build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Индустриски
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Рудници и рудни богатства

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 111213
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #241 Posted: 30-Apr-2009 at 21:03
Еве ја веста






28.04.2009 17:18
440 килограми руда која планирале да ја изнесат од земјава

 

Слободни се. Вака гласеше пресудата за четворицата Германци и двајцата Унгарци кои завчера граничната полиција ги фати како на диво копаат руда на напуштениот рудник „Алшар“.

Кавадаречкиот суд денеска не најде вина кај нив, откако полицијата им поднесе прекршочни пријави, оти вршеле геолошки испитувања без дозвола.

Судот им ги врати личните работи и документите, но не и 440 килограми руда, која планирале да ја изнесат од земјава.

Странците денеска за Студио 2 се претставија како научници кои патуваат низ светот, истражувајќи минерали.

За нив е несфатливо зошто во Македонија им било забрането да истражуваат, оти минералите ги ископувале за научни, а не за економски цели.

Рајлендер

 

„Во ниедна друга земја во светот не е потребна било каква дозвола , освен во земји како Северна Кореја на пример.

Тоа е главната причина зошто ни се случи ова. Неможевме ни да замислиме дека некој ќе ни побара таква дозвола“, изјави Рајлендер, еден од приведените.

Повеќе од прилогот погледнете во видеото.




Edited by гитардемон - 30-Apr-2009 at 21:05
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #242 Posted: 30-Apr-2009 at 21:01
Ми промакнало ова, дечки пуштете линк да се информирам за изјавите на господинот.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #243 Posted: 30-Apr-2009 at 20:54
Мене тој 'европјанинот' ми изгледаше како од Ocean's 11 (или 12/13) Дошол тука само во Сев. Кореја го има ова, а јас копам 400 кила од државен рудник за рекреација. Очигледно беше дека е со некој таков Ocean's 11 план. Јас се чудам зошто не го задржаа.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #244 Posted: 30-Apr-2009 at 20:22
Јас не сакав да шпекулирам дали е под уставно име, претпоставув, па затоа и не пишав но дефинитивно сум на исто мислење со Кловер околу ЦЕРН-ов. Ако се сака све се може.

Не сакам сега развивам политики но оноа типчето што дојде да земам примерок 400 кила пред некој ден (примерок се зема кило-две, а не 400) можно е и да беше пратен од југ на некој начин "да изрази незадоволство" и да промрчи дека ќе идел у Грција каде што ископувањето било слободно, а воедно и ни посака среќен ДОЛГ пат кон ЕУ. А да биде по лесновоочлива работава при толку испитувачи што хараат по рудников (според кажувањата на мештаните) нашава полиција баш овој најде да го уапси. Да видиш да не веруваш! Roll%20eyes

Евроскептицизмот ми е пораснат до таван од вакви лицемерија како ова со ЦЕРН-ов, но да се вратиме на рудников.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #245 Posted: 30-Apr-2009 at 19:31
Добро, сега барем е јасно зошто не примија во едно такво фино друштво какво што е ЦЕРН, па уште под уставно име и без фиансиски обврски.
Back to Top
Dragan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2009
Location: Tetovo
Online Status: Offline
Posts: 1172
  Quote Dragan Quote  Post ReplyReply #246 Posted: 30-Apr-2009 at 17:39
alsar e dobar rudnik za drzavata, drzavata moze da go obnovi i da se vrabotat luge, zosto vaka rudnikot e izlozen na kradci
A za misterijata sto ja krie treba poveke eksperti za da dokazat zosto ovaj e edinstveniot rudnik vo svetot

Но доколку стварно се открие тогаш ќе можеме нуклеарната централа у мариово од ураниум да ја префрлиме на лорандит исто како што стариве застави ги префрлаат на плин !

AKO NE VIKAM NE SAMO AKO SE MOZE DA SE PREFRLI MESTO URANIUM LORANDIT

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #247 Posted: 30-Apr-2009 at 10:44
Обично кога се пишува за Алшар по веснициве, обавезно се придодава некоја доза мистичност на целава работа која се обидувам да не читам и да се задржвам на фактите кои доволно говорат дека се работи за уникатно место недоволно заштитено. Но мене од целава оваа работа најголема користи ми изгледа можноста за еколошка енергија добиена од минералот без никакви загадувања. Јасно е дека науката не е баш блиску до некое вакво откритие но стварно не ми е јасно зашто толку време све се започнува некое истражување и оди во ендек. Зашто никој н се најде до сега да се зафати со истражување до крај па макар и требало да се одважи и каже дека лорандитот нема никакви својства.

Но доколку стварно се открие тогаш ќе можеме нуклеарната централа у мариово од ураниум да ја прешалтаме на лорандит исто како што стариве застави ги префрлаат на плин !


Edited by lslcrew - 30-Apr-2009 at 20:22
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #248 Posted: 30-Apr-2009 at 10:38
Мистичниот „Алшар“ ќе го одгатне постанокот на вселената
Автор:  Огнен Чанчаревиќ; Бранислав Закев
Македонија
Од злато за турскиот султан, суровини за кремови и козметика за неговите анами, преку антимон за легирање топови до извор на минерал што ќе направи револуција во атомската физика и вселенска технологија, а можеби и ќе ја открие мистеријата на раѓањето на вселената.

Вака со неколку збора би можела да се опише историјата на рудникот

„Алшар“, кој со децении мами интерес кај светската научна јавност и гради митови за херојски подвизи и мистерии, кои почнуваат од антиката, продолжуваат во сегашноста, а за нив редови чува и времето што е пред нас.

Приказните велат дека ретките минерали и кристали што Господ или мајката природа, сеедно, решиле да ги стокмат само тука, и никаде на друго место во светот, им биле познати уште на нашите предци од антиката

Но модерниот мит за македонскиот рудник почнува да се гради на самиот крај на 19 век, благодарение на ентузијазмот и научниот порив на еден унгарски физичар, професор на универзитетот во Будимпешта.

И додека во тоа време битолскиот валија, обременет со ударите што од сите страни ја тресат империјата и го најавуваат нејзиното скоро згаснување, се обидува со експлоатација на рудниците, меѓу кои и „Алшар“, тогаш по турски „Мајден“ (рудник), да ги пополни резервите со злато на султанот, поразвиените империи веќе на големо го освојуваат светот на науката.

Мистериите на универзумот

Така во 1894 година, кај валијата доаѓа универзитетскиот професор од Будимпешта Е. Лоранд и бара дозвола да врши истражувања во рудникот „Алшар“ за научни цели. Валијата, чиј интерес за науката бил на нивото на апсолутна нула, сепак му удоволува на својот гостин, не сонувајќи дека откритието на Лоранд, црвеникавиот минерал своето име ќе го добие токму според него, ќе биде научната реликвија во која денешните научници гледаат решение за мистериите на универзумот, за што зборуваат и гласините дека токму лорандитот од „Алшар“ се користи во експериментот на столетието во огромниот акцелератор на честички на ЦЕРН.

Истражувал кој стигне

Откривањето на минералот од рудникот „Алшар“, како и секое големо откритие, во тоа време со секавична брзина се шири по научните кругови во Европа и во светот. Научните експедиции стануваат сè почести гости на Кожув Планина и рудникот го нотираат како место што врие од ретки минерали и кристали.
Рудникот, кој се протега на површина од 60 квадратни километри, освен злато, крие огромни количества арсен, антимон и талиум. Во почетокот на минатиот век рудникот станува сопственост на француска компанија, која од рударското окно го експлоатира антимонот, кој тогашната француска воена индустрија го користи за легирање на цевките од топовите. Токму по имињата на сопствениците на компанијата, браќата Алатини и главниот инженер што го водел ископувањата Шарито, рудникот го добива денешното име Алшар.

Не е познато кога завршила балканската одисеја на француските браќа, но извесно е дека причината за тоа биле војните што ја зафаќаат Европа и чија главна фронтовска линија во најголем дел се протега на географската територија на Македонија.

Но, интересот за „Алшар“ не стивнува и истражувањата продолжуваат и во наредните кратки години мир, но и за време на Втората светска војна, кога научници од нацистичка Германија, во почетокот на 1940-тите години таму вршат свои истражувања. Познавачите велат дека испитувања во рудникот на средината на седумдесеттите години од минатиот век вршеле и југословенските научници, по налог на власта, но како и другите истражувањата од тоа време биле со краток век. Причините за откажувањето, според експертите, најверојатно лежат во недостигот од финансии и немањето технологија за натамошни експерименти со ретките руди од „Алшар“. Во меѓувреме на вратите на тогашните федерални власти постојано чукаат научници од странски земји, кои бараат дозволи за истражување на рудникот. Се шпекулира дека во најголема тајност, биле водени преговори со германските тимови, но епилогот од нивните сеанси останува непознат.

Кон крајот на минатиот и почетокот на овој век повторно се буди интересот за рудникот, а македонската јавност можеби првпат дознава за богатствата скриени во окната во атарот на селото Мајдан.

Истражувања нема

И додека се плетат митовите и мистериите за уникатниот рудник, окната мируваат, истражувања нема, а во малото село Мајдан со дваесетина куќи чиниш како времето да запрело пред еден век по средбата меѓу битолскиот валија и Лоранд. До Мајдан има околу еден час возење од Кавадарци, по исклучително лош земјен пат. Селото се наоѓа на само неколку километри од границата со Грција.

Педесетината жители, претежно старци, го минуваат времето обработувајќи ги нивите и воопшто не обрнуваат внимание на рудникот и на неизваденото богатството што лежи внатре. Селаните велат дека често оттука минуваат луѓе. Некои се заљубени во природата, некои трагаат по злато, некои го копаат лорандитот, а некои илегално одат за Грција.

- Одвреме-навреме можеш да видиш луѓе тука. Најмногу одат во Грција, каде што работат како сточари. Патот е пробиен речиси до самата граница. Како го направија така го оставија да пропаѓа. Има и понекој златар и некој што го интересира „Алшар“, најчесто странци. Ама ние не можеме да се разбереме со нив - раскажува Митре Рамов.

Неговата сопруга вели дека за Велигден сретнала двајца странци што ваделе руда од окното. Нивните ранци биле полни, а автомобилите биле паркирани пред селото.

- Јас на македонски, тие на странски јазик. Не се разбравме, си одмавнавме со рацете и јас си продолжив на нивата. Вечерата соседот ми кажа дека тие си заминале - вели Елена.

Додека разговаравме со Митре и Елена, на чардакот од нивната трошна куќа, забележавме две лица на ридот над селото.

- Одат накај Грција и ќе се вратат наесен. Тешко им е на луѓето. Сигурно и тие не сакаат да одат и да наемничат - вели Митре.

Откако го испивме кафето за добредојде, тргнавме кон „Алшар“.

До окната од рудникот води тешкопрооден пат, направен од бугарската окупаторска војска во 1942 година. Самото место и не личи на рудник. Две окна во ридот, две напуштени бараки и минипештера, каде што порано се чувале експлозивот и динамитот. Едната е изградена од американските научници што вршеле ископувања пред осум години, а другата од памтивек. И двете се ограбени и соголени. Дури и каблите од бандерите, поставени од американската истражувачка екипа, кои носеле струја до нив се украдени. Во едната барака сè уште стојат сандаците полни со примероци ископани пред десетина години. Никого тоа не го интересира.

- Јас колку што знам први копале тука Турците, и тоа пред пет века. По нив имало француски и англиски екипи. Последни беа Американците. Тие дупчеа до 2.000 метри длабочина. Пред неколку години тука беше и Никола Кљусев. Одржа некој говор, нешто ветуваше и си замина со тајфата. Сега и самиот гледаш дека нема ништо. Дури и чиниите и лажиците ги украдоа - раскажува Митре.

Рамов во педесеттите години од минатиот век работел во рудникот. Во тоа време се вршеле ископувања, а рудата се носела во Скопје на истражување. Митре вели дека не знае што е тоа лорандит и зачудено ги крена рамениците кога ја чу неговата цена.

- Синко, јас не ни знам како изгледа таа руда. Ние ја копавме рачно и ја исфрлавме надвор, а таму ја товареа во два камиони. Надзорниците ни велеа дека ја носат за Скопје да ја испитуваат - вели тој.

„Алшар“ се состои од шест окна нумерирани со цифрите 825, 1, 2, 13, 14 и 15. На ридот уште окната 825 и 1 се видливи, другите се затрупани од времето. Окната одат во длабочина и од стотина метри, меѓусебно поврзани со канали и тунели и сите завршуваат на исто место, во Црвената долина, која се наоѓа на неколку километри од окната.

- Најдобро зачувано е окното 825. Има ѕидови дебели и по метар и пол. Поставени се пред стотина години и уште држат. Тунелите се поврзани и сите завршуваат во Црвената долина. Таа е преку ридот - раскажува поранешниот рудар.

Црвената долина го добила името по бојата на почвата полна со минерали, но и по водата што извира оттаму. Според месното население, водата секогаш е црвена.

- Чиниш како да е крв. Како некој да заклал добиток на изворот - вели Бино Спасов.

Во близината на Црвената долина има уште една реткост - Зелената долина. Месното население го вика тој рид Билје. Таму има огромни количества арсен во почвата и расте само трева и понекоја ендемска синоличка. Месното население избегнува да го водат добитокот дотаму оти ако се напасе паѓа зашеметен од арсенот. Низ селото кружи приказна за некој сточар од околното село Витолиште, кој кога го здогледал зелениот рид веднаш ги донел овците да пасат. Сите до една се отруле. И додека времето крај „Алшар“ тече со своето вообичаено мирно темпо, државата планира местото да го прогласи за природна реткост. Ако се случи тоа, Македонија никогаш нема да се офајди од скриеното богатство во длабочините на „Алшар“ оти никој не ќе може да истражува или да го експлоатира.




Рудно богатство за милијарда и пол евра

Истражувањата покажуваат дека во рудникот има 20 тони злато, а уште позначајно е присуството на талиумот и неговите 32 минерала, од кои 17 ги има само во „Алшар“, потоа, антимонот и арсенот.

Талиумот како ретка руда на светскиот пазар чини 5.000 евра по килограм, а според процените вредноста на вкупните резерви што се наоѓаат во рудникот изнесува околу 1,5 милијарда евра.

- Талиумовата руда во светот се користи за добивање метал, кој потоа се користи во процесот на легирање на висококвалитетни челици. Хемиската индустрија го користи како катализатор - вели д-р Трајче Стафилов, професор на Природно-математичкиот факултет во Скопје

Пред неколку години „Алшар“ беше даден под концесија на кавадаречката фирма „Рудкоп“, која извесен период вршеше некакви истражувања во рудникот, заедно со екипи од американската компанија „Хасај пало алто“, кои завршија во 2001 година, наводно поради воениот конфликт. Две години подоцна „Рудкоп“ отиде под стечај.




„Малите сонца“

Секако најголемото внимание е свртено кон минералот лорандит. Станува збор за минерал на талиумот, кој, според научниците, во рудникот го има во изобилство. Неговата хемиска формула е ТИАсС2 и е составен од педесет проценти талиум, четириесетина проценти арсен и мал процент сулфур. Што го прави лорандитот толку посебен, освен што го има само во македонскиот рудник и тоа што во најчиста форма и во најголеми количества го има само тука. Според научниците, лорандитот е единственото нешто на Земјината топка што може да ја улови сончевата честица неутрино, која од сонцето до Земјата патува за околу осум секунди и во себе ја крие тајната за создавањето на сончевата енергија.

- Лорандитот, кој е минерал на талиумот, служи за детекција на неутринот, кој има директно потекло од сонцето. Ако се успее да се одвои неутринот од талиумот, нашата планетарна наука ќе го разбие процесот со кој се генерира енергијата на сонцето - вели професорот Блажо Боев од институтот за рударство и геологија во Штип, кој го испитува богатството на „Алшар“.

Ако науката успее да ги одгатне тајните на оваа честица, во иднина би можеле да изградат централи за производство на енергија, кои иноваторите љубат да ги нарекуваат мали сонца, кои би биле неколкупати помоќни, но и еколошки побезбедни од денешните атомски централи.

Сепак, за жал, денот кога ќе добиваме енергија од малите сонца нема да го видиме во блиска иднина, оти темпото со кое се истражува богатството на рудникот не е на потребното ниво. А некоја посериозна иницијатива за соработка со светските научностражувачки центри засега нема.





„Бела земја“

Веднаш над селото Мајдан има природно наоѓалиште на абразивен талк со беспрекорно чиста бела боја. Жителите на селото талкот го користат за чистење на садовите и алатите и велат дека е подобар од кој било детергент произведен во хемиските индустрии. Тие велат оти не се плашат дека „белата земја“ е отровна бидејќи со години ја користат.

- Јас садовите ги мијам со белата земја веќе со години. Момче, поубаво чисти од „вим“ што ми го купува дедото. Едвај го натерав и тој да проба и сега и тој алатките си ги чисти таму - раскажува баба Вила.

http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=382&ArticleID=23584
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #249 Posted: 10-Apr-2009 at 05:00



Edited by beTon - 10-Apr-2009 at 05:06
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #250 Posted: 10-Apr-2009 at 03:10
Нов рудник за гранит во Кочанско

Нов рудник за гранит од типот „габро“ за неполн месец ќе почне со работа кај кочанското село Пантелеј. Подготовките се целосно завршени, направени се анализите во Германија, добиена е концесијата и се очекува почеток на работата на рудникот со површински коп. Инвеститор е германската фирма „Маска кабраун“ од Франкфурт, регистрирана во земјава под името „Меристон тоби“, јави МИА.

- Според анализите, каменот е мошне скап и многу е тешко да се најдат купувачи. Намерата на сопственикот од Германија е да ја префрли фабриката за примарна преработка на каменот од Германија во кочанското село Пантелеј со што ќе се вработат најмалку 50-ина работници - вели Дејан Михајлов, рударски инженер, раководител на површинскиот коп во Пантелеј. На површина од 15 хектари се вади јаловината во длабочина од 12 до 15 метри за да се дојде до каменот, чии примероци испитани во лабораториите на Германија, додава Михајлов, се повеќе од задоволителни.

- Токму затоа уште на почетокот рудникот ќе работи за познати купувачи, бидејќи каменот ќе се користи во автомобилската индустрија. Склучените договори со познатите автомобилски индустрии „Волво“ и „Ербас“ се потврда за интересот за овој камен од типот „габро“ - вели Михајлов.Инаку, германскиот инвеститор поседува две фабрики за обработка на гранитен камен во Франкфурт, а досега овој тип гранит го вадел во Јужна Африка. Концесијата за експлоатацијата на рудата од површинскиот коп кај Пантелеј е добиена во 2002, а обновена во 2007 година и е за период од 30 години.

Дневник - 02.04.2009

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #251 Posted: 20-Feb-2009 at 12:40

300 милиони тони бакарна руда кај Струмица!


Коментари (0)   
20.02.2009 12:29
„Бучим“ од Радовиш е единствениот наш рудник за бакар

 

Според првичните рударско-геолошки истражувања, во близина на селото Иловица, општина Босилово, Струмичко, се откриени околу 300 милиони тони резерви на бакарна руда со задоволителен процент на злато во неа.

Со темпо на експлоатација што во моментот ја применува единствениот наш рудник за бакар „Бучим“ од Радовиш овие резерви би биле доволни за работа во наредните 70 години. Само за споредба сегашните резерви со кои располага „Бучим“ се проценуваат на седум до 10 години.

„Под непосреден надзор на Американско-македонската фирма ФЕЛПС „Доџ - Вардар“ петгодишните истраги му беа доверени на експертски тим составен од македонски и бугарски рударски инженери. Според мислењата на некои домашни стручњаци, ова рудно наоѓалиште се уште докрај не е истражено и во иднина ќе треба да се направат дополнителни напори за уште попрецизно одредување на вкупните количини рудни резерви и на квалитетот на рудата, а во погоден момент, односно кога цената на бакарот на светските берзи ќе достигне оптимални вредности, може да се почне со подготовките за отворање рудник за експлоатација на бакар и злато од ова наоѓалиште“, изјави за МИА Георге Манушев, градоначалник на општина Босилово.

Постојат идеи рудата од Иловица со специјална подвижна лента, како што е тоа случај со „Фени“ кај Кавадарци, да се транспортира до рудникот „Бучим“ каде што постојат капацитети за флотација и јаловиште. Покрај заштедите, истовремено со тоа би биле избегнати последиците од загадување со тешки метали на зеленчукот и на другото земјоделско производство во струмичкиот аграрен регион. Како што се проценува, вкупните почетни инвестиции за активирање на рудното наоѓалиште кај Иловица ќе изнесуваат од пет до шест милиони евра.

http://www.time.mk/?slot=117&cluster=12-r&forward=http%3A//www.a1.com.mk/vesti/default.aspx%3FvestID%3D104685&size=3
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #252 Posted: 30-Nov-2008 at 04:24

и така е темава замината во шпекулации бар за сега, па додека не се наполнила со корисни информации за опипливите жици на метали и неметали од кои можеме да профитираме, да фрлам една интересна информација во контекст на богатсвата, но во случајов геолошки џебови исполнети со нафта...!

Неоткриено богатство?
БУГАРИЈА ЛЕЖИ НА НАфТА, ЕДНО ЕЗЕРО ИМА И ВО РМ
под Карнобат, на половина пат меѓу Сливен и Бургас, има море од нафта во кое се влеваат три артерии, тврди бугарскиот радиостезист Иван Милев, за бугарскиот електронски весник Фрог.
Црното злато оттаму истекува кон Североисточна Грција и кон европскиот дел на Турција. На исток од Источна Украина под Црното Море се движи друга подземна река и двете се сретнуваат во Турција. Тие ги хранат нафтените извори во Ирак и Кувајт. Една од артериите минува и покрај Кипар, а во Израел образува петно под морето од 150 км2.
Турција има ресурси да се претвори во една од најбогатите држави, ако ја извади нафтата
од земјата, тврди Иван Милев, кој во Бугарија е познат и како феноменот од Димчево. Неговите способности да открива нафта и гас биле експериментално докажани во СССР и признати од Тодор Живков, комунистичкиот лидер на НР Бугарија.
Според истражувањата на Милев, посебно богата со нафта е Украина. Една од нафтените артерии во оваа земја извира од нејзиниот западен дел, се движи кон југ минува низ територијата на Молдавија и под нејзе прави големо езеро. Оттаму продолжува кон југозападна Романија. Таму се собира во подземен базен од кој истекува кон Бугарија каде создава ново езеро од 300 км2. Од тоа езеро истекуваат две артерии. Едната оди кон Перник, а другата, тврди Милев, оди кон Македонија каде според неговите зборови образува доста големо петно. Според Милев, во Европа најголемата артерија на земен гас извира од Швајцарија. Оттаму се движи на исток, минува низ Северна Италија, Словенија,
Хрватска и Србија, каде образува езеро од 22 км2, доволно за оваа земја да си ги задоволи потребите.
Своевремно неговите спосбности станале познати кога открил дека една болница во Бургас и изградено врз земјишто во кое има уран. Лекарите масовно умираа од рак, вели тој, се додека не открил за што се работи.

Фокус - ДДВ - 28.11.2008 [1][2]

Албанија лежи на 300 милиони барели нафта!?

Албанија има нафтени резерви од околу 300 милиони барели нафта и може да заработи 1,6 милијарда долари од извоз, покажува независна студија од канадската компанија „Банкерс петролеум“.

Оваа нафтена компанија ги има под концесија полињата во Патос-Мартинез, а друга канадска компанија стопанисува со изворите во Кучово. Двете компании лани произвеле 2,1 милиона барели нафта.

Во студијата е наведено дека околу 60 милиони барели нафта има на полињата во Патос-Мартинез, а уште 2,4 милиона барели во зоната на Кучово. Вкупната испитана резерва, заедно со онаа со која се верува дека располага земјата според процените на канадската компанија, достигнува над 302 милиона барели нафта. Од нив, во полињата во Патос-Мартинез се проценува дека има околу 267 милиони барели, триесетина милиони барели повеќе во споредба со претходните претпоставки. Во зоната на Кучово се оценува дека има околу 35,5 милиони барели нафта.

Според процените на двете канадски компании, вкупната вредност на потврдените резерви, по оданочувањето со 10 отсто, би изнесувала 233 милиони долари. Вредноста на проценетите резерви, пак, се движи околу 1,6 милијарда долари. Пресметките се спроведени според проценетата цена на нафтата на меѓународниот пазар во 2025 година.

Дневник - 19.02.2009



Edited by beTon - 21-Feb-2009 at 03:40
Back to Top
dejan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 672
  Quote dejan Quote  Post ReplyReply #253 Posted: 06-Mar-2008 at 15:09
Chitav od damna za ova. Dosta interesno...samo treba poveke informacii, dali nesto planira vladata, i se toa.

Ama toa za Aleksandar sigurno se znaelo za ova vo toa vreme, ama sepak.
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #254 Posted: 06-Mar-2008 at 14:04
Ова со Александар ме изнасмеа...LOL

ЛОРАНДИТ ВО ЧИСТА ФОРМА ИМА САМО ВО МАКЕДОНИЈА
„Алшар“ може да храни нуклеарна централа

Владо Ѓорчев

Минералот лорандит, кој го има во рудникот „Алшар“, отсекогаш ги интересирал светските научни кругови затоа што е утврдено дека во целиот свет го има единствено во Македонија и можеби уште во Шри Ланка. Овој минерал инаку е природен детектор на неутрино, честичка што од Сонцето до Земјата патува за 8 секунди, а само лорандитот ги препознава реакциите што доаѓаат директно од јадрото. Досегашните испитувања потврдиле дека овој минерал во одредени ситуации испушта огромно количество енергија, која во иднина може да биде соодветна замена за нуклеарна енергија. Според професор Симеон Јанчев од Технолошкиот факултет во Скопје, во толку чиста форма лорандитот го има само во Македонија. - Функцијата на овој минерал е само за научната јавност. Од рудникот „Алшар“ моментно не може да се извлече затоа што едното окно што функционираше сега е затрупано. Го нема на површината на земјата и затоа моментно не може да се истражува - вели Јанчев. Во 80-тите години на минатиот век се спроведувал посебен проект, наречен „Лорандит лорекс“, кој го финансирале повеќе европски земји. Меѓутоа, со почетокот на војните на Балканот проектот бил прекинат. Со лорандит се поврзани и легенди за Александар Македонски. Наводно, тој прв ја открил неговата моќ, па неговата фаланга ги премачкувала своите штитови со овој минерал. Во битките што тој ги водел секогаш точно напладне и со движење на војската од запад кон исток, се јавувал силен одблесок од штитовите кој ја заслепувал противничката војска. Наводно, тоа била тајната на воените успеси на Александар. Легендата не е научно потврдена, но се знае дека рудникот „Алшар“ бил активен и во антиката. Имено, при ископувањата во минатиот век се најдени рударски алатки од античкиот период, што е непобитен факт дека тогаш бил активен. Според професор Јанчев, тие сознанија се само приказни и не се поткрепени со никакви факти. - Античките Македонци не знаеле за постоењето на лорандитот. Тие користеле некој друг минерал, кој е азотна сол и е доста токсичен. Можеби и затоа во тоа време имало доста труења. Тогашните жители не знаеле за токсичноста на овие соли кои ги користеле за депилација - вели Јанчев. Пред стотина години рудата од „Алшар“ се испитувала во елитните универзитети во Прага, Будимпешта и во Виена и биле пронајдени дотогаш непознати минерали. Во околу 250.000 тони руда има 2 проценти арсен, 2,5 отсто антимон и 0,1 процент талиум. Оваа концентрација го прави рудникот најбогато наоѓалиште на талиумот, што се користи за вселенски истражувања и во телекомуникациските технологии. Првпат во Македонија официјално е извлечен лорандит во 1976 година од американски истражувачи, иако дотогаш сето црпење руда од „Алшар“ било противзаконско.

Околу рудникот расте уникатна темјанушка

На просторот околу „Алшар“ расте една карактеристична темјанушка, виола алшарика. Оваа темјанушка е светска реткост и застапена е само тука. Реткост се и жолтите карпи во чиишто отвори се среќаваат разни животинки слични на човековата рипка што ја има во длабоките пештери.

Време



Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #255 Posted: 04-Mar-2008 at 14:14


мислам дека тука е посоодветно место за темава а и ќе може поубаво да се развие дискусијата во посебна нишка.

Ако имаш замерка за насловот кажи, ќе го сменам (уствари мислам дека можеш и сам да го едитираш бидејќи твој е првиот пост).

Cheers
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #256 Posted: 04-Mar-2008 at 14:06
ОК, можеби е бош местово за оваа вест, ама сакав да се дискутира на оваа тема, мислам дека е многу интересна. Верувам дека сите знаеме дека Македонија е единственото познато место во светот со значителни количини од овие минерали, и имаме слушано многу митови за него. Знам дека науката многу го цени лорандитот поради неговата способност да го „зароби“ неутриното, а ако се одредат некои својства на неутрионото, науката ќе може да одоговори на многу прашања за универзумот.

МАКЕДОНИЈА НЕ ЗНАЕ ДА ГО ИСКОРИСТИ МИНЕРАЛНОТО БОГАТСТВО
Во „Алшар“ лежи талиум вреден 1,5 милијарда евра

Снежана Лупеска

Рудникот „Алшар“ на планината Кожуф, од каде што некогаш Турците ископувале злато, крие големи и скапоцени резерви талиум и лорандит, но државата не знае како да ги употреби, велат геолозите. Во „Алшар“ има најмалку 500 тони талиум, богат со минералот лорандит. Вредноста на килограм талиум на светските берзи е околу 5.000 евра, што значи дека резервите во „Алшар“ вредат околу 1,5 милијарда евра. Неговата цена од ден на ден се зголемува, иако потрошувачката е мала, велат експертите. - „Алшар“ е реткост и поради бројот минерали откриени во лорандитот. Од 40 минерали на лорандитот, 13 се откриени токму во „Алшар“ - тврди професор Блажо Боев, кој предава на Универзитетот во Штип. Тој објаснува дека лорандитот е минерал со помош на кој може да се детектира неутриното - честичка која, доколку се изолира, може да генерира енергија слична на сончевата. Поради тоа, американски и европски фирми во средината на минатиот век тука вршеле испитувања, а се интересирале и експерти на НАСА. Иако Македонија го има ова светско богатство, до денеска тоа воопшто не е искористено. Поголема сума за испитувања на рудникот (150.000 евра) досега издвоила само владата на Анте Марковиќ, но тоа не било доволно. Македонските научници денес добиваат едвај пет до десет илјади евра годишно за да го истражуваат „Алшар“. - Кај нас нема разбирање. Средствата се лимитирани, па не можеме да копаме подлабоко за да извадиме талиум потребен за научни испитувања кои се од светско значење - вели Трајче Стафилов, професор од Природно-математичкиот факултет во Скопје. Во Министерството за екологија велат дека разгледуваат три опции како да се искористи „Алшар“. - Едната опција е „Алшар“ да се промовира туристички - во геопарк, втората е да се експлоатира и третата опција е да се користи само за научни експерименти. Во моментов се подготвува студија за ова - вели Соња Липиткова, заменик-министерка за животна средина и просторно планирање. Сега рудникот не работи, а фирмата „Руткоп“, која ја има концесијата, е во стечај. Фирмата се обидувала да ги експлоатира резервите злато, кои се проценуваат на 20 тони, но не успеала поради отровните гасови, пред се арсенот, кои ги содржи рудникот. - Концесијата ни заврши во 2006 година, но доколку има можност, повторно ќе побараме концесија за „Алшар“ - вели Анѓел Еленов, претставник на „Руткоп“. Жителите од селото Мајдан, населени во подножјето на „Алшар“, само ги раскажуваат легендите за тоа место. За рудникот се снимени неколку документарци и телевизиски прилози, и, засега, за него се чини најмногу се интереси

раат новинарите и уметниците.

Vreme




Edited by La Linea - 04-Mar-2008 at 14:07
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 111213

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.191 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.