![]() |
![]() |
![]() |
Хотели, преноќишта и одморалишта (општо) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 1314151617 38> |
Author | |
ProMKD ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 25-Feb-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 244 |
![]() ![]() |
ummm....како може тоа хотел да биде отворен на 22ри Јули па веднаш да биде затворен за обука на вработените? На крајот на август бев случајно во Охридско, па отидов до хотелот сакајќи да останам неколку дена. За жал сеуште не беше отворен, влезот беше кал/вода и работници работеа наоколу. Местото е супер, и не се кајам што возев до таму без да се јавам, пошто баш и убава вожња беше. Искрено мислам дека ќе биде прекрасно место за одмарање. Бил некој? Отворен е сега? |
|
![]() |
|
jyvation ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4191 |
![]() ![]() |
Поранешниот хотел „Интернационал“ ќе добие нов лик за 80 дена
![]() За осумдесет дена поранешната зграда на „Интернационал“ ќе добие нова фасада. Ова на прес конференција го потврди градоначалникот на Велес Славчо Чадиев. Според него сопственикот на објектот веќе разговарал со службите во општината и го приложил проектот за новиот изглед на зградата. Деновиве се очекува да стартуваат градежните работи. Чадиев исто така информираше дека спорот меѓу општината и сопственикот на објектот е веќе надминат. „Сопственикот ќе почне со реконструкција на првиот дел од објектот, а ние веќе во меѓувреме мислам дека ќе го завршиме Генералниот урбанистички план за централното градско подрачје и ќе дозволиме и терасата да се направи“, рече Чадиев. ![]() Реконструкцијата на поранешниот хотел „Интернационал“ закочи поради градежната дозвола што требаше да ја издаде општината. Спорна беше ресторантската сала која сопственикот сакаше да ја изгради врз постоечката во приземјето. Со изградба на ресторантската сала на терасата, сопственикот Мите Јовановски имал намера да направи една целина и да ја поврзе со хотелските соби. http://duma.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=14996%3A--------80-&catid=14%3Aveles&Itemid=48 |
|
![]() |
|
jyvation ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4191 |
![]() ![]() |
![]() Со хотел Изгрев воведуваме професионализам во хотелиерството Првиот човек на Фибула Ер Травел, Асим Меџедовиќ во интевју за ТВ Лидер, ни ја открива својата успешна приказна, ги оценува владините политики за развој на туризмот, одговара дали македонците патуваат. Меџедовиќ за хотелот Изгрев вели дека ќе се зголеми понудата на Македонија како атрактивна туристичка дестинација. Сопственик сте на ФибулаkЕр Травел. Може ли да ни кажете која е вашата успешна приказна? Фибула како компанија овде во Македонија е формирана 2000 година под името Фибула Ер Травел и работи веќе 15 години. Работи со аранжмани,закуп на чартер летови, продажба на авионски карти и работи на извоз и увоз на туристи, што домашни тоа и странски. Компанијата е со добро искуство и веќе на пазарот е една од водечките, според податоците кои што се официјални, нашата агенција е на врвот и во однос на извозот на туристи и во однос на увозот на туристи. Од самиот старт во 2000 година имавме една чартер дестинација, први почнавме да работиме чартери во цсерија кои траеја повеќе од два месеци, понатаму годините како што следеа ја проширувавме нашата понуда, додадовме дополнителни чартер дестинации, додадовме исто автобуски дестинации , индивидуални пакет аранжмани итн. Како ги оценувате владините политики за развој на туризмот? Во последно време владините политики допринесуваат да туризмот во Македонија се развива со субвенционирањето на странските туристи и на воспоставувањето на летови од Македонија кон европските дестинации. Добиваме позитивни сигнали, а тоа значи дека се олеснува работата на туристичките агенции, во смисла на тоа дека можеме да ги привлечеме странските тур оператори и да склучиме договори со нив и да направиме поголема програма за Македонија како туристичка дестинација. Воведувањето пак на чартер линии и редовни линии кон европските дестинации значат многу за населението во Македонија, претежно за луѓето кои се со помал буџет авионските карти се поевтини, комуникацијата и размената на искуства станува поголема. Во таа насока владините мерки ги поддржуваме и се надеваме дека се повеќе и повеќе ќе опстојуваат. Што дополнително треба да се превземе за да се подобрат состојбите во туризмот. Вие долго време сте во оваа област сигурно ги знаете и проблемите и дел од решенијата? Мислам дека може да се интервенира повеќе во проширување на листата на земји кои што би се субвенционирале. Пред се мислам на земјите од Источна Европа , на земјите од сосетството , од нашиот регион , а веќе некои такви иницијативи има, но не е доволно само тука да се застане, таа листа секогаш е добро да се проширува. Други мерки кои би помогнале за туризмот да заживее се во областа на дојдовниот туризам каде што на странските туристи треба да им се овозможи лесна комуникација, лесно движење, достапност до сите културно историски места, да се направи една убава туристичка понуда. Заштитата би ја издвоил на странските туристи од нелојалната конкуренција , од тур операторите кои што имаат свои програми кои што работат по сите прописи . Во последно време се јавуваа таа нелојална конкуренција во смисла на тоа да човек – агенција се отвараат , тие склучуваат договори со некои транспортни компании и нудат неквалитетна услуга со екстремно ниски цени и така го рушат пазарот, што на крајот на краиштата и нашата држава губи и истото искуство се пренесува и на странските туристи кои се вракаат во своите земји и го кажуваат тоа свое лошо искуство. Кои се генерално коментарите на странските туристи кои престојуваат овде? Секоја година Фубула како туристичка агенција која што го менаџира не само овој дел туку и цел Балкан работи активно на зголемување на туристичката понуда, на збогатување и професионално менаџирање на Балканот како туристичка дестинација се со цел да привлечеме поголем број странски туристи кои би доаѓале во Македонија и нормално би се враќале задоволни и би носеле нови туристи. Исто така нашата мрежа на партнери која што ја имаме низ светот ни овозможува да контактираме, да правиме презентации за Македонија како туристичка дестинација и да го продаваме тој производ. Веќе во последно време имаме очекувања за отварање на уште некоја дестинација, пред се мислам на западно европските земји и можеби на некоја земја од Источна Европа. Тоа сега во овој момент не би го откривал и би го оставил за некој нареден период. Секако дека тука очекуваме поддршка од нашите хотелиери, партнери со кои што соработуваме и ресорните институции во полето на туризмот. Со нивна поддршка мислам дека успехот може да се постигне Дали македонците патуваат? Да, секако, патуваат на различни дестинации. Во последно време дали за економската ситуација во цела Европа која што е присутна повеќе се оди на класични проверени дестинации , како Турција, Грција , Бугарија Можеби во овој период немаме нови туристички дестинации за домашните патници, меѓутоа имаме зголемвање на дестинациите кои што се веќе познати. Тоа се дестинации кои се испробани, докажани и секоја година се повеќе и повеќе се зголемува интересот и се напредува во однос на понудата која ја добиваат нашите туристи. Влеговте во хотел Изгрев. Кажете ни повеќе за инвестицијата? Оваа година нашата компанија го отвори хотелот Изгрев, хотел со 5 звезди, над 200 соби, со огромен аква парк и конгресна хала, спа центар,со сите можни модерни содржини кои што еден гостин треба да ги добие во нашата земја. И со гордост можеме да кажеме дека хотел Изгрев е бисер на Балканот, со гордост можеме да кажеме дека воведуваме професионализам во делот на хотелиерството, ја збогатуваме понудата за Македонија како туристичка дестинација, додаваме нови содржини, таргетираме туристи кои што сме ги немале досега, значи тоа се туристи кои бараат повеќе содржини, бараат “All inclusive“, аква паркови, затворени спа центри, семејни луѓе. Мислам дека хотелот Изгрев со следниот период ќе донесе многу повеќе туристи и ќе влијае на состојбата во туризмот позитивно. Бидејќи инвестицијата е на Фибула и Фибула Анталија, кој што веќе е бренд и кој што има свој хотел во Турција, кој што има искуство во менаџирањето на вакви хотелски комплекси и сигурен сум дека хотел Изгрев ќе почне да функционира во најубаво светло. Кога ги очекувате првите туристи и какви ќе бидат цените? Хотелот беше отворен на 22 јули, во моментов е затворен оти интерно се работат обуки за вработените, се прават завршните подгоовки за претстојната сезона и веќе во претстојниот период ќе биде повторно отворен и ќе почне да работи 365 дена. целото интервју на линкот: http://lider.mk/2015/01/16/so-hotel-izgrev-voveduvame-profesionalizam-vo-hotelierstvoi/ |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
ХОТЕЛ ИЗГРЕВ ЈА ДОБИ ПРВАТА КОМБИНИРАНА ВИРТУЕЛНА ПРОШЕТКА НАПРАВЕНА ВО МАКЕДОНИЈА
Хотелот Изгрев од Струга е првиот објект во Македонија за кој е изработена комплетна виртуелна презентација снимена од земја и воздух, а која ја изработи 2S Studio и истата е публикувана на нивната веб страна http://hotelizgrev.com/virtualtour/ Ваквиот тип на маркетинг во светот е присутен повеќе од 10 години, а Хотел Изгрев прв доби ваква презентација и со тоа покрај со понудата и квалитетот, и во полето на маркетингот направи голем чекор напред пред останатите хотели во Охрид и Македонија. ЗА ДА ЈА ПОГЛЕДНЕТЕ ВИРТУЕЛНАТА ТУРА ЗА ХОТЕЛ ИЗГРЕВ КЛИКНЕТЕ ТУКА http://hotelizgrev.com/virtualtour/ |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
за хотелот кој ни беше енигма кога и кој го изгради Најбогатиот гостиварец Арслани ја градел империјата со лихва ![]() Луксузен хотел од стотици илјади евра со поглед на Мавровското Езеро, дискотеки и ноќни клубови, висококатници и други скапи недвижности, како и десетици спортски автомобили од по 100.000 евра, се само дел од имотот што го контролира можеби најбогатиот гостиварец Фадиљ Арслани (49) кого полицијата го бара како главен осомничен во акцијата „Чекан“. МВР се сомнева дека целата империја Арслани ја градел од криминални активности, односно од лихва и од перење пари, а засега, според полицијата, има сомнежи дека најмалку два милиона евра биле заработени на овој начин. http://dnevnik.mk/?ItemID=A68EF21F5141E447A01B5D8CE0445A14 |
|
![]() |
|
daci92 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 10-Dec-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1937 |
![]() ![]() |
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Насловот е „малку“ сензационалистички, но сепак...
ГЕВГЕЛИЈА СТАНУВА ЛАС ВЕГАС, ЌЕ НИКНЕ УШТЕ ЕДНО НОВО ЛУКСУЗНО КАЗИНО Во близина на граничниот премин „Богородица“ ќе никне уште едно ново луксузно казино. Од Општина Гевгелија информираат дека градежната парцела е веќе продадена и дека наскоро ќе започнат градежните активности. Со отворањето на новото казино се очекува градот со најниска стапка на невработеност да обезбеди голем број нови работни места и со тоа уште повеќе да ја намали невработеноста. Во близина на граничниот премин „Богородица“ веќе работат три големи казина: „Аполонија“, „Фламинго“, и „Принцес“. http://www.utrinski.mk/?ItemID=561DC2F608F8E44BA9FDFB308E8AACBE |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
Teglarot ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 15-Nov-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 569 |
![]() ![]() |
Денес на Водно, утре стркалана на плоштад Макеонија. Не се свесни што ги чека, поготово ако продолжи времево да изненадува со убави повеќедневни дождови
![]() Edited by Teglarot - 27-Nov-2014 at 18:27 |
|
![]() |
|
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
не 10, туку 20 ката нека ја направат, море ако треба и 30
![]() |
|
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|
![]() |
|
jyvation ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4191 |
![]() ![]() |
Ќе се гради десеткатен луксузен хотел на Водно
Со образложение дека нема надлежност да дава оценка за донесените урбанистички планови „Тасино чешмиче“ и „Капиштец – Водно“, Уставниот суд ја отфрли иницијативата на градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, за утврдување на нивната уставност и законитост. Мнозинството судии донесоа одлука дека поднесената иницијатива е неоснована и неоправдана – предметот е отфрлен поради тоа што при нејзиното разгледување требало да се земе во предвид единствено Законот за просторно и урбанистичко планирање, но не и другите закони. ![]() Уставниот суд смета дека оценувањето на ваквата одлука на општинскиот совет не претставува уставна категорија, посочувајќи друга институција што е надлежна за оценување на нивната работа – Инспекторатот за локална самоуправа. Градоначалникот Андреј Жерновски ја поднесе иницијатива за испитување на законитоста и уставноста на општинскиот совет на крајот од август годинава. Претходно, Советот на општина Центар ги донесе проблематичните урбанистички планови на седница, на која 11 советници од ВМРО-ДПМНЕ гласа „за“, идентичен број на советници од СДСМ гласаа „против“, додека претседателот Мирослав Шиповиќ гласаше „воздржано“. Во двата урбанистичките планови „Тасино чешмиче“ и „Капиштец – Водно“ се внесени неколку скандалозни измени, меѓу кои е и изградбата на нова зграда од 10 ката во подножјето на Водно, и покрај препораките на стручната јавност и институции дека планината нема да го издржи планираниот наплив на нови објекти за колективно домување и за други намени. http://www.skopjeinfo.mk/gradot/1198245701/ke-se-gradi-desetkaten-luksuzen-hotel-na-bodno |
|
![]() |
|
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
Едниот од мангупите одпогоре ви го `извезовме` од Кичево откако ваму направи ршум и ограби све што можеше да се ограби,па му останаа пари да продолжи и во Охрид со истиот `бизнис`
![]() |
|
![]() |
|
Тркало ![]() Senior Member ![]() Joined: 31-Dec-2010 Location: Охрид Online Status: Offline Posts: 1179 |
![]() ![]() |
Како и да искоментираме за сопственоста, ќе избегаме од "build" смислата ама ете за појасно (ако е можно во овие испреплетени шеми): Несредени имотни односи за сопственоста.Официјално Жито Леб (како мнозински сопственик на Охридтурист и дистрибутер за Скопска Пивара), со активен судски спор со Свето Јаневски (М-6, Тиквеш), Рија Комерц и Лозар Пелистерка.Јавна тајна овде е дека некој испадна поголем мангуп од сите нив и "златната кокошка" е веќе таксана, во замена за нивна слобода во спорните приватизации и други бизниси.Кој (с)е мангупот/ите, сами ќе си толкувате. Влогот е голем со оглед дека во имотот на Охридтурист се и хотелите Два Бисери во Лагадин, Десарет во Пештани, Орце Николов во Славија и АК Љубаништа, АК Елешец, АК Андон Дуков и кои скоро сите до еден се под наем, како и комплексот Летница (маркетите Тинекс, Рамстор, ресторан, сендвичарата Пинк Пантер, Мекдоналдс, кафе-бар, слаткарница, салонот на Оne и други објекти кои се променливи наемници). ![]() Ова е планот за ‘проширување и доградба‘ на Летница од време на претходниот градоначалник, а каква би била намената никогаш не излезе идеја ![]() star.utrinski.com.mk Со оглед дека претходно и Андон Дуков беше најавен како "елитен комплекс", а е дел од истите објекти, веројатно реализацијата е блиску. Нешто постаро ако имате нерви за читање ![]() http://star.utrinski.com.mk/?pBroj=2153&stID=74676&pR=6 http://star.vest.com.mk/default.asp?id=8480&idg=1&idb=258&rubrika=Makedonija |
|
![]() |
|
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
А во чија сопственост е хотелот „Палас“ во моментов? Убаво што Општина Охрид помислила на ова, но ако проблемите со сопственост се решени сигурно дека на некого веќе би му текнало за оваа „златна кокошка“ во центарот на Охрид. Во секој случај, вреди да се обидат да направат нешто на ова поле.
|
|
![]() |
|
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
Модерен туристички комплекс на местото на хотел „Палас“ во Охрид
Модерен туристички комплекс ќе никне на местото на хотелот "ПАЛАС". Според планот некогашниот бренд на охридската ривиера ќе прерасне во елитен хотел со базени но ќе го задржи надворешниот изглед. Локалната предвидува овој комерцијален објект да ја врати славата што ја имаше пред многу години и да се спречи неговото уништување, бидејќи "Палас" зборува за историјата и напредок на градот во текот на годините. Заинтересираноста од страна на инвеститорите за изградба на ваков комплекс е огромна но со оглед на тоа што Палас е прогласен како заштитен објект, хотелот кој ќе се гради ќе треба да ги задржи условите наведени во самото решение. Од завод и музеј велат дека Палас е ставен под заштита на државата но тоа не значи дека не може да се реновира, Бунташеска –Паскали ја подржува иницијативата Палас да прерасне во современ хотел а не да се прават згради на атрактивен простор. Нина Аритоновска http://sitel.com.mk/moderen-turistichki-kompleks-na-mestoto-na-hotel-palas-vo-ohrid-0 |
|
![]() |
|
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
МАЛА ОПШТИНА СО ГОЛЕМИ ПРИРОДНИ УБАВИНИ
KОНЧЕ ЧЕКА ТУРИСТИ И ВО КУЌИ НА ДРВЈА Неодамна беа завршени трите дрвени колиби изградени во стар стил и првата од десетте планирани куќи на крошни од дрвја, а уредени се и делови од бреговите на Мантово и на помалите езера Со уникатна понуда малата рурална општина Kонче прави напори да се презентира како интересна туристичка дестинација, да привлече гости и туристи на досега малку познатите интересни локалитети во овој крај, како планината и езерата. Во последните два-три месеци беа завршени неколку значајни проекти, како изградбата на три дрвени влашки колиби, изградбата на првата од десетте планирани куќи на дрво и уредувањето на големата вештачка акумулација Мантово и на двете помали езерца Kонче 1 и Kонче 3, покрај чии брегови се поставени клупи, летниковци, дрвени мовчиња, платформи за ловење риба... - Трите влашки колиби беа дел од проектот „Kултурното наследство на Власите во регионите Kонче и Серес“, прекуграничен проект на Македонија и Грција, финансиран од фондовите на ЕУ преку ИПА-програмата. Во секоја од колибите, кои се наоѓаат покрај Мантово кај село Долна Враштица, има кревет, маса, дрвени клупи. С` е градено во стар стил. Денес во нашата општина нема Власи, но некогаш во определени периоди од годината ги имало многу, зашто со стадата овци живееле номадски, одовде до Сереско, а често и до Шара - вели градоначалникот на Kонче, Благој Јованов. Првата куќичка на дрво, пак, е изградена самоиницијативно од група ентузијасти, со поддршка на локалната самоуправа, градоначалникот и на ловечкото друштво „Студенец“ од Kонче. Опремена е со кревет, печка на дрва, маси, столови. Следната година се планира изградба на уште четири куќички на дрво, за што веќе се избрани четири буки со широки крошни, а вкупно во планината се планира изградба на десет такви куќички за туристи и ловџии. За тоа ќе се изготви проект, со кој ќе се конкурира за средства, а локалната самоуправа до куќичките на дрва ќе донесе вода од блиските природни чешми. Овие зафати следуваат откако неодамна беа решени неколку крупни инфраструктурни проблеми, поради кои општината Kонче, во која населението живее од земјоделство, главно тутунопроизводство, и од сточарство, беше како отсечена од светот, со само еден тесен асфалтен пат долг дваесетина километри до магистралата Штип - Струмица, кај Радовиш. Лани беше донесена струја до последните неелектрифицирани села, а пред неколку месеци беа асфалтирани и последните километри од патот кон Штип, со што на жителите на Kонче за многу им се скратува патувањето до сите други краишта на Македонија. - Има уште за работа, но сега е многу полесно и за нас и за гостите и туристите што ќе решат да н` посетат. А, нивниот број е с` поголем, зашто имаме одлични услови за алтернативен, планински, археолошки и за ловно-риболовен туризам. Има голем интерес и за изградба на викендички, а се надеваме дека наскоро овде ќе никнат и првите хотели. Една од двете локации за хотел е веќе земена од домашен, а за втората е заинтересиран инвеститор од Швајцарија – истакнува Јованов. За полесно да се снаоѓаат, за гостите и туристите неодамна покрај патиштата беа поставени патокази за сите поважни туристички локалитети во општината. Љупчо Шатевски http://dnevnik.mk/?ItemID=414EB467F57D4C49B01EF717473D0562 |
|
![]() |
|
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
10.11.2014, 17:22 „ПРИНЦЕС ГРУП“ КУПИ ПАРЦЕЛАТА ЗА ХОТЕЛСКИ КОМПЛЕКС КАЈ ГЕВГЕЛИСКО МИЛЦИ Општина Гевгелија денеска инкасира 23,2 милиони денари, односно 375.000 евра од продажбата на градежната парцела кај Милци, која е наменета за изградба на голем хотелски комплекс. Атрактивната градежна парцела со површина од 16.064 метри квадратни, по пат на електронско јавно наддавање ја купи компанијата „Принцес груп“, која понуди најповолна цена од 1.442 денари за метар квадратен. Почетната цена за квадрат изнесуваше 223 денари. Според урбанистичкиот план, на парцелата ќе се гради објект со приземје и десет ката со бруто развиена површина од околу 72.000 метри квадратни. Купувачот на градежната парцела кај Милци е сопственик на хотелот „Рамада Плаза“ и на казиното „Принцес“, кои се наоѓаат од спротивната страна на автопатната делница кон граничниот премин „Богородица“. http://www.utrinski.mk/?ItemID=F8425535444D334E9B5EBF9AFCA934FD |
|
![]() |
|
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
Охрид: Авто кампот „Андон Дуков“ ќе прерасне во елитна населба
Руинираниот авто камп „Андон Дуков“ во Охрид ќе прерасне во елитна населба. На местото од распаднатите стари камп приколки ќе се градат ексклузивни резиденцијални туристички објекти, објави Канал 5. Како што соопштува телевизијата, првичниот план бил да се изградат објекти за здравствен туризам, но после инспекцијата на општинските и државните власти на сите кампови вдолж брегот на Охридското езеро се донела одлука за изградба на резиденцијална населба. - Дел до земјиштето е приватизрано, сметавме дека ќе биде тешко изводливо во таа зона државата да превзема активности односно градот да превзема акривности во кои можат да се реализираат некои големи зафати од типот на здравствен туризам и хотелско угостителски објекти кои што би биле од локално или државно значење за кои што ние во иднина би нашле инвеститори, изјави градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески. Инаку се планира ексклузивните резиденцијални објекти да се градат на провршина од триесетина хектари, со што атрактивната локација ќе добие современ лик. Засега за изградбата има интерес и е покрената постапката за урбанизирање на тој простор од 30 хектари, во тек е постапката пред Министерството за земјиоделство од каде се чека пренамена на земјиштето од земјоделско во градежно. Авто кампот „Андон Дуков“ е оставен на забот на времето. Поголем дел од камп приколките се уништени, а распаднат е и објекот на некогашниот хотел „Меркур“. http://netpress.com.mk/ohrid-avto-kampot-andon-dukov-kje-prerasne-vo-elitna-naselba/ |
|
![]() |
|
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
поимот `соба за состаноци` кај нас на македонски се преведува како `бордел`
![]() |
|
![]() |
|
jyvation ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4191 |
![]() ![]() |
Уште една Турска инвестиција..?
Edited by jyvation - 06-Oct-2014 at 08:18 |
|
![]() |
|
Тркало ![]() Senior Member ![]() Joined: 31-Dec-2010 Location: Охрид Online Status: Offline Posts: 1179 |
![]() ![]() |
Bushi resort & spa |
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 1314151617 38> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |