build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Енергетика
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Енергетика (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1314151617 27>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #281 Posted: 23-Nov-2011 at 14:27
За истото се шпекулираше и кога се предлагаше истиов овој закон пред неколку години, па тогаш наводно ќе се експропреираше ГАМА, па после излезе спорот со ЕВН па и ЕВН ќе се екпропреираше. Еве сега топлификација. Не верувам јас во овие најави, само плашање и шшекулации се, иако ви сакал да се донесе законот да може да се држи пермаментен меч на ваквите монополи, а и не дека не би сакал да се експропреираат ЕВН, да се среди секторот енергетика и повторно да се истапи на пазар за некоја година, а за Топлификација да си остане државна како што водовод е државен.
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #282 Posted: 23-Nov-2011 at 11:31

Експропријација на „Топлификација“


http://img.plusinfo.mk/large_pics/2011/11/23/central-heating.jpg

Министерството за финансии завчера има поднесено до Собранието измени на Законот за експропријација што треба да бидат донесени по скратена постапка. Според нив, освен експропријација на објекти и постројки за производство на електрична енергија и природен гас, ако е тоа од јавен интерес, истото ќе може да се прави и со постројки и системи за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија.


Оваа измена е насочена директно кон „Топлификација“ како единствена компанија која поседува вакви системи и постројки. Измените треба да бидат усвоени веќе на 5 декември.


Во образложението се вели дека кога носителот на лиценца за снабдување со топлинска енергија не го реализира јавниот интерес, односно не врши производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија, нужно се налага потреба од промена на носителот на лиценцата за да не дојде до нарушување на јавниот интерес во вршењето на оваа дејност.


Предлог законот може да значи целосна експропријација или делумно ограничување со правото на сопственост.


Зе експроприраните објекти „Топлификација“ треба да добие праведен надомест, кој не може да биде понизок од пазарната вредност на недвижноста, но компанијата ќе треба на државата да и ги надомести трошоците кои таа ги имала за вршењето на експропријацијата.


Овие предлог-измени во Законот за експропријација доаѓаат откако минатата недела компанијата беше изложена на големи критики и напади од страна на ТВ „Сител“ и откако акциите на компанијата паднаа 23 отсто во изминатите 5 недели, од кои над 12 отсто токму минатата недела. Со тоа, компанијата денес вреди 5 милиони евра помалку отколку пред 5 недели.


Како одговор на ова, неделава компанијата возвраќа со информативни огласи во печатените медиуми, во кои се обидува да ги побие коментарите изнесени против неа.


Сепак, 450-те илјади акции на „Топлификација“ се уште чинат 16,97 милиони евра според последната просечна цена постигната вчера на Македонската берза од 2.319,09 денари по акција.


Вкупно остварената продажба на компанијата лани изнесуваше 2,07 милијарди денари (33,65 милиони евра).


„Топлификација“ води и спор против Регулаторната комисија за енергетика за начинот на кој се одредувани цените на топлинската енергија во 2006 и 2007 година, за кои таа смета дека се надвор од пропишаната методологија, а кој е во вредност од 10 милиони евра. Ако спорот биде добиен, тогаш отштетата паѓа на товар на државата зашто РКЕ е државен огран.


Овие завшерашни предлог-измени доаѓаат и откако вчера компанијата објави дека овој месец ќе почне со работа топланата ТЕ ТО АД, како и дека е завршена нејзината реорганизација според која нов правен субјект во нејзина целосна сопственост требаше да ја врши регулираната дејност снабдување со топлинска енергија.


Големо прашање со овие предлог-измени е и како државата ќе покаже дека јавниот интерес е нарушен, кога топлинската енергија се произведува и дистрибуира, ако воопшто и има намера да го прави тоа или само ќе ја легализира експропријацијата преку одлука без никакви објаснувања.


„Топлификација“ е во сопственост на илјадници мали акционери, а најголем е словенечката инвестициска компанија „Потеза - борзно посреднишка дружба“, која поседува 18 отсто од акциите.

http://www.time.mk/read/2c775f74b6/7e2c7b23c1/index.html

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #283 Posted: 21-Nov-2011 at 12:15

Со нови инвестиции ќе го докапитализираме ЕЛЕМ

Катерина Попоска
Со%20нови%20инвестиции%20ќе%20го%20докапитализираме%20ЕЛЕМ

ВЛАТКО ЧИНГОСКИ

ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР НА ЕЛЕМ

 

Кон средината на ноември ЕЛЕМ, Владата и ЕБРД потпишаa договор за финансирање на хидроцентралата Бошков мост. ЕБРД ќе учествува во проектот со 65 милиони евра, а ЕЛЕМ со 42 милиони. Но, пред потпишување на договорот ХЕЦ Бошков мост беше проценет на 80 милиони евра. Од каде произлезе оваа разлика во цената на проектот? Какви активности ќе преземете до почетокот на изградбата?

Сите досегашни чекори се изодени, останува да ја започнеме фазата на реализација. Пред потпишувањето на договорот со ЕБРД го потпишавме и договорот со конзорциумот од две швајцарски компании, Штуки и Консалт АГ, кои ќе бидат наши консултанти во реализацијата на проектот. Тие прво ќе треба да ја анализираат целата постоечка документација за да изработат тендерска документaција, врз основа на која ќе се распише и јавен оглас. Очекуваме тендерската документација да биде подготвена во првата половина од 2012 година за да може да се распише огласот и кон крајот на вториот квартал следната година да избереме изведувачи и снабдувачи на опрема, па да почнеме со реализација. Вкупната инвестиција е предвидено да чини од 80 до 107 милиони евра. За да учествуваат во реализацијата на проектот претставниците од ЕБРД во подготвителната фаза испратија свои консултанти со цел да направат анализа дали е исплатлив проектот и дали може да го финансираат. Нивниот консултант смета дека вредноста од 80 милиони евра е реална, но можно е во текот на работата да се појават проблеми. Затоа ЕБРД даде сигурносна сума, која нема да надмине 107 милиони евра. Реалната вредност ќе ја знаеме откако ќе заврши проектот.

Од сите проекти кои ЕЛЕМ планира да ги реализира во следните неколку години веројатно Ветерен парк во Богданци е најблизу до реализација. Шест странски компании се заинтересирани и веќе беа на терен, се чека уште доставувањето на конечните понуди. Кога планирате производството на струја од ветер да стане реалност?

Точно, најблиску до реализација е ветерниот парк затоа што таму веќе се наоѓаме во фаза на избор на изведувачи. Тендерот е поделен во два дела. Првиот дел е избор на компанија која ќе ги направи и монтира ветерниците, а вториот дел, за кој беше посетата на локацијата, е за енергетско поврзување на ветерниците, изработка на пристапни патишта до нив, изградба на трафостаница, а со тоа и приклучок на целиот објект кон постојната мрежа во енергетскиот систем на Македонија. Ова е последната фаза пред подготовката на тендерската понуда и очекувам кон средината на декември да ги добиеме двете понуди: за опрема за ветерници и за нивна инсталација и за пристапни патишта и трафостаница. Кај ветерниците има многу производители, а ние сакавме да ги селектираме само сериозните. Затоа баравме да се јават компании кои во последниве три години произвеле и инсталирале околу 100 ветерници со сила од 2 до 2,5 мегавати. Вториот дел, пак, е помалку критичен, бидејќи има поголем број производители на таква опрема. Четири компании се претквалификувани за втората фаза. Тоа се Сименс од Германија, Вестас од Данска и Гамеса и Ибердрола од Шпанија. До средината на декември тие треба да дадат конечна финансиска понуда. Во истиот период ќе ги добиеме понудите за трафостаница и приклучок така што во декември ќе треба да направиме евалуација. Очекувам на почетокот од идната година да објавиме кои се добитниците на тендерот за да можат да почнат со подготвување на проектот и на пристапните патишта. Очекувам идната есен да ги имаме првите инсталации на турбините. Доколку сè оди според планот, на почетокот од 2013 година ќе треба овој парк од 16 ветерници да биде веќе во функција. Инсталираната моќност ќе ја знаеме откако ќе ги добиеме понудите. Годишно ветропаркот треба да произведува околу 100 гигават-часови струја. Оваа инвестиција е проценета на околу 50 милиони евра, но точниот износ ќе го знаеме откако ќе ги избереме најдобрите понудувачи.

Речиси во сите проекти досега, кои чинат неколку десетици милиони евра, велите дека поголем дел од инвестициите ќе ги покриете со заеми, а дел ќе бидат сопствени пари на ЕЛЕМ. Но, знаејќи ги годишните финансиски резултати на компанијата, од каде ги обезбедувате овие пари? 

Тоа се пари што ги генерираме од работењето, односно од продажбата на електричната енергија која се произведува во ЕЛЕМ. Во рамките на нашата регулирана цена вклучени се сите трошоци и инвестиции кои ги остваруваме. Тековните инвестиции ги пријавуваме кај Регулаторната комисија за енергетика, врз основа на реални податоци. Не се тоа само замислени инвестиции, туку реализирани, и сите тие пари регулаторот ги вклучува како трошок во нашето работење. Врз основа на ова, ние добиваме и VAC–value added capital, кој е околу 8% од вкупните трошоци што ги имаме како компанија. Тоа се пари кои ние ќе ги добиеме со производството и кои повторно треба да ги вратиме во развојот на компанијата, подобрување и зголемување на производството, нови инвестиции, еколошки проекти итн. Целта е компанијата да зајакне не само технички, туку и економски.

Хидроцентралата Света Петка требаше да биде готова до крајот на оваа година, но на отворената владина седница на премиерот му рековте дека, сепак, оваа електрана струја ќе произведува најверојатно од април следната година. На што се должи ова пролонгирање на инвестицијата и дали за ова доцнење можеби изведувачот Рико ќе плаќа пенали?

Морам да кажам дека проектот Света Петка е исклучително тежок, бидејќи, пред сè, локациски се наоѓа на извонредно тежок терен. Наша основна цел е објектот да се заврши со предвидениот квалитет и без никакви човечки и материјални загуби. За жал, во минатото имавме неколку такви случаи. Имајќи предвид дека се работи за сложен проект, разните проблеми кои ни се појавуваат во текот на изградбата влијаат на рокот на завршување на проектот. Активностите таму се одвиваат многу добро, така што можам да кажам дека до крајот на ноември браната се очекува целосно да биде завршена. Очекуваме со завршувањето на браната и машинската зграда да започне монтажата на опремата во машинската зграда и очекувам да го испочитуваме рокот што го ветивме, до 1 мај објектот да биде ставен во пробна работа. Еден од проблемите на кои наидовме е обезбедувањето приклучок на хидроелектраната кон преносната мрежа на МЕПСО. Моравме да подготвиме нов проект за да обезбедиме нов приклучок, да направиме ново димензионирање на опремата во трафостаницата и да изградиме нов далековод во сосема друг правец. Во однос на изведувачот Рико, тие од нас бараа да се зголеми цената на проектот врз основа на зголемените активности, но и на растот на цените на материјалите. Мора да имаме предвид дека тој договор е потпишан во далечната 2005 година, а почнал да се реализира летото 2006 година. За пет години цените драстично се менуваат на пазарот, а најголем дел од опремата доаѓа од странство. Но, и ние како ЕЛЕМ во исто време имавме контрабарања, пред сè, поради доцнењето со изградбата. На оваа проблематика работи посебен тим таканаречен ДАБ-тим (dispute adjudication board), кој е предвиден во самиот договор, треба да ги согледа реално барањата од двете страни и да најде правилно решение врз основа на договорот и на законските прописи. Очекувам во скоро време да го имаме извештајот од овој тим, кој ќе ни каже што имаме право да бараме од нив, а што тие од нас. Но, се трудиме тоа да не влијае врз динамиката на градбата затоа што на крајот на краиштата што поскоро го завршиме проектот, тоа ќе биде подобро и за нив и за нас.

Премиерот Груевски најави дека до 2013 година ќе се докапитализира ЕЛЕМ најмногу до 49%. Што се прави во моментов? Кои се Вашите очекувања во однос на влегувањето на странскиот инвеститор во ЕЛЕМ? 

Прво да расчистиме неколку работи. Докапитализација значи зголемување на капиталната вредност на компанијата, а не продажба. Не размислуваме за продажба, ние размислуваме за зголемување на капиталот на компанијата со дополнително инвестирање - докапитализација. На пример, со изградбата на Бошков мост вредноста на ЕЛЕМ ќе порасне. Тоа е еден вид докапитализација. Ние постојано инвестираме во нови проекти, кои во иднина на подолг период ќе произведуваат струја, ќе донесат нови приходи, а со тоа и вредноста на компанијата ќе се зголеми. Тоа е она што сакаме да го постигнеме. Она што КПМГ го работи во Македонија за ЕЛЕМ е всушност проценка на вредноста на имотот на компанијата. Постојат неколку вредности на одредена компанија, на пример: со колку имот располага, потоа т.н. заменска вредност – колку пари се потребни за да ја замените таа компанија во дејноста во која работи и третата вредност е колку компанијата вреди на пазарот. Но, во делот на докапитализација не станува збор за ниту една од споменатите вредности. Нашиот модел е да најдеме партнер кој е подготвен да инвестира во ЕЛЕМ и на тој начин да стекне акции. Ако, на пример, вредноста на ЕЛЕМ е една милијарда евра, во тој случај за некој да добие 49% од акциите ќе треба да внесе уште една милијарда евра. Тогаш ЕЛЕМ ќе вреди две милијарди евра. Така инвеститорот ќе има 49% од капиталот на компанијата, а државата 51%. Можностите за тоа се различни. За да се реализира нешто такво, прв и основен чекор е да знаеме колкав е капиталот со кој располага ЕЛЕМ. Следниот чекор е да се избере странски консултант кој има искуство во издавање акции и барање стратегиски партнери со задача на тој консултант да изнајде оптимален модел за докапитализација на ЕЛЕМ, односно на кој начин да се дојде до дополнителни вложувања, односно инвестирања во компанијата.

ЕЛЕМ е првата македонска компанија која го имлементира САП системот, локализиран на македонски јазик. За што се работи?

САП системот е еден од највреднуваните системи кој треба да даде целосна слика за состојбата на компанијата во секој момент. Системот прави анализа на сите процеси во компанијата: преку влез на нова стока, искористеност на капацитети, финансиско и комерцијално работење, текот на работењето, состојба на складиштата, документите, човековите ресурси, едноставно сè со што располага компанијата. ЕЛЕМ е голема компанија, има 4.000 вработени, со дисперзирани производствени капацитети во различни градови ширум Македонија и увидот во работењето без ваков софистициран софтвер е многу тежок. Инсистиравме САП да биде целосно локализиран на македонски јазик. Бидејќи доаѓа од странство, тој е локализиран на повеќе јазици - германски, чешки, унгарски, српски итн. Но, досега никогаш не бил целосно локализиран на македонски јазик. Ова е шанса за поголемо и полесно учество на САП на македонскиот пазар.

http://www.kapital.com.mk/mk/dneven_vesnik.aspx/76504/so_novi_investicii_kje_go_dokapitalizirame_elem.aspx?iId=2462
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #284 Posted: 12-Nov-2011 at 10:55
проверено,работи Big%20smile
Back to Top
accipiter82 View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 02-Mar-2011
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote accipiter82 Quote  Post ReplyReply #285 Posted: 12-Nov-2011 at 10:25
Probaj sega bi trebalo da raboti
http://energetskaefikasnost.info
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #286 Posted: 08-Nov-2011 at 16:55
veke 4 dena valjda ne e nkoja sitnica

Низа дефекти во РЕК Битола и тоа откако се потрошија десетици милиони евра за модернизација на термоелектраната. Комбинатот во изминатите неколку дена работерл со една третина од капацитетот, а раководството денеска соопшти дека два блока се во употреба, додека за третиот, кој е во дефект, нема објаснување.

http://daily.mk/cluster3/6158276b1e1a86e934535ea6b4334f63/987527/
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #287 Posted: 07-Nov-2011 at 13:12
линкот не функционира  
Back to Top
accipiter82 View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 02-Mar-2011
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote accipiter82 Quote  Post ReplyReply #288 Posted: 07-Nov-2011 at 12:58
Каде е енергетиката во буџетот за 2012 на Р. Македонија?


Пред неколку дена Владата на Република Македонија донесе нацрт на буџетот за 2012 година. Се водат и допрва ќе се водат расправи каде и зошто се насочени парите во буџетот. Но, она што нас нè интересира е колку пари ќе се потрошат во енергетскиот сектор. Тука не мислам само на капитални инвестиции што Владата ги има најавено, туку и на тоа колку пари ќе бидат потрошени за развој на енергетскиот сектор воопшто.


Секоја поединечна ставка во буџетот се зголеми за одреден процент. Така и средствата наменети за енергетика се зголемени. За капитални инвестиции во енергетската и комуналната област ќе бидат издвоени околу 2.000 милиони денари (страна бр. 8 последен пасус). Овие парични средства ќе бидат издвоени за „….финансирање на изградба на водоводни и канализациони системи во повеќе општини при што е предвидено финансирање од сопствени извори и повлекување на кредитни линии од ЕИБ и КФВ банката“. Од ова може да заклучиме дека фокусот ќе биде поставен на гасификацијата на земјата.

Каде е енергетиката во буџетот за 2012 на Р. Македонија?

Edited by accipiter82 - 12-Nov-2011 at 10:25
http://energetskaefikasnost.info
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #289 Posted: 31-Oct-2011 at 12:49

Битола, Новаци и Могила ќе добијат парно од РЕК Битола


Започнати се активности за изградба на систем за одведување на топлинска енерегија од РЕК Битола и нејзино спроведување до општините Битола, Новаци и Могила, изјави вчера генералниот директор на АД Електрани на Македонија - ЕЛЕМ, Влатко Чингоски на владината седница.

REK-Bitola-500

Според Чингоски, ЕЛЕМ одржале неколку работни состаноци со градоначалниците на Битола, Новаци и Могила за да се забрза овој проект, како и средби со надлежниот производител на опремата во термоелектраната ТЕ „Битола“ кои треба да создадат услови за извлекување на одредени количини топлинска енергија, која преку единствен топловод ќе се дистрибуира до трите пелагониски општини.

- ЕЛЕМ во овој момент го изработува проектот за одземање на топлина од турбината, а паралелно се изработува и проектна задача за проектирање на топловодот кој топлината ќе ја пренесе од ТЕ „Битола“ до општинте Новаци, Битола и Могила, посочи Чингоски.

Трите Палагониски општини во оваа фаза подготвуваат документација поврзана со патеката за поставување на топловодот и треба да изберат траса по која топловодот најбрзо ќе минува, а да притоа има најмали зафаќања на приватен имот, истакна генералниот директор на ЕЛЕМ, Влатко Чингоски.

- ЕЛЕМ во оваа фаза вршат подготовки за формирање на посебно Друштво-ДООЕЛ во сопственост на ЕЛЕМ кое ќе биде задолжено да координира и да ја изврши работата се до ставање во функција на овој топловоден систем, а тоа значи- подготовка во ТЕ „Битола“, изведба на топловодниот систем и изведба на примарните и секундарните топловодни мрежи во Битола за да во 2013 година, најдоцна до 2014 година битолчани да ги добијат првите количини на топлина од РЕК „Битола“, истакна Чингоски.

На синоќешната седница на Владата на Република Македонија со која претседаваше премиерот Никола Груевски беше најавено дека топловодниот систем ќе може да го користат и жителите од населените места кои се занимаваат со земјоделство, односно дел од топлинската енергија ќе може да се употреби за формирање оранжерии, со што ќе се поттикнат нови вработувања и развивање на оваа област во Пелагонија.

http://kurir.mk/republika/opstini/47812-Bitola-Novaci-i-Mogila-ke-dobijat-parno-od-REK-Bitola
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #290 Posted: 21-Oct-2011 at 12:33

Ќе почне да се гради далновод меѓу Македонија и Косово

Македонскиот електропреносен систем оператор МЕПСО и косовскиот КОСТ наскоро ќе се поврзат со 400 киловолтен далновод. Генералниот директор на МЕПСО, Дејан Бошковски, и генералниот извршен менаџер на КОСТ, Фадил Исмајли, вчера потпишаа меморандум за соработа, со што продлабочуват односите меѓу двете електроенергетски компании и се создаваат предуслови за да почнат постапките да се изгради 400 киловолтен далновод меѓу Косово и Македонија.

“Со овој проект ќе се зголеми протокот на енергија и капацитетот за пренос на електричната енергија, а ќе се зголеми и стабилноста и доверливоста на регионалниот електроенергетски систем“, велат од МЕПСО.

http://www.kapital.com.mk/mk/dneven_vesnik.aspx/75088/kje_pochne_da_se_gradi_dalnovod_megju_makedonija_i_kosovo.aspx?iId=2409
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #291 Posted: 17-Oct-2011 at 11:54







Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #292 Posted: 05-Oct-2011 at 13:33
Ставрески: Модернизацијата на РЕК Битола почеток на инвестициски циклус вреден 300 милиони евра

Битола, 5 октомври 2011 (МИА) - Во РЕК „Битола“ денеска промовирано успешното завршување на модернизацијата и автоматизацијата на термоелектраната „Битола 2“, Официјално модернизираниот блок го пушти во употреба вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески кој рече дека енергетскиот сектор претставува столб на економскиот развој на секоја држава, а стабилното и квалитетно снабдување со електрична енерегија е основен фактор за конкурентноста на економијата и најави нови инвестиции во енергетскиот сектор вредни 300 милиони евра.
 
- Успешното завршување на модернизацијата на вториот блок, како и модернизацијата на првиот и третиот блок, се почеток на еден силен инвестициски циклус на ЕЛЕМ кој во наредните четири години ќе има вкупна вредност од 300 милиони евра, истакна министерот Ставрески на денешната пригодна свеченост во РЕК „Битола“.
 
Новите инвестиции во енергетскиот сектор ќе овозможат модернизација на постројките и блоковите во РЕК „Битола“, транспортниот систем за рудниците, како и изградба на нови енергетски капацитети во државата, рече вицепремиерот Ставрески.

-Се работи на сите сегменти од производството на електрична енерегија, изградба на нови капацитети како што се Луково Поле и Бошков Мост, а воедно се работи и на обезбедување постабилно и долгорочно снабдување со електрична енерегија од постоечките капацитети, посочи Ставревски.
 
Модернизацијата и автоматизацијата на турбоагрегатите на ТЕ „Битола“ ја изведува руската компанија „Силовие машини“ и се очекува освен зголемување на доверливоста на работата на термоелектраната да се овозможи и продолжување на експлоатацискиот век за најмалку уште 120.000 работни часови.

- Придобивките од оваа инвестиција ќе овозможат продолжување на работниот век на РЕК „Битола“ за околу 30 години, обезбедување работа за сите работници, но и обезбедување стабилна енергија за македонската економија. Руската Федерација е еден од стратешките партнери на Република Македонија во енергетскиот сектор и во иднина очекуваме уште поголеми инвестиции во овој сектор, истакна министерот Ставрески.
 
АД ЕЛЕМ освен реализацијата на овој мега проект, паралелно и интензивно работи на доизградбата на главниот транспортен систем за јаглен од рудникот Брод-Гнеотино до рудникот Суводол.
 
-Засилената инвестициска агенда ја реализираме со силна поддршка на Владата и посебно министерствата за финансии, економија и животна средина во насока на побрзо и финансиски оптимално реализирање на сите инвестициски зафати, рече меѓу другото директорот на АД ЕЛЕМ Влатко Чингоски.
 
На денешниот промотивен настан во РЕК „Битола“ присуствуваа и рускиот амбасадор Олег Николаевич Шчербак, како и Максим Травников, копретседател на Меѓувладината македонско-руска комисија кој потврди дека денешниот, не е ниту прв ниту последен проект на руските компании во Република Македонија.мт/скс/14:15

http://www.mia.com.mk/default.aspx?vId=87348822&lId=1&pmId=504
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #293 Posted: 24-Sep-2011 at 09:02
Академик Томе Бошески ми беше професор, и јавно се залагаше за изградба на нуклеарна централа во Македонија.По негови пресметки вкупниот воден капаците во РМ,т.е. да се постават хидротурбини на секоја река,ќе задоволуваат 20% од потребната ел.енергија.излез по негово е само нуклеарка.А проф.Златановски кажуваше дека во СФРЈ ако се изградела нуклеарка во Мариово,само од наплата на ќирија од складирање на нуклеарниот пепел кај нас ќе сме ја исплателе нуклеарката за кратко време,а струјата гратис.Проектот што го промовираа е да се постави нуклеарка помеѓу чебрен и галиште и тие две езера да бидат во реверзибилна функција-дење кога ни треба енергија би работеле нуклеарката и двете хидроел.а ноќе нуклеарката ќе и дава струја на подолната електрана да работи во режим на пумпа и да ја враќа водата во горното езеро за да има вода за другиот ден.пронајдена е идеална локација во карпите измеѓу,направен е проект,ама државата влезе во други проблеми.вреди да се размислува за оваа идеја
Back to Top
Goran View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Jul-2009
Online Status: Offline
Posts: 195
  Quote Goran Quote  Post ReplyReply #294 Posted: 24-Sep-2011 at 02:33

Тркалезна маса на тема „Инфраструктура, развој и енергетика“

Македонија ќе се гасифицира откако струјата ќе поскапе. Експертите велат дека во наредните 5 години енергетската слика во Македонија нема да се промени.

Снабдувањето со струја ќе биде стабилно бидејќи главните производствени капацитети се комплетно обновени. За гасот како опција која треба да ја намали потрошувачката на електрична енергија, сеуште нема интерес.

Зацртаната енергетска стратегија во целост ќе се реализира, велат надлежните. Но според академиците нови поголеми термо и хидро електрани во блиска иднина нема да има.

Наредниот период, според Димитров, треба да се искористи за инвестирање во обновливите извори и ефикасните објекти со цел значително да се намали зависноста од струја која за неколку години ќе биде значително поскапа.

На тема инфраструктура, развој и енергетика денеска во МАНУ на тркалезна маса дебатираа и претставници од сите надлежни институции.

Борче Пауновски

http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis/trkalezna-masa-na-tema-%E2%80%9Einfrastruktura-razvoj-i-energetika%E2%80%9C
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #295 Posted: 21-Sep-2011 at 17:45
http://daily.mk/cluster3/78900e8386a9b1ce88abda2f07a81e2e/912365

Обезбеден јаглен за РЕК Битола

Македонскиот електро-енергетски гигант РЕК Битола, за следните две децении обезбеди јаглен од три рудници што е доволно за континуирано и стабилно производство на струја.




Големина на буквите

21.09.2011

Обезбеден е животниот век на македонскиот електро-енергетски гигант РЕК „Битола“ за следните две децении. Во овој период комбинатот ќе црпи јаглен од три рудници. Суводол чија експлоатација е при крај, па ќе
Од таму во следните 20 години очекуваме да ископаме 50 милиони тони јаглен, кои ќе бидат насочени за континуирано и стабилно производство на електрична енергија  во термоелектраните во Битола
Влатко Чинговски, генерален директор на ЕЛЕМ

се вади руда и од Подинските односно подземните слоеви на ова окно така наречени Подински серии и од ридникот Брод - Гнеотино.  

„Успешно ја завршивме монтажата на новата рударска опрема багерот СРС 1050 како и одлагачот, инвестиција вредна 25 милиони евра и како први БТО систем ја вклучивме во отворањето на Подинските јагленови серии во рудникот Суводол. Од таму во следните 20 години очекуваме да ископаме 50 милиони тони јаглен, кои ќе бидат насочени за континуирано и стабилно производство на електрична енергија  во термоелектраните во Битола.“

изјави генералниот директор на ЕЛЕМ, Влатко Чинговски.
Во тек се интензивни испитувања на јагленот во постенцијалните лежишта во Жовојно и соседниот Мариовски басен во функција на долгорочно обезбедување на енергетска суровина за поголема енергетска стабилност на Македонија
Влатко Чинговски, генерален директор на ЕЛЕМ
 
Од Подинските серии во моментот се ископува јаловина за да се дојде до јагленот. Во површинскиот коп Брод-Гнеотино веќе две години течи дотур на јаглен но со камиони, траката за транспорт допрва ќе се монтира.

„Засилено работиме на реализација на договорот со германската фирма Тисен Круп за набавка и монтажа на главниот транспортен систем за континуиран дотур на јаглен од Брод-Гнеотино до рудникот Суводол во должина од 10 километри. Овој мега инвестициски проект очекуваме да заврши за два месеца и да ги пренесе првите количини јаглен до Суводол во континуиран режим.“

изјави Чинговски. Компанијата досега вложувала во површински копови, а сега за првпат се планираат подземни рудници.

„Во тек се интензивни испитувања на јагленот во постенцијалните лежишта во Жовојно и соседниот Мариовски басен во функција на долгорочно обезбедување на енергетска суровина за поголема енергетска стабилност на Македонија.“

додава првиот човек на ЕЛЕМ. Се вложуваат средства и во модернизација и автоматизација на трите блокови од термоелектраната. Минатата година беше модернизиран првиот агрегат, а сега привршува постапката врз вториот. За еден месец и тој ќе биде вклучен во производниот процес. Со целосна реализација на овој проект  кој треба да заврши идната година се очекува дополнително производство на 160 гигават часови електрична енергија.


Back to Top
OCB View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: 54
Online Status: Offline
Posts: 921
  Quote OCB Quote  Post ReplyReply #296 Posted: 09-Sep-2011 at 17:05




Извор: Државен завод за статистика
Публикација: 20 години независна Македонија
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #297 Posted: 06-Sep-2011 at 12:45
За прославата, од страна на ЕВН беа изградени и пуштени под напон две десет киловолтни трафостаници, едната во Музеј на Револуцијата, а другата на Плоштадот за споменикот ‘‘Воинот на коњ‘‘

ShareNew

ЕВН Македонија даде голем придонес во реализацијата на проектите на плоштадот Македонија. Од самиот почеток на градежните активности па до денот на прославата, екипите на ЕВН паралелно ja изведуваа предвидената енергетска инфраструктура. За време на прославата, компанијата ќе ангажира дополнителни екипи кои будно ќе ја следат состојбата и кај напојните трафостаници и кај времените приклучоци.  За прославатаод страна на ЕВН беа изградени и пуштени под напон две десет киловолтни трафостаници, едната во Музеј на Револуцијата, а другата на Плоштадот за споменикот ‘‘Воинот на коњ‘‘.

Направена е дислокација на среднонапонска  подземна мрежа под Порта Македонија и во дистрибутивниот систем се приклучени  Музејот на револуцијата, Фонтаната на Плоштад Македонија, Воинот на коњ, Двете Фонтани во реката Вардар и Портата  Македонија.

Вкупната вредност на сите проекти кои се реализирани е над 200 000 евра.

http://daily.mk/cluster3/146431d1fbe9cc56faa26c4b293879bf/892463
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #298 Posted: 05-Sep-2011 at 11:14

МЕПСО ги намали трошоците за струја за трговците

Катерина Попоска


Ако досега трговците со електрична енергија плаќаа различна цена за иста услуга, сега систем-операторот во земјава, МЕПСО, воведува најниска прифалива цена за закуп на слободен капацитет за прекуграничен капацитет за пренос на електричната енергија. Трговците сега треба да решат дали ќе ја намалат и струјата која им ја продаваат на големите компании

Трговците со струја во земјава од октомври годинава ќе имаат помали трошоци за пренос на електричната енергија преку мрежата на МЕПСО. Ако досега трговците со електрична енергија плаќаа различна цена за иста услуга, сега систем-операторот во земјава, МЕПСО, воведува најниска прифалива цена за закуп на слободен капацитет за прекуграничниот пренос на електричната енергија. Рангирањето на понудите и понатаму ќе се врши од највисоката кон најниската понудена цена за определен слободен капацитет со кој располага МЕПСО.

“Со оваа услуга, како и досега МЕПСО ќе наплаќа само доколку побарувачката за пренос на електрична енергија е поголема од понудениот капацитет што на аукција го понудил МЕПСО. Доколку побарувачката за преносен капацитет е помала од понудената, сите трговци бесплатно добиваат преносен капацитет. Досега, при закупот на слободни капацитети предност имаа трговците кои снабдуваа во земјава, намето тие кои закупуваа капацитети за транзит. Сега сите играчи на пазарот се ставаат во рамноправна положба. Моделот “најниска прифатлива цена” ќе го замени моделот “плати колку што ќе понудиш” и ќе се применува за сите четири далноводи со кои МЕПСО е поврзан со соседните земји”, изјави Дејан Бошковски, генерален директор на МЕПСО.

Бошковски смета дека со ова се отвора простор трговците да ја намалат цената на електричната енергија за големите компании.

“Формирањето на цената на струјата е комплексна работа. Нормално е дека ова имплицира дека би требало да се намали цената за крајните корисници, но сепак тоа се облигациски договори меѓу два посебни субјекти во кои ние не учествуваме. МЕПСО треба да создаде услови за конкурентност за сите трговци да бидат рамноправни на овој пазар, како и тоа корисниците да имаат потранспарентен увид во трошоците”, додава Бошковски.

Трговците со електрична енергија во земјава имаат поделени мислења околу тоа дали ќе ја намалат цената на електричната енергија за големите компании.

“Трошоците за закуп на прекуграничните капацитети се дел од трошоците кои учествуваат во вкупната цена на електричната енергија. Ако се намалат трошоците за закуп на капацитетите секако дека тоа ќе има реперкусии кон крајните потрошувачи, а тоа се големите компании кои сами купуваат струја на слободниот пазар. Пазарот е тој кој определува како ние како трговци ќе се однесуваме. Ако тргнеме од фактот дека со конкурентни цени поголеми се шансите да се склучат поголем број договори, секако дека ќе размислиме да бидеме конкурентни на пазарот”, изјави за “Капитал” директор на компанија за трговија со електрична енергија во земјава.

Дел од трговците пак, не се докрај убедени дека најниската прифатлива цена за закуп на слободните капацитети за пренос на струјата преку МЕПСО апсолутно ќе значи и пониска цена за компаниите.

“Во зимските месеци постои можност да се намалат трошоците за пренос на електричната енергија, а со тоа и да поевтини струјата за крајните потрошувачи, но тоа не мора да биде случај за летните месеци, кога има голем интерес за снабдување на Грција со струја. За годинава не мислам дека овој модел ќе промени многу во трошоците на трговците со електрична енергија, бидејќи нашите договори за 2011 година веќе одамна се направени. За следната година веќе ќе имаме интересна ситуација“, вели за “Капитал“ Горан Чогеља, директор на Руднап.

И трговците со струја, но и од најголемите потрошувачи на струја во земјава речиси се едногласни дека новиот модел е предуслов за либерализација на пазарот на електрична енергија, нешто што веќе е практика во земјите од ЕУ.

http://www.kapital.com.mk/mk/dneven_vesnik.aspx/73110/mepso_gi_namali_troshocite_za_struja_za_trgovcite.aspx?iId=2333
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #299 Posted: 02-Sep-2011 at 11:52

Можеме, а не произведуваме 5.500 гигавати струја годишно!

Катерина Попоска
Можеме,%20а%20не%20произведуваме%205.500%20гигавати%20струја%20годишно!

Македонија користи само 27% од хидропотенцијалот за производство на електрична енергија. Поразителните информации кои академиците и експертите и ги предочија на Владата во енергетската стратегија јасно укажуваат на тоа дека земјава има можност скапиот увоз да го замени со домашно производство. Развоените земји со децении ги користат сонцето, ветерот, депонискиот гас и биомасата за производство на енергија. Македонија се уште е на нивото на препораки


Македонија годишно може, но не произведува околу 5.500 гигават-часови електрична енергија од вода, речиси колку што е вкупното годишно производство на струја од сите енергетски капацитети во земјава. Овие поразителни податоци за неискористувањето на енергетските потенцијали и дефицитарното домашно производство на струја Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) ги посочува во Енергетската стратегија на Македонија за следните 20 години.

“Досега се изградени хидроелектрани со вкупна инсталирана моќност од 580 мегавати и со просечно производство од околу 1.500 гигават-часови, што претставува 27% од расположливиот потенцијал. Планирано е искористување на дополнителни хидроелектрани со производство од околу 2.500 гигават-часови, со што вкупното производство би изнесувало 4.000 гигават-часови, односно 73% од расположливиот технички потенцијал. И покрај одредени административни проблеми и проблеми со нејасната хидрологија на локациите, се очекува изградба на хидроелектрани за производство на 210 гигават-часови годишно до 2020 година, односно од 420 гигавати до 2030 година”, пишуваат академиците и енергетските експерти во Стратегијата, документ кој МАНУ го изработи за Владата за да и предочи што се треба да се направи во енергетиката до 2030 година.

Паметните држави произведуваат струја од биомаса, од сонце, од ветер и од геотермална вода.

А во Македонија погубни се податоците и за неискористените алтернативни извори на енергија, од кои може наместо нето-увозник, да стане извозник на електрична енергија. Една милијарда евра & се потребни на Македонија за да ги реализира проектите за обновливи извори на енергија и четири милијарди за да ги изгради клучните термо и хидроцентрали.

Според експертите, апсурд е што Македонија со дури 280 сончеви денови годишно не го користи сонцето како еколошки и бесплатен извор на енергија. Земјава не го искористува ниту потенцијалот на ветерот, на водата и на отпадот. До 2020 година Македонија има обврска од Европската енергетска заедница 20% од вкупното производство на енергија да биде од обновливи извори. Но, што ќе се случи ако во следните 10 години не се работи според зацртаната динамика? Експертите имаат различни предвидувања, но повеќето се едногласни дека државата слабо се ангажира кога е во прашање реализацијата.

“Уште еден апсурд е што Македонија веќе 20 години само размислува како да ги искористи своите предности, но никако не носи закони и не гради објекти на кои може да се вградат сончеви колектори. Од друга страна пак, земји со многу малку сонце, како Австрија, Германија, Франција се лидери во искористувањето на сонцето. Македонија во овој момент сончевата енергија ја користи исклучително малку, дури и не влегуваме во ниту еден европски билтен. Неопходни ни се закони, поголеми субвенции, стимулации, даночни олеснувања и изградба на нови објекти”, оценува Илија Насов, универзитетски професор.

Дека сонцето речиси не се користи за производство на струја во земјава покажуваат и податоците дека во моментов 13,8% од енергијата во земјава се добива од обновливи извори и тоа од големите хидроцентрали и од биомаса. Малите хидроелектрани учествуваат само со 5%, ветерот со 4%, а само 1% од произведената енергија е од сонцето. Климатските карактеристики - висок интензитет, времетраење и температура на сончевото зрачење овозможуваат поволни услови за искористување на сончевата енергија. Според експертите, континенталната клима со жешки и суви лета ја прави Македонија земја со повисок потенцијал за искористување на сончевата енергија од европските земји. Сончевата енергија во земјава засега се користи за загревање на водата во домаќинствата.

“Македонија располага со солиден сончев потенцијал и има високи повластени тарифи за електричната енергија од сонце. Но, нема сопствено производство на оваа технологија и цената за повластените тарифи е целосно на товар на потрошувачите на електрична енергија, без индиректна корист за стопанството. Затоа не се планира високо продирање на фотонапонските системи и покрај заинтересираноста за нивна изградба поради високите повластени тарифи”, пишуваат академиците во Енергетската стратегија.

Земјите во регионот одамна произведуваат струја и од ветар, а Македонија неколку години го најавува ветерниот парт во Богданци, кој треба да го гради државната компанија Електрани на Македонија.

Изминатите три години ЕЛЕМ вложи еден милион евра за подготовка на проектот “Парк на ветерни електрани“, инвестиција вредна околу 70 милиони евра. По текот на Вардар, ЕЛЕМ планира да изгради најмногу 18 ветерници, секоја со капацитет од 2-3 мегавати. Вкупната производна моќ на ветерниот парк се проценува на 100 гигават-часови годишно.

“Целта е да се искористуваат обновливите извори на енергија при производството на струја, да се намали емисијата на стакленички гасови и увозната зависност. Овде државата сама треба да инвестира, бидејќи странските компании секогаш во проектите ги гледаат и своите придобивки. Првата ветерна електрана веќе е предвидена во инвестициската програма на ЕЛЕМ до 2016 година“, вели директорот на ЕЛЕМ, Влатко Чинговски.

Додека Европа и светот на отпадот гледаат како на ресурс од кој се добиваат топлинска и електрична енергија, Македонија се дави во ѓубре. Експертите велат дека за да се направи електрана од 10 мегавати потребни се околу 20 милиони евра, а ќе произведува околу 70 гигавати струја годишно, што е повеќе од 10% од годишното производство на државните електрани.

Македонија има долгогодишно искуство и во искористувањето на геотермалната енергија, но последните 10 години поминаа во знакот на стагнација на геотермалниот развој. Како резултат на тоа, значително опадна и искористувањето на геотермалната енергија.

“Во вкупното искористување на примарната енергија геотермалната учествува со околу 0,4%, а во потрошувачката на финална енергија со 0,5%. Досега истражениот геотермален потенцијал покажува дека во Македонија нема извори кои овозможуваат производство на електрична енергија. За таа намена, потребна е температура на геотермалната вода од најмалку 120 степени Целзиусови за проектот да биде економски исплатлив. Одредени студии индицираат дека на длабочини од околу 5.000 метри може да се најде пареа со температура повисока од 100 степени, но цената за дупчење на длабоки бунари е поголема од еден милион долари по бунар. Оваа сума не може да се покрие со постоечките цени на произведената електрична енергија”, тврдат експертите кои ја правеа Енергетската стратегија на Македонија до 2030 година.

Кочанскиот геотермален басен е најиздашен на Балканот, со експлоатација на околу еден милион метри кубни годишно со температура од 76 степени Целзиусови. Тоа заштедува 4.000 тони мазут.

“Кочанскиот геотермален потенцијал ќе може да ги развива бањскиот туризам и агроберзата, но да се користи и за топлинска енергија во градот и за добивање електрична енергија”, смета кочанскиот градоначалник, Ратко Димитровски.

НАЈМАЛКУ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА ЗА КЛУЧНИТЕ ЕНЕРГЕТСКИ КАПАЦИТЕТИ

Предвидените инвестиции за ревитализација на постојните и изградба нанови производствени капацитети може да се реализираат со пари од ЕЛЕМ (вкупно 260 милиони евра од буџетот и од кредити), со јавно приватно партнерство (670 милиони евра), од концесионери (480 милиони евра) и од приватни инвеститори за изградба на постројки за отпадна биомаса и за биогас (30 милиони евра).Од буџетот треба да се издвојат околу 20 милиони евра за поддршка на истражувањата на геотермалните потенцијали.

http://www.kapital.com.mk/mk/dneven_vesnik.aspx/73063/mozheme,_a_ne_proizveduvame_5_500_gigavati_struja_godishno!.aspx?iId=2332
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #300 Posted: 29-Aug-2011 at 07:03

Наскоро континуиран дотур на јаглен од Брод-Гнеотино

За два месеца се очекува да почне континуиран дотур на јаглен во РЕК „Битола“ од новиот површински коп Брод-Гнеотино, најави генералниот директор на ЕЛЕМ, Влатко Чинговски. Тој вчера го посети комбинатот по повод Денот на рударите, кој годинава беше јубилеен зашто се навршија 30 години од почетокот на експлоатацијата на руда во РЕК.

- Засилено работиме на реализација на договорот со германската фирма „Тисен Круп“ за набавка и монтажа на главниот транспортен систем за континуиран дотур на јаглен од Брод-Гнеотино до рудникот „Суводол“ во должина од 10 километри. Овој мегаинвестициски проект очекуваме да заврши за два месеца и да ги пренесе првите количини јаглен до „Суводол“ во континуиран режим - изјави Чинговски.

Опремата е вредна 18,6 милиони евра, а до сега рудата од копот се пренесуваше со помош на градежна механизација. Чинговски уште најави дека годинава максимално ќе го зајакнат производниот процес во површинскиот коп Брод-Гнеотино со пуштање во работа на вториот БТО-систем, во кој ќе биде вклучен санираниот багер СРС 2000. Со тоа целосно ќе се заокружи процесот на ископ на јаловина и ќе се создаде непречен пристап кон јагленовите резерви.

Освен овој проект, ЕЛЕМ вложува средства и во модернизација и автоматизација на енергетските блокови на термоелектраната. Лани беше модернизиран првиот агрегат, а сега привршува постапката врз вториот. За еден месец и тој ќе биде вклучен во производниот процес. Со овој проект, термоблоковите дополнително ќе произведуваат 160 гигават-часови електрична енергија. (Ж.З.)

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=EE8DD77223E8E641BD0A37E323BADBBC
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1314151617 27>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.398 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.