build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Културни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Спомен куќа на Мајка Тереза

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1112131415 23>
Poll Question: Оценка
Poll Choice Votes Poll Statistics
4 [5.41%]
1 [1.35%]
2 [2.70%]
3 [4.05%]
3 [4.05%]
6 [8.11%]
1 [1.35%]
7 [9.46%]
5 [6.76%]
42 [56.76%]
You can not vote in this poll
Total votes: 74   Average: 2.85

Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
BlacK View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 11-Sep-2008
Online Status: Offline
Posts: 95
  Quote BlacK Quote  Post ReplyReply #241 Posted: 30-Jan-2009 at 12:47
Kakov lik e samo Vangel.

Pa ja u osnovno imav pozrel pogled na arhitekturava kao disciplina.Ne mozem da zamislim kako samo dosol do vakvo resenie.Pa sedisteto na DUI u Recica ima pogolema logika od ova.


I samouvereno izjavue: "Вангел Божиновски се смета дека е наследник на македонската градителска школа, која е најстарата школа во Европа, а според него тоа се гледа на секоја педа во градбата на спомен-домот на Мајка Тереза. Тој вели дека во мешањето на стиловите и на материјалите е вештината на архитектот.

- Умешноста е како повеќе различни градежни материјали да се вклопат во една симфонија. Најдобар звук има еден симфониски оркестар, но него не го сочинуваат само труби. Без другите инструменти тој нема да остави таков впечаток и да има таков звук. Јас не се кријам зад етаблирани стилови, како моите колеги-архитекти."

Kakva crna simfonija ova e rastiman orkestar......abre  epa makedonce!!!
Back to Top
Б.Ѓ.Т View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 15-Nov-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 311
  Quote Б.Ѓ.Т Quote  Post ReplyReply #242 Posted: 30-Jan-2009 at 12:11

Спомен-куќа на Мајка Тереза во Скопје
МИА

30.01.2009 11:08
Куќата ќе биде храм на духовноста и ќе го раскажува животот на Мајка Тереза

 

Во центарот на Скопје денеска ќе биде осветена и отворена Спомен-куќата на хуманистката и нобеловка Мајка Тереза.

Подигната е на истото место каде што во минатото постоела католичката црква „Пресвето срце Исусово“, во која била крстена најпознатата скопјанка, родена како Гонџа Бојаџиу.

Изградбата на објектот траеше од мај минатата година. Финансирана е со два милиона евра од Владата и реализирана од Министерството за култура. Архитект е Вангел Божиновски, а изведувач на градежните работи ГП „Гранит“. Градбата зафаќа површина од 500 метри квадратни и уште толку се двор и миниплоштад, во кој ќе биде вклопена скулптурата на Мајка Тереза што пред неколку години ја изваја академик Томе Серафимовски.

Куќата ќе биде храм на духовноста и на посетителите и туристите ќе им го раскажува животот на Мајка Тереза, која во овој град го поминала детството, во куќата на Никола Бојаџиу на тогашната „Попкочина улица“. Ќе има функција на меморијален центар со сакрален и световен карактер - сала и изложбен дел и простор за миси и духовни чествувања.

Спомен-куќата ќе ја промовираат премиерот Никола Груевски, министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и бискупот скопски и апостолски егзарх во Македонија Киро Стојанов.

Како што соопшти Министерството за култура, специјално за настанот од Виена допатувал и духовниот татко на Мајка Тереза д-р Лео Маасбург, а ќе присуствува и архитектот од Ватикан Анџело Молфета, член на меѓународното жири за избор на идејното решение.

Изградбата на Спомен-куќата на Мајка Тереза е во рамки на 100 години од нејзиното раѓање, кои ќе бидат одбележани идната година.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=103721



Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #243 Posted: 30-Jan-2009 at 12:00
Шаренило од десетици симболики во спомен-домот на Мајка Тереза



Скопје
Радмила Заревска

Куќа на радост, која излегува од земјата, се поткрева, расте и го остварува детскиот сон на малата Мајка Тереза, а изразена преку богатото македонско градежништво. Вака архитектот Вангел Божиноски ја објаснува симболиката во изградбата на неговиот контроверзен објект, спомен-домот на Мајка Тереза на улицата Македонија, чиј необичен изглед предизвика голем број реакции во јавноста и меѓу неговите колеги. Целата приказна за возобновувањето на домот на Мајка Тереза со враќањето на нејзиниот дух во родниот град ќе биде прикажана денеска, со големата свеченост со која објектот ќе биде отворен.

ДЕТСКА ПЕРСПЕКТИВА СО ПРИКАЗНИ

Архитектот Божиновски вели дека целата куќа претставува една детска перспектива на Мајка Тереза, еден свет полн со приказни и возбудувања во кој таа живеела како малечка. Концептот на куќата е таа да не биде осветлена, туку да зрачи со светлина однатре и така да ја осветлува надворешноста на објектот. Куќата има подрум, приземје и два ката, а во внатрешноста на објектот, покрај изложбениот дел, придружните простории, како мултимедијален простор за камерни претстави, има простор и за изведување миси и духовни чествувања.

- Целата куќа се држи на столбови, кои се стилизирани и ги претставуваат нејзините мајка, татко, брат и сестра, а најголемиот столб го претставува нејзиниот татко. Самата конструкција е дел од приказната, дури и носечкиот столб, кој е направен од железо претставува испреплетување и движење на риби, кои го претставуваат Исус Христос, а птиците Светиот дух, што е христијанска симболика. Портата низ која се влегува е карактеристична за македонските куќи, таа е делкана за да изгледа како да добила оштетувања од долготрајната употреба. Се добива впечаток како статуата на Мајка Тереза на авторот Томе Серафимовски да оди кон портата, пред која има поставено два поголеми камења на кои жените можат да седнат и да го озборуваат шеталиштето - вели Божиновски.

Тој додава дека околу куќата има поставено мозаик од два типа камења, во форма на концентрични кругови, од кои едните одат од статуата кон внатрешноста, с? до бунарот, а другите од бунарот до статуата и сите се прелеваат како капка кога ќе падне во вода. И тој простор ќе се дополнува со нови содржини.

- До бунарот ќе се постави скулптура на деветгодишната Агнеса, која во раката ќе држи гулаб и ќе биде свртена кон големата статуа на Мајка Тереза. Кога ќе се погледне во бунарот ќе се видат златните рипки, кои значат остварување на детскиот сон. Понатаму, бунарот во долните простории за мали промоции ќе се трансформира во аквариум низ кој ќе зрачи дневна светлина, која ќе биде основно осветлување на подземните простории, кои ќе блескаат од многуте мозаични огледалца што ќе се прелеваат и ќе пренесуваат светлина едни на други. Тоа е симболика како детската психологија го перцепира подземниот свет во приказните. Влегувајќи во подземната просторија очекуваме темнина, а добиваме светлина, таму има треперење од самиот воздух, а тоа е таа возбуда како во приказните - објаснува Божиновски.

РАДОСНО ИЗДИГНУВАЊЕ НАГОРЕ

Според Божиновски, дури и прозорците на куќата го немаат традиционалниот сооднос на ширината спрема висината, туку одат до покривот и преку нив е изразено издигањето нагоре, а целата фасада е разлетана од птиците и симболизира радост. На горните катови се наоѓа молитвениот дел, кој е направен од железна конструкција направена од испреплетени птици и риби, од кои четири риби е еден гулаб и обратно, а во музејските и преостанатите канцелариски простории таваните се направени кога ќе погледнеш нагоре да се остава впечаток на возвишеност, на растење и блискост до небото.

Веднаш до куќата има амфитеатар, кој ќе служи за да се одржуваат претстави или разни дискусии, а можат да се сместат околу 400 луѓе.

Според Божиновски, задачата за изградба на оваа куќа била да се возобнови еден дом во кој Мајка Тереза живеела до својата 18 година, а мотивот бил нејзиниот животот, исполнет со исклучителни хуманости, со што тој преку оваа куќа овозможува да се врати нејзиниот дух во Скопје, во градот од каде што таа потекнува.

Спомен-домот зафаќа површина од 1.000 квадратни метри, од кои 500 квадрати е куќата околу која треба да се изградат плоштад и парк.

Градежните работи ги изведуваше фирмата „Гранит“, која беше избрана на тендер, се финансираат од буџетот на државата, а целиот проект го води Министерството за култура. Првичната идеја била куќата да се обнови на местото каде што се наоѓала, на плоштадот „Македонија“, но таму немало услови за да се изгради, а потоа било избрано платото пред Домот на АРМ, каде што во минатото се наоѓал католичкиот храм „Срце Исусово“, во кој Мајка Тереза била благословена да тргне во хуманитарните мисии низ светот.




Без коментар за спорниот конкурс

Божиновски не сака да ги коментира обвинувањата дека со речиси истиот проект победил на вториот конкурс за избор на идејно решение, откако на првиот, кој беше анонимен, неговото дело беше оценето како несоодветно, а за победник беше избрано тоа на Португалецот Жорге Манум.

- Идејното решение за објектот се вклопува во околината, а тоа и го покажав и на комисијата, која даде потврден одговор. На објектите зад објектот и до него, кои се градени во комунистички стил, се спротивставувам со традиционални орнаменти, а на зградата од спроти и се обраќам со почит, бидејќи има пасаж, како и спомен-домот. Целата куќа е огледало на плоштадот, сите нејзини четири страни се пресликуваат - додава Божиновски.
Тој смета дека бил единствен на конкурсот за избор на најдобро идејно решение, бидејќи предложил објектот сам да си ги заработува парите потребни за неговото одржување.




На критичарите да им се одземат дипломите

Вангел Божиновски се смета дека е наследник на македонската градителска школа, која е најстарата школа во Европа, а според него тоа се гледа на секоја педа во градбата на спомен-домот на Мајка Тереза. Тој вели дека во мешањето на стиловите и на материјалите е вештината на архитектот.

- Умешноста е како повеќе различни градежни материјали да се вклопат во една симфонија. Најдобар звук има еден симфониски оркестар, но него не го сочинуваат само труби. Без другите инструменти тој нема да остави таков впечаток и да има таков звук. Јас не се кријам зад етаблирани стилови, како моите колеги-архитекти. Никогаш не сум се нарекувал модернист или каков било -ист, а целата моја приказна за овој проект не можам да ја објаснам на моите колеги, бидејќи тие с? уште не го достигнале тоа ниво и не дошле до таа лекција. На тие критичари треба да им се одземат дипломите - објасни Божиновски.

За критиките околу тоа дека спомен-домот не го изразува скромниот живот на Мајка Тереза, Божиновски вели дека таа е скромна во нејзината надворешна појава, но за да ја видат луѓето нејзината богата духовност, препорачува да ја прочитаат нејзината песна „Живот“.

- Ова е духовен објект и мора да биде богат. Доста ни е од колиби од дрва и камења. Македонските градежници од секогаш правеле објекти што значат богатство на идеи, можности и радости - вели тој.

http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabID=2&fCat=1&EditionID=303&top=1&ArticleID=16844

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #244 Posted: 30-Jan-2009 at 02:55
Дефинитивно деновиве имаме засилена дискусија околу скулптурите и добро е што се отвара една зачмаена тема! Критиката е секогаш добредојдена (освен кога не е проценета како предавничка....)

Споменикот на Мисирков е кич

Не е проблем да се направи лоша скулптура на Мисирков, проблем е да се симне!

Мајка Тереза беше личност што ги врзува луѓето. За жал, светот се' уште не е способен вистински да ги разбере овие луѓе. Да можеше, светот не би бил ваков, вели скулпторот и академик Томе Серафимовски, кој повеќе години тематски ја обработува светата жена. Неговата бронзена скулптура поставена пред Домот на АРМ ќе стане дел од културниот комплекс посветен на Мајка Тереза. Спомен-домот посветен на големата хуманистка и нобеловска денеска ќе биде свечено отворен. Академик Серафимовски зборува за нејзиното дело, за своите дела, за повеќе актуелни теми.

* Скулптурата на Мајка Тереза пред неколку години беше откриена пред Домот на АРМ. Што Ве поттикна да ја изработите?

- Човекот како мотив е моја животна определба, за мене е почеток и крај. Мајка Тереза е еден синоним на човештво, благородност, духовност, на човек што му помага на светот и на луѓето. Никогаш во животот не сум ја сретнал Мајка Тереза. Не ја познавав. Но, за неа сум слушнал одамна, уште пред 45 години. Кога почина, јас и мојот пријател Трифун Костовски се договоривме да ја одбележиме годишнината од нејзината смрт. Решивме на Скопје да му подариме една скулптура, споменик на Мајка Тереза. Заедно ја работевме скулптурата - тој го плати материјалот, а јас се откажав од хонорар. Потоа дојде време да се одбележува 20-годишнина од збратимувањето на Скопје и Нирнберг. Тогашниот градоначалник, Ристо Пенов, ме праша дали е можно да излееме еден примерок од Мајка Тереза, да му го подариме на Нирнберг и да го одбележи?е јубилејот. Костовски и тогаш се согласи да ја плати бронзата, а јас пак се откажав од хонорарот. Тие две скулптури им ги подаривме на Скопје и на Нирнберг.

* Каква симболика има за Вас Мајка Тереза?

- Таа е личност што ги врзува луѓето. Кај нас се појави многу невкусна работа меѓу Македонците и Албанците. Мајка Тереза не е Македонка, туку е Албанка, таа не е ваша, туку е наша... Оваа идеја ниту ми е блиска како човек, ниту како филозофија, ниту е блиска на делото и личноста на Мајка Тереза. Таа треба да биде лигамент на спојување на луѓето, а не на нивна делба. Иако е родена во Скопје, денес таа е Мајка Тереза од Калкута. Цел живот таа им служела на луѓето во Калкута.

* Денеска свечено ќе биде отворен Спомен-домот на Мајка Тереза, кој со Вашата скулптура треба да прерасне во културен комплекс во центарот на Скопје. Сметате ли дека Македонија достојно го одбележува делото на Мајка Тереза?

- Порано имав идеја скулптура на Мајка Тереза да биде поставена на плоштадот Македонија, да биде висока десетина метри и да биде симбол на Скопје. Со тоа ќе станевме препознатливи во светот и Мајка Тереза ќе го добиеше своето вистинско име. Спомен-домот, овој проект и објект може да го задоволи окото на обичниот граѓанин. Но, јас сум скулптор со изострен архитектонски вкус. Многу е опасно и ризично да се мешаат традиционалните стари и новите материјали во архитектурата. Среде Лувр, објект од 18 век, е поставена пирамида од стакло. Французите 60 години размислуваа како да ја постават. Спомен-куќата на Мајка Тереза ја направија за нецела година. Тоа значи дека ние сме добри градители, работиме се' преку ноќ.

Но, има судир на многу материјали. Нека ми простат архитектите ако грешам, но тие материјали се неинтегрални, не виреат еден со друг, си пречат. На пример горниот дел е целиот од стакло, кое не е дефинирано. Не е чисто стакло, ниту е витраж. Под стаклото има еден многу стар наш, рустичен камен, кој е доминантен. Има и неколку добри детали. Објектот може да се спаси со одредени интервенции, но архитектот треба да има доблест да прифати дека скулптурата, архитектурата се колективни работи. Не е доволно скулптурата само мене да ми се допаѓа, таа треба да им се допадне и на луѓето. 


http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=46CDD1C992F2EC46BBB4AC3D94F8D76B



Edited by lslcrew - 30-Jan-2009 at 03:14
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #245 Posted: 30-Jan-2009 at 02:24
Ауууфффф од кај да почнам?! Се осеќам како кога ќе влезам у подрум! Се рафрлано, штрчи некој стар телевизор, кутија скапала од влага и незнаеш што попрво да изнесеш! Од кај почнам да плука, од каде да почанм со дигитално фрлање јајца по објектов?!

У целиов ассурд има една позитивна работа која очекувам дека ќе се оствари! Очигледно веќе Вангел се дискредитираше у својата струка и во догледно време нема да добие поправен! ПАрадоксално е да речам дај боже во ситуацијава, поради намената на објектот, ама истово што го очекувам од кариерата на Вангел го очекувам и од навиката на бладава да се меша у урбанизмот!

Јајцата се добра идеја! Сам не би се ставил на ветрометот на институциите! Кажете термин, па да се собереме! Нормално и со тв екипа, а верувам ќе има таква која на драго срце ќе присуствува! Анонимно јајце у некој ќош ризикува да биде прогласено за случајно!
Back to Top
ArchiTechTone View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2009
Online Status: Offline
Posts: 280
  Quote ArchiTechTone Quote  Post ReplyReply #246 Posted: 30-Jan-2009 at 02:15
Originally posted by beTon

ајде еве една изместена дигресија кој ќе крене глава за нешто да промени, студентите кој се заглавени во некој свој филм па или немаат време за општествените збиднувања или пак се рамнодушни кон било каква појава, што е резултат на заситеноста од бомбардирањето со информации и страсти, или обичните луѓе кои се претежно апатични во многу случаи заради неостварените амбиции да живеаат богат и комфорен живот каков се нуди на секој чекор кој можат да си го дозволат само ако живејат под кирија односно доколку се задолжат и наследството го стават под хипотека.


Штета што ова не е доволна причина за изразување на револт, ете не морада биде револт против урбаната мафија, туку чисто револт. Ако не не убие, тогаш апатијата што моментално владее, сигурно неповратно ќе не осакати...

Апсолутно се слагам со Cloverslack, имаше добри критики и пред да се изгради објектов, но тоа кај нас очигледно ништо не менува. Има критики и за многу работи, но сепак Малиот Ринг се претвора во градилиште(иако ова не важи само за Скопје).

Инаку имаше реакција и за објектот на Вангел(не знам дали стигна до медиумите) ама знам дека се случи, беше симболична, ама се реализираше... И не треба да се очекува дека некој трет ќе потегне било каква реакција.. Кога архитектите, како професионално засегнати, не реагираат, тогаш што да се очекува од останатите луѓе? Исто како архитектите да иницираат протест за земјоделците... Може да се даде поддршка но иницијативата за таков протест излага од домените на делувањето на архитектот.

Но од лично искуство знам дека сите конструктивни муабети што се водат по форуми и блогови остануваат таму. Илузорно е да се мисли дека премиерот или било кое релевантно лице по однос на градот се замара со мислења на форуми.

Дебатите се начин на кој може да се едуцираат луѓе за ДУПови, ГУПови, плоштади и улици... Имаше извесен број на дебати организирани во “Точка“ на различни теми. Инспирирани од тоа, веќе извесно време се договараме со другар(правник) за организирање на дебата за национал-романтизмот кој владее во просторното артикулирање на сегашната власт. Овде на форумов има еден куп луѓе што се упатени да презентираат мислења на таа тема, но и на мал миљон други теми што го засегаат градот.

Инаку, дали сте размислувале, Build да прерасне во НВО? Или да се создаде невладина, која ќе ги застапува граѓаните кои им е преку глава од случувањата во градот? Организација која ќе дава официјални соопштенија и реакции за сите глупости? Евентуално организирање на прес-конференции и обраќања до медиуми... Можеби е преамбициозно но методите на делување против урбаниот хаос ме опседнуваат изминатиов период....

Се извинувам за сериозниот офтопик, можда треба нова нишка да се направи...
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #247 Posted: 30-Jan-2009 at 02:00

налет аутите мислам има една добра работа кај овој проект, а тоа е  теоретски интересната вечерна илуминација, заради која мислам дека објектов бар навечер ќе изгледа поспектакуларно, нешто налик водената коцка во пекинг LOL незнам само дали треба да имаме сега тука до неа парк или  слични објекти со оглед дека е предвидено  на тој простор згради. 



Edited by beTon - 30-Jan-2009 at 03:20
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #248 Posted: 30-Jan-2009 at 01:36
Originally posted by La Linea

Најмалку од се очекувам да се собере критична маса која ќе протесира околу упади во урбанизмот бидејќи 90% немаат слушнато за ГУП, ДУП, тунели под плоштади, ниту пак ги интересира што се случува

Во равенката треба да ги вклучиш архитектите, особено студентите. Иницијативата нормално е да потекне од таму.

А за остатокот од постот што се однесува на општата летаргија и изместените и непостоечките вредности, токму тоа ми беше поентата - ја признавам таквата моментална ситуација, ама еве ова што ни се случува е голема провокација конечно работите да се сменат. Во отсуство на провокација нема ни теоретска можност нешто да се смени на тоа поле.


Edited by Cloverstack - 30-Jan-2009 at 01:37
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #249 Posted: 30-Jan-2009 at 01:25
Кловер размислував околу тоа што го кажа и долго време сум размислувал пред тоа. Лудост е да мислиш дека ќе собереш група поголема од 30 млади да протестираат покрај тебе, земајќи го во предвид менталитетот кој што е засаден кај младите, особено кај студентите. Никој од нас не бил сведок на студентски протести, ниту пак знае за местото на студентот во општеството. Тоа единствено може да се смени постепено ако некоја група ја демонстрира моќта на протестот и активизмот.

    Најмалку од се очекувам да се собере критична маса која ќе протесира околу упади во урбанизмот бидејќи 90% немаат слушнато за ГУП, ДУП, тунели под плоштади, ниту пак ги интересира што се случува. Сите имаат едно нешто зацртано во главата:

- „Кога ќе пораснам сакам да бидам дијаспора.“

Ова го тврдам, бидејќи ја користам секоја прилика да најдам истомисленик, но досега најдов само телиња.

Mојата идеја сега за сега е едноставна: со 2 табли јајца да испратиме јасна порака дека не секој спие и дека јавноста знае да преточи зборови во дела, макар биле протеински проектили. 
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #250 Posted: 30-Jan-2009 at 01:22
Originally posted by beTon

и на крај единствено нема да се сложам околу муабетот со Црквата на плоштад бидејќи се работи за крајно функционален објект кој далеку од тоа дека ќе изгледа закрпен на ваков начин

Ах бетон, бетон, шегаџијо... Додуша знам дека не се шегуваш, ама нема да коментирам затоа што не е вистинското место.
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #251 Posted: 30-Jan-2009 at 01:10

види дека некој ќе се крене тоа не верувам, кај нас млекарите што се директно засегнати од материјален аспект па едвај се организираат да излезат на протест, а не па некој друг!

ајде еве една изместена дигресија кој ќе крене глава за нешто да промени, студентите кој се заглавени во некој свој филм па или немаат време за општествените збиднувања или пак се рамнодушни кон било каква појава, што е резултат на заситеноста од бомбардирањето со информации и страсти, или обичните луѓе кои се претежно апатични во многу случаи заради неостварените амбиции да живеаат богат и комфорен живот каков се нуди на секој чекор кој можат да си го дозволат само ако живејат под кирија односно доколку се задолжат и наследството го стават под хипотека.

значи оваа општествена хипокризија не дозволува јавните дебати да прераснат во силен фактор кој ќе натера некого бар на компромис ако ништо друго, мислев дека конечно ќе ја пребродиме транзицијата, но сега веќе контам дека крајот е исто толку возбудлив како и почетокот!

и на крај единствено нема да се сложам околу муабетот со Црквата на плоштад бидејќи се работи за крајно функционален објект кој далеку од тоа дека ќе изгледа закрпен на ваков начин, попрво можеби би ми пречело спроти Христијански храм евнтуално да има споменик на некој херој како што е најавата за Ацето но тоа е тоа imposible city ќе треба да се потрудиме од оваа премиса да направиме доволно добра туристичка приказна!LOL

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #252 Posted: 30-Jan-2009 at 00:42

Текстот е одлична сублимација на многу работи што не се во ред со оваа гадотија. Но и до сега не е баш дека иемавме недостаток на квалитетни критики... Проблемот е на друго место.

До кога работата наједноставно ќе се сведува на „кучињата лајат, караванот си врви„?

Ако веќе вербалната критика целосно и потсмешливо се игнорира од актуелнава багра олицетворена во Вангел Божиновски, тогаш очигледно треба да се примени пожесток отпор. Инаку ќе ни останат само жалопојки засекогаш.

Еве се најавува вистинско сакатење на градов кое дури допрва следува, а во споредба со тоа спомен куќава е маргинален случај.
Дали ќе останеме само на жалопојки кога на пример ќе се удрат темели на црквата на плоштад или музејот на архитектура?
Каде е вистинскиот отпор? Па барем едни протести да се организираат, барем по некој камен да летне како одговор на насилието кое ни е наметнато. Треба конечно да се разбудиме и да сватиме дека кога се има работа со силеџии, бескрајните дебати нема ништо да ни донесат - можат само да ја зацементираат целата пракса која се воспостави. Мора да се обединат сите сили и да се применат поинакви методи за да се застане на патот на ова што ни се случува. За жал неопходна е радикализација на отпорот (можеби досегашново не ни треба да го нарекувам отпор, повеќе очаен и задоцнет крик). А мора да бидеме и свесни дека изгледа ќе мора да паднат и „жртви“ во тој отпор (се разбира симболично), затоа што планерите на оваа деструктивна офанзива врз центарот на Скопје се прилично осоколени, размислувањето им е тоталитарно, а ставовите зацементирани.
Но кога веќе еднаш македонската младина ќе се мобилизира околу некаква благородна цел? Очајно е зачмаена, а еве баш идеална прилика да се избави од калта во која е длабоко заглавена и да остави трага во своето време. Ако сега не е надминат прагот за реакција, тогаш навистина не знам дали тој праг воопшто постои...

А „спомен куќава“, за разлика од најавените идни архитектонско-урбанистички мутанти е веќе готова работа (освен доколку како општество во иднина не смогнеме сила и свест за да се справиме со нејзе на единствениот начин на кој што прилега за вакво чудовиште - рушење).
Но конкретно во однос на „спомен куќава“ ќе ми биде мило и ако барем (во склад на она што и претходно го напишав) од сето ова што ни се случува се изроди некаква урбана герила која ќе го искаже мислењето за овој објект во најмала мерка со јајца и графити на пример.


Edited by Cloverstack - 30-Jan-2009 at 04:09
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #253 Posted: 30-Jan-2009 at 00:40

интересно конечно добра анализа која јасно досега и не беше возможна, ова сега вака можеби некаде и некако ќе личеше пример како проект во градски парк може, но не и тука во ова опкружување, реално премногу надреален проект што е поблиску до некаква симбиоза од футуристичките протестански  храмови и теоретски заради каменот и еркерите изворната македонска архитектура, но наполно комбинација која нема ни најмалку да го отслика споменот за мајка Тереза, каков што би сакала  самата таа или што би потсеќал на неа.

оваа фантастична размисла за цементирање на нечиј архитектонски сон навистина се вклопува во досегашната перцепција што ја имам за СК како град на неверојатности, комотно може да стават табла пред влезот на градот со наслов "welcome to the imposible city!"  навистина уникатна приказна има скопје од неолит па се до денешниов футуризам, можеби фали уште да ги обоиме тротоарите и фасадите во шарени  и фосфоресцентни бои...

Back to Top
Б.Ѓ.Т View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 15-Nov-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 311
  Quote Б.Ѓ.Т Quote  Post ReplyReply #254 Posted: 30-Jan-2009 at 00:01
Го прочитав текстот и мислам дека нема што да се додаде а и нешто више и е многу пати казувано на форумов.јас само си одвоив некој делчиња што се кратки а доста казуваатBig%20smile

Ќе треба да помине подолго време за овој објект, барем на ниво на „краток парадокс“, да може да се смести во нашето доживување и нашите навики.


Пред се', погрешен е амбијентот во кој е поставен објектот. Тој едноставно не кореспондира со околината, поради што не може да ги презентира своите атрибути и како таков, ќе остане осамен и отфрлен од истата околина. „Спомен куќата“ на Мајка Тереза рефлектира се' кон својата околина, само не на духовноста на личноста на која е посветена. Градбата требаше да биде дел од еден амбијент. Кога ќе поминете покрај неа, истата ви асоцира на се', само не на „Спомен куќа“.


Метафорично речено, ова ми личи на градење на дворецот на Трнорушка за нејзиниот продолжен и длабок петстогодишен сон.
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #255 Posted: 29-Jan-2009 at 23:36
Најдобрите критики споени во еден текст. Кој има време нека прочита и нека искоментира.

МАЈКА ТЕРЕЗА КАКО БАРБИКА

Провинцијализирање на светските дострели на луѓето од Македонија

пишува: Дејан Буѓевац

.bugevac@globusmagazin.com.mk">d.bugevac@globusmagazin.com.mk

Зачуденост, збунетост, неверување, и прашањето/констатацијата „што е пак сега ова“, се најчестите реакции на граѓаните кои секојдневно се движат покрај завршениот спомен-дом на најпознатата скопјанка во светот, хуманистката мајка Тереза, „насаден“ пред Домот на АРМ.

Инаку пред десетина дена, во Скопје на пропатување беа дојдени неколку историчари на уметност и урбанисти планери од Љубљана и Загреб. Нивната патувачка дестинација беше Солун, кадешто од 13 до 17 јануари бил организиран семинар посветен на критичката архитектура, на тема „Архитектурата како субјект на отпор.

Секој пат, кога ќе поминевме покрај објектот на спомен-куќата „Мајка Тереза - дело на архитектите Вангел Божиновски и Слободан Арсовски, нивните лични коментари завршуваа со зборовите „Не ми се верува“ и „Добро, зарем немавте јавни дебати околу целава работа, граѓански иницијативи... ?!“.

Што можев да им одговорам, освен тоа, дека кај нас има само ТВ молитви, а не ТВ дебати, како што би рекла ликовната критичарка, Лилјана Неделковска. Секако, им ги споменав острите критики во јавноста упатени на сметка на ова идејно решение, особено од страна на професори и студенти од Архитектонскиот факултет. Дека била распишана и Интернет-петиција. Но, очигледно сето тоа, не било доволно.

Да се вратиме на самиот објект кој, според планот на организаторите, треба на 30 јануари да доживее свечено отворање и промоција.

Кои се тие архитектонски белези на ова здание, коишто предизвикаа, и се уште предизвикуваат вознемирувачки критички осврти и остри јавни коментари, заради што, најверојатно објектот и во иднина за многумина ќе претставува „непристоен естетски предлог во самиот центар на Скопје?

Да ги споменеме само оние елементи коишто се најочигледни. 

АРХИТЕКТОНСКИ СУПЕРСТАР Пред се', целосна неусогласеност на објектот со темата на проектот, и она што тој треба да го изрази. Ако мајка Тереза целиот свој живот го посветила на аскетското доживување на светот, ако како мисионерка на љубовта и милосрдието, инсистирала на сиромаштијата и послушноста како на свое достоинство и единствен духовен раскош, ако целиот свет ја познава како „Светица на бедниците“, тогаш во што е поентата авторите на проектот да креираат еден ваков бизарен и набилдан архитектонски објект кој може да се однесува на се' што ќе посакате во вашите лични фантазии, а само не на причината и личноста заради кој истиот е подигнат. Зошто на мајка Тереза и' се наметнуваат мноштво на локални, национални, религиозни, глобални идентификации и знакови, кога целиот нејзин идентитет можеме да го собереме во еден стих од Васко Попа од 1953 година: „... да ти подигнам шатор од своите дланки“.

Ако се прочита дел од нејзините говори, изјави, молитви, интервјуа, ќе се забележи дека целиот нејзин национален, религиозен, политички и естетски идентитет се состоел од силната (не)возможна универзална љубов кон ближниот, кон беспомошниот, отфрлениот, а се' заради нејзиниот силен копнеж за Бога. Една тотална и посветена нереципрочна љубов за Другиот...

Инаку, во едно свое писмо од 1956 година, оваа монахиња посветена на сиромашните и болните луѓе, запишала „Таков длабок копнеж за Бога - а... одбиен, празен, без вера, без љубов... “. Дали и самата мајка Тереза имала сомнеж во Бога?!. Според сестрата Нирмала, мајка Тереза никогаш не се посомневала во љубовта на Бога, туку дека „таа ‘страдала’ од преголемата љубов кон Бога, и дека таа на себеси ја имала „таинствената радост којашто доаѓа само со потполна предаденост на Бога“. Нејзиниот копнеж за Бога бил толку голем, толку чист и ослободен од секоја материјалност, што единствено што и останало, било уште повеќе да страда за божјата љубов“.

Тогаш, од каде таквата желба од страна на авторите на спомен-куќата, од личноста и делото на мајка Тереза да креираат една архитектонска Барбика, една блескаво флуоресцентна атракција од земјата на чудата. „Shining Super Star“. Зошто и најпознатата скопјанка во светот мора да се доживува од нашето „тука“, од своето затворено, а во исто време и грабливо провинцијално доживување на културата на живеењето. Толку ли е тешко, нечии дела, кои во светот се препознаени како исклучителни, и како заедничко богатство на целото човештво, да бидат оставени на мира во нивната универзална припадност/ослободеност.

Дали нејзиното материјално одрекување и таквата духовна верба не биле доволно инспиративни за авторите, па решението го пронашле во „нашите претстави“ за „нашата“ мајка Тереза.

Или, можеби, после свеченото отворање на спомен-куќата, се очекува масовен туристички напад од странство, па не би било многу пристојно и фино како домаќини да ги дочекаме гостите во некаков си „скромен“ спомен-дом. Можеби затоа, и било неминовно да се проектира една сосема нова, „поубава“, поинаква и попривлечна биографија...

Или е во прашање можност/начин да се манифестира естетскиот стил/вкус на владеачката класа и нејзината бирократија.



ИНТЕРПОЛАЦИЈА Друг белег со кој, оваа новоизградена структура го иритира како професионалното, така и граѓанското око е локацијатата, којашто е избрана за подигнување на домот во спомен на мајка Тереза. Целиот околен урбан пејсаж, самата димензија на „културата на живеење“ во овој дел од градот, но и Скопје во целост.

Сосема е јасно дека авторите сметале на екцес приказна. Во тоа нема ништо лошо, напротив. Кај нас е се толку нормализирачки изместено и вулгарно, да еден контекстуален екцес е нешто што во целост ни недостасува во било која општествена форма на живеењето.

Но во случајов со спомен-куќата, овде најмалку имаме работа за успешен архитектонско-урбан екцес. Ние овде имаме однос со наметната и груба интерполација во самиот постоечки простор, затоа што архитектите своето дело го решавале повеќе како симболичко-архитектонски, а помалку како урбанистички проблем.

Успешна интеполација значи вистински одраз на едно квалитетно и сензибилизирано време во коешто се случува истата. Затоа кај нас се ретки квалитетни интерполации... Едноставно, за да се случи квалитетно архитектонско-урбанистичко вметнување на новоизградена структура меѓу веќе постоечките градби, и нивно ново поврзување/отворање, потребно е архитектурата да настапува како заштитник на јавниот интерес, а внатре во самите граници на парцелата на која се гради истата, да реализира прогресивни и трансформативни поместувања, кои истовремено се и тактички определени за физиономијата на градот.

Токму во таквата трансформативна идеја на архитектурата се наоѓа и нејзиниот потенцијал: како постоечката даденост на градбите, во взаемност со новите објекти, да се преведат во едно оптимално и еластично тело, и на тој начин, градот да го задржи својот јавен карактер во физичка и симболичка смисла.

За врвна интерполација не постојат урбани табуа, нема свети крави од градските блокови, нема ултимативни заштити и забрани во име на историски и стилски факти, хронологии и слично.

Во нашиот случај со спомен-домот на мајка Тереза, клучното промашување се состои во неорганското сфаќање на определениот градски контекст, во фактот што тука нагласката е ставена врз самата спомен-куќа - а не врз урбаното ткиво што го поврзува овој објект со останатите. Тука се оди од личното-внатре кон надвор, а не обратно.

Во прашање е еден освојувачки пристап во однос на постоечкиот урбан контекстуализам, каков и да е. Спомен-домот, како нова градба, ниту се вклопува во урбаниот пејсаж, ниту го проширува, ниту го ревитализира, ниту е во состојба да влезе во меѓусебна игра и социјална интеракција со околните константи какви што се улицата „Македонија, „Домот на АРМ, зеленилото со исечените дрва, врската плоштад - градски Музеј...

На еден начин, исчезна основната радост на ова парче од скопскиот урбанитет - просторот пред Домот на АРМ како можна отворена „културна сцена“.

Едноставно, овој архитектонски факт веќе не им припаѓа на сите граѓани и граѓанки. Одвоен е од идејата за допринос на колективното, колку и да звучи бесмислено и патетично. Имаме само збунетост и вознемиреност од „насадениот“ објект, кој сега до крајност е набиен во себеси како спектакуларно самодоволно средиште, и тешко дека било што во иднина ќе може да го помести. Во прашање е објект, доволен како цел сама за себе.

Имаме работа со едно тотално архитектонско дело што се доближува до тоталитарност.

Ќе треба да помине подолго време за овој објект, барем на ниво на „краток парадокс“, да може да се смести во нашето доживување и нашите навики. 

„ПЛУРАЛИЗАМ“ НА АСОЦИЈАЦИИ Од друга страна, бесмислени се и оние критики и пишувања, кои во овој спомен-дом посветен на мајка Тереза гледаат комплексност од разни стилови, контрадикторност и противречност. Би било крајно пријатно за гледачот/минувачот да ги содржи овие современи квалитети во нивната креативна и возбудлива плуралистичка игра. Наместо тоа, ние тука имаме еден чист, несреќно хибриден „плурализам, составен од некаков си „радикален“ традиционализам, но без суштинската (само)иронија, еден „наметлив фолклоризам“ (М. Бакалчев), едно несензибилно наративно оживување на некаква си претстава за „старата македонска куќа“. Неверојатни експлицитни аналогии, содржини, форми, фигури. Една несфатлива простодушност...

Исто така, имаме архитектонска хибридна мешавина, а од друга страна, во ниеден момент не може да се види богатата двосмисленост типична за фрагментарниот архитектонски плурализам. Нема нијанси кои би се однесувале на некаква си комплексност, противречност, поливалентност сугестивност, разнообразност, повеќезначност... Нема ништо комплицирано, се' е некако „складно“ во својата несводливост, и „хармонично“ во своето неслоевито постоење. Нема потреба од било какви контрадикторни синтагми како што се на пример, „нескладно единство“, „дисхармонична целина“...

Тука парадоксот е на сосема друго ниво. Тој води кон осиромашување на многузначноста на самиот архитектонски јазик.

КАМЕН-ТЕМЕЛНИК Едно е сигурно, овој најнов архитектонски проект, вреден неколку милиони евра, во иднина ќе претставува студиски камен-темелник за следните генерации архитекти, и ќе биде изучуван како нешто навистина единствен и редок настан во нашиот „современ“ архитектонски урбанизам.

Мила Искреновиќ, урбанист планер

Објектот е огледало на нашето време

Пред се', погрешен е амбијентот во кој е поставен објектот. Тој едноставно не кореспондира со околината, поради што не може да ги презентира своите атрибути и како таков, ќе остане осамен и отфрлен од истата околина. „Спомен куќата“ на Мајка Тереза рефлектира се' кон својата околина, само не на духовноста на личноста на која е посветена. Градбата требаше да биде дел од еден амбијент. Кога ќе поминете покрај неа, истата ви асоцира на се', само не на „Спомен куќа“.

Едноставно, плоштадот пред Домот на АРМ не е случајно проектиран. Овој простор можеби несоодветно се одржуваше, но претставуваше предворје за еден културен центар. Се работи за една мала „пијацета“, кадешто се одржуваа разни културни манифестации. „Спомен куќата“ му се наметна на просторот, и му ја одзеде основната функција - „културна сцена на отворено“.

При планирање на просторот, урбанистот секогаш раскажува некоја приказна која на крај треба да доживее кулминација. Со новиот објект, на улицата „Македонија“ ја снема приказната, или музички кажано, од очекуваната композиција го добивме само штимањето на инструментите.

Коментарите се потребни пред нешто да се изгради. Во историјата, градбите се одраз на едно време. Сметам, дека оваа градба е најубавото огледало на нашето време. Очигледно е дека не е битно што вели стручната јавност. Добро е што има вакви градби бидејќи нашите идни генерации, никој нема да ги оптовари со медиумски пропаганди, туку, тие како независни луѓе ќе ги гледаат нашите зданија, ќе се гордеат со нив, ќе се чудат а, можеби и ќе се срамат. Наша среќа е што нема да бидеме живи.

Лиле Неделковска, ликовен критичар, Член на АИКА Македонија

Спомен куќа - објект што вознемирува

Во целиот овој градителски поход во Скопје, кој има за цел да го освои минатото (а ниедно освојување, така барем било досега, дури и да е културно, не се врши без насилство, без терор), новата спомен-куќа за Мајка Тереза е само уште една градба којашто партиципира во ирационалното освојување на градското јадро. Парадоксот е дека за година две, сите ние ќе си се навикнеме на оваа градба, како што се “навикнавме” на сенишното присуство на крстот на Водно.

Ако скромноста, пожртвуваноста на една личност каква што била Мајка Тереза, се означува со еклектичка прекумерност, со прекумерноста во користењето на украси и симболи, тогаш тука, ние имаме работа со она што Жижек го означува како „краток спој на сите нивоа“. Невозможно е она што ја симболизира Мајка Тереза да дејствува на исто ниво, на коешто дејствува визијата на оваа градба. Целава работа води во еден комплетен ќор-сокак.

Во овој објект, нема што да ви се допадне, може само да ве вознемири. А вознемирува вишокот на егзистенцијата на оваа градба над нејзината репрезентација.

Исто така, откога го преуредија плоштадот, околните улици, мостот, веќе ништо не е во сооднос со ништо. Се' е изместено, она што имаше своја смисла, што функционираше како центар, сега функционира како некаков си широк сокак, или како некаков си “градско-маалски” двор во којшто сега секој може да си прави своја приказна.

Проблемот е во немањето модел на јавна расправа, на демократска процедура на дебатирање и конфронтирање на мислења и ставови. Наместо ТВ дебати, ние имаме ТВ молитви.

Зоран Петровски, историчар на уметност, Член на АИКА Македонија

Невкусна псевдо-архитектура

Читам и слушам деновиве некои коментари во весниците и во разговорите, кои иако со потсмев, сепак неоправдано го спомнуваат постмодернизмот во врска со оваа новокомпонирана градба. За жал, за мене тоа е само една невкусна и неука псевдо-архитектура, којашто нема врска со никаков „изам“, и со никакви други кретивни или културни параметри врз основа на кои би можел да се поведе било каков смислен дијалог. Јасно, суштината на проблемот не е во тој чудовишен хибрид, туку во прашањето зошто и како овој проект се прифатил за таа репрезентативна локација, и какви се пораките за степенот на свеста и знаењето на едно општество што сака да се репрезентира со вакви зданија? Метафорично речено, ова ми личи на градење на дворецот на Трнорушка за нејзиниот продолжен и длабок петстогодишен сон.

Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #256 Posted: 29-Jan-2009 at 20:44
Боже која перверзија е овој проект! Кај и да погледнам гледам само неспоиви работи!

Во мојте очи целосно ги „оправда очекувањата“ дека ќе испадне нешто крајно несоодветно, и дури и само по себе крајно одвратно.
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #257 Posted: 29-Jan-2009 at 19:49
Колку што разбрав отварањето е во сабота во 13 часот.

Иначе, оној стаклениот дел од куќава што се гледа убаво на третата слика сам по себе изгледа одлично. Не знам како некој што можел да го смисли тоа нешто на крај направил нешто волку грозно.
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #258 Posted: 29-Jan-2009 at 19:24
МИА фото






Ова американците го викаат visual polution!
Back to Top
Б.Ѓ.Т View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 15-Nov-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 311
  Quote Б.Ѓ.Т Quote  Post ReplyReply #259 Posted: 28-Jan-2009 at 15:00
абе куќава е интересна ама да слузи како што кажа гитардемон за рекламаBig%20smile 
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #260 Posted: 28-Jan-2009 at 14:28
Kуќата е добра ако е изградена како реклама на некоја фирма за градежни материјали, да се види каков cè асортиман нудат. И тоа баш многу добра би била... Ама да ја промовира Мајка Тереза? Тоа е како Airbus A380 да е создаден за да го промовира Далај Лама... Куќата е симболична целата...
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1112131415 23>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.395 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.