Author |
Topic Search Topic Options
|
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#2581 Posted: 04-Dec-2009 at 14:25 |
 Ова воопшто не е точно ниту пак Белград е ултимативен пример за добро развиен град. Има неброени примери во Европа каде гужвите се случуваат на некои од главните артерии но поголемиот дел од градот е проточен со добро планирање и усогласување на сообраќајната мрежа, јавниот превоз, сообраќјната политика, паркинг просторите но и воопшто интелегентно урбано планирање и насочување на главните текови на луѓе и стока.
Edited by pbanks - 04-Dec-2009 at 14:26
|
 |
Supervisor
Senior Member
Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
|
Quote Reply
#2582 Posted: 04-Dec-2009 at 14:15 |
Текстов нема врска имам многу пати кажано еве да повторам во градски средини со население над 500.000 луѓе постојано е закрчен сообраќајот поради еве за пример ќе го земам Белград кадешто има 100 пати пошироки и поголеми градски магистрали од Скопје и повторно му се случува сообраќаен колапс едноставно кога имате толку многу возила и не се држи потребно растојание се закрчува сообраќајот. Доколку се направат промени во градската инфраструктура со булевари кои што треба да бидат урбани автопати низ градот ќе се олесни ситуацијата но никогаш нема да биде како да возите во недела. Една од причините се зголемува бројот на возила и другите горенаведени.
|
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#2583 Posted: 04-Dec-2009 at 12:47 |
Еден дожд и Скопје е парализирано
Од
12 до 18 часот низ улиците владее вистински хаос. Да се стигне
од крстосницата кај Црвен крст до Капиштец потребни се дури
45 минути
Во
Скопје 15 години не е пробиена ниту една нова улица или
булевар, ниту пак постојните се проширени. Поради тоа во
градот од 12 до 18 часот владее сообраќаен хаос, а кога ќе
заврне и најмал дожд Скопје буквално е парализирано. За да
се одмине центарот на градот, односно да се стигне од
крстосницата кај Црвен крст до Капиштец потребни се дури 45
минути. Таков беше случајот и по завчерашниот дожд.
Скопјани не знаеја кој крај да го фатат за да стигнат до дома.
Булеварот 11 Октомври и улицата Димитрие Чуповски беа
блокирани со колони возила. Автомобилите и автобусите
не се мрдаа од место по петнаесетина минути. Редици возила
имаше и на Бит - пазар каде ни трите ленти од двете страни на
булеварите Крсте Мисирков и Гоце Делчев не можеа да ја
намалат закрченоста на сообраќајот. Иста беше сликата и
на Партизанска и на Теодосиј Гологанов, кои веќе подолго
време се претесни за сите возила, па затоа граѓаните кои
живеат во овој дел на градот, како алтернативно решение, за
да го заобиколат центарот возеа низ Водно, иако оваа
маршрута им е три пати подолга. Ваквата слика на Скопје е
секојдневие веќе десетина години, но ниту еден
градоначалник досега не најде решение. И
градоначалниците Ристо Пенов и Трифун Костовски најавуваа
дека ќе го реализираат проектот за изградба на Јужен
булевар и ќе градат подземни сообраќајници под Плоштад и под
Кале, за да се растовари метежот во центарот на градот, но
сите тие проекти само стојат на хартија. Реални проекти
нема. Откако пред 10 години беше пробиена улицата
Водњанска, Скопје не доби ниту една сообраќајница која ќе
овозможи проточност на сообраќајот. Беше изграден
булеварот Словенија, улицата Адолф Циборовски, клучката
кај "Континентал" и мостот кај Транспортен центар, но тие
реално, според сообраќајните експерти, не го решаваат
проблемот со тесното грло во градот. Од кабинетот на
градоначалникот Коце Трајановски признаваат дека
состојбата во сообраќајот во Скопје е алармантна, а причина
за тоа, според нив, е досегашната негрижа на претходните
власти за ова прашање. "Приоритет на градоначалникот е до
крајот на неговиот четиригодишен мандат низ улиците на
Скопје да има проточност на сообраќајот. Веќе стартувавме со
проширувањето на Илинденска за уште две нови ленти. В
година ќе се започне и со изградба на уште две ленти на
улицата Првомајска, а во тек е и изнаоѓање пари за
реализација на проектот за Јужен булевар", вели Неделчо
Крстевски, раководител на Одделението за односи со
јавност во Градот. Според кабинетот на Трајановски, спас за
тесното грло во строгиот центар се подземни сообраќајници
под Плоштадот и Калето, но признаваат дека тие се многу
крупни проекти.
http://vest.com.mk/?ItemID=F775EF9E095C2C4E97E0F3247CE1EFDE |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#2584 Posted: 01-Dec-2009 at 05:16 |
САНАЦИЈА НА БУЛЕВАРОТ НИКОЛА КАРЕВ
Во
рамките на програмата на Градот Скопје за санирање на улиците и
булеварите, екипи на „ЈП Улици и патишта“ денеска /27.11.2009 година/
ги асфалтираат оштетените површини на булеварот „Никола Карев“ во
општина Чаир.
Во текот на изминатата седмица, машински беше
изгребан оштетениот асфалт на колотразите на овој булевар, со површина
од 700 квадратни метри и длабочина од 3 до 5 сантиметри.
Во
текот на денешниот ден, екипите на ЈП „Улици и патишта“ ги асфалтираат
претходно изгребаните површини. За санацијата се употребени 50 тони
асфалт тип АБ 11, со дебелина од 5 сантиметри.
Активностите се изведуваат под сообраќај и се очекува да завршат до крајот на денот.
01.

02.

03.

www.skopje.gov.mk |
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#2585 Posted: 29-Nov-2009 at 15:50 |
Кај „Тутунски“ се уште не е готово  Ама веќе некое време функционира крстосницата по нов режим. Очигледно уз пат се предомислиле и го смениле и редуцирале решението што прво ни го најавија: 1  2
3
4 Пешачкиот остров ни ваму ни таму...
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#2586 Posted: 26-Nov-2009 at 20:32 |
Originally posted by gorco
Овде ФАЛИ ОБАВЕЗНО УШТЕ ЕДНА СПОЈКА. со улицата што би се излегувало експресно кај домот за Деца без родители на Васил Ѓорѓов - е тек тогаш тесните грла ке ги снема.
|
Не се слагам, мислам штетата би била многу поголема од добивката: - Дополнително би се искомплицирало функционирањето на кружниов тек - Би се направил проблем и потреба од семафоризирана крстосница на ул. Народен Фронт (плус тоа, таа крстосница би била недозволиво преблиску до кружниов тек) - Малата напречна уличка во Капиштец е не е прикладна да служи за ваква конекција
|
 |
gorco
Senior Member
Google Maps: Regional Expert
Joined: 22-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 642
|
Quote Reply
#2587 Posted: 26-Nov-2009 at 09:59 |
Originally posted by lslcrew
Ај уште малку да го проанализирааме кружниов тек. Многу работи ми се магловити околу ова сообраќајно решение што е на повидок да се прави.

Прво на почеток мора да се нагласи дека кружниов тек со самото тоа што е одбрано ова решение, а и со самото тоа што е кружен тек има конфликтни точки. Во маркерите 2 и 3 има такви конфликтни точки, односно такви точки ќе се јават де факто кај секое место каде што се раѓа новца лента во кружниот ток коцентрично од центарот. Значи за овие, ај добро. вака малку анализирајќи точката три ми изгледа многу покритична него ли точката 2 поради тоа што низ делницата 5-3 проаѓа целиот сообраќај од Католичка према Амбасада на Р Бугарија, за разлика од делницата 4-2 каде што проаќа чат-пат по некој што свртел скоро полукружно движејќи се од правец Амбасада-АМСМ што воопшто не е некоја логична траса на движење. Единствено некој ако предходно погрешил па тука ја исправа грешката.
Втора работа што ми изгледа дека ќе биде проблем е приклучувањето на возилата од правец Амбасада, односно во точка 6. Од ситуација каде што имаме нормален проток на возила ние сега ќе го загушиме и ќе ги насукаме сите возила да се движат по крајната десна лента, па и тоа нема да иде така лесно пошто и таа лента е дел од кружиот тек и ќе треба да се чека за приклучување. Тука воопшто немаше да биде проблем доколу кружниот тек се повлече уште према југ и се остави нормалниот проток на возила да функционира со тоа што де факто правецот Амбасада-Католичка нема да биде дел од кружниот тек иако ќе изгледа така. Нормално цената што за ова ќе се плати е неможност а да се вклучуваат возила од кружниот тек према уличката 1 која ионака е споредно, а самиот збор споредна кажува дека може да ја плати цената. Уствари ни овака неможе да се добие комотно приклучување кон уличката 1, само дополнително се закржува во точка 6 и поради едно споредно уличе се прави конфликтна точка (3-1 / 6-4).
Трета работа е исклучувањето кон правец АМСМ. Оставена е една лента за приклучување, а понатака улицата се двои на две (маркер 8). Чуму две ленти кога пак имаме тесно грло со само една лента. Можело слободно профилот меѓу точките 5 и 7 да се направи со две ленти за исклучување со тоа што внатрешниот прстен ќе се исклучува по овој моментално вцртаниот крак (7-8), а надворешниот прстен ионака тука завршува па штета е да го искористи кракот за исклучување и слободно може да се додаде уште една лента по правецот 7-8 со тоа што дополнително ќе се елиминира тесното грло, а ионака две ленти подолу ќе добијат повеќе логика. (Освен доколку тоа не е влезот за во бензинската па не се гледа доволно на скицава).
И уште еден голем проблем кој ќе го имаме е хаосот што ќе го создаваат несовесни и неупатени возачи кои ќе надоаѓаат од правец 1 сакајќи да се вклучат кон правците Амбасада или АМСМ. Буквално ќе возат преку неколку дупли линии, а од уличката може да се вози исклучиво кон Католичка. И ова е една од црните точки само што оваа е една од оние кои се нелегалните точки, но сепак се потенцијална опасност како и оние легалните.
|
Овде ФАЛИ ОБАВЕЗНО УШТЕ ЕДНА СПОЈКА. со улицата што би се излегувало експресно кај домот за Деца без родители на Васил Ѓорѓов - е тек тогаш тесните грла ке ги снема.
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#2588 Posted: 25-Nov-2009 at 18:37 |
На овој подвозник се мисли за почетокот 42° 1'47.45"N 21°24'24.85"E. Овдека се двои кракот 42° 2'3.82"N 21°24'29.75"E, а ова е бензинската Макпетрол 42° 1'56.42"N 21°24'14.23"E. А ова мислам дека е тој центар за азиланти 42° 2'36.45"N 21°24'35.54"E.
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#2589 Posted: 25-Nov-2009 at 17:52 |
Ја разбра некој трасава? Ај ако има таков нека пушти нешто визуелно
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#2590 Posted: 25-Nov-2009 at 01:27 |
На локалниот пат Визбегово - Шуто Оризари
Од
денеска стартува изградбата на првиот локален пат во Општина Бутел што
ќе го поврзува Визбегово со Општината Шуто Оризари. Должината на овој
локален пат изнесува 1 600 метри, односно главната траса што почнува на
влезот во Визбегово, кај подвозникот, и која минува сред ело и се движи
покрај Кампот за азиланти и продолжува кон Шутка, изнесува 1200 метри. -
Локалниот пат ќе има и крак во должина од 400 м што ќе ја поврзува
главната траса со стариот Качанички пат, кај бензиската пумпа на ,,Мак
Петрол". На најголем дел од споменатата делница поминува и главниот
колектор на големата фекална канализација, што граѓаните на Визбегово
ја добија минатата година. Сега ќе добијат и квалитетен асфалтен пат,
по што може да се каже дека Визбегово прераснува не само во современа
индустриска зона туку и во убава урбана населба за живеење - се вели во
соопштението.
Проектот за рахабилитација и реконструкција на локалната патна мрежа
во Општина Бутел се реализира во соработка со Агенцијата за државни
патишта. Изведувач на локалниот пат Визбегово - Шуто Оризари е фирмата
,,Гранит'', а вкупната инвестиција изнесува над 5 000 000,00 ден.
http://vecer.com.mk/?ItemID=3E4E0EDE48A9414F8FCA979E34C34F1C |
|
 |
La Linea
Senior Member
Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
|
Quote Reply
#2591 Posted: 18-Nov-2009 at 23:06 |
ЈП УЛИЦИ И ПАТИШТА
Реконструиран патот од Средно Водно до манастирот Св. Пантелемон
Екипите
на ЈП "Улици и патишта" деновиве целосно ја завршија реконструкцијата
на патот од Средно Водно до манастирот "Свети Пантелејмон". Обновата на
патот опфати машинско гребење оштетен асфалт на длабочина од 3 до 5
сантиметри и на површина од 2.587 квадратни метри, целосно раскопување
за целосна реконструкција на оштетената асфалтна површина од 415
квадратни метри, асфалтирање со дебелина од 4 сантиметри со асфалтна
маса АБ 11 на површина од 2.587 квадратни метри. Беа поставени
армирано-бетонски цевки Ф 400 во должина од 12 метри за одвод на
атмосферската вода.
Работните активности беа изведени од страна на две екипи на ЈП
"Улици и патишта". Едната екипа извршуваше машинско гребење на
оштетените асфалтни површини, а другата екипа ги санираше ударните
дупки. Вкупно беа асфалтирани 4.438 квадратни метри, а реконструкцијата
со прекини поради лошите временски услови траеше два месеци.
Реконструкцијата на патот Средно Водно - манастир "Свети Пантелејмон"
изнесува околу четири милиони денари, а финансиските средства целосно
ги обезбеди Градот Скопје.
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=F5DF845F78EB87479A6E8C29D9BAC48C # |
|
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#2592 Posted: 18-Nov-2009 at 22:32 |
Еве ако чита некој релевантен, јас би ги поканил од агенцијата на форумов да разчлитаат доста идеи имаат паднато тука.
Но една друга работа ме занима мене тука у анкетава. Дали ова ќе се злоупотреби како дополнителен аргумент да се збришат значајни сообраќајници од ГУП-от?!
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#2593 Posted: 18-Nov-2009 at 20:06 |
 Повеќе детали:
ЗА ИЗРАБОТКА НА СООБРАЌАЈНА СТУДИЈА
Скопјани ќе си ги кажат транспортните маки
Што
користат скопјани за превоз за да стигнат до работа, автомобил, автобус
или такси, и по која релација најчесто се движат, се дел од прашањата
на кои граѓаните ќе треба да одговараат во наредните три недели.
Анкетата, која ја побарало Министерството за транспорт и врски, ќе ја
спроведува овластена агенција „Рејтинг“. Резултатите од неа ќе послужат
за да се направи сообраќајна студија за Градот, со идејни проекти за
булеварот Св. Климент Охридски и подземната сообраќајница од Соборниот
храм до Народна банка, која треба да ја изработи шпанската фирма „Идом
ингенерија и консулторија“, избрана на тендер ова лето. Студијата треба
да помогне да се направи компјутерски модел на сообраќајот во Скопје, а
во втората фаза да се дадат решенија како би можеле да се проектираат
главните артерии. - Анкетата се прави затоа што сеопфатна сообраќајна
студија за Скопје не била изработена во последните 20-30 години. Во
првите шест месеци ќе се собираат сите можни податоци за сообраќајот во
Скопје. Тоа вклучува фреквенција на линии и број на патници во ЈСП,
статистички податоци за превезени патници со такси, информации од
Агенцијата за регионални и магистрални патишта за протек на возила од
четирите влезови во Скопје - вели Горан Арнаудовски, управител на
фирмата „Џонсон и Филипс“, која е овластен претставник во земјава на
шпанската „Идом“. На овие податоци ќе се надоврзат и одговорите од
3.200 анкетирани семејства, односно вкупно 11.000 испитаници. - Ваквите
студии се максимално корисни затоа што утре ќе им помогнат на градските
власти во решавањето на сообраќајните проблеми или можеби ќе им укажат
на неопходноста од воведување алтернативен превоз, како трамвај или
тролејбус. Покрај другото, студијата ќе даде информација и каде и какви
паркинзи треба да се градат - вели Арнаудовски. Ангажираните лица од
„Рејтинг“, кои со себе ќе носат и легитимации, ќе ги посетат анкетираат
граѓаните во нивните домови, во периодот од 17 до 21 часот. Студијата
ќе ги опфати сите десет скопски општини и треба да биде готова до 2010
година.
Р.П. |
http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=4&tabid=1&EditionID=1869&ArticleID=126818
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#2594 Posted: 15-Nov-2009 at 15:43 |
Анкета за транспортните навики на скопјани

Заради
потребите за изготвување на Студија за сообраќајниот систем на Град
Скопје, со идејни проекти за сообраќајниците, Булевар "Св. Климент
Охридски" и подземната сообраќајница од Соборниот храм до Комплексот
банки во Скопје, во периодот од 17 ноември до 8 декември ќе се спроведе
теренска анкета во која ќе бидат опфатени 11.000 испитаници во градот
Скопје. Анкетата, чиј предмет се транспортните навики на жителите на град Скопје ќе биде спроведувана во домовите на граѓаните. Лицата
кои ќе ја вршат анкетата ќе бидат овластени дека вршат анкета за
потребите на Министерството за транспорт и врски и истите со себе ќе
носат соодветни легитимации. Врз база на податоците од анкетата
и дефинираните цели за развој на сообраќајните системи во Градот, ќе се
направи модел за прогноза на идната побарувачка за транспорт на долг
период. Со изработката на Студијата за сообраќаен систем на Скопје
треба да бидат дефинирани стратегиските цели за спроведување на
сообраќајната политика во Градот за иден долгорочен период, како и
воспоставени показатели за следење на успешноста во функционирањето на
транспортните системи и применетите политики.
Со Студијата ќе бидат дадени предлог-мерки за зголемување на
институционалните капацитети во управувањето со сообраќајот во Градот,
предлог-мерки за зголемување на користењето на јавниот сообраќаен
систем во Градот, предлог мерки за подобрување на понудата и
користењето на паркинг просторот во Градот. Оваа Студија ќе ги
опфати сите десет општини кои според последната територијална и
административна организација го сочинуваат Градот Скопје, информираат
од министерството за трнапсорт и врски. http://netpress.com.mk/vest.asp?id=64220&kategorija=1 |
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#2595 Posted: 15-Nov-2009 at 10:42 |
 Од пресекување ленти воопшто не се имуни ни обичните кружни текови. Всушност и кај нив проблемот расне со зголемување на бројот на лентите и интензитетот на сообраќајот. Она што велиш дека вакво решение може да се искористи едвај на мали крстосници, во ред, ама каде гледаш тука проблем? Универзални решенија ионака не постојат, туку треба да се бараат во зависност од специфичностите на конкретниот сообраќаен проблем. Впрочем на „големи“ крстосници и обичен кружен тек по правило е лош пристап. Далеку од тоа дека го бранам решениево кај католичка, баш напротив, прилично сум скептичен, но не сум доволно информиран за овие „турбо кружни текови“ за да коментирам подетално. Колку што можам да заклучам на прв поглед, ми се чини дека на конкретнава локација ќе има повеќе ред и поголема безбедност (барем доколку возачите го почитуваат режимот и не се престројуваат внатре во кругот), но никако поголема проточност. На крајот на краиштата, да се надеваме дека ова ќе биде навистина привремено „бајпас “ решение со не преголем рок на траење и дека Јужен Булевар ќе почне да се реализира што поскоро.
|
 |
Supervisor
Senior Member
Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
|
Quote Reply
#2596 Posted: 15-Nov-2009 at 02:37 |
Ова решение нема врска. Ај размисли малце. На поголеми раскрсници каде во кружниот тек се потребни повеќе ленти ти да пресекуваш лента за да одиш прво право па да вртиш пак околу е смешно. Тотално смешно. Ова може да се искористи едвај на некои мали раскрсници ама решениево е смешно.
|
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
|
 |
FoSsiL
Senior Member
Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
|
Quote Reply
#2597 Posted: 14-Nov-2009 at 21:58 |
мене ова ми е најглупа идеја, воопшто не сфаќам, само покомлицирано
Edited by FoSsiL - 14-Nov-2009 at 21:59
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#2598 Posted: 14-Nov-2009 at 20:24 |
Ко за почеток, сигнализацијата на скицата им е скроз утната. Сите стрелки пред влегување во кружниот тек се за десно. Нели поентата е унапред да одбереш лента во зависност од правецот кој ти треба? Епа како тогаш све за у десно???
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#2599 Posted: 14-Nov-2009 at 20:11 |
Ај уште малку да го проанализирааме кружниов тек. Многу работи ми се магловити околу ова сообраќајно решение што е на повидок да се прави.  Прво на почеток мора да се нагласи дека кружниов тек со самото тоа што е одбрано ова решение, а и со самото тоа што е кружен тек има конфликтни точки. Во маркерите 2 и 3 има такви конфликтни точки, односно такви точки ќе се јават де факто кај секое место каде што се раѓа новца лента во кружниот ток коцентрично од центарот. Значи за овие, ај добро. вака малку анализирајќи точката три ми изгледа многу покритична него ли точката 2 поради тоа што низ делницата 5-3 проаѓа целиот сообраќај од Католичка према Амбасада на Р Бугарија, за разлика од делницата 4-2 каде што проаќа чат-пат по некој што свртел скоро полукружно движејќи се од правец Амбасада-АМСМ што воопшто не е некоја логична траса на движење. Единствено некој ако предходно погрешил па тука ја исправа грешката. Втора работа што ми изгледа дека ќе биде проблем е приклучувањето на возилата од правец Амбасада, односно во точка 6. Од ситуација каде што имаме нормален проток на возила ние сега ќе го загушиме и ќе ги насукаме сите возила да се движат по крајната десна лента, па и тоа нема да иде така лесно пошто и таа лента е дел од кружиот тек и ќе треба да се чека за приклучување. Тука воопшто немаше да биде проблем доколу кружниот тек се повлече уште према југ и се остави нормалниот проток на возила да функционира со тоа што де факто правецот Амбасада-Католичка нема да биде дел од кружниот тек иако ќе изгледа така. Нормално цената што за ова ќе се плати е неможност а да се вклучуваат возила од кружниот тек према уличката 1 која ионака е споредно, а самиот збор споредна кажува дека може да ја плати цената. Уствари ни овака неможе да се добие комотно приклучување кон уличката 1, само дополнително се закржува во точка 6 и поради едно споредно уличе се прави конфликтна точка (3-1 / 6-4). Трета работа е исклучувањето кон правец АМСМ. Оставена е една лента за приклучување, а понатака улицата се двои на две (маркер 8). Чуму две ленти кога пак имаме тесно грло со само една лента. Можело слободно профилот меѓу точките 5 и 7 да се направи со две ленти за исклучување со тоа што внатрешниот прстен ќе се исклучува по овој моментално вцртаниот крак (7-8), а надворешниот прстен ионака тука завршува па штета е да го искористи кракот за исклучување и слободно може да се додаде уште една лента по правецот 7-8 со тоа што дополнително ќе се елиминира тесното грло, а ионака две ленти подолу ќе добијат повеќе логика. (Освен доколку тоа не е влезот за во бензинската па не се гледа доволно на скицава). И уште еден голем проблем кој ќе го имаме е хаосот што ќе го создаваат несовесни и неупатени возачи кои ќе надоаѓаат од правец 1 сакајќи да се вклучат кон правците Амбасада или АМСМ. Буквално ќе возат преку неколку дупли линии, а од уличката може да се вози исклучиво кон Католичка. И ова е една од црните точки само што оваа е една од оние кои се нелегалните точки, но сепак се потенцијална опасност како и оние легалните.
Edited by lslcrew - 14-Nov-2009 at 20:22
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#2600 Posted: 14-Nov-2009 at 19:38 |
|
 |