![]() |
![]() |
![]() |
Енергетика (општо) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 89101112 27> |
Author | ||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|
зарем никој не се запраша зошто навистина се одложи либерализацијата.ни збореа дека либерализацијата ке ги намали цените на ел енергија ке донесе реални цени како што е случај сега во хрватска либерализацијата им донесе на граганите на хрватска 30% поефтина струја и одеднаш као демек владата почна да се грижи за нас и затоа ја одложи за да не заштити од повисоки сметки во време кога струјата е навистина ефтина и би требало да остане наредниве години ниска и стабилна,и во време кога хидроцентралите работат турбо кај нас цената расте се одложува либерализацијата според мене се со една цел ПРОФИТ максимално ја користат добрата хидролошка состојба и неинформираноста и незнаењето народот.10 пати поскапе СТРУЈАТА ПОСЛЕДНИВЕ НЕКОЛКУ ГОДИНИ се вадат со скап увоз за кој ние обичните луге не сме криви туку они (ПОЛИТИЧАРИТЕ) а сега кога ел енергија има во изобилие со ниска цена кај нас не поефтинува иако требаше уште во јануари,а има големи шанси сега во јули пак да поскапи.некој страшно многу профитира од целава работа на нашиот грб бугарите се освестија ама ние очигледно не а и тешко да се случи тоа.полесно ни е да си трпиме и да голтаме што ни сервираат
Зошто македонски фирми плаќаат над 100 евра, кога мегават струја на берзите се купува од 35 до 70 евра?Регулаторната комисија за енергетика ја одложи можноста за 150 фирми да купуваат струја на берза, а Стопанската комора молчи и не коментира. Околу 150 македонски компании до крајот на годинава ќе продолжат да плаќаат електрична енергија по цена повисока од 100 евра за мегаватчас иако на регионалните берзи во Романија, Словенија и во Унгарија еден мегаватчас електрична енергија може да се купи по цени од 35 до 70 евра за мегаватчас. Нашите компании од кои поголем дел се извозници и цената на струјата директно и силно влијае врз нивната конкурентност ќе мора да купуваат струја по регулирана цена заради тоа што Регулаторната комисија за енергетика не дозволува тие да купуваат струја на отворен пазар иако имаше обврска тоа да го направи од 1 јули годинава. Бранко Азески, претседателот на Стопанската комора на Македонија една недела одбива да одговори на прашањата на МКД.МК дали и што презема за заштита на правата на компаниите – членки на најголемата и најстара стопанска комора во земјава да купуваат струја по пазарни цени, како што и предвидува Законот за енергетика. Какви се цените на регионалните берзи? Прегледот на цените на регионалните берзи во Југоисточна Европа покажува дека електричната енергија во моментов може да се набави (во банд тарифа која е наменета за индустријата) по цени од 35 евра до 70 евра за мегаватчас електрична енергија. Кај нас, голем број од компаниите кои се поврзани на дистрибутивната мрежа плаќаат регулирана цена утврдена од РКЕ која е повисока од 100 евра за мегаватчас електрична енергија. За споредба денеска на берзата „БСП Саут Пул“ во Љубљана просечна цена на мегаватчас во банд режим наменета за потрошувачка за утре изнесува 60 евра. На словенечката берза денеска се истргувани повеќе од 12.700 мегаватчасови електрична енергија што е повеќе од половина од дневниот конзум за струја на нашата земја. Доколку некој купи таму и сака да ја донесе енергијата во Македонија треба да закупи и капацитети за пренос на словенечко-хрватската граница, на хрватско-српската граница и на српско-македонската граница и ДДВ. На берзата HUPX во Будимпешта, Унгарија просечната цена за мегаватчас електрична енергија изнесува 72 евра со рок на испорака за утре. За внесување на таа енергија во нашата земја е потребно да се закупат капацитети на унгарско-српската граница и на српско-македонската граница. Најевтина е енергијата на романската берза OPCOM во Букурешт. Просечна цена на мегаватчас базна енергија со рок испорака за утре изнесува 30,6 евра за мегаватчас. Таа енергија во Македонија може да транзитира преку Србија и преку Бугарија. На OPCOM во сегментот на берзата на кој се склучуваат годишни договори за купување енергија цените, според последните склучени договори се движат помеѓу 160 и 202 леи (35 и 40 евра) за мегават час електрична енергија. Потресот во Хрватска и пад на цена на струјата Претставниците на словенечката компанија за производство на струја ГЕН-И покажаа дека е лага дека во Хрватска електричната енергија е евтина. Нивниот генерален менаџер Голоб на презентацијата пред два дена најави дека тие од идната недела ќе ги спуштат сметките за струја на домаќинствата во Хрватска до 30 отсто од тоа што сега го плаќаат и дека за сите што ќе станат нивни клиенти гарантира дека нема да има поскапување до 2015 година. А вети и дека за сите нови корисници јулските сметки ќе бидат бесплатни. Еден ден подоцна слична ценовна политика за свои клиенти во Хрватска најави и германскиот гигант РВЕ. Овој процес стана хрватска реалност со нејзиното членство во Европската Унија. http://www.mkd.mk/makedonija/ekonomija/zoshto-makedonski-firmi-plakjaat-nad-100-evra-koga-megavat-struja-na-berzite-se |
||
![]() |
||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
|
ХИДРОЦЕНТРАЛИТЕ СО МАKСИМАЛНО ПРОИЗВОДСТВОТО
Се изнаработеа централите Тиквеш, Шпилје и Глобочица Најголемо потфрлање во производството има кај комбинираната гасна електрана ТЕ-ТО, која иако ја презеде и функцијата на затоплување на Скопје, досега има за 100 гигават-часови помало производство на струја отколку лани, што значи и помала потрошувачка на гас во земјата Поволната хидрологија последниве месеци придонесе максимално да се искористат хидропотенцијалите. Сите хидроцентрали во земјава работат со полн капацитет, а кај некои производството е толку големо, што за само четири месеци од годинава е остварено она што е планирано за целата година. Во април тие имаат произведено 221 гигават-час електрична енергија, што е за 78 гигават-часови повеќе од истиот месец лани. Или, ако се погледнат првите четири месеци од годинава, тие имаат за над 200 гигават-часови поголемо производство отколку лани. Најмногу се изнаработеа централите Тиквеш, Шпилје и Глобочица, додека кај оние од мавровскиот слив, пред с` кај Вруток и Равен, производството е помало поради ревитализацијата што е во тек. Со оглед на тоа дека водните потенцијали се големи, може да се очекува добро производство и во наредните месеци. Поради максималната искористеност на хидроцентралите, порелаксирано е работењето на термоелектраните. Па така, во април Осломеј има двојно помало производство од истиот месец лани, првиот блок на РЕK „Битола“ има дури тројно помало производство, речиси двојно помало било и кај третиот блок, па само првиот работел со полн капацитет. Од термоцентралите, најголемо потфрлање има кај комбинираната гасна електрана ТЕ-ТО, од која годинава се очекуваше, со оглед на преземањето и на функцијата на затоплување на Скопје, поголемо производство, а со тоа и поголема искористеност на гасот во земјава. Сепак, оваа централа за првите четири месеци од годинава има произведено само 183 гигават-часови електрична енергија, што е за 100 GWh помалку отколку лани. Според билансот, таа најави планирано производство од 500 GWh. Што се однесува до увозот, во првите четири месеци од годинава се увезени 810 гигават-часови електрична енергија, што е за 200GWh помалку од она што беше увезено во овој период претходната година. Што се однесува до потрошувачката на струја, кај стопанството, односно поголемите капацитети кои се директни потрошувачи е речиси на исто ниво како во истиот период лани. Меѓутоа, кај потрошувачите врзани на дистрибутивната мрежа, што значи граѓаните и помалите фирми, таа е помала. Во април овие потрошувачи искористиле за 20 гигават-часови помалку струја отколку лани, но за првите четири месеци нивната потрошувачка била помала за над 300 гигават-часови електрична енергија во споредба со претходната година. Трите компании вклучени во енергетскиот сектор – МЕПСО, ЕЛЕМ и ЕВН идниот месец до Регулаторната комисија за енергетика треба да ги достават извештаите, а врз нивна база Регулаторот на почетокот од јули треба да се изјасни дали ќе има корекција на цените на електричната енергија. Според новите правила на РKЕ, пресметките се прават врз билансите, односно признаените трошоци од претходната година. Со оглед на тоа дека од мај лани досега имаме драстично намалување на потрошувачката и на увозот на струја, а згора на тоа електричната енергија годинава на пазарот ја има во „изобилство“ и е со ниски цени, реално е да се очекува намалување на цената на струјата. Освен тоа, при укинувањето на дневната евтина тарифа од РKЕ најавија дека со тоа трошоците на производство на ЕЛЕМ ќе се намалат од 8 до 10 отсто, што ќе влијае врз намалувањето на цените на електричната енергија. Лани РKЕ ја зголеми цената на струјата двапати, за над 18 отсто и тоа пред сe` поради интервентниот увоз и исклучително високите цени на струјата на берзите. http://dnevnik.mk/?ItemID=4CC00F2E4716444F9D22D2AF6B4F2354 |
||
За сè има вторпат
|
||
![]() |
||
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
|
ова е поради што месното население од с.Поповјани го блокира отворањето на новиот коп за јаглен,а во тоа село живее и новиот ген.директор на РЕК осломеј на кого во 2007 година јас му поднесов кривична пријава за подметнување на шумски пожар во околината на електраната,која и беше целосно опколена со пламен.
ова да му го кажувам на некој финец или швеѓанец нема да верува. нема луѓето што да прават па носат јаглен од Битола со камиони по 200 км од една тура |
||
![]() |
||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|
Зошто државните електрани итно склучија тендер за транспорт на јаглен тежок 2,1 милион евра?!Од осумте понудувачи, зделката вредна 2,1 милион евра ја доби фирмата за градежништво, транспорт и трговија Транс Мет ДОО Скопје. Потребата од транспорт на 200.000 тони јаглен од РЕК Битола до РЕК Осломеј во периодот 07.12-07-03.2012 година државната ЕЛЕМ не можеше да ја предвиди. Затоа реши оваа услуга да ја набави во постапка со преговарање, без да објави оглас. Од осумте понудувачи, зделката вредна 2,1 милион евра ја доби фирмата за градежништво, транспорт и трговија Транс Мет ДОО Скопје ( компанија која според јавнодостапните информации е основана во 1992 година од Исмет Кочан). Крајната итност за склучувањето на овој договор меѓу ЕЛЕМ и Транс Мет го отвора прашањето зошто државниот производител на електрична енергија не испланирал на време дека можеби во текот на зимските месеци РЕК Осломеј ќе има потреба од дополнителни количини на јаглен, особено ако се земе предвид фактот дека рудникот Осломеј „Запад“ е при крај со експлоатација, а резерви се проценуваат на најмногу 1.700.000 тони јаглен, кои се доволни за помалку од две години работа. Итноста на склучувањето на договорот, преку директна спогодна, од ЕЛЕМ ја правдаат со немањето доволно време за спроведување на редовна постапка (долги рокови) за јавната набавка, притоа не прецизирајќи колку време трае редовната постапка.
Во време кога потрошувачката на струја од година во година расте, државата никако да инвестира во значаен енергетски производен капацитет. Плановите на ЕЛЕМ за отворање на рудник во локалитетот Поповјани (што како басен располага со околу 9.000.000 тони јаглен), и во локалитетот Чукале за сега остануваат само на хартија. “Поради несогласување на локалното население за отворање на овие локалитети, подготвителните активности се замрзнати и покрај многубројните обиди за надминување на проблемот иницирани од АД ЕЛЕМ и РЕК Осломеј. Активностите за надминување на проблемите со локалното население се во тек“, велат од ЕЛЕМ. К.П http://faktor.mk/archives/33254#.UTCbpqIe1VI |
||
![]() |
||
JimmyN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 25-Dec-2012 Location: Germany Online Status: Offline Posts: 131 |
![]() ![]() |
|
Знаат ли пратениците дека се виновни оти ЕЛЕМ троши скапа вода за да прави евтина струја?Зошто бегаат од суштината и бараат формални изговори за иницијативата на „Аман“? Вистината е дека ЕЛЕМ секој ден губи пари зашто од вредната вода прави евтина струја. Тоа е за потсмев. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ деновиве ја отфрлија иницијативата за враќање на евтината цена за електрична енергија на здружението на граѓани „Аман“ со некаков правен формален изговор што не ја третира суштината туку формата. Со ова пратениците на владејачката коалиција, свесни или несвесни за тоа, му ја укинаа можноста на ЕЛЕМ, државниот производител на електрична енергија да продава скапа струја произведена од неговите хидроелектрани. Многумина ќе се зачудат како? Еве вака: до пред да се укине евтината тарифа во периодот од 13 до 16 часот граѓаните па и многу компании имаа можност да ги користат националните водни ресурси на ЕЛЕМ во тој временски интервал за да добијат евтина електрична енергија. Тоа беше остаток од социјализмот кога струјата не се продаваше по пазарна цена и мораше да ја има по цена која ќе биде достапна за сите жители. Од актуелната ни пазарна логика, тоа нема логика. Но има ли логика ЕЛЕМ, државна и теоретски народна компанија, вредниот воден ресурс да го користи за производство на струја по цена што е значајно пониска од цената што за таа струја може да се постигне на берза? Што добивме по 1 август годинава? Се намали потрошувачката на струја во скапите часови од 13 до 16 часот, но драстично порасна потрошувачката од 22 часот до 1 часот по полноќ, покажуваат официјалните податоци. Сега ЕЛЕМ значаен дел од скапата вода троши за да произведе евтина струја. На ЕЛЕМ му скршија врат! Троши скапа вода за да прави евтина струја
Е сега, со небулозното решение на „тешката експертиза“, експертите од Регулаторната комисија за енергетика, поддржани од самонаречените познавачи на приликите од Министерството за економија, направија режим во кој ЕЛЕМ троши скапа вода за да произведе евтина струја во доцните ноќни часови. Заради тоа што голем број од граѓаните по укинувањето на евтината дневна струја користат евтина ноќна струја. Значаен дел од таа струја, барем она што го прави ЕЛЕМ е произведена од водата од хидроцентралите. Значи ЕЛЕМ додека имаше евтина дневна тарифа трошеше повеќе вода од 13 до 16 часот. Сега ја троши истата вода во ноќта од 22 до 6 часот. Зошто експертите од Регулаторната комисија за енергетика не му дозволија на ЕЛЕМ да продава по пазарни цени макар и во регионот (можеби Грција или некоја друга земја) струја произведена од вода во скапите дневни часови, а потоа со дел од тие пари да купи евтина ноќна струја која, за волја на вистината, во ноќните часови во нашиот регион ја има во изобилие. Дали ЕЛЕМ побарал, не знаеме. А дали побарала Владата како сопственик на ЕЛЕМ, не знаеме. Како и да е, ЕЛЕМ заслужил да му се даде шанса вредниот ресурс да го искористи да создаде и да продаде скап производ дури и да треба со дел од заработката да плати за струја која му недостига. ЕВН е единствен што не губи во оваа ситуација Заменик-министерот за економија Христијан Делов рече дека воведувањето на евтината дневна тарифа дополнително ќе го зголеми увозот на електрична енергија, ќе ги оптовари енергетските капацитети и ќе ја зголеми цената на струјата. Ова е неговата изјава: „Моментот во кој се предлага воведување евтина дневна тарифа е неповолен оти во тој период има најголема потрошувачка на струја од индустриските капацитети и се создава кусок, кој треба да се увезе, што потоа создава дополнителни проблеми“, рече Делов. Дали Делов ги гледал енергетските биланси и реализацијата? Дали знае дека од август се троши водата за производство на ноќна евтина струја? Дали читал или нарачал анализа колку од таа вода се трошела до пред 1 август за производство на евтина струја во дневните часови? Дали може да одговори што би добил народниот ЕЛЕМ ако смее да продава скапа струја произведена од вода и од дел од парите да купува евтина ноќна струја? Ако е одговорот дека тоа не може зашто нема берза за струја, второто прашање е па зошто досега Министерството за економија не создаде услови за да се создаде берза за струја? Од новосоздадената состојба само ЕВН Македонија нема дополнителни главоболки. Нивниот конзум во дневните часови, сега со скапа тарифа се намали. Не мораат да докупуваат електрична енергија за комерцијалните загуби по високи цени. Регулаторите им помогнаа зашто уведоа скапа струја од 13 до 16 часот. Но проблемот не е решен затоа што ЕВН Македонија пак купува електрична енергија на тендери за да ги задоволи потребите на потрошувачите. Да нема забуна, потрошувачите ќе си доплатат по пазарни цени, се разбира откако во иднина Регулаторната комисија за енергетика ќе признае макар и дел од зголемените трошоци на ЕВН заради повисоките набавни цени. Што тогаш ќе каже заменикот Делев? И какво оправдание ќе најдат правниците – пратеници од матичната комисија на македонското Собрание? |
||
If you don`t have a clue,...use the internet!
|
||
![]() |
||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|
Третина од потрошената струја лани дојде од увоз!21/01/2013 // Пред 51 минути // ЕКОНОМИЈА // Коментирај ![]() Дури 32,5% од вкупната потрошена електрична енергија во Македонија лани е увезена, покажуваат податоците од МЕПСО. Државните термоелектрани придонесоа со 53,6% во домашното производство на струја за периодот јануари-декември 2012 година, додека државните хидроелектрани со само 10,5%. Од независните производители на струја Македонија искористи само 3,4%. Само во декември минатата година, дури 40,2% од потребите за електрична енергија беа дефицитарни, па мораа да се увезат, бидејќи државните термо и хидроцентрали успејаа да произведат само 59,8% од вкупните потреби. За разлика од декември 2011 година, од увоз дојде 34,5% од потрошената струја, а термоелектраните во сопственост на ЕЛЕМ произведоа 57,3% од потребната струја, додека државните хидроелектрани 8,1%. Овие статистички податоци со кои располага МЕПСО не ја покажуваат вкупната потрошена, произведена и увезена струја во мегават/часови. http://faktor.mk/archives/23012 |
||
![]() |
||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|
Господарите на струјата во Македонија лани свртеа 170 милиони евра!Најголеми продавачи се трговските фирми ЕФТ Македонија и ГЕН-М и двете продадоа струја вредна над 120 милиони евра. Најголеми купувачи се ЕВН Македонија и ФЕНИ Индустри што платија вкупно 100 милиони евра за струја ЕВН Македонија е најголем купувач на електрична енергија во Македонија, а трговската компанија ЕФТ Македонија е најголем продавач на струја на македонскиот пазар лани, покажуваат официјалните достапни податоци за 2012 година. Лани ЕФТ Македонија од продажба на струја во Македонија остварил приходи кои надминуваат 70 милиони евра, а ЕВН Македонија за купување на струја на домашниот пазар потрошила околу 55 милиони евра. Заради тоа Македонија нема берза за електрична енергија нема ниту официјална просечна пазарна цена по која се тргува струјата. Заради тоа анализата МКД.МК ја направи врз основа на апроксимативна регионална просечна годишна пазарна цена од 60 евра за мегаватчас утврдена по набљудување на цените на берзите во нашиот регион во Словенија, Италија, Романија и Унгарија. Македонска работа! Берзата ќе била неисплатлива, а прометот е 170 милиони евра Македонија со години досега не може да формира берза за тргување со електрична енергија и преносни капацитети. Според официјалните податоци лани на сегментот на кој цените на струја се формираат пазарно само заради тоа што Регулаторната комисија за енергетика нема надлежност се продадени и купени 2,8 милиони мегаватчасови електрична енергија, што е 34 отсто од целото консумирање електрична енергија лани. Официјална пазарна цена на струјата во Македонија нема заради тоа што нема берза за струја. ЕВН Македонија, МЕПСО и ЕЛЕМ кога имаат потреба струја купуваат преку јавни тендери на кои можат да се јават сите заинтересирани трговци или производители. Групата големи потрошувачи на струја, предводени од ФЕНИ Индустри, во која влегуваат уште и Југохром Фероалојс, Митал Стил, Скопски легури, Макстил, ОКТА, Бучим и УСЈЕ купуваат струја од трговците преку годишни билатерални договори со фирми што ги одбираат по моделот на собирање на понуди или преговори. Кој најмногу наплаќа, а кој многу плаќа? Според официјалните достапни податоци ЕВН Македонија лани е најголем купувач на електрична енергија за своите потреби за снабдување на дистрибутивната мрежа. Лани таа компанија по пазарни услови купила речиси 913.000 мегаватчасови електрична енергија од нејзините понудувачи. Тоа претставува една третина односно 32,6 отсто од целата истргувана количества струја по пазарни цени лани во Македонија. На второ место, очекувано, е ланскиот лидер ФЕНИ Индустри кој купил 25,8 отсто од целата продадена електрична енергија лани во Македонија. Според приближните 60 евра за мегаватчас овој комбинат лани за струја платил околу 44 милиони евра. На третото место е комбинатот за производство силициум „Југохром“ од Јегуновце. Тој лани купи 10,8 отсто од количеството струја тргувано по нерегулирани цени. Неговото приближно учество во прометот е 18,4 милиони евра. На четврто место е најголемиот државен производител на струја ЕЛЕМ. Лани оваа компанија купила 9,8 отсто од струјата што се нудела на пазарот, а на петтото место е националниот електропреносен систем-оператор МЕПСО, кој за покривање на загуби на преносна мрежа и за системски услуги купил околу 168.000 мегаватчаса. Најголем продавач бил ЕФТ Македонија, кој држи 47 отсто од целата струја продадена лани по нерегулирани цени односно на македонскиот пазар на електрична енергија. Македонската експозитура на словенечката компанија за производство и трговија со струја ГЕН-И лани покрила 30,7 отсто од пазарот. Далеку зад нив, но пред другите трговци лани била трговската фирма на ЕЛЕМ, ЕЛЕМ Трејд која покрила 8,2 отсто од побарувачката за струја. По неа е трговската фирма на ЕВН Македонија, која покрила 4,5 отсто од пазарот. Петти е српски Руднап со пазарно учество од 3,5 отсто. http://www.mkd.mk/90941/ekonomija/gospodarite-na-strujata-vo-makedonija-lani-svrte-170-milioni-evra/ |
||
![]() |
||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|
ЕЛЕМ ќе инвестира 100 милиони евра во рудникот за јаглен Живојно![]() Директорот на АД ЕЛЕМ, Дејан Бошковски, најави дека компанијата ќе инвестира околу 100 милиони евра во експлоатација на рудникот за јаглен Живојно, за кого што почетните проценки се дека геолошките резерви се околу 100 милиони тони јаглен. “За проектот за истражување на јагленовото наоѓалиште Живојно, АД ЕЛЕМ инвестира 2,8 милиони евра за геолошки и геотехнички доистражувања и испитувања. Станува збор за рудник од кој јагленот ќе се вади со примена на подземна технологија за експлоатација“, објаснува Бошковски во интервјуто за МИА. Тој истакна дека е во тек и изработката на Главен рударски проект за отворање рудник за јаглен со подземна експлоатација во Мариово. “Во текот на 2010 и на 2011 година се завршени деталните геолошки истражувања и започнавме со изработка на проект за отворање рудник и експлоатација. Експлоатациските резерви се проценети на 62 милиони тони. Изработката на главниот проект е во завршна фаза, а како идна активност ќе следи и изготвување на физибилити студија за изградба на нова термоелектрана од 250-300 мегавати. Заедничката вредност на целиот зафат иницијално е проценета на околу 400 до 450 милиони евра”, прецизира Бошковски. http://www.kapital.com.mk/mk/makedonija/91735/elem_kje_investira_100_milioni_evra_vo_rudnikot_za_jaglen_zhivojno.aspx |
||
![]() |
||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|
го нема целиот текст,ама битно да евидентираме
Macedonian state-owned power producer ELEM plans to invest 100 million euro ($133 million) into the development of a mine at the Zivojno coal deposit, it said. http://wire.seenews.com/news/elem-plans-to-invest-100-mln-euro-in-zivojno-coal-mine-project-327510 |
||
![]() |
||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|
од пред некој ден е текстот ама ке го постирам бидејки се спомнува дека газдиве на те-то (синтез) сакале да градат уште една гасна централа во западниот дел на скопје
Доаѓаат ли Русите? Донесената одлука на Владата на истекот од ланската година за
прогласување енергетска криза, фала богу, не стапи во сила. Успешно се
заврши приказната наречена преземање на топлификациониот систем во
главниот град од страна на новиот играч во овој бизнис, македонската
фирма од руско потекло - „Балкан енерџи груп“. А постоеше сериозна
опасност за Нова година жителите на Скопје да останат со ладни
радијатори, што, пак, можеше да предизвика и распад на
електроенергетскиот систем бидејќи во таква ситуација ќе се вжештеа сите
греалки и клима-уреди и главниот град, кој и онака е најголем
потрошувач на електрична енергија, ќе останеше ем во темница ем во студ.
И ќе беше навистина „убав“ пречек на годината со баксузен предзнак. Зденка ПАВКОВИЌ http://www.dnevnik.com.mk/?itemID=6377463D15058240B25208EF54DAAEE3&arc=1 |
||
![]() |
||
Dexter26 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 2035 |
![]() ![]() |
|
![]() Селаните треба да извршат притисок и да најдат заедничко компромисно решение со државата само за цената по која државата ќе изврши експропријација на нивните ниви и имоти кои се наоѓаат врз многу мал дел од копот за јаглен, како што спомна Ѓоко. Од друга страна, загарантирано вработување по најмалку еден член од секое семејство, како и вработување на било кого само со согласност на селаните, без разлика на образование и искуство, е надвор од здравиот ум и разум. Ако се земе во предвид фактот кој Ѓоко го спомна дека претставник на селаните е пироман кој палел шуми, несомнено за профит, тогаш следува заклучокот дека овие селани не бараат фер и праведна компензација при законска експропријација, туку бараат рекет, односно ги држат во заложнишво македонскиот енергетски систем и националните интереси на граѓаните на Република Македонија. Ова не може да се смета за нормална реакција на жеден човек кој гледа да искористи при копање на маалски бунар, бидејќи не станува збор за извори на вода како што беше во случајот со Вевчани, не станува збор за неправедна национализација, односно за неправедно одземање на имот без надоместок, не станува збор за основни човекови потреби како што се вода и плодно земјиште кои, фала му на Бога, ги имаме во изобилие во Македонија, туку станува збор за имоти и ниви кои ги имаше и во близина на локациите на кои се прошири охридскиот аеродром Свети Апостол Павле, па сепак не ги видовме селаните од охридско и струшко да бараат вработување на најмалку еден член од секое семејство во било која од аеродромските служби, без разлика на образование и искуство. Ако селаните толку многу си ги сакаат нивите и имотите, треба да извршат притисок врз државата за да им помогне при преселба на нивните веќе постоечки домови на други локации, или да им додели нови земјоделски обработливи земјишта, или да им ги откупи имотите по цена која ќе биде прифатлива за нив, а не да бараат вработувања по свои мераци. На крајот на краиштата, ги има безброј дипломирани, магистрирани, докторирани професионални криминалисти и криминолози, педагози, психолози, лектори и ред други луѓе кои се повеќе од потребни во МВР, во основните и средните училишта, а според Уставот на Република Македонија, државата е обврзана да вработува лектори за да го одржуваат македонскиот правопис во службените документи, но сепак сите овие луѓе се без работа, па сепак не ги гледаме нив да ја уценуваат државата или да бараат рекет. Edited by Dexter26 - 22-Dec-2012 at 23:24 |
||
![]() |
||
+Protagorist ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Nov-2012 Online Status: Offline Posts: 3588 |
![]() ![]() |
|
зошто да немаат право селаните на компромис,односно притисок,протест!?што очекувате дека треба да им се скрши кичма ако не се сложуваат со нечија експертска и политичка одлука,да беше судска ајде,ама вакви коментари се неосновани та не треба ни јас да ги коментирам,сепак заради разбивање одредена исфрустрираност во случајов на Декстер морам да реплицирам! друже во вакви услови на економско уредување каде сопственоста е императив тоа и законски им е овозможено на селаниве во случајов,а да не праиме муабет што и тогаш кога не беше тоа случај вевчанци колективно се одметнаа формирајќи своја држава кога сакаа апансаз да им земат изворите ![]() шала на страна,но живеејќи во себични времиња не ни може чоек да очекува дека некому во некое село совеста ќе му проработи,та зар пред некое време нели имаа елем проблем со поставување трафо во гостиварско или пред некоја година кога патишчани не даваа вода за сончев град, натегањата за обиколницата итн. ова е нормална реакција на жеден чоек,гледа да искористи при копање маалски бунар,та ако на секој ваков случај државата удри немилосрдно тоа не само што е грев туку е срамота!затоа има процедура но за која надлежните сега немаат време,што пак ги прави слаби планери,односно сега треба да пресече судот после што и државните институции би го откупиле земјиштето поволно! |
||
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
|
||
![]() |
||
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
|
ова е само мал дел,несакам да го оптеретувам форумов со работи што не се за овде.
засега недостигот на јаглен се надополнува со камиони од Битола,а ако пресметаме дека днево Осломеј троши 3000 до 4000 тони,еден камион по 15-18 тони,испаѓа струјата што ја плаќаме оди само за превозот на јаглен. и сето тоа бидејќи се касни засега околу 1.5 години со започнување на работа на новиот коп |
||
![]() |
||
Dexter26 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 2035 |
![]() ![]() |
|
Ова сериозно ??? Ако е сериозно, се прашувам зошто воопшто глумиме држава ??? Дајте да се поделиме меѓу соседиве наши или да станеме протекторат, и во едниот и во другиот случај некој друг ќе донесува одлуки наместо нас, без наше овластување се разбира. Ако не можеме еден рудник за јаглен од национален интерес да го прошириме и да го земеме под своја контрола иако е на наша територија, тогаш можеме само да сонуваме патишта, железнички пруги, гасоводи и ред други инфраструктурни проекти. Дајте уште сега да ставиме крај на ова лудило, ако не не бива тогаш не не бива, нема смисла да се малтретираме до бескрај за вакви глупости. Edited by Dexter26 - 22-Dec-2012 at 19:29 |
||
![]() |
||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
|
![]() |
||
![]() |
||
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
|
-прво вработување по најмалку еден член од секоја фамилија во селото,
-пошто само мал дел од копот завзема имот на селаните,поголемиот дел припаѓа на државата,се бара од селаните да им се откупи целиот имот,и таму каде има и таму каде нема јаглен, -максималната цена што е одредена од државата(кажуваат дека е по некој закон) е 8 евра/м2, а тие бараат цена од најмалку 30-40 евра/м2 и тоа за сите ниви, -сите нововработени за новиот рудник да се тие кои ќе ги кажат без обзир на образование. Со оглед на тоа дека за генерален директор го поставија тој што ги запали сите шуми во кичевско(за што му стегнав кривична,и се моташе по судови 4 години),мислам дека или електраната ќе се затвори или ќе им се даде тоа што го бараат |
||
![]() |
||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
|
Кои се барањата на жителите од с.Поповјани?
|
||
![]() |
||
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
|
не е до студовите,туку до блокадата која ја прави локалното население од с.Поповјани,кои поставуваат свои услови за да би се проширил рудникот.ако не се постигне некој договор РЕК Осломеј се затвора за 2-3 месеци.Во сегашниот коп се исцрпуваат последните залихи на јаглен
|
||
![]() |
||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|
Студот ги троши резервите јаглен од РЕК„ Битола“Поради недостаток на јаглен од рудникот Осломеј-Запад, дневните потреби на јаглен за ТЕЦ„ Осломеј“ се надополнуваат со количини , кои камионски се транспортираат од рудникот Брод-Гнеотино, подружница РЕК„ Битола“![]() - Од почетокот на овој месец за надополнување на дневните потреби на јаглен во РЕК„ Осломеј“, секојдневно од подружницата РЕК„ Битола“, се транспортираат околу 2.000 тони јаглен. Овие количини на јаглен заедно со околу 2 – 2500 тони јаглен од сопствениот рудник Осломеј-Запад, ги задоволуваат дневните потреби на РЕК„ Осломеј“. Така што во текот на оваа зима од Битола за Осломеј ќе бидат транспортирани околу 200.000 тони јаглен, рече Мирче Котевски, портпаролот на АД ЕЛЕМ. Неповолна околност е што преостанатите количини на јаглен во рудникот Осломеј-Запад се раслоени и тоа оневозможува да се експлоатираат по 4.000 тони јаглен, неопходни за дневна работа на ТЕЦ-от. Во постоечкиот рудник има околу 1.700.000 тони јаглен, доволни за работа на Осломеј во наредните 2 години. Исто така на располагање стојат околу 250.000 тони јаглен од локалитетот “Стар рудник“ кои се експлоатираат со дисконтинуирана технологија-додава Котевски. Според долгорочните планови на АД ЕЛЕМ и РЕК„ Осломеј“ , пред четири години започнале подготовките за отворање на нов рудник во локалитетот Поповјани, на овој локалитет се проценува дека има околу 9.000.000 тони јаглен. Овие количини на јаглен надополнети со уште 1.600.000 од локалитетот Чукале, кај село Србица, ќе обезбедат непречена работа на Осломеј во наредните 10-12 години. Но несогласувањето на локалното население да се отворат овие рудници, ја става во голема неизвесност иднината на РЕК„ Осломеј“, во време кога Македонија има голем дефицит од електрична енергија и кога секој киловат електрична струја е добредојден за непречено функционирање на животот во земјава. http://novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=11786 |
||
![]() |
||
+Protagorist ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Nov-2012 Online Status: Offline Posts: 3588 |
![]() ![]() |
|
БИОМАСА Biomass and its role in country’s current and future energy balance - http://www.ecos2012.unipg.it/public/proceedings/pdf/RECS/RECS_ecos2012_384.pdf 26.04.2012 - Македонија може да прави струја од лозовите гранки - http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=4261285115&id=10&prilog=0&setIzdanie=22565 сепак ветерот е посиплатлива опција ако се има предвид дека е бесплатен а и поеколошка појава
освен ако биомасата е нуспродукт од ѓубрето по депониете па во тој случај да е поисплатлива како опција
но ова значи енергетска ефикасност,а бидејќи истата е премиса е скована негде другде,малку ни е тешко да се навикнуваме на неа! |
||
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
|
||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 89101112 27> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |