Имаш ли некакво објаснување од каде и зошо никна идејата за аеродромот во Штип? Има ли таа идеја барем некаква реална поткрепа, или се работи за тотално паушален политички упад?
Реалната поткрепа (каква-таква) требаше да ја обезбеди студијата за развој - а неа јавноста сеуште ја нема видено. Според тоа... Во секој случај, новиот аеродром е (ако ништо друго) промовиран крајно површно и популистички, без било какви логични, а камоли пазарно-ориентирани мотиви на увид. Мислам дека е доволно јасно дека идејата не е „тамам“...
I am not afraid of crashing, my secret is... just before we hit the ground, I jump as high as I can.
— Bill Cosby
Значи доколку задкулисно нема нешто многу крупно кое не го знаеме, останува да чекаме само која од двете крајно лоши варијанти ќе се избере - поништување на тендерот или туркање на концесијата во тотално нелегални рамки!
Имаш ли некакво објаснување од каде и зошо никна идејата за аеродромот во Штип? Има ли таа идеја барем некаква реална поткрепа, или се работи за тотално паушален политички упад?
НИ сам не знам што точно би можело да се случи. Од една страна, ТАВ „кубури“ со финансии - откако почна светската криза, испродадоа едночудо акции од компаниите под логото на групацијата, за да покријат долгови и да обезбедат средства за тековни активности и аквизиции побитни од МК аеродроми. Од друга страна, релативно подолго време луѓе на ТАВ престојуваат на МК аеродроми и „скенираат“ состојби...
И да биде по некое чудо испочитуван рокот за активирање на концесијата, сепак не верувам дека веднаш ќе се почне со градежни работи. За оваа конкретна „авантура“, изгледа дека ТАВ сеуште не располага со потребните средства - најголем дел од финансиската конструкција треба да покријат ЕБРД и ЕИБ, а тоа нема да се случи пред ноември.
Што се однесува до обврските од договорот за концесија, конкретно најавите дека сепак нема да се гради аеродром во Штип, ова самото по себе е доволна и легално регулирана причина цел тендер да се поништи. Уште во текот на втората тендерска фаза останатите три наддавачи кои влегоа во последниот круг и требаше да достават технички предлози сериозно и‘ забележуваа на Владата за (не)оправданоста на трет аеродром воопшто, како и неговата „загубарска“ природа и неприфатливиот ризик по нивното деловно работење. Затоа и се откажаа. (А зошто ТАВ веројатно остана, прочитавте претходно.)
Меѓутоа, доколку условите на договорот се променат, тендерот ќе мора да се поништи.
Сепак, со оглед на тоа каде ние сите живееме , не верувам дека такво нешто ќе се случи. Едноставно, тоа би бил преголем пораз за моменталниот естаблишмент и неприфатлив ризик по однос на претстојните избори.
(Оттаму и одредени најави дека најдоцна в година повторно ќе има вонредни парламентарни избори... Но засега тоа е сепак шпекулација.)
Како и да е, останува да видиме.
I am not afraid of crashing, my secret is... just before we hit the ground, I jump as high as I can.
— Bill Cosby
Задоволство е да се читаат оволку информативни и добро образложени постови
Очигледно си добро упатен, па би те прашал она што верувам сите највеќе ги интересира - имаш ли некакви сознанија дали навистина ќе се испочитува „одложениот“ рок, то ест дали во септември ТАВ навистина ќе почне да гради?
Турците нема да и плаќаат надоместок на воздухопловната власт Во
договорот за концесија на македонските аеродроми, кој Владата го
потпиша со турски ТАВ, не е предвидено концесионерот да $ плаќа на
Агенцијата за цивилно воздухопловство дел од приходите од патниците
и авиокомпаниите. Иако ваков надоместок е предвиден со Законот за
воздухопловство, кога бил правен концесискиот договор, законската
обврска била превидена. Проблемот бил утврден деновиве, кога биле
прецизирани изворите од кои ќе се финансира Агенцијата за цивилно
воздухопловство, како регулаторно тело, по нејзиното формално
одвојување од Контролата на летање, односно М-Нав. Зоран
Ангеловски, раководител во Агенцијата за цивилно воздухопловство,
вели дека приходите од надоместокот за користење на аеродромската
инфраструктура и од аеродромската такса се важни за финансирање на
Агенцијата. "Точно е тоа дека во концесискиот договор со ТАВ не е
предвидено дел од овие средства да му се плаќаат на регулаторот. Тие не
се плаќаат ниту сега", вели Ангеловски. Агенцијата нема точни
пресметки за висината на приходите кои треба да ги добива по оваа
основа. Се калкулира со минимум 50 милиони евра за 20 години, колку
што аеродромите ќе бидат под концесија. Од Министерството за
транспорт и врски вчера информираа дека и откако ТАВ ќе го преземе
управувањето со аеродромите , ќе продолжи стабилното финансирање на
Агенцијата за цивилно воздухопловство. "Предвидено е за
периодот во кој операторот на аеродромот е концесионер, да плаќа
надоместок", одговараат од Министерството. Финансирањето на
Агенцијата од концесискиот надоместокот кој ќе го плаќа ТАВ било
најдено како решение, откако бил откриен пропустот, а ТАВ не прифатил
да плаќа дополнителни пари.
Originally posted by гитардемон
Па нормално дека нема да плаќа штом не се способни еден договор да
состават. Плус 50.000.000 евра во 20 години даваат само за сметките за
струја на собранието, па ако се зафатат сега за оваа ситница не се
нормални навистина. Плус не е превид на ТАВ, да не требаше да им речат:
„еј, а за ова оти не ни барате пари?“
ТАВ треба да преземе и реформира комплексен
систем - и тоа во услови на долгогодишна „работна традиција“ на
нездрава пазарна пракса, правна рамка која е само на хартија итн. И
самото АД „Аеродроми на Македонија“ долги години наназад претставува
„згрижувалиште“ на партиски послушници, каде одамна престанало да биде
ненормално тоа што недозволиво голем број од вработените, наместо
својски да работат, само „маткаат“ нешто... Покрај тоа, за сметка на
покривање на неликвидноста кај разни јавни претпријатија, ех-ЈПАУ било
од страна на државата редовно лишувано од самостојно заработените
средства кое ги било наменило за реинвестирање во реално остварливи
развојни програми - мошне блиски по содржина до целите кои треба да се
остварат и во текот на актуелната концесија.
Меѓутоа, ТАВ не се „деца“. Ептен „саглам“ си ја
завршиле фазата на истражување на пазарот и општествено-економските
услови во државава. Затоа и ваквиот “deal” е за разбирање – на секој
субјект оптоварен од „бремето“ во следните 20 години да инвестира
милиони евра за да гради нов аеродром и да ги заживее постоечките, а
истовремено да направи и профит, неопходни му се сите средства кои може
да ги добие. На било каков начин.
Наспроти тврдењата дека се случил „пропуст“(?!) - и да било така, не им служи на чест бидејќи тоа е одраз на „стручноста“ на државната администрација - сите јавно достапни податоци водат кон заклучокот дека најверојатно независноста на АЦВ била жртвувана во замена за успешност на тендерот
за концесионер, иако тој беше скоро пред пропаст откако најискусните и
најреномираните фирми-кандидати (Vienna Airports, Hochtief) се откажаа
заради несоодветните предуслови понудени од државата. Испаѓа, заради
континуирано висок рејтинг кај гласачкото тело била жртвувана
професионална институција која е од суштинска и пресудна важност за
една од најбитните економски гранки, а со неа можеби е жртвувана и
самата економска гранка... Или, пак, ТАВ се навистина поспособни и
поприлагодливи од Vienna Airports или Hochtief, па ги процениле
понудените предуслови подобро од конкуренцијата и искористиле ретка
шанса која другиве не ја препознале?...
Ете, изгледа така ТАВ ги доби аеродромите: ТАВ се нафаќа да ја преземе концесијата и да и‘ помогне на Владата да успее долгонајавуваниот и бомбасто рекламиран тендер, а за возврат добива гратис 30 мил. евра – од една страна, плаќа 30 мил. евра концесиски надоместок за 20 години, но од друга страна, со „укинувањето“ на зафатот од 5 евра по патник (предложен од ИКАО врз основа на македонскиот Закон за воздухопловство - ЗВ) „ќари“ ~60 мил. евра за истиот тој период и ја задржува за себе аеродромска такса во целост!
Делот од аеродромската такса е воведен во 2007 година како извор на финансии за АЦВ што е независен од државниот буџет. Намерата била АЦВ, преку финансиската, да оствари и оперативна независност, т.е. да може да функционира како вистинска воздухопловна власт, да воведе и зачува цврсти стабилни професионални принципи на работа, да може самостојно да ја определува политиката на вработување и екипирање итн. итн. итн., со минимални влијанија од политичките партии, поединечни моќници и другите фактори на непринципиелно влијание. Оти фактичките состојби и неретко фингирани активности на АЦВ во националниот воздухопловен сектор се сепак одраз на „трулото ткиво“ во основата на нејзината структура.
Во оваа смисла некаков-си „зафат од х-евра по патник“ има логика (макар што е попаметно да се регулира како променлива, или барем %, која зависи од одредени коефициенти, проценети финансиски потреби на АЦВ и сл., како и од обемот на сообраќаен проток и остварени приходи по основ на аеродромска такса) – зафат од (на пр.) 5 евра по патник би значел дека годишниот приход во касата на АЦВ само од делот од аеродромската такса би изнесувал ~ 3 милиони евра! Ова во крајно голема мерка би и‘ ја зголемило, или дури и целосно обезбедило, неопходната независност на АЦВ.
Меѓутоа, наеднаш предлогот на ИКАО се отфрла (иако е заснован врз ЗВ!) и се популаризира некаква „одлична“ идеја за негова замена со средства од концесискиот надоместок – што значи, ПОВТОРНО (и целосно) под државна контрола...
И покрај сево ова, прашање е дали ТАВ воопшто ќе преземе пред 2010. Во меѓувреме, треба да се следи да не „случајно“, со оглед на се‘ што се испослучува годинава (пр. најавите на ТАВ за повлекување од обврската за изградба на аеродромот во Штип), се исполнети условите за поништување на тендерот...
I am not afraid of crashing, my secret is... just before we hit the ground, I jump as high as I can.
— Bill Cosby
На аеродомот „Александар Велики“ се инсталира термална камера
петок, 03 јули 2009
Термална
камера која ќе ја регистрира телесната температура на патниците, како
еден од симптомите на новиот грип тип А (H1N1), денеска се инсталира на
аеродромот „Александар Велики“ во Скопје
Задолжителниот термо скрининг на патниците почнува утре со што
Министерството за здравство ќе има увид за потенцијално заболени лица
кои ќе допатуваат на аеродромот. Се обучува и кадар кој ќе работи со
камерата.
Во Македонија според пристигнатите резултати од референтната лабораторија во Лондон нема заболени од новиот грип тип А (H1N1).
Директорот
на Клиниката за инфективни болести Звонко Миленковиќ на денешната
прес-конференција рече дека во моментов на Клиниката се хоспитализирани
пет пациенти, а двајца се пуштени на домашно лекување.
Министерот
за здравство Бујар Османи посочи дека според укажувањата на Светската
здравствена организација, ширењето на пандемијата на новиот грип е
неизбежно и оти ширењето на болеста не може да се спречи со воведување
на какви било рестрикции во патувањата и затворање граници бидејќи,
како што рече, има лица кои може да бидат заболени, а да не покажуваат
симптоми, па сепак да ја пренесат инфекцијата на други лица.
-
СЗО препорачува државните служби да ги фокусираат своите ресурси кон
излекување и третирање на болните и обезбедување упатства до граѓаните
за тоа како да се заштитат. Охрабруваат позитивните оценки на СЗО за
интензитетот на пандемијата според кои засега таа е со умерен
интензитет. Оценка на СЗО е дека во моментот најголемиот број луѓе кои
заболуваат од новиот грип може да бидат згрижени и во домашни услови и
да се опоравуваат без медицински третман, истакна Османи.
Може
да се заклучи, рече тој, дека брзото откривање на сомнителни случаи
покажува дека граѓаните и соодветните државни и здравствени служби се
добро информирани за болеста за раното откривање, соодветно лекување и
спречување на нејзино ширење.
- Здравствениот
систем во Република Македонија досега покажа дека е подготвен за брзо
откривање на сомнителните случаи на заболени од новиот грип, за
соодветен лекарски третман на евентуално заразените и за преземање
ефикасни мерки за спречување на нејзиното ширење, појасни Османи.
Јованка
Костовска од Комисијата за заразни болести истакна дека со контрола на
граничните премини не може да се спречи влез на заболени од новиот грип
и оти тие кои влегуваат во земјата во фаза на инкубација не можат да се
откријат. Таа посочи дека важно е сомнителните случаи навреме да се
детектираат.
На аеродромот се гради - Јанакиески смирува: ТАВ сигурно доаѓа
понеделник, 29 јуни 2009, 18:03
Реконструкцијата
на дел од скопскиот аеродром, која ги подгреа шпекулациите дека турски
ТАВ се откажува или ја одложува иннвестицијата, не е спорна за
надлежните. Директорот на аеродромското претпријатие, Орхан Рамадани,
за Алфа вели дека се работи тековно, со пари кои останале од лани.
Рамадани
не објаснува зошто се трошат пари за градежни работи, кога во септември
аеродромите треба да ги преземе и да ги реконструира турски ТАВ.
Инвестицијата
на ТАВ во земјава го доби предзнакот проблематична, откако договорот за
концесија за следните дваесет години беше потпишан пред десет месеци, а
Турците сè уште не започнале со работа. Министерот Јанакиески е убеден дека инвестицијата навреме ќе се реализира.
Од
турската компанија веќе десет дена не одговараат на прашањата на Алфа -
постои ли можност да бараат ново одложување или дури целосно да се
повлечат од инвестицијата во Македонија. Изминатите денови имаше и
шпекулации дека Турците ќе бараат да не го градат карго аеродромот во
Штип, а за ТАВ наводно проблем бил и преголемиот број вработени на
скопскиот аеродром, кои ќе треба да ги преземат.
Па нормално дека нема да плаќа штом не се способни еден договор да состават. Плус 50.000.000 евра во 20 години даваат само за сметките за струја на собранието, па ако се зафатат сега за оваа ситница не се нормални навистина. Плус не е превид на ТАВ, да не требаше да им речат: „еј, а за ова оти не ни барате пари?“
Edited by гитардемон - 19-Jun-2009 at 16:56
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Турците нема да и плаќаат надоместок на воздухопловната власт
Во
договорот за концесија на македонските аеродроми, кој Владата го
потпиша со турски ТАВ, не е предвидено концесионерот да $ плаќа на
Агенцијата за цивилно воздухопловство дел од приходите од патниците
и авиокомпаниите. Иако ваков надоместок е предвиден со Законот за
воздухопловство, кога бил правен концесискиот договор, законската
обврска била превидена. Проблемот бил утврден деновиве, кога биле
прецизирани изворите од кои ќе се финансира Агенцијата за цивилно
воздухопловство, како регулаторно тело, по нејзиното формално
одвојување од Контролата на летање, односно М-Нав. Зоран
Ангеловски, раководител во Агенцијата за цивилно воздухопловство,
вели дека приходите од надоместокот за користење на аеродромската
инфраструктура и од аеродромската такса се важни за финансирање на
Агенцијата. "Точно е тоа дека во концесискиот договор со ТАВ не е
предвидено дел од овие средства да му се плаќаат на регулаторот. Тие не
се плаќаат ниту сега", вели Ангеловски. Агенцијата нема точни
пресметки за висината на приходите кои треба да ги добива по оваа
основа. Се калкулира со минимум 50 милиони евра за 20 години, колку
што аеродромите ќе бидат под концесија. Од Министерството за
транспорт и врски вчера информираа дека и откако ТАВ ќе го преземе
управувањето со аеродромите , ќе продолжи стабилното финансирање на
Агенцијата за цивилно воздухопловство. "Предвидено е за
периодот во кој операторот на аеродромот е концесионер, да плаќа
надоместок", одговараат од Министерството. Финансирањето на
Агенцијата од концесискиот надоместокот кој ќе го плаќа ТАВ било
најдено како решение, откако бил откриен пропустот, а ТАВ не прифатил
да плаќа дополнителни пари.
sramota, drugiot pat sigurno nikoj nema da ni dojde
Повикуваме туристи, но нема кој да ги вози
Како да се стигне до Скопје? Ова прашање често си го поставуваат патниците кои слетале на аеродромот Александар Велики. Автобуска линија нема, па доколку немаат кој да ги пречека им остануваат две алтернативи. Такси превозот или изнајмување на возило од rent-a-car агенција!
„Нема автобус? Кога дојдовме земавме такси, сега не донесе нашиот партнер. Не знаев дека нема автобус. Да, тоа е многу чудно.
„Доаѓам од град каде нема автобуски превоз, но затоа имаме метро“
„Со наша кола. Да би одел со автобус, поевтино фаќа. Ни смета, подобро е да има автобус“.
„Знам луѓе овде па доаѓаат да ме земат, но секако за македонските граѓани би требало да има автобус или некој друг вид превоз“
Патниците доколку стигнат на аеродромот со такси мора да си одвојат 1200 денари. Толку чини превозот од Скопје до таму. За превоз со сопствено возило ќе платите три пати помалку. Екипата на Алсат-М за оваа линија која изнесува 23 километри, во двата правци потроши повеќе од 400 денари. Во тие пари спаѓаат околу 5 литри гориво, 70 денари потрошени за патарини и 100 денари за два часа паркирање.
Но Скопје и во иднина ќе остане единствениот град во регионот кој нема да има директна автобуска линија до најблискиот аеродром. Според надлежните, нејзиното воведување не е исплатливо.
Сите се согласуваат дека е потребна но за тоа кој треба да ја воведе прстот го посочуваат кон друг. Директорот на аеродромот Орхан Рамадани вели дека тоа е надлежност на ЈСП. Од Градот Скопје, пак, под чија надлежнот е јавното претпријатие велат дека линијата треба да ја овозможи министерството за транспорт и врски од каде и покрај обидите не добивме одговор.
Во меѓувреме додека надлежните тврдат дека линијата е неисплатлива бројот на патници на скопскиот аеродром се зголемува. Лани биле превезени повеќе од 650 илјади патници, а Македонија очекува да пристигнат и повеќе.
Во обид да се привлечат странски туристи со спот на американската телевзија CNN земјава се промовира како туристичка дестинација. Деновиве пристигнаа и повеќе странски туроператори за да ги видат туристичките потенцијали.
Турската фирма ,,Тав“ од септември ќе почне да го гради
карго-аеродромот во близина на Штип, најави вчера амбасадорот на
Турција во Македонија, Хокан Арслан Окчал.
,,Тав“ е сериозна и
угледна фирма, и како што беше најавено, изградбата на карго-аеродром
ќе почне за три месеци. Оваа фирма ги зеде под концесија и аеродромите
во Скопје и во Охрид, кои ќе ги реновира, рече Окчал.
Тој
додаде дека турски инвестиции има и во други делови на земјата, а за
инвеститори се јавуваат Турци кои се иселиле од Македонија и кои не
сакаат да ги прекинат врските со земјата, во која живееле нивните
дедовци.
1. Во тој случај се плашам дека скопскиот аеродром ќе го оптимизираа во најголема мерка да го храни виенскиот со транзитни патници, односно да биде единствено терминален аеродром во функција на виенскиот хаб. Со тоа и аеродромот би останал прилично мал и маргинален, а и државата би остварила многу помалце корист. Можеш да претпоставиш дека таков развој на настаните не ми се допаѓа... Турциве пак изгледаат поамбициозни, сакаат да го истуркаат скопскиот аеродром како регионален хаб и затоа ме радува што тие ја добија концесијата, само да се надеваме дека плановите ќе се остварат.
2.
3. Абре новинари После таква грешка каков е кредибилитетот на останатото во текстов?
1: vie дефинитивно требаше да го добие аеродромот, супер работа вршат со виенскиот 2: не читаат овие build, затоа не знаат што се случува со заемот на ТАВ 3: во која Литванија е Рига бе, алооо?
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
И Владата не верува дека
ТАВ скоро ќе дојде во Македонија!?
Државата ќе троши пари за обновување на аеродромската зграда на Александар
Велики, иако за три месеци аеродромот треба да биде преземен од турската
компанија ТАВ, чија обврска се токму инвестициите во модернизирање на овој
објект. Акционерското друштво Аеродроми на Македонија, кое е во државна
сопственост, одлучи да инвестира 50.000-60.000 евра во проширување на влезовите
три и четири на скопскиот аеродром, иако во наредните 20 години нема да управува
со него. Од 1 септември македонските аеродроми треба да преминат во сопственост
на ТАВ, која за развој на скопскиот и охридскиот и за изградба на карго-аеродром
во Штип треба да инвестира 200 милиони евра. Дали ова значи дека Владата не
верува во инвестицијата на ТАВ, која еднаш веќе е одложена или, пак, има друга
причина? Од Владата велат дека одлуката е донесена од Аеродроми на
Македонија, кое е посебно акционерско друштво и има свој буџет. Од
претпријатието тврдат дека проектот е согласно инвестицискиот план за 2009
година и не чини многу. “Оваа инвестиција била предвидена за минатата година,
но не е реализирана. Таа предвидува изградба на посебен простор во постојната
зграда, од предната страна, кој ќе го користат луѓето што ги чекаат патниците од
авионите. Тие веќе нема да чекаат надвор, како сега, туку ќе може да седат
внатре, каде ќе има и ресторан”, објаснува директорот на Аеродроми на
Македонија, Орхан Рамадани. Парите се од буџетот на претпријатието. Според
Рамадани, инвестицискиот план за годинава не е голем и предвидува само итни
зафати. Тој не бил ни 20% од обемот на минатогодишниот, кој изнесувал неколку
милиони евра. “Имаме многу рестриктивна политика за инвестиции и набавка на
средства. Целта на вложувањата е да се подобри квалитетот на услугите. Некои
работи не може да чекаат”, вели Рамадани.
Нема нов абер од
ТАВ
Ова уште повеќе ја комплицира ситуацијата околу инвестицијата на ТАВ во
Македонија. На крајот од 2008 година таа беше одложена до 31 август бидејќи
турската компанија не обезбеди кредит поради глобалната финансиска криза. Дали
с$ уште нема гаранција од ТАВ дека од 1 септември ќе почне да ги модернизира
аеродромите? Од Министерството за транспорт нема информација дали Турците ги
обезбедиле потребните 200 милиони евра. Од ресорот даваат многу штури одговори.
“Договорот за концесија е продолжен. Поради глобалната економска криза
настанаа непредвидливи случувања, кои се настан од виша сила и кои не можеше да
се предвидат на датумот на потпишување на Договорот за концесија. Согласно со
новиот рок, ТАВ ќе започне со оперирање и инвестирање во аеродромите во
Македонија на 30 август 2009 година”, информираат од Министерството. Но, од
ресорот не одговараат на прашањето дали имаат потврда од ТАВ дека новиот рок ќе
биде запазен, ниту дали ќе одобрат ново пролонгирање доколку биде побарано.
Министерот Миле Јанакиески лани изјави дека до мај годинава кризата ќе се
релаксира и затоа рокот до 30 август бил доволен за ТАВ. Со оглед на овие негови
прогнози, сега Јанакиески би требало да има конкретна информација од ТАВ.
ТАВ не одговори на прашањата што ги доби од Капитал. Останува само изјавата
на Рифат Хисарчикоглу, претседател на Сојузот на стопански комори и берзи на
Турција, кој тврди дека ТАВ ќе успее да обезбеди кредити. Според Договорот
за концесија, Турците имаат рок од 20 месеци за реконструкција на скопскиот
аеродром, 12 месеци за охридскиот и три години за изградба на карго-аеродромот
во Штип. Тие нема да стопанисуваат со карго-аеродромот, туку само ќе го
изградат. Владата потоа ќе процени дали државата ќе оперира со него или ќе бара
друг концесионер. На аеродромот Александар Велики треба да се изградат нова
терминална зграда, пристапен пат, нова клучка, комунална инфраструктура, нов
карго-терминал, противпожарна станица и паркинг за воздухоплови, да се продолжи
полетно-слетната патека, да се инсталираат системи за земска навигација и да се
догради административната зграда. На аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид
предвидени се реконструкција на паркингот и на административната зграда,
реновирање на објектите во карго-центарот, изградба на ВИП-објект и други
активности согласно меѓународните стандарди. Новиот карго-аеродром во Штип треба
да биде алтернативен аеродром за цивилната авијација, со можност да прерасне во
главен аеродром во земјава. Турската компанија годинава има обврска да
реализира и други проекти, како на пример модернизацијата на аеродромот во Рига,
Литванија, кој го доби на тендер на почетокот од годинава и во кој планира да
инвестира 250 милиони евра. Заедно со локалниот партнер, фирмата Сконто бруве,
планира да изгради нов терминал и да ги развие авиоврските. Турците влегоа во
овој проект неколку месеци откако од македонската влада побараа одложување на
инвестицијата во Македонија. Дали тоа значи дека аеродромот во Рига е
поприоритетен за ТАВ? Тој лани имал 3,7 милиони патници, а на скопскиот немаше
ни еден милион! Главниот извршен директор на ТАВ, Сани Шенер, по
потпишувањето на договорот во Литванија, изјави дека добро ја започнале годинава
и покрај тешкотиите поради глобалната финансиска криза. ТАВ има богато искуство
во управувањето со аеродроми. Оперира со седум аеродроми во Турција, Грузија и
во Тунис, на кои годишно поминуваат над 27 милиони патници. Во 2007 година
компанијата оствари приход од 507,5 милиони евра.
Други компании се надеваат на нов тендер
Капитал дознава дека проблематичниот развој на настаните во Македонија будно
го следат трите компании од Австрија, Германија и од Франција кои се откажаа од
првиот тендер поради краткиот рок за поднесување на документацијата и
неприфатливите тендерски услови. Тие се надеваат дека ќе имаат уште една шанса
да конкурираат за добивање концесија за скопскиот и охридскиот аеродром. Според
нашите информации, тие веруваат дека, како што стојат работите, постои шанса за
нов тендер. Во првата фаза од првиот тендер се пријавија Виена интернационал
аирпорт од Австрија, Хохтиф од Германија и ЕГИС од Франција и Велика Британија.
По откажувањето од тендерот, само од ЕГИС официјално соопштија дека поради
краткиот рок не можеле да подготват сеопфатна, обврзувачка и неусловна понуда во
согласност со стандардите за квалитет и одговорно стопанисување. Но, тие останаа
заинтересирани за вложување во Македонија.
“Од Министерството беше
побарано да се продолжи рокот за доставување на понудите бидејќи тој беше
прекраток за да се обезбедат потребната одлука на бордот на директори на
компаниите и согласност од банка за обезбедување кредит. Секоја сериозна
компанија има процедура низ која мора да поминат сите одлуки за инвестиции”,
велат извори на Капитал кои биле вклучени во подготовката на документацијата за
еден од заинтересираните инвеститори. Како сериозен проблем биле посочени и
условите на тендерот. “Не може да се бара изградба на огромна аеродромска
зграда, кога планираниот број на патници е неколку пати помал. Кој инвеститор ќе
се нафати да троши пари за изградба на карго-аеродром во Штип, со кој потоа не
треба да стопанисува? Тоа е лудост”, коментираат нашите извори.
И првиот
човек на ТАВ, Шенер, лани истакна дека проектот во Македонија е тежок.
“Инвестицијата е 200 милиони евра, а годишниот број на патници на аеродромите е
само 680.000. Но, Македонија има голем потенцијал и кога ќе стане членка на ЕУ и
на НАТО, бројот на патници на аеродромите ќе се зголеми”, рече Шенер. Познато
е само дека аеродромите во Македонија бараат итни инвестиции бидејќи се една од
пречките за подобрување и зголемување на авиосообраќајот во земјава.
“Тав“ се уште се без кредит, на три месеца пред почеток на концесискиот договор
среда, 27 мај 2009, 19:03
Турската компанија
“Тав“ се уште не обезбедила кредит за модернизација на двата македонски
аеродрома иако истекуваат последните три месеци од продолжениот рок за
отпочнување на проектот. Соочена со финансиската криза, ТАВ во декември
минатата година побара одложување на реконструкцијата на скопскиот и
охрискиот аеродом и изградба на карго аеродом во Штип.
Според
признанието на претседател на турската стопанска комора, потрата на
ТАВ по кредит од 200 милиони евра засега не дала резултати.
“Убеден
сум дека “Тав“ ќе ја надмине оваа ситуација. Знаете, во светски рамки
денеска е голем проблем обезбедувањето на готовина. Но, “Тав“ тоа ќе го
стори успешно, бидете убедени“ изјави Рифат Хисарџиклиоглу,
претседател на турската стопанска комора.
И во владата се
оптимисти. За сега не размислуваат околу ризикот за ново одложување на
инвестицијата, според која турската компанија откако ќе ги модернизира
во следните 20 години ќе стопанисува со македонските аеродроми.
Бесими
“За сега јас немам информација за откажување на оваа турска
инвестиција. На вчерашниот бизнис форум и самите претставници на “Тав“
кажаа дека се заинересирани за инвестирање овде“ вели Бесими.
Според
инфомации на алфа од скопскиот аеродром преставниците на ТАВ не ја
искористија посетата на Македонија и одржувањето на турско македонскиот
бизнис форум во Охрид за било какви разговори со нив околу овој значаен
проект. Владиниот договорот со Тав, које е еден во низата обиди за
модернизација на македонските аеородоми, истекува на 30 август.
мало освежување, кое најавува можеби (посрамежиливо) ново пролонгирање на рокот за превземање на лиценцата... "јас немам таква информација" шпекулациите не стигнуваат до министерството требало Миле да го прашате кај него има поголемо проветрување
Турски ТАВ не се повлекува од Македонија
Македонскиот
министер за економија Фатмир Бесими денеска ги негираше шпекулациите
дека турската компанија ТАВ ќе ја повлече договорената инвестиција во
Македонија.
„Јас немам таква информација. На вчерашниот
македонско-турски бизнис форум имаше презентација и од самите
претставници на ТАВ“, изјави Бесими во одговор на новинарско прашање.
Тој
потсети дека на вчерашниот форум во Охрид над 100 турски бизнисмени
имале презентација, кои покажале сериозен интерес за инвестиции и
тргување со Македонија.
Пред неколку месеци, владата донесе
заклучок за продолжување на рокот за влегување во сила на Договорот за
концесија за развој, финансирање, користење и оддржување на аеродромите
„Александар Велики“ - Скопје, „Св. Апостол Павле“ - Охрид и новиот
карго-аеродром во Штип, склучен на 24 септември помеѓу Владата и турски
ТАВ.
Продолжувањето на рокот до 30 август 2009 година беше појаснето како резултат на глобалната економска криза.
Abstract:
EBRD is considering financing a 20-year concession which includes
development, finance, operation and maintenance of Skopje “Alexander
the Great” airport and Ohrid “St. Paul the Apostle” airport; and a new cargo airport at Shtip. The concession was awarded to TAV Havalimanlari Holding A.S. (“TAV”),
a Turkish based company following an open tender undertaken by the
Government of FYR Macedonia acting through the Ministry of Transport
and Communication. The concession agreement was signed between TAV and the Government of FYR Macedonia.
Transition
impact: This project is the first transport concession to be awarded in
FYR Macedonia and successful financial closing will be transition
impact in its own right. In addition, the following can be anticipated: Demonstration
effect of the concession awarded as a result of the competitive process
that could be replicated in other countries of operation; Transfer
of know-how through the introduction of new operational, managerial and
commercial standards, including transfer of knowledge and experience
from foreign to local staff, using the experienced staff of TAV. Construction/refurbishment of airports using private financing.
The
client: The client will be TAV Macedonia Dooel-Skopje, which is a
Special Purpose Company (SPC) set by TAV Havalimanlari Holding A.S., a
Turkish based company that, through its subsidiaries operates airports
internationally and conducts other airports-related activities. .
EBRD finance: EBRD is considering arranging EUR 45 million in a syndicated senior loan using an A/B loan structure. EIB is considering providing a senior loan of up to EUR 80 million as a parallel loan.
Total project cost: EUR 193 million.
Environmental
impact: The construction, rehabilitation and operation of airports is
typically associated with a wide range of environmental, social and
health and safety issues. The project comprises three components that have been screened and categorised as follows: Screened
B/1 (2003) - The new terminal building and modernisation at Skopje and
renovation of Ohrid airport will need to be preceded by an
Environmental and Social Analysis and audit. Screened A/0 (2003)
-The construction of a new airport at Shtip will need to be preceded by
an Environmental and Social Impact Assessment (ESIA).
An
Initial Environmental Examination (IEE) has already been undertaken by
the Bank’s Environmental Specialist to confirm the screening
categorisation. Independent consultants have been commissioned to
evaluate the level of compliance by each Project component with EBRD’s
policy requirements, identify any gaps and propose actions to remedy
them. The environmental audit and analysis of the project components
will include assessing: compliance with national and international
safety and environmental standards including International Civil
Aviation Organisation (ICAO), International Air Transport Association
(IATA) and the European Aviation Safety Agency (EASA); noise
disturbance; biodiversity impacts on bird migration routes, local
habitats and ecology; air emissions from aircraft; road traffic;
handling and storage of fuel and chemicals; transport and handling of
dangerous goods; waste and hazardous waste management; emergency
preparedness; involuntary resettlement and economic displacement;
social or community impacts and public consultation and information
disclosure. An Environmental and Social Action Plan to bring all of
the Project components into compliance with national regulations as
well as international and EU environmental, health and safety standards
will need to be developed. Information will also need to be disclosed on each Project component.
You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum