Битола
веќе два недели сообраќајно функционира без семафори.Три фреквентни
крстосници во градот не располагаат со светлечка сигнализација.
„
Па причината е дефект најнормален дефект на старата инсталација вие
знаете од кога се поставени овие раскрсници кои се регулирани со
светлосна сигрализација."- вели Зора Симјановска раководител на
Комунално одделение
Тендерски
избраната фирма е од Скопје, па потребно е време за да дојде и да го
отстрани дефектот.Тендерот за избор на нова фирма која ќе ја одржува
светлосната сигнализација е во тек дотогаш на повик скопјаните ќе ни ги
поправаат семафорите, но и на овој тендер битолска фирма нема да ја
земе работата за годишно одржување.
„
Битолските фирми немаат лиценца за софтеврот, софтеврот е на Еурософт
од Скопје и општината ја откупи за градот."- вели Зора Симјановска
раководител на Комунално одделение.
За да се избегнат проблемите од овој вид Општината во размислување.
„
Ние планираме кај Безистенот тука раскрсницата да ја решиме со кружен
тек но тоа зависи од урбанистичко идејно решение."- вели Зора
Симјановска раководител на Комунално одделение.
Трајно
решение базирано врз идеи имало и за други крстосници низ градот, но
сеуште се трагало по најдобриот проект.На улицата Железничка не била
предвидена светлосна сигнализација таму состојбата ќе се решавала со
сообраќајни знаци, кои денес чекаат да ги добијат и да почнат со
поставување , или со правец на движење, еднонасочен или двонасочен.
Граѓаните на
Битола се жалат дека во големиот број дупки ги кршат возилата, а
локалната власт дека тие се последица на зимата и оти наскоро ќе ги
санираат
Дупки зинаа низ битолските улици по зимата, која беше со обилни
врнежи од снег и дожд, поради што беа истурени големи количини сол и
ризла. Возачите реагираат дека освен неколку поглавни сообраќајници,
кои се во солидна состојба, низ другите поради распуканиот асфалт мора
да возат слалом и да ги избегнат ударните дупки.
- На секој
метар има или дупка или крпеница. Зијан имаат амортизерите, споните,
паѓаат зглобови... Можеш и гума да скинеш, а потребно е почесто
балансирање на тркалата. Ако едно возило по европските патишта може да
помине 200 илјади километри, кај нас ќе издржи многу помалку поради
ваквите патишта - реагираат битолчани.
Лошата состојба на
градските улици најмногу по џеб ги удира таксистите што по цел ден со
автомобилите кружат низ сообраќајниците.
- Ех, се гордееме со
градска Битола, а низ улиците дупки зинати и со пречник од метар.
Ортаклак врзавме со механиничарите. Половина од годишната заработувачка
ни завршува кај нив. На градот му е потребна инфраструктура,
преасфалтирани, а не крпени улици - велат таксистите.
Критика за
патната инфраструктура упати и локалната опозиција. Советникот од СДСМ,
Златко Ќурчиевски, иронично му порача на градоначалникот Владимир
Талески следниот пат кога премиерот Никола Груевски ќе ја посети
Битола, да не го шета само низ улицата врз која е ставена ладна
асфалтна база, туку и низ другите за кои рече дека се во очајна и
катастрофална состојба.
- Во општина Битола се' уште постои
турска калдрма. Веќе сте пет години на власт, поминавте еден манадат,
добивте реизбор - обвини Ќурчиевски.
Во сличен стил забелешки
упати и Борис Чоревски, исто така советник од СДСМ. Рече сите советници
да се фатат за рака и да излезат да прошетаат низ улиците да видат во
каква очајна состојба е градот.
- Да се одделат средства за
крпење на дупките, да не прска водата по пешаците кога низ улиците
минуваат автомобили - рече Чоревски.
Градоначалникот Талески
признава дека зимата предизвикала поголеми оштетувања на патиштата, но
досега не можеле да ги санираат поради лошите временски услови. Тоа ќе
се случи со пролетната санација.
- Оваа зима имавме многу снег,
многу вода и факт е дека голем дел од улиците се во ситуација во која
инвестициите овој пат ќе бидат поголеми од претходните години. Ние
одиме на целосно санирање на улиците, а помалиот дел ги санираме онолку
колку што е можно за да издржат колку една сезона, да не трошиме многу
пари- вели Талески.
Според него, штом се создадат услови екипи
на „Нискоградба“ ќе излезат на терен и ветува дека голем дел од улиците
ќе бидат реконструирани. За турската калдрма вината ја префрлува на
претходните градски власти.
- СДСМ во претходните мандати над
турската калдрма стави еден и пол прст асфалт и еве го сега цел асфалт
испукан. Јас за тоа не сум виновен, јас тогаш не бев градоначалник. Ако
сакате ќе ви набројам улици каде што ѕирка турската калдрма, каде што
се стави асфалт, без менување на подземната инфраструктурата,
водоводните цевки, одводна канализација, ниту тампониралениту ја
извадиле калдрмата - врати Талески.
Денес во 16 часот беше миниран дел од ридот кај населбата “Стрелиште“ во Битола, за вкопување на двете цевки со голем пречник за канализација и водовод.
Градежната сезона во Битола денес беше започната, како рече градоначалникот Талески, бучно со минирање, а во таа насока ќе се одвива и целата оваа градежна сезона.
Минирањето го направи специјализирана минерска фирма која сосема безбедно го минира местото, а потоа и го активира експлозивот.
Целата работа беше успешно завршена, а поради карпестите места каде треба да поминува новиот булевар, кај црквата “Св. Недела“, се предвидува дека ќе бидат потребни уште две минирања.
На самото место беше и градоначалникот на Битола, Владимир Талески, кој по безбедно завршената работа рече:
-Денеска дел од ридот на патот кај светонеделските гробишта, беше миниран поради тоа што градежните машини не можат да го копаат каменестиот дел. Овде како се работи проектот за уредување, односно модернизирање на влезот на Битола од страната на Прилеп, со поддршка на Министерството за транспорт и врски, како дел од патот М-5.
Сообраќајот и целокупното движење на пешаците беше запрено со помош на сообраќајната полиција, а возилата и пешаците беа препраќани по ново изградената улица “Кукуш“ кај населбата “Ушици“.
Поради специфичноста на работите на новиот булеварски влез, денес не се кажа до кога ќе траат работите и кога овој дел на Битола ќе биде комплетно завршен.
Минирање на патот кај Св. Недела
ПЕТОК, 19 МАРТ 2010 18:05
Денеска дел од ридот на патот кај светонеделските гробишта, беше миниран поради тоа што градежните машини неможат да го копараат каменестиот дел. Овде како што изјави градоначалникот на Битола Владимир Талески се разботи проектот за уредување односно модернизирање на влезот на Битола од страната на Прилеп, со поддршка на Министерството за транспорт и врски.
Минирањето беше околу 16 часот, а ЈП Нискоградба денеска ги извести учесниците во сообраќајот дека оваа делница еден час ќе биде затворена.
Е сега да кажам јас што мислам. Уште од мало дете сум се мислел зошто има паркинг во најнајцентралниот дел од центарот на градот, а никој не се решил да направи подземен паркинг (ама како мал не знаев што се тоа вреќи пари) Јас како идеја го поддржувам во целост, но убеден сум дека тука политиката има замешано прсти премногу, поради неколку причини.
1) Има подземна гаража на само 100 метри оттука со капацитет за барем 200 возила која не се користи веќе 10 години откако е изградена.
2) и 3) Успеаја да добијат фондови од државата и од ЕУ за булеварски влезови (иако теоретски тоа беше поради тоа што се дел од Е-65), а не можеле за паркингот да извадат некоја илјадарка па запнале да има полно дуќани. Значи некој тука ќе има голем профит од дуќаните.
4) Изгорени се да го тргнат споменикот на борците од 2СВ и на Манаки, и во центарот да си изградат фонтана и да го закачат Филип некаде таму.
Јас си го замислувам ова на сосем поинаков начин.
Таа катната гаража веднаш до пионерскиот дом и во летната бавча на киното Македонија не само што е непотребна, туку таа е веројатно најголемата глупост на светот. До неа ќе води само еден чикмак кој е широк одвај 3 метри и е вечно окупиран со возила на жителите на таа улица кои немаат гаража, а нормално никој од нив нема да сака да плаќа за паркинг во катната гаража.
Од друга страна ако е бесплатен паркингот, никогаш нема да има место само станарите на околните згради се доволни да ја пополнат.
Тоа дека децата ќе немало каде да им играат, или дека ќе се загаделе е смешно, ама тоа е македонскиот народ јебига (назад зад зградата на ЈАТ има само кал, трња и паркирани возила)
За подземниот паркинг под плоштадот Гоце Делчев (да, тоа се смета за плоштад, иако е паркинг), можам да кажам само дека како што се гледа на петтата слика од горните рендери, планирано е да биде на две нивоа, арно ама нивото -1 ќе биде со 20 паркинг места и сè друго ќе биде дуќани. Оправдувањето, како што веќе реков, е дека немало пари, а вака ќе дојделе пари (демек ќе има навала за да си купат дуќани уште пред да се изгради паркингот).
Исто така, денивелацијата на патот воопшто не ми се допаѓа бидејќи почнува уште одма пред хотел Епинал. Може да се направи некои 50-тина метри потаму кон Пелагонка. Навистина корзото во тој дел ќе се сведи на само еден пешачки мост над денивелирана сообраќајница, и наместо да имаме широк простор (пример во форма на некое плато пред хотел Епинал сè до домот на културата и хотел Македонија).
За споменикот нема потреба да коментирам, не е сигурно, ама јас сум убеден дека сакаат да наместат нешто такво таму. Јас викам ако мора да биде патриотско нека биде некој убав јарбол (не како оние на владата), барем ќе се вклопува некаде во центарот.
Исто така, мислам дека подземната гаража под ТЦ Пелагонка 2 би била многу корисна, има 2 влеза/излеза еден спроти друг, поврзана е со лифт и скали со надземниот дел од ТЦ Пелагонка, а е во строгото централно градско подрачје. Капацитетот ќе да е некаде околу 150 места ми се чини (тоа што е дел станбена зграда, дел деловни канцеларии мислам дека не е проблем, ако сака општината ќе најде чаре).
Сè на сè, еве како го замислувам тоа, и мислам дека е многу попрактично вака. Подземна гаража под Пелагонка 2 со 2 влезоизлези, подземна гаража под плоштадот исто така со 2 влезоизлези (еден надземен, еден подземен), а денивелирањето да почнува уште од кај крстосницата кај гроздот од источната страна, а да завршува кај крајот на домот на културата, блиску до Пелагонка 2 на западната страна. Малце набрзинка, вака:
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Не знам дали да коментирам тука, во нишката за битолски сообраќај или да отвориме скрос нова нишка за овој проект. Сепак сега засега еве рендери од видеото од Тера Телевизија.
И плановите:
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Во толку дискусија за Скопје 2014 никој не се потруди да искоментира нешто за гаражите во Битола. Во моментов немам време, ама утре ќе се потрудам да искажам еден поопсежен став зошто треба да се градат некои, а зошто не треба некои делови од ова. Сепак би сакал да слушнам и мислење од другите членови на форумот, сепак ова ако се реализира ќе биде еден од најголемите градежни зафати во Битола во последните 20-30 години, а и богами најважен.
Edited by гитардемон - 11-Feb-2010 at 16:56
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Сепак некој направил многу детална студија за ова. Браво. Sирнете ја, интересно е кој не видел како тоа изгледа.
Во студијава е наведено влезот/излезот да биде улица како што е и сега само реконструирана ама општината сепак се реши за Булевар. Што за мене мислам дека правилно постапи
Проектот кој предвидува две катни гаражи и деловен простор ги вознемири борците и опозициските советници
БИТОЛА - Локалните власти имаат сериозна намера да градат нов
плоштад, со две катни гаражи и деловен простор. Урбанистичкиот план за
овие решенија е веќе готов. Проектот ги вознемири борците и
опозициските советници. Тие прашуваат каде ќе завршат спомениците на
двата Илиндена и на првиот снимател на Балканот, Милтон Манаки, кои
сега се поставени во строгиот центар на Битола. Енигма е дали таму се
планира простор за илинденските споменици и дали можеби споменикот на
Филип Втори ќе се постави пред театарот наместо на малиот плоштад
„Магнолија“.
Битолските борци почнаа да реагираат откако пред
советниците беше презентиран нацрт-план за централното градско подрачје
во Битола со кој се заговара да се урне плоштадот во Битола и да се
изгради сосема нов. Изготвувачот на планот, архитектот Јорго Шундовски,
најави дека физиономијата на центарот на Битола ќе се менува. Под
плоштадот ќе се гради катна гаража, а уште една катна гаража ќе никне
зад хотелот „Македонија“, кај зградата на ЈАТ. Двете гаражи ќе имаат
800 паркингот-места. Подземно, на површина од 2.500 квадратни метри е
предвиден и деловен простор.
„Привремено, до изградба на новиот
плоштад, и двата споменика што се наоѓаат тука ќе се дислоцираат.
Плоштадот ќе има ново решение во целост, нема да се паркираат
автомобили, туку ќе има две нови гаражи, фонтани, но и нови места за
споменици“, најави Шундовски.
Само за изградба на споменикот
посветен на двата Илиндена се потрошени 400.000 евра, потсетуваат
борците. А, стотина илјади евра чини и споменикот на Манаки што го
донираше бизнисменот Трифун Костовски, лоциран непосредно пред влезот
на Центарот за култура. Борците велат дека за уредување на плоштадот во
2004 година ги обезбедиле сите општински дозволи. Но, тогаш никој не им
навестил дека само по неколку години веќе изграденото ќе се преуредува.
„Самата помисла дека ќе се дислоцира споменикот премногу не'
вознемирува. Зошто никој не кажа за тоа? Таму се вложени големи суми,
23 милиони денари. Направено е комплетно партерно уредување со гранит
од Верона, Италија. Споменикот го направи Драган Поповски, а се лееше
во Белград, кај браќата Јеремич. Поставени се скапи системи за
осветлување и за наводнување на зелените површини. Споменикот е вметнат
не само во Деталниот, туку и во Генералниот урбанистички план“,
коментираа од седиштето на Сојузот на борци од Битола. Тие отворено
прашуваат дали споменикот на двата Илиндена ќе заврши во општинскиот
двор, на местото каде што повеќе од една година стои коњаникот Филип
Втори, чекајќи да биде поставен на малиот плоштад „Магнолија“.
Архитектот
Шундовски убедува дека проектот за целосна реконструкција на плоштад на
Битола не е нов, туку постои од 1990 година, кога поранешното битолско
раководство го нарачало планот. Но, не како катни гаражи, туку како
изградба на двонаменски засолништа. Сега, вели Шундовски, само го
пренамениле проектот.
Новите планови на локалната власт ги
разбранува и советниците. „Ако планирате да ги тргнете спомениците
оттаму, тогаш е многу коректно за ова да ги информирате борците,
бидејќи тоа е нивна инвестиција. Ова што сега го најавувате личи на
почеток на реализирање на изборните ветувања на ВМРО-ДПМНЕ. Колку време
ќе трае изградбата на плоштадот и колку ќе чини новиот лик на
централниот плоштад“, праша Наташа Струмениковска, советничка на СДСМ.
Но, за жал, ниту советничката ниту, пак, јавноста добија одговор на
поставените прашања.
Опозицијата смета дека Битола е
препознаталива по својата стара архитектура и дека тој лик не треба да
се менува, а дека на секаде во светот плоштадите се реставрираа. „Со
овие планови тотално ќе се менува лицето на Битола, препознатливо како
стар град. Со новите паркинзи ќе се наруши мирот на граѓаните од
центарот. А, сега доаѓам до сознание дека споменикот на Филип Втори ќе
се пренесе пред театарот наместо да се постави на Магнолија“, рече
Борис Чоревски, советник на СДСМ.
Советниците уште обвинија дека
наместо нов плоштад, во срцето на градот власта планира трговски центар
со паркинзи, чија вредност на деловниот простор би имала астрономски
цени. „Бидете отворени. Кажете дека на плоштадот планирате да градите
трговско-деловни објекти со паркинг чии цени од кавадратен метар би
биле енормно високи. Со тоа ќе ја уништите целата чаршија и ќе ги
затворите сите дуќани на Широк сокак“, обвини социјалдемократот Златко
Ќурчиевски.
Навистина за пофалба - не само исклучително студиозниот пристап, туку и фактот што овој документ е достапен, макар само преку сајтот на професорката Бомбол. Нека се замислат оние од општината, зошто служи нивната веб страна...
Инаку имам слушано едно излагање на професоркава и морам да признаам дека ме воодушеви. Ите како отскокнува од сивилото на просечните македонски било експерти, било академски работници, вотевер.
Еве да ја постираме оваа мапа од елаборатот, може да ни се најде понатака во дискусијата:
Хотелот е баш тој, а подземниот паркинг се планира на местото каде што има многу паркирани коли (тоа е веднаш спроти хотелот) ако ги видиш координатите во google earth.
Ова се планира подолго време, имавме еден пријател од Хрватска кој е официјален претставник за Балканот на една јапонска фирма која гради катни гаражи со лифт и колите се редат како во библиотека подземја, кој дојде да разговара пред 3 години со локалната самоуправа, но не дојдоа до договор. Баш ќе побарам нешто повеќе за тие подземни гаражи, кои што надземно зафаќаат место колку за една кола.
Edited by гитардемон - 28-Dec-2009 at 01:24
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Не гледам баш некој простор зад него за надземна катна гаража како што најавува Талески... А за онаа подземната има ли абер каде би било тоа „во централното градско подрачје“ или допрва ќе смислуваат?
Сето тоа што е покриено со натписот Манаки е всушност хотел Македонија. Не знам најточно, но мислам дека е заробен во некои денационализациони постапки, и абер нема од решавање. Бил денационализиран но не сака едниот да му го продаде својот дел на другиот, а заедно да работат не доаѓа во предвид, и такви глупости.
А што се однесува на влезот од кај Прилеп, се надевам ќе можам да сликнам бидејќи времето многу ме зафркава. Таму се гради уште една бензинска на Лукоил (треба да се регистрира), се премести бензинската на Макпетрол и се гради бензинска од новиот тип, а рушен е и пола рид и изгледа интересно, барем за битолски услови.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
По асфалтирањето на кружниот тек, сега се дислоцираат објектите наспроти црквата “Св. Недела“ заради пробивањето на булеварскиот влез кај Дулието.
Иако е крај на градежната сезона градежните работи кај Дулието, не намалуваат туку продолжуваат со несмален интензитет. По асфалтирањето на кружниот тек, поставувањето на осветлувањето, одбележувањето на хоризонталната и вертикалната сигнализација, работите продолжуваат на влезот во Битола од страната на Прилеп.
Сега се работи на дислокацијата на неколките објекти, а на нивно место да се пробие булеварот од кружниот тек до Горно Оризари.
Се дислоцира бензинската пумпа на “Макпетрол“ и таа ќе оди дваесетина метри во ридот. Иако оваа реконтрукција на бензинската пумпа беше планирана да се случи наредната година, сепак раководството на “Макпетрол“ донесе одлука поради завршувањето на градежните работи во Битола, предвидените пари да ги пренамени од источна Македонија за оваа пумпа.
Исто така и сервисот на поранешен “Авторемонт“ ќе се реконструира, а паркингот кој е пред сервисот сега ќе се префрли зад сервисот во ридот, а целиот овој простор ќе добие нов модерен урбан лик.
Неколкуте ресторани кои се на оваа локација на истата страна ќе се рушат, а нема да можат да се дислоцираат во ридот, туку ќе мора сопствениците да бараат друга локација.
До населбата “Стрелиште“ ќе се “сечи“ ридот за да се направи простор за новиот булеварски влез.
Напоредно со овои рушења и дислокации се работи на поместување на водоводната цевка која е дел од регионалниот водовод Битола-Могила-Новаци, а наместо старата која поминува под патот, ќе се дислоцира десетина метри покрај патот согласно проектот за овој дел од Битола.
Не е прецизирано кој е крајниот рок за завршување на овој проект, а како одат работите за брзо време битолчани ќе имаат убав влез во градот, како што и наликува на Битола.
Инаку околу финансирањето на овој проект, кружниот тек е финансиран од страна на локалната самоуправа, а булеварскиот тек се гради со средвста на Фондот за патишта, и е дел од регионалниот пат М-5.
Со завршувањето на овој проект ќе се реши едеб горлив проблем, а од клучката кај село Кукуречани па се до село Кравари возилата ќе се движат по комплетно нови коловози, без разлика дали поминуваа низ Битола или по новоотворената улица “Железничка“.
Предизборните ветувања на градоначалникот Владимир Талески во центарот на Битола да изгради подземни катни гаражи со намера да се реши хаосот со парирањето на автомобили во градското јадро никако да се реализира. Талеси вели дека ова негово ветување ќе започне да се реализира пред Нова година иако не остнаа многу денови до 1 јануари.
„За да се реализира една работа од идеја до стварност има долга постапка. Јас сум убеден дека до Нова година ќе завршиме . Таму има дополнување и измена на деталниот урбанистички план значи во централното градски подрачје, каде предвидуваме катна гаража на два ката под земја , и некаде зад хотел Македонија уште една надземна катна гаража . Овие се двата модули кој треба да се подготват и спремат и законски да ја спроведиме процедурата потребна за тоа да биде реализирано.“
Заа своите предизборни ветувања Талески допрва ќе бара инвеститори. За политичките ветувања нема да се трошат пари од општинската каса.
„Убеден сум дека за двата проекти ке има финансиери , затоа што во вториот дел кога го разгледуваваме проектот за катните гаражи дополнивме со деловни објекти, значи во двата ката под земја на Гоце Делчев ќе има деловни објекти за што веќе се интересираат инвеститори , бидејќи целиот износ нема општината да го плаќа , туку ќе го плаќа инвеститорот , кој за возврат ѓи добива тие деловни простории кој би биле сместени во катните гаражи.“
И поранешните власти во Битола ветуваа подзени гаражи но за жал битолчани се уште секојденвно се соочуваат со хаосот во паркирањето. Од ситуацијата единствено профитира пајак службата на ЈП Комуналец.
You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum