Author |
Topic Search Topic Options
|
maestro
Senior Member
Joined: 02-Aug-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 505
|
Quote Reply
#241 Posted: 03-Nov-2008 at 22:11 |
Originally posted by pbanks
Феноменален проект. И во Загреб има неколку вакви висококатници кои се изградија или се градат. Еве нешто доста помало но мислам дека би било пристојно за оваа локација. Кулата ХОТО од Загреб Подобро помало и со вкус отколку она ѓубрено од 40 ката што се изгради во Сараево.
|
Убаво! Ме потсеќа наша „Соравија“ само нормално, ова е во подобра варијанта.
П.С. Ќе може ли некој да ми каже како се вика 40-катното ѓубре од Сараево??
Edited by maestro13 - 03-Nov-2008 at 22:13
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#242 Posted: 03-Nov-2008 at 17:48 |
 Па исфрлањето на овие објекти толку далеку од центарот носи цела редица неповолности, а не гледам дека носи некои предности и плус драстично ги намалува шансите дека би имало интерес од инвеститори. Исто така го занемарува фактот што имаме големи простори во самиот центар или малку пошироко, кои ем треба да се пополнат ем одговараат за маркици со поголема висина. Мислам дека и онака џабе збориме за 100 или 126 катници, такви работи (освен во Русија), нема во Европа... Значи ова летање во облаци за кое причините добро ги лоцираше Грчев е тотално вон памет и треба да видиме што реално може да бидне кај нас. А за некои поскромни висини мислам дека нема непремостиви проблеми високи зданија да бидат лоцирани во центарот. Инаку во врска со тоа тоа што го кажав за Европа, не е ни најкорисно да се прават споредба само со европски градови, но и така не ти држи тезата дека нема облакодери во центрите на градовите. Токму облакодерските престолнини на европа како Франфурт, Лондон и Варшава ги имаат во самите центри.
Edited by Cloverstack - 03-Nov-2008 at 18:00
|
 |
BOJAN
Senior Member
Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
|
Quote Reply
#243 Posted: 03-Nov-2008 at 17:00 |
Јас се сложувам да има деловни центри кои ќе имаат големи височини, но не во центарот на Скопје. Нека излезат од владата па нека кажат која европска метропола има 100 катници во центарот на градот. Нека наведат само една. А тоа дека може да се градат високи згради може, делот позади Зајчев рид кај Момин Поток, територијата на општините Илинден, Кисела вода, Петровец. На овие простори има доволни слободна површина, готови или автопати во изведба, па и не би било тешко вработените да стигнат до своите работни места.
|
 |
ovaj_stariov
Senior Member
Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1321
|
Quote Reply
#244 Posted: 03-Nov-2008 at 15:33 |
Добро некој стварно има ли точна информација за ова со Бојо. Само си прави реклама за универзитетот или има нешто вистина?
|
build.mk, гради форумска историја
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#245 Posted: 03-Nov-2008 at 13:54 |
урбанистичките планови веќе не се стручни акти, смета архитектот
Мирослав Грчев, поранешен градоначалник на општината Центар.
-
Тоа се извршни акти на дилетантски политички волунтаризам. |
За жал ова констатација е очигледно целосно точна. А дилетантскиот политички волунтеризам се повеќе зафаќа и многу други сфери, не само урбанистичките планови.

|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#246 Posted: 03-Nov-2008 at 10:08 |
Еве една поопсежна анализа на "Нова Македонија" околу облакодери во Скопје. Следува интегрална верзија:
Скопје расте во височина |
|
|
|
Автор: Гоце Трпковски |
|
Стокатници
високи околу 300 метри на паркиралиштето спроти хотелот „Холидеј ин“,
облакодери од по 500 метри во општината Аеродром, педесеткатница на
местото на Европскиот универзитет во центарот, како и 90-метарска
зграда врз бараката на театарот „Центар“. За многу кратко време Скопје
доби најави дека ќе се градат повеќе висококатници. Градот го очекуваат
времиња во кои тој ќе расте во височина, наместо во површина, каков што
беше случајот во изминатиов половина век.
Зградите
спроти „Холидеј ин“ се најамбициозниот градежен проект што Скопје
некогаш го видело. Тие се предвидени со детален урбанистички план на
општината Центар, а се планира да имаат по најмногу 98 ката во висина
од 300 метри, со подземен паркинг за над 6.000 возила. Намената на
објектите е колективно домување, привремено сместување, јавни
институции и комерцијални и деловни простории. Сепак, за да се оствари
оваа најава Владата треба да распише тендер за заинтересирани
инвеститори, а се уште не го сторила тоа.
Маркички
за облакодери нацртаа и општинарите од Аеродром, во урбанистичкиот план
Индустриска зона УЕ 2, кој го опфаќа потегот од бензинската пумпа на
„Макоил“ на булеварот Србија до границата со општината Кисела Вода.
Трите кули што ги предвиделе се повисоки дури и од тие во центарот,
максималната височина им е 126 метри и можат да имаат по 500 ката.
Намените им се домување, деловен и комерцијален простор. Потенцијалните
инвеститори ќе имаат обврска да обезбедат вкупно 3.167 паркинг места. И
оваа најава се уште стои само на хартија во општинските фиоки.
Новиот
нацрт-план за Големиот ринг јужен дел - запад предвидува зграда од 25
ката висока 90 метри на местото на театарот „Центар“. Планот е се уште
во фаза на усвојување, а од Министерството за култура стасаа најави
дека објектот ќе се градел со приватен партнер и во него треба да се
сместат научни и културни институции.
Единствениот
конкретен проект за облакодер засега го има изработено бизнисменот Бојо
Андревски, кој планира да гради објект со три ламели на местото на
Европскиот универзитет и на старата печатница на „Нова Македонија“. Тие
треба да бидат високи по 40, 45 и 50 ката. За проектот веќе се
направени и испитувања на тлото и сеизмички анализи. Во зградите би се
сместил универзитетот, студентски дом, хотел, деловен простор и други
содржини, а канцеларијата на Андревски би била во форма на топка
сместена на највисоката ламела и би имала површина од 2.500 квадратни
метри. Тој најавува дека изградбата веројатно би почнала в година, но
иако во деталниот урбанистички план постои потребната маркичка од 6.500
квадрати, со него се предвидува дека на сегашните објекти може да им се
догради само поткровје, што значи дека ќе треба да се чека за да се
смени планот.
ВОЛУНТАРИЗАМ ВО ПЛАНИРАЊЕТО
Предвидувањето
згради високи по 30, 100 или 130 ката се должи на тоа што
урбанистичките планови веќе не се стручни акти, смета архитектот
Мирослав Грчев, поранешен градоначалник на општината Центар.
-
Тоа се извршни акти на дилетантски политички волунтаризам. Никој што е
стручен не може да даде став за тоа дали на Скопје му се потребни
облакодери и воопшто за просторниот развој на градот без истражувања,
проверки, програми и анализи. Но колку помалку луѓето познаваат
одредена материја, толку им е полесно да одлучуваат за неа - додава
Грчев.
Тој вели дека на тоа се должи несфатливата леснотија со која се решава судбината на најскапоцените подрачја во Скопје.
-
Од стручен аспект решенијата се малоумни, а за нивните маркетиншки,
политички, популистички и чаршиски вредности не би сакал да зборувам -
истакнува Грчев.
ХРОНИЧЕН НЕДОСТИГ ОД ДЕЛОВЕН ПРОСТОР
Агенциите
што се занимаваат со трговија со недвижности сметаат дека на градот,
особено на центарот, најмногу му требаат посебни административни и
деловни простории, затоа што се повеќе станови во централното подрачје
се пренаменуваат во канцеларии.
-
Побарувачката за вакви простори е доста голема, иако во последно време
малку стагнира. Тоа е можеби последица на светската економска криза, но
верувам дека оваа состојба набргу ќе помине и интересот ќе продолжи да
се зголемува. Облакодерите се добар начин за да се задоволи оваа
потреба, бидејќи објективно се помалку има површини за градба. Значи ни
требаат слични објекти како тој што го направи австриската компанијата
„Соравиа“ кај Градскиот трговски центар, чија намена е главно
канцелариски простор - објаснува Јовица Филиповски, директор на
агенцијата за недвижности „Бастион“.
Тој
додава дека цените на деловниот простор во центарот доста варираат и
зависат од квалитетот на просториите, а се движат од 1.500 до 4.000
евра за квадратен метар.
СО ВИСТИНСКИ ПРОЕКТ СЕ Е МОЖНО
Главните
сомнежи околу изградбата на висококатници во Скопје потекнаа од фактот
дека градот се наоѓа на трусно подрачје и во својата историја забележал
неколку катастрофални земјотреси. Но експертите од Институтот за
земјотресно инженерство и сеизмологија тврдат дека современите
технологии овозможуваат да се градат облакодери и дека тоа веќе се
прави во многу делови од светот.
-
Важно е да се направи комплетен проект и да го подготви цел тим што ќе
вклучи експерти од повеќе области. Од архитектонски аспект мора да се
најдат решенија за вклопувањето во околината, паркингот, лифтовите и
слично. Од статички аспект, пак, проектот мора да биде сеизмички
издржан и верификуван. И за инсталациите се потребни посебни зафати,
затоа што не е едноставно да се направат доводи за вода на тие
височини. Темелите на тие објекти одат длабоко под земјата и тие
најчесто имаат неколку подземни нивоа, иако нема универзален критериум
за тоа колку отсто од зградата треба да биде под површината. Најважно е
се да се обмисли уште на почетокот и во никој случај не смее да се
дозволи изградбата да почне без да се извршат сите можни подготовки -
истакнува професорката Голупка Нечевска - Цветановска,
заменик-директорка на ИЗИИС.
Таа
додава дека постојат посебни материјали со кои зградите би се направиле
поцврсти, како високовредниот бетон, бидејќи со обичниот би морале да
се направат многу големи столбови. И челикот според неа е доста
издржлив материјал кој би можел да се употребува во изградбата.
-
За секој од нас би било голем предизвик да учествува во изработката на
еден таков проект. Неодамна бевме на конференција во Пекинг, каде што
тема беа токму висококатниците. Значи сме во тренд со овие најави -
смета Нечевска - Цветановска. | http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=221&ArticleID=10298 |
Што пишува на лифт во Етиопија?! 8 кг или 630 лица!!! 
Edited by lslcrew - 03-Nov-2008 at 10:15
|
 |
ovaj_stariov
Senior Member
Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1321
|
Quote Reply
#247 Posted: 02-Nov-2008 at 11:57 |
Mногу ми е интересно што се развила толку обемна дискусија за нешто што во догледно време нема да се случи,причините веќе се јасни. Изгледа ние македонциве сите сме потајно мегаломани
|
build.mk, гради форумска историја
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#248 Posted: 30-Oct-2008 at 19:18 |
 Се сложувам со се што велиш. Лично се надевам дека 15-20-25 катница и тоа на таква атрактивна локација е сепак нешто што може да биде исплатливо и да се најде инвеститор. Сулудата идеја да правиме кластери од 100катници ми е непотребна, нереална, безпредметна...
|
 |
Dave Gahan
Senior Member
Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
|
Quote Reply
#249 Posted: 30-Oct-2008 at 19:08 |
Originally posted by pbanks
за разлика од другите облакодерски планови овој ми личи на далеку посоодветен. Сметаш дека е ова лоша локација за една висококатница?
|
Не реков дека е лоша локацијата, туку целиов процес (или обидот) на подигнување на градов изгледа нереален...зборот е: постои ли реална потреба за таков бизнис, деловен (или како да го наречам) простор?!...ова малце ме потсеќа на Дубаи, со таа разлика што овде крпиме крај со крај, а шеиците се полни со долари, не врзува само желбата за градење, а не реалните потреби... ...во ред, 300, 100, 30 ката не е битно колку се, во нив мора нешто да се случува, а до сега не видов нешто дека се тепаат инвеститори за изградба на такви објекти во Скопје...
|
MAKE CAPITALISM HISTORY
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#250 Posted: 30-Oct-2008 at 16:28 |
 Феноменален проект. И во Загреб има неколку вакви висококатници кои се изградија или се градат. Еве нешто доста помало но мислам дека би било пристојно за оваа локација. Кулата ХОТО од Загреб  Подобро помало и со вкус отколку она ѓубрено од 40 ката што се изгради во Сараево.
|
 |
anDarko
Senior Member
Joined: 12-Oct-2008
Online Status: Offline
Posts: 204
|
Quote Reply
#251 Posted: 30-Oct-2008 at 16:18 |
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#252 Posted: 30-Oct-2008 at 14:00 |
за разлика од другите облакодерски планови овој ми личи на далеку посоодветен. Сметаш дека е ова лоша локација за една висококатница?
|
 |
Dave Gahan
Senior Member
Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
|
Quote Reply
#253 Posted: 30-Oct-2008 at 12:21 |
http://www.vest.com.mk/default.asp?id=158867&idg=8&idb=2510&rubrika=Skopje....и уште еден облакодер во Скопје на местото на стариот театар Центар, полека ама сигурно добиваме skyline како New York...каде ни е крајот!?
Edited by Dave Gahan - 30-Oct-2008 at 12:22
|
MAKE CAPITALISM HISTORY
|
 |
Vladimir P
Senior Member
Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
|
Quote Reply
#254 Posted: 25-Oct-2008 at 12:19 |
Да ги собереме ЛЕГО коците од сите деца и да направиме кули 
|
|
 |
Plugger
Senior Member
Joined: 15-Sep-2008
Online Status: Offline
Posts: 378
|
Quote Reply
#255 Posted: 25-Oct-2008 at 04:22 |
Abe ovie stvarno se ozbilni ili se zaebavaat? Kaj mozhe 3 sto katnici da gradat tamu ne e mozno.
Baska tamu e glavno parkiralishte, kaj ke parkiraat lugeto posle?? Ke treba da gradat katni garazhi.
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#256 Posted: 24-Oct-2008 at 15:47 |
 „Браво“ за новинарката - комотно може да премине во жолта штампа
|
 |
beTon
Senior Member
Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
|
Quote Reply
#257 Posted: 24-Oct-2008 at 15:44 |
ова зелениве мислам дека требало да ги проанализира новинарката пред да ги објави(истресе), но најверојатно битен е пред се сензационализмот отколку издржаноста на кажаното...
како прво додека да заврши евентулно изградбата на некој облакодер ќе бидеме меѓу последните стокатници во европа www.en.wikipedia.org/wiki/List_of_tallest_buildings_in_Europe , после споредбата со токио е смешна бидејќи таму се секојдневие земјотресите, а за гупот и параметрите околу изградбата можела да се потруди да најде и second opinion... но и вака звучи интересно текстот колку да го потикне човек на размислување, сепак некои работи се добро поентирани како онаа за изис и гаревски или десеткатните стамбени блокови...
Edited by beTon - 24-Oct-2008 at 16:03
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#258 Posted: 24-Oct-2008 at 15:36 |
|
 |
beTon
Senior Member
Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
|
Quote Reply
#259 Posted: 24-Oct-2008 at 15:24 |
иако поназад има неколку текстови од медиумите, овој ми се виде како попрецизен за муабетов со облакодерите во центар, па и заради евиденција еве нека оди...
Небесни амбиции: Владата сака да изгради Менхетен во Скопје Спроти „Холидеј ин“ се планира да никнат три стокатници меѓусебно споени со станбени блокови на 10 ката
Идејата на Владата во строгиот центар на Скопје да изгради голем станбено-деловен комплекс во кој ќе доминираат три стокатници денес ќе се најде пред советниците од Општина Центар, кои ќе треба да го утврдат Нацртот на Детаљниот урбанистички план за Големиот ринг.
Футуристичката замисла подразбира изградба на Менхетен во Скопје, поточно на паркингот спроти „Холидеј ин“ да никне повеќенаменски комплекс со три облакодери меѓусебно споени со станбени десеткатни блокови, училишта, градинки, кина, подземен паркинг на неколку нивоа, како и пешачки мост преку Вардар. На ваков начин Владата има цел Скопје да го стави на листата светски модерни градови, прв град во Европа со стокатница.
Доколку некогаш и се реализира оваа идеја, тогаш Македонија ќе може да се спореди со Јапонија, бидејќи Скопје како Токио со облакодери ќе и' пркоси на сеизмичката активност на земјиштето. Замислата е провокативна и наиде на поделени мислења кај стручната јавност.
Од сеизмички аспект, според директорот на Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија, проф. д-р Михаил Гаревски, нема пречки ИЗИИС да проектира стокатница и притоа да ја гарантира истата сигурност како за секој друг објект, бидејќи овие високи објекти не се чувствителни на локални земјотреси. „Облакодерите не би го почувствувале земјотресот од 1963 година. Евентуално би можеле да бидат почувствителни на далечни земјотреси, како во Романија, но и тоа не би предизвикало никакви проблеми“, вели Гаревски. Според него, во случајов најголем проблем ќе биде да се најде сериозен инвеститор, бидејќи се работи за огромна инвестиција, со оглед на тоа што ќе мора претходно да се изготват посериозни студии и за сеизмичките параметри и за сложената организација и сложена технологија на самата изведба на објектите.
Оптимизмот на проф. Гаревски не го делат сите урбанисти. Дотолку повеќе што станува збор за централната зона на главниот град, која според Генералниот план на Скопје треба да се решава на посебен начин со меѓународен конкурс и тоа генерално, а не интегрално. Според урбанистите, повторно се тргнува во обратен правец, па ќе се носи ДУП без претходно да се направи каква било измена во ГУП. Значи, ако се сака се' да биде законски, пред се', треба да се ревидира ГУП, во него да се вметнат сите измени, бидејќи Скопје сега има нови граници, а потоа да се носи нов ДУП со кој ќе се овозможи изградба на стокатници.
Оттаму, велат урбанистите, ако Владата сака да гради според своите желби, би требало рамноправно да учествува во финансирање на ГУП на Скопје, па потоа да ги каже своите идеи и желби. Од друга страна, пред да се преземат конкретни чекори на ваква бесценето вредна локација, мора однапред да се знае зошто ќе се гради токму тоа, каква ќе биде намената, кој и што ќе се смести во тие објекти, жители, фирми, институции.
Се работи за огромен простор со стотици илјади квадрати за кои задолжително мора да има претходна анализа за потребите и побарувањата. Оттаму, најголем дел од урбанистите не се баш убедени дека инвестицијата тешка неколку милијарди евра ќе биде оправдана. Ако воопшто дојде до реализација на идејата, бидејќи е тешко да се поверува дека има инвеститор кој би вложил толку многу пари токму во Македонија.
Јасмина Силјановска од Архитектонскиот факултет појаснува дека 300 метри висок објект мора да биде најмалку 300 метри оддалечен од соседниот објект, а за да постојат градинки и училишта, прописите предвидуваат од 25 до 35 квадрати двор по ученик. Тоа, во овој случај е неизводливо, бидејќи локацијата го нема потребниот капацитет. Друг проблем е инфраструктурата, бидејќи под плоштадот е комплетната водоводна, канализациска и електрична инсталација на Скопје, додека сообраќајниот проток и сега е во катастрофална состојба. За урбанистите е неизбежно прашањето и за начинот на одржување на објектите, вклучувајќи ги брзите лифтови, греењето, водата, противпожарната заштита, со еден збор, мониторингот на зградите.
Имајќи ги предвид сите овие работи, веројатно е оправдан скептицизмот со кој домашната стручна јавност гледа на владината идеја со изградба на облакодери Скопје да го внесе во 22 век.
Утрински - Билјана Ангеловска - 21.06.2007 |
Edited by beTon - 24-Oct-2008 at 15:30
|
 |
beTon
Senior Member
Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
|
Quote Reply
#260 Posted: 23-Oct-2008 at 20:10 |
 лсл ама и ти стоиш екстра со македонскиот, пошто вероватно напуниш, најверојатно од северниот дел на МКД си родум  абе колку повеќе дијалекти толку покосмополитски е форумов. а за она ММ што го велиш мислам дека такви здружувања се нормална и добра работа и се идеални кога треба нешто комплексно како ова да се истурка, но во таков случај, креаторот на ваков проект треба на свој грб да качи доста обврски, а и да даде цврсти гаранции, лош пример од ваков вид на здружување е соравија каде државата не само што зијанеше на големо ами и доста време во центарот на градот имавме скулптура од карабина и градилиште...
|
 |