![]() |
![]() |
![]() |
Енергетика (општо) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 1112131415 27> |
Author | |||||||||||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||||||||||||||
Јужен поток ја заобиколи Македонија?!Катерина ПопоскаНа
официјалната интернет-страница на Газпром е објавена картата низ кои сè
земји ќе поминува меѓународниот коридор Јужен поток. Јасно се гледа
дека главниот цевковод на овој значаен проект нема да поминува низ
Македонија. Министерот за финансии, Зоран Ставрески, не ја коментира
фактичката состојба ![]() Според последните анализи на Газпром, Македонија не е дел од мегапроектот Јужен поток, кој со руски гас треба да ги снабди Грција, Бугарија, Романија, Србија, Хрватска, Словенија, Унгарија, Австрија и Италија. Додека министерот за финансии, Зоран Ставрески, молчи дали и како Македонија ќе влезе во мегапроектот Јужен поток, Газпром и официјално ја заобиколи земјава во креирањето на главната траса по која до крајот на 2012 година треба да почне да се гради меѓународниот коридор. Извршниот директор на рускиот нафтен гигант Газпром, Алексеј Милер, на состанок посветен токму на Јужен покот на 20 декември лани, изјавува дека ќе ги забрзаат сите активности што поскоро Јужен поток да стане реалност. 10милијарди евра се проценува да чини Јужен поток2,5милијарди нормлани метри кубни гас најверијатно ќе и требаат на Македонија до 2040 година „Имаме сè што е потребно за значително да се забрза изградбата на Јужен поток. Имаме регулаторна основа, голем интерес од страна на учесниците во проектот, потребните пари, како и евиденција за испорака на гасот преку големите компании за пренос на гасот под Црното Море. Интересот за проектот е голем, а ние сме подготвени да го лансираме“, изјавува Милер. Според јавно објавените податоци од Газпром, Јужниот поток ќе тргне од Русија, под Црното Море од каде што еден крак треба да поминува низ Романија и Србија со можен крак кон Хрватска, а другиот крак од под морскиот басен оди кон Бугарија. Оттаму, пак, еден крак оди кон Грција и Италија, а вториот крак од Бугарија се расчленува кон Србија, Унгарија, Австрија и Словенија. Од картата се гледа и дека низ Србија најверојатно ќе поминуваат дури четири водови. Но, зачудува фактот како Хрватска успеала да излобира еден крак од Србија да поминува низ неа, а Македонија не?! Дека проектот е разработен до детали укажува и податокот од Газпром дека руската компанија веќе формирала заеднички фирми со земјите низ кои ќе минува овој гасоводен коридор. Министерот за финанси, Зоран Ставрески, кој уште во септември 2010 година уверуваше дека Македонија ќе биде дел од овој значаен меѓународен гасовод, вчера не одговори до каде се преговорите што ги води со Газпром за проектот. Нема коменатар ниту за јавно објавените информаци од Газпром, според кои, Македонија, засега, ниту е дел од главниот гасовод, ниту, пак, Газпром предвидел крак низ земјава. „Тоа што го договоривме со Газпром е дека Македонија има добри изгледи да обезбеди вклучување во Јужниот поток било преку продолжување на крак од Јужниот поток кон Македонија или како транзитна рута за истиот. Второто решение секако е потешко остварливо, бидејќи подразбира вклужување и на други земји и тоа е одлука која зависи од земјите од регионот како што се Албанија и Косово. Останува да ги подготвиме сите детали кои му се потребни на Газпром за да ја направи техничката анализа од која ќе зависи каде и како Македонија ќе се приклучи, со колкави количини, по што би следело потпишување на меѓудржавен договор“, изјави пред речиси две години Ставрески пред Леонид Чугунов, началник на одделот за управување со проекти во Газпром. Јужен поток желба или реалност за Македонија? Дел од енергетските експерти во земјава, кои се дел од преговорите меѓу Македонија и Русија, за „Капитал“ објаснуваат дека иако преговорите одат бавно, сепак ги има. „Точно е дека Македонија нема да биде транзитна земја за проектот Јужен поток, но сè уште се преговара Македонија да може да се приклучи кон овој проект преку крак од Србија, Грција или евентуално од Бугарија. Русија подготвува предлог меѓувладин договор кој во скоро време треба да ѝ го достави на македонската влада. Моите информации се дека Газпром сè уште ја прави анализата која треба да покаже дали и од каде Македонија ќе користи крак од Јужниот поток“, објаснува за „Капитал“ инволвиран во проектот Јужен поток. Енергетските експерти постојано коментираат дека можниот влез на земјава во главните руски енергетски шеми е шанса која не смее да се пропушти. На тој начин не само што Македонија би била дел од гасоводот кој тргнува од Русија до земјите од Централна Европа, туку ќе се вклучи во проекти кои носат илјадници вработувања и милиони, ако не и милијарди долари директни инвестиции. „Ако земјава навистина сака да биде дел од Јужен поток треба трипати да ја зголеми проточната моќ на цевките кои планира да ги гради за гасоводот. Ако, пак, Македонија не биде дел од овој меѓународен транзитен коридор, утре ќе биде сосема спротивна ситуацијата - ќе треба гас да купуваме од Албанија. Албанија се споменува како земја каде што ќе бидат големите станици за течен гас“, неодамна за „Капитал“ изјави Константин Димитров, претседател на Македонскиот центар за енергетска ефикасност. Аналитичарите веќе подолго време алармираат дека Македонија не смее да заостанува зад регионот и дека гасификацијата мора да биде апсолутен приоритет. Оваа теза тие ја објаснуваат со фактот дека од нашите соседи, Србија и Бугарија, можат да прераснат во крстосници на Балканот кога е гасот во прашање. Наспроти ова, Македонија сè уште не фигурира во ниту еден регионален проект. Во земјава еден главен цевковод за гас доаѓа до Скопје, со крак до Бунарџик, а гас користат само 30-ина големи индустрии, наспроти реалноста во Европа каде што гасот е најевтин и широкодостапен енергенс. Руски Газпром, италијански Ени, германски Винтершал и француски ЕДФ треба да реализираат проект за продолжување на гасоводот Син поток до Јужна Европа преку Турција и да изградат нов гасовод Јужен поток, кој ќе ја заобиколува Турција. Јужниот поток има капацитет од околу 60 милијарди метри кубни гас годишно, а треба да проработи најдоцна до 2015 година. http://www.kapital.com.mk/mk/dneven_vesnik.aspx/79504/juzhen_potok_ja_zaobikoli_makedonija_!.aspx?iId=2568 |
|||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||||||||||||||
ЕБОР бара консултант да смисли како да се зголеми производството во термоцентралите на ЕЛЕМЕвропската банка за обнова и развој објави соопштение во кое се вели дека Банката бара консултант кој ќе изработи физибилити студија чија цел ќе биде да се изнајдат најдобрите технички и економски решенија за зголемување на капацитетите на термоцентралите со кои оперира државното претпријатие АД „Електрани на Македонија.“. Изработката на судијата би требало да почне во февруари и да трае три месеци, се вели во изјавата на ЕБРД. Писмата за изразување интерес би требало да се испратат најдоцна до 10 февруари, а максималниот дозволен буџет изнесува 98.450 евра. „Со оглед на растечката побарувачка, дефицитот на домашно производство на енергија (земјата во моментов увезува 30 отсто од вкупната побарувачка) и со оглед на потребата да се подобри секторот за да може да ги задоволи построгите еколошки барања како предуслов за процесот за пристапување кон Европската унија, ЕЛЕМ ја истражува можноста и евентуалните решенија за зголемување на производството на електрична енергија од своите термоцентрали,“ се вели во соопштението. http://www.plusinfo.mk/vest/31060/EBOR-bara-konsultant-da-smisli-kako-da-se-zgolemi-proizvodstvoto-vo-termocentralite-na-ELEM |
|||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||||||||||||||
Загрижува зголемената потрошувачка на струјаЗагрижува трендот на зголемување на потрошувачка на електричната енергија во земјава. Голем дел од потрошувачите, особено во скопскиот регион, наместо парно користат струја. Ваквата состојба може да го загрози функционирањето на електроенергетскиот систем, алармираат од Електрани на Македонија. ![]()
“
Поради суштата и намалениот потенцијал за производство од
хидроелектраните од една и порастот на потрошувачката на електрична
енергија од друга страна , АД ЕЛЕМ во 2011 година набави 505, 9 гигават
часови електрична енергија. Набавени се 128, 9 гига ват часови повеќе во
однос на планираните 377 гига ват часови. Вкупниот износ за набавка на
електрична енергија во 2011 изнесува 41 милиони евра“ изјави Влатко
Чинговски, генерален директор на А. Д Електрани на Македонија.
25.01.2012, 15:03
http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=44&egId=14&eventId=86138 |
|||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||||||||||||||
Во 2011 потрошени 9.024 гигавати струја
За да се оствари стратегијата предвидени се, нагласи тој, повластени
тарифи за производство на електрична енергија од ОИЕ. Повластената
тарифа кај малите хидроелектрани зависно од моќта се движи од 12 до 4,5
евроценти по киловат-час за период до 20 години. За ветерните електрани
повластената тарифа е 8,9 евроценти по киловат-час за период до 20
години, за фотоволтаични електрани 30 евроценти за капацитет помал од
0,050 мегавати и 26 евроценти за поголеми од 0,050 мегавати за период од
15 години. Енергетските постројки кои како погонско гориво користат
биогас добиен од биомаса со инсталирана моќност од 0,5 мегавати имаат
повластена тарифа од 15 евроценти по киловат-час, а поголеми од 0,5
мегавати 13 евроценти за период од 20 години. За енергетските постројки
кои како погонско гориво користат биомаса со инсталирана моќност од 1
мегават повластената тарифа е 11 евроценти, а за поголеми од 1 мегават 9
евроценти за период од 15 години. Во Македонија во моментов работат 23
мали хидроелектрани од кои девет се на приватни компании и користат
повластена тарифа, 11 се на ЕВН, а три на општински јавни претпријатија.
|
|||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
||||||||||||||
Термоблокот 2 од РЕК Битола приклучен на преносната мрежа
Термоблокот 2 на РЕК Битола е приклучен на преносната мрежа, откако стручна екипа на МЕПСО А.Д. го отстрани дефектот на прекинувачот во 400/110 кВ трансформаторска станица „Битола 2“. Причина за дефектот не бил човечки фактор, туку проблем во производствениот капацитет. Како што соопштија денеска од МЕПСО А.Д. , термоблокот бил приклучен на мрежата синоќа, со што се создале услови за целосно прифаќање на сета електрична енергија произведена од сите три термоблока на РЕК Битола. - Надлежните стручни лица од МЕПСО, по дефектот што се случи во раните утрински часови на 17 јануари при кој од преносната мрежа беше исклучен РЕК Битола, во рок од неколку часа создадоа услови за вклучување на термоблокот 1 и на термоблокот 3 на преносната мрежа. При увидот од стручните лица беше утврдено дека причина за реакција на заштитата на ТС „Битола 2“ бил аларм од заштитата на термоблокот 2 во РЕК Битола, што укажува на проблем во производствениот капацитет. По добиениот аларм, заштитата во трафостаницата го алармирала прекинувачот кој го исклучил термоблокот 2 од мрежа, за да спречипоголеми штетни дејствија за постројките на мрежата. Но заради екстремно ниска температура прекинувачот не успеал да го изгаси електричниот лак при што експлодирал еден пол на прекинувачот. Заради тоа од безбедносни причини навремено реагирала собирничката заштита при што го исклучила и термоблокот 3 од преносната мрежа, со што се спречени штети на енергетските постројки приклучени на мрежата, се појаснува во соопштението од компанијата. Согласно со процедурите за манипулации во електроенергетскиот систем дежурните диспечери во Националниот диспечерски центар ги известиле надлежните лица од РЕК „Битола“ дека можат да ги започнат постапките за вклучување на термоблоковите 1 и 3 на мрежа пред 8 часот на 17 јануари. - За испадот на термоблокот 1, МЕПСО информира дека со никаква активност на персоналот на трафостаницата, ниту на диспечерите од НДЦ не придонел за појава на несакани дејствија. Воедно известуваме дека и покрај дефектот ниту една точка на електроенергетскиот систем не е оставена без напојување со електрична енергија, се вели во соопштението. Izvor: Plusinfo, http://www.plusinfo.mk/vest/30482/Termoblokot-2-od-REK-Bitola-prikluchen-na-prenosnata-mrezha |
|||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||||||||||||||
Битолчани ќе чекаат топловод уште 2 годиниБитола уште две години ќе чека топлификација од РЕК. Во 2014-та треба да заврши проектот според кој граѓаните ќе се греат преку топловод од РЕК Битола. Проектот ќе чини околу 35 милиони евра. Со ниските
температури во Битола повторно се актуелизира темата за изградба на
топловод од РЕК кој ќе обезбеди ефикасно и економично греење за стотина
илјади граѓани од Битола, Новаци и Могила. Дури по три децении од
постоењето на комбинатот сега се прават планови градот да добие некој
бенефит од РЕК кој го има на своја територија и го трпи загадувањето од
него. Најголемиот дел од проектот ќе го финансира ЕЛЕМ.
Ние преземаме одговорност секаде каде секундарната мрежа има проблеми
да ја санираме и да направиме можност за што поголем број корисници
зашто само така ќе биде исплатливо.
Владимир Талески, градоначалник на Битола.
„Последниот состанок беше задолжување на ЕЛЕМ да направи посебен доел, тоа го прави деновиве, тие веќе ги формираат Управниот и Надзорниот одбор на новиот доел. Очекувам 2012 година да биде завршен проектот за топлификација на Битола и се надевам доколку финансиски ЕЛЕМ е моќен да почне и реализација на овој голем проект“, изјави градоначалникот Владимир Талески. ЕЛЕМ ќе треба да ја изгради примарната мрежа за пренос на ![]() „Се обидуваме да најдеме начин со веќе постоечката секундарна мрежа во градот, на кој начин таа може да се преземе и кој со неа ќе стопанисува бидејќи таа и припаѓа на граѓаните. Ние преземаме одговорност секаде каде секундарната мрежа има проблеми да ја санираме и да
Tој топловод од РЕК до градот чини пари. Тоа не е евтина работа, тоа е
скапа инвестиција меѓутоа долгорочна бидејќи цената на струјата
постојано расте.
Ристо Цицонков, универзитетски професор.
Експертите велат дека се работи за скап проект. Професор Ристо Цицонков од Машинскиот факултет изјави: „Tој топловод од РЕК до градот чини пари. Тоа не е евтина работа, тоа е скапа инвестиција меѓутоа долгорочна бидејќи цената на струјата постојано расте. Треба да се направи само сметка ако биде исплатливо зошто да не. Таа топлина преку кулите се исфрла во атмосферата, наместо тоа може да се користи за топлификација.“ Проектот ќе чини околу 35 милиони евра, а Битола затоплување ќе добие до 2014 година. http://www.time.mk/read/5f355115bb/1988cfede3/index.html |
|||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||
JOE ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 03-Feb-2010 Location: Bitola Online Status: Offline Posts: 226 |
![]() ![]() |
||||||||||||||
Два блокови се вклучени во мрежа првиот и третиот, кај вториот нешто се заглавило, во процедура е на вклучување ама можно е да потрае ке видиме. Иначе избегната е многу голема хаварија која би траела и до 3 месеци без работа на блоковите.Како главен фактор е временските услови, меѓудругото и секако човечки фактор каде има инструкции како да се рерагира во вакви услови, но сепак ова подолго време не било вонредни услови, сепак да се забалагодариме на вработените даваат се од себе.
|
|||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
||||||||||||||
Има ли некаков апдејт за хаваријата во РЕК Битола, некако многу стихијно поминува оваа работа.
|
|||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||||||||||||||
Дефект на трафостаница го исклучи РЕК Битола
Постои ли опасност Македонија да остане без струја ? Утрината, поради дефект на трафостаница се исклучи Рек Битола. Поради дефект беа исклучени трите блокови на теромоцентралата. За оваа ситуација, што според познавачите може да има големи последици, надлежните се огласија само со соопштенија. Државната ЕЛЕМ ппотврдува дека агрегатите се исклучени.
Поради дефект на 400-киловолтен прекинувач во трафостаницата ’Битола 2‘ која е во надлежност на АД МЕПСО, реагираше заштитата на термоблоковите во ТЕ Битола, при што трите агрегати беа исклучени од електроенергетскиот систем на Македонија. Во тек е процедура на вклучување на термоблоковите во електроенергетскиот систем и целосно нормализирање на состојбата со производство на електрична енергија“, Заради екстремно ниски температури во регионот на Битола, кои во ноќните часови биле пониски од - 25 целзиусови степени, настана дефект во електроенергетскиот систем, на 400 киловолтниот прекинувач во трафостаницата Битола 2, на чие отстранување работат стручни лица, а причините дополнително ќе ги утврди надлежна стручна комисија. И покрај дефектот, нема безнапонска состојба и сите точки на мрежата добиваат напојување со електрична енергија. Додека надлежните тврдат дека ситуацијата е под контрола и нема опсност земјата да остане без струја, познавачите, велат дека за прав пат одеднаш се исклучени трете блока на клучната термолеелектрана – РЕК Битола. Ситуацијата ја оценуваат како иусклучително тешка и невообичаена. Велат дека сега, за да нема прекин во снадувањето со струја , мора да се дозволи интервентен увоз - што би чинел многу , и во исто време хидроцентарлите да работата со полн капацитет. РЕК битола, според последните податоци произведува дури 84% од вкупната домашна енергија. http://www.time.mk/read/72c2c2a89f/6bdcf06484/index.html |
|||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||||||||||||||
ЕЛЕМ ПРОДОЛЖУВА СО ИНТЕНЗИВНИ ИНВЕСТИЦИИ
Влатко Чингоски, генералниот директор на ЕЛЕМ, вели дека прво ќе
стартува изградбата на пристапни патишта, трафостаница, а во меѓувреме
во фабриката ќе се изработуваат турбините за ветерниците. ЕЛЕМ за оваа инвестиција доби кредит од 33 милиони евра од германската КФВ банка.Чингоски вели дека според пресметките оваа инвестиција нема да биде повисока од 50 милиони евра, при што остатокот ќе го обезбеди ЕЛЕМ. Оттаму информираат дека годинава ќе се затвори третиот блок од првата фаза на модернизација на РЕК Битола. Според него со испад на проблемите заради котлите, дневно се губат и
по 300.000 евра. Ќе има и модернизација на пумпите и бренерите, со ниска
емисија на азотни оксиди, што ќе претставува еколошка компонента.
Модернизацијата на котлите ќе биде секоја година по еден. Ќе се
модернизираат и трите ладилни кули, со што ќе се подобри искористеноста
во процесот на претворање на топлинската во електрична енергија. Овој
проект ќе чини околу 9 милиони евра. Во моментов се врши модернизација и на хидроелектраните ХЕЦ Вруток и придружните, за што веќе се распишани два тендери коишто се во фаза на евалуација. Ќе се распише и тендерот за надвишување на браната на Леуново, којашто за три метри треба да биде повисока, со што ќе може да акумулира повеќе вода. Во тек е и изградбата на транспортниот систем за јаглен на Брод Гнеотино до Суводол во должина од 11 километри.-Во моментов се одвиваат завршните тестирања и очекуваме тој да биде ставен во функција. Јагленот ќе се копа во Брод Гнеотино и по оваа трака ќе се испорачува директно во термоелектраните во Битола преку овој транспортен систем додава Чингоски. Изградбата на "Бошков мост" од есен За проект "Бошков мост" добиен е кредит во висина од 65 милиони евра од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и поделен е во четири дела. Во меѓувреме тече тендерската постапка за проектот, односно ќе се направи претквалификација за браната и доводните органи, а потоа останува тунелот и цевководите. -Тендерите се веќе објавени, додека за хидромеханичката опрема и приклучувањето со далекуводите ќе се оди без претквалификација. Нашите очекувања се дека веќе од есен ќе може да стартува изградбата на "Бошков мост", а по четири години објектот треба да биде ставен во функција. Треба да има две машини по 35 мегавати, односно вкупно 70 мегавати и со очекувано годишно производство двапати поголемо од "Света Петка", значи околу 123-125 гигават часови годишно производство - вели генералниот директор на ЕЛЕМ, Влатко Чингоски. http://www.vecer.com.mk/?ItemID=7227062F9023B4418BBCE8411C60CE65 |
|||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||||||||||||||
20 години подолг век за РЕК БитолаРЕК Битола ќе добие 20 години подолг век на работење. На најголемата термоелектрана која го оддржува целиот електроенергетски систем во земјата, во следните три години ќе се изведува мега проект, односно модернизација и ревитализација на котлите во електраната. ![]() Оваа клучна инвестиција за електраната ќе чини 88,5 милиони евра а ќе ја реализира германската компанија Бобкок Борсиг, која беше избрана на меѓународен тендер. Оваа инветиција освен зголемување на работењето, електрната ќе ја направи енергетски поефикасна и со помалку загаденост. А со тоа РЕК Битола ќе стане електрана направена според европскистандарди. Во меѓувреме ЕЛЕМ ќе заврши и модернизација на третиот блок на електраната, што ќе значи и поголема моќност. Ова е само една од инвестициите кои се важни за сигурност во снабдувањето со струја. Колку за илустрација- РЕК Битола покрива повеќе од 70% од вкупното производство на електрична енергија во земјата. Тоа практично е струја колку што троши половина Македонија. http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis/20-godini-podolg-vek-za-rek-bitola |
|||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||
JOE ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 03-Feb-2010 Location: Bitola Online Status: Offline Posts: 226 |
![]() ![]() |
||||||||||||||
Ајде малку смирувачки вести, дефектот со големиот багер во новиот рудник вистина е дека штетата е голема, т.е 15 километри кабли изгореа и една кабина, арно ама за среќа на сите дефектот е саниран за кратко време од околу 3 дена отприлика.Бркања од работа и суспензии нема да има затоа што штетата ке ја покрие осигурителната компанија.
Иначе ви имав спомнато погоре дека ке прашам за улогата на котлите во производниот процес и нивната наскорешна замена со нови современи.Значи котлите имаат една од клучните улоги во производството на струја, таму се согорува јагленот и се ослободува голема температура.Во рок од 1 час горат 300 тони јаглен oд котел а котли се три.Сега со новите котли доправа што ке се заменуваат ке се гори помалку јаглен а повеќе енергија ке се добие. Инвестицијат ке биде како што е погоре напишано околу 88 мил. евра. Edited by JOE - 15-Jan-2012 at 22:50 |
|||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||||||||||||||
Хаварија во рудникот за јаглен ``Брод- Гнеотино``сабота, 14 јануари 2012, 17:32-Во рудникот ``Брод- Гнеотино`` испаднат е од функција багерот за ископ на јаловина СРс 2000- 2. Најверојатно, поради нечистотии или замрзнување, пролизгувањето на траката предизвикало триење и палење на траката ТЕ 3, при што, изгорени се 35 енергетски кабли прицврстени на конструкцијата на багерот, кабли за контрола на процесот и исгорена е ЕТО- станица. Ситуацијата да биде уште пострашна, после само два дена од истите или слични причини, се запали и траката на другиот систем, со што, времено вон функција бил целиот рудник ``Брод- Гнеотино``- рече на денешниот прес Васко Ковачевски, претседател на СДСМ во Битола. Од ЕЛЕМ велат дека едниот БТО- систем од вчера започна со редовно производство и испорака на јаглен, додека другиот ќе биде активиран на почетокот од следната недела. Овој застој, не влијае врз континуираното снабдување со јаглен на термолектраните и производството на електрична енергија, се вели во соопштението на државните елктрани. -Дали не очекува неизвесна грејна сезона или, пак, ценовни шокови со струјата, допрва ќе се знае. http://www.vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=36&eventId=44900 |
|||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||||||||||||||
ИНТЕРВЈУ СО ВЛАТКО ЧИНГОСКИ, ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР НА ЕЛЕКТРАНИ НА МАКЕДОНИЈА
Една од вашите нови инвестиции е токму ХЕ "Света Петка". Ќе почне ли таа со испорака на електрична енергија од мај годинава? Во јавноста се прошири информација дека поради доцнењето на ХЕ "Света Петка" ЕЛЕМ плаќа пенали? Деновиве е актуелна информацијата со која Владата и одобри на
скопска Топлификација наменски заем од 4 милиони евра. Каде е интересот
на ЕЛЕМ во овој договор? Јавноста реагира за државната помош, бидејќи Топлификација е
монопол на пазарот на топлинска енергија, а од друга страна, таа е
приватна компанија. Да ја разјасниме оваа дилема. Според ова произлегува дека мрежа во Скопје не може да издржи
ваков притисок од консументите кои би се откажале од парното греење.
Можно ли е да се случи пад на системот? Скопјани дефинитивно се незадоволни од услугите на
Топлификација, а се задоволни се од испораката на топлинска енергија од
Енергетика, субјект која е дел од ЕЛЕМ. Кои се вашите планови, има ли
можност да се прошири вашата мрежа низ целото градско подрачје? Можно ли е инвестицијата да се реализира етапно, со ваша помош? http://www.vecer.com.mk/?ItemID=B025EB54C197D54D9FE292C467A66A6B |
|||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||||||||||||||
Пропуштена 2011 за инвестиции во енергетикатавторник, 10 јануари 2012, 16:08Владата признава слаб учинокот во енергетиката. Експертите инсистираат на итна на реализацијата на предвидените инвестиции за да се зголеми домашното производство на струја и да се намали скапиот увоз што удира по џебот на граѓаните. Сериозноста на експертските укажувања е особено голема ако е земе предвид енергетската криза што му се заканува на регионот. Доколку не се изградат нови капацитети на производство на струја, земјата ќе се соочи со отежнато обезбедување, а граѓаните со континуиран раст на цената. За да го намали ризикот, Владата мора да ја искористи новата календарска година за да ги реализира старите енергетски проекти. http://www.vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=37&eventId=44747 |
|||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||||||||||||||
Балканот во енергетска криза
|
|||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||
FoSsiL ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Mar-2009 Location: Аеродром Online Status: Offline Posts: 4699 |
![]() ![]() |
||||||||||||||
Моја грешка... Го има Georg Gasteiger Бидејќи е претседател, најверојатно не е толку активно вклучен како менаџерите и луѓето за контакт.... Тој ќе да е... само без очила (наочари Dr. Georg Gasteiger Edited by FoSsiL - 05-Jan-2012 at 00:29 |
|||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
||||||||||||||
Ако можеш да прашаш и да ни појасниш за што се работи би било навистина добро, срамота е што ниту еден македонски медиум не ја проследи оваа информација! |
|||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||
FoSsiL ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Mar-2009 Location: Аеродром Online Status: Offline Posts: 4699 |
![]() ![]() |
||||||||||||||
Веста е објавена на 29. 12. 2011.| 14:39 Има и слика Еве што Википедија вели за компанијата. Инаку компанијата (најверојатно) нема своја веб-страна, што е доста несериозно. Но најдов нешто друго... http://www.bbs.bilfinger.com/index.php?id=409&L=1 Најверојатно се некоја групација. Но никаде неможам да го најдам Georg Gasteiger. Википедија...
Edited by FoSsiL - 05-Jan-2012 at 00:23 |
|||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||
JOE ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 03-Feb-2010 Location: Bitola Online Status: Offline Posts: 226 |
![]() ![]() |
||||||||||||||
То со Силовие машине беше за модернизацијата и автоматизацијата на турбоагрегатите на блоковите , а овде со германците се работи за Котлите.Татко ми е директно вклучен во овие работи, ако сакате ке прашам и која е улогата на котлите во производниот процес ![]() |
|||||||||||||||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 1112131415 27> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |