Author |
Topic Search Topic Options
|
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#301 Posted: 21-Apr-2009 at 00:58 |
Чистка на привремените објекти за да се прошири булевар „Србија“

Во наредниве три месеци од булеварот „Србија“ ќе бидат отстранети
четириесетина привремени објекти. Општина Аеродром минатата недела
стартуваше со првата фаза од акцијата за отстранување на привремените
објекти, при што е предвидено да се урнат 29.
Градоначалникот
Ивица Коневски информира дека рушењето се реализира со цел да се
овозможат услови за изградба и проширување на булеварот „Србија“.
„Отстранувањето
на привремените објекти е со цел да се реализира Деталниот урбанистички
план, да се изгради и да се прошири булеварот ’Србија‘, да се изградат
пристапни улици во реонскиот центар ‘Аеродром‘ и да се овозможат услови
за изградба на повеќе станбени објекти“, изјави градоначалникот
Коневски. За изградба на станбените објекти предвидени со ДУП за овој
потег, според Коневски, заинтересирани биле повеќе инвеститори.
http://utrinski.com.mk/?ItemID=0436CDB533D2F9448F0EEC9D4384C0BA |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#302 Posted: 07-Apr-2009 at 04:25 |
Почна изградбата на атмосферска канализација на дел од булевар „Србија“
Градот Скопје започна со изградба на атмосферска канализација на
булеварот „Србија“, на потегот од цементарницата „Усје“ до Кисела Вода.
Изградбата на колекторскиот систем за собирање на атмосферските води ќе
го реши проблемот со поплавувањето на новата сообраќајница. Во текот на
следниот месец ќе се постават армирани бетонски цевки за атмосферска
канализација во должина од 560 метри. По завршувањето на
канализацијата, се отвора можност за доизградба на преостанатите две
ленти од булеварот „Србија“.
Овој потег, со должина од еден
километар, Градот Скопје го изгради минатата година заради поврзување
на општините Кисела Вода и Аеродром. Граѓаните со години ја користеа
неасфалтираната улица покрај цементарницата „Усје“ за да избегнат
кружење по околните сообраќајници.
„Изградбата на атмосферската
канализација е во функција на олеснување на сообраќајот и
комуникацијата меѓу двете населби. Граѓаните при секој дожд се
соочуваат со поплава на улицата што не може да се помине со автомобил.
Проблемот со овие води ќе биде решен во најскоро време, по што може да
продолжи проширувањето на улицата, како и реализацијата на остатокот од
булеварот ’Србија’“, истакна вчера градоначалникот Трифун Костовски,
кој информира дека Градот Скопје за изградбата на атмосферската
канализација од буџетот ќе издвои 7,2 милиона денари.
http://utrinski.com.mk/?ItemID=ED2385B3D575DF47AF802F8EFA087FFE |
|
 |
Supervisor
Senior Member
Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
|
Quote Reply
#303 Posted: 27-Mar-2009 at 13:53 |
Браво конечно да се прошири Србија! Во последно време гледаме многу проекти, дај боже да чујам иза Јужен Булевар еден ден,
|
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#304 Posted: 27-Mar-2009 at 02:13 |
Па кажи делница, ја клучка барам низ ГУП-от, ме збуни! 
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#305 Posted: 27-Mar-2009 at 01:58 |
Originally posted by lslcrew
За која спојка кај усје збориш?!
|
Делот од влезот на цементарница до другиот дел од бул. Србија што оди накај Аеродром. Сега треба да се помине преку Првомајска.
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#306 Posted: 27-Mar-2009 at 01:51 |
За која спојка кај усје збориш?!
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#307 Posted: 27-Mar-2009 at 01:49 |
 Добро, реално земено на тој сегмент навистина не верувам дека ќе му треба проширување уште долго време. Но од другата страна на Првомајска е сосема друга приказна и ваљда тој проект нема да се влечка како и до сега. Исто така и спојката што фали кај Усје е ургентна!
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#308 Posted: 27-Mar-2009 at 01:45 |
Поплавена улицата покрај „Усје“

Од Градот ветуваат дека проблемот ќе биде решен до пролет
Делот од булеварот „Србија“ кој води кон кулите „Расадник“ во Кисела
Вода, деновиве е постојано поплавен. Новата улица, покрај
цементраницата „Усје“, која беше изградена минатата година, нема
атмосферска канализација, па во деновите кога врне дожд е целосно
нефункционална. Се случува да има толку многу вода која нема каде да
истече, што возилата воопшто не можат да поминат, се жалат жителите на
населбата.
„Се создаваат мешаници, особено наутро, кога мора
да се враќаме назад и да ги користиме обиколните улици, со што
практично не се постигнува целта на изградбата на оваа улица. Инаку,
кога е проодна, на голем дел од жителите на населбава им заштедува
многу време“, вели жител на Кисела Вода.
Проблемот со
канализацијата ќе биде решен до пролет, ветуваат во Градот. Досега не
била направена, бидејќи немало проект, а во план било проширување на
улицата со уште две ленти. Сепак, атмосферската канализација ќе се
гради пред проширувањето. Во Градот велат дека коловозот нема повторно
да се копа, бидејќи цевките ќе се постават покрај улицата. Доколку
некогаш се реализира планираното проширување со уште две ленти,
сливниците од атмосферската канализација ќе бидат централно поставени,
што нема, според градските власти, воопшто да пречи во одвивањето на
сообраќајот.
„Во буџетот за годинава има предвидени средства за
изградба на атмосферска канализација. Во моментов во тек е тендер за
избор на изведувач. Планираме целиот проект да биде готов до мај“, вели
Мичо Поповски од Секторот за урбанизам.
Тој објаснува дека
засега не се планира и проширување на улицата со уште две ленти. Според
него, улицата со сегашниот капацитет ги задоволува потребите.
Проширувањето би било дополнително компликувано и поради тоа што
поголемиот дел од земјата е приватна и би се јавиле многу имотноправно
спорови.
http://utrinski.com.mk/?ItemID=248EEF8A997F5C48ACADA4DA733BDE7A |
Со последнава реченица баш ми дадоа цврст аргумент зашто не се реализира проектот. Ова ми звучи онака апатично "Кој сега да се занимава со проблеми...дај батали ајде!" А булверов како амбициозно тргнаа да го прават, па архиепископот, трифун, џорџе.....
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#309 Posted: 25-Feb-2009 at 00:02 |
Градот распишува тендер за проширување на булевар „Србија“

На потегот од раскрсниците со „Првомајска“ и „Јане Сандански“ ќе бидат додадени уште две коловозни ленти
Градот Скопје деновиве ќе распише тендер за избор на изведувач на
проектот за проширување на булеварот „Србија“. На потегот од
раскрсниците со улицата „Првомајска“ и со булеварот „Јане Сандански“ ќе
бидат додадени уште две коловозни ленти, во должина од околу 2,2
километра. Улицата ќе има иста ширина како на потегот од раскрсницата
со „Јане Сандански“ во правец кон мостот „Близнак“.
Проектот
за проширувањето на булеварот „Србија“ е изработен во 2005 година, а ќе
се реализира најмалку една година. Изградбата, според процените во
Градот, ќе чини околу 130 милиони денари, од кои дел се предвидени во
буџетот за годинава.
Проширувањето на булеварот ќе се изврши од
источната страна со додавање уште две коловозни ленти и тротоари од
двете страни. Атмосферската канализација е веќе изградена, а улицата ќе
добие и ново осветление. Заради проширувањето на булеварот, во текот на
изградбата ќе биде направена и реконструкција и проширување на двете
раскрсници со улиците „Првомајска“ и „Трета македонска бригада“. Во
Градот информираат дека со новиот булевар ќе се поврзе и
сообраќајницата што беше изградена минатата година, покрај
цементарницата „Усје“, во правец кон населбата Припор.
„На
трасата нема никакви имотноправни проблеми поради што не очекуваме
застој во реализацијата на проектот. Не е проблематичен ниту
железничкиот мост под кој поминува улицата, а ќе бидат направени и
соодветни сообраќајни решенија за сите раскрсници“, велат во Градот.
http://utrinski.com.mk/?ItemID=6B16952FB7B99B4FA0798BB998083853 |
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#310 Posted: 08-Nov-2008 at 15:42 |
А зошто само 3 фази
Се реконструира булевар Србија
Заврши
првата фаза од реконструкцијата на булеварот Србија во општина Кисела
Вода, со пуштањето во функција на едната коловозна лента. Со ова се
олесни сообраќајот на улицата Народни Херои, се намали протекот на
возила низ населбите 11 Октомври, Цветан Димов и Кисела Вода и се
отвори директен пат кон Припор. Паралелно со работењето на булеварот,
се работеше и на уредување на зеленилото и на поставување нови
тротоари. Втората фаза од проектот ќе опфати изградба на уште една
паралелна лента на булеварот, со веќе постојната, а со третата фаза ќе
се изврши спојување на продолжението на булеварот со подвозникот, кој
претставува еден вид гранична линија помеѓу општините Кисела Вода и
Аеродром. Општинарите велат дека проект се реализира по тригодишна
подготовка и после голем број барања на граѓаните во овој дел на
општината за да се почне неговата реализација. Со неговата финализација
ќе се обезбеди двонасочен, линиски превоз по речиси сите најфреквентни
општински улици, што ќе придонесе за намалување на сообраќајниот метеж.
Проектот во првите две фази е финансиран и изведуван од страна на Град
Скопје во координација со Општина Кисела Вода, а во третата фаза на
изведување на градежните работи предвидено е да се вклучи и Општина
Аеродром.
|
http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1546&ArticleID=101878
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#311 Posted: 19-Oct-2008 at 17:09 |
Јас овдека гледам се и сешто само не булевар  Страшно е со што се почнаа да не лажат. Ние сме во очекување на Јужен булевар, Крушевска република а епитет булевар добиваат новопроектирани сокаци спрема кои и Водњанска изгледа како писта.
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#312 Posted: 19-Oct-2008 at 16:28 |
41°58'18.04"N 21°27'30.61"E
Исправка - бев убеден дека е крш, ама не изгледа така (барем на google earth).
Во секој случај знае ли некој што е тоа и чиво е?
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#313 Posted: 19-Oct-2008 at 16:23 |
Координати?! Неможам да воочам за што збориш?!
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#314 Posted: 19-Oct-2008 at 16:19 |
Знае ли некој чив е тој кршот пред цементарница, што лежи на трасата?
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#315 Posted: 19-Oct-2008 at 15:41 |
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#316 Posted: 18-Sep-2008 at 14:01 |
Заврши првата фаза од доизградбата на булевар Србија
Заврши првата фаза од изградбата на продолжетокот на булевар Србија во
Општина Кисела Вода. Изградени се 350 метри, на потегот од цементарница
Усје до улицата Сава Ковачевиќ. За изградбата на овој дел од булеварот
Градот потроши 7,3 милини денари, а градежните работи ги изведе фирмата
"Гранит". Според најавите на градските и локалните власти на Кисела
Вода, втората фаза од доизградбата на булеварот ќе започне во октомври.
Проширувањето на булеварот Србија има за цел да ги поврзе двете
најголеми сообраќајници во Кисела Вода, Првомајска и Сава Ковачевиќ. |
http://www.vest.com.mk/default.asp?id=157112&idg=8&idb=2477&rubrika=Skopje
Edited by pbanks - 18-Sep-2008 at 14:08
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#317 Posted: 04-Sep-2008 at 22:53 |
 Копија од општинскиот весник на кисела вода. Погледнето го новото издание има некои слики што се гради низ општината и нормално ја има и глупоста три круши, а тука е патриотскиот дел. http://www.kiselavoda.gov.mk/files/217/KV_Broj_29.pdf
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#318 Posted: 01-Sep-2008 at 20:08 |
Па насловот вика "Булевар Србија", а подоле во текстот двапати се негира дека се работи за булевар, него се работи за обична уличка!
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#319 Posted: 01-Sep-2008 at 20:06 |
Originally posted by lslcrew
Коловозот е широк седум метри (две ленти со ширина од по 3,5
метри) |
Не е булевар! Втор пат!
|
Не те разбирам
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#320 Posted: 01-Sep-2008 at 19:59 |
Изграден е десниот коловоз |
 Двата се десни!!!! Лев само у англија!!!
кој во иднина
ќе прерасне во булеварско решение |
Значи не се работи за булевар, него за обична улица!
Коловозот е широк седум метри (две ленти со ширина од по 3,5
метри) |
Не е булевар! Втор пат!
Освен тоа,
ќе се овозможи и заживување на индустриската зона покрај булеварот. |
Е ова да!!! Има многу фирми и мали фабричиња тука, а воопшто немаат асален пристап!
|
 |