![]() |
![]() |
![]() |
Економски вести |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 1011121314 29> |
Author | |||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||||||
Кинезите ќе ни го купат солунското пристаниште
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=92711833572&id=10&prilog=0&setIzdanie=22391 |
|||||||
![]() |
|||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||||||
Неверојатен раст на БДП во вториот кварталчетврток, 22 септември 2011, 18:03Значителен раст бележи и трговијата на големо и на мало за цели 18%. Помал е растот на преработувачката индустрија од само 12,8%. Извозот на стоки и на услуги забележа зголемување од 25,5%, а увозот за 15.6%.Позитивен раст имаше и во првиот квартал од 5,1 отсто, поради зголемениот извоз и исто така пораст во градежниот сектор. Растот во индустријата пак тогаш се должеше главно поради зголемување на цената на металите. Владата не отстапува дека годината ќе ја заврши со раст на вкупната економија од 3,5%. Слична прогноза деновиве објави и Меѓународниот монетарен фонд, според кој македонскиот брутодомашен производ ќе порасне за 3%, а догодина за 3,7 отсто. http://www.time.mk/read/f34333789a/d787ec2914/index.html |
|||||||
![]() |
|||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||||||
Шел сака да го купи Макпетрол?!Катерина Попоска![]() Една од најголемите нафтени компании во светот, Ројал дач шел, повторно го пикира македонскиот нафтен дистрибутер Макпетрол, преку кој би влегол на македонскиот пазар, неофицијално дознава “Капитал“. Ова е втор обид на Шел да влезе во Макпетрол, а до каде ќе отиде засега никој не знае да каже. Генералниот директор на Макпетрол, Андреја Јосифовски, не открива детали. Пазарната капитализација на Макпетрол за 2010 година е 43,7 милиони евра Англиско-холандскиот енергетски гигант Ројал дач шел (Royal Dutch Shell plc.) повторно го скенира Макпетрол, дознава “Капитал” од извори во компанијата. Дека претставници на Шел овој месец биле во Макпетрол, со намера да преговараат за купување на најголемата дистрибутивна компанија во земјава, како што беа и пред четири години, за “Капитал” потврдуваат повеќе вработени во нафтената компанија. За можното преземање од една од најголемите нафтени компании во светот молчат во Макпетрол. Првиот човек на компанијата, Андреја Јосифовски, не сака ниту да ја потврди, ниту да ја демантира оваа информација. Ниту службата за односи со јавност во Макпетрол јавно објаснува зошто претставници на Шел дошле во нивната компанија, како и тоа до каде се преговорите за можната купопродажба. Пазарната капитализација на Макпетрол во 2010 година изнесуваше 43,7 милиони евра. Основната главнина, пак, изнесуваше 62,6 милиони евра. “Не е прв пат претставници на Шел да дојдат во Макпетрол. Често пати досега доаѓале и емисари од овој нафтен гигант да го испитаат теренот. Но, дали Макпетрол и Шел преговараат и дали од сето тоа ќе има епилог знае само претседателот на Управниот одбор. Конечната одлука, сепак, ќе биде негова”, вели за “Капитал” вработен во Макпетрол. Скорешната посета на Шел не е новина за Макпетрол. Високи претставници на овој нафтен гигант првпат беа во Македонија во 2007 година, кога намерата за инвестирање му ја презентираа на вицепремиерот Зоран Ставрески. “Сакаме да видиме каква е состојбата во Македонија, да ги видиме можностите. Македонија се наоѓа на добро место во Европа и ќе ги видиме можностите дали може да инвестираме”, изјави пред четири години Симон Крегер, од Ројал дач шел. Ројал дач шел е една од најголемите петрохемиски компании во светот, која годинава прослави 100 години постоење. Овој нафтен гигант е веќе присутен во 90 земји и речиси во сите земји од регионот. Оваа година Шел слави 20 години постоење во Бугарија. Според официјалните податоци, минатогодишните приходи на Шел групацијата се 368 милијарди долари, а реализирани се капитални инвестиции вредни 30,6 милијарди долари. За истражувања и развој Шел лани вложила една милијарда долари. Моментално, Шел прави бушотини и вади нафта од Северното Море. Макпетрол, пак, лани беше во загуба од речиси четири милиони евраМакпетрол повеќе од 60 години дистрибуира бензин во Македонија, бидејќи ја поседува инфраструктурата за дистрибуција и продажба на нафтени производи. Компанијата е содружник и во гасоводот во земјава, преку кој на македонскиот пазар се дистрибуира природниот гас. Има вкупен расположлив капацитет од 150.000 метри кубни во складишта за нафта и нафтени деривати, распоредени во различни региони на територијата на Македонија. Има и две наменски инсталации за керозин, лоцирани на аеродромите во Скопје и во Охрид. Од 2002 година, акциите на Макпетрол котираат на официјалниот пазар на Македонската берза. Макпетрол е рангирана меѓу првите 10 најликвидни фирми кои котираат. Оваа нафтена компанија првите шест месеци од годинава ги заврши со добивка од 520.770 евра, за разлика од првите шест месеци во 2010 година, кога пријави загува од дури 5,5 милиони евра. За оваа година, Макпетрол планира да оствари добивка пред оданочување од 197,5 милиони евра. Со загуба од 3,9 милиони евра и раст на трошоците за амортизација за 9% (327.000 евра) најголемиот дистрибутер на нафта и нафтени деривати во земјава ја заврши 2010 година. Компанијата во 2010 година ја намали годишната загуба за 14%, бидејќи во 2009 година таа изнесуваше 4,6 милиони евра. Неревидираниот финансиски извештај на оваа компанија покажува дека лани Макпетрол остварил 346 милиони евра вкупни приходи од продажба, кои се за 23% поголеми споредено со приходите од продажба на бензините во 2009 година. Нејасно е дали минатогодишните загуби се резултат на истите проблеми на компанијата, поради кои и во 2009 година Макпетрол работеше со милионска загуба. Од компанијата информираа дека “значајно намалена општа деловна активност, особено во секторите транспорт, производство и преработка на метали, земјоделство и текстилна индустрија, како и намалената куповна сила на населението“ биле главната причина за негативното работење на Макпетрол во 2009 година. Како проблем ја посочуваат и отежнатата наплата на побарувањата по сите основи, поради кои морале дополнително да се задолжуваат, со што растеле трошоците за камати и за курсни разлики. Последните официјални податоци покажуваат дека во структурата на акционерскиот капитал на Макпетрол вработените учествуваат со 31,6%, менаџерите со 12,9%, Оилко командитното друштво со речиси 20%, надворешните акционери со 27,9% и пензионерите со 7,5%.
|
|||||||
![]() |
|||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||||||
Гумите за џвакање на „Макпромет Штип“ го освојуваат американскиот пазарнедела, 18 септември 2011, 12:40- Драстичното зголемување на извозот во САД за нас претставува голем искечор напред. Сепак, станува збор за пазар од над 300 милиони потрошувачи. Тоа значи дека можностите се повеќе од големи. Ваквиот извоз резултираше откако измината година вложивме големи средства во нова опрема, модернизација на производството, користење висококвалитетни суровини. Овој нов квалитет на старо познатиот вкус на гумите за џвакање „Чунга Лунга“ беше главен фактор за почнување на извозот со обезбедување пласман во најголемите трговските синџири. Зголемувањето на извозот покажува дека реакциите од потрошувачите се повеќе од позитивни, а за нас е вистински знак дека сме на вистинскиот пат“, изјави Данче Ѓурова, менаџер за кондиториски производи од Макпромет Штип. Досега акцентот во извозот беше ставен на европскиот пазар, земјите од поранешна Југославија, како и во Израел. Со зголемувањето на извозот во САД, се овозможува зајакнување и подобро позиционирање на фабриката и на нејзините гуми за џвакање „Чунга Лунга“. http://daily.mk/cluster3/1f213e5b2622e66267387f0fedf52548/907819 |
|||||||
![]() |
|||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||||||
uste pozitivni vesti.belezime mnogu investicii od nasive celicari i metalski kompanii,silmak feni skopski leguri makstil eve sega i arcelor mital sto e mnogu pozitivno
Арчерол Митал“ ќе извoзува повеќе челик В година најавува нова инвестиција во проширување на постројките со што планира да го зголеми капацитетот за 50 отсто Маја Томиќ |
|||||||
![]() |
|||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||||||
http://www.netpress.com.mk/mk/vest.asp?id=91741&kategorija=2
“Скопски легури“ инвестира 30 милиони евра и отвора нови 182 работни места
14.
09.2011 - 10:05:14
![]() “Скопски Легури“ за кратко време планира да пушти во употреба
инвестиција поголема од 30 милиони евра, и отвора дополнителни 182
работни места, на кои веќе се вработени нови 109 работници, како
резултат на почетокот со работа на новата линија за производство на
фероникел во земјава, соопштуваат од компанијата.
Инаку, во “Скопски Легури“, во периодот од 18 до 21 јули, годинава,
компанијата “Bureau Veritas“ изврши прва надзорна ревизија на
функционирањето на системите за менаџмент согласно меѓународните
стандарди за квалитет ИСО 9001:2008, екологија ИСО 14001:2004 и
безбедност и здравје при работа ОХСАС 18001:2007.
“Во Извештајот на ’Bureau Veritas’ публикуван кон крајот на август,
годинава, од страна на групата аудитори беше заклучено дека во ’Скопски
Легури’ системите за менаџмент СМК и ИСМ функционираат и се
усовршуваат, и како резултат имаме успешно завршена прва надзорна
ревизија, а со тоа важноста на сертификатите е продолжена од 2011 до
2012 година“, велат од оваа компанија.
“Скопски Легури“ е една од само неколкуте компании во Македонија
кои ги поседуваат овие три стандарди, сертифицирани по интегрирани
системи.
|
|||||||
![]() |
|||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||||||
Стигнуваат 18 илјади метрички тони челик за „Арчелормитал“ во Скопје![]() Околу 18 илјади метрички тони топло валани челични лимови, произведени од железарата „АрчелорМитал Брнс Харбор“ од северозападот на сојузната држава Индијана, САД, тргнаа со брод до солунското пристаниште од каде ќе бидат пренесени во железарата на „Арчелормитал“ во Скопје на доработка. - Задоволни сме што извезуваме речиси 18 илјади метрички тони челик, нашиот најголем извоз во период од 3 години од Порт Индијана – изјави Рамана Венкат, извршен директор на „Аечелормитал Интернешнл“ за тамошниот весник „Џрнал Газет.“ Челикот, кој беше товарен три дена и кој тргна вчера, ќе стигне на бродот „Пацифик Хајрон“ на 1 октомври во Солун. Бродот е специјално направен за транспорт на товари од Големите езера во САД до Европа и ова е негово четврто патување. Тоа се очекува да трае 23 дена, а бродот ќе застане за танкирање во Монтреал и на Гибралтар. http://daily.mk/cluster3/6b4233236e3da854ed6abe9819c53135/896637 |
|||||||
![]() |
|||||||
pbanks ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
![]() ![]() |
||||||
Да му е мерак човек да ја чита нишкава во последно време...
|
|||||||
![]() |
|||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||||||
Две нови странски инвестиции вредни 8,5 милиони евра![]() Свето НиколовскиДве нови инвестиции во еден ден. Малтешко-британската „6ПМ“ влегува во доменот на информатичките технологии, додека македонско-холандската „Стил Кон“ во секторот за преработка на арматурно железо. И двете инвестиции се надвор од технолошко индустриските развојни зони и не користат државна помош.Македонија е избрана како најдобра дестинација за инвестирање во Источна Европа од страна на групацијата „6ПМ“, специјализирана во областа на информатичко компјутерските технологии, која што оперира на пазарите во Велика Британија и во Малта. Во македонскиот огранок на компанијата „6ПМ Ниар шор” ДООЕЛ веќе се вработени 12 ИТ специјалисти, чиј број ќе се зголеми на 50, а динамичниот план најавува проширување до 250 вработени. Вкупната инвестиција ќе изнесува 5 милиони евра. Главни предности на Македонија се: квалитетната работна сила, ниските трошоци на работење, вистинскиот претприемачки дух и солидното познавање на англискиот јазик. „Во однос на Малта вкупните оперативни трошоци во Македонија се помали за 60%, а во однос на Британија за дури 150%“ - изјави Иван Бартоло главен извршен директор на „6ПМ”. За директорот на Агенцијата за странски инвестиции Виктор Мизо оваа инвестиција е предизвик и за другите компании од информатичката технологија да инвестираат во земјава. Малтешко-британската компанија е високо специјализирана за обезбедување софтверски решенија во здравствениот сектор кои веќе се применуваат во јавното здравство на Велика Британија, а новиот проект за следење на здравјето на пациентите на далечина е наменет за Малта и доколку е успешен ќе биде раширен и во другите земји. Втората инвестиција ја реализира македонско – холандската компанија Стил Кон. Во новиот погон за конфекционирање на арматурно железо се вложени 3,5 милиони евра, а ќе бидат вработени 100 лица. Ќе се извезуваат производи со сертификат за квалитет и со ознака македонски производ, што треба да го олесни експортот на соседните пазари. Се најавува изградба на два нови погона со што ќе се оформи мини индустриска зона на површина од 6 хектари. Стил Кон извезува челични конструкции во: Германија, Србија, Африканските земји, а новата фабрика ќе има годишен капацитет за преработка на 10 до 15000 тони арматурно железо. http://www.time.mk/read/18d22ea09f/4279efb0e3/index.html |
|||||||
![]() |
|||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||||||
Обем на стоковната размена со странство
понеделник, 05 септември 2011 Според
претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната
вредност на извозот на стоки од Република Македонија во периодот
јануари-јули 2011 година изнесува 2 446 373 илјади САД долари, а на
увозот 3 985 530 илјади САД долари. Покриеноста на увозот со извоз е
61.4%. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-јули 2011 година,
изнесува 1 539 157 илјади САД долари.
Трговската размена по производи покажува дека во
извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни
метали или нивни соединенија, фероникелот, производите од железо и челик
(валани производи), облеката и преработките од нафта. Во увозот
најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или
во прав, суровата нафта, моторните возила за превоз на лица и
електричната енергија.
http://www.stat.gov.mk/PrikaziSoopstenie.aspx?rbrtxt=78 |
|||||||
![]() |
|||||||
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
||||||
„Џонсон контролс“ објави оглас за вработување во новата фабрика
Бизнис | 3. септември 2011 - 13:44 Компанијата „Џонсон контролс“, која вчера ја ја најави изградбата на втората фабрика во Македонија, денеска објави оглас за вработување на лица кои ќе бидат ангажирани во неа. Компанијата бара стручни лица во процесот, како инженери за шиење, за кроење, инжинери за компјутерски потпомогнато дизајнирање, тим лидери на производна линија, електромеханичари, ревизори за квалитет, проект асистен, како и искусни оператори за шиење. Во фабриката во Технолошко индустриската зона кај Штип, според најавите треба да се вработат околу 1.400 лица. Фабриката е наменета за тапацир за автомобилски седишта. Почетокот на изградбата на се очекува на средината на наредниот месец, а со работа да почне за една година. Производите ќе бидат наменети за нивни европски клиенти. Инвестицијата се проценува на околу 20 милиони евра. http://press24.mk/story/biznis/„dzonson-kontrols“-objavi-oglas-za-vrabotuvanje-vo-novata-fabri |
|||||||
![]() |
|||||||
OCB ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 03-Feb-2011 Location: 54 Online Status: Offline Posts: 921 |
![]() ![]() |
||||||
= дизел + мазут. |
|||||||
![]() |
|||||||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
||||||
Гасни масла ?!? Edited by Cloverstack - 29-Aug-2011 at 11:51 |
|||||||
![]() |
|||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||||||
Зошто трговскиот дефицит во првите шест месеци се зголеми за цели 30%?!Биљана Здравковска-СтојчевскаИако Џонсон Мети, како што се најавуваше, стана најголем извозник, неговиот влез во Македонија не успеа да го намали трговскиот дефицит. Напротив, сe поголемиот увоз на платина и благородни метали, нафта, гасни масла и електрична енергија продолжува да го продлабочува јазот меѓу извозот и увозот, кој на крајот на јуни достигна 1,3 милијарди долари, што е 30% повеќе во споредба со истиот период лани Македонскиот извоз во првите шест месеци од годинава достигна 2,099 милијарди долари, што е раст од 45% во споредба со првото полугодие од ланската 2010 година. Увозот пак, во истиот период достигна 3,4 милијарди долари, што е годишен раст од 38,6%. Иако првиот впечаток е дека извозот расте побавно од увозот, податоците покажуваат дека негативното салдо во трговската размена на Македонија со странство немилосрдно продолжува да се зголемува. Така, трговскиот дефицит во размената на крајот на јуни достигна 1,33 милијарди долари, што е раст од околу 30% во споредба со дефицитот што го имала Македонија во првите шест месеци од минатата 2010 година. Колку за споредба, минатата 2010 година Македонија ја заврши со трговски дефицит од 2,15 милијарди долари. Ако се анализира трговската размена со странство на месечно ниво, тогаш јуни бил слаб месец. Така, трговската размена во јуни била помала за 11,1% во споредба со претходниот месец, а истиот месец извозот паднал за 15,5%, а увозот за 8%. Поради тоа, покриеноста на увозот со извозот во јуни падна на 61,8%, во споредба со 69,8%, колку што беше неговата вредност во мај. Со цел да дојдеме до вистинските причини зошто трговскиот дефицит во првата половина од годинава порасна за цели 30%, “Капитал“ анализира кои се најизвезуваните и најувезуваните производи. Џонсон Мети стана најголем извозник, но и најголем увозникСпоред податоците од Државниот завод за статистика, најголемо учество во извозот од Македонија во странство во првата половина од 2011 година имаат катализаторите, фероникелот, производите од железо и челик, облеката и нафтата. На страната на увозот пак, најголемо учество имаат платината и легурите на платина, суровата нафта, автомобилите и лековите. “Капитал“ анализаше кои се 20 најизвезувани, а кои 20 најувезувани производи во Македонија според вредноста на извозот и увозот остварени во првите шест месеци од годинава. На чело на листата со најизвезувани производи се катализаторите на хемиската компанија Џонсон Мети, која веќе две години работи во слободната зона на Бунарџик. Како што се најавуваше, Мети стана најголем извозник во Мaкедонија и го симна на второ место со години наназад најголемиот извозник, Фени индустри. Вредноста на извозот на фероникелот на Фени индустри во првите шест месеци изнесува 120 милиони евра. На третото место по најизвезувани производи од Македонија се топловаланите челични лимови, кои ги произведува главно Макстил, чиј извоз во првите шест месеци достигна 46 милиони евра. На четврто место се гасните масла, чиј извоз во првите шест месеци од годинава изнесува 37 милиони евра, а на петтата позиција се машините и апаратите за филтрирање и прочистување гасови, во вредност од 28 милиони евра. Лековите, чиј извоз во првите шест месеци изнесува 19,26 милиони евра, се наоѓаат на 14 место, а тутунот, чиј извоз изнесуваше 16,5 милиони евра, е на 17 место од најизвезуваните производи од Македонија. Извозот пак, на јагнешко месо во првите шест месеци достигна 13 милиони евра, со што се најде на 19 место на листата со 20 најизвезувани производи. На страната на увозот на првата позиција се наоѓа суровата нафта, која ја увезува Окта, чиј увоз во првите шест месеци достигна 211 милиони евра. Втор најувезуван производ во првите шест месеци е платината, која ја увезува Џонсон Мети, чија вредност на увозот во првата половина од годинава достигна 145 милиони евра. Трет најувезуван производ се гасните масла, чија вредност на увозот достигна 80 милиони евра, додека увезената електрична енергија, во вредност од 77 милиони евра, е на четврто место на листата со 20 најувезувани производи. Петти најувезуван производ се амалгамите, чиј увоз во првите шест месеци изнесува 51 милион евра. Увозот на топловалани челични лимови, кои се шести најувезуван производ, во првите шест месеци од годинава достигна 41 милион евра. Увозот на лекови, кои се наоѓаат на 11 место меѓу најувезуваните производи, во првите шест месеци изнесува 27,5 милиони евра. Увозот на мобилни телефони изнесува 16,7 милиони евра, а на 16 место се увезените половни возила, со увоз од 15 милиони евра. http://www.kapital.com.mk/mk/dneven_vesnik.aspx/72876/zoshto_trgovskiot_deficit_vo_prvite_shest_meseci_se_zgolemi_za_celi_30_!.aspx?iId=2326 |
|||||||
![]() |
|||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||||||
Индустриското производство во јули порасна за 5,5%За 5,5% порасна индустриското производство во јули годионава споредено со истиот период лани. Во првите седум месеци од годинава пак, индустриското производство порасна за 8,6% во споредба со периодот јануари-јули 2010 година. Податоците од Државниот завод за статистика покажуваат дека во јули годинава текстилната индустрија паднала за фрапантни 41% во споредба со истиот период лани, градежништвото порасна за 12%, рударството за само 2,2% на годишно ниво, металната индустрија за само 0,9% во споредба со јули минатата година, додека пак, прехранбената индустрија пораснала за 7%. Снабдувањето
со електрична енергија, гас и пареа, според Заводот за статистика, во
јули годинава падна за дури 18,7% во споредба со истиот период лани. |
|||||||
![]() |
|||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||||||
Макошпед со 1% помала продажба во првото полугодиеШпедитерската компанија Макошпед во првото полугодие годинава остварила речиси исти приходи од продажба во споредба со истиот период лани. Според објавениот неревидиран финансиски извештај на Македонска берза, првата половина од годинава приходите од продажба бележат пад од 1% во споредба со лани. Компанијата бележи раст на приходите од продажба на домашниот пазар за 3%,додека, пак, од продажбата на странските пазари приходите им се намалиле за 15% во првото полугодие годинава, во споредба со истиот период лани. Што се однесува до расходите, во првото полугодие, Макошпед ги зголеми расходите од оперативното работење за 3% во споредба со лани, а бележи намалена добивка пред оданочување за 14% во споредба со првото полугодие од минатата година. Зголемување има кај финансиските приходи за 14%, а намалување од 13% кај приходите од вложувања, заеми, камати и курсни разлики во споредба со минатата година. Нето добивката е за 25% помала од лани и изнесува околу 40 илјади евра. http://www.kapital.com.mk/mk/dneven_vesnik.aspx/72895/makoshped_so_1_pomala_prodazhba_vo_prvoto_polugodie.aspx?iId=2326 |
|||||||
![]() |
|||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||||||
Во градот на текстилот нема текстилни работницисабота, 27 август 2011, 19:01Имаме големи надежи и покрај тоа што се соочуваме со големи проблеми.Најголемиот проблем за нас во моментот е недостигот на работна сила. Но, сакам да истакнам дека ние даваме добри опции, како што е сигурна работна средина. Поради близината до европскиот пазар, ниските трошоци за транспорт, но и искусните работници, индискиот инвеститор го избрал Штип, наместо Србија или Словачка кои им биле едни од опциите за отпочнување на бизнис. Исчен верува дека има начин да го отстранат проблемот со кој во моментот се соочуваат. Мораме да бараме решение на долготрајни патеки. Ако компанијата произведува квалитетни производи нивниот пазар ке се прошири, а за да произведувате квалитетни кошули ви требат искусни работници. Ако тоа го постигнете добивката за сите ке се зголеми. Проблемот со кој во моментот се соочува странскиот инвеститор од пред неколку години создава главоболки и на штипските конфекционери, кои тврдат дека младите повеке сакаат да работат во државните институции, отколку за просечна плата од 12.000 денари да шијат на машини. Во моментот во Штип има 6130 невработени, од кои 880 се жени на возраст од 19 до 34 години. http://www.time.mk/read/9397e96876/dd6b2f209a/index.html |
|||||||
![]() |
|||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||||||
150 милиони евра поволни кредитиСоња ЈовановаОд најавените нови 150 милиони евра евтини кредити, 50 милиони од ЕИБ се веќе одобрени со подолг рок на отплата. Допрва ќе се дефинира како ќе се пласираат новите 100 милиони, кои се очекува да се одобрат до крајот на годината Вкупно 150 милиони евра, пари од Европската инвестициска банка (ЕИБ), ќе им бидат на располагање на малите и средните претпријатија од почетокот на 2012 сe до 2015 година. Преговорите за првите 50 милиони евра се завршени и тие ќе бидат достапни веќе наесен. Останатите 100 милиони евра, кои ги побарала Владата, очекува да бидат одобрени до крајот на годината. Одобрените 50 милииони евра ќе бидат во функција веднаш откако ќе се изгласа Законот за задолжување кај ЕИБ, што ќе биде главна точка на следната владина седница, планирана за наредната недела. Како што веќе објави “Капитал“, овие 50 милиони евра од ЕИБ ќе им бидат достапни на компаниите по старите услови - камата од 5,5% и лимит на една транша од максимум три милиони евра. Промена има кај рокот на отплата, кој е зголемен од 3-5 години на 5-8 години. Кенан Идризи, заменик-директор на Македонската банка за поддршка на развојот (МБПР), вели дека предлогот за зголемување на рокот на отплата е веќе прифатен, останало уште да го потврди Надзорниот одбор на банката. Тој не беше информиран како ќе се пласира останатиот дел од втората кредитна линија од ЕИБ. “Изложеноста на МБПР кон ЕИБ како финансиска институција е лимитирана и со овие 50 милиони евра банката е максимално изложена и не смее да го надминува лимитот. Доколку сакаме повеќе да се задолжиме банката ќе мора да го зголеми капиталот, но за такво нешто не е разговарано. Не сум информиран како Владата ќе ги дистрибуира до компаниите останатите 100 милиони евра што ги најавува“, објаснува Идризи. Во Министерството за финансии велат дека парите се веќе официјално побарани од ЕИБ и се очекувало формално да бидат одобрени до крајот на годинава и почетокот на следната. “И овие 100 милиони евра ќе бидат достапни за користење исто преку МБПР со учество на деловните банки. Условите под кои ќе бидат одобрени ќе бидат утврдени дополнително, зависно од општите услови на пазарот на капитал во тоа време“, информираат од Министерството. Банките коментираат дека за овие пари е премногу рано да се зборува, бидејќи засега ЕИБ даде зелено светло само за 50 милиони евра. ПРВАТА КРЕДИТНА ЛИНИЈА ОТИДЕ КАКО АЛВА“Најверојатно, кога ќе почнат да се враќаат парите од првиот кредит од 100 милиони евра ќе се оди на законската можност МБПР да го зголеми капиталот со цел и останатиот заем што планира да го земе Владата да го пласира преку банката. Постои и друга можност, кредитот да се пласира и преку деловните банки, но во тој случај ќе мора да се склучи договор со некаква агенција, како што беше на времето Земјоделскиот фонд, која ќе каже кои банки можат да го пласираат заемот. Но, прво да почекаме да се одобрат парите“, коментираат од банките. Последната транша од првата кредитна линија од 100 милиони евра беше исплатена во февруари, но компаниите не престанаа да доставуваат кредитни барања до МБПР, што упатуваше на фактот дека стопанството има голема потреба од пари. Компаниите земаа кредити најмногу за нови инвестиции и купување нови машини. Оваа евтина кредитна линија почна да се реализира кон крајот на 2009 година, како антикризна мерка за да им се помогне на компаниите во време на криза. Иако условите по кои се нудеа кредитите беа многу поволни, сепак, компаниите бараат државната банка да договори фиксна каматна стапка и подолг рок за отплата. “Компаниите во моментов имаат голема потреба од евтини кредити, бидејќи се неликвидни. Затоа треба да се повлечат уште најмалку 100 милиони евра од ЕИБ. Иако оваа кредитна линија е поволна за компаниите, од искуството од првата кредитна линија, која компаниите ја трошеа минатата година, сметам дека треба да се променат условите и кај каматната стапка и кај рокот на отплата”, изјави неодамна за “Капитал“ Мирче Чекреџи, заменик-претседател на Сојузот на стопански комори. Тој смета дека каматната стапка, сепак, треба да се фиксира на 5%. http://www.kapital.com.mk/mk/dneven_vesnik.aspx/72190/150_milioni_evra_povolni_krediti.aspx?iId=2308 |
|||||||
![]() |
|||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||||||
Кои се најголемите 100 увозници во Македонија?Биљана Здравковска-Стојчевска![]() Анализата на увозот ги покажува слабите точки на економијата. Македонија е речиси целосно увозно зависна земја и е принудена да увезува најголем дел од производите кои и се потребни бидејќи не ги произведува. Но, во Македонија се увезува и тоа што ни треба и тоа што не ни треба, и тоа што го немаме и тоа што го имаме, а увозните компании прават најголеми профити Ако анализата на извозот ги покажува силните страни на една економија, увозот дефинитивно ги покажува слабите точки на економијата. Македонија е речиси целосно увозно зависна земја, што значи дека е принудена да увезува најголем дел од производите кои и се потребни за производство, но и за широка потрошувачка, бидејќи не ги произведува сама. Но, во Македонија се увезува буквално се и сешто. И тоа што ни треба и тоа што не ни треба, и тоа што го немаме и тоа што го имаме или можеме да го обезбедиме преку домашно производство. Најтипичен пример е прехранбената индустрија. Македонија, која важи за земјоделска земја со многу големи потенцијали за домашно производстсво на храна, не покрива ниту половина од сопствените потреби за храна. И покрај стотиците милиони поделени државни субвенции на земјоделците, наместо да се зголемува домашното производство на храна, од година во година увозот се повеќе расте и минатата 2010 година достигна рекордни 600 милиони долари. Тие што веќе работат во македонската прехранбена индустрија велат дека буквално се е поскапо да се произведе дома отколку да се увезе од околните пазари. Затоа сме преплавени со странска стока буквално од секаде. Од година во година расте и вредноста на вкупниот увоз во Македонија. Минатата година во Македонија се увезени производи во вредност од 5,5 милијарди долари. Земјава со години увезува повеќе отколку што извезува. Во 2010 година увозот беше за 2,14 милијарди долари поголем од извозот. Во првите пет месеци од годинава увозот достигна две милијарди евра, а трговскиот дефицит е 1,1 милијарди евра, односно 30% поголем отколку во истиот период лани. Колку за споредба, во 2000 година Македонија увезе производи и услуги во вредност од две милијарди долари, а трговскиот дефицит беше само 770 милиони долари. Тоа значи дека вредноста на увозот за овие десет години се зголеми за 178%, а трговскиот дефицит порасна за цели 160%.
На листата со 100 најголеми увозни компании во Македонија се наоѓаат и многу од големите извозни компании. На пример, на листата со 100 најголеми извозни компании најбројни се компаниите од металопреработувачката индустрија. Дури 11 компании од металургијата, кои истовремено се извозници, се наоѓаат и на листата со најголеми извозници. Тоа е сосема логично ако се знае дека најголем дел од суровините за производство овие извозни компании мора да ги увезуваат од странство затоа што Македонија нема челична руда. Вкупниот увоз на овие 11 металопреработувачки компании лани изнесуваше 405 милиони долари, при што најголем увозник е Арчелор Митал, чиј годишен увоз надминува 100 милиони долари. Следуваат Фени индустри и ИГМ трејд. Најмногу девизи Македонија како држава дефинитивно троши за плаќање на увозот на нафта и нафтени деривати. На ниво на држава лани се потрошени 744 милиони долари за увоз на нафта и нафтени деривати, а над 85% од овој увоз го прави рафинеријата Окта, која е најголем увозник во Македонија. Рафинеријата Окта истовремено е и најголема компанија во Македонија според вкупните приходи во работењето, кои надминуваат 514 милиони евра. На второ место на листата со најголеми увозници се искачи Џонсон Мети, хемиската компанија, која пред две години изгради фабрика во слободната економска зона Бунарџик. Увозот на Џонсон Мети, кој лани имаше вкупни приходи од 132 милиони евра, надминува 250 милиони долари, а извозот се уште е помал од увозот.На третото место на листата со најголеми увозници е металопреработувачката фабрика Арчелор Митал, чиј увоз надминува 100 милиони долари.Во првите 10 најголеми увозни компании во Македонија дури три се од нафтената индустрија, кои годишно увезуваат нафтени деривати во вредност од над 780 милиони долари.
|
|||||||
![]() |
|||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||||||
Увозот најпрофитабилна дејност во земјава
Кои се најголемите 100 увозници во Македонија?Биљана Здравковска-Стојчевска![]() Ако анализата на извозот ги покажува силните страни на една економија, увозот дефинитивно ги покажува слабите точки на економијата. Македонија е речиси целосно увозно зависна земја, што значи дека е принудена да увезува најголем дел од производите кои и се потребни за производство, но и за широка потрошувачка, бидејќи не ги произведува сама. Но, во Македонија се увезува буквално се и сешто. И тоа што ни треба и тоа што не ни треба, и тоа што го немаме и тоа што го имаме или можеме да го обезбедиме преку домашно производство. Најтипичен пример е прехранбената индустрија. Македонија, која важи за земјоделска земја со многу големи потенцијали за домашно производстсво на храна, не покрива ниту половина од сопствените потреби за храна. И покрај стотиците милиони поделени државни субвенции на земјоделците, наместо да се зголемува домашното производство на храна, од година во година увозот се повеќе расте и минатата 2010 година достигна рекордни 600 милиони долари. Тие што веќе работат во македонската прехранбена индустрија велат дека буквално се е поскапо да се произведе дома отколку да се увезе од околните пазари. Затоа сме преплавени со странска стока буквално од секаде. Од година во година расте и вредноста на вкупниот увоз во Македонија... Топ 10 најголеми увозници во Македонија 1. ОКТА-Рафинерија за нафта 2. Џонсон Мети 3. Арцелормиттал Скопје (ЦРМ) 4. Макпетрол 5. Фени индустри 6. Лукоил Македонија 7. ИГМ-Трејд 8. ЕФТ Македонија 9. Дојран стил 10. Џонсон контролс Целиот текст може да го прочитате во дневниот весник "Капитал" од 11 август 2011 година (четврток). http://www.kapital.com.mk/mk/makedonija/72146/koi_se_najgolemite_100_uvoznici_vo_makedonija_.aspx |
|||||||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 1011121314 29> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |