Конечно!! Не знам дали фасадата е обмислена уште од 1991, но ако не е, се надевам ќе испадне нешто како Соравија.
Финишира тендерот за доизградба на зградата на Југобанка

Владата откако ќе ги утврди придобивките од зградата, ќе одлучи дали ќе ја продава или ќе биде нејзин сопственик
При крај е подготовката на тендерот за доизградба на зградата на
поранешна Југобанка, лоцирана во центарот на Скопје, спроти „Лотарија
на Македонија“ и деновиве се очекува да биде објавен. Иако имаше
иницијативи за доизградба на објектот, состојбата со години е
непроменета. Од Министерството за финансии, кое е сопственик на
објектот, велат дека прво треба да се изработи студија и да се избере
консултант кој ќе изврши анализа на оправданоста од склучување
приватно-јавен договор за доизградба на објектот. „Ако има правна
оправданост, ќе се продолжи со постапката за избор на приватен
изведувач“, рече Мартин Мартиновски, портпарол во Министерството за
финансии.
Владата откако ќе ги утврди придобивките, ќе одлучи
како ќе стопанисува со објектот, дали ќе го продава или ќе биде негов
сопственик. Најверојатно дел од зградата ќе се отстапи на фирмата која
ќе ја доизгради, а дел ќе остане под државна капа.
Висококатницата
почна да ја гради во 1991 година некогашната Југобанка. Денеска нејзин
сопственик е државата. Од Владата имаат намера да ја доизградат и да ја
стават во функција, со што би се ставило крај на трагичните настани кои
се случија во неа, а и дел од зградата ќе може да се искористи за
работен простор на неколку владини институции кои сега се сместени под
кирија. И во 2001 година беше најавена доизградба на овој објект, за
што државата издвои пет милиони евра, но поради воениот конфликт парите
беа пренаменети за други цели. (В.Д.)
|