![]() |
![]() |
![]() |
Економски вести |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 910111213 29> |
Author | ||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|||||
Прилепски тутун и цигари на кинескиот пазар 22.11.2011
Комбинатот
очекува следната недела да добие и да ги тестира примероците на хартија
која би се употребувала во изработка на т.н. самогасечки
цигари-регулатива која од петокот стапи во сила во земјите на Европската
Унија. |
||||||
![]() |
||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|||||
Хајнекен и Кока-Кола Хеленик ќе докупат акции за 79,1 млн евра во Пивара Скопје
Текст: Макфакс Бизнис | 10 ноември 2011
Познатата холандска пивара Хајнекен денеска објави дека заедно со Кока-Кола Хеленик ќе докупат 41,2 отсто акции во Пивара Скопје за сума од 79,1 милиони евра. Овие акции во моментот ги поседуваат различни малцински акционери, а целата трансакција се очекува да биде комплетирана на почетокот на 2012 година, се наведува во соопштението објавено денеска на веб страната на Хајнекен. Со ова, уделот на Хајнекен и Кока-Кола Хеленик во македонскиот производител на пиво и сокови ќе достигне 96,5 отсто. Преостанатите 3,5 отсто од акциите ќе останат во рацете на поранешни и сегашни вработени во Пивара Скопје. Хајнекен и Кока-Кола Хеленик станаа мнозински сопственик на Пивара Скопје во 1998 година, кога купија 55,3 отсто. Пивара Скопје е водечка компанија во земјата за производство, маркетинг и дистрибуција на различни брендови пиво и газирани пијалоци, особено на Скопско и Кока-Кола, се вели во соопштението на холандскиот гигант. „Хајнекен и Кока-Кола Хеленик се целосно посветени на идниот развој на Пивара Скопје и ќе продолжиме да работиме заедно со локалните дистрибутери и клиенти да расте бизнисот и продажбата на локалните пијалоци на пазарот“, стои во соопштението. http://kajgana.com/hajneken-i-koka-kola-helenik-kje-dokupat-akcii-za-791-mln-evra-vo-pivara-skopje |
||||||
![]() |
||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|||||
Македонски амортизери на африканскиот пазарФабриката за амортизери „СТД“ од Нов Дојран ја испорача првата извозна пратка за Централноафриканската земја Буркина Фасо и со тоа направи продор на пазарот од овој континент.Увозник на првите 420 парчиња хидраулични амортизери, кои претставуваат иновативен дострел на основачот на фирмата „СТД“ Стојче Тасев, е фирмата „ТЦВ Бус“ од Буркина Фасо. - Соработката со оваа фирма ја почнавме заедно со холандската Амбасада во Македонија и нивната организација „ПУМ консалт “ чии стручни лица посредуваа во бизнис контактите со транспортни фирми од Африка и Јужна Америка. Најбрз одговор за деловен контакт добивме од сопствениците на транспортната компанија „ТЦВ Бус“ кои пред два месеци престојуваа во Дојран со цел да се запознаат со нашето производство и квалитетот на изработката, вели управителката на фабриката - Теодора Каракашева. Фабриката за амортизери “СТД“ од Нов Дојран постои веќе 28 години и претставува етаблиран извозен бренд од Дојран, со самиот факт што нивната иновација “хидрауличниот телескопски амортизер“ стекна масивна употреба за потребите на големи транспортни компании од земјите на поранешните југословенски простори и Балканот - Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Бугарија и Грција. Годинава, по неколкугодишна соработка со „Македонски железници“ на репарација на нивните амортизери, за првпат почнуваат да произведуваат и испорачуваат специјално изработени амортизери за вагони за потребите на „МЖ“. Тоа значи усвојување на нова производна линија за железнички транспортни возила, покрај веќе постојните 450 различни видови на амортизери, осовини и специјални делови за сите видови возила што се дел од производниот програм на фабриката „СТД“. Продорот на африканскиот континент и контактите за соработка со Јужноамерички компании се потврда за веќе добиените домашни и меѓународни признанија: Награда за најуспешна иновација 1985 година и Меѓународна награда за најдобра иновација за 2010 година за што ја доделува Министерството за образование и наука при Владата на Романија. http://kurir.mk/makedonija/vesti/48994-Makedonski-amortizeri-na-afrikanskiot-pazar |
||||||
![]() |
||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|||||
ОКТА продаде нафтени деривати за 485 милиони евра за 9 месеци![]() Најголемата компанија во земјава по обемот на приходите, рафинеријата ОКТА, објави дека има остварено раст на нето добивката од 24,4 отсто до сумата од 245,1 милиони денари (3,98 милиони евра) во првите 9 месеци од годинава во однос на истиот период лани. Единствената македонска рафинерија за нафта бележи уште поголем раст на продажбата во овие 9 месеци и тоа од 21,729 милијарди денари лани на 29,826 милијарди денари годинава. Ваквата продажба за првите 9 месеци од годинава е многу блиску до продажбата која ОКТА ја имаше за целата 2010 година. ОКТА е убедливо најголема компанија по приходите и се наоѓа на разни листи на најголемите компании од регионов, кои ги подготвуваат информативни или консултантски куќи. На листата на „Сеењуз“ беше единствена пласирана компанија од земјава меѓу 100-те најголеми на Балканот (освен Грција). ОКТА е во мнозинска сопственост на грчка компанија, која самата, пак, е во сопственост на грчкиот рафинериски гигант „Хеленик Петролеум. http://www.plusinfo.mk/vest/21877/OKTA-prodade-nafteni-derivati-za-485-milioni-evra-za-9-meseci |
||||||
![]() |
||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|||||
http://www.stat.gov.mk/PrikaziSoopstenie.aspx?rbrtxt=78
Обем на стоковната размена со странство петок, 04 ноември 2011 Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија во периодот јануари-септември 2011 година изнесува 3 267 428 илјади САД долари, а на увозот 5 218 691илјади САД долари. Покриеноста на увозот со извоз е 62.6%. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-септември 2011 година, изнесува 1 951 263 илјади САД долари.
Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи
со благородни метали или нивни соединенија, фероникелот, производите од
железо и челик (валани производи), облеката и преработките од нафта. Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, суровата нафта, моторните возила за превоз на лица и електричната енергија.
Во периодот јануари-септември 2011 година, најголемо учество во извозот на стоки имаат земјите-членки на ЕУ 27 (60.2%) и земјите од Западен Балкан (28.3%), а во увозот на стоки најголемо учество имаат земјите-членки на ЕУ 27 (54.9%) и земјите во развој (26.8%). Според вкупниот обем на надворешно-трговската
размена, Република Македонија најмногу тргува со Германија, Србија, Бугарија, Русија и Грција (44.0% од вкупната надворешно-трговска размена се врши со овие пет земји).
|
||||||
![]() |
||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|||||
edna mnogu pozitivna vest
Битолската пиварница се подготвува за стартсабота, 29 октомври 2011, 18:28- Се донесе нова опрема, се изврши измена на постојната стара цевоводна инсталација, како амонијачна така и пивоводна и алкохолна, се направија големи ремонти на машини и со тие работи сме при крај. Ги завршуваме, во одредени делови вршиме и ладни проби, и се спремаме во најскоро време пиварата да ја стартуваме со редовно производство- рече Методија Стојчев, технолог во Битолската пиварница. Во моментов во Пиварницата се ангажирани педесетмина стечајци, а производството ќе стартува со сто вработени, претежно поранешни пиварци. Сопствениците најавуваат пласман на две врсти пиво и на сокови, а за почетокот ќе бидат ориентирани на македонскиот пазар, каде што порано битолското пиво беше добро позиционирано. http://www.vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=37&eventId=42123 |
||||||
![]() |
||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|||||
http://www.stat.gov.mk/PrikaziSoopstenie.aspx?rbrtxt=1
Индекси на индустриското производство четврток, 27 октомври 2011 Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во септември 2011 година, во однос на септември 2010 година, изнесува 97.7. Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на каменво септември 2011 година, во однос на септември 2010 година, бележи опаѓање од 8.6%, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 0.3%, а во секторот Снабдување соелектрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 18.8%. Според главните индустриски групи, производството во септември 2011 година, во однос на септември 2010 година, бележи пораст кај Капитални производи за 48.1% и Трајни производи заширока потрошувачка за 8.7%, додека опаѓање бележи кајЕнергија за 17.9%, Интермедијарнипроизводи, освен енергија за 5.3% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1.8%. Индексот на индустриското производство во периодот јануари - септември 2011 година, во однос на периодот јануари - септември 2010 година, изнесува 106.3.
|
||||||
![]() |
||||||
nenad ![]() Senior Member ![]() Joined: 19-Dec-2009 Online Status: Offline Posts: 741 |
![]() ![]() |
|||||
Welcome to EU.
mora da se naviknuvame na vakvi raboti |
||||||
![]() |
||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|||||
И од Агрокор нема фајде!imitrov@kapital.com.mk;%20spasevska@kapital.com.mk">Петре Димитров, Александра Спасевска![]() Секој ден во 4 часот наутро кванташкиот пазар во Струмица веќе врие од луѓе. Во тоа време доаѓаат трговците со овошје и зеленчук од другите градови за да купат стока, која потоа завршува низ другите градови во земјата и во странство. Земјоделците и ситните откупувачи се таму час порано. “Нема светло, па се гледаме со ламби-батерии. Често се случува кога ќе се раздени да видиш што всушност си зел. Си велиш, па јас не платив за тоа. Земјоделците знаат да ни продадат лоша стока. На врв ги ставаат најубавите корнишони, а внатре во вреќата стават сешто. Ама ако купиме под цената, секогаш има на кого да продадеме“, вели Марјан Делев, откупувач на зеленчук и овошје. Кога екипата на “Капитал“ го посети овој пазар, кој неодамна беше незначајно реновиран, многу зделки беа веќе склучени. Се броеа парите. “Нема бог знае каква заработка. Но што да правиш, мора да се преживее“, вели братот на Марјан, Венцо Делев, кој освен што работи како шофер за една транспортна компанија, му помага на брат му во откупувањето. Нема голема надеж ни кај земјоделците за новата производна сезона. “Капитал“ ги праша со каква мисла ја почнуваат следната сезона. Таа ќе биде различна затоа што сега го имаат откупно-дистрибутивниот центар на Агрокор. Но, земјоделците не очекуваат тоа да им ја зголеми заработувачката. Велат, профитери ќе си останат големите откупувачи, а најголем ќар ќе има Ивица Тодориќ. Според нив, реално ништо не се променило по влезот на Агрокор. Дури се плашат и да не добијат пониски цени. Велат дека цените на зеленчукот и на овошјето се на ниво од 2000 година, а цените на ѓубрето и на семето растат. “Агрокор си нарачува од големите откупувачи. Моментално откупува пиперки, карфиол, корнишони... Јас како земјоделец да однесам таму стока нема шанси. Не можам ни да влезам. Земјоделците се трета или четврта рака на тоа што стигнува во Агрокор. Влезот таму е невозможен, освен ако немаш фамилијарни врски. Сè е одбрано друштво. Се плашам дека цените и понатаму ќе ни бидат ниски. Нема фајде ни од Агрокор“, вели земјоделецот Киро Трајков од Пиперово, кој заедно со фамилијата егзистира единствено од земјоделство. Соселанецот на Киро, Александар Ѓоргиев, исто така вели дека стандардите кои не им се познати на струмичките земјоделци ќе ги урнат и така ниските цени. “Го знам јас Тодориќ. Има фабрики за замрзнато овошје и зеленчук во Србија и за сладолед. Ни во Србија не го сакаат затоа што не плаќа на време и затоа што ги руши цените. Плус Агрокор бара квалитет за мали пари. Не дојде овде за да ни ги покачи цените. Сите знаеме зошто дојде. Да ќари евтина стока. Немаштијата нè прави уште на старт неконкурентни. Во новиот откупен центар ти бараат и амбалажа, а не ти ја плаќаат. Уште еден трошок! А кај се парите за семето, другите материјали...“, вели Ѓоргиев. Земјоделецот Ванчо Котевски од Куклиш е уште поголем скептик. Во Агрокор гледа нов Сведмилк. “И Агрокор ќе биде нешто како Сведмилк. Слушај ме. Ќе видиш. Следната година ќе протестираме пред Влада како млекарите. Влезот на Агрокор требаше да ни го олесни живот, а не да ќарат само Тодориќ и дестина струмичани. Не може веќе вака. Скапи семиња, скапо ѓубриво. Не останува ништо за нас. Субвенциите кои ги дава државата не помагаат. Тие се само за да го одржиш производството. Не можеш да инвестираш во зголемување на стандардите, ниту пак да го зголемиш производството“, вели Котевски. Крсте Лешков од Богданци со години доаѓа да продава на овој пазар. На неговото лице со еден поглед можете да видете колку тежок живот имал. Светат само неговите сини очи. “Министерот Ставрески беше пред две-три години во Богданци. Мислев дека ќе нè спаси. Ветуваше, де она, де ова. Секоја година сè една иста песна пееме. Ништо добро не излегува. А и субвенциите не помагаат бог знае колку. И постојано каснат. Лани ми одобрија, ама оваа година не се пријавив. Тоа се малку пари. Пиперката за да порасне голема сака вода и ѓубре. Не може без пари. Нели ме гледаш. Утепан сум“, вели Лешков, кој стоката ја продава во камион паркиран на влезот од кванташкиот пазар. Тука и спие.
http://www.kapital.com.mk/mk/dneven_vesnik.aspx/75153/i_od_agrokor_nema_fajde!.aspx?iId=2418 |
||||||
![]() |
||||||
UrbanFreak ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 28-Oct-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1732 |
![]() ![]() |
|||||
Незнам зошто, но оваа вест ужасно многу ме потсетува на познатата милијарда на Циле. И тогаш се најавуваа бомбастични проекти, убаво испланирано како ќе се потроши милијардата, алтернативците на Циле добија солидни 15тина пратеници во парламентот, се испокаравме со Кина и го признавме Тајван, но милијардата никогаш не стигна. Се надевам ова се само новинарски шпекулации не и главен адут на нашата економска програма како држава. Дај боже да ги има инвестициите, но верувам никој во светот туку така не фрла милијарди без претходно да направи добро истражување на пазарот, можностите кој тој ги нуди, политичката и економска сигурност на државата, квалитетот на образованието, финалните производи кој излегуваат од таа држава и на крајот на краиштата и нешто што се вика opportunity cost, или што друго би можел да направам со истите пари.
|
||||||
אל תסתכל בקנקן, אלא במה שבתוכו
|
||||||
![]() |
||||||
nenad ![]() Senior Member ![]() Joined: 19-Dec-2009 Online Status: Offline Posts: 741 |
![]() ![]() |
|||||
Се уште сум скептичен во врска со инвестирањето во нашето образование. верувам дека таму има дефицит на кадри, но мислам дека поефтино е да купат готов кадар на светските берзи на капитал. Тука им е Индија, Кина, Азија, Источна Европа (па и грција ос која очекувам егзодус на стручнот кадар)...
А освен тоа, тренирање на инженери трае со години, и тоа со неизвесен исход, подобро е да се купи готов производ. А не сум сигурен дека нашите факултети важат за добар бренд во странство |
||||||
![]() |
||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|||||
ovie moze ke nudat pokvalitetna nafta
![]() |
||||||
![]() |
||||||
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
|||||
Иако веста е сеуште неофицијална и по малку од типот „рекла казала„ сепак ќе пробам да ти реплицирам. За првата точка околу рафинеријата го знам тоа што и ти така да тука сме на иста линија иако мислам дека се потребни повеќе информации во што точно сака да инвестира Катар. Што се однесува до трговски центри мислам дека ако си ја наоѓат сметката инвеститорите слободно може да инвестират. Сепак факт е дека трговските кои ги имаме во моментот се премногу мали и никако неможе да им конкурират на трговските од соседните земји, згоре на тоа скоро и да немаме брендови од типот на Х и М , Ц и А, Есприт и други така да јас немам ништо против некој да ги донесе во Македонија. Она што исто така ни фали е големо кино со повеќе хали, боулинг центар така да според мене идејата а и локацијата ми се допаѓа. За храната абсолутно Македонија треба да бара пазари не само за јагнето туку и за другите производи Катар е добра шанса. Водата сеуште не го знам моделот и условите по кој евентуално би ја продавале на Катар но во суштина сум против продажба на вода. Единствено што би прифатил е продажба на веќе преработена и флаширана вода. За крај во образованието и те како може да се ивестира. Информацијата дека има доволно кадар не е точна затоа што само во Греманија во идните неколку години се предвидува дефицит на неколку десетици илјади информатичари и инжинери. Катар очигледно се соочува со истите ппроблеми па така веќе има Македонци кои работат како инжинери таму. Со евентуално овозможување на профилирање на инжинерите за нивните потреби уште за време на студирањето, од корен би се надминал проблеот со образоаниот кадар. Не верувам дека Арапите се глупи и дека не си ја планират иднината и дека се спремни да фрлат пари за скапи инжинери. Впрочем ако се секавам добро Мединцински факултет имаше катедра токму во Катар каде што наши доктори обучуваа нивен кадар. |
||||||
![]() |
||||||
nenad ![]() Senior Member ![]() Joined: 19-Dec-2009 Online Status: Offline Posts: 741 |
![]() ![]() |
|||||
[QUOTE=ovaj_stariov] Ајде едно по едно:
Како што дознава Сител, главен проект била рафинеријата која ќе треба да го снабдува со нафта целиот Балкан. Уште пред четири години биле утврдени можните локации за изградба. Од ова нема ништо, на Балканот има доволно капацитети за производство на нафта, не верувам дека уште една би била исплатлива. МОжеби би можел да ја откупи ОКТА од Грција! Освен тоа, Катар повеќе оди на производство на гас, посебноинвестираат во капацитети за транспорт на течен гас, со нафта е при крај. Паркингот пак во строгиот центар на Скопје според Хамад бин Калифа ал-Тани било идеално место за изградба на хотел со трговски центри и забавен парк. Ова ми е премногу мала инвестиција, зарем нема доволно трговски центри во Скопје? По направените анализи емирот и лично ја посети Македонија да се увери каква храна произведува. Јагнето кое во Катар било увезувано од истокот ни од далеку не било како нашето. Затоа половина од предвидените инвестиции биле планирани токму за земјоделството. Според нашите информации Катарците сакаат да одгледуваат околу 10 илјади јагниња кои ќе се колат според ХАЛАЛ во новоизграден објект. Овде се согласувам дека има шанси нешто да биде. И катар, Саудиска Арабија,Бахреин , како и Кореја и некој др земји кои се сиромашни со обработлива земја и купуваат по Африка и источна Европа земјиште за да произведуваат храна за своето население. Водата исто така била интересна за бизнис. Многу е интересна Емирот сака да финансира и во домашното образование, посебно во дефицитарните гранки во Катар, по што дипломците ќе може да бараат работа на истокот. Кои се тие гранки за кои веќе нема понуда во странство? Немам слушнато дека некоја земја инвестира во образованието во друга земја. Кој има пари купува готов кадар |
||||||
![]() |
||||||
ovaj_stariov ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-May-2008 Location: Prilep Online Status: Offline Posts: 1321 |
![]() ![]() |
|||||
Uste pred nekoe vreme imav informacija za ova od covek koj uste pred tri godini direktno ucestvuval vo razgovorite za poseta i investicii na emirot.Rabotite sto gi kaza se poklopuvaat so vesta,pa za toa i se nadevame deka ke se ostavarat najavite.
http://sitel.com.mk/dnevnik/biznis/emirot-od-katar-ke-investira-polovina-milijarda-evra-vo-makedonija |
||||||
build.mk, гради форумска историја
|
||||||
![]() |
||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|||||
Македонија преговара со Израел за статус на повластена нација!МАја Бајалска-Георгиевска![]() ДЕЈАН ДЕЈАНОВпретседател на Македонско-израелскиот бизнис-клуб
Покрај двата бизнис-форуми во декември, какви други активности му претстојат на Македонско-израелскиот бизнис-клуб? Во ноември ќе учествувам на меѓународна конференција во Израел, каде што ќе има претставници на бинационални комори со предзнак израелски од целиот свет. Најавено е учеството на претставници од Израелско-американската комора, Израелско-аргентинската, Израелско-уругвајската, Израелско-канадската, како и од бинационалните комори со предзнак израелски од европските држави: Франција, Германија, Унгарија, Чешка, Словачка. Присутни ќе бидат и претставници од израелските комори во Кина, Индија, Јапонија, Австралија, Нов Зеланд. Настанот трае два дена, а надвор од закажаните седници ќе организираме средби со претседателите на мешовитите комори кои ќе бидат предмет на наш интерес. Придобивките од настанот ќе бидат контактите што ќе ги оствариме, кои потоа ќе ги искористиме за организирани бизнис-средби во Македонија од области кои ќе бидат предмет на интерес на нашите членки, како што се двата бизнис-форуми кои ќе ги организираме во декември. Македонско-израелскиот бизнис-клуб ќе покрене и иницијатива за формирање мешовити бизнис-клубови со предзнак израелски во регионот. Целта е да формираме мрежа на бизнис-клубови во регионот, од чија соработка ќе имаат интерес сите држави на Балканот. Така на компаниите-членки ќе им понудиме еден поголем пазар. Во моментов, има ли интерес за конкретни инвестиции или соработка со македонски компании, од рамки на израелските компании кои планирате да ги донесете на двата бизнис-форуми во декември? Постои идеја за изградба на технолошки парк во Македонија. Очекувам претставникот на компанијата кон крајот на месецов или на почетокот на следниот месец да дојде тука и да ги продолжиме разговорите. Станува збор за човек кој е претседател на Израелско-јапонската комора, на Израелско-корејската комора, долгогодишен дипломат со искуство во развој на технолошки паркови во Словачка и во Австрија. Идејата е технолошкиот парк да се гради во општина Илинден и веќе остваривме контакти со институциите. Целта е во Македонија да се донесат компании од Јапонија и од Јужна Кореја, кои заедно со македонски компании ќе работат научно-истражувачки проекти. Разликата меѓу површината на териториите на Израел и на Македонија е многу мала, но разликата меѓу нивото на развој на македонската и израелската економија е голема. Зошто е важно Македонија да ги следи стапките за развој на Израел? Затоа што израелската економија е лидер во многу области во светот. За израелската економија нема некој што не знае. Документите на ЕУ и во ОН во однос на креирање стратегии за производство на повеќе видови храна, како пример или концепт го наведуваат израелскиот. Израел е лидер и во развојот на областите - технологија, медицина и туризам. Нивниот туристички концепт е мошне погоден за Македонија, бидејќи имаме многу да понудиме во туризмот, а не знаеме како. Од друга страна, Израел нема злато и дијаманти, но израелски компании имаат берзи за дијаманти во Холандија. Израел нема ниту извори за електрична енергија, но користи сончева енергија. И тоа мислам дека може да се преслика во македонската економија. А покрај земјоделството, туризмот, обновливите извори на енергија, израелската економија има силна фармацевтска индустрија. Израелската компанија Тева е лидер во генеричката фармацевтска индустрија во светот, а во регионот е присутна преку купувањето на хрватска Плива и на словенечки Лек. Кога станува збор за соработката меѓу македонската и израелската економија, Македонија може да понуди ресурси и знаење, во области во кои тие ги немаат. Македонија може да понуди суровини, затоа што Израел нема суровини, туку ги увезува. А можеме да им понудиме и минерали и рудни богатства. На основањето на Македонско-израелскиот бизнис-клуб во Скопје во март годинава беше потенцирано дека ако Македонија сака подобри економски односи, прво треба да ја зајакне политичката соработка со Израел. На кое ниво се политичките односи Македонија-Израел? Македонија никогаш немала повисоко ниво на соработка со Израел. Тоа го покажуваат повеќе настани кои се случија во последно време. На пример, на отворањето на Меморијалниот центар на холокаустот во Скопје беше вицепремиерот на Израел и претставници на Jewish American Comity. Исто така, македонската влада и македонскиот претседател веќе неколку пати остварија посети со највисоките државници на Израел, почнувајќи од премиерот Нетанјаху, претседателот Перез и некои министри. Последен пат во Македонија беше министерката за земјоделство на Израел, која најави отворање на производство за семенски материјал во земјава. Затоа мислам дека политичката соработка меѓу двете земји никогаш не била на повисоко ниво. Но, мислам дека политичките односи не се доволно проследени со економска соработка. Затоа, сега е вистинското време сето тоа да се стави на вистински колосек, за работите да се движат подобро и побрзо. Како може да се зајакне економската соработка меѓу Македонија и Израел? Во таа насока, може ли да се очекува потпишување на некој билатерален договор? На една од средбите меѓу претставници на двете влади, тука во Македонија, македонската влада предложи Македонија да добие статус на повластена нација во економските односи со Израел. Тоа би значело избегнување на двојното оданочување, преференцијален статус за македонските производи во трговијата со Израел, односно ослободување од царини кои компаниите од другите држави ги плаќаат. Мислам дека работите веќе се движат во таа насока. Македонија е во преговори со Израел за да се потпише еден таков договор. Израел има таков договор со неколку држави, дали и Македонија ќе успее да го добие не знам, тоа е сепак политичко прашање. Инаку, Македонија и Израел веќе соработуваат на повеќе проекти. Заедно со македонската влада за кратко време Израел треба да отвори регионален центар за обука на воени пилоти. Покрај тоа, како што неодамна во Скопје најави израелската министерка за земјоделство, овде ќе се направи и центарот за производство на семенски материјал, што мислам дека е од особена важност за земјоделството, затоа што се вели дека еден килограм семе може да чини колку еден килограм злато. Ова ќе биде од голема полза за Македонија, која сега за набавка на семенски материјал од странство издвојува големи суми пари. Кога сме кај земјоделството, што се случи со инвестицијата на израелската компанија Соли груп во откупно-дистрибутивниот центар за кој во 2008 година ја формираа мешовитата фирма Агриленд со Владата. Деновиве хрватски Агрокор отвори дистрибутивен центар во Струмица, а за откуп од Агриленд не сме слушнале. Зошто овој бизнис не профункционира? Токму оваа компанија Соли груп, заедно со македонската Влада, ќе биде инвеститор во фабриката за семенски материјал која ќе се гради во Свети Николе и за што ќе се вложат околу 40 милиони евра. Што се однесува до откупниот центар, мислам дека тие имаа лошо искуство со квалитетот на земјоделските производи кои им се испорачуваа на почетокот. Кога почна со откупот на земјоделски и градинарски производи, неколку пати добиваа многу лош квалитет. Во пакувањата, одозгора им ставале квалитетни производи, а одоздола неквалитетни производи, што придонесуваше на крајот од испораката целата стока да биде расипана. Работеа со голема загуба. Но, мислам дека сега воспоставија нови начини на работење и ќе имаат повеќе резултати. Почнувајќи од идејата за производство на семенски материјал, а потоа и инсталирање на оранжерии. Така што мислам дека ќе дојдат во фаза да организираат и откуп, затоа што знам дека имаат контакти со големи дистрибутивни центри и маркети во земјите на Европската унија. Што се случува со другите најавени израелски инвестиции во Македонија. Зошто доцнат изградбата на Сончев Град и инвестицијата на Газит глоуб на локацијата на поранешна Алумина? Локацијата за изградба на Сончев град се расчистува и колку што знам таму ќе се гради. Значи, компанијата-инвеститор не се откажува. Проектот се оддолжи затоа што имаше грешки во Деталниот урбанистички план (ДУП) на општината Сопиште. Тоа отиде на Уставен суд и мислам дека таа постапка е при крај и се чека донесување на нов ДУП со кој ќе се решат пропустите од претходниот. Знам дека инвеститорите не се откажуваат од идејата, туку чекаат. Тие уплатија повеќе од три милиони евра за локацијата. Што се однесува до изградбата на трговскиот центар кај поранешна Алумина и таму локацијата се расчистува и ќе се гради. На оддолжувањето на оваа инвестиција имаше влијание светската економска криза и фактот што земјиштето треба да се исчисти и да добие еколошка дозвола, затоа што таму со години функционирал индустриски капацитет кој се утврди дека ја загадувал почвата. Откако ќе се исчисти земјиштето во длабочина, Министерството за екологија треба да даде дозвола за градба. Истовремено, за локацијата имаше и судски спор со компанија која е сопственик на една мала парцела. Но, мислам дека и тоа е при крај и од информациите што ги имам инвеститорот не се откажува. http://www.kapital.com.mk/mk/magazin/75132/makedonija_pregovara_so_izrael_za_status_na_povlastena_nacija!.aspx |
||||||
![]() |
||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|||||
http://www.stat.gov.mk/PrikaziSoopstenie.aspx?rbrtxt=78
Обем на стоковната размена со странство среда, 05 октомври 2011 Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија во периодот јануари-август 2011 година изнесува 2 846 361 илјади САД долари, а на увозот 4 623 936 илјади САД долари. Покриеноста на увозот со извоз е 61.6%. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-август 2011 година, изнесува 1 777 575 илјади САД долари. Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, фероникелот, производите од железо и челик (валани производи), облеката и преработките од нафта. Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, суровата нафта, моторните возила за превоз на лица и електричната енергија. Во периодот јануари-август 2011 година, најголемо учество во извозот на стоки имаат земјите-членки на ЕУ 27 (60.4%) и земјите од Западен Балкан (28.5%), а во увозот на стоки најголемо учество имаат земјите-членки на ЕУ 27 (54.0%) и земјите во развој (27.8%). Според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Република Македонија најмногу тргува со Германија, Русија, Србија, Бугарија и Грција (44.5% од вкупната надворешно-трговска размена се врши со овие пет земји).
|
||||||
![]() |
||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|||||
Македонските банки со најбрз раст на активата во Источна Европа![]() Банките во Македонија покажале најбрзо зголемување на активата во Источна Европа, со раст од 11 отсто меѓу 2009 и 2010 година, иако таа била вредна само 6 милијарди евра. Ова го покажа истражувањето на „Интерлејс Рисрч“ во кое се споредени состојбите меѓу националните банкарски сектори од регионот. Вредноста на банкарската актива во Србија пораснала 10 отсто до 24 милијарди евра во овој период, во Полска 8 отсто, а во Чешка 7 отсто. Во Албанија, Словенија и Унгарија, вредноста на активите на тамошните банки растеше поспоро и тоа меѓу 0 и 5 отсто. Од друга страна, банкарската актива падна во Летонија, Литванија и Словачка, а најбрз пад е забележан во Естонија и тоа 6 отсто. 33 од 200-те најголеми банки што работат во Централна и Источна Европа се од Полска, 24 се од Чешка, а 22 од Унгарија. Полските банки имаа и најголема актива во регионот која минатата година беше вредна 292 милијарди евра, пред Чешките со 173 милијарди и унгарските со 121 милијарди евра. http://www.plusinfo.mk/vest/17543/Makedonskite-banki-so-najbrz-rast-na-aktivata-vo-Istochna-Evropa |
||||||
![]() |
||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|||||
„Макпетрол“ отвори фирма во Солун со 350 илјади евра почетен капитал![]() „Макпетрол“ АД, Скопје објави дека има извршено уплата во износ од 350 илјади евра како основачки влог во компанија со име „Петролмак,“ регистрирана како акционерско друштво. Основач е „Макпетрол“ АД, Скопје со 100 отстотно учество во основачкиот капитал, а седиштето на новата фирма е во Солун. Нејзиното скратено име е „Петролмак“ СА и таа ќе отпочне со работа откако ќе биде запишана во регистерот на акционерски друштва во надлежната солунска префектура. Како што и може да се очекува, и новата компанија ќе се занимава со трговија со нафта и нафтени деривати, вклучувајќи тука физички гас, преработки од нафта и нивна стандардизација, трговија со масла за подмачкување и нивни производи, како и останати дејности. Членови на управниот одбор се Карло Змајшек, Филип Чадиковски и Николаос Модиотис. Модиотис е наименуван и за застапник на друштвото. Дали станува збор само за компанија која ќе се занимава со матичната дејност на „Макпетрол“, трговијата со нафта, само што сега компанијата ќе има и претставници и фирма на лица место, во Република Грција, од каде што „Макпетрол“ со децении ја увезува нафтата, или, пак, за подготовки и заземање на позиции пред очекуваната дополнителна приватизација на солунското пристаниште, останува да се види. Грчката влада е под притисок од Европската унија да изврши забрзана приватизација (делумна или целосна) на редица државни компании до 2015 година со цел да подигне 50 милијарди евра и барем донекаде да го намали огромниот јавен долг на земјата. До крајот на годинава, сумата што треба да се собере на ваков начин изнесува 5 милијарди евра. Но, досега се собрани само 380 милиони евра од продажбата на малиот удел што на грчката Влада и преостана во поранешниот државен телекомуникациски оператор ОТЕ на „Дојче Телеком.“ Во солунското пристаниште државата има удел од 75 отсто, додека 25 отсто се во рацете на мали акционери. Грчката влада има намера да го задржи мнозинскиот удел, но само до нивото од 51 отсто, што значи дека остатокот од над 23 отсто ќе оди на продажба. Во деловниот печат во земјава, деновиве беше спомната идејата дека македонските компании, заинтересирани за учество во купувањето на удел во пристаништето, би требало да оформат конзорциум за да можат да дадат подобра понуда на тендерот што наскоро треба да се распише за оваа цел. |
||||||
![]() |
||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|||||
Индекси на индустриското производство
среда, 28 септември 2011 Според
податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското
производство во август 2011 година, во однос на август 2010 година,
изнесува 100.9.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во август 2011 година, во однос на август 2010 година, бележи опаѓање од 8.9%, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 3.1%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 12.9%.
Според главните индустриски групи, производството во август 2011 година, во однос на август 2010 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 9.9%, Капитални производи за 55.0% и Трајни производи за широка потрошувачка за 3.8%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 21.1% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3.1%.
Индексот на индустриското производство во
периодот јануари - август 2011 година, во однос на периодот јануари -
август 2010 година, изнесува 107.5.http://www.stat.gov.mk/PrikaziSoopstenie.aspx?rbrtxt=1 |
||||||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 910111213 29> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |