Author |
Topic Search Topic Options
|
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#261 Posted: 25-Aug-2010 at 12:57 |
СКОПЈАНИ ЌЕ ВЕЖБААТ
НА
КЕЈОТ НА ВАРДАР
Денеска, во
близина на Градската плажа – Скопје, на кејот на Вардар, градоначалникот
на Град Скопје, Коце Трајановски и Директорот на Агенцијата за млади и
спорт, Диме Спасов, презентираа пункт со спортски реквизити за вежбање и
рекреација.

Вакви пунктови, во моментов има
на три локации: кај мостот Близнак во населбата Аеродром, кај хотелот
Александар Палас и во близина на Градската плажа во Скопје, но наскоро
се очекува да бидат направени уште неколку на оние места каде што ќе има
најмногу потреба.

- Градот Скопје и
Агенцијата за млади и спорт, со реализацијата на овој проект, само го
збогатуваат кејот на Вардар со повеќе спортски содржини што ќе им бидат
од корист на сите оние што спортуваат и се рекреираат овде, рече
градоначалникот Трајановски.

Директорот на Агенцијата за
млади и спорт, Диме Спасов, истакна дека со овие пунктови се реализираат
идеите и желбите на многу спортисти и рекреативци, коишто секојдневно
го
користат кејот за спортување.
- Овие гимнастички реквизити
можеби изгледаат едноставно, но можат да се користат за развивање на
целата мускулна маса кај еден човек, потенцираше Спасов.
Проектот е на Агенцијата за
млади и спорт, а инвеститори се Град Скопје и Јавното претпријатие
„Улици и патишта“ - Скопје.
http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=3590&mid=482&tabId=1&tabindex=0 |
  МИА-фото
Edited by lslcrew - 25-Aug-2010 at 13:01
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#262 Posted: 23-Aug-2010 at 01:58 |
Проект за салата за хокеј и зимски спортови предвидена во нас. Аеродром (од каталогот на БИМАС 2010) Ќе беше убаво да имавме материјал со подобар квалитет, но од ова што се гледа мене ми изгледа одлично  За жал нема инфо кој е стаусот на трудов
Edited by Cloverstack - 23-Aug-2010 at 02:02
|
 |
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#263 Posted: 31-Jul-2010 at 18:25 |
Две нови тениски игралишта во општина Карпош |
|
|
сабота, 31 јули 2010 |
|
 |
|
|
|
Иградбата на овие игралишта е дел од проектот "100 тениски игралишта", кој го спроведува Агенцијата за млади и спорт |
|
Денес попладне во основното училиште "Петар Поп Арсов" во општина
Карпош, ќе биде поставен камен-темелник за изградба на две тениски
игралишта.
Изградбата на овие игралишта е дел од проектот "100 тениски игралишта", кој го спроведува Агенцијата за млади и спорт.
Камен-темелникот ќе го постави претседатлот на Владата Никола Груевски,
кој ќе биде придружуван од директорот на Агенцијата за млади и спорт,
Диме Спасов. |
http://www.kirilica.com.mk/vest.asp?id=53848
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#264 Posted: 27-Jul-2010 at 12:17 |
myMacedonia, баш ќе разгледам дали може да се одвојат нишки и за тениските игралишта и за стандардизираните стадиончиња со монтажни трибини. Ама ако е премногу заплеткано на некои места, не е страшно ни вака како што е, во тој случај подобро нека остане.
|
 |
my Macedonia
Senior Member
Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4094
|
Quote Reply
#265 Posted: 27-Jul-2010 at 08:42 |
tenisko igraliste vo cair.Sitel veli deka e otvoreno ama kako sto gledam kamen temelnikot go stavat sega, cudno!!
planiraat uste 100 vo cela drzava da gradat pa zatoa zasluzuva posebna niska
admins vaseto mislenje!??
ako znae nekoj kade se gradi neka kazi .
|
 |
build.mk
Senior Member
Joined: 13-May-2010
Online Status: Offline
Posts: 216
|
Quote Reply
#266 Posted: 26-Jul-2010 at 18:03 |
Означен стартот на изградба на две спортски сали во БитолаВчера
во Битола со свеченост почна изградбата на спортски сали во средното
медицинско училиште „Јован Калаузи“ и во средното земјоделско училиште
„Кузман Шапкарев“. Салата во медицинското училиште ќе има површина од
1.300 метри квадратни и рокот за нејзино завршување е девет месеци,
додека салата во земјоделското училиште треба да биде изградена за шест
месеци и ќе располага со 650 метри квадратни. Покрај ова, на локалната
самоуправа и беше предадено на раководење фудбалското игралиште „Павел
Шатев“ кое се наоѓа во градскиот парк, а го изгради Агенцијата за млади и
спорт. Од Агенцијата најавија изградба и на четири тениски терени и
четири отворени мултифункционални игралишта во основните училишта „Тодор
Ангелески“, „Ѓорги Сугарев“ и „Даме Груев“, како и во битолското село
Кравари.
|
http://www.build.com.mk/?p=4578
|
 |
Makedonij
Senior Member
Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2190
|
Quote Reply
#267 Posted: 19-Jul-2010 at 18:16 |
Јавна презентација на ДУП за урбан модул мотел„Македонија“
Четврток, 15 Јули 2010 08:12
На ден
09.07.2010г со почеток во 13 часот, во
големата сала на Општина Крива Паланка, се одржа повторна јавна
презентација на нацрт планот -измена и дополна на ДУП за урбан модул
–МОТЕЛ МАКЕДОНИЈА.Презентацијата ја водеше дипл.инж.архитект Кире
Велески, вработен како советник во одделението за урбанизам, сообраќај и
заштита на животната средина.
Во согласност со законските прописи, на јавната
презентација писмено беа поканети вкупно педесет јавни личности,
заинтересирани лица и стручни лица од областа, од кои присуствуваа
дваесетина. На самата презентација присуствуваа и претставници
на изработувачот на планот Друштво за планирање, проектирање и
инжинеринг „ПРОСТОР“ од Куманово г-н
Стоилковски Дане и г-ѓа Стојмановска Марина, кои дадоа стручно
објаснување за планските параметри врз основа на кои е изработен нацрт
планот, а потоа беше дадена можност за прашања и одговори на присутните.
Опфатот на
планот има површина од 2.16 ха, што е истоветно со претходниот опфат на
планот, во кој спаѓаат спортската сала и мотел „Македонија“ со придружните објекти, спортско
рекреативна зона, зелени површини и секако сообрајќајно решение и
паркинзи.За сите
прашања и потребни забелешки Општина Крива Паланка подготви анкетни
листови кои може да се подигнат во архивата на Општината или одделението
за урбанизам, сообраќај и заштита на животната средина, најкасно до
16-07-2010г. http://www.krivapalanka.gov.mk
|
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#268 Posted: 15-Jul-2010 at 16:20 |
АСФАЛТИРАНО КОШАРКАРСКОТО
ИГРАЛИШТЕ ВО СРЦ „САРАЈ“
|
|
Екипи на Градот
Скопје деновиве го асфалтираа кошаркарското игралиште во Спортско
рекреативниот центар „Сарај“. Асфалтирана е површина од 370 квадратни
метри и се вградени 46 тони асфалтна маса АБ 11.
Во истата акција се санирани и ударните дупки на
околните патеки во центарот.
Градот Скопје за
овој зафат потроши околу 250.000 денари, а на терен работеа екипи на ЈП
„Улици и патишта“.
|
http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=3503&mid=482&tabId=1&tabindex=0 |
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#269 Posted: 12-Jul-2010 at 09:28 |
Четирите тениски игралишта што се градат кај салата Јане Сандански
|
 |
Makedonij
Senior Member
Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2190
|
Quote Reply
#270 Posted: 05-Jul-2010 at 09:12 |
Kошаркарско игралиште во Владевци (Струмичко)
Во
населеното место Владевци, започнаа активностите за изградба на
кошаркарско игралиште. Во близина на поштата, на просторот што и досега
љубителите на спортот го користеа за играње кошарка ќе се изгради
современо кошаркарско игралиште со димензии 15Х28 метри, кое ќе биде
опремено со рефлектори за ноќно спортување. На овој начин општина
Василево не само што создава услови за спортување, туку, наспроти
комерцијалните понуди на младите им нуди алтернатива за исполнување на
слободното време на поздрав и поквалитетен начин и место за дружење и
разонода.

Средствата
во висина од околу 460.000 денари се обезбедени од општинскиот буџет, а
изведувач на работите е градежната фирма “Џови компани“, која во исто
време го гради и повеќенаменското игралиште во населеното место
Радичево. http://www.strumicanet.com
|
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
 |
La Linea
Senior Member
Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
|
Quote Reply
#271 Posted: 20-May-2010 at 15:31 |
Слики од новата атлетска патека во Охрид 1.  2. Извор: МИА
|
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
 |
build.mk
Senior Member
Joined: 13-May-2010
Online Status: Offline
Posts: 216
|
Quote Reply
#272 Posted: 17-May-2010 at 21:20 |
Сергеј Бубка предаде во употреба нова атлетска патека во Охрид
Денес
во Охрид беше свечено ставена во функција новата атлетска патека на
Спортско-рекреативниот центар Билјанини Извори. Во присуство на
министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, претседателот на
Атлетската федерација на Македонија Цветко Грозданов, директорот на
Агенцијата за млади и спорт Диме Спасов, претседателот на Македонскиот
олимписки комитет Васил Тупурковски и светската атлетска легенда Сергеј
Бубка, беше отворен и првиот ревијален атлетски натпревар на новиот
тартан. Охрид за три дена ќе биде домаќин и на Меѓународен атлетски
митинг.
Инвестицијата изнесуваше повеќе од 500 илјади евра, средства
обезбедени преку донации од Меѓународниот олимписки комитет и светските
атлетски федерации, како и од Владата на Република Македонија. Подлогата
одговара на меѓународните стандарди пропишани од страна на
Меѓународната атлетска федерација и е производ на реномираната
италијанска компанија Мондо (Mondo S.p.A.). Идната година иста
ваква подлога ќе биде поставена и на ателтската патека на Националната
арена Филип Втори во Скопје. | http://www.build.com.mk/?p=3429
Edited by build.mk - 17-May-2010 at 21:20
|
 |
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#273 Posted: 11-May-2010 at 00:44 |
Општина Ѓ.
Петров прераснува во спортски центар
Тениската елита
ќе се сели во Ѓорче
До ноември
ќе бидат изградени две тениски игралишта со професионални димензии (39,4
на 39,4 метри) и најсовремена подлога по стандардите на Светската
тениска асоцијација, со што ќе ги прави погодни за одигрување и на сите
меѓународни тениски натпревари
Општина Ѓорче Петров до ноември ќе добие две тениски
игралишта со професионални димензии (39,4 на 39,4 метри) и најсовремена
подлога по стандардите на Светската тениска асоцијација, со што ќе ги
прави погодни за одигрување и на сите меѓународни тениски натпревари.
Игралиштата се наоѓаат во дворот на ОУ Мирче Ацев". Целосно ќе бидат
инфраструктурно поврзани и ќе осветлени со рефлектори за да може да се
игра и ноќе, а до нив ќе водат нови бекатонски патеки.
Изградбата почна вчера со церемонија за симболично осветување на
темелите на која присуствуваа премиерот Никола Груевски, директорот на
Агенцијата за млади и спорт, Диме Спасов, и нивниот домаќин,
градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Сокол Митровски. - Покрај
50 фудбалски игралишта за голем фудбал, 185 спортски сали во програмата
Владата има планирано и работи на тоа да изгради 100 тениски игралишта и
100 мултифункционални игралишта - за мал фудбал, ракомет, кошарка,
баскет... Денеска ја започнавме изградбата на едно двојно тениско
игралиште, кои ќе биде по сите стандарди со соодветна подлога, со
осветлување, пристапни патеки, целосна инфраструктура, рече премиерот
Груевски. Тој додаде дека целта е да се изградат што повеќе спортски
објекти, во што повеќе општини, за младите да се ориентираат кон спортот
а не кон пороците.
Градоначалникот на Сокол Митровски заблагодарувајќи и се на Владата
за поддршката при реализацијата на голем број проекти, особено во
областа на спортот потенцираше дека Општина Ѓорче Петров несомнено
станува и спортски центар. - Како и во други спортови така и во
тенисот ќе можат да се вклучат голем број граѓани, осоебно младите
таленти, бидејќи Ѓорче Петров е позната како расадник на нови таленти
но, и на шампионски тимови и поединци кои надалеку го пренесоа името на
својата општина и името на својата држава Република Македонија, рече
Митровски. Тој додаде дека ѓорчепетровци можат да бидат горди на
спортската инфраструктура, бидејќи само во изминативе три години на
повеќе локации во Општината се изградени две фудбалски игралишта, две
спортски сали и девет спортско-рекреативни центри.
http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=9C09B318FD0A6344AA1E0CB7BCCF7D35
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#274 Posted: 23-Apr-2010 at 22:46 |
Најдоцна во 2013 во Аеродром ќе никне аква паркДенес во Министерството за транспорт и врски се
одржа јавно наддавање за две парцели во општината Аеродром наменети за
спортски и рекреативни содржини. На поголемата од нив која има површина
од 25.260 метри квадратни веќе подолго време се најавува изградба на
аква парк, додека на помалата која има површина од 6.885 метри квадратни
со ДУП-от е предвидена повеќенаменска спортска сала. Парцелите ги доби
„Манд интернационал“ од Скопје, која за нив ќе треба да исплати
50.520.000 и 13.770.000 денари. Компанијата треба да ги уплати
средствата во рок од 15 дена, да обезбеди одобрение за градба најдоцна 9
месеци од солемнизирање на договорот и да ги изгради објектите во рок
од 2 години после правосилноста на одобрението.
Според ДУП-от инвеститорот ќе треба да обезбеди 210 паркинг места во
рамки на парцелите, а максималната дозволена висина за градба е 12
метри. Објектите ќе бидат дел од идниот спортско – рекреативен центар на
кејот на Вардар во Аеродром. Поголем дел од него е зацртан на просторот
на бившата голема градежна база на АДГ Маврово која е речиси расчистена.
На 31 јануари таму беше поставен камен темелник за
четири тениски игралишта, а на почетокот на месецов Министерството
за транспорт и врски на лицитација понуди и две парцели за хотели, кои
исто така треба да бидат дел од комплексот.
| http://www.build.com.mk/?p=2928
Edited by Cloverstack - 23-Apr-2010 at 22:50
|
 |
alexgizh
Moderator Group
Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1976
|
Quote Reply
#275 Posted: 16-Mar-2010 at 22:46 |
Look at the bright side... барем добивме дел од плоштадот назад
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#276 Posted: 16-Mar-2010 at 01:50 |
 Факинг панаѓур на плоштад. Пропратната музика капак...  Ќе треба многу време за да се искултивира овој народ, а и Тодоровиќ во истиот пакет!
Edited by Cloverstack - 16-Mar-2010 at 01:52
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#277 Posted: 16-Mar-2010 at 01:41 |
30 илјади лизгачи го стопија лизгалиштето!
Околу
30 илјади посетители изминативе три месеци се лизнале или паднале на
најголемото вистинско лизгалиште досега направено на плоштадот
Македонија, иницирано лично од градоначалникот Владимир Тодоровиќ, а
спроведено од Општината Центар и фирмата-изведувач Солкав Австрија".
Зимската идила која донесе радост кај повеќето скопјани вчера заврши и
уште во текот на попладнето почна со демонтирање, информираа надлежните
од Општината. Лизгалиштето почна со работа по новогодишните празници и
истото стана атрактивно поради неговата оригинална големина,
карактеристиките и цената. Неговото демонтирање го врши истата фирма
која го доби тендерот за поставувањето и одржувањето на лизгалиштето.
Оние скопјани кои успеаја да се лизнат макар еднаш, се задоволни од
реализацијата на идејата на градоначалникот на Тодоровиќ за ваковиот
времен објект на плоштадот за зимска рекреација наликум светските
метрополи. Истото зафаќше површина од 800 квадрати или димензии од 20
на 40 метри заедно, со системот за можност да го задржи мразот во
непроменета состојба и на надворешна температура до 20 Целзиусови
степени, според изведувачот се покажа квалитетно и на големите
температури и зголемената рефлексија на сонцето која ја имеше на
неколку пати. Од Општина Центар велат дека се задоволни од
резултатите на времениот објект, без оглед на заградувањето на
плоштадот поради градежните активности негова примарна функција
позитивно оценета од општинските служби. Тие велат и догодина доколку
има просторни услови, повторно ќе се постави вакво или слично лигалиште
на плоштадот. http://vecer.com.mk/?ItemID=885375B32A8B71458C16ED662506494F |
|
 |
La Linea
Senior Member
Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
|
Quote Reply
#278 Posted: 25-Feb-2010 at 01:39 |
Се уредува просторот за четири тениски игралишта во Илинден Општина
Илинден ги отпочна градежните активности за уредување на просторот за
четири нови тениски терени, кои се дел од проектот на Владата и
Агенцијата за млади и спорт, со кој е предвидена изградба на вкупно 100
такви терени низ државата. Новите игралишта во Илинден ќе се градат
веднаш до спортската сала „Гоце Делчев“. За нив е обезбедена и издадена
потребната техничка документација. Согласно предвидените активности,
Општината ќе изврши целосно подготвување и уредување на просторот за
отпочнување и непречено извршување на градежните работни активности.
Проектот за 100 тениски игралишта ширум државата стартуваше со реализација на терен на 31-ви минатиот месец, со поставување на камен темелник за четири игралишта во Општина Аеродром.
|
http://www.build.com.mk/?p=2037
|
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
 |
ArchiTechTone
Senior Member
Joined: 19-Jan-2009
Online Status: Offline
Posts: 280
|
Quote Reply
#279 Posted: 22-Feb-2010 at 20:30 |
Originally posted by lslcrew
Не е коректно од една страна да се залагаме за строго почитување на урбанистички планови, а од друга страна со вакви клипови да се манупулира и да се "шета скршено прсте" во јавност. Ако парков не бил дел од урбанистичкиот план, што има врска колку еколошки и да е.
|
Се слагам, во видеото не е наведено дали се консултирале со општината, и кривицата е сосема нивна ако не се информирале како што треба. Не ми беше поентата да ги сожалувам, иако они работеле годинаипол (јуни2008-дек2009) без никој да ги прекине(спонзорирани од фондации, медиумски покриени). Испаѓа дека општината се грижи за урбанизмот само кога ќе дојде време за сечење ленти... Колку и да е промашена- иницијативата ми е фина, и би било супер ако граѓаните се ангажираат на сл. начин. За да не биде скрос офтопик муабетот  , карпава не е баш сјајна за развивање на спортското качување. Ако веќе се иде промовирање на outdoor качување, подобро е да се промовира матка или водно или некое слично место, а ако веќе стварно треба да се развие спортот, тогаш неспорно дека indoor ѕид за качување е подобра варијанта бидејќи ќе овозможи тренирање преку целата година за нашите идни клајмери
|
 |
zabegan
Senior Member
Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
|
Quote Reply
#280 Posted: 22-Feb-2010 at 19:56 |
Originally posted by krale
Originally posted by zabegan
повторно гледам многу нелогика во оснос на инвестициите во спортот, убаво е да се развива и екстремниот спорт, но сеуште немаме доволно сали, стадиони и базени, а постоечките никој не ги гледа (не ги сметам оние мотажнине бидејќи се по некој школски шаблон, кој не е доволен)го ценам и фактот што во Скопје ќе има нешто вакво, но сепак не е нешто што би требало да биде примарен проект, сметајќи дека имаме и природни услови за тоа, во целата земја |
Мислам дека во моментов се градат повеќе спорстски сали од било кога досега, што значи сликата брзо ќе се промени, па зошто да не се гради и во овие спортови кои досега не биле присутни на овие простори? |
напоменав дека не ги сметам тие „школските“ сали а што се однесува до алпинизмот, тој одамна е застапен во нашата земја, конкретно и во скопскиот регион на кањонот на матка, дури има и споменик (клинот) посветен на овој спорт, а имаме и алпинисти со врвни достигнувања но затоа пак, еден стадион го градат 40 години, изградени се неколку сали за одбојка и кошарка, но пропаѓаат, заедно со базените и т.н. не ме разбирај погрешно, немам многу против вештачки карпи, но не е нешто примарно во моментов, ако збориме за спортски објекти
Edited by zabegan - 22-Feb-2010 at 19:57
|
 |