build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Клучка Континентал

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 91011
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #201 Posted: 07-Nov-2007 at 02:02
Еве едно мое решение, кое се справува со сите проблеми на тоа место. Не дека јас сум генијалец, туку овие во градот којзнае што математика имаат... Ама каква и да е, не ја бива...

Ова решение би било поскапо (не многу), и би барало малку повеќе површина (претпоставувам ги мрзи да се замараат со експропријација или нешто слично). Ама со вака изведена клучка, би добиле добро и трајно решение, кое пред се нема да ја блокира многу поважната Крушевска. Ги елиминира проблемите што произлегуваат од импровизацијата што се гради, а не ствара нови проблеми.

(За оние што не се запознаени, на вторава скица го имам зацртано и Бул. Крушевска Република, исто како што е во ГУП-от. Тоа е оној коридор одбележан со зелено, што доаѓа од долу и се спојува со постоечкиот Бул. Александар Македонски. Десно, одбележана со жолто е клучката Континентал каква што јас предлагам.)

Можеби еден убав ден таму ситуацијата навистина ќе изгледа вака:
(во меѓувреме ќе ги трплиме последиците од „креативноста“ на градските власти)



Edited by Cloverstack - 06-Jun-2008 at 02:08
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #202 Posted: 07-Nov-2007 at 01:56
Си викам да ги присобереме материјалите што ги имаме на едно место. Првите 6 слички се од презентацијата на град Скопје при почетокот на изградбата. Седмата е моја скица врз основа на тие слики.

Се на се ова е катастрофално лоша клучка. Клучка на таа локација е потребна, тоа не е спорно. Ама оваа бедна импровизација која ја замислија е многу лошо решение. Накратко, тоа е клучка со бројни недостатоци, која веднаш ќе предизвика доста проблеми, а од друга страна ќе ја попречува реализацијата на ГУП-от во врска со бул. Крушевска Република. Значи кога ќе дојде време за изградба на Крушевска (не може да трпи уште долго одлагање), оваа клучка ќе треба да се руши. Речиси три милиони евра фрлени во ветар, плус трошоци за рушење и плус повторното враќање во првобитна ситуација како што беше направен насипот, веќе испланиран за спојување на Крушевска.

Тоа што со таква леснотија го игнорираат ГУП-от е приказна сама за себе... Ohno
















Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #203 Posted: 22-Oct-2007 at 01:05
Процената на стручните лица е дека клучката е единственото решение за намалување на сообраќајниот метеж во тој дел на градот.


Е да, клучка... Ама каква клучка... Wallbash
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #204 Posted: 21-Oct-2007 at 23:48
Originally posted by Утрински Весник


Привршува изградбата на основата на натпаникот на клучката „Континентал“


За десетина дена ќе започне изградбата на новата канализациска мрежа На клучката „Континентал“ привршуваат бетонските работи на основата на натпатникот, а за десетина дена се очекува да започне и изградбата на новата фекална и атмосферска канализација. Градските власти информираат дека досегашните работи на терен се изведуваат според утврдениот план и динамика. „Доколку се продолжи со истото темпо, очекуваме до крајот на годинава за сообраќај да биде оспособена лентата од Автокоманда кон Бит-пазар. Сето тоа првенствено ќе зависи од временските прилики и изведувачот, бидејќи Градот својата обврска, што се однесува до финансиите, ја има намирено“, велат од градското Одделение за односи со јавноста. Оттаму информираат дека екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ подготвуваат проект за хортикултурно уредување на просторот. Градските власти велат дека на терен одамна се веќе надминати проблемите кои настануваа поради изменетиот начин на сообраќај, а кој беше неопходен заради градежните активности. Според проектот, клучката ќе биде комбинација од денивелиран патен јазол, познат како систем „труба“ и ротонда на местото на вкрстувањето на улицата „Беласица“ со булеварот „Александар Македонски“. Процената на стручните лица е дека клучката е единственото решение за намалување на сообраќајниот метеж во тој дел на градот. Целиот проект чини 2,3 милиони евра, средства предвидени од годинешниот буџет. (Дс.Т.)


Извор: Утрински Весник

Edited by pbanks - 22-Oct-2007 at 01:28
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #205 Posted: 20-Sep-2007 at 02:09
ИНТЕНЗИВНО СЕ РАБОТИ НА ИЗГРАДБА НА КЛУЧКАТА КАЈ КОНТИНЕНТАЛ
Градежните работи, од првата фаза на изградбата, на натпатникот од клучката кај Континентал, се во полн замав и се одвиваат на сите фронтови предвидени со проектот. 
 
Урнат е поголемиот дел од насипот на булеварот Александар Македонски и се поставуваат контурите на новиот насип за натпатникот, а пробиен е и поголемиот дел од новата сообраќајница. Деновиве се очекува да заврши ископот на земјиштето и да започне изградбата на темелите на натпатникот.
 
Со пробивањето на новата сообраќајница, на која ќе се одвива сообраќајот во насока кон Автокоманда, истовремено се копа и канал за поставување нова атмосферска канализација, со профил од 300 мм, во должина од 700 метри. Градот му издаде налог на ЈП “Водовод и канализација“, додека се одвиваат работите на изградбата на атмосферската канализација, да изврши целосно чистење на постојната атмосферска мрежа на булеварот. Со тоа, по завршувањето на изградбата на клучката, новопоставената атмосферска мрежа и постојната мрежа ќе претставуваат функционален систем кој ефикасно ќе се справува со атмосферските води.
 
Истовремено се работи и на поставувањето на темелите за изградба на сообраќајницата, која ќе го поврзува булеварот со натпатникот, како и поместувањето на улицата Петре Горгиев, која води кон бараките на општина Гази Баба. При поместувањето на улицата градежниците се соочуваат со неповолната структура на материјалот кој треба да се отстрани за да се помести оваа улица.
 
Покрај улицата, досега се поместени каблите за ПТТ, а во текот на изведбата на проектот ќе се дислоцираат и 35 киловолтниот кабел за електро-снабдување, цевка за водоснабдување со профил од 300 мм, инсталациите од уличното осветлување и постојната фекалата мрежа која се наоѓа на градилиштето.
 
Град Скопје досега изгради две нови шахти, а до крајот ќе бидат изградени сите останати, со што ќе се овозможи полесен пристап до инфраструктурата на која ќе треба да се интервенира. Значи, со изградбата на клучката ќе се уреди и подземната инфраструктура на овој простор.
 
Побарано е од ЈП “Паркови и зеленило“ да изработи проект за хортикултурно уредување на просторот, по завршувањето на изградбата на клучката.
 
Град Скопје е инвеститор на проектот за изградба на клучката, а работите ги изведува ГП“Пелагонија“, додека атмосферската канализација ја поставува Козјак-Куманово.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 91011

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.137 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.