build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Кучиња скитници

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 89101112 15>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #181 Posted: 26-May-2010 at 13:24
ГРАДОТ СКОПЈЕ ОДОБРИ ВРАБОТУВАЊА ВО СТАЦИОНАРОТ „ВАРДАРИШТЕ“
Нови шинтери за ловење кучиња - скитници

Елена Вељановска

Поради зголемениот број кучиња скитници Град Скопје одлучи да вработи 23 нови работници во стационарот „Вардариште“. Тие имаат задача да ги ловат бездомните кучиња, да ги транспортираат од местото каде што се фатени до стационарот. Откако ќе бидат стерилизирани и исчистени од паразити бездомните животни, според планот, ќе бидат вратени на местото од кое биле земени . Новите скопски шинтери ќе имаат задача и да ги чистат мршите на животните од јавните површини низ градот.
Новите вработени ќе бидат ангажирани од Агенцијата за вработување на Македонија, а за нив е предвидено месечно да се издвојуваат средства во висина од 300 евра за вработен, а вработувањето ќе трае шест месеци.
Од Град Скопје велат дека во овој период од годината се јавува реална потреба за зголемување на бројот на вработените во стационарот „Вардариште“, со цел да се одржи предвидената динамика во програмата за бездомни животни „Фати, стерилизирај, врати“. Како дополнителна причина за донесување на одлуката за нови вработувања се наведува и зголемувањето на опасноста од инфекции, кои се јавуваат поради високите температури и како последица на забрзаното разградување на мршите од животните за чиешто отстранување, како што велат, мора да се дејствува што е можно побрзо.
- Во согласност со предвидената програма за оваа година е предвидено да бидат фатени од 7.000 до 15.000 бездомни кучиња, кои треба да се третираат во „Вардариште“. Од проценетиот број единки за оваа година се предвидува да се ловат од 300 до 400 кучиња месечно - информираат од Град Скопје.
Сепак, и покрај ваквите сезонски вработувања со кои се зголемува бројот шинтерите, кои ги ловат бездомните животни и ги собираат мршите од улиците на главниот град, сепак, според надлежните, проблемот со овие животни е многу тешко да се реши, првенствено затоа што истите по стерилизацијата повторно се враќаат на местото од кое се земени, наместо да бидат посвоени од страна на заинтересирани граѓани. Според надлежните од „Комунална хигиена“ бројката на дваесетина посвоени животни месечно е поразителна во споредба со неколкуте стотици кучиња, кои повторно се враќаат на улиците.

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=2029&ArticleID=141418
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #182 Posted: 25-Apr-2010 at 15:54
на ова можам да искоментирам само онака како што коментира баба ми „Кој сака кучиња, нека си ги прибере дома“
еве и јас сум против убивање на животни, но се работи за улични „џукели“ кои и онака ќе умрат од разни зарази и од самиот тежок уличен живот
еве една идеја, сите оние кои сакаат многу животни, нека си отворат една фарма каде ќе се грижат за нив (бидејќи стационарите се полни, а никој не посвојува), искрено ме нервира фактот што толку многу луѓе јадат трици за животните и протестираат и прават проблеми, а никој ништо не прави за самите животни Suicide
Back to Top
Jumbo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 23-Mar-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 140
  Quote Jumbo Quote  Post ReplyReply #183 Posted: 24-Apr-2010 at 16:41
Кое лицемерие ова ме асоцира на времето кога познатата француска актерка Брижит Бардо која не го сакаше сопственото дете а многу ги 'сакаше' животните и се 'бореше' за нивните права, таман си реков градов ќе се справи со кучињава скитници а сега пак ваква глупост да ги врателе кучињава на улица.
Back to Top
Supervisor View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
  Quote Supervisor Quote  Post ReplyReply #184 Posted: 24-Apr-2010 at 16:21
Се согласувам дека во никој случај не смеат да се враќаат назад. Страшно глупава идеја без никаква логика да вратиш кучиња на улица.
Ако не знаеле кучињава имаат потреба да јадат и ред други работи, растурање по контејнери, болести итн... се појави кои потекнуваат токму од кучињава скитници.
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #185 Posted: 24-Apr-2010 at 15:40
Оди малиот Трпе у продавница за животни да си купи куче и му вика на продавачот да му го даде најдоброто куче што го има:
- Имам едно куче етен е јако, кога ќе му кажеш на пример кунг-фу фотеља, он ќе ја изеде фотељата, или му викаш кунг-фу топка, он ја даде топката.
Си го купил малиот Трпе кученцето и го однел дома. Кога го видел татко му го прашал:
- Какво ти е ова смотано куче?
- Тато, ова е кунг-фу куче.
- Е како не, кунг-фу...кур мој.
 
Rollin
Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #186 Posted: 24-Apr-2010 at 15:37
ПРОТЕСТИ НА ЗДРУЖЕНИЈАТА ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНИТЕ
 
Коце, престани со убивањето на уличните кучиња
 
 

Здруженијата бараат целосно да се вклучат во работата на стационарот и, наместо да се убиваат, кучињата да се стерилизираат и да се вратат на улица

Здруженијата за заштита на животните "Анимал мунди" и "Срна" вчера протестираа пре кабинетот на градоначалникот Коце Трајановски, барајќи од него да се престане со нехуманото третирање на кучињата скитници. Околу 50 членови на здруженијата, поддржани од водителката и актерка Весна Петрушевска, со пароли и со свирчиња во устата, неколку часа чекаа средба со градоначалникот Трајановски. Револтирани, како што велат, од нехуманиот третман на кучињата и од масовното убивање, скандираа "Коце во кафез", "Коце, каде ти е срцето", "Коце, престани со убивање на кучињата".
Од "Анимал мунди" велат дека тие му доставиле на градоначалникот писмо со нивни предлог како да се реши проблемот со уличните кучиња.
"Масовната стерилизација е решение на проблемот, а не масовната евтаназија. Предлагаме заедно да направиме стратегија и план за третман на кучињата.Наместо да даваат 20 евра за едно заловување, ние тоа ќе го правиме бесплатно", вели Наташа Кнежевиќ од здружението "Анимал мунди".
Градоначалникот Коце Трајановски вели дека учесниците на протестот не ги примил оти тие тоа претходно не го побарале.
"Јас досега имав 4-5 средби со 'Срце за животните'. Ви гарантирам дека во стационарот се постапува според сите хумани принципи. Ќе се обидеме да им дадеме простор каде што здруженија за заштита на животните ќе можат да отворат нивни стационар. Јас сум многу задоволен од тоа што граѓаните сè помалку се жалат оти се нападнати или каснати од улични кучиња", вели градоначалникот Трајановски. (А.А.)

 
Ако вие сте толку загрижена организација тогаш Коце нека ги стерилизира, вакцинира, кастрира ма све со ред и нека ви ги даде да си ги чувате дома! По 10, 20 на човек! Секој месец нека ви врши попис, и за секој констатиран недостаток да си платите казна од 100 евра! Е*ати организацијата! На улица да се врателе кучињава-дали сте вие нормалени бе алоооо !! Па и онаа Весна, вака ли најде да подигаш популарност и да се себе промовираш. Многу сте урбани и модерни-нема што! КУЧИЊА СКИТНИЦИ НА УЛИЦА НЕМОЖЕ! ИЛИ ГЛЕДАЈТЕ ГИ ДОМА ИЛИ СТАЦИОНАР (ДОДЕКА МОЖЕ ФИНАНСИСКИ) ИЛИ ЕВТАНАЗИЈА!
Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #187 Posted: 22-Mar-2010 at 23:36
Previous
 
Добра ти е идејата за пластични со педала и баш затоа што се пластични можда ќе се превенира палење, ваљда не се до толку луѓево да запалат и стопат цел контејнер. А искрено појма немам зашто го палат ѓубрето во контејнерите. Као се полни па да изгори отпадот за да добијат во простор или што? Ако е затоа, можда решение треба да се бара во почесто празнење од страна на службите или повеќе контејнери на одредена локација.
 
Да не забегувам..кучињава.. можда ќе ме критикуваат, ама немам ништо против животни, посебно "домашни"  кучиња, ама ја мислам за скитнициве најдобра солуција е еутаназија. Ако вдомувањето не е решение, а стационар прескапа работа.. резултатот е искасани луѓе, деца, растргнато ѓубре на сите страни.. итн итн.. да не се лажеме.. ги има премногу..


Edited by SkyBoy - 22-Mar-2010 at 23:38
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #188 Posted: 22-Mar-2010 at 01:28
Денеска на Телма на вести мислам дека беше слушнав дека во полошкиот регион значително со зголемил бројот на улични кучиња. Ја нема веста на интернет, но сакам да ја искоментирам. Со ова само се потврдува теоријата на терен дека кучињата скитници се само симптом на еден поголем проблем, проблемот со растурената храна. Ако земем во предвид дека се направи една голема импровизирана депонија, слободно можеме да ја прогласиме за едно големо хранилиште. Со други зборови доста се занимаваме со кастрирање кучиња и еутаназија на кучиња кога само го залечуваме симптомот, а не суштината. Од мене порв предлог што ќе го десеткува бројот на кучиња е да се постават контејнери со капак на педаља. Или па едноставно со капак на кревање, ама па во тој случај ќе треба да бидат пластични, а кај нас многу се палат така да овие со педаља ми се повероватни. Со други зборови контејнери за кои ќе бидеме сигурни дека после фрлање ѓубре ќе останат затворени.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #189 Posted: 11-Mar-2010 at 13:04
ВДОМУВАЊЕТО НА ЖИВОТНИ ОД „ВАРДАРИШТЕ“ НЕ Е РЕШЕНИЕ
Скопјани заглавија со уличните кучиња Елена Мачевска


Секој месец по дваесетина кучиња-скитници што биле фатени на скопските улици и однесени во стационарот „Вардариште“ добиваат сопственици, односно ги посвојуваат љубителите на животни. На тој начин скопјани барем минимално помагаат дел од кучињата да се тргнат од улиците затоа што до овој момент градските власти не најдоа трајно решение за проблемот. Единствениот стационар „Вардариште“ претставува само привремено прифатилиште за фатените животни затоа што таму нема услови за подолготрајно згрижување, туку тие се стерилизираат и повторно се враќаат на улиците. Според надлежните, во 90 проценти од случаите граѓаните бараат да земат малечки кучиња затоа што сметаат дека на таа возраст полесно можат да го научат на основните правила како да се однесува во новиот дом. Сепак, како што велат, има и такви граѓани кои во стационарот одат со намера да посвојат големо куче за миленик, особено семејствата што имаат куќи со двор. Меѓу бездомните животни што чекаат да бидат посвоени има и некои со педигре, како што се шарпланинец, самојед, ротвајлер, далматинец и златен ретривер, кучиња чиишто сопственици ги исфрлиле на улица, а сега во стационарот во „Вардариште“ чекаат повторно да бидат вдомени. - Постојано доаѓаат граѓани што сакаат да посвојат куче кое е фатено и се наоѓа во „Вардариште“. Најчесто се посвојуваат мали животни, а неретко новите сопственици се одлучуваат да вдомат и поголемо милениче - вели Катерина Лаова, портпаролка на ЈП „Комунална хигиена“. Таа објаснува дека иако секој заинтересиран граѓанин може да дојде во стационарот со намера да посвои милениче, сепак за да го стори тоа, најпрво, во согласност со Законот за благосостојба на животните, мора да се обврзе дека ќе го чува животното во соодветни услови. - На сите заинтересирани луѓе, кои сакаат да си посвојат милениче, откако ќе изберат кое животно сакаат да го вдомат, им даваме да пополнат соодветен образец. Со тоа сопственикот законски се обврзува да се грижи соодветно за животното, да го храни, лекува, да го третира соодветно и дека нема право да го остави на улица, во спротивно за него ќе следуваат казни во согласност со Законот за благосостојба на животните - објаснува Лаова. Таа вели дека за секој што досега има посвоено животно се води евиденција во која има лични податоци за сопственикот. Од друштвата за заштита на животни велат дека со секое посвојување се спасува едно животно, а на улиците се намалува бројот на кучиња-скитници. Овие здруженија досега имаа спроведено неколку акции за вдомување на кучиња од „Вардариште“. - Иако ваквиот начин за згрижување животни има за цел да ги тргне кучињата од улица и од „Вардариште“, сепак, проблем е што кај нас се уште нема изградено соодветно прифатилиште каде што животните откако ќе бидат фатени од улиците, ќе бидат згрижени се до моментот кога ќе се појави некој заинтересиран граѓанин да ги посвои - вели Вангел Мичевски, претседател на друштвото за заштита на животните „Срце за животните“. Единствениот стационар „Вардариште“ претставува само привремено прифатилиште за фатените животни затоа што таму нема услови за подолготрајно згрижување, туку тие се стерилизираат и повторно се враќаат на улица.


Приватен стационар е скапа работа

И покрај иницијативите на здруженијата за заштита на животни кај нас да се направи приватно прифатилиште за згрижување на кучињата-скитници, сепак, како што велат, досега тоа не им успеало затоа што приватниот сектор не е подготвен да инвестира во тоа.
- Бизнисмените обично донираат храна за животните, но да се направи живеалиште за бездомните животни и постојано да се донираат пари за нивните секојдневни основни потреби, тоа е речиси невозможно кај нас. За таа намена се потребни огромни финансиски средства - велат од „Срце за животните“.
Според нив, дури и во светски рамки ваквите приватни институции функционираат многу тешко затоа што за задоволување на основните потреби на животните се потребни големи финансиски средства.

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1965&ArticleID=136029
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #190 Posted: 03-Feb-2010 at 00:27

Кучиња го окупираа Старскиот дом во Битола

Дворот на старскиот дом „Сју Рајдер“ во Битола викендов личеше на кучкарник. Глутница од десетина кучиња-скитници го сардиса дворот од установата кадешто се згрижени 140 стари лица. Животните тука се пареа, се касаа меѓу себе, спиеја и се бркаа по тревникот. Станарите се пожалија дека стравуваат да излезат на воздух во дворот или по потреба да одат до маалската продавница.
- Одвај се движиме, а камоли да бегаме од нив. Капијата е затворена, но влегуваат од друга врата, која посетителите ја оставаат отворена. Ни се ветуваше осовременување на домот по европски стандарди, но сигурно во европските домови не врие од кучиња- велат станари од „Сју Рајдер“.

За директорот Благој Илиевски, проблемот е решен.

- Уште рано утрото повикав шинтерска служба, која ги собра кучињата - изјави Илиевски.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=48EEEA182559B741AD34E0B771F0706E
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #191 Posted: 30-Nov-2009 at 01:01

Куманово ги ретчи кучињата-скитници

За само десетина дена осумдесет кучиња-скитници заловиле екипите на Ветеринарната болница Скопје низ улиците на Куманово. До крајот на годината се очекува бројката на кучињата скитници во градот да се преполови.

Кучињата-скитници претставуваа голем проблем за кумановци, кои апелираа до општината да реагира за нивно отстранување од улиците.

За оваа намена општината Куманово одвои 5.000 евра.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=068EDAB995448B49962BA4441441003D
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #192 Posted: 13-Oct-2009 at 14:56

Стационарот со зголемен капацитет

Стационарот за бездомни животни на Вардариште ќе се прошири. Идејното решение предвидува двојно зголемување на капацитетот на објектот. Предвидена е изградба и на нова водоводна и електрична инсталација. Од Градот велат дека во тек е јавната набавка за избор на изведувач на работите. Цената на чинење на проширувањето на Стационарот ќе се утврди со јавната набавка. Двојното проширување на просториите во објектот за бездомните животни заедно со ветеринарната амбуланта и останатиот дел ќе овозможи поквалитетен третман и опфат на бездомните кучиња. (Сн.К.)


http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=84EFD89C0D05064C875EDDF23D955EE9
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #193 Posted: 04-Aug-2009 at 23:07

Посвојувачите добиваат нетретирани кучиња

Здружението за заштита на животните „Срце за животните“ не го прифаќа новото ограничување едно лице да смее да удоми најмногу две кучиња од стационарот „Вардариште“. Според нив, постојат лица што сакаат и имаат услови да удомат повеќе кучиња. Тие се незадоволни од односот на вработените во стационарот, кои не дозволуваат да се посвојуваат кучињата во сите денови, туку само во петоците од 9 до 12 часот.

- Таквиот чекор го сметаме за неоснован за граѓаните и нехуман за кучињата, на кои им се скратува можноста за удомување. Голем број граѓани овие денови реагираат дека при удомување на бездомно куче не добиле ниту здравствена легитимација за кучето со опис на здравствената состојба. Граѓаните велат дека им даваат кучиња што не се истретирани од паразити, не се вакцинирани од беснило ниту се стерилизирани. Зошто стационарот ги одбегнува сопствените обврски и регулативи, а толку лесно воведува регулатива кон граѓаните и идните удомувачи. Ова е полициски пристап при што за возврат добивате нетретирано куче - велат во „Срце за животните“.И граѓаните се жалат од несоодветниот однос на вработените и условите во кои живеат кучињата.

- Сакав да посвојам бела пудла, за која дознав од фејсбук. Кога вчера утрината дојдов да го земам кучето од стационарот, наидов на затворени врати, а раководителот дрско ми се обрати, велејќи ми дека не дозволува да се посвои куче, бидејќи не сум му се допаднала. Ми рече: Јас кому сакам ќе дозволам да посвои куче, а терминот за посвојување е само во петок. До кога ќе ги лажат луѓето дека стационарот е отворен за граѓаните, дека посвојувањето е дозволено и дека хумано се третераат кучињата - вели скопјанката Ј.И.

Кога беше воведено ограничувањето на термините за посвојување на кучињата надлежните објаснија дека тоа е направено оти стационарот е еден вид болница. Од „Срце за животните“ велат дека тие инсистирале да се воведат формулари за тие што посвојуваат од стационарот.  Ние инсистираме да се води точна евиденција за здравствената состојба за секое куче, бидејќи досегашната евиденција на стационарот беше многу општа. На пример, не се знае колку од евтаназираните кучиња биле прогласени за болни и од што, за да бидат евтаназирани, и кој ветеринар ја дал дијагнозата. Не се знае ни бројот на кучињата што биле прогласени за агресивни и поради тоа евтаназирани. Процент од 55,7 отсто евтаназија е преголем - тоа го нема во ниедна држава во светот - реагираат од „Срце за животните“.Тие демантираат дека имале состанок со претставници од „Комунална хигиена“.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=F5C87F146043BD45A38F1B270AC17397
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #194 Posted: 18-Jul-2009 at 15:18
Пофални зборови за Франгов! Applause Ова посебно ми се допаѓа:
Јас им реков, ако толку се грижат за уличните кучиња, нека си ги земат дома.
Неможе некоја себична НГО будала да бара од градот ем да го реши проеблемот со кучињава ама ако може и на хуман (скап третман и средства што доколку се префрлат во здравствен сектор многу повеќе че им завршат работа на луѓето) начин да го реши! Господинот Франгов им ја сотрел семката на кучињава!

Само уште го потсетам дека бројот на кучиња е правопропорционален со количината на храна расфрлана по улиците, па така ако останале неколку кучиња или па ако неколку луѓе пуштат миленици на улица постои опасност бројот да се поврати. Може би се некое редовно подрастурање отров во минимални количини да се оддржува минимален број на улични кучиња. Секако и контињери со капак и што помамлку храна по улици се основен предуслов.


Edited by lslcrew - 18-Jul-2009 at 15:25
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #195 Posted: 18-Jul-2009 at 15:14

Масакр на кучињата во Гевгелија

Жителите на Гевгелија завчера утрото наишле на морничава глетка кога виделе дека поголем број од уличните кучиња биле отруени и расфрлани по улиците


%20
Отров бил поставен на многу места во градот, а сé уште не се знае кој и дали издал наредба за нивно убивање. Некои од граѓаните реагираат, со оглед на тоа што биле отруени голем број кучиња за кои граѓаните се грижеле и ги хранеле, но и расни кучиња што гевгеличани во текот на вечерта ги шетале низ градот.

- По контејнери си ги баравме кучињата. Крв имаше насекаде, некои од нив беа собрани, а некои ги најдовме по улиците. Граѓаните што забележале дека има труење успеале во последен момент да спасат неколку кутриња, но градот за една вечер се исчисти - вели жител на Гевгелија.

Во последниов период во медиумите било објавено соопштение од општината Гевгелија во кое се апелирало граѓаните што имаат куче да го тргнат од улица. Во соопштението се вели и дека градот има намера во наредниот период да го реши проблемот со уличните кучиња. Гевгеличани за еден ден направиле петиција со 150 потписи со цел да го натераат градоначалникот Иван Франгов проблемот да го реши на хуман начин.

Тој во телефонскиот разговор кратко ни изјави дека не дал наредбата за труење на кучињата, но не ни кажа зошто ги повикал граѓаните да ги тргнат своите кучиња од улиците.

- Јас си стојам на зборот. Не сум ја дал наредбата. Овие шпекулации доаѓаат од некои групи од ентузијасти. Но, не сакам да се случи некое од кучињата да нападне човек бидејќи јас сум одговорен за овој град. Јас им реков, ако толку се грижат за уличните кучиња, нека си ги земат дома. Сум го дал зборот и ќе го решам проблемот. И ви се молам ценете го моето време, на состанок сум - ни изјави Франгов.

Тој не одговори како има намера да го реши проблемот со уличните кучиња во градот, но по новонастанатата ситуација со ставањето отров по улиците, за такво нешто најверојатно ќе нема ни потреба, бидејќи во Гевгелија останале само уште неколку живи.

Инаку, и според Кривичниот законик и според Законот за благосостојба на животните, секакво расфрлање на опасни материи што го загрозуваат животот на луѓето и на животните е забрането и предвидени се високи парични казни. Досега во Македонија никој не одговарал за ова кривично дело.

Љупчо Алексовски, портпарол на општината Гевгелија, вчера изјави дека секоја година во буџетот се предвидувале пари за изградба на стационар во градот и дека со доаѓањето на новиот градоначалник, такво нешто ќе биде направено.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=718910748&id=9&prilog=0&setIzdanie=21741
Back to Top
Dragan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2009
Location: Tetovo
Online Status: Offline
Posts: 1172
  Quote Dragan Quote  Post ReplyReply #196 Posted: 17-Jul-2009 at 18:03

Каква е среќата на кучињата скитници?

Сашка Цветковска Коментари (3)   
17.07.2009 16:10
Мали

 

Кучето скитник Мали името го доби денес. За некоја минута ќе го загуби статусот скитник и ќе го напушти стационарот за оди во новиот дом со својата нова газдарица.

„Го земав дека беше скриено и беше исплашено, не гледаше збунето, а искрено, и машко е, и многу симпатично“, вели Цветана Гогова.

Но, Мали е едно од малкуте кучиња кои имаат среќа да бидат посвоени. Многу од нив никогаш нема да добијат име. Судбината на повеќето е иста, од стационарот на вакцина, на стерилизација и повторно надвор.

„Одреден број од животните можат да бидат тука во стационарот некое време, ги чистат, ги кастрираат, а некои ги враќаат, тие што не можат да ги спасат, ги успиваат“, објаснува Гогова.

За разлика од малечките кутренца, оние постарите многу е веројатно дека до крајот ќе останат скитници, оти оние малку кои посвојувале сакале што е можно помало куче.

Но, расте надежта дека многу кучиња ќе се вдомат, велат од стационарот. Откако проблемот со третманот на кучињата скитници одекнал во јавноста, се зголемил бројот на граѓани кои сакале да посвојат куче.

А, за оние што остануваат или што ќе завршат таму, Комунална хигиена обезбеди нова опрема за фаќање и чување на кучиња.

Но, ќе растел и бројот на вработените. Па којзнае, можеби еден ден привремените жители на стационарот Вардариште ќе легнат во чисти кафези, ослободени од роевите муви кои им ја расипуваат дремката. Или уште подобро, ќе си најдат дом.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=111583

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #197 Posted: 17-Jul-2009 at 17:04
ПРОМОВИРАНА НОВАТА ОПРЕМА ЗА ЗАЛОВУВАЊЕ УЛИЧНИ КУЧИЊА

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и директорот на ЈП „Комунална хигиена“, Златко Димовски, денеска во стационарот „Вардариште“ ја промовираа новонабавената опрема за заловување улични кучиња.
 
 - Досега се набавени 10 кафези, јамки и мрежи за заловување, како и две сафари пушки. Се планира набавка на уште една сафари пушка. Новата опрема ќе придонесе за похуман начин на заловување и третман на уличните кучиња.
За набавка на опремата се потрошени околу 5.000 евра. Наша намера е службата за заловување да ја доопремиме со возила, да овозможиме вработување на тројца ветеринари, како и да го прошириме капацитетот на „Вардариште“ со поголем простор за престој на кучињата и за ветеринарната служба – рече градоначалникот Трајановски при денешната посета на „Вардариште“.

http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=2754&mid=24&tabId=1&tabindex=0
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #198 Posted: 16-Jul-2009 at 04:09

Микрочипови за кучињата

Факултетот за ветеринарска медицина ќе му предложи на скопскиот градоначалник Коце Трајановски програма за хуман третман на кучињата-скитници. Програмата е речиси готова и наскоро ќе му биде предадена на Трајановски, штом ќе се допрецизираат деталите.

- Чекаме да биде проверена од деканот, по што ќе му ја предадеме на Градот Скопје. Со тоа сакаме да дадеме наш придонес кон проблемот околу третирањето на бездомните животни, кој е мошне актуелен - вели проф. д-р Пламен Тројачанец од Ветеринарскиот факултет.Во програмата, факултетот предлага прво да се изврши испитување и одредување на бројот и видот на улични кучиња, бидејќи досега се шпекулираше со бројката.

- Никој досега нема точно одредено колку кучиња има во Скопје. Тоа е неопходно, за да се знае дали со третманот се зголемува, се намалува или стагнира бројот на кучиња - потенцира Тројачанец.

Во програмата се потенцира и важноста на идентификацијата и регистрацијата на животните.a

- Во Ветеринарската управа веќе се изработуваат правилници, меѓу кои и тој за идентификација и регистрација на кучињата. Без тоа не може да се има контрола воопшто врз сите кучиња, и бездомните и оние со сопственици. Најдобар начин за тоа е микрочипувањето, оти може да се следи нивната здравствена состојба и движењето. Кај нас многу малку кучиња имаат микрочипови - вели професор Тројачанец.

Доколку ова се воведе, според професорот, трајната идентификација на домашните кучиња би била на товар на сопствениците, а на бездомните - на Градот. Потоа би се формирала и база на информации, односно инфоцентар во кој би се обраќале сите луѓе што изгубиле или пронашле кучиња.

Во програмата се предлага и едукација, за да се отстранат се' уште присутните предрасуди кон кучињата.

- Децата уште од предучилишна возраст треба да се запознаат со навиките на кучињата и како да се однесуваат кон нив во нормални услови и во опасни ситуации, како да им приоѓаат и да се заштитат од опасностите од болести. Конечно, треба да се тргне фамата што владее меѓу луѓето „не верувај му на куче, тоа е опасно, може да те касне“ - објаснува Тројачанец.

Тој вели дека во Швајцарија секој сопственик на животно задолжително мора да мине едукација, а животното обука за основно однесување. Професорите од Ветерискарниот факултет предлагаат да се зголемат капацитетите за згрижување на кучињата и бројот на ветеринари и друг персонал што би се грижел за нив.

- Објектите во кои ќе бидат сместени кучињата мора да бидат според нормите што ги пропишува Законот за благостојбата на животните. За жал, условите во Вардариште, каде што сега престојуваат кучињата, се незавидни. Затоа ќе направиме и нацрт-проект за тоа како би требало да изгледаат. Објектите треба да поседуваат приемна соба, карантински дел во кој сомнителните кучиња би биле под опсервација 10 дена, поединечни или групни боксови, дел за оперативни интервенции, постоперативен дел, дел за подготовка на храната итн. - вели Тројачанец.

Се предвидува формирање акционо тело во кое ќе членуваат претставници од Градот, од Ветренираската управа како носител на легислативата за животни, од невладините организации, приватни ветеринари и од граѓани.

- Акционото тело би давало насоки и препораки, би ја следело работата околу третманот на кучињата, би му давало совети на градоначалникот и слично - вели професорот.

Тој додава дека во рамките на Ветеринарскиот факултет почнал да функционира Центар за благосостојба на животните, чија цел е независно да спроведува мониторинг на сите активности во врска со кучињата. На факултетот е воведен и предмет за благосостојба на кучињата.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=D80CCF8F3CC7674BB774D51F38EC8BB7
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #199 Posted: 15-Jul-2009 at 13:27
идиотизам до даска, не мислат вањда озбилно ја да трчам по градов да бркам кучиња Question
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #200 Posted: 15-Jul-2009 at 11:19

Фатете го кучето што ве каснало

Тони Киранџиски од Ветеринарната управа вели дека во случај да ве касне куче, за да бидете сигурни дека не ви пренело беснило првата работа што треба да ја направите е да го фатите кучето и тоа да се стави во изолација.
"Ако е можно, потребно е да се фати кучето и да се однесе на испитување. Ако во рок од десетина дена кучето не покаже клинички знаци на беснило, значи дека не е заболено од оваа болест. Но за да бидете на сигурно дека навистина ја нема болеста, кучето се жртвува и потоа се испитува. Во случајов се жртвува животното, бидејќи човечкиот живот е пред животот на кучето", вели Киранџиски.
Во случај ако не е можно да се фати кучето, тогаш, како што објаснува Киранџиски, луѓето веднаш треба да се јават на лекар, каде добиваат соодветна вакцина и антисерум.
"Според статистиката само во 20 отсто од случаите кај луѓето се развива болеста беснило, ако биле сигурно каснати од бесно куче и ако при тоа не добиле медицинска помош. А ако навреме е интервенирано, односно добиле лекарска помош тогаш можностите да се развие болеста се минимални", вели Киранџиски.

Кучињата со беснило препознајте ги по агресивноста и лигавењето

Киранџиски објаснува дека бесно куче или животно многу лесно може да се познае, бидејќи знаците на болеста се лесно видливи.
"Има неколку стадиуми од развојот на болеста, но знаците се јасни. Во првата фаза од болеста кучето е плашливо и повлечено, а веќе во крајната е агресивно. Тогаш му се парализираат мускулите, не може да голта, поради што се лигави", вели Киранџиски.

РЗЗЗ: Ако ве касне куче, веднаш на лекар

Од Републичкиот завод за здравствена заштита апелираат до граѓаните кои ќе бидат каснати од куче веднаш да отидат кај матичен лекар, каде ќе им дадат упат за да бидат третирани на Инфективната клиника.
"Граѓаните не треба да експериментираат и самите да се лекуваат, туку веднаш нека побараат помош од лекар. Ако станува збор за улични кучиња, за нив нема сигурни податоци дали се тие вакцинирани и дали имаат беснило и затоа е потребно итно да се отиде на лекар", велат од РЗЗЗ.

Комунална гарантира само за бележените кучиња

Од ЈП "Комунална хигиена" велат дека дневно имаат најмалку десетина интервенции на барање на граѓани, кои се жалат на агресивни улични кучиња. Катерина Лаова, портпарол на ЈП "Комунална хигиена", вели дека во случајов не може да каже дали кучињата што го гризнале детето имаат беснило или не, бидејќи не се сигурни кои се тие улични кучиња.
"Штом реагирале во стационарот веднаш се преземени мерки, но не можам да кажам дали токму тие кучиња што го искасале детето се собрани. Ние можеме да гарантираме само ако кучињата се бележени и имаат маркичка од нашиот стационар, дека тие немаат беснило, бидејќи поминуваат медицински третман во стационарот", вели Лаова.
Таа објасни дека скопјани на бесплатната линија на стационарот во "Вардариште": 820-13-15 да пријават доколку имаат проблеми со уличните кучиња, по што нивната служба веднаш ќе интервенира.

Во Македонија нема беснило

Ветеринарната управа тврди дека во Македонија нема беснило, бидејќи последниот случај бил регистриран во 1999 година. Тони Киранџиски, раководител на сектор за здравствена заштита во Ветеринарната управа, вели дека никогаш не може сто процентно да се тврди дека оваа болест воопшто ја нема во земјава, но бидејќи десетина години не е забележан случај на заболени животни, се смета дека ја нема.

Буден надзор над трауматизираните каснати деца

Каснувањето од куче, особено за помалите деца, е траума, и психолозите советуваат будност во семејството за да се следат евентуалните психички реакции и промени. Семејството треба да влијае смирувачки врз детето, а не уште повеќе да го трауматизира со својата реакција. Треба да му се дозволи на детето да ја изживее траумата и тоа онака како што тоа самото сака: низ разговор, низ цртање, низ игра и слично.
Исто така, треба да се внимава на реакциите на детето - дали мирно спие, дали се однесува невообичаено. Ако има такви реакции и ако тие траат подолго од еден месец, треба да се побара стручна помош во Заводот за ментално здравје.

http://www.vest.com.mk/?ItemID=B18B5A5CBCF1BE4CB87D97A67FE38789
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 89101112 15>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.125 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.