build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Останати теми
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Економски вести

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 89101112 29>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #181 Posted: 29-Feb-2012 at 00:42

Рекордни инвестиции во 2011 година

Компанијата „Џеваир“ најави инвестиција од 150 милиони евра за изградба на четири 40-катници, а се најавува и изградба на турска фабрика за експлоатација на мермер во околината на Прилеп

 
 
%20  

Над 51 милион евра турски инвестиции влегле во земјава во периодот јануари-септември 2011 година, што е повеќе отколку сите досегашни инвестиции од Турција кај нас. Според податоците на Народна банка, од 1997 до 2010 година во Македонија имало 48 милиони евра турски инвестиции, што е 1,43 отсто од вкупните странски инвестиции во земјава во овој период. Најголем турски инвеститор во Македонија е компанијата ТАВ, која е концесионер на аеродромскиот систем и се очекува да инвестира над 150 милиони евра. Турската компанија веќе ги осовремени скопскиот аеродром „Александар Велики“ и „Св. Апостол Павле“ во Охрид, а според концесискиот договор во иднина ТАВ треба да изгради и нов карго-аеродром во Штип.

Инвеститори од Турција се присутни во трговијата, градежништвото, здравството и други дејности. Поголеми инвестиции од оваа земја се првиот затворен трговски центар во државава „Рамстор“, очната болница „Европа“ во Скопје и фабриката за производство на лепила „Белене“ во Берово што беше во рамките на „Охис“. Компанијата „Џеваир“ најави инвестиција од 150 милиони евра за изградба на четири 40-катници во општината Аеродром, се најавува и изградба на турска фабрика за експлоатација на мермер во околината на Прилеп, како и изградба на цементарница и на фабрика за производство на храна и прехранбени продукти. Најнова турска инвестиција во земјава е онаа на компанијата „Лимак“, која во минатата недела купи две парцели кај старата железничка станица во Скопје. „Лимак“ за двете парцели плати безмалку 4 милиони евра, а освен објекти за привремено сместување, мали комерцијални и деловни единици, големи трговски единици, деловни простории на оваа локација треба да изгради и подземна сообраќајница.

Битен елемент во економската соработка меѓу двете земји е трговската размена. Турција е една од земјите со кои Македонија има најголем обем трговија. Во минатата година вкупната трговска размена меѓу двете земји била околу 417 милиони долари. Македонија лани во Турција извезла стоки во вредност од околу 73 милиони долари, а вредноста на увозот изнесувала околу 343 милиони долари, што укажува дека имаме дефицит во размената со оваа земја.

  • 48 милиони евра вкупно влегле во земјава од 1997 до 2010 година, што е
  • 1,43% од вкупните странски инвестиции во земјава
  • 287 милиони евра странски инвестиции влегле лани во Македонија
  • 51 милион евра вложила Турција во првите девет месеци
  • 17,7% од вкупните инвестиции во 2011 година во Македонија доаѓаат од Турција
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=22812837413&id=9&prilog=0&setIzdanie=22517
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #182 Posted: 18-Feb-2012 at 17:27

„Македонски шуми“ за првпат извезува дрва за грчките државјани


За првпат македонски дрва за огрев почнаа да се извезуваат во Грција за потребите на грчките државјани, изјави директорот на подружницата на Јавното претпријатие „Македонски шуми“ во Демир Капија, Слободан Чапов.

Првите количества македонско огревно дрво се извезоа денес, а до понеделник само од оваа подружница во Грција ќе се испорачаат околу 400 кубика.

- Дрво за огрев, главно даб и бука, кон Грција ќе се извезува и од подружниците на претпријатието од Кавадарци, Демир Хисар и Битола, вели Чапов, додавајќи дека цените на дрвата се исти како и за македонските граѓани.

http://www.plusinfo.mk/vest/33877/Makedonski-shumi-za-prvpat-izvezuva-drva-za-grchkite-drzhavjani


Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #183 Posted: 07-Feb-2012 at 12:36

Џонсон Мети го спаси извозот во 2011

Александар Јанев
Џонсон%20Мети%20го%20спаси%20извозот%20во%202011
Иако металската, рударската и текстилната индустрија во последниот квартал од 2011 година го намалија производството, статистиката за трговската размена прикажа раст на извозот во декември од 23%, што се должи главно на зголемувањето на производството на катализатори од Џонсон Мети

Катализаторите што ги произведува британската компанија Џонсон Мети, која работи на Бунарџик, го спасија македонскиот извоз во 2011 година. Иако металската, рударската и текстилната индустрија во последниот квартал од 2011 го намалија производството, статистиката за трговската размена прикажа раст на извозот во декември од 23%, главно поради зголемувањето на производството на катализатори.

485милиони долари изнесува извозот на катализатори од јануари до ноември лани кои ги произведува Џонсон Мети, што е повеќе од 10% од вкупниот извоз

23%пораст оствари извозот во декември лани, главно поради зголемувањето на продажбата на катализатори

2,55милијарди евра изнесува трговскиот дефицит на земјава за цела 2011 година

Иако британската компанија ја отвори фабриката на Бунарџик во 2010 година, производството на катализатори се наметна како главен столб на македонскиот извоз лани, од кога значително се зголеми производството. Со продажба на катализатори во вредност од половина милијарда долари на германскиот и на британскиот пазар лани, Џонсон Мети стана најголем извозник од Македонија.

Според годишните податоци за цела 2011 година, освен катализаторите, најголем раст во извозот има кај производството на машини и транспортни уреди од дури 130,8% и минералните горива што ги извезува Окта на косовскиот пазар.

Сепак, статистичките податоци за пораст на извозот во декември лани се во колизија со претходните индикатори за пад на индустриското производство, кои ги објави Државниот завод за статистика - огромен пад од 22,7% во металската индустрија, намалување на производството кај тутунската и нафтената индустрија, производството на мебел и опрема за транспорт. Кризата што ги зафати клучните сектори на кои се потпира домашната економија донесе пад на индустриското производство на крајот од 2011 година од 4,8%.

Негативниот тренд од реалниот сектор ги промени и очекувањата на сите меѓународни финансиски институции и на Народната банка за движењето на економијата во последниот квартал од 2011 година.

Гувернерот на НБМ, Димитар Богов, објави дека бруто-домашниот производ (БДП) во тој период оствари минимален раст од 0,7%, токму поради намалената странска побарувачка и извозот.

http://www.kapital.com.mk/mk/dneven_vesnik.aspx/79744/dzhonson_meti_go_spasi_izvozot_vo_2011.aspx?iId=2576

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #184 Posted: 06-Feb-2012 at 12:38
Обем на стоковната размена со странство

понеделник, 06 февруари 2012


Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија во периодот јануари-декември 2011 година изнесува 4 455 375 илјади САД долари, а на увозот 7 007 251 илјади САД долари. Покриеноста на увозот со извоз е 63.6%. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-декември 2011 година, изнесува 2 551 876 илјади САД долари.


Трговската размена по производи покажува дека во извозот, најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, фероникелот, производите од железо и челик (валани производи), облеката и преработките од нафта. Во увозот, најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, суровата нафта, моторните возила за превоз на лица и електричната енергија.


Во периодот јануари-декември 2011 година, најголемо учество во извозот на стоки имаат земјите-членки на ЕУ 27 (60.6%) и земјите од Западен Балкан (27.6%), а во увозот на стоки најголемо учество имаат земјите-членки на ЕУ 27 (54.3%) и земјите во развој (26.8%). Според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Република Македонија најмногу тргува со Германија, Србија, Грција, Бугарија и Русија (44.2% од вкупната надворешно- трговска размена се врши со овие пет земји).


http://www.stat.gov.mk/PrikaziSoopstenie.aspx?rbrtxt=78
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #185 Posted: 01-Feb-2012 at 09:05
Британска хај-тек компанија ќе инвестира во Македонија

Скопје, 31 јануари 2012 (МИА) - Британска хај-тек компанија ќе инвестира во Македонија, со што ќе се отворат од 50 до 200 нови работни места, најави министерот за привлекување странски инвестиции Бил Павлески.

- Претходниве два дена имавме интезивни и успешни преговори со бизнисмените кои дојдоа заедно со принцот Мајкл од Кент. Многу сме блиску до договарање за отворање на нов кол-центар во Македонија во високата технологија, изјави Павлески на хуманитарната гала вечер организирана во чест на официјалната посета на Македонија од принцот Мајкл од Кент.

На инвестоторите, како што рече, претежно им се допаѓа тоа што Македонија има доста високо образована интелектуална работна сила.  

- Овој Call-центар е она на што работевме поинтезивно во последниве неколку месеци за развивање на информатичката технологија во Република Македонија. Овие работни места ќе дојдат од земји како Англија, Јужна Африка, Индија, Русија и други места, посочи Павлески.

Спиоред него, ова е многу значаен проект и покажува дека Македонија има доста висококвалитетна работна сила, посебно во информатичката технологија.

Тој изрази надеж дека со овој проект Македонија ќе привлече уште позначајни и поголеми инвестиции во оваа сфера.

Павлески информира дека со бизнисмените од Англија дискутрирале и за инвестиции во други сфери, во агрокултура, за градење на луксузни хотели во близина на некои од скијачките центри, а има заинтересираност и за концесии во рударството.

http://www.mia.com.mk/default.aspx?vId=90891089&lId=1&pmId=501

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #186 Posted: 31-Jan-2012 at 21:24

Нова инвестиција, 200 нови вработувања

Нова инвестиција во земјава која ќе отвори до 200 нови високоплатени работни места, најави министерот за странски инвестиции Бил Павлески.

pavlevski.jpg500

По пристигнувањето на британските бизнисмени во земјава се водат интензивни преговори со преставници на македонската влада.

Станува збор за отварање на Call-центар во високата технологија откако од британските бизнисмени беше воочено дека во Македонија има голема интелектуална сила и дека Македонија е отидена чекор понапред во информатичките технологии.

Претставници на македонската влада со британските бизнисмени водат интензивни преговори за вложување во повеќе гранки како рударството и агробизнисот, но станало збор и за отварање на луксузен хотел во Македонија.

http://www.kurir.mk/makedonija/vesti/59187-Nova-investicija-200-novi-vrabotuvanja

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #187 Posted: 23-Jan-2012 at 11:45

Од април Југохром ќе работи под полна пареа

Во април печките на Југохром повторно ќе стартуваат со производство. Поради ниските температури, скапата струја и слабата побарувачка периодов наместо да се прават загуби  како што велат од менаџментот ќе се искористи за ремонт на дел од печките.

Комплетно ќе биде заменета електрично-водоводната мрежа а ќе бидат сервисирани и трансформаторите за комбинатот напролет да стартува под полна пареа.

- Нашиот најголем бренд го извезуваме во 15 земји. Европа, Русија, Турција и други. Ги продадовме сите залихи и во една таква состојба го стопиравме производството изјави за Сител директорот на Југохром Фероалој, Костас Јанкоглу. Притиснати од светската криза но и скапата струја, чија цена се зголеми двојно во првиот квартал од годината, моравме да го сопреме производството, вели тој.

Капацитетот во моментов го оддржуваат 80 работници и уште толку работат на сервисирање на иститот. За од април Костас најави враќање на работа на сите принудно отпуштени.

Ако производот добие повисока цена на берзите ќе има дополнителни вработувања. Но смета дека во моментов во Македонија нема соодветен кадар за работа во металната индустрија.

- Од април ќе вратиме 80 проценти од вработените а подоцна и сите 800 вработени. Ако попушти кризата се надеваме и за зголемување на производството а со тоа ќе се зголеми и потребата од нови вработени, додава Јанкоглу. 

Развојниот буџет на комбинатот од Јегуновце предвидува во наредниот период инвестициите да достигнат до 60 милиони евра, со што Југохром ќе стане дел од елитата во металната индустрија.

http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis/od-april-jugohrom-ke-raboti-pod-polna-parea

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #188 Posted: 23-Jan-2012 at 11:36

Катарска компанија најавува дека ќе купува месо од Македонија

Катарската државна компанија за производство и трговија со месо и жива стока „Маваши“ (Qatar Meat and Livestock Company) објави дека планира увоз на месо од Македонија, Турција, Киргизистан и Казахстан за да ги задоволи потребите на домашниот пазар, изјави Рами Ал Каври, директор за продажба и маркетинг на компанијата за локалниот весник „Завија“ кој излегува во главниот град Доха.

Цената на месото на Арапскиот полуосторв расте заради зголемената потрошувачка, вели весникот, иако се смета дека цените на светско ниво се стабилни. „Завија“ го цитира Ал Каври, кој вели и дека некои земји го имаат забрането извозот на месо за да ги задоволат домашните потреби.

Околу 74 отсто од испитаниците во акнетата што ја спроведе компанијата „Ал Шарк“ во Доха сметаат дека цените на месото во земјата се високи, а 22 отсто сметаат и дека тие се далеку повисоки од оние на светскиот пазар.

Килограм свежо пилешко во Доха се продава од 17-20 катарски риали (3,6-4,3 евра), а цените на другите свежи меса се пораснати за 10-15 катарски риали (2,1-3,2 евра), додека кај смрзнатите меса растот на цените изнесува од 3-5 катарски риали (0,65-1,1 евра).

http://www.plusinfo.mk/vest/30708/Katarska-kompanija-najavuva-deka-kje-kupuva-meso-od-Makedonija

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #189 Posted: 05-Jan-2012 at 14:09
Обем на стоковната размена со странство

четврток, 05 јануари 2012


 
Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот
на стоки од Република Македонија во периодот јануари-ноември 2011 година изнесува 4 073 620
илјади САД долари, а на увозот 6 390 062 илјади САД долари. Покриеноста на увозот со извоз е
63.7%. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-ноември 2011 година, изнесува 2 316 442 илјади
САД долари.
Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите
на носачи со благородни метали или нивни соединенија, фероникелот, производите од железо
и челик (валани производи), облеката и преработките од нафта. Во увозот најмногу се застапени
платината и легурите на платина, необработени или во прав, суровата нафта, моторните возила за
превоз на лица и електричната енергија.
Во периодот јануари-ноември 2011 година, најголемо учество во извозот на стоки имаат земјите-
членки на ЕУ 27 (60.7%) и земјите од Западен Балкан (27.8%), а во увозот на стоки најголемо
учество имаат земјите-членки на ЕУ 27 (54.5%) и земјите во развој(26.6%). Според вкупниот обем
на надворешно-трговската размена, Република Македонија најмногу тргува со Германија, Србија,
Грција, Бугарија и Италија (44.1% од вкупната надворешно-трговска размена се врши со овие пет
земји).


http://www.stat.gov.mk/PrikaziSoopstenie.aspx?rbrtxt=78
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #190 Posted: 30-Dec-2011 at 14:06

7.760 милиони евра е проектираниот номинален БДП за 2012 година

7.760%20милиони%20евра%20е%20проектираниот%20номинален%20БДП%20за%202012%20година7.760 милиони евра е проектираниот номинален БДП за 2012 година. Сценариото за следната година предвидува раст од 3% на БДП, кој се очекува да биде условен од домашната побарувачка, особено од инвестициите. Инфлацијата се очекува да се намали до 2% во 2012 година, со оглед дека исчезнаа ефектите од повисоките цени на храната и на потрошувачките стоки, и како одговор на забавената домашна побарувачка.

http://www.time.mk/read/NONE/a4689dbea4/index.html
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #191 Posted: 29-Dec-2011 at 19:38
Агрокор сака и се обидува да го купи Меркатор,па за еден откупен центар во Струмица мислам нема шанса да прават некои гимнастики.Премногу е мала инвестицијата за да има матни работи
Back to Top
nylon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 23-Oct-2010
Online Status: Offline
Posts: 168
  Quote nylon Quote  Post ReplyReply #192 Posted: 29-Dec-2011 at 19:12
Луѓе Агрокор е сериозна компанија со долгорочни цели и стратегии. Нема потреба да бидеме загрижени и да се сомневаме во нов Сведмилк. Сведмилк беа инкогнито инвестиција од некои си Швеѓани кои земаа кредити од наши банки поради кредибилитетот кој ги има Шведска и шведската амбасада која мислам дек аги подржуваше. Ако сакаше Агрокор да направи такво нешто во најмала рака немаше да го експонираат името и немаше да дојде сопственикот. Сепак тие имаат многу производи за широка потрошувачка, а и огромен ланец на супермаркети што значи дека мора да се грижат за својот имиџ и публицитет, па не би си дозволиле таков "луксуз" со просечна инвестиција во Македонија.
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1321
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #193 Posted: 29-Dec-2011 at 15:26
Originally posted by kultuzin

Земјоделецот Ванчо Котевски од Куклиш е уште поголем скептик. Во Агрокор гледа нов Сведмилк.

“И Агрокор ќе биде нешто како Сведмилк. Слушај ме. Ќе видиш. Следната година ќе протестираме пред Влада како млекарите. Влезот на Агрокор требаше да ни го олесни живот, а не да ќарат само Тодориќ и дестина струмичани. Не може веќе вака. Скапи семиња, скапо ѓубриво. Не останува ништо за нас. Субвенциите кои ги дава државата не помагаат. Тие се само за да го одржиш производството. Не можеш да инвестираш во зголемување на стандардите, ниту пак да го зголемиш производството“, вели Котевски.

Ако се сеќават Администраторите уште пред да почне да се гради Агрокор зборував дека се работи за потенцијален Сведмилк, тогаш постот ми беше избришан од неразбирливи причини, но сега почна и отворено да се зборува за можен криминал.



Stom e kazano od "ekspert" kako zamjodelecot Vanco Kotevski na vistina treba da se zamislime
build.mk, гради форумска историја
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #194 Posted: 29-Dec-2011 at 15:03
Земјоделецот Ванчо Котевски од Куклиш е уште поголем скептик. Во Агрокор гледа нов Сведмилк.

“И Агрокор ќе биде нешто како Сведмилк. Слушај ме. Ќе видиш. Следната година ќе протестираме пред Влада како млекарите. Влезот на Агрокор требаше да ни го олесни живот, а не да ќарат само Тодориќ и дестина струмичани. Не може веќе вака. Скапи семиња, скапо ѓубриво. Не останува ништо за нас. Субвенциите кои ги дава државата не помагаат. Тие се само за да го одржиш производството. Не можеш да инвестираш во зголемување на стандардите, ниту пак да го зголемиш производството“, вели Котевски.

Ако се сеќават Администраторите уште пред да почне да се гради Агрокор зборував дека се работи за потенцијален Сведмилк, тогаш постот ми беше избришан од неразбирливи причини, но сега почна и отворено да се зборува за можен криминал.

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #195 Posted: 29-Dec-2011 at 14:51

Девизните резерви за првпат над 2 милијарди евра


Бруто девизните резерви бележат постојан раст во однос на крајот на 2010 година и заклучно со 23. декември достигнаа 2.018,1 милион евра, одржувајќи се на соодветното ниво, објави Советот на Народната банка на Република Македонија по денешната седница.

Стапката на адекватност на капиталот на банкарскиот систем е повеќе од двојно над пропишаното минимално ниво (16,7 отсто на 30.09.2011 година) и обезбедува доволен капацитет за апсорбирање на евентуалните негативни шокови од натамошно зголемување на ризиците. Тоа го потврдуваат и резултатите од стрес-тест симулациите, преку кои Народната банка ја анализира отпорноста на банкарскиот систем на различни негативни шокови (вклучително и можните ризични сценарија поврзани со тековната состојба во евро-зоната). Резултатите покажуваат дека капитализираноста на банките е задоволителна и дека банкарскиот систем е отпорен на надворешните шокови. 

Инфлацијата во економијата ја следи проектираната патека, така што во ноември годишната стапка на инфлацијата изнесува 3,5%, а просечната базична инфлација се задржа на нивото од 1,2%.Во согласност со очекувањата за забавување на економскиот раст во втората половина од годината, во третото тримесечје бруто домашниот производ оствари реален годишен раст од 2,3%, којшто е повеќе од двојно помал во однос на растот во второто тримесечје. Исто така, физичкиот обем на индустриското производство веќе трет месец по ред бележи пад на годишна основа, којшто во ноември достигна 5,3%.

http://www.plusinfo.mk/vest/28236/Deviznite-rezervi-za-prvpat-nad-2-milijardi-evra

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #196 Posted: 27-Dec-2011 at 13:20
Индекси на индустриското производство

вторник, 27 декември 2011


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во ноември 2011 година, во однос на ноември 2010 година, изнесува 94.7.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во ноември 2011 година, во однос на ноември 2010 година, бележи пораст од 15.5%, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 7.6%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација
бележи пораст од 5.7%.
Според главните индустриски групи, производството во ноември 2011 година, во однос на ноември 2010 година, бележи пораст кај Капитални производи за 70.3 %, додека опаѓање бележи кај Енергија за 4.2 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 12.6 %, Tрајни производи за широка потрошувачка за 0.7 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 6.6%.
Индексот на индустриското производство во периодот јануари - ноември 2011 година, во однос на периодот јануари-ноември 2010 година, изнесува 104.1.

http://www.stat.gov.mk/PrikaziSoopstenie.aspx?rbrtxt=1
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #197 Posted: 22-Dec-2011 at 17:41
Бруто-домашен производ, тримесечни податоци

четврток, 22 декември 2011


Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) за третото тримесечје од 2011 година изнесува 2.3%.
 
Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во однос на истиот период од 2010 година, номинално расте за 4.8%, а нејзиното учество во структурата на бруто- домашниот производ изнесува 75.7%.
 
За истиот период , извозот на стоки и на услуги забележа зголемување во номинален износ од 18.8%, а увозот на стоки и услуги номинално порасна за 19.0%.
 
Во третото тримесечје од 2011 е забележан пораст во повеќето сектори, а најголем пораст е забележан во секторите: Ѓ- Градежништво за 12.3%, Ж- Хотели и ресторани за 7.0% и А+Б Земјоделство, лов, шумарство и Рибарство за 6.0%.

http://www.stat.gov.mk/PrikaziSoopstenie.aspx?rbrtxt=31
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #198 Posted: 14-Dec-2011 at 15:37
Истругвани околу 80 милиони евра со акциите на скопска Пивара
14 декември 2011   14:01 GMT
Исклучително висок промет во износ од 4.887.229.524,72 денари (79,4 милиони евра) реализиран е денеска на Македонска берза за хартии од вредност, што се должи на две блок трансакции со акциите на Пивара Скопје.

Од вкупниот промет 19.330.230,62 денари беа реализирани на Официјалниот пазар, додека на Редовниот пазар прометот изнесуваше 4.867.899.294,10 денари.

Индексот МБИ10  се намали за 0,78 % и изнесуваше 2.017,61 поени. МБИД се намали за 0,16 % и изнесуваше 2.111,34 поени, а ОМБ се зголеми  за 0,50 % и изнесуваше од 120,46 поени.

Најтргувана на Редовниот пазар  беше акцијата на Скопска Пивара АД Скопје со која беше остварен промет во износ од  4.867.790.104,10  денари (79,1 милиони евра), по просечна цена од 65.696,00 денари.

Поголемиот промет од оваа тргување беше остварен преку две администраторски блок трансакции.

Станува збор за реализација на најавеното зголемување на мнозинскиот пакет акции на Хајнекен и Кока Кола Хеленик, кои претходно објавија дека се договориле со инвестициската група М6 и останатите акционери на „Пивара“ од Скопје да докупат уште 41,2 отсто од акциите на компанијата во вредност од 79,1 милиони евра, со што ќе станат сопственици на 96,5 отсто од акциите на „Пивара“.„

На Официјалниот пазар  најголем промет беше остварен со акциите на  Комерцијална банка АД Скопје во износ од 17.283.411,00 денари по просечна цена од 2.711,12 денари.

Втора од акциите по реализиран промет беше акцијата на Макпетрол АД Скопје со која беше остварен 380.428,00 денари промет по просечна цена од 19.021,40 денари.

Трета беше акцијата на Алкалоид АД Скопје со остварени 265.320,00 денари кои се тргуваа по просечна цена од 3.960,00 денари .

Најтргувана од обврзниците беше Обврзницата за денационализација на Р.М десетта емисија. Оваа обврзница се тргуваше по просечна цена од 91,00 % и беа остварени 608.799,04 денари.

http://www.makfax.com.mk/30/273281/istrugvani_okolu_80_milioni_evra_so_akciite_na_skopska_pivara
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #199 Posted: 13-Dec-2011 at 16:37

Емирот на Катар ќе јаде македонско јагне?!

Катерина Попоска

Македонско јагнешко месо ќе се најде на трпезата на шеикот Хамад бин Калифа Ал Тани, дознава “Капитал“. Емирот веќе нарачал 1.000 јагниња

Емирот на Катар, шеикот Хамад бин Калифа Ал Тани, сака да купи 1.000 македонски јагниња, дознава “Капитал“ од извори во Владата. Преку катарска компанија, која ќе регистрира свое претставништво во Македонија, шеикот Ал Тани сака да увезува македонско јагнешко месо. Засега, првите 1.000 јагниња се нарачани најверојатно од Штипско и од Прилепско. Извори од Владата откриваат и дека тие се само за проба, па ако емирот е задоволен, ќе се склучат договори кога и колку јагниња Македонија ќе треба да испорача за Катар.

Пред еден месец, кога шеикот Ал Тани и 14 министри од Владата на Катар беа во официјална посета на Македонија, најавија дека покрај македонско јагнешко месо, сакаат да увезуваат и овошје, зеленчук и вода за пиење. Иако тогаш дојде во лов на македонски инвеститори, емирот бараше и пазар за катарските ресурси. Од Владата и од кабинетот на претстедателот Ѓорге Иванов тогаш информираа дека Катар сака да инвестира во енергетика, инфраструктура, градежништво, земјоделство, туризам и трговија.

Иако претседателот Иванов во моментов е во Доха, каде што учествува на четвртиот форум на Алијансата на цивилизациите, со емирот разговарал само за политички теми, како спознавање на културите, иновативност, кооперативност и образование, но не и за детална економска соработка меѓу Македонија и Катар.

“Капитал“ неофицијално дознава и дека најверојатно во март следната година државната катарска авиокомпанија Катар ервејс (Qatar Airways) ќе воспостави директна редовна авиолинија Доха-Скопје. Во Агенцијата за цивилно воздухопловство немаат детали за оваа информација.

“Засега не сме добиле формално барање од Катар ервејс за директен редовен лет Скопје-Доха. Ако добиеме, ќе го разгледаме и соодветно ќе одговориме“, изјави директорот на АЦВП, Дејан Мојсовски.

Македонската воздухопловна власт се подготвува во февруари 2012 година да договори директен лет и од Скопје за Дубаи, дознава “Капитал“.

http://www.kapital.com.mk/mk/dneven_vesnik.aspx/77533/emirot_na_katar_kje_jade_makedonsko_jagne_!.aspx?iId=2505

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #200 Posted: 05-Dec-2011 at 15:20
Обем на стоковната размена со странство

понеделник, 05 декември 2011


Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари-октомври 2011 година, изнесува 3 705 780 илјади САД долари, а на увозот 5 763 655 илјади САД долари. Покриеноста на увозот со извоз е 64.3%. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-октомври 2011 година, изнесува 2 057 875 илјади САД долари.


Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, фероникелот, производите од железо и челик (валани производи), облеката и преработките од нафта. Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, суровата нафта, моторните возила за превоз на лица и електричната енергија.


Во периодот јануари-октомври 2011 година, најголемо учество во извозот на стоки имаат земјите- членки на ЕУ 27 (60.9%) и земјите од Западен Балкан (27.8%), а во увозот на стоки најголемо учество имаат земјите-членки на ЕУ 27 (54.9%) и земјите во развој (26.2%). Според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Република Македонија најмногу тргува со Германија, Србија, Бугарија, Грција и Италија (44.2% од вкупната надворешно-трговска размена се врши со овие пет земји). 


http://www.stat.gov.mk/PrikaziSoopstenie.aspx?rbrtxt=78
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 89101112 29>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.285 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.