВСКИ СЕЛА
Мостот на Петрошница ќе се урне
Стотина жители од десетина кумановски села вчера се обидоа да го
блокираат магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, кај селото Облавце,
со механизација и да и порачаат на актуелната власт да го поправи
мостот на реката Петрошница. Мостот на стариот пат, кој ги спојува
селата Макреш, Облавце, Канарево, Сув Ора, Ругинце и Војник е оштетен
пред 10 години и не може да се користи, затоа што секој момент може да
падне, па мештаните заобиколуваат и по 10 километри за да се вклучат на
новиот регионален пат.
Големото полициско обезбедување, засилено со специјалци, не дозволи патот да биде блокиран.
"Десет години се изложуваме на опасност мостот да се урне додека некој
се движи по него. Една голема поплава го оштети и оттогаш сме
препуштени да одиме по споредните патишта. Кога се градеше новиот пат,
ни ги заобиколија селата за да немаме проблеми во движењето и во
сообраќајот, но сега испадна дека сме отсечени од светот. За да одиме
во полето со трактори, мораме да се движиме по магистралниот пат и
полицијата не казнува, а нема каде на друго место", вели Стојадин
Максимовски од Макреш.
Жителите од овие села особено се револтирани од односот во Општината
Старо Нагоричане каде што со години одбиваат да разговараат за нивниот
проблем. Градоначалникот Власто Димковиќ не се појави ни вчера, иако
бил повикан.
http://www.vest.com.mk/default.asp?id=158194&idg=8&idb=2497&rubrika=Makedonija |
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#107 Posted: 13-Oct-2008 at 18:17 |
Во врска со дискусијата што ја водевме во однос на автопатско решение за делницитие Штиип-Отовица и/или Штип-Миладиновци ( http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1236&PID=11275#11275), еве најдов еден интересен текст од 10.12.2007 Доколку наведените податоци во текстот се точни, а нема други објективни фактори кои се испуштени, испаѓа дека сепак Штип-Отовица е подобра варијанта). Единствено останува да ме багира e опцијата луѓето да избегнуваат патарина користејќи го и оптоварувајќи го идниот модерен пат Кадрифаково-Миладиновци, но тоа избледува во однос на другите фактори. Во рамките на можностите (google earth  ) на времето направив погрешна проценка за разликата во должината помеѓу двете траси - на едната сум и додал а на другата сум и скратил околу 3 километри, па крајната разлика не беше баш занемарлива (инаку јас рачунав од клучката кај Штип, а во текстот е рачунато од клучката кај Кадрифаково, но тоа ништо не менува во суштината) Но ако фактите стојат вака, тогаш уште поирационално станува градењето на двете делници кои ќе се дуплираат дури и повеќе отколку што мислевме. Конечно нека изберат една и нека не се расплинува енергијата... Текстот е недвосмислен за тоа која би била подобра, но дури и текстот да не ја доловува вистинската ситуација, градењето на двете сепак останува вистинска будалаштина.
Ајде ќе видиме како ќе помине тендерот за концесии... Таму веќе ќе завршат приказните и ќе почне реалноста.
Патна врска на источна Македонија со Скопје
М-р Љубомир Тодоровски, градежен инженер, Скопје
За поврзување на источна Македонија со Скопје, покрај постојната
патна врска преку Велес, подолго време се инсистира за изградба на
патна врска преку Свети Николе. На надлежните од општините од источна
Македонија како најзаинтересирани, им се давани податоци дека патната
врска преку Свети Николе во споредба со врската преку Велес ќе била
покуса за повеќе од 20 километри, што е апсурд. Ваков податок е искажан
и во дел од печатот.
Меѓутоа, вистинската состојба е многу
поразлична. Имено, должината од клучката „Кадрифаково“ до клучката
„Хиподром“ (како заеднички за сите варијанти), сега по постојниот пат
изнесува 63,63 км. Со изградбата на делот од клучката „Младост“
(„Отовица“) до клучката „Кадрифаково“, за која постои техничка
документација и која требаше да има приоритет пред поодамна изградената
трета лента Велес - Велешко Брдо, и со реконструкцијата на делот
Каратманово - Кадрифаково што е неминовно, оваа должина ќе изнесува
56,60 км.
За делницата од Свети Николе до Миладиновци е
изработена техничка документација, а должината изнесува 33 километри,
односно вкупната должина од Кадрифаково до Хиподром ќе изнесува 55,54
км. Оваа разлика не е повеќе од 20 километри, туку е само еден
километар. Ако се има предвид дека превалецот кај месноста „Кула“
(врска преку Велес) е со кота 476 м, а превалецот помеѓу с. Малино и с.
Сушица (врска преку Свети Николе) е со кота 600 м, не само што се
компензира разликата, но по однос на должината врската преку Велес
станува поповолна.
Како друга можна врска од Свети Николе кон
Скопје е разгледувана варијантата Свети Николе - Џидимирци (или Крушје)
- Катланово. И оваа варијанта е со иста вкупна должина и со слични
релјефни услови, но за изградба делот е покус за околу шест километри.
Делницата
Кадрифаково - Велес (клучка „Отовица“) е со значително поголем
приоритет од врската Свети Николе - Миладиновци или Свети Николе -
Катланово, бидејќи, како што е напомнато, се обезбедува практично иста
должина, а релјефните услови овозможуваат со помали инвестиции да се
изгради пат со подобри технички елементи.
Со изградбата на
делницата Кадрифаково - клучка „Отовица“ и со продолжување со
изградбата на започнатиот и запоставениот (за сметка на ниту технички
ниту економски и оправдана градба на трета лента на патот Градско-
Прилеп), пат Велес - Прилеп, се обезбедува најповолна патна врска на
источна Македонија и кон Скопје и кон западна Македонија.
Треба
да се истакне дека само на градот Свети Николе и на населбите северно
од Овче Поле, врската преку Велес им е подолга за околу 20 километри
отколку преку Миладиновци или преку Катланово. За да се подобри врската
на Свети Николе со Скопје, треба за изградба да се избере поповолната
од овие две варијанти, со технички елементи што ќе одговараат на
сообраќајните потреби. |
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=ED937DA519089B47B4CC5F970524E2A3
Edited by Cloverstack - 25-Mar-2011 at 05:00
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#108 Posted: 13-Oct-2008 at 19:12 |
Јанакиески ги искара градоначалниците, понудиле лоши проекти за реконструкција на патиштата
| < ="text/">
Нестручни и погрешно изработени проекти понудиле општините за
реконструкција на локалните патишта преку заем од Светската банка.
Министерот Јанакиески денеска ги искара градоначалниците. По
направената контрола се утврдило дека најголемиот дел од проектите на
општините се погрешно изработени и со нереални цени. Сега тендерот се
одлага. Јанакиески им порача на градоначалниците да не импровизираат
ако сакаат реконструкција на локалните патишта.
Светската банка сега ќе прави нова ревизија на проектите.
Општините се бранат. Тврдат дека не биле виновни за лошо изработените
проекти.
За реконструкција на локалните патишта преку заемот од
Светската банка се предвидени 34 милиони евра. За еден месец се очекува
општините повторно да ги понудат проектите и да стартува
реконструкцијата на локалните патишта. | http://kanal5.com.mk/ShowNews.aspx?ItemID=38941&mid=1500&tabId=1&tabindex=0 |
|
 |
beTon
Senior Member
Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
|
Quote Reply
#109 Posted: 17-Oct-2008 at 22:41 |
Македонија На Прагот На Голем Инвестициски Бум Во Сообраќајната Мрежа АВТОПАТСКИ РЕШЕНИЈА КОН СИТЕ СОСЕДИ
Моќни финансиски институции и конзорциуми од Европа, Кина, Индија и од Северна Америка испратија писмо на интерес до Министереството за транспорт и врски за учество на тендерот за концесии на автопати со наплата на патарина. Писмата на четириесет и осум фирми во оваа а за од проектот значат изразување прелиминарен интерес за учество, заедно со Владата, во проектирање, изградба, финансирање, работење и одржување неколку автопати со наплата на патарини. Сега следува втората фаза од постапката за издавање патишта под концесија. Во оваа фаза, како што неодамна изјави надлежниот министер, најдоцна до почетокот на идниот месец треба да се почне со постапката за концесионирање. Резултатите од физибилити студијата која веќе е готова ќе биде основа за сите на тамошни постапки. Интересно, но големите македонски компании не се јавија на повикот на Министерството. Тие велат дека обврските кои би ги презеле за стопанисување со понудените делници се преголеми за нив, бидејќи пресметале дека инвестицијата нема брзо да им се врати. Познавајќи ги состојбите во Македонија градежните компании кои работат на изградба на патишта сметаат дека само делницата Скопје-Тетово-Гостивар е рентабилна. Протокот на возила на делниците понудени на концесија е толку мал, што го одложува исплатувањето на инвестицијата, освен ако не се дозволи наплата на астрономски патарини, што веројатно нема да биде случај. Покрај тоа, банкарските услови во земјава не дозволуваат учество на тендерот, се жалат градежниците. Од овие причини ниту една поголема домашна градежна фирма не е во состојба да инвестира во изградба на патот и да чека неколку години да й се врати инвестицијата.
"ИНГРА" ЌЕ ГО ГРАДИ АВТОПАТОТ КУМАНОВО-ТАБАНОВЦЕ Понудата на хрватската градежна компанија "Ингра" за изградба на делницата Куманово-Табановце на делот од Коридорот 10 е оцената како најповолна. За ова од "Ингра" објавија со општение, во кое се додава дека договорот за реализација на овој проект вреден 10 милиони евра наскоро ќе се потпише. Во соопштението се додава и дека изградбата на делницата од автопатот од Куманово кон границата со Србија, во должина од 7,5 километри, е прва поголема зделка добиена на маке донскиот пазар, а нејзината изведба е планирана со користење на оперативата на ГП "Маврово", кое е во нејзина сопственост. На тендерот, кој го распиша Фондот за магистрални и регионални патишта на Македонија, понуди доставија две домашни и шест странски компании. |
НОВИ ДЕЛНИЦИ Под концесија се нудат седум делници со вкупна должина од 550 км. Тоа се делниците од Романовце до Деве Баир (70 км), од обиколницата на Скопје до граничниот премин Блаце (13 км), од Гостивар до охридскиот аеродром (93 км), од границата со Албанија до Битола (85 км), од Меџитлија до Велес (130 км), од Велес до границата со Бугарија (120 км) и последната делница од Штип до Миладиновци (49 км). Со изградбата на автопат на седумте делници кои ќе се дадат под концесија, сегашните главни магистрали ќе станат алтернативни патишта, информираат од Фондот за патишта. Рокот на концесионирање ќе биде утврден во втората фаза од проектот. Потенцијалните концесионери ќе добијат и рок во кој ќе треба да ја завршат инвестицијата. Тие ќе треба да изработат главен проект со анализа за влијанието на животната средина и структура на финансирање на проектот. За времетраењето на концесијата, концесионерот треба да се грижи за одржувањето на делницата. Студијата сега е во фаза на превод, а ја изработи консултантската куќа "Луис Берже". Меѓу заинтересираните компании за концесионирање на македонските патишта се познатите "Штрабаг", "Ингра" и "Алпине", но министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески неодамна на помна дека е рано да зборува во оваа прва фаза бидејќи се работи само за пројавен интерес, а не за конкретна понуда. "Доколку не успее во овој проект, односно доколку некои од патиштата не се дадат под концесија, тогаш Владата ќе почне постапка за обезбедување финансиски средства од меѓународните фиансиски институции, со цел да се изградат овие делници", потенцира Јанакиески. Компаниите кои успешно ќе ја по минат фазата за претквалификација ќе учествуваат на тендерот за онцесии на автопати со наплата на патарина. Дополнително ќе биде утврдено дали ќе се нуди секоја делница поединечно или, пак, во пакет. Инаку, се работи за сосема нови делници кои ќе се градат на ниво на автопат, а за кои ќе се наплатува патарина. Првичната проценка е дека целиот проект кој ги опфаќа сите патишта ќе чини околу 2,3 милијарди евра. Опфатени се вкупно околу 550 километри патишта, поделени во седум одделни делници.
СЕ РАБОТИ И НА МОСТОВИТЕ По реконстукцијата на мостовите кај Велес, сега се реконструираат мостовите и кај Демир Капија. Втората фаза од Проектот за зајакнување и санација на мостовите, кој се спроведува со поддршка од НАТО треба да заврши до крајот на годината. Во 2007 година заврши првата фаза од овој Проект, со која беа опфатени 29 мостови на потегот од Скопје до Велес. Времето само ќе покаже колку тој бил значаен, затоа што за голем дел од санираните мостови постоеше опасност да станат неупотребливи. |
ПОВЕЌЕ ИНВЕСТИЦИИ Иако Владата активно работи во насока на изградба на главните транспортни оски Коридорот 8 и Коридорот 10, кои претставуваат висок приоритет, пара лелно се унапредува и регионалната и локалната патна инфраструктура. Во насока на подобрување на патната инфра структура во земјава, предвидени се средства од 70 милиони евра, кредит од Светска банка, а дополнително ќе се обезбедат уште 50 милиони евра од други меѓу народни финансиски институции. Ова инфраструктурно вложување е најголемо од осамостојувањето на Република Македонија. Со средствата ќе се изградат и ќе се реконструираат повеќе од 2.000 км локални патишта, а останатите ќе бидат распределени за изградба на регионалните патишта. За локалните патишта во соработка со општините е спроведена иницијатива за добивање податоци околу неопходните проекти, кои општините не успеале да ги реализираат, а кои опфаќаат рехабилитација на постојните патни правци и изградба на нови. Ова има цел да овозможи подобар пристап до населените места, подобра поврзаност во патната мрежа, исто времено создавајќи исклучително поволни услови за развој на локалната економија. Покрај овие средства, во Годишната програма на Фондот за магистрални и регионални патишта Владата предвиде и други средства, кои се наменети за инвестирање во капитални проекти за патната инфаструктура во Република Македонија. Со овие средства ќе се комплетираат повеќе делници, меѓу кои и обиколницата кај Скопје, со што ќе се намали сообраќајниот метеж во главниот град. Во моментов се разгледуваат и се имплементираат препораките од консултантот "Louis Berger". По дефинирањето на моделот до крајот на 2008 година ќе биде распишан тендер за давање под концесија на делниците кои влегуваат во овој проект, делници од Коридорот 8, како и останати делници кои се значајни за добро транспортно поврзување на Република Македонија. Покрај ова, и коридорите 8 и 10 остануваат приоритети на Владата, како важ ни економски и транспортни оски. Се очекува до крајот на 2008 година да биде заокружена финансиската конструкција и целосно да се изготви проектната документација за да почне изградбата на остатокот од автопатната мрежа од Коридорот 10 во должина од 27 км на правецот Демир Капија-Смоквица. Минатата година се реализираа подготвителни активности за делницата Табановце-Куманово во должина од 7,3 км, а до крајот на годината се очекува да почне интензивна градба на оваа делница - дел од Коридорот 10. Во однос на Кородорот 8, во тек е изградба на обиколницата околу Скопје, за делниците на потегот Куманово-Крива Паланка, а за делниците Кичево-Ќафасан во тек е подготовка на проектна документација, по што следува отпочнување на постапките за експропријација. Во текот на 2008 година се планира подготовка на проектна документација за градба на ниво на автопат на делниците Велес-Штип-Делчево, Велес-Прилеп, Прилеп-Битола, Битола-Ресен-Охрид.
Арсен Колевски - Македонско Сонце - 26.9.2008 |
|
 |
kire85
Senior Member
Joined: 27-Nov-2007
Location: Düsseldorf
Online Status: Offline
Posts: 400
|
Quote Reply
#110 Posted: 18-Oct-2008 at 00:45 |
 stvarno se odlicni najavive....2000km regionalni patista i 550km avtopat....ne e mala rabota. samo da pocekame i da vidime kolku toa drzi voda, jas i ponatamu sum optimist... beton da ne znaes slucajno od kade e planirano da pominuva avtopatot od gostivar do ohrid...odnosno delot od kaj sto sega se vozi preku straza?
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#111 Posted: 18-Oct-2008 at 00:54 |
Кире накратко ќе ти одговорам. Знам дека трасата после Гостивар до Кичево е видно изменета, а за после Кичево мислам дека останува истата. Побарај поназад сигрно имаме и за тоа текстови, баш се сеќавам на дискусијата, но да не се навраќам сега на веќе правен муабет побарај поназад.
|
 |
kire85
Senior Member
Joined: 27-Nov-2007
Location: Düsseldorf
Online Status: Offline
Posts: 400
|
Quote Reply
#112 Posted: 18-Oct-2008 at 00:56 |
Originally posted by lslcrew
Кире накратко ќе ти одговорам. Знам дека трасата после Гостивар до Кичево е видно изменета, а за после Кичево мислам дека останува истата. Побарај поназад сигрно имаме и за тоа текстови, баш се сеќавам на дискусијата, но да не се навраќам сега на веќе правен муабет побарај поназад.
|
da de bas za taa od gostivar do kicevo mislev...ama nema vrska, ke pobaram cim ima niz niskava
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#113 Posted: 18-Oct-2008 at 16:54 |
Мислам немаме паднато на тој муабет (трасата на Гостивар-Кичево) овде на билд. Како што кажа лсл, идната автопатска траса е видно изменета во однос на постоечкиот магистрален пат и поминува доста поблиску до пругата Гостивар-Кичево. Наместо прво накај Маврово, ќе се оди малку подиректно, а наместо Стража (1212м) ќе имаме планински превој Буковик (1185м).  Автопатската траса е одбележана со црвено, а постоечкиот магистрален пат со бледо жолто и не е сосема опфатен. 
Edited by Cloverstack - 18-Oct-2008 at 16:56
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#114 Posted: 18-Oct-2008 at 16:59 |
 хм солиден планински превој не многу различен од Стража... ја мислев дека трасата е променета меѓу другото да нема толку пентрање.
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#115 Posted: 18-Oct-2008 at 17:07 |
 Па би можело да има битна промена доколку на тоа место е планиран некој поголем тунел за кој што не сме запознаени.
|
 |
beTon
Senior Member
Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
|
Quote Reply
#116 Posted: 18-Oct-2008 at 19:16 |
автопатот е трасиран да оди покрај или паралелно со пругата(меѓу магистралниот и пругата) траса која е предвидена според просторниот план ’02-’20 (сл.1доле) , но во тој случај братот ми вели дека проблем за автопати на ваков терен се малиот радиусот на кривините заради големата косина, а како друга варијанта може да оди преку ново село до каде се ќе си оди по старата траса а после дали ќе имаме мостови или тунели накај с.Симница (сл.2доле) тоа е веќе работа на концесионерот, но кое и решение да го изберат западната трансферзала ќе биде најживописното решение во државава посебно во есен  

|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#117 Posted: 21-Oct-2008 at 15:03 |
НОВИ ПРАВИЛА ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА РЕКЛАМНИТЕ ТАБЛИ
Билбордите на 25 метри од автопатиштата
Агенцијата за државни патишта нема да ги дислоцира билбордите кои
според новиот Закон за јавни патишта се непрописно поставени од двете
страни на делниците низ Македонија. Со новите правила рекламните табли
и натписи треба да се поставуваат на речиси двојно поголемо растојание
од претходното, но засега овие правила ќе се применуваат за билбордите
кои допрва треба да добијат место покрај патиштата.
Според новиот Закон, најмалата оддалеченост меѓу патниот појас на
автопатиштата и рекламните паноа треба да биде 25 метри, а според
старите правила најмалото дозволено растојание беше само 7 метри. Кај
магистралните и регионалните патишта пак најмалото дозволено растојание
е 10 метри, а претходно билбордите се поставуваа на само 5 метри,
додека кај локалните патишта од 3 метри најмалото дозволено растојание
е 5 метри.
Ако треба да се почитуваат новите правила Државниот инспекторат за
транспорт ќе треба да ги отстрани речиси сите рекламни паноа и натписи
од патиштата низ Македонија, оти многу мал број од нив ги исполнуваат
новите услови.
Од Агенцијата за државни патишта велат дека и покрај тоа што стариот
закон е вон сила , старите правила ќе важат за веќе поставените
билборди се до истекувањето на дозволите за нив.
"Новите правила ќе важат само за рекламните табли и натписи што ќе
добиваат дозвола од денот на стапувањето во сила на новиот Закон за
јавни патишта. Веќе поставените билборди ќе се адаптираат на новиот
Закон дури откако ќе истечат договорите, но само ако сопствениците
поднесат ново барање за употребна дозвола", велат од Агенцијата за
државни патишта.
Според Агенцијата, измените на Законот се направени за да се обезбеди
патниот појас, како и да се зголеми безбедноста и прегледноста на
патиштата низ Македонија. |
http://www.vest.com.mk/default.asp?id=158583&idg=8&idb=2504&rubrika=Makedonija
|
 |
beTon
Senior Member
Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
|
Quote Reply
#118 Posted: 23-Oct-2008 at 19:00 |
Originally posted by vardar
Originally posted by lslcrew
Веројатно се мисли за и коридорот 10 и коридорот 8 заедно!
А пак за кој проект ќе бидат тие 285 милиони.
Текстов е малце конфузен, но го постирав тука пошто се спомнаа некои цифри и затоа!
|
Не сум сигурен али мислам дека ова само за србите се однесува, конкретно за делниците ниш-мк и ниш-бг (не и за К8 меѓу мк-бг) Како што викаш ич не е јасно напишано али ја како што го разбрав ЕИБ ке даде 540 а светска банка 285милиони за истиот проект |
конечно коридорот 10 ќе расцвета, уште и пругата во србија да ја средат и ете ја европа, а во спротивно и да имаме и европски пасоши и европска легислатива, без инфраструктурните артерии ќе останевме видени само на ТВ или на Balkan Blue-Chip ...
ЕИБ ќе го кредитира српскиот дел од Коридорот 10Европската инвестициона банка ќе ја кредитира изградбата на делницата на Коридорот 10 со 540 милиони евра, соопшти српското Министерството за економија. За делницата Лесковац-Прешево ќе бидат издвоени 240 милиони евра, а 300 милиони евра за делницата Ниш-Димитровград. Се очекува дека заемите ќе бидат одобрени на 25 години со период на почек од 5 до 7 години и камата поповолна од вообичаените пазарни услови, се вели во соопштението на Министерството за економија и регионален развој. Истовремено, на состанокот на министерот Млаѓан Динкиќ и шефот на канцеларијата на Светска банка во Србија Сајмон Греј договорено е од првата транша кредитина оваа организација од 250 милиони долари да се искористат за изградба на делницата Лесковац-Прешево, а останатите 150 милиони долари за автопатот Ниш-Димитровград. (Б92) - Porta3 - број 92 |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#119 Posted: 23-Oct-2008 at 19:05 |
 Во нишкава се задржуваме на дискусија околу патната мрежа низ Македонија, и делниците од коридорот 8 и 10 кои се наоѓаат во Македонија. Не гледам причина да разгледуваме вести од српскиот или бугарскиот дел од коридорите.
|
 |
beTon
Senior Member
Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
|
Quote Reply
#120 Posted: 23-Oct-2008 at 19:31 |

па ако и србија и грација се дел од К10 тоа и нас не тангира во овој случај значи артеријата ќе профункционира, во спротивно и mega(widest)highway да имаме во МКД џабе ќе ни биде...
|
 |