Author |
Topic Search Topic Options
|
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#221 Posted: 05-Jun-2008 at 18:01 |
Originally posted by vardar
мада не сум запознат како е сега |
И јас не сум запознат, ама на терен се гледа дека ова прашање не е добро решено, па ми останува да се сложам со тебе.
|
 |
vardar
Senior Member
Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
|
Quote Reply
#222 Posted: 05-Jun-2008 at 17:55 |
Originally posted by Cloverstack
Го кажав тоа само за да илуструирам како би изгледало да им се врати со инает. Дефинитивно не мислам дека треба да одиме во тој правец, туку ако не се најде „решение“, мислам дека треба да се гради и на сила.
А тоа со инаетот ваљда би можело да се искористи како закана дека би имало такви и слични последици, па можеби „преговорите“ ќе добијат друга динамика.
|
За жал само вака се стигнува до резултати кај нас, изгледа надлежниве не ги научија лекциите од водњанска, мостот кај транспортен итн..... само што сега се работи за далеку поголема инвестиција
Изгледа треба и промена на закон (мада не сум запознат како е сега) треба да е можно доколку не се договорат, владата да може да откупи плац/куќа по пазарна цена (одредена од независна комисија) и точка.
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#223 Posted: 05-Jun-2008 at 17:19 |
Го кажав тоа само за да илуструирам како би изгледало да им се врати со инает. Дефинитивно не мислам дека треба да одиме во тој правец, туку ако не се
најде „решение“, мислам дека треба да се гради и на сила.
А тоа со инаетот ваљда би можело да се искористи како закана дека би имало такви и слични последици, па можеби „преговорите“ ќе добијат друга динамика.
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#224 Posted: 05-Jun-2008 at 12:51 |
Кловер, кој е сега радикален....  Се слагам со тебе дека за вакви гомнари што попречуваат, треба да не видат денар државни пари за ништо. Да им укинат јавен превоз, засилени полициски контроли, си има санкции како се решава тоа. Истото и за оние у стајковци што сакаа по 100 евра за квадрат нива.
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#225 Posted: 05-Jun-2008 at 12:26 |
Без разлика. ова со Патишка Река е жалосно и многу кажува за тоа какво општество и држава сме. Ама кога веќе сме див запад и ништо не може да се реши нормално и цивилизирнао, ја бар би ги остаил тие од с. Патишка Река на цедило у наредните 20-30 години. Никаков проект за нив да не се реализира... Никаква инфраструктура. И патот до таму каков и да е, ја би го оставил да пропадне тотално и не би го реконструирал. Кога веќе инаетот ни е главна мотивација за спречување на градба на инфраструктура, дај бар да го применуваме доследно...
Edited by Cloverstack - 05-Jun-2008 at 12:26
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#226 Posted: 05-Jun-2008 at 10:08 |
И мене ми се чудни. На сајтот на ИБЦ упорно нема никаква најава за проект во Македонија.
|
 |
vardar
Senior Member
Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
|
Quote Reply
#227 Posted: 05-Jun-2008 at 09:50 |
Имаа еден куп непредвидливи проблеми, но некако добивам впечаток дека и инвеститоров се влечка малце.....
|
 |
vardar
Senior Member
Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
|
Quote Reply
#228 Posted: 05-Jun-2008 at 09:48 |
Општина Сопиште нема да дозволи да пропадне проектот „Сончевград“

Ќе се бара согласност од „Водовод“ и од Градот населбата да се приклучи кон градскиот водовод
Општина Сопиште нема да дозволи водоводот „Патишка Река“ и проектот „Сончевград“ да пропадне поради несогласувањето на жителите од истоименото село за изградба на водоводот. Ќе бара алтернативно решение, односно, согласност од ЈП „Водовод и канализација“ и Градот Скопје за приклучување кон градскиот водовод. Фирмата што ќе го гради Сончевград се' уште ги подготвувала проектите за инфраструктурата, а ДУП за Сончевград, откако е доработен во Општината, чека на мислење во Министерството за транспорт и врски.
Првиот човек на Сопиште, Љупчо Мицковски - Кец вчера нагласи дека општината презела одредени обврски во изградба на водоводот, но поради се' што се случуваше во изминатиот период, ќе се бара алтернативно решение. Според градоначалникот Мицковски, ова се прави со цел да не пропадне еден ваков капитален проект, за чија реализација се појавија низа проблеми, пред се', поради тоа што општината нема поддршка од државата.
„Фирма се' уште ги подготвува проектите за инфраструктурата на Сончевград, за патиштата и архитектурата на објектите што треба да се градат во населбата. Тие не и' се доставени на општината, бидејќи има проблеми и во катастарот. ДУП за Сончевград ни беше вратен на доработка и сега е во Министерството за транспорт и чека мислење. Најмногу забелешки имаше во врска со катастарот. Геодетските подлоги беа стари, а последниот премер на катастарот бил направен во 1963 година, па изработката на ДУП беше водена според тој премер. Затоа имаше разлики поради што мораше одново да се премери локацијата“, рече вчера Мицковски.
Сега на потег е Министерството да даде мислење, а деновиве во Советот на општината ќе започне постапката за донесување на планот. (Сн.К.)
|
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#229 Posted: 17-Apr-2008 at 01:47 |
Три варијанти за патот до Сончев град
Крајниот исход ќе зависи од студијата за влијанието на патот врз парк- шумата

Три
месеци по обелоденувањето на веста дека на Водно ќе се гради нова
улица, се' уште не е позната конечната верзија на трасата на
која таа би поминувала. Институциите, исто како и претходно, не даваат
информации за кога е планиран почетокот на градежните работи, како и
дали за новата улица што треба да го поврзува Скопје со идната населба
Сончев град ќе се сече дел од шумата. На оваа можност веќе реагираа
јавноста, Градот и еколошките друштва. Од Министерството за транспорт и
врски велат дека Фондот за патишта на маса ставил три опции за трасата
на новата улица. Крајниот исход ќе зависи од мислењата на експертите
што ќе бидат дел од студијата за влијанието на патот врз парк-шумата.
Фондот за магистрални и регионални патишта, во чија програма за 2008
година е предвидена изградба на пат до населбата Сончев град, во
моментот врши мерење на теренот. Во опфат се три можни варијанти за
пробивање на регионалниот пат. Истовремено, независни експерти
подготвуваат студија за влијанието на животната средина и нивните
препораки ќе бидат земени предвид - велат во одделението за односи со
јавноста при Министерството. Според нив, улицата што ќе ги поврзува
северната и јужната падина на Водно сигурно ќе се гради, како и новата
населба Сончев град во Сопиште, иако нејзината изградба веќе доцни цела
година. Лани, како што е познато, земјиштето за оваа населба, Владата
го продаде на странскиот инвеститор, израелската компанија
„Интернејшнал билдинг корпорејшн“. Изградбата на инфраструктурата
требаше да почне веднаш, но работите се одолжија поради проблемот со
жителите од блиското село Патишка Река. Тие го блокираа изворот што
треба да ја снабдува новата населба со вода, со објаснување дека тој
немал толкава штедрост, па изградбата на водоводот воопшто не почна.
Според информации од инвеститорот, подготвките на градежните проекти
што се неопходни за почеток на изградбата се при крај. Изградбата на
населбата, според Израелците, ќе почне во текот на јуни -објаснуваат од
Министерството.Градоначалникот на Сопиште, Љупчо Кец Мицковски беше на
службен пат, па од Општината не можеа да потврдат дали навистина
изградбата е планирана за во јуни, имајќи предвид дека жителите на
Патишка Река се' уште не дозволуваат од тамошниот извор да се зема вода
за населбата и за околните села. Само рекоа дека неколку пати во
изминативе месеци претставници од власта и од владини институции
преговарале со селаните, но досега не е најден заеднички јазик. Јорданка Ивановскаhttp://dnevnik.com.mk/?ItemID=81027B055C45D34680112EA829C63D48
Edited by Cloverstack - 17-Apr-2008 at 01:53
|
 |
blejdsk
Senior Member
Joined: 05-Feb-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 320
|
Quote Reply
#230 Posted: 31-Mar-2008 at 01:12 |
Znaci toa e toa Makedonska rabota ,,,,dur resat sitni porblemi ke propagaat ogromni investicii--katastrofa
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#231 Posted: 31-Mar-2008 at 01:11 |
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=3DC2C17CDB9F904B819E27EB7A7E361D
Сончевград и водоводот Патишка Река тапкаат во место
Изградбата на водоводот Патишка Река тапка во место, а со тоа
станува се' понеизвесна и израелската инвестиција за изградба на
населбата Сончевград за околу 6.000 жители. Градоначалникот на Општина
Сопиште Љупчо Кец Мицковски вели дека и покрај тоа што ја алармирале
Владата, никој ништо не презема да се направи чекор напред. И
екологистите се против изградбата на пат до населбата, чија траса треба
да минува преку планината Водно. Израелците се' уште не се откажуваат,
но покрај постојните, сега имаат и проблеми со Катастарот. Пред еден
месец Мицковски побарал прием кај премиерот Никола Груевски, со цел
заеднички да ги разгледаат состојбите околу изградбата на Сончевград,
но бил примен од неговиот советник Кирил Божиновски, а оттогаш нема
никаков одговор. Мицковски смета дека партиски интереси не треба да
загрозат ваква голема инвестиција. Општина Сопиште во април ќе започне
со нова рунда преговори со жителите на Патишка Река, со цел да се добие
согласност за почнување на изградбата на водоводот. Градоначалникот
вели дека селаните нема да останат без вода дури и во најсушниот
период, бидејќи со изградбата на водоводот кој ќе снабдува 13 села и
Сончевград ќе им останат 90 литри во секунда, што е сосема доволно.
Од
Министерството за транспорт и врски информираат дека Израелците ги
подготвуваат проектите и тврдат дека наскоро ќе почне и изградбата на
објектите, како и тоа дека се во постојана комуникација со Општина
Сопиште. Додаваат дека многу брзо ќе се надмине прашањето со водоводот
Патишка Река. (Сн.К.) |
|
 |
ProMKD
Senior Member
Joined: 25-Feb-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 244
|
Quote Reply
#232 Posted: 25-Feb-2008 at 23:17 |
Епа најискрено не сме ни добро информирани околу тоа дали ќе бидат локации, дали ќе бидат готови куќи. Се збори за татко ми, а тој би сакал повеќе да купи готова куќа, значи Американски стил (фирма купува земјиште и гради, ти купуваш куќа). Проблемот е што ова како што изгледа нема никогаш да тргне, а и да тргне, нема да заврши. Најсигурно останува во Бардовци да се купи, или пак слушам позади зајчев рид ќе почнело нешто такво
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#233 Posted: 25-Feb-2008 at 23:05 |
Originally posted by ProMKD
Еден член на мојата фамлија е сериозен за купување локација за изградба на куќа во Сончев Град
|
хмммм... мислиш куќа? пошто локации нема да се продаваат, можес само да си купиш готова унифицирана куќа
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#234 Posted: 25-Feb-2008 at 23:04 |
Па да Сончев град е постар проект, ако не се лажам од мандатот на ДПМНЕ 1998-2002. Се сеќавам дека имаше приказна со некои германци.
Да се надеваме дека овој пат ќе успее, Израелциве имаат добри референци.
|
 |
ProMKD
Senior Member
Joined: 25-Feb-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 244
|
Quote Reply
#235 Posted: 25-Feb-2008 at 23:02 |
Еден член на мојата фамлија е сериозен за купување локација за изградба на куќа во Сончев Град, и веќе 2-3 години чекаме информации за да се купи, но никако... За патот и сега за сега не е проблем (дека веќе има кај Соње итн) ќе издржиме преку таа траса додека не се среди све убаво... него да почнеа градежните зафати! Ова со водоводот е многу жална работа, да пропадна инвестиција вредна стотици милијони евра заради некои неписмени луѓе..
А не знам дали знаевте, дека претходно (пред 15 години) беше на истово место планирано да се гради слична населба, но од Германска фирма? Тогаш еден мој пријател од Холандија беше дел од бизнисмените кои беа спремни да инвестираат, заедно со моќната Германска компанија, но работите завршија како што завршија, и бидна "аферата" со Израелциве, и еве сме денес..
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#236 Posted: 08-Feb-2008 at 15:46 |
http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1315&ArticleID=84574
ФИРМАТА ЗА ИЗГРАДБА НА СОНЧЕВ ГРАД ЌЕ ПОЧНЕ ДА РАБОТИ
Израелците губат од Патишка Река
Роза Петкова
Израелската
фирма што ќе го гради Сончев Град деновиве отвори претставништво во
Скопје. „Индустријал билдингс корпорејшн“, како што дознаваме, решила,
без разлика на противењето на граѓаните и на еколошките друштва, да
почне со реализација на проектот, кој го доби на тендер минатата
година, во мај. Забрзувањето се случува и поради притисокот на Владата,
која сака да го реализира ветеното од пред неколку месеци. Како што
беше најавено на свеченоста при изборот на Израелците, почнувањето на
работите на елитната населба требаше да се случи во август, но до
денес, не е закован ниту еден колец. По седум месеци се уште не е
разрешен ни проблемот со жителите од селото Патишка Река, кои се против
изградбата на нова водоводна мрежа. Тие мислат дека изворот што го
користат сега нема доволно капацитет да покрие населба од шест илјади
жители. Исто така, дознаваме дека претставници од „Индустријал билдингс
корпорејшн“ деновиве ќе презентираат нови моменти за проектот со кои се
надеваат дека ќе го решат проблемот со жителите на селото. Иако и
Министерството за транспорт и врски најавува почеток на изградбата, од
општината Сопиште не се согласуваат и тврдат дека работите се уште се
статус кво. - Ние ги користиме сите демократски права и обврски што ги
имаме за да го решиме проблемот. За него знаат и владините
претставници, но тие не се ангажираа многу. Во секој случај, се
обидуваме да најдеме компромис и решение и нема да дозволиме таков
проект да пропадне. Сега е на потег Владата затоа што водата е во
државна сопственост, па очекуваме тие да преземат нешто. Ќе се трудиме
со сите сили да го одржиме проектот - вели Игор Трифуновски, портпарол
на општината Сопиште. Освен со водоводната мрежа, новата населба уште
не почната се соочува со проблемот на патот преку планината Водно, кој
ќе ги поврзува Сончев Град, Долно Соње и Сопиште со Скопје. Еколошките
друштва и планинари почнаа акција за собирање потписи против неговата
изградба. - Минатиот викенд собравме околу илјада потписи, а акцијата
ќе ја продолжиме и оваа недела. Освен на Водно, за време на викендите,
потписи ќе се собираат и на плоштадот - вели Петар Бошевски од
еколошкото друштво „Екомисија“. Од Фондот за регионални и магистрални
патишта, кој во програмата за 2008 година ја предвиде изградбата на
овој пат, велат дека пред да почнат со проектот ќе побараат стручно
мислење. - Сега се снима теренот, се мери од каде до каде ќе биде
патот, а потоа ќе се работи проектот. Програмата за изградба на патишта
што ја донесовме се однесува само на финансискиот дел. Пред да се почне
што било прво ќе се побара мислење од Министерството за животна средина
- објасни Катерина Панова - Илиевска, портпаролка на Фондот за
магистрални и регионални патишта. За идејата да се гради тунел под
Водно, која беше актуелна пред една година, од Фондот велат дека тоа би
било надлежност на градот затоа што тогаш патот би бил локален, а не
регионален, како што е предвидено сега. Сончев Град е замислен како
еколошка населба за домување на 6.000 луѓе, со 603 куќи и 11 згради.
Државното земјиште со површина од 636.459 квадратни метри Израелците го
купија за 3.640.000 евра. Треба да биде готов за четири години. |
|
 |
UrbanFreak
Senior Member
Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
|
Quote Reply
#237 Posted: 05-Feb-2008 at 23:30 |
Патот ќе ја уништи парк-шумата
Изградбата на новиот пат на Водно до Сончев Град е ставен во годишната програма на Фондот за регионални и магистрални патишта и нема дилема дека ќе се гради. Тој ќе го поврзува Средно Водно со Сопиште и Долно Соње, односно Сончев Град, но точната траса се уште не е утврдена. Ова е неофицијална информација од Министерството за транспорт и врски, од каде велат дека досега до нив не е пристигната никаква реакција од ниту една институција или граѓанско здружение. Ако во меѓувреме пристигне некакво барање, велат, ќе биде разгледано и доколку е потребно ќе консултираат експерти од Министерството за екологија.
Против изградбата на новата трикилометарска сообраќајница се екологистите. Активистите на "Екомисија", викендов почнаа со собирање потписи за стопирање на секакви активности за узурпација на заштитената зона. За два дена, добија поддршка од околу 1000 граѓани. Потписи ќе се собираат и викендов, не само на Водно туку и во центарот на Градов.
- Никој не ја штити парк-шумата. Ја уништуваа несовесни поединци, ја узурпираше урбаната мафија, а сега еве и власта ја докусурува. Со оваа петиција бараме да не се реализира идејата на патот, но, бараме и да се редефинира категоризацијата на заштита, бидејќи во ниту една номенклатура не постои категорија "заштитена зона". Исто така, бараме заштитениот дел да биде исцртан на теренот. На тој начин сите ќе знаат дека влегле во заштитена зона - вели Петар Бошевски од Еко-мисија. Против идејата за изградба на новата сообраќајница е и скопскиот градоначалник Трифун Костовски. Тој им порача на надлежните да најдат друга алтернатива, бидејќи на овој начин се нанесува ненадоместлива штета на шумата.
Од Општина Сопиште не сакаат да коментираат проблеми кои не се во нивна надлежност. Тие се фокусирани на решавање на проблемот со жителите на Патишка Река, кои со месеци ја стопираат изградбата на новата водоводна мрежа за потребите на Сончев Град.
|
Извор: Вечер
Edited by UrbanFreak - 05-Feb-2008 at 23:31
|
 |
skywings
Newbie
Joined: 01-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 0
|
Quote Reply
#238 Posted: 02-Feb-2008 at 01:14 |
да, со јужната сообраќајница е дефиниран урбанистичкиот опфат, се што е над неа, е надвор од надлежностите на Трифко 
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#239 Posted: 02-Feb-2008 at 01:07 |
Originally posted by skywings
јужната заобиколница.....
|
Овој термин е сосема погрешен, но за жал веќе раширен во јавноста. Тоа е всушност „јужната сообраќајница“, планирана на падините на водно и мислам дека со нејзе е дефинирана и заштитната зона или урбанистичкиот опфат (не сум сигурен). Во секој случај не се работи за обиколница во никој поглед.
|
 |
skywings
Newbie
Joined: 01-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 0
|
Quote Reply
#240 Posted: 02-Feb-2008 at 01:03 |
сепак следејќи ја внимателно ова тема, немам дилема дека се работи за изградба на нов пат кој ќе почнува од средно Водно, со што отпаѓаат и двете варијанти - тунелот и јужната заобиколница.....
а она за новинарите имаш право, само што во последно време сите најавени скандали кои ги објавија медиумите се покажаа како основани и вистинити 
|
 |