![]() |
![]() |
![]() |
Разно |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 1011121314 34> |
Author | ||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
![]() Имаш ли инфо за тоа кој е инвеститор/изведувач бидејќи јас пред 20-тина дена кога поминав со кола сосем случајно го приметив градилиштето видов дека има и некаква табла но не бев во можност да сликам. |
||
![]() |
||
ehrlich ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1365 |
![]() ![]() |
|
Само што не се гради ништо, бидејќи е поставена само плочата што се гледа, а арматурата е веќе ’рѓосана.
|
||
![]() |
||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
|
![]() |
||
За сè има вторпат
|
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Некој случајно да не има инфо што се гради близу Министерство за земјоделство?
![]() |
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
![]() Според написите од Инспекторатот објектов е значи во сопственост на Вато Доо Скопје,патем ако има веќе маркица Б4 за деловен објект зарем до толку ли не е атрактивен просторот за изведба на деловен објект??Да беше маркицата А2 веројатно досега ќе никнеше некоја голема станбена зграда... |
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Сепак нема да се руши објектов но денес интервенирале во врска со бездомните лица кои создаваа смет и беа диво вселени во него и притоа ќе биде извршено оградување на објектот... Инспекторатот на Град Скопје ја задолжи фирмата Вато ДОО Скопје сопственик на објектот кој се наоѓа на булевар Гоце Делчев во близина на поранешниот саем. Правниот субјект постапи по решение на инспектор за животна средина на град Скопје и објектот се чисти и заградува. Внатре во просториите на објектот диво населени се преку 30 лица. Спречен е напад врз инспекторот за животна средина. ![]() ![]() ![]() ![]() https://www.facebook.com/inspektoratgradskopje/ |
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
ФОТО: Аеродром пред и после Златко Марин
![]() ![]() http://javno.mk/foto-aerodrom-pred-posle-zlatko-marin/?fbclid=IwAR36jdqqcMt-jXLZJy9sxeMv2fOayCo8Rbks1pcRkResH9jHsjusx5EXbdE |
||
![]() |
||
Staro Skopje ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
![]() ![]() |
|
![]() Edited by Staro Skopje - 23-Oct-2019 at 15:46 |
||
Градот убав никна, но го откорнаа
|
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Златко Марин: Општина Аеродром ќе биде зелена оаза
Првиот човек на општина Аеродром, Златко Марин за 24 инфо вели дека откако е на функција целосно се посветил на реализација на сите проекти кои ги најавил. Затекнал општина која била целосно затворена за граѓаните со многу диви депонии и запоставена животна средина. Приватно вели дека се труди да воспостави баланс меѓу работата и семејството. Наоѓа време за сопругата и за двата сина, но и за пријателите онолку колку што му дозволува времето. Две години откако сте на функцијата градоначалник. Што беше планирано за овој период, а што е остварено? Откако стапив на функцијата градоначалник на Општина Аеродром, целосно се посветив на реализација на сите проекти што ги најавив во програмата. Затекнав општина затворена за граѓаните, со уништено урбано јадро поради лошото урбанистичко планирање, запоставена инфраструктура, недостаток на детски градинки, паркинг-места, многу нерешени легализации, голем број диви депонии и запоставена животна средина. Во текот на двегодишниот мандат успеавме да реализираме голем дел од најавените предизборни проекти преку транспарентна, чесна и посветена работа. Наш приоритет беше да создадеме чиста и одржлива средина што ќе овозможи квалитетни услови за живот за сите граѓани. Во поглед на инфраструктурата, реконструиравме и саниравме голем број улици во Горно и Долно Лисиче, населба Лисиче, Мичурин, Стар Аеродром, Реонски центар и во други делови од Општината. Изградивме над 50 нови паркинг-места во Ново Лисиче и Мичурин, а ги реконструиравме постојните. Ја обновивме урбаната опрема на целата територија на Општината, како и осветлувањето, а за првпат поставивме сосема ново осветлување во трговскиот центар во населбата Лисиче. Во овие две години посебно се залагавме за чист воздух и за чиста животна средина. Токму затоа и презедовме конкретни мерки што имаа позитивен ефект. За 2018 година го зголемивме буџетот за 20 пати и издвоивме 300.000 евра за таа намена. Исчистивме над 62 мини депонии, уредивме 22 локации со зеленило, организиравме и се вклучивме во многу екоакции, ангажиравме и фирма за одржување на јавната чистота, а го зголемивме и бројот на сезонските работници. Го почнавме проектот „Аеродром нека блеска. Чиста околина за секого“. Само во 2018 година засадивме 1800 дрвја, за што од буџетот издвоивме 8 милиони денари, а засадивме и 500 нови садници во соработка со Град Скопје. Поставивме прочистувач на воздух „Сити три“ пред Бисер. За сите градинки обезбедивме 83 прочистувачи на воздух. Собравме 50 кубни метри кабаст отпад во соработка со јавното претпријатие „Комунална хигиена“. Издвоивме 500 илјади денари за субвенционирање домаќинства за промена кон еколошки систем за загревање. Ги зголемивме згрижувачките капацитети во градинките. Изработивме три нови проекти за доградба на веќе постојните градинки. Доградба на „Црвенкапа“ и доградба и надградба на „Изворче“ во Стар Аеродром, како и реконструкција на објектот „Пчелка 1“ во населбата Лисиче. Изградивме сосема нов објект на градинката „Буба Мара“ во Ново Лисиче со капацитет од 200 деца. Исто така, ги олеснуваме трошоците на родителите. Веќе две години по ред доделуваме по 3.500 денари за секое прваче и 5.000 денари за секое новороденче. Како општина, посебно ги поддржуваме младите и спортот, па во тој правец обезбедивме еднократна финансиска помош за талентирани спортисти од 10 илјади денари, со што ја зголемуваме нивната мотивација за остварување на уште подобри резултати. Каква е соработката со централната власт? Соработката со централната власт е важна и неопходна заради навремено и целосно реализирање на проектите што се од особено значење за Аеродром и за граѓаните. Владата е наш голем поддржувач за сите капитални проекти. Исто така, имаме одлична соработка и со Град Скопје за сите проекти што ни се од заеднички интерес. Колку новите обврски ви оставаат простор за приватниот живот? Со стапувањето на градоначалничката функција, секако дека обемот на работни обврски драстично се зголеми, а со тоа и одговорноста. Се трудам да воспоставам баланс меѓу работата и семејството, со цел да не ги запоставам двете. Секогаш е потребна добра организација. Секако дека наоѓам време за семејството, за сопругата и за двата сина. Наоѓам време и за пријателите онолку колку што ми дозволува времето. -Што им ветувате на граѓаните за следниот период и дали ќе се кандидирате на следните избори? И во наредниот период Општина Аеродром ќе се фокусира кон заштита на животната средина и ќе презема мерки за намалување на аерозагадувањето. Предвидовме субвенции за печки на пелети, за чистење оџаци, велосипеди и инвертер-клими, набавка на мерачи за испитување на квалитетот на воздухот, проект за собирање отпад. Планирана е и набавка на прочистувачи на воздух во основните училишта за училниците во кои се одвива целодневна настава. Имаме проект за подигнување нови површини со зеленило преку изградба на 4 нови парка, три во Стар Аеродром, а еден на булевар „Трета македонска бригада“, како и реконструкција на два постојни. Ќе продолжиме и со натамошно садење на нови високостеблести дрвја. Една од главните цели ќе биде подобрување на условите во образованието, зголемување на грижата за младите и за ранливите категории. Во таа насока, во две основни училишта е планирана изградба на лифтови за деца со посебни потреби, а во неколку училишта ќе се постават и пристапни рампи. Конечно, ќе го решиме деценискиот проблем во ОУ „Лазо Ангеловски“ со немањето простор и учењето на децата во три смени. Имено, проектот за доградба на четири училници е во завршна фаза и наскоро ќе почне неговата реализација. Ќе продолжиме исто така и со доделување парични награди за најдобрите ученици и спортисти. На нашата територија ќе се гради мултифункционален спортски и културен центар „Дом на спортовите“, со поддршка на Владата и Олимписки комитет, во чии рамки ќе бидат олимписки дом, базен, отворени игралишта и фитнес-зона. Значи, во иднина наша цел е да создадеме современа, развиена европска општина со висок стандард на урбано живеење во сите нејзини делови и со висок степен на безбедност на граѓаните. Што се однесува до мојата наредна кандидатура, сметам дека е сè уште рано да се размислува за тоа. Фокусиран сум на реализација на проектите што ги ветив во предизборната програма. Пред мене претстои период во кој активно ќе работам на приближување и усовршување на услугите на граѓаните. https://24info.mk/златко-марин-општина-аеродром-ќе-биде/?fbclid=IwAR2OVqtmvAA1aYGx2lnINPePVgK-KWoTdy8Bes9YrrOCRcCfpXPytdvD9Mg |
||
![]() |
||
Théoden ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2018 Location: Р. Македонија Online Status: Offline Posts: 580 |
![]() ![]() |
|
Да, старата зграда што можеби се руши е опфатена со десната од двете Б4 маркички.
|
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Дали тие две маркици Б4 се оденесуваат на местото каде сега се наоѓа стариот објект за кој зборував деновиве?
|
||
![]() |
||
Théoden ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2018 Location: Р. Македонија Online Status: Offline Posts: 580 |
![]() ![]() |
|
Првиот план е од четврт ЦС 8, од јужната страна на бул. „Гоце Делчев“, на крстосницата со „Беласица“ кај саемот. Вториот е од четврт ЦС 7, северната страна на истиот булевар, истата крстосница.
|
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
![]() На кој дел се однесува планот прикажан на втората фотка? |
||
![]() |
||
skopskodete ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 17-Feb-2017 Online Status: Offline Posts: 926 |
![]() ![]() |
|
Да. |
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Ako dobro go sfakam planot toa znaci deka zgradata na Adora ke bide na parkingot pred Vip hotel?
|
||
![]() |
||
Théoden ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2018 Location: Р. Македонија Online Status: Offline Posts: 580 |
![]() ![]() |
|
Не одговара никако макетава за маркичката на ова место. Мислам дека е правена за парцелата од спротивната страна на „Гоце Делчев“. ![]() ![]() ![]() |
||
![]() |
||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
|
Ако не грешам, на форумов се сврти еден рендер од станбен комплекс што тука требаше да се гради, ми се чини на Адора беше.
|
||
За сè има вторпат
|
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
![]() Во врска со претходниот пост еве вчерашни фотки од состојбата на првата фотка лево(со zoom) може да се види дека се врши рушење на еден дел,денес не забележав никаква активност. ![]() ![]() |
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Денеска забележав дека почнато е со рушење на дел од онаа напуштена зграда спроти ВИП хотел.Не забележав багери туку рачно се рушешеа дел од придружните објекти околу објектот.Незнам дали има најава за градба на некаков објект?? Но во секој случај подобро е да го срушат бидејќи објектот веќе речиси целосно се распаѓа.
|
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Шилегов: Аерозагадувањето ќе нè мачи уште неколку години, во тек се многу проекти
Завршивме со невизибилните работи, следува сериозна офанзива на визибилни проекти, вели на средината на својот мандат градоначалникот на Скопје Петре Шилегов во интервјуто за МКД.мк. Тој вели дека досега се дефинирани енергетската стратегија, дека е решен проблемот со концесионерот на Дрисла, дека се гради колекторски систем, по што ќе следува и пречистителна станица, дека не се откажува од поврзувањето север-југ и тунелот под Кале... Веќе сте на половина мандат. Задоволен ли сте од она што го постигнавте за овие две и пол години, од она што е ветено, а спроведено, од реакциите на граѓаните на Скопје...? - Јас сум задоволен од она што досега е направено, од она како помина првата половина од мандатот. Многу работи за кои разговарав со граѓаните за време на кампањата и заради кои ја добив нивната доверба да го водам овој град, се применуваат на лице место и веќе сме во фазата на сериозна видливост. Лани често пати зборував за тоа дека градот подготвува сосема нови стратегии, работи што за жал беа пропуштени во изминативе 30-на години и работи што моравме да ги ставивме на место за да можеме да го доведеме градот во ситуација да почне со имплементација на тие нови стратегии. Допрва ќе влеземе во фазата на визибилниот дел од активностите на градоначалникот, на тимот, на администрацијата на луѓето што ги водам на работењето на јавните претпријатија... Што значи тоа визибилен дел? - Најпрво моравме да креираме нова енергетска политика за градот, па влеговме во еден административен дел за легализација на топловодната мрежа на нашиот град, формиравме акционерско друштво Градски енергетски системи, кое функционира речиси една година, има десетина вработени од кои шест се проектанти што ги дефинираат новите водови на фундаменталната мрежа и спојувањето на трите мрежи во Скопје. Ја легализиравме мрежата и градот почна да управува со неа. Неделава ќе имаме седница на Советот на која од формален аспект ќе го затвориме тој циклус и го доведуваме ГЕС во состојба да се јави како апликант за носител на лиценца за дистрибуција и за уште една лиценца за снабдување на граѓаните. Градот конечно ќе го врати она што секој град во светот го има под контрола, а тоа е топловодната мрежа. Сега можеме да ја креираме енергетската политика на градот за да може да понуди посебни аранжмани, посебни социјални пакети со цел затоплувањето на домовите како еден од главните фактори на аерозагадувањето во зимскиот период. - Ова е главно бирократската, административна работа на вашиот тим... - Да, затоа велам дека ова е невизибилната страна. - Значи допрва треба да очекуваме некои „визибилни“ проекти? - Да, визибилните резултати од целата оваа работа, која, да се разбереме, не е така едноставна и лесна работа. Сега доаѓаат оние визибилни делови од нашата активност. Она што 40 години било уништувано, или да не звучи грубо - не се водело доволно сметка, сега едноставно го враќаме на еден нормален колосек. - Чекајте, па минатата градска власт имаше дури и тендер за гасификација на домаќинствата во градот... - Тоа едноставно не можеше да биде спроведено затоа што од првата година на мојот мандат ние го затворивме гасоводниот прстен околу Скопје. Значи т.н. секундарна мрежа, надвор од главните водови околу градот Скопје не беше затворана. Ова е сериозно неблагодарна работа за еден градоначалник затоа што е под земја. Го нарушува секојдневието на граѓаните, валкано е, се копа... и Вардар е преминат со цевка кај Влае. Но тоа е таа работа. Ова е вториот дел, што беше навистина еден сериозен проект. Сега следува терцијалниот дел и гасификацијата ќе биде можна. Порано тоа едноставно не беше можно. Сега е прашање на државна стратегија со колкав интензитет ќе влеземе во овие процеси. Градот е подготвен во смисла на мапирање делови од градот, каде би оделе со развој на топловодната мрежа, а каде примарно ќе влеземе со гасификација. Тука треба да се има предвид дека спроведувањето на двата процеса истовремено е прескапо за еден сиромашен град и држава како нашата. Нема доволно средства и центарот на градот да се реши со гасификација затоа што е решен со централното греење. Едноставно нема економска логика. Но таа логика ја има со гасификацијата на Ѓорче Петров, Влае, Драчево, Гази Баба и тоа е нешто што го направивме во овој период. Ако се земе предвид истражувањето на УНДП, на градот Скопје и на Министерството за животна средина од 2017 година, главната емисија на ПМ-честичките доаѓа од загревањето на домаќинствата со огревно дрво. Оваа студија покажа каде треба да се движат вашите активности. - Да. Но и на стручната и на обичната јавност како да ни бега од перцепција фактот дека кога разговараме за загадувањето на Скопје, најчесто размислуваме за административните граници на Скопје. Придонесот во загадувањето на Скопската котлина досега не бил тема на една посериозна анализа. Дел од Скопската котлина се и општина Чучер Сандево, општина Петровец, Илинден Арачиново, Сопиште... Сите анализи за креирање енергетски политики што биле правени до сега се однесувале само на административните граници на Скопје. Меѓутоа, загадувањето е географска категорија, не можете да ги исклучите овие општини од тие анализи. Затоплувањето на домовите во овие општини е дел од проблемот на загадувањето на Скопје. Затоа сега од Владата ќе барам во оваа акција за субвенционирање на инвертори да биде вклучен и поширокиот скопскиот регион. Аерозагадувањето треба да се гледа низ призмата на Скопската котлина, а не само во административните граници на градот. Ќе ги повикам градоначалниците на овие општини да склучиме договори за меѓуопштинска соработка, а градот да биде носител на имплементацијата на таа програма и во овие општини. - Од сево ова што го кажувате може да се заклучи дека и зимава пак ќе се гушиме од ПМ честичките. Дека граѓаните нема да можат да почувствуваат поголема промена во однос на заштитата од аерозагадувањето? - Не можеме или не треба да очекуваме дека аерозагадувањето може да се реши така брзо. Ако се спроведуваат овие стратегиски мерки за кои зборувам, тука е и сообраќајот и концептот за современ јавен транспорт... и тоа е сработено, но го чекаме финансирањето. Загадувањето ќе се реши на среден рок на начин што од сезона во сезона ќе имаме намалување на бројот на деновите со сериозно штетно загадување на воздухот, сѐ до нивно полека, полека исчезнување. Дека може да биде спроведена мерка од која како со нож пресечено ќе го намалиме загадувањето, тоа го нема. Има некои работи што можеле да бидат преземени и од порано, но навистина малку се правело. Лани, во споредба со последните 10 години, имавме најмал број на денови со загаденост на воздухот над дозволените концентрации. Не велам дека е тоа резултат на мерките што сме ги преземале, но факт е дека 28 мерки што сме ги вградиле досега не биле присутни како интервентни мерки, а можеле да бидат донесени и многу порано. Но и тоа има мал придонес во таквата состојба. Тоа не значи дека сезонава што ни претстои нема да имаме екстремни загадувања. Баш поради тоа во стратегиските работи сѐ уште сме на почеток на примената. Жално е што со децении наназад трите системи ЕЛЕМ, топлана Север и сегашен БЕГ, поранешна топлификација, не биле споени. Имате состојба северниот дел од градот да биде остров, неповрзан со другите делови, а имате само 776 корисници на топланата и тоа цената ја прави многу висока. Автоматски тоа е неатрактивно, а имате градежна експанзија во Чаир. Кога ќе ги поврзете тие системи, цената на енергијата ќе биде еднаква, а не како сега, кога за 20 и нешто проценти е поскапа за тој дел од градот. Тие работи, ако се размислувало исправно за нашиот град, до сега требало да бидат решени. За жал, изгубивме премногу време во тој административен дел. Ова го најавив уште лани во април, и конечно во август годинава ја завршивме таа борба за легализација на мрежата. Воведовме и некои нови мерки - акцијата за инвертори, пелетите останува да ги стимулираме, сериозно го развивме системот за алтернативен сообраќај, 14 километри нови велосипедски патеки, бесплатен јавен градски превоз... Тоа се работи што можат многу да придонесат. Засилен е и инспекцискиот надзор, особено врз деловните субјекти, дуќани, сервиси, кои топат и се греат на сѐ и сешто... Годинава ќе излеземе со посериозен концепт за инспекцискиот надзор. Дел од дивите населби во околината на нашиот град ќе ги затвориме, таму живее претежно ромско население, па таа акција ќе ја правиме заедно со Министерството за труд и социјалната политика. Тие луѓе ќе бидат згрижени. Пак ќе се вратам на таа студија што нѐ упатува на решавање на проблемот со греењето на домаќинствата со огревно дрво. Нивната процена е дека за 5 години се потребни околу 360 милиони евра за санирање. Ова и не е така голема бројка за една држава, не велам за градот... - Па дури и за градот тоа не е голема цифра. Да не звучам амбициозно, но тоа е можно особено во делот на примарното затоплување. Не зборувам за енергетските фасади, изолации на покриви... Системот како таков, затоплувањето, сам ќе генерира средства, тоа е регулиран бизнис, трошоците за експанзија на мрежата се средства што релативно лесно може да се покријат. Не е невозможно. Дали сте натаму насочени, да го отстраниме огревното дрво и да го замениме барем со пелети и градско греење? - Да, па еве цело време за тоа зборуваме. Градот мора да има енергетска стратегија. Мора да биде во позиција да креира енергетска политика како основа за расчистување на проблемот со амбиенталниот воздух. Да, ама пак зборуваме за некое идно време... - Затоа зборувам за пропуштени 30 години. Некако не сме одговориле соодветно на промените што се случуваа. А градот бил инертен. Или во многу нешто функционирал по инерција од 80-те години на минатиот век. Денес ги гледаме последиците и гледаме дека тие се стравични. Зачестеноста на болестите на респираторните органи, на канцерогените болести, се резултат на таа негрижа. За две години успеавме да ставиме една добра стартна позиција на градот за ова, за мене фундаментално прашање. Каков е одѕивот од граѓаните? Задоволни ли се од поставувањето само на оваа стартна позиција? - Јас мислам дека граѓаните ова го препознаваат. Но граѓаните никогаш не треба да бидат задоволни од политичарите. За мене е тоа една природна реакција дека секогаш треба да се очекува повеќе. И ние што носиме одлуки треба секогаш да нудиме повеќе. На пример, можеби незабележано помина реализацијата и на овој проект. Малкумина знаат дека Скопје гради колекторски систем. На крај на 2020 година ќе распишеме тендер за пречистителна станица на реката Вардар. Пак сето тоа е „ќе“... - Колекторот се гради. Основа да распишете тендер за пречистителна станица е да имате изграден колекторски систем. Клучното прашање е зошто се гради во 2019, а не во 2009. Како градоначалник ќе ја преживеете ли зимава? Претпоставувате што сѐ ќе ве снајде, дека ќе бидете цел на напади поради незадоволството од справувањето со аерозагадувањето. - Загриженоста е голема. Реакциите на јавноста секогаш се оправдани. Таа загриженост и јас како човек ја делам со моите сограѓани. Но она што секогаш го кажувам, што и не е така популарно еден политичар да го кажува, е дека сите сме дел од проблемот. И сите мора да бидеме дел од решението. Оваа борба е општествена, не е институционална. Се води преку институциите. Но ние мора да разбереме дека ако човек ги задржува истите навики, не може да очекува резултатите да бидат поинакви. Во услови кога градот ви нуди бесплатен превоз, вие седнувате во своето возило и одите на работа. А потоа приговарате, со цело право, зошто е воздухот загаден. Ќе треба сите полека, полека да ги менуваме животните навики и тука ќе ни треба и медиумска поддршка затоа што не станува збор за градоначалникот Шилегов, за неговата кариера... Станува збор за сите нас и нашето здравје. Тука треба сериозно да работиме на подигање на општествената свест, односот кон јавното добро, кон комуналниот смет... До каде е работата со градската депонија Дрисла? - Втората стратегиска работа што градот ја направи за овие две години е конечното решавање на проблемот со Дрисла. Во смисла на откажување љубов кон партнерот во Дрисла. Но не е решен проблемот во однос на рециклирањето на отпадот. - Да, но веќе ни се одврзани рацете за да може градот да креира комунална политика. Досега бевме немоќни затоа што тој договор со италијанската компанија за жал не се примени. Проблемот на Дрисла се провлекуваше во овие 8 години, а ние го решивме за овие две. И ова е сериозно добра позиција што градот ја има направено. Наскоро јавноста на дело ќе види како изгледа и како ќе се развива новата комунална политика на градот во смисла на комуналниот отпад - нови контејнери, нови машини за чистење, нови камиони за подигање на контејнерите, новите џебни канти... Сето ова ќе биде заменето? - Скопје има 4.500 контејнери од 1,1 м3, а набавени се 600 од 3,2 кубици или една третина од постојниот капацитет ќе биде заменет. Ова многу брзо ќе биде видливо. Влегуваме и во процесот на дигитализацијата на сите информации поврзани со градот. Од наредната година сѐ што ќе ви треба како информација за градот, јавен транспорт, зоолошка градина, музеи, луна-парк што ќе го почнеме есенва... ќе биде достапно на вашиот мобилен, ќе стане наше секојдневие. Тоа се процеси што допрва ни следуваат. Што е со центарот на Скопје, најавивте пешачки зони, зелени површини... - Градот нема алтернатива - мора да го затвориме малиот ринг, тоа да биде пешачка зона, а тука ќе проаѓа само јавниот транспорт, пешаци и велосипедисти. Наредната година ќе почнеме со тој проект. Ќе биде зголемена површината на паркот Жена борец, ГТЦ ќе има зелен покрив. Кај зградата што ќе биде урната на аголот на Даме Груев ќе има зелен парк, ќе има нов дрворед со висококвалитетни 13,6 високи дрва... Целиот проект носи сериозен квалитет во однос на зголемување на зелената површина, пешачка зона, и во однос на аерозагадувањето. Ќе има современ тип на јавен транспорт на секои 3 минути на главните сообраќајни правци. Здруженија на граѓани ви забележуваат на проектот за тунел под Кале и го споредуваат со проектот Скопје 2014 на претходната власт. - Скопје нема алтернатива. Овој проект се подготвува, наредната година ќе го добиеме проектот за тунелите и ќе почне изградбата. Скопје мора да се поврзе и на правецот север-југ. Нема ниту една директна врска што го поврзува север-југ. Ова мора да се реши со тунели под Кале. Мора да се размислува каде ќе се развива градот во наредните 30 години. Тука ќе живеат 800 илјади граѓани, а Скопје може да се шири само кон север. Мора така да се размислува и суштината на тој коридор е токму тоа. Дали сте заинтересиран за втор мандат, планирате ли уште сега уште една кандидатура? - Никогаш откога сум влезен во политика не сум размислувал за мојот мандат или за мојата кариера. Почнав како портпарол, па пратеник... стекнав некаков политички легитимитет. Не ми беше императив да направам некаква кариера. Прерано е да размислувам за втор мандат. Ова што е за мене императив во преостанатите две години да ги сработам најавените проекти како што треба. Се градат три нови булевари, два моста, градот почна да функционира на сосема поинаков начин. Некој вели дека е тоа бавно, некој брзо, некој е задоволен, друг не е, и тоа е демократско право на секого. А.Д. https://www.mkd.mk/makedonija/skopje/shilegov-aerozagaduvanjeto-kje-ne-machi-ushte-nekolku-godini-vo-tek-se-mnogu |
||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 1011121314 34> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |