![]() |
![]() |
![]() |
Прилеп и Битола |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 89101112 13> |
Author | ||||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
|||
Поставени камен темелите за новиот стамбено–деловен објект во Прилеп
![]() Во чест на празникот 11 Октомври, камен темелник за колективен стамбено деловен објект, беше поставен вчера во присуство на сопствениците на комапнијата „Инженеринг Теракота„ и „ДМ -ОИЛ“ дооел Струмица и градоначалникот Марјан Ристески. Објектот претставува колективно стамбено деловен објект со намена за домување во стамбена зграда со деловен простор во приземје и вкупна инвестиција од два милиони евра. Објектот ќе се гради на улица „Кеј 9-ти Септември“ на местото на старите судски бараки. Објектот се предвидува да се изгради со катност Подрум + Приземје + 6 ката. Во подрумот се предвидени паркинг места за објектот, на приземје се предвидени деловни простории додека на катот се предвидени станбени единици – станови. На секој кат се предвидуваат по 9 станбени единици со различна големина со цел да се задоволат потребите на секој кој купува. Бруто површината на секој кат од станбените единици изнесува 784,96м2, додека нето површината изнесува 676,062м2. Зградата ќе ги задоволува предвидените стандарди на правилникот за енергетски карактеристики на згради однсно потребна енергија за греење ќе биде помала од 100KWh/m2. http://setaliste.com.mk/top-vesti/makedonija/%D1%84%D0%BE%D1%82%D0%BE-%D0%BF%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B2%D0%B5%D0%BD%D0%B8-%D0%BA%D0%B0%D0%BC%D0%B5%D0%BD-%D1%82%D0%B5%D0%BC%D0%B5%D0%BB%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D0%B7%D0%B0-%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%B8/ Edited by Џоле - 11-Oct-2015 at 13:56 |
||||
За сè има вторпат
|
||||
![]() |
||||
ovaj_stariov ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-May-2008 Location: Prilep Online Status: Offline Posts: 1321 |
![]() ![]() |
|||
build.mk, гради форумска историја
|
||||
![]() |
||||
гитардемон ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5424 |
![]() ![]() |
|||
М-р д-р Владимир Севселенски Талевски.
Grow a dick. А најлошо, не е Двојче единствениот искомплексиран што си ги форсира титулите пред името во весници. |
||||
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
||||
![]() |
||||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
|||
Старата касарна во Битола добива нов лик
ОД М.Н. · 02.06.2015 ![]() Во „Златен Рид“, новата населба која се протега на територијата на Старата Касарна, Општина Битола извршува голем број на активности. Поставена е фекална канализација, атмосферска канализација, водовод и се прави коловоз во СРУ 1 во делот на АРМ Четврт 1 во вредност од милион евра, а до завршувањето на коловозот во СРУ 1 вкупната вредност за овој дел би достигнала до 1.5 милион евра. Со задолжувањето кое Општина Битола го направи, преку Министерството за финансии кај Светска банка во вредност од 2.5 милиони евра, ќе биде завршен и останатиот дел од АРМ Четврт 1 и АРМ Четврт 2 и тоа атмосферска канализација, водовод, улично осветлување и коловоз. Три објекти се веќе изградени, а осум фирми градат објекти од кои седум се домашни инвеститори , а еден е странски. Потоа се направени реконструкции на повеќе стари објекти кои беа дел од Касарната и тоа во еден реконструиран објект се наоѓаат Факултетот за администрација и менаџмент на информациски системи и Факултетот за биотехнички науки, а во друг објект се наоѓа Правен факултет. Извршена е реконструкција и адаптација на Стреланата, во реконструиран објект е сместено противпожарното друштво ПЕГАЗ ЕДУ, како и новата телевизија МЕГА. Изграден е и Филмски град. „До крајот на оваа градежна сезона, веројатно и дел од работите ќе ни останат и за следната градежна сезона затоа што обемот е премногу голем и се надеваме некаде до Ноември да се заврши најголемиот дел 70 до 80 проценти од сето тоа што треба да се работи и еден дел да остане за следната градежна сезона. Идните потенцијални инвеститори кои што ќе сакаат да градат, едноставно само ќе треба да се приклучуваат. Ќе биде завршена целата фекална, атмосферска канализација, водоводната мрежа, патната инфраструктура, паркови, пристапни патеки сето она што ќе значи една нова населба, еден мал град кој што потенцијално би требало да опфати околу 5 илјади жители“ – изјави градоначалникот на Општина Битола д-р. Владимир Талески. http://setaliste.com.mk/top-vesti/%D1%81%D1%82%D0%B0%D1%80%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%BA%D0%B0%D1%81%D0%B0%D1%80%D0%BD%D0%B0-%D0%B2%D0%BE-%D0%B1%D0%B8%D1%82%D0%BE%D0%BB%D0%B0-%D0%B4%D0%BE%D0%B1%D0%B8%D0%B2%D0%B0-%D0%BD%D0%BE%D0%B2-%D0%BB/ |
||||
За сè има вторпат
|
||||
![]() |
||||
jyvation ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4191 |
![]() ![]() |
|||
Станбено-деловен комплекс АРМ во Битола
![]() ![]() |
||||
![]() |
||||
fichot ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-Feb-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2602 |
![]() ![]() |
|||
Тоа што се купци во Ск мене нешто друго ми кажува, но ок.
Не ми беше зборот кој од каде ги направил парите, туку општо стандардот на жителите, та белким не се сите шверцери и макроа мме, а не дека такви нема и кај „нашиве“ (франкфурт мафија пример). |
||||
![]() |
||||
stratus ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Aug-2010 Location: Bitola/Skopje Online Status: Offline Posts: 755 |
![]() ![]() |
|||
Кај нас зборот елитно се користи за секој нов станбен објект. Така што верувам, од старт не требаше дабидат елитни туку станови за просечен македонец. Јас повеќе сум не задоволен од урбанистичкиот план за пвршината. Баш на погорната слика тоа се гледа. Имајќи на располагање огромна градежна површина, мораше ли дасе гради до улицата (Партизанска).
А за изгледот, оваа ми е врв објект1 а оваа дно: објект2 |
||||
![]() |
||||
Kid_A ![]() Senior Member ![]() Joined: 24-Nov-2014 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 452 |
![]() ![]() |
|||
Полошки регион е еден од регионите со највисока стапка на емиграција. Тоа е тоа што ги вади од просекот. Живеат и работат низ Европа, а градат и праќаат пари во својот роден крај. Стопанството им е тесно поврзано со производство и шверц на дрога, а борделите им се редовен декор насекаде. Плус, на сето тоа треба да се додаде и фактот дека државата најмалку собира данок од тој крај. Од дрога највеќе се прават пари секаде. Тетово има 3 универзитети, блиску е до Скопје и Косово, а пола град и околината се на печалба со години да не речам децении. Тоа е тоа што ги вади од просекот. Без печалбарските пари би биле еднакви на мизерија. За мене после Скопје најразвиен град по сите нишани е Битола. Културно, инфраструктурно, естетски, туристички. Има доста богати места низ Источна и Централна Македонија, но тие својот капитал го вложуваат во Скопје. Па, види само кој е купец на повеќето станови низ Скопје. Edited by Kid_A - 06-Apr-2015 at 03:57 |
||||
![]() |
||||
fichot ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-Feb-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2602 |
![]() ![]() |
|||
Што е битно дал живеат од трговија, фабрики или земјоделство. Битно да им е ок. --------- А за Тетово и Гостивар.. мислам дека барем Тетово е доста поразвиено од остатокот од Македонија во поглед на фирми, трговија и сл. Во фирма која се занимава со издавање на рекламен простор Полошкиот регион носи отприлика иста заработка колку и остатокот од Македонија заедно (без Ск). --------- А за Прилеп, супер ако се развил. Ја признавам одамна не сум бил, нити со некој oд таму сум зборел. Дај боже сите Прилепчани да се вработени и со добри плати и да си купат станови во облакодериве и да не ми идат Ск, освен како туристи. ![]() |
||||
![]() |
||||
Kid_A ![]() Senior Member ![]() Joined: 24-Nov-2014 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 452 |
![]() ![]() |
|||
Што знам. Едноставно сум бездушен кога ги гледам овие нови згради во касарната. Nothing special според мене.
Имаа огромен простор на располагање, можеа да направат мал рај во Битола и да го разубават градот, но сето ова ми изгледа баш типично македонски, т.е. кажано, а недоречено! Можеби кога ќе биде завршен целосно проектот ќе добие комплетно друга димензија, но моментално не гледам ништо елитно тука и што те остава без зборови. Edited by Kid_A - 05-Apr-2015 at 22:36 |
||||
![]() |
||||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
|||
![]() |
||||
За сè има вторпат
|
||||
![]() |
||||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
|||
![]() |
||||
За сè има вторпат
|
||||
![]() |
||||
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
|||
Струмица е град со богата фасада но позади фасадата стојат печалбарите и земјоделците кои го држат градот во живот. Инаку во струмица нема некој голем работодавач туку во градот најголемиот дел се трговци, угостители и други услужни дејности кои живеат на грбот на земјоделецот и печалбарите. |
||||
![]() |
||||
Svarog ![]() Groupie ![]() ![]() Joined: 21-Mar-2015 Online Status: Offline Posts: 92 |
![]() ![]() |
|||
Вп заводот за статистика има неколку публикации кои не нудат многу обемни информации:
http://www.stat.gov.mk/OblastOpsto.aspx?id=20 http://www.stat.gov.mk/pdf/2015/6.1.15.17.pdf http://www.stat.gov.mk/Publikacii/6.4.14.02.pdf Иначе во предвид се земени и оние индивидуални куќи. Иначе во Прилеп пазарот на недвижнини е и тоа како неразвиен, затупавен. Многумина продаваат, а ретко кој купува и тоа најчесто се лица од соседните општини пред се Кривогаштани и Долнени. Иначе среќа што го имаме Економскиот Факултет, да не е тој уште толку ќе пропадне градот. Како и да е има некоја раздвиженост. Иначе, да, проблемот што го има Прилеп го имаат и останатите градови, особено оние во Источна Македонија. Искрено се надевам дека во иднина ќе имаме децентрализиран развој во Државава. |
||||
![]() |
||||
stratus ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Aug-2010 Location: Bitola/Skopje Online Status: Offline Posts: 755 |
![]() ![]() |
|||
Колку и да се зградите пропаганда и замачкување очи, лично не мислам дека се толку не остварливи.
Ако ги погледнете убаво дека во горниот дел се стеснуваат, се доаѓа дека една ваква зграда е еднаква на 3-4 просечни македонски згради со по 5 ката, а по бројот на евентуални станови и помалку. Односно заедно двете би биле еднакви на 6-7 ново изградени пет катни згради и една помала деловна, плус продавници (комерцијален простор) на приземје. За споредба во Битола во последните неколку години се градат/изградени 7-8 нови просечни македонски згради само во касарната. Прилеп е град со слична големина како Бт, а и нема баш некоја новоградба. Зборот ми е, да имало инвеститор од ваков тип, место тие згради од повеќе инвеститори, можел да изгради 2 вакви. Во овие зградиби имало 200-300 станови, во зависност од процентуалната застапеност на станбен простор. Таков боеј не мислам дека е "огромен" и неверојатен да се продаде во рок од ~5 години и во некоја нескопска општина. За жал домашните инвеститори, немаат толку пари, а дел сакаат побрзо и посигурно богатење и затоа не се нафаќаат на посериозни проекти како овој. Впрочем, овие две згради заедно не се ни колку една турска на Џевахир. И за крај, дали некој може да прикаже на статистика на градење и купување на станови по година за регионите во МК? |
||||
![]() |
||||
Kid_A ![]() Senior Member ![]() Joined: 24-Nov-2014 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 452 |
![]() ![]() |
|||
Не можеш нешто да средиш коешто пуштало канцер со децении за само 10 години. Треба време, работа и посветеност. Јас сум бил во Прилеп последен пат дури пред 4-5 години, а таму каде што поминав не видов ниту една трошна куќа. Имате неколку населби прилично добро средени. Центарот ви е исто така убаво среден. За економија верувам дека новите фабрики ќе го кренат стандардот во наредните 4-5 години. |
||||
![]() |
||||
Svarog ![]() Groupie ![]() ![]() Joined: 21-Mar-2015 Online Status: Offline Posts: 92 |
![]() ![]() |
|||
Кога се во прашање градовите од Пелагонискиот регион можам од прва рака да ви дадам информации.
Во Прилеп има многу повеќе невработени во однос на градовите што Kid_A ги наброи. Во продавници и ден денес во Прилеп работат за 6000 денари (мајка ми сеуште работи за таа плата), има многу невработени, посебно млади лица кои со помош на бугарски пасоши само во последните две-три години и тоа колку заминаа во Германија. Единствено што во Прилеп се прави се паркчиња и по некоја улица. Има сеуште улици неасфалтирани во центарот на градот, сеуште има проблем со водата и канализацијата. Стотици куќи се распаѓаат, стотици семејства што живеат и со социјална помош, а уште повеќе и без социјална помош. Иначе да, се печали од тутун, но не сите имаат ресурси за да одгледуваат тутун. Економската состојба во градот особено се влоши во последните 3-4 години. Многу дуќани од самата чаршија па и пошироко беа затворени, најголем дел поради пресиите од УЈП. Се на се, Прилеп е мноогу далеко зад Скопје, Тетово, Битола, Кавадарци, Струмица, Гевгелија... Единствено само 4 дена во годината Прилеп жживее, а тоа е Пивофест. |
||||
![]() |
||||
Kid_A ![]() Senior Member ![]() Joined: 24-Nov-2014 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 452 |
![]() ![]() |
|||
Најбогати градови во Македонија се Скопје, Струмица, Гевгелија, Кавадарци. Таму нема невработени лица, низок степен на криминал, урбани и мирни градови. Тетово и Гостивар немаат висок стандарт, туку буквално живеат од печалбари со оглед на тоа дека тие се фамилијарно многу поврзни отколку ние. |
||||
![]() |
||||
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
|||
Ја пак сум го посетил градот и можам да го кажам сосема спротивното од тебе. Еден од најмизерните градови во Македонија. Сред центар на град се суши тутун и се забележуваат магариња. И пазарот сум го посетил,требаше да помагам на една жена од Скопје на која пазарџијата не сакаше да и ги врати 500'те денари кусур туку и ги зема и започна да збори со други и нејзе да ја одбегнува. Колата треба да ја паркираш на видно место,најпрепорачливо во близина на Комерцијална Банка,иначе обавезно посебно ако си од страна,ти ги снемува бришачите или некој друг детаљ.[/iQUOTE] Друже мислам дека муабетот ти е за Прилеп пред 15 до 20 години. Ти препорачувам сега да го посетиш. |
||||
![]() |
||||
Kid_A ![]() Senior Member ![]() Joined: 24-Nov-2014 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 452 |
![]() ![]() |
|||
Кога се споредува нешто секогаш треба да се види како било порано, а како е сега. Последните 10 години Прилеп отиде многу напред во секаква смисла. Изградија инфраструктура, патишта, канализација, осветлување, најчист град е во Македонија, центарот убаво го средија, добија нови административни згради, нови здравствени и старечки домови, многу училишта се реновираа, нови градинки и спортски терени итн. Нова автобуска станица, нов пазар, нова зграда за пожарникарите. Добија комплетно нов влез кон Прилеп, а ќе се асфалтира и тој кон Градско ( рак рана). Тутунски комбинат повторно работи рентабилно заедно со Филип Морис, тука е и Прилепска пивара, Витаминка Прилеп, ТИРЗ зоната со нови 4-5 фабрики коишто се градат во моментов. Пивофест прерасна во вистински професионален фестивал по сите нишани со огромна посетеност, а тука се надоврзува Џез фестивалот, маскенбалот. Прилеп доби 4-5 дискотеки/кафе барови коишто можеби по инфраструктура и ентериер се меѓу најдобрите во Македонија. Новиот Irish Pub отворен пред неколку недели според мене е најубав во Македонија. Од сето ова немаше ништо до пред 10 години. Типична селска паланка, мртов град и население со прилично див менталитет и духовно празни. Денес Прилеп има сосема друга слика. |
||||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 89101112 13> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |