Author |
Topic Search Topic Options
|
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#241 Posted: 09-Feb-2010 at 23:10 |
Досега 28.179 "преселби" по подобри и поевтини услуги
Во фиксната телефонија "пребегале" 20.093 претплатници, а меѓу трите мобилни оператори мигрирале 8.086 корисници
Расте
бројот на корисници на фиксна и мобилна телефонија кои во трка по
подобри и поевтини услуги, го напуштаат досегашниот оператор и
мигрираат кај друг, при тоа задржувајќи го префиксот на бројот.
Заклучно со 8 февруари, трансфери од една во друга мрежа направиле
вкупно 28.179 корисници, од кои 20.093 направиле преселба во фиксна, а
8.086 во мобилна теелефонија. Оваа услуга стана оперативна од први
септември 2008 година.
Европските искуства покажуваат дека речиси во сите држави, каде што
е воведена оваа услуга, во првата година е регистриран благ пораст на
мигрирање на броевите, за потоа, по запознавањето со новата услуга,
втората година тоа да биде зголемено, а веќе во третата година е
значителна стапката на пораст на префрлувањето на броевите во мрежите
на операторите. -Ние сме сега некаде на половина од тој период,
односно околу 1,5 година од стартот на оваа услуга. Бројот на мигрирани
броеви е со очекувана стапка, при што евидентно е дека само во
последните шест месеци имаме речиси удвојување на претходната бројка на
префрлени броеви, регистрирана на крајот на првата година од
воведувањето на оваа услуга - велат од Агенцијата за електронски
комуникации (АЕК).
Во фиксната телефонија миграциите се главно од Македонски Телеком во
мрежи на други оператори кои нудат фиксна линија. Во мобилната
телефонија пак, има подеднаква тенденција на селење на броевите меѓу
трите мобилни оператори: Т-Мобиле Македонија, ОNЕ и Вип оператор. -Ова
е последица на се поразвиениот телекомуникациски пазар, изедначеноста
на операторите во своите понуди и поразвиената конкурентска борба за
корисници. На мобилниот пазар сите се конкурентни и се бркаат со цените
и понудите на одделни услуги и пакети на услуги, па трансферите на
броеви од мрежа во мрежа се скоро подеднакви од оператор до оператор.
Секако, во зависност и од периодите, кој, кога и каква тарифа понудил - посочуваат од АЕК Во
системот на услугата преносливост на броеви учествуваат 14 мобилни и
фиксни оператори: Аикол, Актон, Вип оператор, Вокс Телеком,
Инфел-Нетплус, Кејблтел, ОNЕ, Македонски Телеком, Мател, Некском,
Неотел, Он-нет, Т-Мобиле Македонија и Телесмарт. За зголемената стапка
на миграција на претплатниците меѓу овие оператори секако придонесе и
тоа што со одлука на АЕК од средината на минатата година максималниот
износ на надоместокот што се плаќа за пренос на број од една во друга
мрежа изнесува 200 денари, плус ДДВ. Дотогаш имаше и такви оператори
кои го наплаќаа највисокиот износ од 800 денари во фиксната телефонија
и 600 денари плус ДДВ во мобилната телефонија.
http://vecer.com.mk/?ItemID=0537A5ED09E2E94290CA520F44B2040E |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#242 Posted: 04-Feb-2010 at 03:28 |
Полицајците добиваат дигитална радиоврска
Новиот
систем овозможува радиоврска меѓу полициските теренци на ниво на целата
територија на државата, за разлика од стариот аналоген систем кој
овозможуваше да се воспостави разговор само во подрачјето на еден град
Полициските
службеници на терен добиваат нова, софистицирана и безбедна
радиокомуникација. Вчера, во Центарот за обука при МВР во Идризово беше
промовиран новиот дигитален ТЕТРА комуникациски систем, кој ќе овозможи
радиоврска меѓу полициските теренци на ниво на целата територија на
државата.
Во првата фаза, завршена со финансиска поддршка од ЕУ, со
дигиталниот сигнал се покриени 45 отсто од територијата. По завршување
на проектот целосно ќе биде заменет стариот аналоген систем, кој
работеше во мрежа и овозможуваше да се воспостави разговор само во
подрачјето на еден град.
Групирање само на корисниците кои имаат потреба меѓусебно да
комуницираат, нивно лоцирање и следење се дел од функциите кои ги
овозможува новиот систем. Не помалку важна е и можноста комуникацијата
да се криптира, што е огромна предност за заштита од неовластено
прислушување.
Досега се инсталирани 38 базни станици, диспечерски станици за
командување и контрола на единиците на терен, како и над 5.000
дигитални станици за возила. Сите базни станици се поврзани меѓусебе и
претставуваат единствена мрежа со централен менаџмент. Министерката
за внатрешни работи Гордана Јанкуловска вчера изрази задоволство од
проектот, за кој е убедена дека ќе ја зголеми ефикасноста на полицијата. -
Доколку видеонадзорот се очите, а возилата и личната опрема се нозете и
рацете, тогаш радиоврските се нервниот систем на оперативното работење.
Со имплементацијата на овој проект македонската полиција се крева на
ниво на британската, германската, француската или италијанската
полиција во однос на европските телекомуникациски стандарди, рече
Јанкуловска. Евроамбасадорот Ерван Фуере посочи дека ТЕТРА е еден
од двата најпознати светски системи кои ги исполнуваат мобилните
радиостандарди. - Поставувањето на новиот систем ќе биде од големо
значење за полицајците кои со старата аналогна опрема имаа големи
проблеми во комуникацијата на терен, рече Фуере, додавајќи дека ова е
уште еден чекор на земјава кон стандардите на ЕУ. Унијата преку КАРДС
програмата досега во овој проект финансирала над 5 милиони евра.
Се очекува во иднина кон овој комуникациски систем да се приклучат и
Противпожарните служби и Итната Помош, како и Центарот за управување со
кризи, Дирекцијата за заштита и спасување и Царинската Управа.
http://vecer.com.mk/?ItemID=59670F165E64B849AEDA636D374EA27A |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#243 Posted: 04-Feb-2010 at 03:24 |
Македонија има слободни фреквенции за 4-Г
По утврдување на стандардите државите-членки на ИТУ вклучително и Македонија, ќе можат да распишат оглас за одобренија за 4-Г
Македонија
има слободен фреквенциски опсег за новите системи од четвртата
генерација мобилна телефонија (4-Г). Токму за стандардите на оваа
технологија и за безбедносните аспекти во нејзината примена се
разговараше на меѓународната работилница Кон следната генерација
мобилни мрежи", што се одржа во Скопје. Според Јане Јакимовски,
раководител на секторот за радиокомуникации при Агенцијата за
електронски комуникации (АЕК), за новите мобилни системи од четвртата
генерација се уште не е усвоен стандард на ниво на Меѓународната унија
за телекомуникации (ИТУ).
-По утврдување на стандардите државите-членки на ИТУ вклучително и
Македонија, ќе можат да ги имплементираат тие мрежи, а АЕК ќе го
ослободи тој опсег и ќе распише оглас за одобрение за нови оператори
што би користеле 4-Г или веќе постоечки оператори за да ги надградат
нивните мрежи за четвртата генерација - рече Јакимовски.
Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, на работилницата
најави активности и поддршка за натамошен развој на електронските
комуникации и информатичкото општество, кои ги оцени како круцијални за
развојот на државата. - Во Македонија е направен голем прогрес во
последните пет години за суштинска либерализација и развој на
комуникацискиот сектор - оцени Јанакиески.
Тој потсети дека моментно две компании за мобилна телефонија во
земјава нудат услуги од третата генерација мобилна телефонија (3-Г),
која обезбедува брзина на размена од 10 мегабити. За споредба, 4-Г
овозможуваат брзина на пренос на услуги преку мобилен телефон од 100
мегабити во секунда. - Во тек е тендер за распределба на уште две
нови 3-Г лиценци, со што ќе се придонесе кон зголемената понуда на овие
услуги, а преку конкуренцијата се надеваме да се влијае и на понудата
на услугите - најави Јанакиески.
Тој истакна дека според последните статистички податоци Македонија е
еден од лидерите во регионот во користење широкопојасен интернет и
потсети дека успешните реформи во секторот на електронски комуникации
се потврдени во последниот извештај на Европската комисија. Позитивни
оценки за прогресот на Македонија во користењето интернет и
либерализацијата на телекомуникацискиот пазар на работилницата изнесе
Свеин Тенингас, висок советник на Европското биро за телекомуникациски
развој. На новинарско прашање дали во Македонија има простор за четврти
мобилен оператор, за што е во тек тендер, Тенингас рече дека тоа ќе го
утврди пазарот.
http://vecer.com.mk/?ItemID=BDCE13473FF8AF46A93646409A939783 |
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#244 Posted: 02-Feb-2010 at 20:20 |
ПОТРЕБНИ СЕ ЗАКОНСКИ ИЗМЕНИ ЗА ВИРТУЕЛНАТА ТЕЛЕФОНИЈА Огласот за мобилен оператор го престигна законотЕлена Костовска
Огласот за 3Г, на кој може да се пријави четврти мобилен оператор, кој ќе ја користи мрежата на постојните оператори, може да биде оневозможен поради потребните измени во законската регулатива. Во Министерството за транспорт и за врски велат дека за да се воведе виртуелен мобилен оператор треба да се направат соодветни законски услови. Оттаму додаваат дека на пазарот на мобилната телефонија нема многу простор зашто е исполнет повеќе од 94 проценти, но дека конечна оцена дали има простор за четврти мобилен оператор треба да даде анализата на пазарот на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК). - Во моментов не постои тендер за четврти мобилен оператор, туку за 3Г, што претставува проширување на постојните услуги преку мобилни комуникациски мрежи со овозможување видеоповик, видео на барање, телевизија и побрз пренос на податоци. Ама на овој оглас може да се пријават присутните мобилни оператори, како и мобилен оператор што не е присутен на пазарот и тој тогаш ќе претставува четврти мобилен оператор - вели Марјан Пејовски, портпаролот на АЕК. Тој додава дека не е невозможен влез на виртуелен мобилен оператор преку дозвола за фреквенција за 3Г без измени во законската регулатива. - Треба да се регулира овозможувањето на пристап кон мобилната комуникациска мрежа на постојните оператори. Влезот на фиксните оператори што ја користеа мрежата на Македонски телеком одеше паралелно со законските измени - вели Пејовски. Во АЕК сметаат дека не може да се каже дека пазарот на мобилна телефонија е презаситен и дека нема место за нов, четврти мобилен оператор. - Тоа ќе го кажат инвеститорите зашто тие се најповикани. Ако некој сака и има пари, ние нема да му кажеме не. На сите јавни огласи за користење радиофреквенции бараме корисник што ефикасно ќе ги користи, а државата ќе има придобивка. Евентуалниот влез на нов мобилен оператор сигурно ќе ги намали цените на мобилните услуги - велат во АЕК. Во плановите на Министерството за транспорт и за врски за годинава, со цел развој на пазарот на електронски комуникации, се планира објавување на нов тендер за четврти мобилен оператор и два нови лиценци за 3Г и се планира изградба на нова мрежа за дигитална радио - телевизија преку која дигитално ќе се емитуваат програмските сервиси на Македонската радио-телевизија и на собранискиот канал. |
http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=4&tabid=1&EditionID=1933&CategID=20
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#245 Posted: 27-Jan-2010 at 01:59 |
Па ми се допаѓа идејата да се дитрибуира интернетот на оние на кои им е тешко достапен. Иако би преферирал методи како на пример Т-хоум конечно да ги замени оние говорници што ионака не се користат со терминали за интернет точки со фото опрема и интернет како што на пример има низ свет секаде по метро станици по автобуски и по чекални. Може требаше прво да следи повик и да се додели квадрат земјиште на користење на оперторите кои би инсталирале ваква опрема. Сепак ова е бесплатен и е голем импакт да повлече интерес и го поздравувам,потегот, па во иднина може постепено да се иде кон комерцијални пунктови како што ги опишав погоре. А инсталацијата ќе биде поготово поселна бидејќи веќе има спроведено парици и е многу полесно да се поврзе адсл опрема.
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#246 Posted: 26-Jan-2010 at 22:23 |
И чист воздух и бесплатен Интернет
За шест месеци, на територијата на цела држава, во руралните средини
треба да бидат инсталирани 680 Интернет-киосци со безжичен
Интернет-пристап, по што четири години ќе нудат Интернет со субвенции
од државата. „Телелинк“, „Неоком“ и „Хелектрон“ се економските
оператори што ќе ги постават овие Интернет-киосци.
Така,
жителите на селата во земјава ќе имаат шанса, покрај чистиот воздух што
го дишат во своите средини, да користат и бесплатен Интернет обезбеден
од државата.
Договорот за поставување Интернет-киосци и за
нудење на услугата вчера го потпишаа министерот за информатичко
општество Иво Ивановски и претставниците на операторите, избрани преку
електронско јавно наддавање, врз основа на најниско понудени цени.
Во
услугата од економските оператори се опфатени инсталирање
Интернет-киоск лоциран до подрачното училиште во руралните средини,
преку кој со безжичен систем ќе се зрачи бесплатен Интернет-сигнал во
радиус од 250 метри. Киосците се изработени од нерѓосувачки челик
отпорен на какви било влијанија од минус 200С до плус 600С, содржат
вграден компјутер со метална тастатура со македонска поддршка, при што
ќе нема можност за сурфање со несакани содржини.
„Со
воведувањето на 680 киосци сакаме бенефитите од современите технологии
да ги уживаат и граѓаните од руралните средини. Очекуваме Македонија
уште еднаш да биде пример за останатите држави со оглед на тоа што
намалувањето на дигиталниот јаз и електронската инклузија се приоритет
на ниво на Европа“, истакна на прес-конференција Ивановски.
Тој
информира дека набавката на Интернет-киосците и четиригодишната
бесплатна Интернет-услуга за граѓаните државата ја чини околу 2,5
милиони евра. Првично за таа намена биле предвидени 4,72 милиони евра,
но при електронското јавно наддавање е постигната многу пониска цена и
во зависност од регионот за кој конкурирале операторите, заштедата е од
десет проценти до 36 отсто.
При јавното наддавање во кое
учествуваа девет оператори се конкурираше за 13 региони, по 50 локации
во секој. Избраните три оператори со потпишаниот договор се обврзаа 30
проценти од киосците да ги постават за 120 дена, 60 отсто за 150 дена,
а сите да бидат поставени во руралните средини во рок од 180 дена. По
завршувањето на четиригодишниот договор Интернет-киосците остануваат во
сопственост на операторите. (Ек.Р.) |
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=4CFBD6E26C9DF64AA1A71312B1670E4A
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#247 Posted: 18-Jan-2010 at 00:01 |
Значителен прогрес на телекомуникаците
Значителен
прогрес на пазарот за електронски комуникации во земјава е констатиран
во 2009 година. Од Министерството за транспорт и врски велат дека тоа
се должи на обезбедувањето на исти услови за влез не само на домашни
туку и на странски оператори, а доказ за ова е влезот на Телоком
Словенија преку купувањето на Космофон и воведувањето на дигитална
телевизија - Боом ТВ.
Според официјалните показатели од Државниот завод за статистика и
Евростат, земјава во користењето на широкопојасниот интернет е еден од
лидерите во регионот. Имено, забележан е значител скок на користење на
широкопојасен интернет, што во 2006 година беше 1%, а во 2009 година
33% од вкупниот број на домаќинства.
Во 2009 година, конкуренцијата во мобилната телефонија која е се
поефикасна, така што пенетрацијата на корисници на мобилни услуги е
приближно 100%, што ја става Македонија во кругот на најразвиените
земји во однос на користењето на мобилната телефонија. - Во текот
на 2010 година се планира објавување на нов тендер за четврти мобилен
оператор и две нови 3-Г лиценци, се планира да започне изградбата на
нова мрежа за дигитална радиотелевизија (ДВБ-Т) од страна на ЈП МРД,
преку која дигитално ќе се емитуваат програмските сервиси на јавниот
сервис (МРТ) и Собранискиот канал - велат од Транспорт.
http://vecer.com.mk/?ItemID=1265E0F40CB25244812ECC06088B88A1 |
|
 |
UrbanFreak
Senior Member
Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
|
Quote Reply
#248 Posted: 23-Dec-2009 at 00:30 |
Фала за интересниот линк Владимир. Незнам колку е точен и релевантен но пребарувајќи по нивниот сајт ја најдов оваа статистика за европа
Internet Usage in Europe |
EUROPE |
Population ( 2009 Est. ) |
Internet Users, Latest Data |
% Population (Penetration) |
User Growth (2000-2009) |
% Users Europe |
Albania |
3,639,453 |
750,000 |
20.6 % |
29,900.0 % |
0.2 % |
Andorra |
83,888 |
59,100 |
70.5 % |
1,082.0 % |
0.0 % |
Austria |
8,210,281 |
5,936,700 |
72.3 % |
182.7 % |
1.4 % |
Belarus |
9,648,533 |
3,106,900 |
32.2 % |
1,626.1 % |
0.7 % |
Belgium |
10,414,336 |
7,292,300 |
70.0 % |
264.6 % |
1.7 % |
Bosnia-Herzegovina |
4,613,414 |
1,441,000 |
31.2 % |
20,485.7 % |
0.3 % |
Bulgaria |
7,204,687 |
2,647,100 |
36.7 % |
515.6 % |
0.6 % |
Croatia |
4,489,409 |
2,244,400 |
50.0 % |
1,022.2 % |
0.5 % |
Cyprus |
1,084,748 |
335,000 |
30.9 % |
179.2 % |
0.1 % |
Czech Republic |
10,211,904 |
6,027,700 |
59.0 % |
502.8 % |
1.4 % |
Denmark |
5,500,510 |
4,629,600 |
84.2 % |
137.4 % |
1.1 % |
Estonia |
1,299,371 |
888,100 |
68.3 % |
142.3 % |
0.2 % |
Faroe Islands |
48,856 |
37,500 |
76.8 % |
1,150.0 % |
0.0 % |
Finland |
5,250,275 |
4,382,700 |
83.5 % |
127.4 % |
1.0 % |
France |
62,150,775 |
43,100,134 |
69.3 % |
407.1 % |
10.3 % |
Germany |
82,329,758 |
54,229,325 |
65.9 % |
126.0 % |
13.0 % |
Gibraltar |
28,796 |
9,853 |
34.2 % |
515.8 % |
0.0 % |
Greece |
10,737,428 |
4,932,495 |
45.9 % |
393.2 % |
1.2 % |
Guernsey & Alderney |
65,484 |
46,100 |
70.4 % |
130.5 % |
0.0 % |
Hungary |
9,905,596 |
5,873,100 |
59.3 % |
721.4 % |
1.4 % |
Iceland |
306,694 |
285,700 |
93.2 % |
70.1 % |
0.1 % |
Ireland |
4,203,200 |
2,830,100 |
67.3 % |
261.0 % |
0.7 % |
Italy |
58,126,212 |
30,026,400 |
51.7 % |
127.5 % |
7.2 % |
Jersey |
91,626 |
28,500 |
31.1 % |
256.3 % |
0.0 % |
Kosovo |
1,804,838 |
377,000 |
20.9 % |
0.0 % |
0.1 % |
Latvia |
2,231,503 |
1,369,600 |
61.4 % |
813.1 % |
0.3 % |
Liechtenstein |
34,761 |
23,000 |
66.2 % |
155.6 % |
0.0 % |
Lithuania |
3,555,179 |
2,103,471 |
59.2 % |
834.9 % |
0.5 % |
Luxembourg |
491,775 |
387,000 |
78.7 % |
287.0 % |
0.1 % |
Macedonia |
2,066,718 |
906,979 |
43.9 % |
2,923.3 % |
0.2 % |
Malta |
405,165 |
200,200 |
49.4 % |
400.5 % |
0.0 % |
Man, Isle of |
76,512 |
-- |
-- |
-- |
0.0 % |
Moldova |
4,320,748 |
850,000 |
19.7 % |
3,300.0 % |
0.2 % |
Monaco |
32,965 |
22,000 |
66.7 % |
214.3 % |
0.0 % |
Montenegro |
672,180 |
294,000 |
43.7 % |
0.0 % |
0.0 % |
Netherlands |
16,715,999 |
14,304,600 |
85.6 % |
266.8 % |
3.4 % |
Norway |
4,660,539 |
4,235,800 |
90.9 % |
92.5 % |
1.0 % |
Poland |
38,482,919 |
20,020,362 |
52.0 % |
615.0 % |
4.8 % |
Portugal |
10,707,924 |
4,475,700 |
41.8 % |
79.0 % |
1.1 % |
Romania |
22,215,421 |
7,430,000 |
33.4 % |
828.8 % |
1.8 % |
Russia |
140,041,247 |
45,250,000 |
32.3 % |
1,359.7 % |
10.8 % |
San Marino |
30,167 |
17,000 |
56.4 % |
580.0 % |
0.0 % |
Serbia |
7,379,339 |
3,300,000 |
44.7 % |
725.0 % |
0.8 % |
Slovakia |
5,463,046 |
3,566,500 |
65.3 % |
448.7 % |
0.9 % |
Slovenia |
2,005,692 |
1,300,000 |
64.8 % |
333.3 % |
0.3 % |
Spain |
40,525,002 |
29,093,984 |
71.8 % |
440.0 % |
7.0 % |
Svalbard & Jan Mayen |
2,198 |
-- |
-- |
-- |
0.0 % |
Sweden |
9,059,651 |
8,085,500 |
89.2 % |
99.7 % |
1.9 % |
Switzerland |
7,604,467 |
5,739,300 |
75.5 % |
168.9 % |
1.4 % |
Turkey |
76,805,524 |
26,500,000 |
34.5 % |
1,225.0 % |
6.3 % |
Ukraine |
45,700,395 |
10,354,000 |
22.7 % |
5,077.0 % |
2.5 % |
United Kingdom |
61,113,205 |
46,683,900 |
76.4 % |
203.1 % |
11.2 % |
Vatican City State |
545 |
93 |
17.1 % |
0.0 % |
0.0 % |
TOTAL Europe |
803,850,858 |
418,029,796 |
52.0 % |
297.8 % |
100.0 % |
|
Според оваа статистика која е за пенетрација на било каков интернет (не само широкопојасен) и не стоиме така лошо иако сме под Европскиот просек (43,9% Македонија, Европа 52%). Во секој случај сме длеку пред Албанија, Косово, Босна, Бугарија, Романија, Кипар, Украина, Турција, Португалија а речиси изедначени со Црна Гора, Србија и Грција од регионов. Во секој случај и процентот на порастод 2000 година е импресивен 2923%, сто ветува дека догодина моземе да отидеме над 50% пенетрација.
|
 |
Vladimir P
Senior Member
Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
|
Quote Reply
#249 Posted: 23-Dec-2009 at 00:05 |
Топ 20 земји на интернет корисници
|
|
 |
UrbanFreak
Senior Member
Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
|
Quote Reply
#250 Posted: 22-Dec-2009 at 21:30 |
Широкопојасен интернет користат 33,8 отсто од домаќинствата
Македонија во користење на широкопојасниот интернет е една од лидерите во регионот. Според официјалните показатели на Државниот завод за статистика, процентот на домаќинства кои користат широко појасен интернет е 33,8.
Колку за споредба пред три години, тој процент изнесувал само три отсто, во 2007 година се зголемил на седум, додека ланската година е забележан скок од 16 отсто, и изнесувал 23 отсто од вкупниот број домаќинства што користеле широкопојасен интернет, се наведува во најновиот извештај од мониторингот на пазарот на електронски комуникации во Македонија во вториот квартал од 2009 година.
Како што информираат од Министерството за транспорт и врски ваквите резултати се должат на големата и успешна реформа во секторот на електронски комуникации.
Во однос на искористеноста на интернетот од страна на деловните субјекти со 10 или повеќе вработени, податоците покажуваат дека годинава 86,3 отсто од нив имале пристап до интернет.
Во извештајот се наведува дека и мобилната телефонија бележи подем во Македонија, што се должи на либерализација на пазарот. Статистичките податоци говорат дека се бележи пенетрација од 92, отсто, односно 1.878.553 граѓани се активни претплатници.
|
Би било интересно да се добие официјална статистика за интернет и мобилна енетрација во земјите во регионот па да ги споредиме нашиве резултати.
|
 |
UrbanFreak
Senior Member
Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
|
Quote Reply
#251 Posted: 15-Dec-2009 at 12:22 |
Мислам дека барем во полето на телекомункациските услуги и инфраструктура не доцниме многу зад развиениот свет, а секако сме меѓу најдобите на Балканот. Браво за Т-мобиле и Т-хоме, но секако за тоа е многу заслужна и конкуренцијата, која ги спушти цените и зголеми брзиите. Секако ние, крајните корисници од сево ова ќе имаме најголеми придонеси.
Инаку околу оптиката, моментално на работа ни монтираат инсталација, и во разговор со монтерите дознав дека во секој дом ќе влезе оптичко влакно. Значи не оптика до зграда па стар бакар до дома. Ова ќе биде нов квантен скок во широкопојасниот интернет во МК.
|
 |
UrbanFreak
Senior Member
Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
|
Quote Reply
#252 Posted: 15-Dec-2009 at 12:18 |
Т-хоум и Т-Мобиле планираат инвестиции во нови технологии и услуги догодина
Инвестиции во нови технологии и во дополнителни услуги, се предвидува во бизнис плановите на Македонски Телеком и Т-Мобиле, кои вчера беа усвоени од Одборот на директори на двете компании.. Според Бизнис планот, главна активност во 2010 година за Т-Мобиле Македонија ќе биде понатамошниот развој на мобилната широкопојасна технологија (3G). Главни активности на Македонски Телеком за 2010 година ќе бидат инвестициите за развој на оптичката мрежа, конвергенцијата на фиксните и мобилните сервиси и промоцијата на нови врвни телекомуникациски услуги и решенија Одборот на директори на Македонски Телеком АД – Скопје на денешниот состанок одлучи да го продолжи договорот на Николај Бекерс, кој истовремено останува Претседател на Одборот на Директори на Т-Мобиле Македонија. Врз основа на взаемна спогодба со Т-Мобиле Македонија, г-дин Дејан Крстевски, Главен директор за финансии и г-дин Душко Кантарџиев, Главен директор за информатичка технологија ќе се повлечат од своите менаџерски позиции во компанијата. Започнатата анализа за работењето на Македонски Телеком и на Т-Мобиле, од чии резултати се очекуваат насоки за идното функционирање на двете компании, кое може да доведе до спојувања на компаниите, е во завршна фаза. Откако ќе биде комплетирана, ќе им биде доставена на главните акционери, по чие разгледување и заземање став, се очекува конечна одлука. (Макфакс)
|
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#253 Posted: 09-Dec-2009 at 23:26 |
И еве го муабетот од пред 2-3 поста
Мобилна, фиксна и интернет заедно
Компанијата за мобилна телефонија Т-Мобиле и фиксниот и интернет оператор Т-Хоме промовираа заедничка понуда Семејство плусс преку која нудат мобилна и фиксна телефонија и АДСЛ интернет. На една заедничка месечна претплата корисниците можат да вклучат до шест мобилни линии, една фиксна линија и АДСЛ интернет и ќе можат да зборуваат од мобилен на фиксен и обратно по цена од 0 денари за минута, а по три денари ќе плаќаат за воспоставување повик. Станува збор за понуда за македонските семејства кои први од сите корисници на Групацијата на Дојче Телеком ја имаат можноста да ја користат. На тој начин, како што истакнаа Мајкл Лоренс, главниот извршен директор и Габор Алтман, главен директор за маркетинг и продажба на Т-Мобиле, со новиот пакет услуги корисниците заштедуваат, бидејќи за помал износ на претплатата, во еден пакет добиваат мобилна, фиксна телефонија и супер брз АДСЛ интернет. А, целокупната месечна претплата се користи за сообраќај, односно за мобилни и фиксни телефонски разговори.
Целокупната месечна претплата се користи за сообраќај. На располагање се три пакети, од 1.300 денари, 1.800 и 2.400 денари месечно. Во промотивниот период корисникот добива бежични рутер и фиксен телефонски апарат Панасоник, како и мобилни телефони за секоја линија во пакетот согласно актуелната понуда на Т-Мобиле. Така, за месечна претплата од 1.300 денари се добива по две пост-пејд и при-пејд мобилни линии, една фиксна и АДСЛ интернет, за 1.800 денари: четири пост-пејд и две при-пејд мобилни линии, една фиксна и АДСЛ интерент, а за 2.400 денари: шест пост-пејд и две при-пејд мобилни, како и една фиксна линија и АДСЛ интернет. Тарифите на телефонските разговорите се намалени и до 25 отсто во однос на постојните, во зависност од кој пакет со која претплата е избран. За новата услуга, корисниците склучуваат договор со Т-Мобиле на две години, и на една фактура ќе добиваат извештај за сите три типови сообраќај. Новиот пакет може да го користат сите нови, но и постојни корисници на мобилната и фиксната телефонија. Лоренс не сакаше да коментира дали заедничката понуда со Т- Хоме значи спојување на мобилниот и фиксниот оператор. -Спојувањето е одлука на акционерите која не би требало да ја коментирам. Факт е дека мобилниот и фиксниот бизнис во земјите во кои е присутен Дојче Телеком се повеќе се спојуваат. Секој од нас има или при-пејд или пост-пејд мобилни услуги или пак, користи интернет. Заедно со Т- Хоме ја разгледавме можноста за спојување на овие две работи и обезбедување добра услуга за пониска претплата - рече Лоренс. | http://www.vecer.com.mk/?ItemID=2710E2DD76417548A9263A4D1530EA93
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#254 Posted: 06-Dec-2009 at 13:08 |
 Ако тргнам по некоја моја пазарна логика... Разликата во цената меѓу старите и новите пакети треба да е барем 40-50% за да некој се одлучи за поефтиниот (со оглед на разлика во перформанси). Тоа значи дека моментално најјакиот 3Макс пакет ќе треба да го даваат за некои 1500 денари (колку што чини најјакиот АДСЛ во моментов) а цените на другите пакети треба да станат маргинални. Затоа мислам дека тоа е невозможно, бидејќи инстант ќе им го намали маневарскиот простор за понатамошни намалувања (нешто што веројатно ќе мора да дојде со оглед на растот на конкуренцијата), за попусти итн. Затоа претпоставувам дека идентичните цени се всушност потстрек секаде каде што има оптика граѓаните да се префрлат на нејзе без дилема и да ги баталат старите технологии. Верувам дека ова им е од особен интерес на телеком бидејќи проточноста на оптикава ќе им овозможи да воведат со тек на време еден тон други сервиси од кои ќе може да печалат пати.
|
 |
The Man
Senior Member
Joined: 06-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 135
|
Quote Reply
#255 Posted: 06-Dec-2009 at 10:23 |
Originally posted by pbanks
Јас пак мислам дека цените се коректни за она што се добива. Можеби постои можност за намалување до околу 20% во иднина но не повеќе. Евентуално може да се очекува во рамките на овие цени да влезе и мобилна телефонија во блиска иднина од кога ќе се спојат Т-Мобиле и Т-Хоме (и онака мора да му одговорат побрзо на Оне кој ја нуди оваа услуга).
Во врска со покриеноста јас не ни очекував повеќе, но битно е дека се почна со оваа работа.
|
Мислам дека не се разбравме околу работата со цените. Кога зборував за намалувања, мислев на веќе „старите“ пакети. Или пак се разбравме, ама не се согласуваме со мислењата.  И јас исто така мислам дека по интеграцијата на T-Home и T-Mobile можеме да очекуваме и бесплатни повици со одредено времетраење од фиксната кон мобилната телефонија. Честитки за оние кои можат да ги добијат сегашниве нови пакети на услуги. Навистина се best buy во моментов.
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#256 Posted: 05-Dec-2009 at 18:14 |
Јас пак мислам дека цените се коректни за она што се добива. Можеби постои можност за намалување до околу 20% во иднина но не повеќе. Евентуално може да се очекува во рамките на овие цени да влезе и мобилна телефонија во блиска иднина од кога ќе се спојат Т-Мобиле и Т-Хоме (и онака мора да му одговорат побрзо на Оне кој ја нуди оваа услуга).
Во врска со покриеноста јас не ни очекував повеќе, но битно е дека се почна со оваа работа.
|
 |
The Man
Senior Member
Joined: 06-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 135
|
Quote Reply
#257 Posted: 05-Dec-2009 at 10:00 |
Се надевам дека сега ќе ги намалат цените на веќе постоечките пакети, сеуште цените се превисоки за доста домаќинства. Разочаран сум и од моменталната покриеност. Зарем за година и пол работа успеаа само толку мал дел од градот да покријат? Секако целиов процес е за поздравување, барем во овие реони ја закопаа конкуренцијата во земја.
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#258 Posted: 04-Dec-2009 at 22:59 |
 Фала за инфото The Man. Според она што го гледам фактички во регионите каде имаат покриено со оптика ги стимулираат луѓето да прејдат на новите пакети бидејќи цените се фактички идентични а можностите далеку поголеми. Браво за T-Home во секој случај
|
 |
The Man
Senior Member
Joined: 06-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 135
|
Quote Reply
#259 Posted: 04-Dec-2009 at 19:48 |
Со T-Home поврзете се на интернет со брзина на светлината!
04.12.2009
Македонски
Телеком и официјално започна да ги поврзува домовите со оптика. Отсега,
оптиката која е најнапредна технологија во светот за широкопојасен
интернет пристап и за телекомуникациски услуги воопшто, е достапна и за
македонските граѓани.
Продуктно портфолио на MaxADSL, Call & Surf и 3 Max, на T-Home,
сега функционира преку оптика под името Max Optic, во областите
поврзани со оптичка мрежа. Со Max Optic, корисниците добиваат
единствена привелегија да уживаат во поволностите на технологија на
иднината, која овозможува пренос на повеќе податоци, преку поголеми
растојанија на посигурен начин. Технологијата оптика до домот практично
не застарува и има скоро неограничени можности. Веќе се направени
тестови во кои низ едно оптичко влакно е остварен проток од 14 тера
бита во секунда. Доволно да помине целиот интернет сообраќај на
Македонија помножен со 1.000!
За приватните корисници, во зависност од потребите и барањата,
T-Home креираше неколку пакети, и тоа: Max Оptic (со интернет), Call
& Surf Оptic (со интернет и телефонија), и 3 Max Optic (со
интернет, телефонија и телевизија). На деловните корисници им се
достапни пакетите Max Оptic Pro (со интернет) и Office Complete Оptic
(со интернет и телефонија). Со Optic пакетите на T-Home, може да
преземате содржини 5 пати побрзо или пак да испраќате содржини 40 пати
побрзо отколку со друг интернет пакет!
Со оптика до домот, корисниците добиваат огромни и симетрични
интернет брзини и до 50 Mbps, стабилна интернет врска, можност за
гледање на повеќе ТВ програми со висока резолуција во исто време,
истовремено сурфање на интернет и разговарање на повеќе телефонски
линии. Поврзувањето со оптика овозможува превземање или испраќате
филмови, музика, слики и други содржини, гледање филмови, видео клипови
или видео стримови (YouTube), слушање музика и интернет радио, дружење
преку друштвени веб сајтови (Facebook, LinkedIn, MySpace), допишување
со пријателите преку “chat” апликации и електронска пошта (MSN,
Hotmail, Yahoo) итн.
За проектот оптика до домот, Македонски Телеком инвестираше неколку
милиони евра. На почеток, оптиката е достапна во неколку реони во
Скопје и тоа кај Градски ѕид, Капиштец, Карпош и Педагошка. Компанијата
постојано работи и продолжува со проширување на мрежата. Така, од 2010
година од примарно значење е нејзиното проширување во повеќе реони во
Скопје, но и во уште неколку големи градови во Македонија: Тетово,
Куманово, Охрид, Битола и други.
За повеќе информации проверете на www.t-home.mk.
Извор: http://www.telekom.mk/mk/news_record.asp?newsid=747
|
 |
The Man
Senior Member
Joined: 06-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 135
|
Quote Reply
#260 Posted: 02-Dec-2009 at 20:58 |
Originally posted by UrbanFreak
Сега се распрашав како тоа функционира во Словенија и ми кажаа дека секој до дома добива по едно влакно и swith со еден оптички влез и УТП излез. Понатака УТП-то го штекаш во стандарден рутер. Тој swith кај нив го давал бесплатно провајдерот. |
Кој го интересира, пакетите се тука: http://www.t-2.net/?AUID=4CB68010D3742F031562  Ах... убавини.
|
 |