![]() |
![]() |
![]() |
Енергетика (општо) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 910111213 27> |
Author | |
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
Пелагонија и Мариово лежат на големи резерви јагленНајмалку 100 милиони тони јаглен крие јагленовото наоѓалиште Живојно кај Пелагонискиот басен. Ова го покажуваат геолошките и геотехничките истражувања на Живојно кои почнаа летото минатата година, а за кои ЕЛЕМ вложи 2,8 милиони евра![]() Државните
Електрани до крајот на следниот месец треба да прецизираат кога и со
каква динамика ќе почнат да отвораат подземно окно. Според
новоименуваниот директор на ЕЛЕМ, Дејан Бошковски, за околу 3-4 години
од Живојно ќе треба да се вадат и првите количини на лигнит, објави
Фактор. http://www.novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=11075 |
|
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
ЕВН Македонија е најголем увозник и прв муштерија на трговците со струја За првите 10 месеци целиот обем на истргувана електрична енергија на нашиот пазар вреди околу 120 милиони евра. ЕВН Македонија е најголем увозник на електрична енергија во земјава во првите десет месеци годинава, покажуваат официјалните податоци на Операторот на пазар на електрична енергија. За првите десет месеци ЕВН Македонија увезла над 557.000 мегаватчасови електрична енергија и годинава го презеде приматот од рударско-преработувачкиот комбинат ФЕНИ Индустри кој долги години наназад важеше за најголем потрошувач на електрична енергија во земјава. Од споредбата на официјалните податоци се гледа дека ЕВН Македонија само за првите десет месеци годинава увезла 200.000 мегаватчасови повеќе електрична енергија отколку за цела година лани. ЕВН Македонија годинава го замени ЕЛЕМ кој до лани увезуваше електрична енергија и за потребите на тарифните потрошувачи кои ги снабдува ЕВН Македонија. Според познавачите, поскапувањето во август и укинувањето на евтината тарифа во дневните часови е последица на тоа што ЕВН Македонија го презеде увозот за сопствените потреби. ЕВН Македонија ќе биде најголем муштерија на продавачите на струја Минатата година ЕВН Македонија за цела година по пазарни цени купила повеќе од 341.000 мегаватчасови електрична енергија за задоволување на потребите на тарифните потрошувачи. Со тоа купено количество оваа компанија лани била на 4 место на листата на најголеми потрошувачи на струја и во целиот обем на тргувана електрична енергија учествувала со 12,4 отсто. За првите десет месеци годинава таа компанија е најголем купувач на електрична енергија на пазарот и држи 27,2 отсто од целата трговија со електрична енергија. На второ место годинава падна ФЕНИ Индустри со мал заостаток зад ЕВН Македонија и со пазарно учество од 26,6 отсто. Државниот производител на електрична енергија ЕЛЕМ е на трето место со пазарно учество од 12,2 отсто, односно со купени над 250.000 мегаватчасови електрична енергија. На четврто место на листата на најголеми потрошувачи на струја е комбинатот „Југохром Фероалојс“ од Јегуновце со пазарно учество од 12,1 отсто, а на петтото место годинава е МЕПСО со пазарно учество од 6,3 отсто. Трговијата со струја во Македонија досега вреди околу 120 милиони евра И покрај тоа што нема организиран пазар за тргување со електрична енергија односно берза, во Македонија годишно се купува и продава електрична енергија во вредност од барем 100 милиони евра. Сега на македонскиот пазар електричната енергија се тргува на два начини. Прво, со билатерални договори меѓу трговците и големите компании: ФЕНИ Индустри, Југохром Фероалојс, ОКТА, Бучим, Макстил, УСЈЕ, Скопски легури и Митал Стил. И второ на тендери – практика што ја применуваат ЕЛЕМ, ЕВН Македонија и МЕПСО. Заради тоа што нема организирано тргување и нема берза за струја во земјава нема транспарентна пазарна цена која ќе се постигнува на дневно ниво за тргување по моделот „ден претходно“ или по моделот „во тек на денот“ како што е практика на регионалните берзи за тргување со електрична енергија и капацитети. http://www.mkd.mk/78903/ekonomija/evn-makedonija-e-najgolem-uvoznik-i-prv-musterija-na-trgovcite-so-struja/ |
|
![]() |
|
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
проф.Кочо Анѓушев од машински
|
|
![]() |
|
Brusen ![]() Newbiе ![]() ![]() Joined: 28-Nov-2012 Location: Skopje/Italy Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
Здраво на сите од форумов! Фасцинантно е како граѓаните самите си помагаат помеѓу себе и разменуваат информации.
Имам едно прашање: Дали некој на форумов има искуство со МХЕЦ-и, изградба на истите и бркање на потребната документација до добивање дозвола/одобрение за градење..? Или можеби имате да препорачате некој кој ја знае оваа работа и врши консултантски услуги... некој што добро го познава законот и измените. Благодарам. |
|
![]() |
|
UrbanFreak ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 28-Oct-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1732 |
![]() ![]() |
Да не е ова поврзано со вчерашниот договор со посредство на владата помеѓу Топлификација и Макпетрол? Бидејќи државата неможе директно да ја субвенционира Топлификација, па истата е неконкурентна но реална со цените за греењето, гарантира откуп на струја од Те-То, а за возврат цената на киловат/час топлинска енергија останува иста заради совијален мир. То би значело и сигурни приходи и рентабилност за Топлификација, па и можност за отплата на долгот кон Макпетрол, иста цена за парно, но од друга страна повеќе потрошени пари од ЕЛЕМ за купена струја. Ми личи дека се оплеткува клопчето, и искрено немам ништо против оваа зделка доколку е во разумни граници, не поединци да прават огромни богатства на сметка на даночните обврзници.
Edited by UrbanFreak - 28-Nov-2012 at 00:16 |
|
אל תסתכל בקנקן, אלא במה שבתוכו
|
|
![]() |
|
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
тоа е 1/3 од вкупното производство на РЕК Осломеј.Се гледа колку значи вложување во свои капацитети.А од ланско искуство тендерот ќе го добие топлификација од ТЕ-ТО во Скопје,а струјата ќе ни ја наплати како увозна
|
|
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
МЕПСО објави тендер за набавка на 202,6 илјади мегавати струја за 2013Државниот оператор на системот за пренос на електрична енергија МЕПСО објави тендер за набавка на струја во износ од 202.621 мегават часови за цела 2013 година. Целта на оваа набавка е да се покријат загубите од електрична енергија во рамките на системот на пренос во периодот од целата идна година. Тендерот е поделен во 12 дела по месеци за кои може да се конкурира посебно. Најголеми потреби за покривање на загубите на струја МЕПСО очекува во јануари кога бара да купи 21.328 мегават часови, а најмалку во јуни кога се потребни 14.160 мегават часови електрична енергија. Главен критериум за добивање на тендерот ќе биде најниската цена. Од заинтересираните компании се бараат гаранции за учество на тендерот, како и гаранција за испораката. Покрај тоа, од компаниите се бара и исполнување на редица други услуги наведени во тендерската документација. Краен рок за доставување на понудите е 11 декември 2012 година до 10 часот во просториите на МЕПСО. http://www.plusinfo.mk/vest/68388/MEPSO-objavi-tender-za-nabavka-na-2026-iljadi-megavati-struja-za-2013 |
|
![]() |
|
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
21.10.2012, 15:00
Ставен под напон далноводот Вруток – Полог - Тетово ![]() МЕПСО денеска стави под напон новоизградени осум километри од 110-киловолниот далновод Вруток – Полог – Тетово. Со завршувањето на оваа делница се пушти во погон 110-киловолтниот далновод што го напојува Тетово и неговата околина со електрична енергија од ТЕЦ „Осломеј“ и од ХЕЦ „Вруток“. Новоизградениот дел од далноводот веќе е целосно функционален и поврзан преку постоен вод со трансформаторската станица „Тетово 1“. Од МЕПСО истакнуваат со ова дека се подготвени за претстојниот зимски период кога се очекува зголемен конзум за електрична енергија во регионот на Полог. Со ставањето во погон на двата система на овој далновод се очекува долгорочно да се решат потребите со снабдување со струја на Тетово и на околните населени места, да се подобри доверливоста на системот и напонските прилики со што ќе се намалат и загубите на електрична енергија на преносната мрежа. Вкупната должина на овој двосистемски далновод е 33 километри, ќе бидат поставени вкупно 133 челично-решеткести столбови, а инвестициската вредност на проектот е 3 милиони евра. http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=4186F886937B244CA46FC4AFDFC2FF11 |
|
![]() |
|
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
јас верувам дека уште повеќе ќе се градат нуклеарни централи во светот,а за екологија и безбедност ќе се зборува само на семинари и пред камери
|
|
![]() |
|
accipiter82 ![]() Newbiе ![]() Joined: 02-Mar-2011 Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
Иако веќе подолго време наназад нуклеарната енергија се сметаше како најдобра алтернатива за конвенционалните извори на енергија како што се термоелектраните кои работат на фосилни горива после катастрофата која се случи во Фукушима сето тоа се промени. Имено Фукушима, втората најголема катастрофа после Чернобил го доведе во прашање работењето на речиси секоја нуклеарна централа во светот. Како последица на тоа сите нуклеарни централи кои се во склоп на Европската Унија беа предмет на контрола од страна на инспектори на Европската комисија за нуклеарна енергија.
Реномираниот Британски весник The Telegraph пренесе ивадоци од извештајот во кој се вели дека речиси сите нуклеарни реактори кои се 134 на број се во лоша состојба и се потребни итни интервенции. Сите нуклеарни централи беа подложени на стрес тестови со кои се симулираа природни катастрофи од типот на онаа во Фукушима. Иако добар дел од безбедносните стандарди не беа исполнети не се даде ниедна препорака за престанок со работа на истите тие нуклеарни централи. Единствено беа дадени препораки за технички интервенции и инфраструктурни ремонти кои би требале да се завршат до 2015 година. Енергетска ефикасност |
|
http://energetskaefikasnost.info
|
|
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
МЕПСО ќе гради 120 километри нова далноводна мрежа Со инвестиција од 26 милиони евра компанијата МЕПСО планира да изгради повеќе од 120 километри нова далноводна мрежа низ земјава, со што би се подобрил преносот на електричната енергија. Компанијата денеска објавила тендери за избор на најповолен изведувач за проектирање и изградба на два нови далноводи - 400 киловолтен интерконективен далновод на трасата Штип - македонско-српска граница и 110 киловолтен далновод Скопје – Југохром - Тетово. Далноводот од трансформаторската станица Штип до македонско-српската граница е во должина од 70 километри и на трасата ќе бидат изградени 168 челично-решеткасти столбови. Трасата, како што соопшти компанијата, минува низ териториите на општините Штип, Свети Николе и Куманово. Далноводот има исклучително значење за зголемување на преносниот капацитет на македонската преносна мрежа, а воедно значајно ќе ја подобри и стабилноста и доверливата работа на македонскиот електропреносен систем, се вели во соопштението. Комплетната реконструкција на далноводот Скопје-Југохром-Тетово предвидува замена на старите бетонски столбови со нови челично-решеткасти столбови долж целата траса од 52 километри. http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=B6DEBA227DCC2D43B704BE68ED5391C4 |
|
![]() |
|
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
|
|
![]() |
|
JOE ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 03-Feb-2010 Location: Bitola Online Status: Offline Posts: 226 |
![]() ![]() |
На товар на ЕЛЕМ ке биди и примарната и секундарната топловодна мрежа( низ главните сообраќајници).Општината нема толкави средства да гради енергетски скаппа инфраструктура, а и редно е и ЕЛЕМ да врати нешто за градот за загадувањето што го имаме. Во тек е физибилити студија за исплатливоста на проектот ( се очекува да биди ислатлива) а со изградба се очекува да се стартува од вгодина. За веќе постоечкиот топловод тој се користи веќе две години ама не е некоја голема километража се поврзани повеќето институции и јавни објекти што се на булеварот Први мај, меѓутоа не се вклучени домаќинствата. Ова е нешто екстра поголемо и е од големо значење за Битола. |
|
![]() |
|
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
Ставен е во функција главниот транспортен систем за јаглен во РЕК „Битола“
сабота, 21 јули 2012, 17:54 Денеска официјално е пуштен во работа Главниот транспортен систем за јаглен од површинскиот коп ``Брод- Гнеотино`` до рудникот ``Суводол`` во РЕК ``Битола`` во должина од 10 километри. Оваа инвестиција на државните електрани во вредност од 18, 6 милиони евра се средства обезбедени со кредит од ``Дојче банк АГ`` од 16 милиони евра и 2,6 милиони евра сопствени средства на ЕЛЕМ. Со оваа инвестиција, се заокружува производствениот процес во рудникот ``Брод- Гнеотино`` и се поврзуваат двата руднички капацитети, рече премиерот Никола Груевски. Траспортниот систем, беше речено, покрај зголемувањето на ефикасноста на рудниците е димензиониран во иднина да може да го преземе и јагленот од лежиштето во Живојно, а од ``Брод- Гнеотино`` ќе се транспортира јаглен со една третина од годишните потреби на РЕК ``Битола``.- Со реализацијата на овој проект, наменет за брз и ефикасен транспорт на јаглен, од извозната рампа на ПК ``Брод- Гнеотино`` до истоварното место на јагленовиот систем во рудникот ``Суводол``, се заокружува процесот на ископ, експлоатација и испорака на најмалку два милиони тони јаглен годишно од површинскиот коп ``Брод- Гнеотино`` до ``Суводол``- рече Влатко Чинговски, директор на ЕЛЕМ. Денеска, за своја реакција, поводот го искористија и битолските социјалдемократи на чиј прес бече речено дека за овој проект битолски ФОД имал дадено понуда од 7,5 до 8 милиони евра, наспроти далеку поголемата цена на странскиот изведувач. Од РЕК ``Битола`` велат дека пресот е манипулација и демантираат дека ФОД воопшто учествувал на меѓународниот тендер за изградба на транспортниот систем. Петар Стефановски http://vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=37&eventId=52630 |
|
![]() |
|
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
Датум: 05.07.2012, 20:27
ГРЧKИ ИСKУСТВА ЗА ВОВЕДУВАЊЕ ЦЕНТРАЛНО ГРЕЕЊЕ РЕK ќе ја топли Битола ![]() Експерти од регионот на Амитео во Грција ги подучуваат битолчани за инсталирање централно греење во овој дел на Пелагонија, кое ќе користи дел од топлинската енергија на РЕK „Битола“. Проектот со 100.000 евра е финансиран преку фондовите на Европската унија за погранична соработка, а ќе помогне во размена на искуства за централното греење кое во иднина ќе обезбеди 30 проценти поевтино затоплување на домовите отколку со електричната енергија. Општина Амитео веќе осум години ја користи топлинската енергија од локалната термоцентрала за затоплување на станбените, комерцијалните и индустриските објекти. - Дојдовме со тим техничари кои ќе прикажат дел од проектите за топлификација од Грција и ќе помогнат во поставувањето на мрежата овде. Ние сме поврзани со централната станица за електроенергија и се користи топлата вода за загревање. Цената е 35 проценти пониска отколку цената на нафтата. Досега сме загреале 1.300 дома, но не сме завршиле со проширувањето на мрежата. Планираме уште 1.000 дома да се загреваат со топлинска енергија –вели Николос Папахристо, генерален директор на „Детепа“, компанијата за топлификација од Аминтео. Врз основа на собраните искуства во иднина ќе се направи физибилити-студија во која ќе се предвиди и кои патишта ќе бидат искористени за инсталирање на примарната мрежа за топловодот. - Ќе биде потребна итервенција во рударско-енергетскиот комбинат, каде што ќе се постави специјална опрема за одделување дел на топлинската енергија која сега се користи за турбините. Таа ќе минува низ посебен затворен систем од Новаци кон Битола и во еден дел за Могила. Во поставувањето на примарната мрежа ќе инсистираме колку што е можно помалку интервенции да има на улици и да се искористи дел од мрежата на претходна топлификација - изјави градоначалникот на Битола, Владимир Талески. Планирано е системот за централно греење да се инсталира до 2014 година. Освен загревање на домовите, системот ќе се искористи и за потребите на оранжериското производство. - Според договорот, ЕЛЕМ треба инсталациите да ги донесе до излезот од РЕK, од таму ги презема Новаци до граничната линија со Битола. Сега се исцртува трасата каде што ќе минуваат цевките. Топлината ќе се користи за одгледување зеленчук под пластеници. Дел до цевките ќе минуваат низ полињата и ќе се овозможи загревање на земјоделски површи, каде што преку зима температурите паѓаат до минус 30 степени - вели Лазар Kотевски, градоначалник на Новаци. Централното греење освен за заштеда на енергијата, се очекува да придонесе и за намалување на аерозагадувањето кое се создава со употреба на дрва и јаглен за греење на домовите во Пелагониско. Жанета Здравковска # http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=E9378AB0B229BD48929B652CBB410FFA |
|
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
Македонскиот пазар на струја свртел над 17 милиони евра во април и мај
18
јун 2012
13:23
Најголем купувач на струја во земјава останува „Фени индустри“, а најголем продавач на електрична енергија е ЕФТ МК.
„Фени индустри“, кавадаречкиот комбинат за производство на никел е најголемиот купувач на струја во земјава, кој за април и за мај презел околу 146.000 мегават-часа електрична енергија, за што платил околу 5,3 милиони евра. Трговската компанија ЕФТ МК и во периодот април и мај останува најголем продавач на струја на македонскиот пазар. Според референтната цена од 50 евра за мегават-час, таа компанија инкасирала приходи од продажба од околу 5,3 милиони евра за кои снабдила свои клиенти со повеќе од 140.000 мегават-часа електрична енергија. Втора на листата е словенечката трговска компанија ГЕН И преку нејзината македонска фирма ГЕН М која остварила приходи од продажба во вредност од речиси 6 милиони евра за овој период. Во споредба со лани оваа компанија значајно го зголемила своето пазарно учество. Трет на листата на најголеми продавачи на струја за овој период е трговската компанија ЕЛЕМ-Трејд, фирма ќерка на државните електрани ЕЛЕМ. Нејзиното учество на пазарот е 3,6 милиони евра за истргувани околу 72.000 мегават-часа електрична енергија. На листата на купувачи во овој период на второ место е дистрибутивната компанија ЕВН Македонија која купила повеќе од 72.000 мегават-часа електрична енергија. Според референтната цена од 50 евра за мегават-час, оваа компанија за покривање на комерцијалните загуби на својата дистрибутивна мрежа платила околу 3,6 милиони евра за двата месеци. Треторангиран на листата е големиот полошки комбинат на феро-силициум Југохром Фероалојс. Оваа компанија во купувањата на пазарот учествува со околу 3,4 милиони евра за набавени околу 91.000 мегават-часа електрична енергија. http://www.mkd.mk/38508/makedonija/pazar-struja-april-maj-feni-eft/ |
|
![]() |
|
Falcon ![]() Newbiе ![]() ![]() Joined: 17-Jun-2012 Location: Canada Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
Добра поента. Некаде прочитав дека целиот проект "тежи" 30-40 милиони евра, инвестиција на ЕЛЕМ. Дали тоа ја вклучува и диструбитивната мрежа низ градот или само прилагодувањето на процесот во РЕК и одведување на пареата од РЕК до градот? Колку што се сеќавам пред извесно време се изгради мала секција за топловод во Битола, кој поврзуваше неколку државни институции и училишта.
|
|
![]() |
|
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
греењето на гас не е баш евтина варијанта,прашајте некој што живее во Србија или Хрватска.
додека кај овој случај греењето не само што не одзема моќност од термоелектраната,туку и помага во ладењето на напојната вода |
|
![]() |
|
Falcon ![]() Newbiе ![]() ![]() Joined: 17-Jun-2012 Location: Canada Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
Дали сте во тек до каде е проектот со изградба на топловод од РЕК Битола до градот Битола? И дали воопшто има смисла да се гради кога во наредната деценија се планира гасификацијата да стигне и до Битола?
|
|
![]() |
|
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
Фина сума за 16% од компанија, која неретко организираше медиумски жалопојки дека е на работ на рентабилноста, во контекст на своите постојани барања за што поголеми цени на парното греење.
|
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 910111213 27> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |