Author |
Topic Search Topic Options
|
fichot
Senior Member
Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2602
|
Quote Reply
#181 Posted: 09-Dec-2010 at 01:44 |
а има нешто рендери од ова? или уште е рано?
Edited by fichot - 09-Dec-2010 at 01:44
|
 |
Portal
Senior Member
Joined: 13-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 452
|
Quote Reply
#182 Posted: 09-Dec-2010 at 01:35 |
samo da dodam deka i vo ovoj kompleks ke ima Ramstor...
|
 |
zabegan
Senior Member
Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
|
Quote Reply
#183 Posted: 13-Oct-2010 at 17:44 |
ако се гради нешто тука очекувајте повеќе апдејти од мене бидејќи го гледам низ прозор, како Фосил што гледа кон хотелот
|
 |
FoSsiL
Senior Member
Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
|
Quote Reply
#184 Posted: 13-Oct-2010 at 14:27 |
Како што реков.... еве ги и преградите.... 
|
 |
FoSsiL
Senior Member
Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
|
Quote Reply
#185 Posted: 12-Oct-2010 at 18:58 |
|
 |
FoSsiL
Senior Member
Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
|
Quote Reply
#186 Posted: 08-Oct-2010 at 20:37 |
Ај сега за сега нека стои тука.... ако има некоја одредена тема за ова префрлете ако не кога ќе почнат со градежни работи па ќе отвориме нова.... сликите ми се од мобилен... дури се изненадив како испаднаа и покрај лошото време... од денес се... Се надевам знаете за што се работи.... локацијата е спроти Бисер... 41°59'9.50"N 21°28'0.09"E 

Претходно дупчеа на уште мислам 3 места.... овие се 2 нови... а мислам дека ќе има уште две.... ако ни и повеќе... Јас сепак мислам дека местово е погодно за едно мало плоштадче или паркче со некоја фонтана, клупи итн.
Edited by FoSsiL - 08-Oct-2010 at 20:39
|
 |
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#187 Posted: 30-Jul-2010 at 16:54 |
Ајдован Адемоски си ја шири империјата во Скопје Со двата нови
објекта
што ќе ги гради во општината Аеродром, познатиот скопски бизнисмен ќе стане целосен
или делумен сопственик на пет капитални и репрезентативни зданија во Скопје |
|
|
|
 |
|
Сосема нов трговски центар и бренд неповрзан со „Рамстор“. Ова е
единствениот опис што бизнисменот Ајдован Адемоски го даде за својата
најнова инвестиција, изградбата на трговски центар спроти „Бисер“ во
скопската населба Аеродром, откако завчера неговата фирма „Сити плаза“
го доби земјиштето од 5.475 квадратни метри, за рекордни 600 евра по
квадрат.
Со оваа и со другите тековни инвестиции, Адемоски, кој до пред половина
деценија беше познат како увозник на бела техника, ќе биде целосен или
делумен сопственик на два трговски центри, два хотела и на една
ексклузивна деловна зграда со вградена катна гаража. Тој е исто така и
почесен конзул на Република Турција во Македонија и главен партнер на
поголемите турски инвеститори во земјава.
- Планираме да почнеме да градиме во октомври. Деталите за проектот ќе
ги утврдиме наскоро - кратко рече Адемоски, додавајќи дека поради
презафатеност не може да го продолжи разговорот.
Откако 15 години тргуваше со телевизори, фрижидери и со други апарати
за домаќинството од марките „беко“, „арчелик“ и „грундиг“ преку
својата фирма „Евроазија техника“, Адемоски во 2003 година, како партнер
на турскиот бизнисмен Рахми Коч, почна да го гради трговскиот центар
„Рамстор“, во кој тој има 20 отсто влог. Овој објект од 25 илјади
квадрати се отвори на 11 јуни 2005 година и стана првото здание на кое
беше испишано неговото име. Инвестицијата сепак беше во сенка на
скандалот со продажбата на земјиштето, кое Бранко Црвенковски како
премиер го продаде со непосредна спогодба за само 25 евра за квадрат.
Само четири месеци подоцна Адемоски влезе и во хотелскиот бизнис. Во
октомври истата година го отвори хотелот со пет ѕвездички „Стоун бриџ“
на кејот на Вардар, веднаш до Камени мост, со 30 соби, конференциски
сали, турски амам и со панорамски ресторан на највисокиот кат. Во овој
објект беа вложени околу седум милиони евра.
Наредната година заедно со НЛБ Тутунска банка почна да го гради и
објектот до „Рамстор“, во рамките на истиот плац купен за 25 евра за
квадрат. Иако оваа зграда беше најавувана како катна гаража со деловен
простор, денес таа е современа деловна зграда со места за паркирање во
подземјето. Две и пол години подоцна, во јануари лани, со голема
свеченост се отвори новиот управен објект на НЛБ-групацијата, а помал
дел од комплексот се догради подоцна и е во сопственост на „Сити
плаза“, другата фирма на Адемоски.
Годинава тој почна да го напушта центарот на градот и се сврте кон
општината Аеродром, па „Сити плаза“ за само два месеца доби две
земјишта преку јавно наддавање. Едното е наменето за хотел и се наоѓа
во близината на мостот „Близнак“, во рекреативната зона покрај кејот на
Вардар, каде што се градат тениски и фудбалски игралишта, а е
предвиден и аква-парк. За овој плац од 5.175 квадратни метри фирмата во
мај понудила околу 550 илјади евра, по 105 евра за квадрат. Дури шест
пати повеќе го чинеше тоа што го купи завчера на нецел километар
оттаму, спроти трговскиот центар „Бисер“, за кое со понудени 3,2
милиони евра или 600 евра по квадрат, во наддавањето победил четири
други понудувачи, меѓу кои и „Кам маркет“ и „Тинекс“.
Што сé има Адемоски?
• Два трговски центри
• Два хотела
• Една ексклузивна деловна зграда со вградена катна гаража
• Тој е и почесен конзул на Република Турција во Македонија и главен партнер на поголемите турски инвеститори во земјава |
|
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=73010108136&id=9&prilog=0&setIzdanie=22047
|
 |
lupo
Senior Member
Joined: 13-Nov-2009
Online Status: Offline
Posts: 434
|
Quote Reply
#188 Posted: 29-Jul-2010 at 20:33 |
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=72910103955&id=14&prilog=0&setIzdanie=22046
Адемовски ќе гради трговски спроти „Бисер“
Ајдован Адемовски, сопственик на фирмата ДДУТ „Сити плаза“ ДОО Скопје, ќе гради трговски центар во општината Аеродром, на празниот плац спроти ТЦ „Бисер“. На вчерашното наддавање за оттуѓување на државното градежно земјиште, за парцелата од 5.475 квадратни метри тој понуди 197.100.000 денари, односно 36.000 денари по квадратен метар, со што беше избран за најповолен понудувач |
|
|
|
 |
|
- Во јавното наддавање, кое го организира Министерството за транспорт и врски, учествуваа „Каммаркет“, „Рамстор“, „Тинекс“ и едно физичко лице. Сега за сега не можам да ви кажам кога и како ќе почнам да градам - ни изјави Адемовски.
Од Министерството за транспорт и врски информираат дека во согласност со важечките урбанистички планови, плацот на булеварот Јане Сандански спроти ТЦ „Бисер“ е наменет за изградба на големи трговски центри.
Адемовски односно „Сити плаза“ е должна во рок од 15 дена од приемот на писменото известување за наддавањето да ги уплати 197-те милиони денари. Доколку фирмата не ги уплати парите во утврдениот рок, ќе се смета дека градежното земјиште не е продадено. Исто така, со купопродажниот договор „Сити плаза“ се обврзува во рок од девет месеци од општината Аеродром да обезбеди одобрение за градба на предвидениот објект, но и да го изгради во рок предвиден во согласност со Законот за градење.
|
|
 |
build.mk
Senior Member
Joined: 13-May-2010
Online Status: Offline
Posts: 216
|
Quote Reply
#189 Posted: 28-Jul-2010 at 19:51 |
Продадено земјиште спроти ТЦ Бисер за 600 евра за метар квадратенЗа
парцела со површина од 5.475 метри квадратни во општината Аеродром,
државата ќе инкасира нешто над 3 милиони евра, односно речиси 600 евра
по квадрат. Парцелата се наоѓа на булеварот Јане Сандански, директно од
спротивната страна на трговскиот центар „Бисер“. Според Деталниот
урбанистички план „Јане Сандански – урбана единица В“ (усвоен на
29.03.2010) таму е предвидена голема трговска единица со приземје и
седум ката и најголема висина до венец од 28,4 метри. Бруто развиената
површина на објектот е ограничена на максимални 20.000 метри квадратни.
Почетната цена на јавното наддавање кое се одржа денес изнесуваше
6.000 денари за метар квадратен, а најповолен понудувач беше ДДУТ „Сити
плаза“ ДОО Скопје, која понуди 36.000 денари. Од „Сити Плаза“
соопштуваат дека проектот е веќе подготвен и дека трговскиот центар кој
ќе биде македонско-турска инвестиција ќе никне најдоцна за 36 месеци. Во
проектот се вклучени и 500 паркинг места.
Ова беше трета лицитација за ова земјиште. Првиот обид за продажба се
случи уште на почетокот на 2008 година, кога непосредно после
расчистувањето на теренот кое го спроведе тогашниот градоначалник на
општината, Кирил Тодоровски, Министерството за транспорт и врски објави
оглас со почетна цена од 25.000 денари за метар квадратен. Пред објавата
на третиот оглас беше корегиран урбанистичкиот план и површината на парцелата беше
намалена за околу 10%.
| http://www.build.com.mk/?p=4633
Edited by build.mk - 28-Jul-2010 at 19:53
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#190 Posted: 28-Jul-2010 at 17:00 |
А која е локацијата?? Онаа карши Бисер (од другата страна на булеварот)?
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#191 Posted: 28-Jul-2010 at 16:36 |
 Сити плаза, фирмата која сеуште не ја отвори "катната гаража" дел од комплексот НЛБ Тутунска?
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#192 Posted: 28-Jul-2010 at 15:19 |
Платена рекордно висока цена за градежно
земјиште во Скопје
Компанијата
“Сити Плаза“, денеска на јавна лицитација понуди досега рекордно
најголем износ за купување на државно земјиште, во скопската населба
Јане Сандански. За ова неизградено земјиште “Сити Плаза“ понуди околу
197 милиони денари. Ова е рекорд за продадено државно земјиште во
Скопје. Досега најскапо платено земјиште беше она спроти комплексот
банки, кое го купи грчката компанија Веропулос.
На наддавањето, на кое учествуваа компаниите “Тинекс“, “Кам“,
“Рамстор“ и едно физичко лице, “Сити Плаза“ понуди фантастични 36.000
денари за еден метар квадратен. Парцелата е голема околу 5.200 метри
квадратни, а купувачот е обврзан да го уплати целосниот износ во рок од
15 денови.
Од оваа позната компанија велат дека на ова место за рекордно
кратко време ќе биде изграден модерен шопинг и резидент центар, по терк
на вакви слични објекти во светските метрополи како Истанбул, Лондон,
Њујорк и Москва. Оттаму додаваат дека според планот за градба, кој веќе
го имаат подготвено, ќе бидат обезбедени и околу 500 паркинг места.
Според нив ова е македонско-турска инвестиција, а раководството на “Сити
Плаза“ најавува дека свеченото отворање на овој шопниг центар ќе се
случи многу бргу, поточно за само 36 месеци.
http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=74869&kategorija=2 |
|
 |
maestro
Senior Member
Joined: 02-Aug-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 505
|
Quote Reply
#193 Posted: 17-Dec-2008 at 22:09 |
Леле кога ќе поминам покрај тоа „нивата“ во Аеродром ми се стемнува
Дефинитивно требаше да ги остават скалите се дур не планираа да почнат со градење.
|
 |
La Linea
Senior Member
Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
|
Quote Reply
#194 Posted: 17-Dec-2008 at 21:15 |
|
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#195 Posted: 17-Dec-2008 at 01:38 |
Неизвесна изградбата на новиот трговски центар во Аеродром

Општината треба да го измени ДУП и да ја намали површината за градба
Деспина Трајковска
Неизвесно е дали и кога ќе почне да се гради новиот трговско-деловен
објект спроти ТЦ „Бисер“ во Аеродром, бидејќи Министерството за
транспорт и врски не успеа да го отуѓи земјиштето и по два јавни
повика, пред се', поради недорасчистената парцела. Третиот повик за
заинтересиран инвеститор допрва ќе се распишува, но откако претходно ќе
се измени Деталниот урбанистички план за локалитетот со што ќе ја
намали парцелата предвидена за градба. Токму потребата од измена на
планот, како што велат од Министерството, е и главната причина поради
која бил поништен вториот тендер за отуѓување на земјиштето на кој
имаше тројца заинтересирани купувачи.
„Констатиравме проблеми
на теренот, односно, дека општината не ја расчистила целосно локацијата
на која е треба да се гради објектот. Останаа неурнат дел од
платформата и 14 столба. Општинарите ни објаснија дека не можат да го
сторат тоа, бидејќи ќе се уништел концептот на постојната градба. Од
тие причини чекаме да се смени ДУП со што тој ’спорен‘ дел нема да биде
вклопен во површината за градба, односно градежната парцела ќе биде
намалена“, објаснуваат од Министерството.
Постојниот план
предвидува изградба на објект со комбинирана намена, деловни простории
и мини-трговски центар. Во околниот простор купувачот на парцелата ќе
гради мини-паркче и паркиралиште.
Инаку, првата објава за
продажба на локацијата пропадна, бидејќи единствениот пријавен купувач
не ги исполнуваше критериумите за отуѓување на земјиштето. Вториот
тендер беше поништен поради теренските проблеми на парцелата за чиешто
купување беа заинтересирани „Рамстор“, „Хипо“ и „Мајстон“. Критериумите
за учество и на двата тендера беа исти, а главниот услов беше
заинтересираниот купувач да е сопственик на најмалку пет деловни или
комерцијални објекти и да има капитал од најмалку 500 милиони евра
искажани во финансиски извештај. Двата тендера единствено се разликуваа
по почетната цена на квадратот земјиште. На првиот повик таа изнесуваше
25.000 денари за квадрат, а на вториот речиси шест пати помалку,
односно 6.000 денари за квадратен метар. Од Министерството за транспорт
објаснија дека цената ја намалиле откако неколку домашни фирми укажале
дека е економски нелогично квадрат земјиште во Аеродром да се продава
поскапо од квадрат државно земјиште во Општина Центар. http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=DF58B915CDF7A74C92220A1AD09E8AAC |
|
 |
ProMKD
Senior Member
Joined: 25-Feb-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 244
|
Quote Reply
#196 Posted: 02-Apr-2008 at 03:42 |
Треба условите да ги сменат и тинекс да го земат штом е единствен заинтересиран.. ново јавно наддавање. Од една страна барањата за инвеститор не се големи, да се имало објект претходно ова она, и на крај бапнале да морало да биде у последниве 5 години.. малце построго колку за да се рече. Нека олеснат малце со тоа 5 години и можеби ќе се појават и други фирми.. ако не - Тинекс нека гради
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#197 Posted: 02-Apr-2008 at 01:08 |
Може да се земе во обзир објектот што се гради у капиштец, ако веќе толку се бара исполнување на услови. Инаку локацијава изгледа не се покажа како атрактивна.
п.с. Да не знаете кој го има градено бисер. Мислам на инвеститорм не на изведувач. Сега чив е? Приватен, под кирија?
|
 |
blejdsk
Senior Member
Joined: 05-Feb-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 320
|
Quote Reply
#198 Posted: 02-Apr-2008 at 00:47 |
Пропадна лицитацијата за земјиштето спроти ТЦ „Бисер“

Сопственикот на „Тинекс“ не ги исполнуваше условите за лицитација
Државното земјиште наменето за изградба на деловно-комерцијален
објект спроти ТЦ „Бисер“ во Аеродром, вчера не се продаде, иако на
отворениот меѓународен повик за лицитација на земјиштето имаше еден
заинтересиран субјект. Јавното наддавање не се одржа, бидејќи
надлежната комисија утврди дека заинтересираниот Владимир Тодоровиќ,
сопственикот на „Тинекс“, не го исполнува едниот од двата посебни
услова за купување на земјиштето. Имено, „Тинекс“ веќе управува со еден
таков објект во Битола, но не го исполнува условот да има изградено
барем еден деловно-комерцијален објект. Комисијата најави дека за
десетина дена ќе објави повторен повик за продажба на истата локација и
под истите услови, а газдата на „Тинекс“, пак, најави жалба за
случајот.
„Пропишаните услови се престроги, бидејќи во држава
не постои ниту една фирма што ќе ги исполнува двата критериума, така
што ниту една македонска компанија нема да може да го купи земјиштето.
Државата наместо вистински да го стимулира економскиот развој, таа не'
кочи“, изјави вчера Тодоровиќ.
На продажба беше понудено
земјиште со површина од 6.135 квадратни метри со почетна цена од 25.000
денари за еден квадрат. (Дс.Т.) http://utrinski.com.mk/?ItemID=05CB33913B4D2942861E22F519A3E5BD
|
 |
UrbanFreak
Senior Member
Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
|
Quote Reply
#199 Posted: 13-Mar-2008 at 23:07 |
Originally posted by ProMKD
кога во Охрид е 500-1000 ЕУР квадрат ова не ми звучи многу |
Да но станбен простор не голо земјиште.
|
 |
UrbanFreak
Senior Member
Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
|
Quote Reply
#200 Posted: 13-Mar-2008 at 23:06 |
Лцл 20 е багатела а 400 реална цена за центар. Но за аеродром за релативно мала локација 25.000 м2 почетна цена е дефинитивно пеамбициозно. Ајде ќе видиме колку заинтересирани понудувачи ќе има.
|
 |