Author |
Topic Search Topic Options
|
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#2561 Posted: 25-Jan-2010 at 17:19 |
Деновиве се зборуваше за изградба на некој пат од долно до горно лисиче, па имаше некој дуп на јавна анкета. Може ли некој да ми сикицира или да ми даде само координати од крајните точки за кој всушност пат се работи?! Повеќето од весите беа поврзани со експропријацијана имотите долж трасата.
|
 |
Baze
Senior Member
Joined: 08-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 409
|
Quote Reply
#2562 Posted: 15-Jan-2010 at 00:05 |
Ова е од дуп-от на Кераминдница убаво се гледа булеварот Гоце Делчев кој е заведен како бул. Асном од подвозникот на железничка до фабриката 11 Октомври
и во делот од 11 Октомври до мостот кој се планира кај Јане Сандански салата (МЗТ) кој ке се спои со бул.Асном
|
 |
krale
Senior Member
БАНИРАН
Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
|
Quote Reply
#2563 Posted: 13-Jan-2010 at 18:04 |
Доста добри сугестии/идеи. Не знам дали го спомна треба да се доправи и бул. Гоце Делчев кој сега завршува слепо во 11 Октомври фабрката (после Саем) и да се спои со бул. Асном во Аеродром.
Иначе од се ова што го предложи, единствено мислам кружни текови кај Апче и кај Мечос дека не треба да се градат. Партизанска мора да остане брза сообраќајница.
|
 |
gorco
Senior Member
Google Maps: Regional Expert
Joined: 22-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 642
|
Quote Reply
#2564 Posted: 13-Jan-2010 at 13:45 |
Јас мислам дека редно време е Скопјаништана у град скопје и совет - што се да почнат да ги користат закржлавените мозочиња за да мислат за изградба на неопходни сообраќајници, првин на спојување на слепите улици/булевари со Обиколницата, а понатамму правење на раскрсници/кружни текови на одредени места во градов како кај АПЧЕ и МЕЧОС на Партизанска. Нели нема да возиме 100км и ќе има поголем проток на тој начин.
Понатаму - сериозно размислување за изградба на тоа чудо Јужен булевар, спојување на Народен Фронт со истиот преку надвозник.
Сериозна да се осмисли еднонасочен сообраќај на минимуН 20-30 улици во Скопје а посебно во Кисела Вода (реонот меѓу Стара Рампа и Шампионче).
Проширување на улицата како и нејзино исправување на трасата од крајот на Првомајска до спојката со 11 Октомври, при што улицата би имала мин 4 ленти (би било најдобро да би имала 6 (од кои 2 би се користеле од двете страни за паркирање, при што реално ќе се намали гужвата).
И да како што автопатот низ Белград проѓа низ град - ова го мислев уште пред да почнат сељацине со Обиколницата која според мене е многу далеку од градот.
Се што требаше да направат беше, од почеток на НИКОЛА КАРЕВ - пластичарската да срушат 1-2 реда дивоградби од едната страна, да ја прошират или пак кренат на НИВО како автопат во тој дел, а потоа да продолжи до Момин поток како Автопат, од каде на спојката со Словенечка , каде и онака има испланирано булевар накај Бардовци, кој би се спуштал некаде кај Конаците и би преминал меѓу Ново Село и ГЕГЕ и би излегувал некаде над Кондово, и би се надоврзал на чудото од вијадукт кај Кондово.
Исто така партизанска обавезно мора да се спојува со ул. 4 ЈУЛИ во Ѓорче Петров која потоа ќе излегува со ново планираната клучка и новиот мост за Сарај во врска со Обиколницата.
Понатаму - кога одиме во бул. Војводина накај Автокоманда - задолжителна доградбата на булеварот кој би ја заобиколил Автокоманда и би излегол на широкиот простор кај Панче Арсовски, пред населбата Железара.
|
 |
nenad
Senior Member
Joined: 19-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 741
|
Quote Reply
#2565 Posted: 11-Jan-2010 at 16:52 |
Originally posted by Supervisor
Текстов нема врска имам многу пати кажано еве да повторам во градски средини со население над 500.000 луѓе постојано е закрчен сообраќајот поради еве за пример ќе го земам Белград кадешто има 100 пати пошироки и поголеми градски магистрали од Скопје и повторно му се случува сообраќаен колапс едноставно кога имате толку многу возила и не се држи потребно растојание се закрчува сообраќајот. |
Zabluda e da se tvrdi deka Belgrad ima dobro resen soobrakaj. So isklucok na Novi Beograd kade navistina postojat siroki bulevari, ostanatite delovi se katastrofa. Na nekolku mesta vo spicevite se sozdavaat cepovi kade se ecka i po sat-sat i pol (Centar, Mostot Gazela, Brankov Most...). Da ne se spomenuvaat prigratskite naselbi. Gratskite vlasti se obiduvaat so nekoi kapitalni objekti da ja relaksiraat sostojbata no do pojavata na metro ne veruvam deka ke se promeni nesto. Skopje e nenekolkupati pomal grad, a soobrakajnite guzvi se na nivo na Belgrad! Ne treba da se bara uteha vo Belgrad, Sofija i slicni gradovi, tuku so dobri idei i proekti da se resi sostojbata so soobrakajot
Edited by Cloverstack - 11-Jan-2010 at 17:01
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#2566 Posted: 11-Jan-2010 at 04:46 |
Мене ме загрижува тоа што планираното за Првомајсак очигледно е одложено или има големи проблеми. Еднаш воопшто не се ни спомна Првомајска, а сега еве гледам се збори за потегот од Кисела Вода преема Драчево, за разлика од делот од Кисела Вода до центар со најголемите гужви не се ни спомнува.
|
 |
alexgizh
Moderator Group
Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1976
|
Quote Reply
#2567 Posted: 11-Jan-2010 at 03:41 |
Originally posted by lslcrew
Булеварите само на хартија, а за возење по нив ќе почекаме

Во градскиот буџет се предвидени 20 милиони денари за проектирање нови сообраќајници
Сања Наумовска
Проширување на дел од
улиците во булевари, изградба на нови мостови на Вардар, на
денивелирани сообраќајници, нови кружни текови и други сообраќајни
решенија, се дел од проектите што ги нарача Градот Скопје. Станува збор
за булевари во речиси сите делови од градот каде што има застои и
проблеми во сообраќајот. Засега се завршени осум идејни проекти за
проширување и изградба на нови сообраќајници. Во буџетот за годинава се
предвидени 20 милиони денари за проектирање нови сообраќајници.
„Проектирањето
на ’Првомајска’, која со реализацијата ќе реши многу проблеми на
делницата кон Драчево, е веќе започнато. Се проектира проширувањето на
делот до улицата ’Народни херои’ и натаму кон населбата Драчево, од
’Србија’ до мостот кон Маркова Река“, информираат од Градот.
Булеварот
АСНОМ, според новиот проект, ќе продолжува од салата МЗТ преку мостот
на Вардар кон Скопски саем. Ќе ја пресече населбата Керамидница, каде
што е предвидена голема раскрсница со уште еден нов булевар „16
Македонска бригада“ за да се спои со „Гоце Делчев“. Булеварот „16
Македонска бригада“, пак, започнува од населбата Железара кон булеварот
АСНОМ. Проектот предвидува денивелирано решение за оваа сообраќајница
што ќе поминува над „Александар Македонски“. Кај зградата на
Противпожарната бригада во Автокоманда и пред стадионот во Гази Баба,
како и пред влезот на Железара ќе има кружни текови.
„Започнато
е проектирањето на улица ’Есенинова’, која треба да ги спои ’Трета
македонска бригада’ и ’Првомајска’ зад Тутунскиот комбинат и ќе
поминува покрај пругата. Улицата ’Индустриска’, пак, од булеварот
’Војводина’ преку Керамидница и зад универзитетот ФОН ќе се поврзе со
АСНОМ“, информираат од Градот.
Ќе се проширува и „Трета
македонска бригада“ на потегот од улицата „Пролет“ до „Србија“, а
„Христијан Тодоровски - Карпош“ ќе продолжи од Општината Чаир кон
обиколницата. Ќе се проширува и врската меѓу „Партизанска“ и
„Илинденска“, односно улицата „Никола Парапунов“ во Карпош 4. Во тек е
и изработката на проектите за „Илинденска“, од Владата до фонтаната во
Градски парк и од „8 Септември“ до улицата „Ацо Шопов“.
Според
очекувањата на градските власти, сите решенија што веќе се предвидени
во Генералниот урбанистички план ќе го растоварат сообраќајот на повеќе
локации во градот. Сепак, додека не се изработат изведбените проекти,
со кои ќе се одговорат прашањата за финансиската конструкција и
евентуалните имотно-правни спорови на трасите на овие сообраќајници,
засега е неизвесно кои, кога и дали ќе се реализираат. Во Градот велат
дека е добро решенијата што ги предвидува ГУП да бидат испроектирани за
во иднина реализацијата да биде полесна и побрза. Трендот на
проектирање ќе продолжи и годинава, а некои од проектите што се
најавуваат подолго време треба да почнат и да се реализираат. http://utrinski.com.mk/?ItemID=6759C478AAC06E4C9C562AC207714DBE |
|
Се` е ова убаво. За момент и прекрасно, се додека не го прочитав делот во кој се вели „засега е неизвесно кои, кога и дали ќе се реализираат“. Како и да е, особено ме израдува делот за продолжување на Х.Т.Карпош кон обиколницата, бидејќи и лично ме засега.
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#2568 Posted: 11-Jan-2010 at 01:32 |
За минута до центар, а вечност до асфалт

Иако живеат на само пет минути пеш од плоштадот Македонија, дел од жителите на улицата 50 Дивизија пред своите домови газат во кал и во вирови. Општината Центар лани ја асфалтира оваа улица зад Клинички центар, но не ја заврши целосно работата.
Жителите
од оваа мала сообраќајница имаат големи проблеми и зиме и лете. Лете
поради правта од земјената улица, а зиме поради вировите и калта.
Велат, немаат каде да ги пуштат децата да играат, оти нема каде да се
стапне. Се жалат дека и автомобилите им се постојано валкани и се
прашуваат како е можно да живеат на територија на Општина Центар во
такви услови.
- Да сакав да живеам во селска идила со кал и без
асфалт ќе се преселев во село. Јас сакам градски живот и чисти и
асфалтирани улици. На секој состанок на куќниот совет разговараме како
да си го решиме проблемот и секогаш испаѓа дека нема надеж. Постојано
ја молиме Општината да си ја изврши нејзината обврска - вели Бранко
Димовски, жител во новоградбите на „50 Дивизија“.
Оваа улица е
многу фреквентна, бидејќи ги опслужува Клиничкиот центар, Средното
медицинско училиште и е во функција на еднонасочниот сообраќај, кој е
спроведен во тој дел од градот.
- Од 2003 година сме принудени
да живееме на целосно неасфалтирана улица, полна со дупки. Станува збор
за мал крак од „50 Дивизија“, во должина од седумдесетина метри која
остана без асфалт, без паркинг и без тротоар. За сите згради се платени
комуналните давачки уште пред да се изградат зградите и сите се со
чисти имотни листови. Трагичен е фактот што за данок при купување стан
во зградите на оваа улица се плаќа по 2.600 евра, од кои 1.900 евра
одат за општинската каса - вели еден жител од улицата.
Станарите се жалат дека досега неколкупати безуспешно барале информации од општинската администрација.
Во Општина Центар велат дека улицата во целиот е асфалтирана и дека најверојатно станува збор за еден од краците.
-
„50 Дивизија“ е влезена во програмата за асфалтирање за 2010 година.
Проблемот што го истакнуваат жителите ќе биде решен. Причина за
досегашното нерешавање на проблемот беа имотно-правните односи, кои до
неодамна го одложуваа почетокот на работите. На заедничко задоволство
проблемот е решен и штом ќе дозволат временските услови, кога ќе има
повисоки температури, ќе почне санацијата на улицата - велат во Општина
Центар.
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=E7A6407552A5CC449FF754D612415A23 |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#2569 Posted: 11-Jan-2010 at 01:27 |
Булеварите само на хартија, а за возење по нив ќе почекаме

Во градскиот буџет се предвидени 20 милиони денари за проектирање нови сообраќајници
Сања Наумовска
Проширување на дел од
улиците во булевари, изградба на нови мостови на Вардар, на
денивелирани сообраќајници, нови кружни текови и други сообраќајни
решенија, се дел од проектите што ги нарача Градот Скопје. Станува збор
за булевари во речиси сите делови од градот каде што има застои и
проблеми во сообраќајот. Засега се завршени осум идејни проекти за
проширување и изградба на нови сообраќајници. Во буџетот за годинава се
предвидени 20 милиони денари за проектирање нови сообраќајници.
„Проектирањето
на ’Првомајска’, која со реализацијата ќе реши многу проблеми на
делницата кон Драчево, е веќе започнато. Се проектира проширувањето на
делот до улицата ’Народни херои’ и натаму кон населбата Драчево, од
’Србија’ до мостот кон Маркова Река“, информираат од Градот.
Булеварот
АСНОМ, според новиот проект, ќе продолжува од салата МЗТ преку мостот
на Вардар кон Скопски саем. Ќе ја пресече населбата Керамидница, каде
што е предвидена голема раскрсница со уште еден нов булевар „16
Македонска бригада“ за да се спои со „Гоце Делчев“. Булеварот „16
Македонска бригада“, пак, започнува од населбата Железара кон булеварот
АСНОМ. Проектот предвидува денивелирано решение за оваа сообраќајница
што ќе поминува над „Александар Македонски“. Кај зградата на
Противпожарната бригада во Автокоманда и пред стадионот во Гази Баба,
како и пред влезот на Железара ќе има кружни текови.
„Започнато
е проектирањето на улица ’Есенинова’, која треба да ги спои ’Трета
македонска бригада’ и ’Првомајска’ зад Тутунскиот комбинат и ќе
поминува покрај пругата. Улицата ’Индустриска’, пак, од булеварот
’Војводина’ преку Керамидница и зад универзитетот ФОН ќе се поврзе со
АСНОМ“, информираат од Градот.
Ќе се проширува и „Трета
македонска бригада“ на потегот од улицата „Пролет“ до „Србија“, а
„Христијан Тодоровски - Карпош“ ќе продолжи од Општината Чаир кон
обиколницата. Ќе се проширува и врската меѓу „Партизанска“ и
„Илинденска“, односно улицата „Никола Парапунов“ во Карпош 4. Во тек е
и изработката на проектите за „Илинденска“, од Владата до фонтаната во
Градски парк и од „8 Септември“ до улицата „Ацо Шопов“.
Според
очекувањата на градските власти, сите решенија што веќе се предвидени
во Генералниот урбанистички план ќе го растоварат сообраќајот на повеќе
локации во градот. Сепак, додека не се изработат изведбените проекти,
со кои ќе се одговорат прашањата за финансиската конструкција и
евентуалните имотно-правни спорови на трасите на овие сообраќајници,
засега е неизвесно кои, кога и дали ќе се реализираат. Во Градот велат
дека е добро решенијата што ги предвидува ГУП да бидат испроектирани за
во иднина реализацијата да биде полесна и побрза. Трендот на
проектирање ќе продолжи и годинава, а некои од проектите што се
најавуваат подолго време треба да почнат и да се реализираат. http://utrinski.com.mk/?ItemID=6759C478AAC06E4C9C562AC207714DBE |
|
 |
46&2
Senior Member
Joined: 04-Jan-2008
Location: Куманово
Online Status: Offline
Posts: 347
|
Quote Reply
#2570 Posted: 10-Jan-2010 at 16:04 |
Еве Куманово е успешен пример за еднонасочен сообраќај. Пред неполна година го воведоа на скоро сите сообраќајници во централното подрачје и како и во К. Вода на почетокот имаше секави видови на егзибиции од возачите. Еден месец пред да се пушти одеше презентација со анимација на јавна телевизија за тоа кои улици се опфатени и во кои правец е дозволено да се вози. После тоа го воведоа еднонасочниот сообраќај и една недела практично на секоја раскрсница стоеше по еден полицаец за да предупреди или да опомене некој ако не почитува и љубезно да му објасни. После тоа следуваа солени казни за кои не знам дали до денес се пишуваат или веќе нема потреба за тоа.
Јас бев скептик на поќетокот кога разбрав дека се планира такво нешто во КУ, посебно заради менталитетот на граќаните ама сега мислам дека е полн погодок. Кога ќе имам слободно време ќе направам скица за тоа што како е регулирано, секако во соодветна нишка.
Значи ова ќе биде лекот и за во К. Вода само треба некој да го спроведе. Мислам дека ваков проект посебно треба да наиде на подршка од Скопјани.
Edited by 46&2 - 10-Jan-2010 at 16:05
|
 |
Baze
Senior Member
Joined: 08-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 409
|
Quote Reply
#2571 Posted: 10-Jan-2010 at 12:07 |
Додека Дебар Маалци бараат воведување на еднонасочен сообраќај, Кисело Водарци се откажуваат од еднонасочен сообраќај.
Па не ми е јасно зошто центар да прави таква инвестиција, се што треба е заедно со граѓаните од дебар маало да прошетаат низ овие улици на кислеа вода и одма ке се откажат од еднонасочен сообраќај. 
Се што требало се двајца полицајци на краевите на улиците и да видиш како ке се наполни буџетот, а со тоа ке имаме и пари за други проекти
Edited by Baze - 10-Jan-2010 at 12:14
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#2572 Posted: 10-Jan-2010 at 03:06 |
Возење во погрешна насока на еднонасочна улица е сериозен прекршок, како воопшто смеело да се дозволи ситуацијата да биде таква и како може да се нудат вакви „решенија“!? Каде е полицијата? Што е ова побогу, „див запад“ ли сме ние? Функционира ли оваа држава или владее анархија на секое поле?!?
Граѓаните не можат да се навикнат на еднонасочниот сообраќај во Кисела
Вода. Иако тој е воведен уште во 2006 година, до денес никако не може
да профункционира. |
Не дека не можат, туку не сакаат. Се почнува со разноразни каубојци, а полицијата никаде ја нема, и тоа го гледаат останатите граѓани, па и тие почнуваат така да се однесуваат и понатака се оди во бестрага... Кога во една држава нема ред и не функционираат никакви правила, тоа е резултатот (не само на сообраќајно поле)!
Очекуваме од Општината да ни достави проект, според кој ние ќе
процениме дали е оправдано да се враќа двонасочниот сообраќај или не.
Ако условите покажат дека тоа е потребно, ние ќе соработуваме и ќе
инвестираме", велат од Градот. |
Која црна инвестиција? Ќе ги извадите знаците и после и за ваква брука ќе се фалите дека било инвестиција?!? 
|
 |
Baze
Senior Member
Joined: 08-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 409
|
Quote Reply
#2573 Posted: 10-Jan-2010 at 02:23 |
-Возачите, без пардон, возат во спротивен правец и ги игнорираат сообраќајните знаци. Бидејќи улиците се тесни и на нив може да поминува само по една кола, тие секојдневно се блокирани од најмалку две коли кои налетуваат една на друга и не можат да се разминат.-
Испаѓа дека никогаш не вовеле еднонасочен сообраќај  А казните за кој украс се 
|
 |
Baze
Senior Member
Joined: 08-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 409
|
Quote Reply
#2574 Posted: 10-Jan-2010 at 02:20 |
ЗА ДА СЕ РЕШИ СООБРАЌАЈНИОТ ХАОСКисела Вода ќе го враќа двонасочниот сообраќајБидејќи улиците Иван Козарев, Вера Јоциќ и Сава Ковачевиќ се блокирани откако пред четири години станаа еднонасочни, Кисела Вода најави дека ќе го врати двонасочниот режим на возење Општина Кисела Вода ќе го враќа двонасочниот сообраќај на Иван Козарев, Вера Јоциќ и на Сава Ковачевиќ. Општината и годинава не планира да се откаже од иницијативата да се врати стариот режим на движење на возилата на улиците, оти еднонасочниот сообраќај кој Градот го воведе пред четири години, никој не го почитува и не функционира. Возачите, без пардон, возат во спротивен правец и ги игнорираат сообраќајните знаци. Бидејќи улиците се тесни и на нив може да поминува само по една кола, тие секојдневно се блокирани од најмалку две коли кои налетуваат една на друга и не можат да се разминат. Според општинарите, новиот режим место да го регулира сообраќајот, уште повеќе предизвикал хаос на тесните улици. "Граѓаните не можат да се навикнат на еднонасочниот сообраќај во Кисела Вода. Иако тој е воведен уште во 2006 година, до денес никако не може да профункционира. Улиците се блокирани од возила кои возат во спротивна насока, па се плашиме да не се случи трагедија. Ќе инсистираме кај градските власти да излезат во пресрет и да го вратат движењето на улиците во две насоки на што се навикнати жителите", велат од Општината. Барањето да се врати стариот двонасочен сообраќаен режим Кисела Вода го доставила до Градот уште пред две години, но во моментот го доработувала проектот кој треба да ја оправда нивната иницијатива. "Очекуваме од Општината да ни достави проект, според кој ние ќе процениме дали е оправдано да се враќа двонасочниот сообраќај или не. Ако условите покажат дека тоа е потребно, ние ќе соработуваме и ќе инвестираме", велат од Градот. (М.Ѓ.)
И ај најди Н.З.С сега 
Edited by Baze - 10-Jan-2010 at 02:42
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#2575 Posted: 08-Jan-2010 at 05:37 |
Еднонасочен сообраќај за Дебар Маало

Жителите од Дебар Маало бараат Општина Центар и Градот конечно да го спроведат она што го најавуваат со години и да воведат еднонасочно
движење на возилата по сервисните улици во оваа населба. Целта на
нивното барање е, како што велат, да може нормално да се движат по
улиците и по тротоарите, зашто моментно таму владее неподнослив метеж.
Откако
на неколку поголеми улици во Дебар Маало беше воведено зонското
паркирање, граѓаните ги паркираат автомобилите на тротоарите и на
коловозите во потесните улички, каде што е бесплатно, но и незаконско.
Секојдневната слика во оваа населба говори дека повеќето возачи немаат
волја за плаќање зонското паркирање.
- Најлесно им е автомобилот
да си го остават на тротоарите во тесните улици или на самите коловози.
Улиците и онака се тесни и не може да го поднесат овој метеж. Не може
да се разминат две возила на улица, а за нормално и безбедно движење на
пешаците може само да сонуваме. Возилата секојдневно се закрчени во
уличките поради големиот сообраќаен хаос што го создаваат посетителите
на кафулињата. Неретко се случуваат и жестоки караници поради инаетот
на возачите кој кого да пропушти - револтирано велат жителите од Дебар
Маало.
Од Градот објаснуваат дека проектот за зонско паркирање
во центарот на градот е поддржан со задолжително воведување еднонасочен
сообраќај по малите сервисни улички.
- Општина Центар треба да
изработи сообраќајна документација за детализирање на сообраќајната
структура за Дебар Маало 1 и Дебар Маало 2, како и за Буњаковец. По
изработката на неопходната документација, Секторот за сообраќај на Град
Скопје ќе ги изработи останатите документи за воведување на еднонасочен
сообраќај во Дебар Маало - изјавија од одделението за односи со
јавност.
Од Општина Центар пак велат дека до нив не била
доставена иницијатива за воведување еднонасочен сообраќај од жителите.
Но, и покрај тоа, како што велат, се подготвени да го решат метежот во
Дебар Маало заедно со Градот.
- Општина Центар е подготвена
стручно да ја разгледа таквата иницијатива и да предложи до Град Скопје
да се најде решение за сообраќајниот проблем во Дебар Маало и во
Буњаковец. Во општината постои желба за решавање на сообраќајниот метеж
во овие и во други населби, со цел да им излеземе во пресрет на
граѓаните - изјави портпаролот на Центар, Јовица Ацковски.
За
воведување еднонасочен сообраќај во овие населби локалните власти
зборуваат уште од 2004 година, од времето кога еднонасочно движење на
возилата беше воведено во уличките во Карпош 4. Општинските власти од
Центар и од Градот Скопје уште тогаш беа свесни дека е потребно
пренасочување на сообраќајот во центарот, за да се овозможи нормално
движење на возилата и на пешаците. Беше најавено дека еднонасочен ќе се
воведе на улиците Орце Николов, 29 Ноември и на улицата која води до
Владата. Интересно е и што во тоа време не се планираше сечење на
дрворедот на „Илинденска“ и нејзино проширување во делот од Владата до
фонтаната Лотосов цвет во паркот. Напротив, овој потег беше планирано
да остане ист, а на него да се воведе еднонасочен сообраќај.
Проширувањето на „Илинденска“ беше планирано да биде во делот од
фонтаната до булеварот Октомвриска револуција во Карпош 3.
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=B61E888F971B7F4095CA02F61B99D7AC |
Edited by Cloverstack - 08-Jan-2010 at 13:37
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#2576 Posted: 28-Dec-2009 at 15:38 |
СООБРАЌАЕН ХАОС КАЈ КРСТОСНИЦАТА ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ
Ѓорче ќе причека за кружен тек
Роза Петкова
Жителите
на Ѓорче Петров најмалку уште една година истовремено ќе возат во сите
четири правци на крстосницата кај црквата „Светите Петар и Павле“ затоа
што локалните власти допрва ќе го прават проектот за кружен тек. Со
изградбата на првата делница од булеварот Македонска војска, точката
каде што оваа сообраќајница се вкрстува со улиците Лука Геров,
Партизански одреди и 4 Јули стана критична затоа што секој вози како
што сака и без да ги почитува правилата за предност. Поради тоа,
жителите од општината побараа надлежните да постават семафор или да се
најде друго решение. Скопјани имаат проблем и на спротивниот крај на
Македонска војска, каде што таа се приклучува на улицата Ѓорче Петров.
И на таа точка, велат тие, се создава метеж затоа што нема семафори, па
возилата кои сакаат да се приклучат на главната општинска улица мора да
чекаат, исто како и тие што од Ѓорче Петров сакаат да се приклучат кон
Македонска војска. - На крстосницата кај црквата нема сообраќајни
знаци, ниту семафори, освен еден знак кој покажува дека калдрмената
улица, всушност, е главна улица и таа има предност, што некој кој не
живее во населбата нема ни да го забележи. Тоа ни го отежнува
движењето, а на местото се создава метеж бидејќи сите возила тргнуваат
истовремено, без да си дадат предност. Истото се случува и на
приклучокот на Македонска војска кон улицата Ѓорче Петров. Возачите се
нервозни и пцујат, па само со среќа се избегнуваат сообраќајни несреќи
- вели Теодора од Ѓорче Петров. Од пролетните најави на властите дека
ќе се прави кружен тек, сега на почетокот на зимата се уште нема
конкретна информација кога ќе почне изградбата. Општинарите од Ѓорче
Петров прво најавуваа дека ќе учествуваат во проектот, а сега велат
дека се ќе биде во надлежност на Градот. - Во општина Ѓорче Петров
кружен тек треба да се гради на две локации, на крстосниците кај
Македонска војска и кај „СП планет“. Проектите ги изработува Град
Скопје. Откако ќе се направат главните проекти, ќе се пресметаат
трошоците за изградба, а се планира таа да почне во 2010 година. Сите
трошоци ќе бидат на сметка на Градот и за изградбата и за проектирањето
затоа што тоа се градски улици - објасни Сокол Митровски, градоначалник
на Ѓорче Петров. Од Град Скопје велат дека работите се во тек, но не
даваат прецизен почеток на изградбата. - За крстосницата кај „СП
планет“ во тек е јавна набавка за изработка на изведбен проект, а за
крстосницата кај црквата направено е идејно решение и треба да се
распише јавна набавка за изведбен проект. По добивањето на проектите ќе
се распише тендер за изведувач и тогаш ќе се знаат точно цените на
изведбата и роковите за изградба на кружните крстосници - тврдат
надлежните. Улицата Македонска војска во 2010 година треба да продолжи
да се гради, на потегот од крстосницата со улицата Ѓорче Петров, покрај
стадионот на ФК „Македонија“, до кејот на Вардар. За таа намена во
градскиот буџет се издвоени 20 милиони денари.
http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1903&ArticleID=130049 |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#2577 Posted: 07-Dec-2009 at 01:26 |
Пат Визбегово - Шуто Оризари
Изградбата на првиот локален пат во Општина Бутел, кој ќе ги
поврзува населените места Визбегово и Шуто Оризари стартува денеска.
Должината на патот изнесува 1. 600 метри, а главната траса почнува кај
подвозникот на влезот во Визбегово и минува среде селото. Патот
продолжува покрај кампот за азиланти во Шуто Оризари во должина од 1.
200 метри. Оваа локална сообраќајница ќе има и крак од 400 метри, што
ќе се поврзе со главната траса на стариот Качанички пат, кај
бензинската пумпа на „Макпетрол“.
Од Бутел информираат дека
проектот за рехабилитација и реконструкција на локалната патна мрежа во
општината се реализира во соработка со Агенцијата за државни патишта.
http://utrinski.com.mk/?ItemID=F98C0140D8216C4B8432C51E00039696 |
|
 |
FoSsiL
Senior Member
Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
|
Quote Reply
#2578 Posted: 04-Dec-2009 at 15:10 |
Е така е лсл и јас така викам. досега ќе се изградеа многу големи работи да не се фаќавме на ситници, на крпење, на поправање, губење време, нерви, од еколошки аспект и се друго. многу поекономично ќе биде да направат нешто од почеток до крај отколку да импровизираат и да прават по делчиња. можеби се многу пари, ама кога ќе собереш за десет години глупости е многу поисплатливо, и подобро во секаков поглед. ако немаш пари штеди некое време и направи ја работа асално а не ќе ти дојдат пари, ќе ти отидат, тоа е многу логично. Е сега има и пари кои не се знае кај залутале ама па после ќе се прашуваме зошто се давиме, ама на некој тоа му одговара (зборам општо). А никој не се грижи за проблемите во градот, зашто нема што да се прави дека го интересира кога не го интересира...ццц...само за пари и што беше тоа 'трошење' пари за глупости, поготово за жолтите линии- пречките
Edited by FoSsiL - 04-Dec-2009 at 15:11
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#2579 Posted: 04-Dec-2009 at 14:38 |
Вака ми се мотаат низ глава размислувања, колку само ние како нација ќе штедиме диретно од пробивање нови сообраќајници како на пример бензин и амортизација на возила. До сега како нација имаме сто посто "извозено" неколку јужни булевара. А да не збориме дополнителни индиректни трошоци по здравјето и на човекот и на околината и парите за нивно санирање.
|
 |
FoSsiL
Senior Member
Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
|
Quote Reply
#2580 Posted: 04-Dec-2009 at 14:37 |
Originally posted by Andrej_LJ
Дечки еве го проектот (груб нацрт, следат сите детали околу ова кога ќе бидат готови) околу тоа што ќе го правам (Кловер и Пибенкс нешто знаат): Би го нарекол Премостување на центарот на Скопје во насока запад-исток.
Се работи за брза комуникација помеѓу сите западни квартови на градот, особено во најголемиот од нив, Карпош. Во најгусто населените квартови (Карпош 1-4 и Центар) предлагам бул. Партизански одреди да да се денивелира на раскрсниците со големите улици почнувајќи од Лептокарија и тоа на раскрсниците со: ул. кај Романска б-ца (незнам како се вика) и бул. 8ми Септември (еден тунел долг околу 500м) потоа со ул. Франклин Рузвелт (денивелација од околу макс 7-8 метри во должина од околу 200м. Главниот тунел (должина од околу 2 км) од раскрсницата на Партизанска со ул. Ленинова, под раск. со бул. Св. Климент Охридски, бул. ВМРО и натаму под Арабска куќа и пл. Македонија, по кеј 13 Ноември и излегување кај НБМ. Еве како тоа изгледа грубо:

Со зелено е делот на коловозите (2 ленти во насока, освен од Соборен Храм до НБМ, каде што има по 3 ленти во насока) кои се предвидени подземно односно тунел или денивелација. Со жолто се обележани коловозните ленти кои се надземни. Со плава е линијата на ЛРТ (подземна во деловите каде што е паралелна со зелената боја и надземна при палалелност со жолтата.) Со сини кругови станиците на ЛРТ (подземна станица кај Соборен Храм, пл. Македонија и ГТЦ). Со црвени коцки станиците на автобуската мрежа кои сообраќаат паралелно со коридоров. Со лилјакова се останатите улици кои го сечат коридоров.
|
Размислував деновиве воопшто онака некоја идеа да ми дојде во глава, како да се среди Партизанска. Андреј има еден пост кој е сличен на моите размислувања. Само што јас би ја спуштил цела Партизанска под земја а над неа надземен дел, дупло, и горе и доле. Доле по три ленти, горе по две па и три нека се, но поентата ми е доле да поминуваат автомобили, а горе автобуси, комбиња, трамвајот кога ќе го изградат. значи долниот дел би се споил со тунелот под плоштад, а ми искачал пред мостот обидинети нации, притоа пристап до сите странични улици и раскрсници, но во вид на клучки. премногу е амбициозно ама ете нека биде само како идеја п.с. ако се повторувам бришете зашто ова на Андреј го гледав одамна и не се потсетив ако има нешто исто
Edited by FoSsiL - 04-Dec-2009 at 14:42
|
 |