build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Енергетика
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Енергетика (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1213141516 27>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #261 Posted: 05-Jan-2012 at 00:14
мене ме чуди тоа што нашиве медиуми ништо не пишуваа за овој договор никаде не се спомена,а ништо нема ни на страната на елем Dunno
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #262 Posted: 04-Jan-2012 at 23:58
Мене ме интересира како тоа ние веќе потпишавме договор со „Силовие машини“, а сега повторно потпишуваме договор со германска компанија за идентична работа што треба да се изведува во РЕК Битола? Би замолил некој од форумашите што е поупатен да ми го објасни ова.
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #263 Posted: 04-Jan-2012 at 20:02
120 000 часа се еднакви на приближно 13 и пол години. Што и не е воопшто лошо...
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #264 Posted: 29-Dec-2011 at 20:06

Nemačka kompanija "Babcock" modernizuje TE "Bitola" - Posao vredan 90 mil EUR

(Vlatko Cingoski i Georg Gasteiger)

Kompanija "Babcock Borsig Steinmuller GmbH" potpisala je ugovor o saradnji sa "Elektroprivredom Makedonije" (ELEM), najvećim proizvođačem struje u toj zemlji, koji predviđa modernizaciju sva tri kotlovska postrojenja TE Bitola (3 x 225 MW). Ugovor su potpisali dr Georg Gasteiger, predsednik "Babcock Borsig Steinmuller GmbH" i generalni direktor AD "Elektrane Makedonije" dr Vlatko Cingoski. Rok za realizaciju posla je 3 godine, a ukupna investicija za projekat modernizacije TE "Bitola" iznosi 90 mil EUR, saopštila je kompanija "Babcock Borsing Power Usluge" Beograd.

Kako je saopšteno, ovaj projekat će doprineti revitalizaciji i modernizaciji kotlovskih postrojenja TE "Bitola", u cilju povećanja efikasnosti, produženja radnog veka radnih komponenti za 120.000 sati, poboljšanja pouzdanosti i smanjenja emisije gasova u skladu sa svim ekološkim standardima Evropske unije, a samim tim i pozitivno uticati na zaštitu životne sredine. Prema sporazumu kompanija "Babcock Borsig Steinmüller GmbH" će nakon modernizacije, u narednih 120.000 sati obezbeđivati i održavanje bitoljskog kotlovskog postrojenja.

http://www.ekapija.com/website/sr/page/518454

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #265 Posted: 29-Dec-2011 at 13:04
За енергенси во 2012 година ќе се потрошат околу 650 милиони евра

Скопје, 29 декември 2011 (МИА) - Македонија во 2012 година од домашни извори ќе обезбеди 54 отсто од вкупните потреби за енергија, а 46 проценти од увоз за што ќе потроши околу 650 милиони евра.

Вкупната потрошувачка на енергија во 2012 година во однос на 2011 ќе биде поголема за 4 отсто. За 2,2 проценти ќе се троши повеќе струја, за 10,1 отсто повеќе природен гас и за 4,8 проценти повеќе нафтени деривати.

Според енергетскиот биланс, струјата ќе биде доминантен енергент со учество од над 40 отсто.  

Производството на електрична енергија од домашните извори се предвидува да изнесува околу 6.000 гигават часови, а остатокот од потребите да се набави од увоз.

Потрошувачката на нафта и нафтени дериват во 2012 година ќе порасне за 6,6 отсто, односно на 743.000 тони.

Од први јануари за 6,95 отсто се очекува  да порасне цената на електричната енергија. Нова цена ќе има и парното греење во Скопје.

За скопјани кои користат топлинска енергија од топланите Исток, Запад и Центар најавеното поскапување е 10,56 отсто, додека за оние кои се греат преку топланата Север поскапувањето ќе биде 10,76 отсто

http://www.mia.com.mk/default.aspx?vId=89956740&lId=1&pmId=504

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #266 Posted: 29-Dec-2011 at 13:00

ЕЛЕМ со двојно поголем увоз од лани вреден околу 50 милиони евра?!

Катерина Попоска

Предвидениот увоз за 2011 година од 377 гигават-часови струја ЕЛЕМ најверојатно го надмина и годинава ќе ја заврши со увоз од над 450 гигават-часови, покажуваат неофицијалните информации до кои дојде „Капитал“. Тоа е многу повеќе отколку увозот на струја лани, кога изнесуваше околу 200 гигават-часови

Електрани на Македонија годинава потрошија околу 50 милиони евра за увоз на струја, затоа што во последните месеци е намалено домашното производство. Предвидениот увоз за 2011 година од 377 гигават-часови струја ЕЛЕМ најверојатно го надмина и годинава ќе ја заврши со увоз од над 450 гигават-часови, покажуваат неофицијалните информации до кои дојде „Капитал“. Тоа е многу повеќе отколку увозот на струја лани, кога изнесуваше околу 200 гигават-часови.

ЕЛЕМ ги штеди хидроцентралите?!

Хидроцентралата Тиквеш неделава го запре производството бидејќи котата на Тиквешкото Езеро е околу 240,3 метри од максималните 265 или на осум метри над минимално дозволената кота, објавија од компанијата. Според директорот на ХЕЦ Тиквеш, Звонко Бошков, иако електраната може да работи, раководството одлучило да мирува со производството, во очекување дека во иднина ќе има дотоци на вода. Од планираните 131 гигават-часови годинава, досега се произведени 44 гигават-часови струја. 

Причината е што есенва помина без врнежи, па нивото на вода во вештачките акумулации е на минимум, а тоа значи дека хидроцентралите произведуваат помалку струја. Недостигот ЕЛЕМ го обезбедува од увоз, но струјата на меѓународниот пазар е сè поскапа. Ако се земе предвид дека струјата во последните неколку месеци трговците во земјава ја продаваат меѓу 60 и 150 евра за мегават-час, излегува дека за увоз ЕЛЕМ потрошил меѓу 30 и 70 милиони евра.

Од ЕЛЕМ не кажуваат колку струја увезле годинава и по која цена. Велат податоците ќе ги знаат на почетокот од 2012 година. Единствено објаснуваат дека ќе го остварат планираното производство, проектирано на 6.075 гигават-часови.

„Годинава имавме незапамтена сушна есен и ова е проблем на целиот регион. Очекувавме поголем прилив на вода од врнежи и снег. Најголем дел од увозот оваа година беше во периодот октомври-декември, кога расте потрошувачката на струја. Сушата наложи и да се штеди водата во акумулациите“, објаснуваат од ЕЛЕМ.

Оваа година три месеци не работеше и еден блок од РЕК Битола, чија модернизација го намали домашното производство на струја за речиси 1.400 гигават-часови, што е третина од вкупното производство на битолската термоелектрана. Речиси 75% од вкупното домашно производство на струја го дава токму оваа термоцентрала. Државните електрани годинава произведоа 500 гигават-часови помалку струја во споредба со минатата година, кога поради хидролошките услови, само хидроцентралите во системот дадоа 2.000 гигават-часови струја.

Одлив на девизи за скапа струја ЕЛЕМ најавува и за првите два месеци од 2012 година, кога бара да купи 96 гигават-часови струја. Со ова уште еднаш се потврдува дека Македонија ќе мора да увезува скапа струја сè додека не изгради домашни електрани. Годинашниот увоз, на пример, ЕЛЕМ го чини речиси колку изградбата на ХЕЦ Бошков мост, проект проценет на 80 милиони евра.

http://www.kapital.com.mk/mk/dneven_vesnik.aspx/78357/elem_so_dvojno_pogolem_uvoz_od_lani_vreden_okolu_50_milioni_evra_!.aspx?iId=2535

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #267 Posted: 29-Dec-2011 at 03:04

Germany's Babcock Borsig Steinmueller To Upgrade Power Station in Macedonia

SKOPJE (Macedonia), December 28 (SeeNews) - Germany's Babcock Borsig Steinmueller said on Wednesday it has signed a deal to upgrade the three 225-megawatt units of Macedonia's TE Bitola thermal power station.

http://www.seenews.com/news/latestnews/germany_sbabcockborsigsteinmuellertoupgradethermalpowerstationsin-162724/

Back to Top
accipiter82 View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 02-Mar-2011
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote accipiter82 Quote  Post ReplyReply #268 Posted: 27-Dec-2011 at 14:11
Новогодишна честитка од 7%


Не се радувајте пред време, нема да ви се зголемат пензиите или платите за 7%. Кажете драгичка – Регулаторната комисија за енергетика предложи од 01/01/2012 година да се зголемат цените за електрична енергија.

Според претседателот на РКЕ, Димитар Петров, се предвидува зголемување на 6.67% на цената на производство на електрична енергија на ЕЛЕМ, 4,03% за увоз и ладна резерва. Да не биде дека само на ЕЛЕМ му се дозволува зголемување на цените, на МЕПСО му се дозволи да ги зголеми цените за пренос на енергијата за 14,14%. Исто така и на ЕВН му се одобри зголемување на цени за 9,64%. Сума сумарум, крајните корисници на електричната енергија од 01/01/2012 ќе имаат поскапа цена на електрична енергија за 6.95 %, да заокружиме на 7%

Зголемување на цената на електрична енергија

Edited by accipiter82 - 27-Dec-2011 at 14:12
http://energetskaefikasnost.info
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #269 Posted: 22-Dec-2011 at 17:52

Обновливите извори нема да не спасат од увоз на струја

На Македонија и е потребен сериозен енергетски објект. Со обновливи извори на енергија не може да се прозиведе доволно струја, велат експертите.

Големина на буквите

22.12.2011

Обновливите извори на енергија не се замена за фосилните горива од кои зависи производството на електрична енергија во земјава, се согласуваат експертите, кои забележуваат дека увозната зависност може да се намали со зголемено производство на струја на домашниот пазар.
Обновливите извори можат само да го надополнат електро-енергетскиот систем со енергија, а не можат да ги заменат оние постројќи кои можат континуирано да произведуваат.
Константин Димитров, Центар за енергетска ефикасност на Македонија (МАЦЕФ).

Мали хидроцентрали, геотермална енергија, сончеви колектори, хидроцентрали и ветерници. Овие извори на енергија се користат во случаи кога има економска оправданост, вели професорот Константин Димитров од Центарот за енергетска ефикасност на Македонија (МАЦЕФ).

„Треба сите тие што не се во таа струка да разберат дека обновливите извори можат само да го надополнат електро-енергетскиот систем со енергија, а не можат да ги заменат оние постројќи кои можат континуирано да произведуваат, тие што можат
Илустрација, хидроцентрала
​​континуирано да произведуваат се оние кои не зависат од временските прилики.“

Во последно време, се` поактуелни се проектите за изградба на мали хидроцентрали. Димитров забележува дека и тие извори на енергија се под влијание на временските услови.
Сите зборуваат за Чебрен и Галиште, а Чебрен и Галиште ако помножите и поделите ќе излезе дека во нормална варијанта ќе дава околу три проценти од енергијата што ни треба.
Атанаско Туневски, професор.

„Тоа, пак, зависи - сушна или влажна година и ќе произведеш повеќе или помалку. Принудени сме да се врземе или со фосилните горива ама да направиме диверзификација или да размислуваме точно со алтернативите. Во светот сериозно користат се уште нуклеарната енергија за задоволување на големите потреби. “

Слично мислење има и професор Атанаско Туневски

„Сами гледаме, ако е сушна годината, тогаш хидропотенцијалот не е таков константно да може дневните потреби да ги задоволува, значи треба сериозен термо-енергетски објект, на кој ќе се надополни или ќе се надоврзат обновливите извори, Значи се работи за сосема мал дел на потребите кој тие обновливи извори на енергија може да го обноват. Сите зборуваат за Чебрен и Галиште, а Чебрен и Галиште ако помножите и поделите ќе излезе дека во нормала варијанта ќе дава околу три проценти од енергијата што ни треба.“

Пред неколку години во јавноста се прошири информацијата дека резервите на јаглен се намалуваат и би траеле уште две-три децении, што може да ја зголеми потребата за скапа увозна струја. Професорот Атанаско Туневски вели дека обновливите извори на енергија не можат значајно да придонесат за намален увоз на струја.

„Едноставно, и се да изградиме на тема обновливи извори нема да биде доволно да ги задоволни нашите потреби од увоз, односно потребите од увоз да ги сведе на нула. Ни треба сериозна електрана, сериозен енергетски објект, така наречен базен објект.“

Инаку, кон почетокот на годинава, Министерството за економија објави оглас за 44 мали хидроцентрали.

http://www.time.mk/read/94af6fb38d/2c79719513/index.html
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #270 Posted: 20-Dec-2011 at 12:37
Знам дека дебатираме тука за некои идни важни капацитети кои тешко и дека ќе се остварат, но мене многу ме интересира на што се должат секојдневните прекини во напојувањето со електрична енергија во центарот на Скопје, но и низ скопските населби. Еве веќе втор ден по ред се случува на 2-3 минути, испад на мрежата, а во текот на последниве 2-3 недели во низа се случуваат константни испади низ градов. Дали се работи за преоптовареност на мрежата, дали се работи за недостиг на електрична енергија, бидејќи ова не се кварови! Ќе ги викнам господата од ЕВН да ми пишуваат трудови по дома и да ми купат нов рутер и лаптоп! ++++
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #271 Posted: 14-Dec-2011 at 15:20

Без 250 милиони евра во рудниците - 80% од производство под клуч?!

Катерина Попоска

Ако гасот не стане реалност за Македонија и ако не се вложува во рудниците за лигнит, електроенергетскиот сектот е пред колапс, алармираат експертите. Демне и заканата тарифните потрошувачи од 1 јануари да не добиваат гас

Македонскиот електроенергетски систем допрва ќе се соочува со сериозни проблеми, тврдат енергетичарите во Македонија. Дебатирајќи за енергетскиот биланс до 2016 година, аналитичарите беа песимисти за капацитетот на домашното производство на електрична и топлинска енергија во следните четири години. Вкупната финална потрошувачка за 2012 година ќе порасне за 4% во споредба со оваа година, достигнувајќи 82.118 терајули.

Најголемиот пораст го прави потрошувачката на природен гас од 10%, и нафтените деривати од 6,8%. Сè до 2016 година, пак, финалната потрошувачка на енергија се предвидува годишно да расте во просек по 2,2%. Во следните четири години, домашното производство на струја треба да расте во просек по 4,9%, а само следната година треба да биде поголемо за 23,3% во споредба со годинешното. Документот кој ја исцртува енергетската слика на Македонија во следните четири години покажува дека во 2012 година ЕЛЕМ предвидува помало домашно производство на струја од хидроцентралите за околу 140 гигават-часови.

Академикот Томе Бошевски критикува дека енергетскиот биланс воопшто сериозно не ги истретирал рудниците за лигнит, кои се клучни за македонскиот електроенергетски систем.

„Од 2011 до 2016 година најголеми проблеми ќе имаат рудниците на лигнит, зашто завршуваат отворените копови, а треба да стартуваат новите копови. Тоа се активности кои долго траат, многу чинат и никогаш не сме сигурни. Само за следните пет години ни требаат околу 40 милиони тони лигнит. Опремата се ревитализира, потрошени се грдни пари, а треба уште да се трошат за да им се продолжи векот на рудниците за следните години. При правењето на овој биланс овој проблем воопшто не е допрен. Според мене, најлабава алка во петгодишниот биланс е обезбедувањето со лигнит. Нему треба да му се даде посебно внимание и предност на обезбедување пари за почнатите инвестиции, за да се гарантира работењето на РЕК Битола и РЕК Осломеј. Лигнитот е 40% од целата енергетика, а 70% од електроенергијата“, вели Бошевски.

Генералниот директор на ЕЛЕМ, Влатко Чингоски, се согласуива со академикот и додава дека лигнитот е клуч за енергетиката во земјава.

„Ако до 2017 година не инвестираме околу 250 милиони евра во рудниците, се доведуваме во опасност да затвориме 80% од домашното производство. Луѓе, треба да знаете во каква состојба се наоѓа ЕЛЕМ. Тешко се надоместуваат годините наназад кога не се инвестирало, кога цената на струјата била страшно депресирана, кога сите пари се испумпани од енергетскиот сектор од Македонија. Ако потрошувачката не се намали за сметка на домашното производство, ако гасот кој е неопходен не се донесе поскоро, ако не се вклучат обновливите извори на енергија во производството, ќе ни крахира енергетскиот сектор. Ако очекуваме дека само ЕЛЕМ ќе произведе 7.000 гигавати, тоа, за жал, не може да се случи, не дека ние не сакаме, но не може да се случи“, истакна Чингоски.

Претседателот на Македонската енергетска заедница (МЕА), Димитар Хаџимишев, истакна дека во време кога цената на струјата на слободниот пазар на Балканот руши рекорди и кога домашното производство на струја не ги покрива потребите, неопходна е берза на електрична енергија. Според Хаџимишев, во енергетиката следи исклучително критичен период.

„Македонскиот електроенергетски систем ќе се соочува со сериозни проблеми. Ако состојбите во гасот и во нафтата се така-така, состојбите во електроенергетскиот сектор се исклучително лоши. Во ваква состојба треба да се согледаат и реперкусиите врз крајната цена на електричната енергија“, рече Хаџимишев.

Црните прогнози за енергетиката ги засилија и од Макпетрол Пром гас, компанијата која ги снабдува со гас тарифните потрошувачи.

„Неизвесно е снабдувањето со природен гас на тарифните потрошувачи од 1 јануари 2012 година. Има неусогласеност на законската и подзаконската регулатива. Ако не постигнеме цена со Регулаторната комисија за енергетика според која ќе можеме да потпишеме договори со компаниите, Пром гас нема да може да ги снабдува со гас тарифните потрошувачи, кои ќе бидат исклучени од системот за пренос, а ќе бидат принудени и да се ориентираат на алтернативни извори на енергија“, изјави директорот на Макпетрол Пром гас, Милан Сотировски.

На дебатата за петгодишниот енергетски биланс, енергетичарите го критикуваа Министерството за економија за квалитетот и аналитичноста на овој документ.

http://www.kapital.com.mk/mk/dneven_vesnik.aspx/77592/bez_250_milioni_evra_vo_rudnicite_-_80_od_proizvodstvo_pod_kluch_!.aspx?iId=2509
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #272 Posted: 14-Dec-2011 at 00:45

„Топлификација“ ќе се сели покрај Вардар

Целосна дислокација на управната зграда, но и на топланата на АД „Топлификација“ од населбата Тафталиџе и нејзина преселба на кејот на Вардар, предлага градоначалникот Kоце Трајановски за намалување на загаденоста на метрополата. Иницијативата е поддржана и од раководството на „Топлификација“, всушност на оваа тема разговараат и преговараат со месеци со градските челници.

Побарале Градот да им додели нова локација во Генералниот план на Скопје (ГУП), кој е во изработка, информираат надлежните одговорни за подготовка на овој урбанистички документ. Идејата има шанси да се оствари, даваат надеж од Градот, бидејќи за ова се согласни и двете страни. Директорот Димитар Хаџи Мишев беше на состанок, но градоначалникот Трајановски ги потврди овие информации. Рече дека силно ја поддржува оваа идеја. До крајот на мандат ќе се залага во ГУП да се зацрта маркичка, а потоа идејата да ја оствари.

Наскоро елаборат за дислокација

- Нашите служби за животна средина наскоро ќе изработат елаборат за локацијата на која ќе се преселат новите погони на „Топлификација“. Нашиот предлог е кејот на Вардар бидејќи таму е поинаква розата на ветрови, и тоа во иста хоризонтална линија со сегашната зграда - изјави скопскиот градоначалник.

Во однос на целосната дислокација, допрва ќе се разгледаат сите можности. Останува можноста сегашните погони во Тафталиџе да претставуваат дел од гасна централа, но за неа, како што објаснуваат задолжените за оваа проблематика, не се троши мазут, и таа не се смета за загадувач. Водената пареа од гасната централа ќе се користи за производство на енергија и топлина. Kога ќе проработи, како што тврдат инвеститорите, се очекува увозот на струја да се намали за 60 отсто, а производството на топлина да се зголеми за 50 отсто.

Загадувањето што го предизвикува „Топлификација“, веќе четврта деценија е хроничен проблем од кој се жалат не само жителите на Тафталиџе 1 и 2, туку и на Kозле, Нерези, Kапиштец, кои се во близина на погоните.

Чадот задушува, а оксидите ги ’рѓосуваат возилата

Изминативе години имаше и неколку протести, граѓани се жалеа дека ги задушува чадот, но сето тоа завршуваше незабележано и без големи потреси за оваа профитабилна фирма.

Пред четири години, во зимските месеци акционерското друштво заработи и кривична пријава, која ја поведе Министерството за животна средина. Обвинувањето се однесуваше на надминување на дозволените граници на јаглеродниот моноксид, јаглеродниот диоксид и азотните оксиди.

Граѓани од блиската околина на „Топлификација“ раскажуваат дека со децении, деца и возрасни патат од хронични болести на дишните органи.

- Поддржувам с` што има врска со преселба на ова чудовиште од нашата населба. Ќе бидеме благодарни сите од оваа околина. Kолку сме отруени доволно е да се погледне не во оџакот, туку во возилата на граѓаните кои живеат во радиус од два километри. На нивниот покрив има траги од портокалова ’рѓа која не се вади со ништо - револтирано коментира Ѓорѓи Петковски, долгогодишен жител на населбата Тафталиџе 2.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=0BC676675233644CA0DBF43C8AB277B8
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #273 Posted: 13-Dec-2011 at 15:43

Струјата догодина поскапа

Скопје, 13 декември 2011 (МИА) - Македонскиот електроенергетски сектор е во исклучително сложена ситуација, има сериозни проблеми и ќе крахира ако не се намалат загубите во производството и потрошувачката на струја. Искористувањето на лигнитот, гасот и обновливите извори на енергија, пак, треба да биде приоритет.

Ова е заклучокот од денешната седница на Македонската енергетска асоцијација (МЕА) чии членови го разгледуваа Енергетскиот биланс за 2012 година.

Според прогнозите на МЕА, побарувачката и увозот на електрична енергија догодина ќе се зголемат, а ќе пораснат и цените на сите енергенси поради лошата хидролошка состојба. Неопходно е, беше потенцирано, итно формирање берза на струја, како и дефинирање и почитување на пазарните правила.

- Производството е речиси непроменето, инвестиции нема, а и ако има, за нивна реализација се потребни најмалку четири години, рече директорот на ЕЛЕМ Влатко Чинговски.

Учеството на електричната енергија, согласно Енергетскиот биланс, останува доминантно со преку 40 отсто што генерално, рече Чинговски, не е добра насока бидејќи значителен дел од неа тешко се добива и многу чини. Воедно, најголем број потрошувачи сакаат да се префрлат од топлинска, огревно дрво, биомаса и топлификација, на струја, што ќе претставува сериозен удар врз производството, но и врз преносот и дистрибуцијата.

Примарната енергија во 2012 година ќе биде поголема од онаа во 2011 за 7,6 отсто што е сериозен пораст на енергенсите и не може да помине без соодветен импакт врз цените.

- Би апелирал разумно да се зголемува потрошувачката на сите примарни енергенси, не само на електричната енергија, зашто нејзиното зголемување за 2,2 отсто годишно како што се предвидува, ќе има сериозно влијание врз производителите, истакна Чинговски.

Како што истакна Димитар Хаџимишев, директор на Топлификација и претседател на МЕА, допрва ќе се видат реперкусиите врз цената на струјата и доколку профункционира термоелектраната-топлана „Те-то“ АД Скопје. Проблемите кога има увоз, а нема домашно производство, нагласи, се страшни.

- Увозот во 2012 ќе биде близу 3 милијaрди мегавати, а во овој момент е над 600. Увозот е проблем и во соседството, а тоа значи дека цената расте, посочи Хаџимишев.

Дали „Те- то“ АД Скопје ќе почне со работа зависи од пазарните услови. Најпрво, беше речено на седницата, е планирано да завршат тестовите и предкомерцијалното, пробно производство, по што економската оправданост треба да покаже дали капацитетот ќе стартува.

За експертите, лигнитот треба да има приоритет над сите други активности во секторот.

- Обезбедувањето лигнит е најслаба и најлабава карика во Енергетскиот биланс. Ревитализацијата и модернизацијата на опремата во капацитетите ќе се направи зашто за тоа се потребни само пари, но лигнитот зависи од состојбата на самото место, не може да ни го испорача никој во толкави количини. На него отпаѓаат околу 40 отсто од целиот енергетски сектор, а преку 70 проценти од електроенергетиката, напомена академик Томе Бошевски.

Произнесувајќи се по Билансот, најголемите производители посочија дека изнесените бројки за 2012 година се далеку од можната реализација.

- Количините гас обезбедени за 2012 од „Гаспром“ се на ниво на потрошувачката што очекуваме да се реализира до крајот на годината, 150 милиони метри кубни. Со оглед дека финансискиот пазар трпи сериозни турбуленции, одредени трошоци се речиси двојно зголемени, истакна Зоран Доневски од „Макпетрол“.

Според „Макептрол - Промгас“, снабдувањето со природен гас на тарифните потрошувачи ќе зависи од постигнувањето договори со Регулаторната комисија околу тарифниот систем и формирањето на цената на природниот гас.

- Состојбата со снабдувањето за идната година е неизвесна зашто постои неусогласеност меѓу законската и подзаконската регулатива. Ако не изнајдеме решение, односно не се договориме со Регулаторната комисија во кое ниту една од страните не изгуби ќе успееме да потпишеме довор со тарифните потрошувачи и да ги изреализираме количините зацртани во Енергетскиот биланс, рече Милан Сотировски од  „Макептрол - Промгас“.

„ОКТА“ ќе се прилагодува според потребите на пазарот кој сигурно, како што рече претставникот од компанијата, ќе биде снабден со нафтени деривати.

- Наместо да биде појасен, почитлив и да даде подобри насоки, Билансот содржи цифри извлечени од нечии планови и размислувања, кои не базираат на фактичката состојба во земјата, забележа Чинговски. Тој сугерираше поточно да се планира за да се избегнат непотребни увози и набавки кои резултираат со поголеми трошоци и кои, за жал, се рефлектираат врз крајните потрошувачи.

Енергетскиот биланс, освен за 2012 година, опфаќа проекции за потребите од сите видови енергија и можностите за нивно задоволување, до 2016 година.

- Финалната потрошувачка во 2012 година ќе бележи зголемување за четири отсто, а во наредните, до 2016, просечното зголемување е предвидено да биде 2,2 отсто. Во делот на примарната енргија идната година е предвидено зголемување од 7,6 отсто, а до 2016 просечно 2,3 проценти, рече Виолета Кецкаровска од Министерството за економија, презентирајќи го Билансот.

Во 2012 увозот незначително ќе се зголеми. Од увоз ќе се обезбедат 46 отсто од потребите, а од домашно производство 54 проценти. Учеството на обнвовливите извори енергија во финанлната потрошувачка, пак, до 2016 година е проектирано на 16,2 отсто што значи дека до 2020 година Македонија ќе ја исполни обврската за 21 отстотно учество на обновливите извори енергија во финалната потрошувачка.

На седницата беше укажана и потребата од независни лаборатории за контрола  на квалитетот на горивото, домашно и увезено. Засега функционираат две, на Макпетрол и ОКТА, кои се акредитирани и чии податоци се релевантни.

Од Министерството за економија инфомираа дека до крајот на февруари 2012 година во рамки на Правилникот за квалитет, треба да се донесе уредба која ќе овозможи мониторирање на квалитетот на сите учесници во нафтениот бизнис.

http://www.idividi.com.mk/biznis/makbiznis/732802/index.html

Back to Top
accipiter82 View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 02-Mar-2011
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote accipiter82 Quote  Post ReplyReply #274 Posted: 12-Dec-2011 at 11:56
Во Загреб отворен Состанокот на преносните систем оператори од ЈИЕ

Македонија во наредните шест години ќе треба да инвестира 60 милиони евра во интерконекциско поврзување со 400 киловолтни далноводи со Србија, Албанија и Косово како и во нова 400/110 киловолтна трафостаница во Охрид кои се од пан-европско значење. Европската асоцијација на преносни систем оператори (ЕНТСО-Е) предвидува до 2020 година во земјите од Југоисточна Европа да се изградат нови 10.400 километри интерконективни далноводи од пан-европско значење, интегрирани во 21 проект, инвестиции проценети на 4 милијарди евра. Во нив влегуваат и трите интерконекциски врски што требат да се направат во Македонија, како и новата трафостаница.


Ова беше потенцирано на Состонокот на преносните систем оператори од ЈИЕ што денеска се одржува во Загреб под покровителство на ЕНТСО-Е на која се презентира листата на приоритетни проекти кои ќе бидат изградени во 13 земји на ЈИЕ до 2020 година, изработена врз основа на методологија за пресметка на преносни капацитети подготвена од стручњаци на МЕПСО под покровителство на ЕНТСО-Е.

Повеќе на

Edited by accipiter82 - 12-Dec-2011 at 11:58
http://energetskaefikasnost.info
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #275 Posted: 27-Nov-2011 at 22:24
сега  треба да почне те-то да извезува т.е шпрво да поцне да произведува ел енергија.цената последниов месец е зголемена дупло,иако цената на гасот не е којзнае колку ниска мислам дека сепак ке можат да направат добра цена о ле почнат и они конечно да прават бизнис 
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #276 Posted: 27-Nov-2011 at 22:16

Балканот жеден за дожд – на сите земји им недостига струја


http://img.plusinfo.mk/large_pics/2011/11/26/300px-Mavrovo-Lake-Autumn.jpg

Земјите од Југо-источна Европа се погодени од неколкугодишна суша која предизвикува голем дефицит во снабдувањето со електрична енергија, јавува „Танјуг“ и дополнува дека заради ова регионот има кусок од околу 3.550 мегавати електрична енергија секој час.


Од сите земји на Балканот, само Бугарија има потенцијал за извоз на електрична енергија, благодарејќи и на нуклеарната централа „Козлодуј.“ Од друга страна, Србија, Црна Гора, БиХ, Хрватска, Словенија, Албанија, Грција и Унгарија се присилени да увезуваат струја, вели агенцијата.


Конкретно за Србија се вели дека побарувачката е 140 милиони киловат часови дневно, додека производството изнесува 120-123 милиони киловат часови. Заради намаленото производство од хидроцентралите и високата потрошувачка, „Електропривреда Србија“ увезува по 17-18 милиони киловат часови дневно, што претставува 15 отсто од потрошувачката.


Хидроцентралите во Србија произведуваат само 10-11 милиони киловат часови и недостигот од електрична енергија во овие централи изнесува 15 милиони киловат часови дневно зашто реките во Србија не биле на вака ниско ниво од 1926 година.


Годинава, Бугарија држи рекорд во извозот на електрична енергија на Балканот со вкупно 9,62 милијарди киловат часови во различни земји, а има план да продаде уште 10,5 милијарди киловат часови. Бугарија продава 80 отсто од својот извоз на три соседни земји – Македонија, Србија и Грција.


Инаку, состојбата со водостојот во езерата во Македонија, со оглед на сушата, не ништо подобра. И езерата во земјава се празнат. Тоа му се случува и на Охридското езеро, а и на Прилепското вештачко езеро од каде водата се користи за наводнување.


Дебарското езеро, кое хидроцентралата „Шпиље“ го користи за производство на електрична енергија, е околу шест метри од минималната кота, а дотекот во просек изнесува 14 кубни метри вода во секунда. Во акумулацијата има резерва за производство на 9 милиони киловат часови електрична енергија.


Во Мавровското езеро има двојно помалку вода за производство на електрична енергија отколку во ноември месец минатата година. Во акумулацијата има 75 милиони кубни метри вода, а котата е за 7,29 метри пониска во споредба со истиот период лани.


Хидроцентралите Вруток, Равен и Врбен, во ноември месец го натфрлија годишниот план за производство на енергија за 2 отсто. Хидроцентралите работат со полн капацитет, произведувајќи дневно 2 до 3 милиони киловат часови електрична енергија, но ако се продолжи со производство на струја со ова темпо, тогаш резервите на вода ќе бидат потрошени за еден месец.


http://www.plusinfo.mk/vest/24170/Balkanot-zheden-za-dozhd--na-site-zemji-im-nedostiga-struja
Back to Top
koska View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 25-Nov-2011
Online Status: Offline
Posts: 3
  Quote koska Quote  Post ReplyReply #277 Posted: 25-Nov-2011 at 17:02
Овие завшерашни предлог-измени доаѓаат и откако вчера компанијата објави дека овој месец ќе почне со работа топланата ТЕ ТО АД, како и дека е завршена нејзината реорганизација според која нов правен субјект во нејзина целосна сопственост требаше да ја врши регулираната дејност снабдување со топлинска енергија.
форумот го следам одамна како и форумите од опкружувањето и сега за прв пат се одлучувам да напишам пост.
Пред се ТЕ ТО не е во сопственост на топлификација(топлификација има само 20%,и не е ни најголем акционер ) и што е и највожно не треба да врши регулирана дејност туку не регулирана дејност што е огромна разлика ,покрај сите глупости што се изнаслушавме и изначитавме ,очигледно дека нашиве новинари се и неписмени и несакаат да дознаат нешто повеке(во случајов основно)за тоа што го пишуваат!
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #278 Posted: 23-Nov-2011 at 20:04
До кои инвеститори, каква порака?! До домашните аздисани монополи, оние со домашен основачки капитал без тронка општествена одговорност. Па без донесување некој поригорозен закон само изгледаме понесериозни надвор и тоа ги одбива инвеститорите, а не колку Македонија е село без кучиња, и сега како демек тоа ќе донесело инвеститори, демек дерегулација. Таа магла се сее од спорот со ЕВН навака, со кој чудно ЕВН прво тврдеше дека немам никакви долгови за да после тоа признае дел, така да ситуацијата и не баш така, опашката беше свиткана од другата страна.

Баш не се измешани експропријација и национализација и што има врска Хуго Чавез? Пазарот на топлинска енергија е најспецифичен пазар за регулирање од најкомунистичките до најкапиталистички држави, и затоа освен режиски трошок не може да биде ништо друго. За инвеститори може да бидат, според мене, надворешни производители но не и дистрибутери. Популизам неможе да има, зашто пред се се работи за ситуација во која киловат топлина е скоро колку киловат струја, па на што личи ова? Се другопозади и да не не инетресира кој ресурс се користи, како е регулирано, кои фирми се, ништо да не не интересира, оваа ценовна ситуација нема логика. Може да зборуваме дека се работи за крајно левичарски потег од влада која се очекува да се однесува десничарски, но нема ниаков проблем додека е во насока на решавање на проблемот. екпропријацијата е тешко решение и треба да е крајна форма кога веќе е ваков пазарот каков што е, но ваков аждерски монопол не е од интерес никому.
Back to Top
OCB View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: 54
Online Status: Offline
Posts: 921
  Quote OCB Quote  Post ReplyReply #279 Posted: 23-Nov-2011 at 15:57
Originally posted by lslcrew

Не верувам јас во овие најави, само плашање и шшекулации се, иако ви сакал да се донесе законот да може да се држи пермаментен меч на ваквите монополи, а и не дека не би сакал да се експропреираат ЕВН, да се среди секторот енергетика и повторно да се истапи на пазар за некоја година, а за Топлификација да си остане државна како што водовод е државен.

Демократија ала Хуго Чавез а? Си ги помешал термините експропријација и национализација.

Со измените на законот, се предвидува можна експропријација на АД Топлификација за потребите на друга приватна компанија која ја врши истата дејност, а за тоа добила лиценца од државата. Ваква одредба впрочем значи дека државата признава дека има нефункционална Регулаторна комисија за енергетика, нефункционално судство и нема капацитет да го либерализира пазарот на топлинска енергија.

Наместо да се размислува во насока на намалување на просечната цена за производство на топлинска енергија и оптимално користење на истата (преку субвенционирање на мерачи за парно на пример), владата повторно бира репресивен метод - „ако не достававуате доволно топлинска енергија под пазарни цени, ќе ви ја одземеме и лиценцата и компанијата“. Овој метод го видовме со ЕВН, па кога ги навјасаа со политички притисоци и правни аргументи ја пикнаа опашката меѓу нозе. Очигледно популизмот е се уште посилен од логиката.

Back to Top
tomi_z View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Oct-2010
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 196
  Quote tomi_z Quote  Post ReplyReply #280 Posted: 23-Nov-2011 at 15:10
Што убави пораки до потенцијалните инвеститори. Меч над глава, баш!
Да не ме разберете погрешно, јас се греам на парно од Топлификација, и не сум асално стоплен последниве 3 години.

Ама и вакви закани и насилнички закони воопшто не ми се допаѓаат. Не можат да експропреираат 2 декара нива за автопат и сл., ама топлани може?
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1213141516 27>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.348 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.