Author |
Topic Search Topic Options
|
Makedonij
Senior Member
Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2190
|
Quote Reply
#281 Posted: 24-Jan-2010 at 13:26 |
Eve ušte edna zabna ambulanta ''Endomak'' vo Strumica. Ne znam dali e nova no izgleda taka.  http://www.endomak.com.mk/
|
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
 |
Makedonij
Senior Member
Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2190
|
Quote Reply
#282 Posted: 24-Jan-2010 at 12:09 |
Se raboti mislam za objekt šo ke služe kako komuna za narko zavisnici. Терапискаата заедница ПОКРОВ е заеднички проект на НВО Избор и МПЦ
Струмичка Епархија сместена помеѓу с.Баница и с.Водоча (околу 5 км.
одалечено од Струмица) на површина од седум хектари и претставува
непрофитабилна (здравствена) организација. Реконструкцијата на
просторот во кој може да се сместат првите 45 згрижени лица е овозможен
преку програмата “Форуми во заедницата, водена и координирана од ЦИРа.
Најголем дел од средствата во проектот ПОКРОВ се донирани од
Швајцарска агенција за развој (СДЦ), Општина Струмица, Струмичка
Епархија, сопствени извори, локален бизнис сектор. Буџет
- Швајцарска агенција за развој 4.000.000 денари
- Општина Струмица 2.000.000 денари
- МПЦ - Епархија Струмичка, Избор, Локален бизнис сектор (Нипром) 2.900.000 дернари
ВНАТРЕШНО ОПКРУЖУВАЊЕ
Целокупната површина на објектот е 420 м2.
Објектот го сочинуваат 15 трокреветни соби од кои 12 се предвидени за
машки, а три за женски лица. Машкиот од женскиот дел е физички одвоен.
Деловите имаат засебни санитарни чворови и бањи. Дневниот престој и
трапезаријата се на простор од 90 квадратни метри, а има посебни
простории за чување храна, кујна и перална. Објектот има два влеза
службен и економски. Има просторија за одговорно лице и посебен
санитарен чвор за персоналот кој работи во кујната.
Останатите активности предвидени со програмата ќе ги обавуваме во
специјализирани простории кои ги имаме на располагање.
Изведувач: АРХИГОТА
Надзор: ЕУРОМОНТА
        http://www.strumica.gov.mk/html/MKD/v_12_2009_8.asp
|
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
 |
La Linea
Senior Member
Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
|
Quote Reply
#283 Posted: 21-Jan-2010 at 18:28 |
“Еуропијан ЕЕ Хоспитал“ ќе го гради новиот здравствен објект во Ѓорче Петров

Компанијата
“Еуропијан ЕЕ Хоспитал“, е избрана за најповолен понудувач на јавното
наддавање за отуѓување на градежното земјиште во Ѓорче Петров во
површина од 3.190 метри квадратни со намена за изградба на здравствен
објект, соопштуваат од Министерството за транспорт и врски.
На јавното наддавање кое се одржа на 29 декември, минатата година,
компанијата постигнала крајна цена во износ од 5.742.000 денари, при
што стана сопственик на тоа градежното земјиште.
Најповолниот понудувач се обврза дека во рок од шест месеци од
вклучување на договорот ќе обезбеди одобрение за градба на предвидениот
објект и дека истиот ќе изгради за две години од прибавеното
одобрение., но доколку објектот не биде изграден во определениот рок,
договорот ќе биде раскинат.
Автор на веста: Нетпрес
Објавена на 21.01.2010 14:19:53 |
http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=67032&kategorija=1
|
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#284 Posted: 04-Jan-2010 at 21:53 |
Калишта доби амбуланта

Околу 1.000 жители од потшарпланинското село Калишта во општината Врапчиште добија амбуланта за новогодишен подарок. Министерот
за здравство Бујар Османи на пригодна свеченост го предаде во употреба
објектот што е дел од проектот за отворање на 17 амбуланти во рурални и
планински области. Министерот Османи вети дека наскоро амбулантата ќе
биде опремена целосно, бидејќи веќе се јавил заинтересиран лекар за да
се грижи за здравјето на овие луѓе, кои до неодамна патуваа повеќе од
10 километри за да се прегледаат. (З.Г.М.) |
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=88B35832CB53B345851C2DDB63B940A4
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#285 Posted: 21-Dec-2009 at 13:45 |
Градилиште до родилиштето во Чаир
Изградбата
на објектот
почнала пред 12 години и стигнала во завршна
фаза, но
тоа не било доволно
за тој да се пушти во употреба,
а од Министерството
за
здравство велат дека новиот дел е
влезен во проектот
за реконструкција
на јавни здравствени установи во земјава

Искршени
прозорци, разурната фасада, расфрлан песок и тули веќе десетина години
е сликата на новиот дел кој е залепен до зградата на Гинекологија
„Чаир“, со чија изградба објектот требаше да прерасне во современа
здравствена установа по европски стандарди. Изградбата на објектот
започнала во 1997 година и стигнала до завршната фаза, но тоа не било
доволно за официјално да биде пуштен во употреба и да ја извршува
функција на родилиште. Оттогаш, па се до денес, просториите во зградата
останале да зјаат празни и во нив никогаш не се слушнал бебешки плач.
Во внатрешноста се раширила влага, која почнала да ги нагризува
ѕидовите, а со тоа се оштетил и подот. На местото каде почнала
изградбата се наоѓала барака со челична конструкција, која чешката
влада ја донирала по земјотресот.
Фондот за здравство во
минатото вината за недовршената болница и ја припишуваше на тогашната
директорка, Ратка Куњан, на која и се изгубиле милионски суми. Со тоа,
загубата за објектот секојдневно расте, бидејќи недоградениот дел веќе
почна да се руинира. Сепак, најмногу губат граѓаните, бидејќи болницата
работи со намален капацитет, а бројот на породувањата секојдневно
расте.
РУИНА НАРЕЧЕНА „НОВ ДЕЛ“
И
покрај морничава состојба, докторите од Гинекологија „Чаир“ сé уште го
нарекуваат местото „нов дел“, кој, според нив, е оставен на милост и
немилост на околината. Граѓаните, пак, велат дека е срамно ваква руина
да се наоѓа веднаш до едно од најголемите родилишта во градот, како и
дека и покрај тоа што се нарушува надворешниот изглед, се добива лош
впечаток за внатрешноста на објектот и за здравствените услови во него.
- Сметам дека е грешка на надлежните што не собраа сили за да
го завршат објектот и да го пуштат во употреба. Во нашата држава со
секоја промена на власта се прави друг план и програма, што за жал носи
негативни последици и се оставаат недоградени вакви капитални објекти.
Децата што живеат во близина често си играат во дворот на
Гинекологијата, па се случува некои од нив да фрлаат камења и да ги
кршат прозорците. Сепак, не можеме за тоа да ги обвиниме нив. Ако имаше
поставено чувари во близина, тогаш тоа немаше да се случи - објасни
Виолета Најдовска, жителка во населбата Чаир.
КРЕДИТ ЗА ОБНОВА
Од
Гинекологијата „Чаир“ велат Владата во својата програма најавувала дека
ќе го доврши запуштениот објект, каде што ќе ги смести акушерскиот дел
од болницата и родилните сали.
Според сознанијата на Менду
Јегени, директорот на Гинекологијата „Чаир“, веќе во подготовка била
изработката на новиот проект за доградба на болницата и дека веќе бил
одобрен кредит од европските фондови.
- Во 1997 година
помпезно беше најавена изградба на современо родилиште веднаш до
стариот дел од болницата. Градежните работи се одвиваа со динамика, но
по две-три години изградбата запре. Објектот стигна во завршна фаза, но
не знам зошто не бил пуштен во употреба. Не сакам да обвинувам никого,
особено што на болницата и препишаа голем дел од долговите. Ако се
догради „новиот дел“ ќе имаме поголем капацитет на породувања, а со тоа
ќе се запази процедурата родилката да се движи во еден правец од
влегувањето во болницата - истакна Јегени.
Тој додава дека
годишно во чаирската болница се пораѓаат околу три илјади жени и дека
ако се случи да биде затворена, Клиниката ќе крахира, бидејќи
акушеријата не може да чека.
Од Министерството за здравство
велат дека реновирањето на чаирската гинекологија веќе е во план, како
и дека тоа ќе биде остварено во рамките на проектот за реконструкција
на јавните здравствени установи, за кои се обезбедени околу 45 милиони
евра.
- Се надеваме дека на пролет ќе започне реновирањето на
стариот дел од Гинекологијата во Чаир, во кое ќе се менува подот,
покривот и санитарните јазли. Руинираниот дел е во фаза на подготовка
на проектот, а откако ќе се финализираат деталите ќе може да се
подигнат кредити од европските фондови - додаваат од Министерството за
здравство.
Лична карта
објект: нов дел на Гинекологија „Чаир“ инвеститор: Министерство за здравство почеток на градба: 1997 година прекин на градба: 1999-2000 година изграденост: речиси целосна проблем: нема пари
http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=122191057319&id=14&prilog=0&setIzdanie=21867 |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#286 Posted: 14-Dec-2009 at 02:08 |
Во Штип ќе се гради универзитетска клиничка болница Штип ќе добие универзитетска клиничка болница, чија изградба е планирано да почне во првата половина на идната година.
Портпаролот
на Универзитетот „Гоце Делчев“, Кирил Барбареев, истакна дека
Клиничката болница ќе се гради во кругот на Факултетот за медицински
науки.
- Со изградбата на универзитетската клиничка болница и на
универзитетска студентска поликлиника ќе се изгради кампусот три или ќе
се оформи делот за медицински науки - рече Барбареев.
Тој додава
дека универзитетската клиничка болница, на која ќе бидат застапени сите
одделенија, ќе се гради со пари од Владата, а еден мал дел ќе издвои и
Универзитетот „Гоце Делчев“.
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=08A713FC8A9F134ABFCE203B05238C61 |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#287 Posted: 21-Oct-2009 at 00:00 |
Амбуланта за жителите на Катланово
Проектот ќе го
финансира Владата преку Министерството за здравство во рамките на
акцијата за градење на 17 амбуланти во рурална средина
Поставен
камен-темелник за изградба на нова амбуланта во Катланово, општина
Петровец, која е во рамките на проектот на Владата и Министерството за
здравство за градење на 17-те амбуланти во рурална средина. Објектот
чија површина ќе изнесува 122 метри квадратни, ќе се гради на локација
од 900 метри квадратни и во него ќе се даваат услуги од примарната
здравствена заштита. На поставувањето на камен-темелникот присуствуваа
градоначалникот на општина Петровец Борче Митевски, министерот за
здравство Бујар Османи, како и месното население.
Министерот Османи во своето обраќање пред присутните истакна дека
правото на пристап до квалитетна здравствена заштита е уставно
загарантирано право и оти мора на сите граѓани да им се овозможи
пристап до здравствените услуги. Тој посочи дека донесовме одлука во
сите населени места каде граѓаните пешачат повеќе од 10 километри до
најблиските здравствени установи, во нивните села да изградиме
амбуланти чиј инвеститор е Министерството за здравство. -
Амбулантите ќе бидат рурални, а лекарите ќе бидат финансирани независно
од бројот на пациенти кои ги третираат и ќе бидат стимулирани да
работат. За оваа амбуланта најдовме одлична локација која е
претпоследна за која поставивме камен-темелник- рече Османи. Османи
напомена дека останува уште во Охрид да се најде локација за амбуланта,
а останатите амбуланти се веќе пред завршување на градбата, а една е
веќе отворена и функционира. -Почнавме со 17 амбуланти, но не
застануваме тука. Секаде каде ќе процениме дека има потреба од градење
ваква рурална амбуланта ќе ја изградиме и таму - додаде Османи.
Градоначалникот на општина Петровец Борче Митевски рече дека ова е
само еден од повеќе објекти кои ќе се градат на територијата на
општината. - Имаме многу идејни проекти и во непосредна близина ќе
имаме уште два поголеми објекта, рече Митевски. Тој изрази ветување
дека во текот на неговиот мандат ќе се постават уште многу вакви
камен-темелници за подобри услови за живеење на жителите на општина
Петровец.
http://vecer.com.mk/?ItemID=1CF4C87F6F460946A79357B35E675B82 |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#288 Posted: 12-Aug-2009 at 15:21 |
|
 |
my Macedonia
Senior Member
Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4094
|
Quote Reply
#289 Posted: 12-Aug-2009 at 15:14 |
Тетово:Започна изградба на дијагностички центар
Во тетовската болница денеска стартуваше изградбата на дијагностички центар. На почетокот на работите присуствуваа министерот за здравство Бујар Османи и вицепремиерот Абдулаќим Адеми.
„Современиот центар за дијагностика во кој се предвидува да се инвестираат 200 милиони денари е само дел од големите инвестиции во нови капитални објекти во здравството. Во процедура е изградбата на 17 нови амбуланти во исто толку населени места, додека наскоро ќе започне проектот за реновирање и изградба на голем број болници и одделенија во вредност од 100 милиони евра“ рече Османи.
„Сакам да истакнам дека набргу Владата на Македонија ќе започне со изградба на неколку лаборатории низ целата територија на земјава, а неколку од нив ќе се изградат во Државниот универзитет во Тетово. Тие ќе бидат во служба на граѓаните, но и на студентите, односно во овој случај на Универзитетот“ изјави Адеми.
Овој проект се очекува да заврши следната година.
|
 |
shyes
Senior Member
Joined: 09-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 259
|
Quote Reply
#290 Posted: 30-Jul-2009 at 12:42 |
леле, овиее изгледа colour blind се. Оваа зградава, освен бојата ке беше убо ако ја напраја фасадата по детална, дека со споредба со покривот многу празна ми ли личи.
|
 |
my Macedonia
Senior Member
Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4094
|
Quote Reply
#291 Posted: 29-Jul-2009 at 20:51 |
|
 |
my Macedonia
Senior Member
Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4094
|
Quote Reply
#292 Posted: 28-Jul-2009 at 18:01 |
Originally posted by 46&2
My Macedonia дали би знаел да ми кажеш нешто повеќе за
плоклиникава какви прегледи вршат, колку се вработени, дали имаат
операциони сали, болнички сместување затоа што и јас располагам со
сличен ваков поликлиничко дијагностички центар само во Куманово. BTW
имам слушнато од порано за Ера Медика.  |
ne znam mnogu osven deka e privatna, moderna, i ima sala i za zabite(znaci 2 vo eden objekt-> normalna bolnica i bolnica za zabite
inace eve edna slika sto mozev da slikam (slika od 18.7.09)
ne bese 100% zaversena, ke ima uste 2-3 nedeli rabota
Edited by Cloverstack - 09-Aug-2009 at 01:45
|
 |
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
|
Quote Reply
#293 Posted: 11-Jun-2009 at 10:21 |
Од трансформацијата најголема корист ќе имаат пациентите: Груевски, Коњановски и Османи |

|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
 |
vardar
Senior Member
Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
|
Quote Reply
#294 Posted: 10-Jun-2009 at 08:59 |
Воена ќе стане Градска болница
Градската ќе стане ургентен центар, а во кругот на Воената болница ќе бидат изградени уште две-три приватни болници
 Од трансформацијата најголема корист ќе имаат пациентите: Груевски, Коњановски и Османи
Воената болница ќе се трансформира во општа болница за градот Скопје до крајот на годинава, а сегашната Градска „Св. Наум Охридски“ ќе биде градски ургентен хируршки центар, најави вчера премиерот Никола Груевски, по средбата со министрите за одбрана и за здравство, Зоран Коњановски и Бујар Османи, и со раководството на Воената болница.Одлуката е донесена по многубројни консултации за трансформација и реформа на Воената болница, меѓу опциите за приватизација, концесија или вклучување во јавното здравство. Се размислува во кругот на Воената болница да бидат изградени уште две до три други болници, кои би оделе на јавен меѓународен тендер.
- Пациентите нема како досега да одат од амбуланта директно во Клиничкиот центар, и тоа ќе биде и сериозно растоварување на клиниките, кои главно треба да се занимаваат со научно-истражувачка и едукативна дејност - изјави Груевски.Се најави и поинтензивна едукација на кадарот и засилување со опрема на таа нова установа. Според управникот на Воената болница Петре Утковски, петтиот и седмиот кат од болницата, кои се веќе испразнети, нема да му бидат издадени на „Филип Втори“, туку ќе останат составен на болницата. Трансформацијата нема да се одрази ниту на вработените во двете болници.
- Нема да има рационализација и отпуштање на вработените од Воената болница.Првпат воведуваме ред во здравствениот систем во Скопје, со воведување секундарна здравствена заштита. Ќе се утврди планот за трансформација, со што Воената болница преминува во Министерството за здравство. Во договор со Фондот за здравство, пациентите ќе се движат од матичните лекари во новата градска општа болница, а потоа на Клинички центар - појасни министерот за здравство Бујар Османи.Во Воената болница ќе се формира единица за воен медицински центар, од која стотина лица годишно би заминувале во мировни мисии. Оттука ќе го развиваме и центарот за медицинска обука, кој е деклариран кај сите земји НАТО-партнери - изјави Коњановски.Вработените во Градската болница ќе работат како и досега.
|
|
 |
my Macedonia
Senior Member
Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4094
|
Quote Reply
#295 Posted: 27-May-2009 at 20:32 |
mislam deka i vreme bese
Реконструкција на клиниката во Чаи
По 12 години чекање, Клиниката за гинекологија во Чаир конечно ќе добие нов изглед, изјави Министерот за здравство Бујар Османи, по почетокот на градежните работи. Според Османи, предвидено е за една година да се завршат сите работи околу реконструкцијата.
„Средствата за реконструкција на оваа клиника кои ќе ги обезбеди министерството за здравство или Владата се оценуваат на 1,5 милиони евра и 1 милиони за опрема. Опремата ќе дојде порано од самата реконструкција, кон крајот на летото планираме да стигнат првите модерни апарати кои се наменети за гинеколошката болница во Чаир и со ова сметам дека ќе создадеме една од најдобрите болници во овој дел“.
Според директорот на гинеколошката болница, Мендуг Јегени реконструкцијата нема да ја попречи работата на болницата и соодветниот третман на пациентите.
„Никако не планираме да ја сопреме работата бидејќи нивото на работа кое се врши тука е од државен интерес, ако ние одлучиме да затвориме 5 до 6 дена тогаш е во ред, но подолго од ова не можеме да планираме бидејќи другите клиники и болници не можат да се соочат со напливот на жени кои евентуално би биле вратиле од нашата болница“.
Гинеколошката болница „Чаир“е втора по големина во земјата, а секоја година се раѓаат по 3 илјади новороденчиња. Реконструкцијата на болницата во вредност од 200 илјада евра ќе биде помогната и од Норвешката Амбасада.
|
 |
46&2
Senior Member
Joined: 04-Jan-2008
Location: Куманово
Online Status: Offline
Posts: 347
|
Quote Reply
#296 Posted: 03-May-2009 at 16:39 |
My Macedonia дали би знаел да ми кажеш нешто повеќе за плоклиникава какви прегледи вршат, колку се вработени, дали имаат операциони сали, болнички сместување затоа што и јас располагам со сличен ваков поликлиничко дијагностички центар само во Куманово. BTW имам слушнато од порано за Ера Медика.
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#297 Posted: 03-May-2009 at 14:33 |
Рендерот не ветува многу, да се надеваме дека барем во живо ќе излезе колку-толку подобро... и дека ќе се среди околината.
|
 |
my Macedonia
Senior Member
Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4094
|
Quote Reply
#298 Posted: 03-May-2009 at 14:29 |
ERA MEDICINA - KICEVO znaci se raboti za edna bolnica vo kicevo sto se gradi vo momentov....
1. 
2. 
3.  a ova e starata
Edited by Cloverstack - 09-Aug-2009 at 01:40
|
 |
my Macedonia
Senior Member
Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4094
|
Quote Reply
#299 Posted: 08-Feb-2009 at 17:27 |
Нова оперативна сала во Гостивар
08 February, 2009 06:18:00
Големина на фонт:
Министерството за здравство во соработка со општината на Гостивар и со болницата во овој град, денеска свечено ја пуштија во употреба нова оперативна сала. Во објектот за апарати и за друга опрема се инвестирани околу 200.000 евра. Министерот за здравство Бујар Османи, рече дека новата сала е опремена со сите елементи за модерна хируршка интервенција со што ќе се зголеми нивото на здравствените услуги во Гостивар. Првиот човек на општината, Невзат Бејта, потенцираше дека соработката меѓу централната и локалната власт е на високо ниво и дава резултати со што добиваат граѓаните на Гостивар и околината. „Промовираме уште една инвестиција на министерството за здравство вредна 200 илјади евра за да се опреми една модерна хируршка сала со сите потребни елементи, за модерни хируршки зафати. Верувам дека во голема мера ќе се зголеми нивото на здравствените услугите што ги нуди Општата болница на Гостивар“ изјави Османи. „Сите овие инвестиции се прават во интерес на граѓаните, се покажува и во пракса дека кога има добра соработка меѓу локалната и централната власт, односно со министерствата, во овој случај со министерството за здравство, добиваат граѓаните на Гостивар и сите граѓани кои живеат во околината на Гостивар“ рече Бејта.
|
 |
La Linea
Senior Member
Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
|
Quote Reply
#300 Posted: 19-Jan-2009 at 23:41 |
Браво Владимир токму ова го барав
|
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
 |