build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Енергетика
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Енергетика (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1516171819 27>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
StreetStruck View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-Nov-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 415
  Quote StreetStruck Quote  Post ReplyReply #321 Posted: 23-May-2011 at 10:31
Ова е добра вест. Фала Богу да се зафатат да направат нешто што е призлезено од студија од пред неколку месеци, мислам со некои Норвежани ја правеа. Битен момент бидејќи ова е на некој начин бесплатна енергија која и онака иде буквално во воздух.
"Поробените треба да тежнеат кон слободата, а слободните кон совршенство"- Јане Сандански
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #322 Posted: 23-May-2011 at 04:04
Битола ќе добие централно греење за 55.000 потрошувачи


За реализација на овој проект ќе бидат потребни од 35 до 40 милиони евра, а со неа ќе се обезбеди топлинска енергија за греење на потрошувачите во Битола, Новаци и Могила


Долгоочекуваниот проект за изградба на топлификациски систем за централно греење во градот Битола и во соседните општини Новаци и Могила, конечно, треба да се реализира во следните четири години. На овој начин би се обезбедила топлинска енергија за греење на околу 55.000 потрошувачи во општината Битола и тоа во колективните и станбените згради, индивидуални куќи, училишта, болници, административни згради и индустриски капацитети. За определени сегменти од проектот ќе се разгледа и моделот на јавно-приватно партнерство.
За реализација на овој проект ќе бидат потребни од 35 до 40 милиони евра, а средствата ќе ги обезбедат ЕЛЕМ, општините Битола, Новаци и Могила, но доколку има можност ќе се користат и европски фондови наменети за зголемување на енергетската ефикасност.

Се работи за интересен енергетски проект со кој преку користење на отпадната неискористена топлинска енергија од РЕК Битола и со реконструкција на топлинските системи ќе се реализира изградба на магистрален топлински вод во должина од околу 12,5 километри од РЕК Битола до градот Битола.

Според Владимир Талески, градоначалник на оштина Битола, се работи за голем проект за кој општината веќе подолго време се подготвува да го реализира бидејќи ќе донесе голем бенефит за граѓаните.
-Топлинската енергија ќе се создава со работењето на РЕК Битола, а стручњаците тоа ќе го реализираат на соодветен начин. Затоа проектот може да се реализира само со помош на ЕЛЕМ и Владата - смета Талески.

Тој појаснува дека во многу земји од соседството Србија и Грција веќе се користи пареата, што ја испуштаат термоцентралите, како топлинска. Според него, стручниот тим од општината го подготвуваат планот за овој проект, но се уште не знае за колкава финансиска конструкција се работи.

Талески потсети дека како дел од гасификацијата на Македонија и Битола како град треба да стане дел од оваа гасификациска мрежа.
Истовремено, со овој проект ќе стартува и модернизацијата на постојната примарна и секундарна топлинска мрежа, за да се овозможи дел од енергијата која се произведува во РЕК Битола да се користи за греење на домаќинствата и индустриските капацитети.

Дел од оваа топлинска енергија може да се користи и за греење на земјоделски површини и оранжериско производство во еден од најземјоделските краеви во земјава -Пелагонија.
Проектот зазема едно од централните места во Манифестот за реформи и развој за периодот од 2011 до 2015 година што го подготви ВМРО-ДПМНЕ и е наменет за развој на енергетскиот сектор во земјава.

Локалната власт смета дека со овој пороект дополнително би се отворила можност не само за нови инвестиции, туку и за вработувања, посебно во општините Могила и Новаци. http://vecer.com.mk/?ItemID=9EC216C9C288084F80E13140F7D5E760
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #323 Posted: 13-Apr-2011 at 11:57
Македонија и Албанија ќе градат дановод Битола - Елбасан

Скопје, 13 април 2011 (МИА) - А.Д. МЕПСО и Албанскиот електропреносен систем оператор ОСТ денеска во Охрид ќе потпишат Меморандум за разбирање за почеток на подготвителните работи - изработка на физибилити студија за изградба на нов 400 кв далновод меѓу Република Македонија и Република Албанија на коридорот Битола-Елбасан.

Првиот билатерален договор меѓу електропреносните систем-оператори на двете држави ќе го потпишат Дејан Бошковски, генерален директор на а.д.МЕПСО и Сокол Рамадани, генерален директор на ОСТ. хс/са/8:10

http://www.mia.com.mk/default.aspx?vId=82898103&lId=1&pmId=504
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #324 Posted: 12-Apr-2011 at 13:23

АД МЕПСО доби кредит од Светска банка за изградба на 400 киловолтен далновод меѓу Македонија и Србија

published - 12/04/2011 12:15:00
Големина на текст: Decrease%20font Enlarge%20font
image

АД МЕПСО склучи кредитен аранжман со Светска банка (Меѓународна банка за обнова и развој) со што ќе добие 14 милиони евра наменети за нови инвестиции во преносната мрежа.

Со новиот кредит целосно ќе се затвори финансиската конструкција за изградба на нов 400 киловолтен далновод ТС Штип- македонско/српска граница и за ревитализација на 110 кВ далновод ТС Скопје 1- ТС Југохром – ТС Тетово1.

Овие проекти, кои, како што истакнуваат од АД МЕПСО, се круцијални идни инвестиции за преносната мрежа, се реализираат со кредит од Светската банка и со сопствени средства. Финансиската конструкција на двата проекта изнесува над 25 милиони евра. Од тоа сопствено учество на МЕПСО е над 11 милиони евра, а кредитна поддршка од Светска банка 14 милиони евра.

Новиот 400 кВ далновод со кој се поврзуваат Република Македонија и Република Србија е најважна инвестиција на АД МЕПСО за претстојниот период. Далноводот ќе ги поврзува 400 кВ трафостаници ТС Штип и ТС Ниш. На македонска територија далноводит ќе се протега на траса долга 70 километри на која ќе бидат изградени 168 далноводни челично-решеткасти столбови. Овој далновод ќе биде директно поврзување со преносната електроенергетска мрежа на Република Србија што значајно ќе ја зголеми доверливоста во работата на електроенергетскиот систем и ќе го зголеми капацитетот на македонската преносна мрежа.

Кредитниот аранжман со Светска банка доаѓа во период кога МЕПСО привршува со сите подготвителни работи кои треба да бидат реализирани пред да почне изградбата на далноводот. АД МЕПСО и ЕМС (српскиот електропреносен систем оператор) наскоро ќе склучат договор за координација на активностите за поврзување на далноводите на граничната точка меѓу двете земји.

Со ревитализацијата, пак, на 110 кВ далновод ТС Скопје 1- ТС Југохром – ТС Тетово 1, ќе се подобри снабдувањето со електрична енергија на полошкиот регион. Овој далновод чија ревитализација опфаќа 177 челично-решеткасти столбови на траса од 48,3 километри. значајно ќе го зголеми капацитетот на преносната мрежа во Полошко, а ќе ја подобри доверливоста на преносната мрежа во делот на поврзување меѓу Скопје и Тетово. Во рамки на овој проект предвидено е поврзување на трафостаниците „Скопје1“ со „Југохром“, „Теарце“ и „Тетово1“, со што ќе се сведат на минимум сите несакани ризици од испади на преносната мрежа
МИА

http://daily.mk/cluster3/d22404212ff85768ce3a6a8ea4ea27b8/682660
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #325 Posted: 01-Apr-2011 at 10:39
МЕПСО ќе го утврдува капацитетот на преносната мрежа за 11 земји од ЈИЕ

Скопје,  1 април 2011 (МИА) -  АД МЕПСО ќе ги пресметува и утврдува капацитетите на преносната електроенергетска мрежа на 11 држави од Југоисточна Европа (ЈИЕ). Таква одлука со консензус донесоа претставниците на електроенергетски преносни систем оператори од 11 земји на ЈИЕ, на вчерашниот состанок во Скопје.

Во пресметката, соопшти денеска МЕПСО, ќе бидат вклучени сите нови далноводи во овие 11 држави кои ќе бидат изградени до 2020 година согласно 10 годишниот план за развој на преносната мрежа на ЈИЕ. Од идните македонски далноводи во овој план се вклучени 400 киловолтни далноводни поврзувања на Македонија со Косово, Србија и со Албанија. 

На работната средба во Скопје, присуствуваа сите претставници на  Регионалната група на Комитетот за развој на електроенергетскиот систем во кој членуваат компаниите  електроенергетски преносни систем оператори од Македонија, Грција, Бугарија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија, Хрватска, Словенија, Унгарија и Италија. Регионалната група работи во рамки на Европската асоцијација на електропреносни систем оператори ЕНТСО-Е.

Капацитетот на преносната електроенергетска мрежа на регионално и на национално ниво е најважен индикатор за сите инвеститори кои вложуваат во производство на електрична енергија. Основен предуслов за вложување во капацитет за производство на електрична енергија е инвеститорите да знаат колкав е капацитетот на мрежата преку која до потрошувачите ќе се пренесува произведената електрична енергија.

- Работата што ЕНТСО-Е му ја довери на МЕПСО (во групата на 11 држави од Југоисточна Европа) е потврда дека го цени и високо го вреднува квалитетот, капацитетот и референците на инжинерскиот тим на нашата компанија, со што се задоволуваат стандардите на Европската асоцијација на преносни систем оператори, се вели во соопштението.

На состанокот во Скопје беше дефинирана и листа на идни инвестиции во далноводи кои се од стратешко значење на регионот на ЈИЕ во период до 2020 година. Листата ја составуваат претставници на сите оператори кои учествуваат во работната група со тоа што ги истакнуваат идните проекти на своите компании кои се од значење за преносната мрежа на европско ниво.

На работниот состанок  сеутврдени и индикаторите предложени од ЕНТСО-Е за проценка на проектите на преносните систем оператори. Врз основа на тие индикатори ќе се изготвува Студија за преносната мрежа на ЈИЕ  до 2020 година. На претставниците на преносните систем оператори им беа презентирани и резултатите од Студијата за пазар на електрична енергија за земјите од ЈИЕ до 2020 година. 

ЕНТСО-Е е организација во која членуваат повеќе од 40 преносни систем оператори од европски земји. А.Д. МЕПСО, како Македонски преносен систем оператор, е полноправен член на оваа организација, ја претставува Република Македонија и учествува во креирање и спроведување на политиките на организацијата на европски преносни систем оператори.

http://www.mia.com.mk/default.aspx?vId=82563063&lId=1&pmId=504
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #326 Posted: 30-Mar-2011 at 17:57
[quote]

Отворените прашања меѓу ЕВН и Владата се надминати.  Денеска компаниите ЕВН и ЕЛЕМ постигнаа судска спогодба за надминување на спорот што постои меѓу двете компании. Ова го истакна вицепремиерот Владимир Пешевски на денешната прес-конференција во Владата.

PESEVSKI-50030320111

Тој посочи дека „ЕВН Македонија“ денеска го повлекува барањето до Енергетската заедница во Виена со кое имаше забелешки на правниот систем во Македонија, а во текот на денот двете страни ќе го информираат Арбитражниот суд во Вашингтон дека отворените прашања се надминати.

- Отворените прашања меѓу Владата и ЕВН во делот на регулативата се надминати со направените измени во Законот за енергетика и некои подзаконски акти. Исто така, надминати се и недоразбирањата околу делбениот биланс меѓу „ЕВН Македонија“ и ЕЛЕМ, а во делот на регистрирањето на имотот на ЕВН направен е прогрес и голем дел од нерегистрираниот имот е во фаза на регистрација. Сите останати проблеми врз основа на купопродажниот договор се приведени кон крај со што отворените прашања се надминати, рече вицепремиерот Пешевски.

Тој нагласи дека во надминувањето на проблемите меѓу ЕВН и ЕЛЕМ учествувале повеќе од сто луѓе.

Министерот за економија Фатмир Бесими истакна дека денешното потпишување на Спогодбата меѓу ЕВН и ЕЛЕМ покажува дека Македонија има капацитет да се справи со предизвици од меѓународен каратекр во економијата.

- Јасно е дека со јазикот на аргументите и признавањето на законите може да се дојде до резултати. Сега целосно се спроведува Договорот за купопродажба и влегува во фаза на реализација како што е предвидено. Македонија денеска покажа дека со Законот за енергетика и постигнатата согласност е земја што има најнапредна легислатива во рамките на Енергетската заедница, рече Бесими.

Гинтер Офнер извршен директор на ЕВН Македонија истакна дека победници во постигнатата спогодба најнапредед се граѓаните, а потоа Република Македонија и сите инволвирани страни.

- Со Спогодбата се испраќа сигнал до инвеститорите дека и најкомплицираните проблеми во Македонија можат да се решат на добар начин. Се чувствуваме добро во Македонија и се интегрираме чекор по чекор се повеќе, рече Офнер.

Тој прецизира дека судската спогодба предвидува „ЕВН Македонија“ и натаму да се грижи за наплата на старите побарувања, а се што ќе се наплати да се дели 50 на 50 со ЕЛЕМ. Од веќе наплатените стари побарувања ЕВН Македонија во следните 10 дена треба да и уплати три милиони евра на ЕЛЕМ во денарска противвредност и да и отстапи побарувања во износ од 19,5 милиони евра од јавните и другите институции.

Тој нагласи дека најважниот дел од денешната Спогодба е што се покажува дека проблемите меѓу инволвираните страни во иднина можат да се решаваат по пат на директен дијалог.

Генералниот директор на АД ЕЛЕМ Влатко Чингоски истакна дека денешниот ден е значаен за ЕЛЕМ бидејќи односите со ЕВН Македонија се подигнуваат на повисоко ниво.

- Отпочнувањето на судскиот процес немаше за цел да го избрка ЕВН од Македонија и да се покаже дека е лош инвеститор, туку да се утврдат обврските од Договорот. ЕЛЕМ не бараат и не сакаат ништо што не е нивно, но не можеа да дозволат некој да им го земе она што им припаѓа, рече Чингоски.http://www.kurir.mk/makedonija/ekonomija/24368-Vladata-i-EVN-gi-nadminaa-nesoglasuvanjata

[quote]
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #327 Posted: 30-Mar-2011 at 13:23

Влатко Чингоски, директор на АД Електрани на Македонија

-Имавте крајно успешна и рекордна година, со извонредни постигнувања во електропроизводството. По изминатите три месеци, каков е стартот на ЕЛЕМ во оваа, евидентно, и политички и економски турболентна година?

- Изминатата 2010 година беше една од најуспешните и можеби најуспешна година на АД „Електрани на Македонија“, со максимално производство, со минимален увоз на струја, и со најголем процент на пласиран вишок на електрична енергија. Нашата цел не беше да постигнуваме некакви рекорди, значи можеше уште да се произведува, но не го правевме тоа, бидејќи сакавме годинава да ја почнеме со нормално високи коти за тој период, со цел да можеме да обезбедиме долгорочно квалитетно и економски најприфатливо производство на електрична енергија.

Според трендот, и годинава повторно имаме солидно електропроизводство, намален увоз на електрична енергија и, како што сега стојат работите, не очекува уште една  успешна година. Ќе видиме како ќе се движат дотоците, хидрологијата, а засега, некаде 37 отсто од вкупното предвидено производство на хидроцентралите е веќе реализирано. Што значи, може да се надеваме на солидна година.  

- Ваквото рекордно електропроизводство лани влијаеше и за намалување на увозот на електрична енергија, а со тоа и за значителни финансиски заштеди.

- Да, увозот на електрична енергија од година во година е се помал. Водиме политика на континуирано намалување на  увозот. Тука зборувам само за увозот на електрична енергија за тарифните потрошувачи, бидејќи сме задолжени да увезуваме само за нивни потреби. И, можам да кажам дека од 2008 до денес, тој увоз е намален за преку 70 проценти.

Ако во 2008 биле увезени над 950 гигаватчаса, 2010 ја завршивме само со 284 GWh, што е за 71% помало увезено количество електрична енергија. A, oд финансиска гледна точка, од околу 80 милиони евра, дадени во 2008 за увоз на електрична енергија за потребите на квалификуваните потрошувачи, минатата година ја завршивме само на 13 милиони евра.

Тоа намалување од над 84 отсто резултираше со тоа што како компанија имавме незначително учество во новата цена на електричната енергија. Доколку имавме поголем увоз, тоа за жал, ќе се рефлектираше и на цената на киоловатчасот за граѓаните. Нашата цел е да го намалиме увозот на струја, да можеме од сопствена електрична енергија да ги задоволиме потребите и тоа да не влијае значително врз цената на произведениот киловатчас. 

- Истовремено, ЕЛЕМ успеа и да ја зголеми продажбата на произведените вишоци на електрична енергија од домашниот електроенергетски систем...

- Паралелно со зголеменото производство на струја и намалувањето на увозот, имаме и зголемување на продажбата на вишоци електрична енергија, преку аукции, и тоа за последните три години за речиси 30 пати. Ако во 2008 сме продале само 22 GWh, во 2010 продадени се на пазарот во Република Македонија преку 670 GWh електрична енергија. Најголемиот дел повторно е пласиран во државата, на големите потрошувачи, кои сега купуваат електрична енергија слободно на пазарот.

Индиректно, преку 10 проценти од вкупното производство на електрична енергија сме го пласирале повторно кај големите потрошувачи. Она што често се слуша како барање од квалификуваните потрошувачи, “сакаме дел од колачот на државните електрани“, значи тие го имаат тој дел, но не директно, туку индиректно преку трговците, бидејќи така бараат македонските закони и европските директиви.

Тоа значително влијаеше за редуцирање на цените, зашто ако ја имате таа енергија на пазар, нема да се увезува и тоа значи дека ќе се стабилизираат цените на подолг рок.

-Во каква кондиција е денес системот, со оглед на електропроизводствените резулати кои бараат големи напрегања?
- Состојбата е стабилна, а тоа значи дека сите капацитети што ни се на располагање, се во функција и нормално ги извршуваат своите активности. Тоа ни дава за право да сметаме дека во текот на годинава ќе немаме поголеми проблеми со производството на електрична енергија за потребите на системот, односно за потребите на тарифните потрошувачи.

Притоа, ги реализираме и ремонтите кои се дел од редовните активности и ги имаме земено предвид при изготвувањето на енергетскиот биланс. Однапред сме испланирале кој објект колкав период нема да е во функција, и заради тоа, таков енергетски биланс нудиме на пазарот. Годинава очекуваме да произведеме 6.075 GWh електрична енергија и тоа е пресметано врз основа на расположивоста на нашите производствени капацитети.

Годинава  ќе следат и ремонти. Во РЕК Осломеј, ќе имаме околу 15-дневна нега само на првиот блок на РЕК „Битола“.Што се однесува до ТЕ „Битола 2“, тој термоблок ќе биде во редовен модернизациски период од 90 дена надвор од функција, како што беше лани првиот блок, а ремонт ќе имаме и на третиот блок. Значи, генерално ќе ги завршиме сите планирани активности, предвидени со планот за ремонти и за модернизација во РЕК Битола.

Ќе има ремонт во траење од 45 до 60 дена во Осломеј, а во хидроелектраните ќе ги реализираме неопходните зафати кои се појавуваат во текот на самата работа. Останатите зафати, на рударската опрема, на транспортните системи за јаглен, ќе течат во континуитет според воспоставениот план и динамика.    

-Во јавноста, и покрај успешните производствени резулати се вртат информации дека во енергетиката, вклучувајќи го и ЕЛЕМ, инвестициските активности не се на задоволително ниво.
- Оваа теза често се слуша по медиумите. Инвестициите во енергетиката не се така брзо видливи, ниту, пак, се од таков карактер да може обичниот човек да ги забележи. А, дека не се инвестира во енергетиката, едноставно не е точно. Впрочем, тоа го докажува и податокот дека за минатата година ЕЛЕМ неодамна доби награда од Стопанската комора на Македонија за најголем инвеститор, со околу 55 милиони евра инвестирани во енергетиката.

Некој ќе каже, во оваа област е инвестирано само кога ќе се види нов објект. Такви објекти во енергетиката не се градат за помалку од три години. Така што не може да се каже дали се инвестирало, или не, бидејќи станува збор за големи инвестиции, за чија реализација се потребни подолги рокови.

Одговорно тврдам  дека вакви инвестиции, како што сега има во ЕЛЕМ, немало со години. Сведоци сте дека направивме модернизација на првиот блок во РЕК Битола, што не е направено од почетокот на неговото пуштање во употреба. Значи, 1982 е пуштен првиот блок, а 1988 третиот блок и оттогаш досега, толку голема инвестиција во РЕК Битола за првпат е направена. Извршивме набавка на багери, сега го монтираме транспортниот систем, направивме модернизација на турбините во “Енергетика“, работиме на модернизација на хидроелектраните, неодамна излезе тендерот за надвишување на браната Леуново, со што ќе ја дигнеме работната кота на акумулацијата на Мавровското Езеро.

Значи, инвестиции има. Генерално кажано, ЕЛЕМ инвестираат и ќе продолжат со тој циклус, бидејќи тоа е неопходно. Дојдено е време кога без инвестиции не можеме да обезбедиме сигурно и долгорочно снабудување со електрична енергија. Факт е дека овие добри производствени резултати ни овозможија, без поголем притисок врз цената на киловатчасот, да ги направиме овие силни инвестиции и понатаму ќе одиме во истата насока.

Нашите планирани инвестиции се за секоја година најмалку 40 милиони евра, некогаш повеќе, некогаш помалку, зависно од тоа како ќе се реализираат тендерите, односно како ќе се изнајдат финансиски средства. Сепак, не зависиме само од наши пари, туку и од финансиските институции, кои ни помагаат преку поволни заеми. 

- ЕЛЕМ станува еден од клучните играчи кога е во прашање тендерот за реализација на проектот за изградба на ХЕЦ “Чебрен“ и “Галиште?

- Oва е еден од најприоритетните проекти не само на ЕЛЕМ, туку и на Владата. Задоволни сме од тоа што имаме 16 понуди, и очекувам дека од нив ќе произлезат барем седум-осум сериозни кандидати. И, со нив ќе може да се оди во втората фаза, кога се очекуваат финансиските понуди, односно количеството акции кое ќе му се додели на ЕЛЕМ.

Овој проект е многу значен и во поглед на стабилноста на енергетскиот сектор. Првпат ќе имаме реверзибилна електрана, која ќе може да ни помогне во балансирање на ноќни вишоци и дневни недостатоци на електрична енергија.

Ќе може да правиме трансфер помеѓу вишоците, што сега ги продаваме по регулирана цена, а ноќната енергија секогаш има некоја пониска цена, и наместо тие вишоци да се продаваат, ќе се оптимира, со тоа што би се пумпала водата во “Чебрен“ и утредента, кога ни е потребна, наместо да ја увезуваме таа енергија, може да ја пласираме во системот. На тој начин, уште повеќе ќе се намали увозот, а ќе се избалансира и дневниот дијаграм во македонскиот електроенергетски сектор.

- Како го оценувате моделот што го одбра Владата со тендерот?

- Мислам дека тоа е еден од најдобрите модели. Не можеме да одиме сами и целосно да го исфинансираме овој проект, бидејќи станува збор за висока инвестиција, а од друга страна, добро е да имаме сериозен партнер, зашто овие проекти не се само од национално значење, туку се и регионални.

Ни треба некој партнер, со кој ќе направиме компанија, која ќе излезе и надвор од границите на државата и ќе продава електрична енергија на локалниот, односно и на регионалниот балкански пазар. Затоа е добро со ваков проект да вклучиме и некоја реномирана странска компанија во тој бизнис. Владата не ги дели двете хидроелектрани при реализацијата, како што се слуша во јавноста, туку дава малку поголем простор во годините за реализација, за да може и двете електрани да се изградат.

Тоа не значи дека инвеститорот би се откажал од градењето на “Галиште“, како што се шпекулира. Едноставно, станува збор за силна инвестиција во вакви, да речам, лоши економски услови на светско ниво, и не можете да очекувате дека некоја компанија ќе дојде и двете електрани веднаш ќе ги изгради. Владата тоа го антиципира и дава период по изградбата на “Чебрен“, со дел од средствата што ќе се генерираат од неговото производство, да се враќаат дел од кредитите, а останатото да се инвестира во “Галиште“.

Никако не се  форсира само градењето на “Чебрен“, а “Галиште“ да се реализира само по желба. Никој не е наивен, ако има профит од таа работа да не го гради “Галиште“ и да работи само со “Чебрен“. Условите на пазарот ќе ги дефинираат моментот и почетокот со градба на едната, или другата електрана.

- Што предвидува годинешната инвестициска програма на ЕЛЕМ?

- Годинава имаме амбициозна инвестициска програма. Пред се, да ги споменам: изградбата на главниот транспортен систем за јаглен од Брод–Гнеотино до Суводол, завршување на модернизацијата на вториот блок на РЕК Битола, завршување на ХЕЦ „Света Петка“, која планираме да биде реализирана до крајот на годината, а веќе почнуваме и со втора фаза на ревитализација на хидроелектраните.

Тој проект стартува со тендерот за надградба на браната Леуново, а во мај-јуни че има тендери за нова опрема за нашите хидроелектрани. Истовремено, активно работиме на подготвување на тендерот, што го очекуваме есенва, за првата фарма на ветерници кај Богданци, потоа тендерот за изградба на ХЕЦ „Бошков мост“ и подготвителните работи и изборот на консултант за изработка на тендерска документација за акумулацијата Луково Поле.

Тоа се неколку проекти, на кои сме годинава насочени и очекуваме дека ќе придонесат не само за стабилизирање и зголемува на електропроизводството, туку и за зголемување на инвестициите во делот на енергетиката, воопшто.

- Последниве години се случија речиси сериски пропаѓања на тендерите за изградба на енергетски проекти. На што се должи тоа, и што да се направи за конечно да имаме нивна позитивна завршница?
- Не би се согласил со таквата констатација, која се генерира и се врти тенденциозно во јавноста. Тука, најчесто е во игра “Чебрен“, но досега имавме само два тендери, кои се продолжуваа и секое продолжување некој го третира како да е нов тендер. Тоа не е така. Досега, за овој проект имавме еден тендер, кој беше неуспешен заради промената на Владата, кога во Министерството за економија, на местото на министерот Рафајловска дојде министерот Бесими.

Вториот тендер беше оној што пропадна есеноска, поради економската криза и актуелниот, е трет тендер за “Чебрен“ и “Галиште“. Можам одговорно да кажам дека сите тендери што ги работи ЕЛЕМ, се успешни. Еден месец порано, или подоцна, ние ги реализираме тендерите. Зошто имаме неуспешни тендери? Станува збор за сериозно големи тендери, што многу ретко се прават во светот. На пример, да имаше ваков проект во Германија, за капацитети како “Чебрен“ и “Галиште“, никогаш немаше да има тендер. Едноставно, тамошната Влада ќе побараше стратешки партнер, или некоја од компаниите, кои се доволно финансиски моќни и ќе ги направеше двете електрани. Да имаше ЕЛЕМ ваков развоен тренд како сега, во еден период од десет години ние можевме сами да земеме кредити од 600 милиони евра и да ги изградиме “Чебрен“ и “Галиште“.

Проблемот е, што долги години, прво цената на електричната енергија не е соодветна, да може да создаде акумулација на капитал што може да го обезбедиме сами, и второ, проблемот е дека банкарите поради економската криза станаа многу рестриктивни во финансирањето вакви проекти. Тешко ќе најдете некоја банка, која ќе ви даде 500 или 600 милиони евра за ваков проект. И тие два моменти доведоа до ситуација да немаме доволно заинтересирани партнери и нема доволно финансиски средства на пазарот за брзо и едноставно пласирање на пазарот на пари.

- Цената на струјата е едно од најважните енергетски прашања, со пошироки имликации и за севкупните економски и општествени текови во државата. Пред крајот на минатата година, речиси сите енергетски компании искажаа незадоволство од одлуката на РКЕ и од одлагањето на корекцијата на цената на електричната енергија за овој период. Какви се Вашите очекувања и барања?

- Цената е клучен фактор за обезбедување долгорочен стабилен и т.н. одржлив развој на електроенергетскиот сектор. Без реална цена на производот, не можете да опстанете во ниту еден економски бизнис, а најмалку во нашиот. Доколку немате соодветна цена, не можете да ги надоместите трошоците што ќе ги направите за да ја испорачате електричната енергија. Затоа, треба да се има цена која ќе овозможи развој, а не само поврат на капиталот на компанијата.

Имавме случаи кога поврат на капиталот не можеше да се обезбеди. И ако тоа не се обезбеди, значи компанијата постепено се деградира и се доаѓа во безизлезна ситуација, во која не само што немате сила да изградите нов објект, туку немате финансиска моќ ни да го задржите она што веќе го имате. Не можете да ги задржите сегашните електрани, а не да градите нови. Електричната енергија мора да има таква цена, која ќе овозможи стабилно работење, обезбедување поврат на капитал и дел за инвестиции, за да може да ги одржувате на ниво, но и да ги надградувате и да градите нови објекти.

Тоа, во овие 20 години го немаше во Република Македонија. Цело време електричната енергија се смета како некоја социјална категорија, со која треба да има мир во државата. Тоа е апсолутно погрешно, бидејќи на краток рок дава резултати, од надвор гледано луѓето имаат релативно евтина струја и сите се задоволни, но на долг рок може да доведе до ситуација во еден момент цената да се покачи двојно или тројно. Се трудиме минимално да правиме корекции во цената, бидејќи одиме, пред се, со намалување на трошоците до максимално ниво.

- Сепак, реагиравте на малата корекција на цената?

- Реагиравме во јануари и сега во март, кога се менуваше цената, затоа што сметаме дека дел од оние трошоци што ги имаме не ни ги призна РКЕ. Лани тоа беа трошоците во рударството, за откопот на јаловина и вадењето јаглен не ни беа признати онака како што навистина со фактури ги докажавме, туку беа признати како процент од вкупните трошоци.

Годинава не ни се признаваат трошоците за сопствена потрошувачка. Не може да произведете електрична енергија ако немате и дел од сопствена потрошувачка. Тоа не е голема ставка, но мора да биде земена предвид при изготвувањето на самиот трошковник за работењето на компанијата. Во секој случај, промената на цената од страна на ЕЛЕМ е околу 0,54 проценти, што е апсолутно минимално кон граѓанството. Доаѓа некаде 0,01 денар промената на цената на киловатчасот, а тоа е резултат на оптималното работење.

Тоа ни овозможи да немаме поголем притисок за покачување на цената. И тоа е, може да кажеме, најголемиот успех на компанијата. Имаме инвестиции, солидно производство, а не правиме притисок врз цената на киловатчасот.    

- Конечно минаа измените на Законот за енергетика. Каде се наоѓа во нив ЕЛЕМ и што очекувате корекциите?

- Секој закон треба да е прилагоден на условите во кои се носи и во кои треба да е платформа за работа. Мора да повторам, во 2008 направивме револуционерен скок во пристапот на пазарот на електричната енергија, кој сега се покажува дека бил многу исправен. Со примената на тој закон, компаниите од енергетскиот сектор станаа ликвидни и стабилни. МЕПСО се исчисти од своите долгови, ЕЛЕМ стана профитабилна компанија, нема проблеми со снабдување електрична енергија на граѓанството, а очекувам, односно верувам, дека и кај ЕВН има позитивности во работењето. 

Edited by lslcrew - 30-Mar-2011 at 18:11
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #328 Posted: 30-Mar-2011 at 13:23

- Малку, малку, па ЕЛЕМ ќе се најде среде политички битки и пресметки меѓу спротивставените партиски блокови, околу некои тендерски постапки, вработувања... На што се должи тоа и каков е нивниот одраз врз работењето на компанијата?
- Компанија која е со доминантно државен капитал, секогаш е подложна на такви притисоци и од страна на опозиција и од страна на јавноста, на медиумите. Лично, сметам дека не постојат државни, или приватни компании. За мене има успешни и неуспешни компании, односно успешни и неуспешни менаџери. Никогаш не сум ја гледал оваа компанија - ако е државна, дека треба да има повластена позиција, ниту, пак, да е место за вдомување кадри.

Сите вработувања во ЕЛЕМ се транспарентни, преку огласи, преку компанија што ја имаме определно да врши интервјуа на кандидатите, да прави тестови и да ги определи оние, кои се најсоодветни за тоа работно место, за кое имаме потреба. И, како УО, така ќе продолжиме. Најбитно е, не само за нас, туку и за потрошувачите, да имаме квалитетен кадар, кој ќе може да одговори на барањата за производство на електрична енергија. Најважно е да добиете електрична енергија според потребите и по економски најприфатлива цена.

Вештаците ги потврдија нашите укажувања во спорот со ЕВН


- До каде е судскиот спор со ЕВН, кои се Вашите очекувања во врска со крајниот исход? Ккви се денес односите меѓу двете компании?
- Судскиот спор со ЕВН, сметам, се движи во добра насока и, колку што сум информиран, вештаците задолжени да утврдат дали и колку средства се наплатени по однос на тој анекс договор меѓу компаниите, ја завршиле работата. И, можам ексклузивно за вас да кажам - тоа оди во корист на нашите тврдења дека навистина одредена сума е веќе наплатена од ЕВН и не е трансферирана кон ЕЛЕМ. Оттука, можеме со задоволство да кажеме дека во тоа време кога ја поднесовме тужбата, нашите судски побарувања беа сосема оправдани.

- Колкав е износот на наплатените средства што треба да ги добиете?
- Сумата не можам да ја кажам во моментот, додека не дојдеме на официјална позиција со вештаците, но очигледно, се покажува дека правилен бил чекорот на нашиот УО, кој по подолг период разговори со ЕВН и недобивање на информациите за наплатените средства и на трансферот кон ЕЛЕМ, го покренавме овој судски спор. Очекувам, во најскоро време, тој да заврши во позитивна конотација за ЕЛЕМ.

- Може ли да очекуваме да ве видиме со ЕВН во некои заеднички проекти?
- Може да се случи. Веќе слушнав дека и ЕВН од Австрија е пријавена на тендерот за изградба на “Чебрен“ и “Галиште“, така што, ако има соодветна понуда, зашто да не. Немаме ништо против нашите односи да се развиваат и во насока на изградба на нови објекти, зашто тоа би било од корист на двете компании, а и на корисниците на нашите услуги. Соработката со ЕВН и сега е на нормално професионално ниво.

Новиот менаџмент на ЕВН е исто така отворен за соработка и секогаш кога имаме некои прашања од заеднички интерес, ги решаваме. Пред се, за нас е важно потрошувачите да добијат квалитетна услуга, електрична енергија според нивните барања и според потребите за нивно работење, а тука сите ние сме поврзани во некој синџир, од нас како производител, преку преносната мрежа и на крај ЕВН како дистрибутивна компанија и снадувач на граѓаните. http://www.biznis24.com.mk/node/14234


Edited by lslcrew - 30-Mar-2011 at 18:14
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2190
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #329 Posted: 24-Mar-2011 at 20:19

Конска брана


<>@font-face { font-family: "Calibri"; }p.MsoNormal, li.MsoNormal, div.MsoNormal { margin: 0cm 0cm 10pt; line-height: 115%; font-size: 11pt; font-family: "Calibri","sans-serif"; }.MsoChpDefault { }.MsoPapDefault { margin-bottom: 10pt; line-height: 115%; }div.Section1 { page: Section1; }

Во тек е иновирањето на проектот за изградба на Конска брана од страна на Градежниот институт на Македонија, кој понуди најповолна понуда на распишаниот тендер од страна на Министерството за замјоделство, шумарство и водостопанство.


Изградбата наовој капитален објект е од посебно значење за локалниот економски развој поради што е покренато реактивирање на овој проект.

Неодамна заменик претседателот на Владата на РМ Владимир Пешевски изјави дека во Владата на РМ постои интерес за реализацијата на овој проект. Инаку, во рамките на приоритетната програма на Центарот за развој на Југоисточниот развоен регион веќе е извршена ревизија на основниот проект од страна на фирмата "Хидроенерго инжинеринг". Додека пак со иновирањето на проектот и внесувањето на нови посовршени елементи се очекува намалување на цената на овој капитален проект.


http://gevgelija.gov.m
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #330 Posted: 23-Mar-2011 at 00:48
Со над 200 илјади евра инвестиции во општината Студеничани, енергетската компанија ЕВН во рок од три месеци ќе изгради два нови трансформатори во село Студеничани и еден во Батинци. Трансформаторите ќе бидат со капацитет од 400 киловати со можност да се зголеми до 800. Според ЕВН, изградбата на трафостаниците ќе влијае жителите на оваа општина да имаат редовно и квалитетно снабдување со електрична енергија

Градоначалникот на оваа општина, Фати Исени вели дека чекорот на ЕВН покажува за нивната посветеност за решавање на проблемите на жителите од Студеничани. Исени вели дека сега жителите треба да ги плаќаат редовно сметките.

„Тие ќе почнат со инвестирање во Студеничани и Батинци, градејќи три трафостаници, две во Студеничани, и една во Батинци. Исто така, ќе се зајакне и мрежата на далноводот, верувам дека за неколку месеци, до есен жителите од општината ќе имаат доволно струја. Од друга страна ние земаме обврска да разговараме со жителите, да апелираме да се зголеми нивото на плаќање на сметките"

Според австриската компанија, нивото на наплата на сметките за електрична енергија во општина Студеничани е многу ниска, додека жителите и општинските власти велат дека се плаќаат над 30 насто од сметките.
Невзат Мамути

http://daily.mk/cluster3/4ee87a674d542b48c9bddec71a186d33/651213
Back to Top
Goran View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Jul-2009
Online Status: Offline
Posts: 195
  Quote Goran Quote  Post ReplyReply #331 Posted: 21-Mar-2011 at 07:15
Pa taa moze i da se upoterbi i za oranzerii vo pelagonija pa da ideme konkurentni so oranzeriski proizvodi
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #332 Posted: 15-Mar-2011 at 02:10


Ова треба да се протурка што побргу. РЕК Битола нема неограничен рок на траење. Со секој изминат месец, проектов губи од својата исплатливост. Ако почекаме уште некоја година, воопшто нема да ни се исплати да го правиме.
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #333 Posted: 14-Mar-2011 at 12:05

Пареата на РЕК „Битола“ може да грее три општини


Поради потребата за ладење термоблокови на електроцентралата, големо количество топлинска енергија неповратно се испушта во атмосферата, односно се губи во празно

 
 
%20  

Со инсталирање ваков вид греење би се намалиле емисиите на јаглерод диоксид за 54.000 тони годишно

Греење за три општини, заштеда на енергија, пониски цени и намалување на емисиите на штетни гасови. Ова се само дел од придобивките наведени во студијата за користење на термалната енергија од РЕК „Битола“. Топлинската енергија што се ослободува при работата на електроцентралата за ладење на блоковите досега неповратно се губеше во атмосферата, односно одеше во празно. Предфизибилити-студијата е спонзорирана од Норвешката програма и е насловена „За чиста и поефективна индустрија во Македонија“. Во неа се нагласува дека, покрај Битола, можности за греење има и за соседните општини Новаци и Могила. Овие населени места денес се греат на дрва, нафта или на струја. Со инсталирање ваков вид греење би се намалиле емисиите на јаглерод диоксид за 54.000 тони годишно, како и емисиите на другите штетни гасови, се вели во студијата. Топлата вода во двата системи е 130-155 степени, додека секундарната мрежа би имала температурен режим од 90 степени. Авторите (десетчлен тим од домашни и од странски експерти) сметаат дека проектот е изводлив и профитабилен со приход од 14 милиони евра по осум години. Вкупната инвестиција се проценува на 35-40 милиони евра. Според анализите, производствената цена на добиената топлинска енергија би била од 0,4 до 0,74 денари по киловат-час, која понатаму за корисниците во мрежата би изнесувала 1,97 денар за становите и 3,01 денари по киловат-час за стопанските субјекти. За искористување на топлинската енергија од РЕК „Битола“ голем интерес има и кај локалната самоуправа, централната власт, граѓаните, бизнис-секторот и „Електрани на Македонија“, кои стопанисуваат со комбинатот.

- АД ЕЛЕМ не само што сугерира туку веќе има изработено решение за приклучок и начин на користење на топлинската енергија. Проблемот е во тоа што ЕЛЕМ не е лиценцирана компанија за дистрибуција и снабдување на топлинска енергија, а моментално нема субјект што би ја развил мрежата низ Битола и кој би ја презел и понатаму би ја доставувал до граѓаните на Битола. Штета од технички аспект е поради потребата за ладење на нашите термоблокови оваа енергија да се испушта во атмосферата. Се надевам дека ќе се формира јавно претпријатие во Битола што би ја развивало мрежата и би стопанисувало со топлинската енергија- вели Димитар Танурков, директор за производство на електрична енергија во ЕЛЕМ. Надлежните служби од општината Битола нагласуваат дека активно се работи на реализација на целиот проект, за што имаат подготвено планови.

- Се надеваме дека до 2013 година ќе дојде до реализација на целиот проект откако претходно ќе се спроведат сите потребни анализи - вели Трајан Коцевски од локалната самоуправа во Битола. Комбинатот РЕК „Битола“ е најголем во системот на македонското електростопанство. Во вкупното производство на електрична енергија тој учествува со над 72 проценти.


http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=3141190146&id=10&prilog=0&setIzdanie=22230
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #334 Posted: 07-Mar-2011 at 17:21

Францускиот конзорциум составен од консултантските компании Согреа и Карбониум во наредните 18 месеци ќе изработи физибилити студија за градење на термодинамична (соларна) централа во Суводол кај Битола.

elem

Студијата треба да ја испита економската исплативост и техничката физибилност на проектот, да го предвиди неговото развивање, да ја одреди најдобрата местоположба на електраната и да прецизира дали ќе се гради автономна централа со инсталирана моќност од 50 мега вати или, пак, хибридна варијанта која ќе служи само за загревање на водата во РЕК Битола, односно да биде замена за дел од јагленот што се користи за таа намена.

Реализацијата на пилот проектот што ќе се одвива во три фази практично ќе започне утре со посета на Битола. Во првата фаза од околу три месеца ќе се дадат техничките решенија, втората фаза ќе го прецизира конкретниот концепт за централата, а третата најдобрата понуда за изработка.

Тоа, како што беше истакнато на денешната прес-конференција во АД ЕЛЕМ го овозможува грантот од 495.000 евра доделен од Министерство за економија и финансиии на Франција.

- Со реализацијата на овој проект АД ЕЛЕМ очекува производство на 104 милиони киловат часови чиста соларна енергија која ќе придонесе за заштита на околината со анулирање на емисија од 94 милиони килограми Јаглероден двооксид годишно, рече директорот на АД ЕЛЕМ Влатко Чинговски.

Тој посочи дека производството на електрична енергија од обновливи извори на енергија е многу важен дел од работата и развојот на АД ЕЛЕМ, компанија која сака да го имплементира европскиот принцип 20:20:20, односно 20 отсто од енергијата до 2020 година да се добива од обновиливи извори на енергија и со тоа за 20 отсто да се намали емеисијата на сткленички гасови во атмосферата.

- ЕЛЕМ покрај усвојувањето на нови соларни технологии во наредниот период ќе продолжи и со реализацијата на останатите прокети за производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија како што се ХЕЦ Бошков Мост, Луково Поле и ветерната електрана во Богданци, истакна Чинговски и додаде дека по 18 месеци ќе се направи техно-економска анализа дали и кога евентуално ќе се гради сончевата електрана.

Директорот на ЕЛЕМ рече дека доколку се усвои втората варијанта сончевата енергија да се користи како супститут на јагленот за загревање на водата во РЕК Битола на годишно ниво за 20 отсто ќе се намали потрошувачката на јаглен. - Тоа ќе зачи дека на секој пет години за една година ќе се продолжи животниот век на РЕК Битола, рече Чинговски.

Францускиот експерт Лорент Перес изработката на студијата ја оцени како можност за трансфер на нов вид технологии и искуства од европските земји за ЕЛЕМ и Македонија.

- Во првите 5-6 месеци од изработката на студијата ќе се знае кој е техничкиот избор што ќе биде направен. Доколу се гради соларна електрана со инсталирана моќност од 50 мегавати изградбата ќе чини околу 225 милиони евра, доколку, пак, се гради хибридна варијанта изградбата ќе биде многу поевтина, прецизира Перес.

Францускиот амбасадор во Македонија Жан-Колд Шлумберже нагласи дека новиот проект со ЕЛЕМ е продолжување на одличната соработка која постои уште од 2004 година со проектот за трансформација на ТЕЦ Неготино во гасна централа.

- Проектот во Битола на Македонија ќе и овозможи да го зголеми производството на електрична енергија и да се здобие со иновативнни техники и намалување на ефектот на стаклена градина. Со него се потврдува одлуката на Франција да ја придружува Македонија на патот кон приклучување во Европската унија, рече Шлумберже.

Во искористениот дел од рудникот Суводол, ЕЛЕМ има расположива површина за соларните панели и неопходни инфраструктурни предуслови за изградба на електрана, како и постоечка 100/6,3 киловолтна трафостаница за нејзиното поврзување.http://www.kurir.mk/makedonija/ekonomija/21627-Francuski-grant-od-495000-evra-za-gradenje-na-termodinamicna-centrala-vo-Bitola
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #335 Posted: 05-Mar-2011 at 00:58
Означен почетокот на изградбата на главниот транспортен систем од Брод Гнеотино до Суводол

Битола, 4 март 2011 (МИА) - Премиерот Никола Груевски и директорот на ЕЛЕМ Влатко Чингоски денеска го означија почетокот на изградбата на главен транспортен систем за јаглен од површинскиот коп Брод Гнеотино до јагленовиот систем во рудникот „Суводол“, почетокот со работа на вториот БТО систем за откоп на јаловина во површинскиот коп Брод - Гнеотино и крајот на првата фаза од модернизацијата и автоматизацијата на ТЕ „Битола“.

Изградбата на главниот транспортен систем за јаглен, како што информира Груевски, е инвестиција со вредност од 18,6 милиони евра.

- Модернизацијата е насочена пред се кон зголемување на сигурноста во работењето на термоелектраната и продолжување на експлоатациониот век на енергетскиот блок. Инвестицијата која ќе се одвива по принципот „клуч на рака“ и која е предвидено комплетно да заврши до крајот на 2012 година предвидува модернизација и автоматизација на преостанатите два енергетски блока со што ќе се овозможи зголемување на моќноста за дополнителни 8,32 мегавати по блок, односно 25 мегавати инсталирана моќност за трите блока, истакна Груевски.

Тој појасни дека тоа ќе значи и зголемување на производството на електрична енергија од 160 до 200 гигават-часови на годишно ниво без зголемување на потрошувачката на јаглен.

Премиерот Груевски потсети на веќе реализираните проекти кои, според него, придонесоа за енергетска стабилност и унапредување на енергетскиот систем.

- Беше отворена подинската јагленова серија на рудникот „Суводол“ за што се набави и монтираше нов БТО систем составен од багер и од одлагач во кои се вложија 25 милиони евра, се зајакна производствениот процес на површинскиот коп Брод Гнеотино со два багери во вредност од 4,5 милиони евра, се изгради асфалтниот пат и рудничкиот круг, во употреба беше пуштена првата државна когенеративна електрана која може да се произведува годишно до 160 гигават-часа електрична енергија со едновремена можност за производство и до 200 гигават-часа топлинска енергија за стопанството и граѓаните. Во функција беше ставен и новиот Диспечерски центар за планирање, координирање и управување со производството на електрична енергија на АД ЕЛЕМ кој овозможува континуирано следење на временските промени, нивото на акумулациите и очекуваните количини на подземни дотоци, како и планирање на потребите за електрична енергија во земјата, истакна Груевски.

Најави дека Владата и понатаму ќе продолжи посветено да работи на обезбедување на стабилна економска иднина на државата преку инвестирање во проекти кои имаат за цел ревитализација на дотраените енергетски капацитети, пронаоѓање нови извори на енергија, подобрување на енергетската ефикасност,...

Проектот за модернизација на ТЕ „Битола“, според директорот на АД ЕЛЕМ Чингоски, е насочен кон зголемување на доверливоста на работа на термоелектраната и продолжување на експлоатациониот век на енергетските блокови за најумалку 120.000 работни часови.

- Модернизацијата на енергетските блокови ќе ги редуцира динамиката и оперативните трошоци за ремонти и тековното одржување на термоелектраната во наредниот период, рече Чингоски, додавајќи дека со модернизацијата на термоелектраната имплементиран е и систем за автоматска регулација на производството.

Површинскиот коп Брод Гнеотино располага со вкупно 108 милиони тони јаглен од кој за експлоатација се достапни 32 милиони тони со годишен капацитет на ископ од два милиони тони јаглен. АД ЕЛЕМ во овој коп досега инвестирал над 65,5 милиони евра од кои 42,8 се сопствени средства, а остатокот е обезбеден преку кредити. сс/мт/15:24

http://www.mia.com.mk/default.aspx?vId=81731578&lId=1&pmId=
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #336 Posted: 25-Feb-2011 at 19:47
Заем за транспортен систем за јаглен Скопје, 25 февруари – „Електрани на Македонија“ (ЕЛЕМ) потпиша договор за заем во висина од 16 милиони евра за набавка и монтажа на опрема за транспортниот систем за јаглен Брод Гнеотино - Суводол.

Вкупно се потребни 18,5 милиони евра, за реализација на овој проект, за кој ЕЛЕМ ќе вложи 2,6 милиони евра, а останатите се заем од „Дојче Банка“.

„Овој капацитет ќе биде наменет за континуиран, брз и ефикасен транспорт на јаглен од извозната рампа во Брод Гнеотино до истоварното место во Суводол. Вкупна должина е 10  километри и ќе се заокружи процесот на производство и испорака на јаглен кои ќе го продолжи векот на работа на РЕК Битола во наредните 20-25 години“, изјави Влатко Чинговски, директор на ЕЛЕМ.

Според, министерот за финансии, Зоран Ставрески, со овој договор ќе овозможи поголема стабилност на енергетскиот систем во Македонија и е значајна долгорочна инвестиција за подобрување на стопанството во земјата.

http://daily.mk/cluster3/f8432e2b0276e3815aee790bccc38534/614379
Back to Top
JOE View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2010
Location: Bitola
Online Status: Offline
Posts: 226
  Quote JOE Quote  Post ReplyReply #337 Posted: 25-Feb-2011 at 19:47
http://tera.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=32271&Itemid=106

ицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставревски денеска потпиша договори за заем и гаранција со германската "Дојче Банка" во вредност од 16 милиони евра за проектот "Главен транспортен систем од Брод Гнеотино до Суводол".



"Потпишувањето на овој договор ќе овозможи поголема стабилност на енергетскиот систем во Македонија и претставува значајна долгорочна инвестиција за подобрување на стопанството во земјава", изјави министерот Ставревски.



Финансиската поддршка од "Дојче Банка" ќе се обезбеди преку кредити со рок на отплата од 10 години. Владата за овој проект издвои вкупно 18,5 милиони евра, од кои 16 милиони ќе обезбеди "Дојче Банка", а 2,5 милиони евра од сопствени извори ќе обезбеди ЕЛЕМ.

"Овој проект претставува приоритет на нашата компанија за тековната 2011 година. Со ова ќе се овозможи брз и ефикасен пренос на јаглен од површинскиот коп "Брод - Гнеотино" до рудникот "Суводол" кој претставува главен транспортен систем за јаглен во РЕК "Битола", изјави Влатко Чинговски, директор на Електрани на Македонија.
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #338 Posted: 21-Feb-2011 at 14:42
Македонскиот електропреносен систем оператор АД „МЕПСО“ склучи договор за изградба на 110 киловолтен далековод ТС „Битола 3“ – ТС „Битола 4“ со изведувачот – конзорциум составен од „Електромонтажа“ и „Електроисток Изградња“ од Република Србија.
 
Договорот е во вредност од 2,4 милиони евра и е дел од целокупната инвестиција за новиот далековод вредна 3,5 милиони евра. Договорот денеска го потпишаа Дејан Бошковски, генерален директор на МЕПСО и Миленко Бабиќ, претставник на конзорциумот, во општина Битола.

„Со неговата изградба формираме прстен во кој ги поврзуваме трите најголеми трафостаници во битолскиот регион – најголемиот производител на електрична енергија во нашата земја. Новосоздадениот прстен значи зголемување на сигурноста во напојувањето со електрична енергија на битолскиот регион, засилување на доверливоста на електроенергетскиот систем и значајно подобрување на напонските прилики во југозападниот дел на Република Македонија. Токму овие новосоздадени вредности се остварување на врвниот приоритет на АД „МЕПСО“: непречен ток на електричната енергија, пренос до сите точки на мрежата, стабилна и доверлива работа на нашиот електроенергетски систем.Овој далековод, е највредна инвестиција во преносната мрежа за потребите на Пелагонија во последните десетина година„, вели Бошковски.

Со овој проект АД МЕПСО ќе ги поврзе со нов двосистемски 110 kV далековод двете трафостаници со што ќе обезбеди формирање енергетски прстен за регионот на Битола, што значи формирање меѓусебна врска на трафостаници, приклучени на преносната мрежа, во овој регион кој е најголем производител на електрична енергија во Република Македонија.

Оваа инвестиција ќе обезбеди зголемена доверливост во управувањето на електроенергетскиот систем, ќе ги подобри напонските прилики во регионот на Битола и стабилноста на преносната мрежа, информираат од „МЕПСО“.

Оваа инвестиција АД МЕПСО ја реализира во соработка со својот традиционален кредитен партнер Светската банка, под покровителство на Владата на Република Македонија. Далеководот е во должина од 12 километри, а значајно е тоа што за прв пат во земјава ќе се постави подземен проводен кабел, на една од делниците на далеководот, кој ќе замени проводници и далеководни столбови.

Битолскиот регион е врвен приоритет за „МЕПСО“. Со денешната инвестиција „МЕПСО“ во преносната мрежа во регионот на Битола заокружува инвестиција вредна околу 9,5 милиони евра, реализирана во последниве 5 години.

http://www.time.mk/read/7ae2141b66/3b75ed91a0/index.html
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #339 Posted: 21-Feb-2011 at 11:27

АД МЕПСО И „Електромонтажа“ - Белград ќе потпишат договор за изградба на делекувод во Битола

Македонскиот електропреносен систем оператор АД МЕПСО како инвеститор денеска напладне во Битола ќе потпише договор за изградба на 110 киловолтен далекувод со изведувачите „Електромонтажа“ и „Електроисток изградња“ од Белград.

На промотивниот настан, проектот 110 kv двосистемски далекувод ТС „Битола 3“ – ТС „Битола 4“, ќе го презентира проект менаџерот Никола Битрак, а договорот ќе го потпише генералниот директор на АД МЕПСО Дејан Бошковски.

- Потпишувањето на договорот за изградба на далекуводот ќе се одржи во просториите на општина Битола и во присуство на градоначалникот Владимир Талески, информираат од АД МЕПСО.

http://daily.mk/cluster3/1d34efecf65ed8247f1f88efe76aca6e/605945
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #340 Posted: 18-Feb-2011 at 13:57

Граѓаните ќе избираат од каде ќе купуваат струја


Берзата на електрична енергија треба да биде регионална, за да има ликвидност во задоволување на потребите и на понудите, што ќе придонесе да се појави здрава конкуренција

 
 
%20  

Интервју со Димитар Танурков, директор за производство на струја во АД ЕЛЕМ

Неодамна Собранието го донесе новиот закон за енергетика. Што тој ќе промени во работењето на ЕЛЕМ и какво ќе биде неговото влијание врз граѓаните?
- За поздравување се заложбите на Владата за донесување на новиот закон за енергетика. Тој го дополнува претходниот, од 2008 година, следејќи ги препораките од ЕУ-директивите за либерализација во делот на снабдувањето со електрична енергија, иако суштински не менува ништо во односите помеѓу компаниите-учесници во енергетскиот сектор, ЕЛЕМ, МЕПСО и ЕВН. Во делот на работата и функцијата на АД ЕЛЕМ, обврските за набавување и за испорака на електрична енергија се намалуваат, поради тоа што се остава дистрибутивната компанија сама да си ги набавува потребите од електрична енергија за покривање на загубите при нејзината дистрибуција. За мене лично, ова не е најдоброто решение, бидејќи има технички тешкотии за неговата примена, а не како што се зборува, поради задржување на монополската позиција на АД ЕЛЕМ. Секогаш кога се пристапувало кон либерализација во светот, усогласувањата на моделите на пазарите на електрична енергија се правеле по детално проучување на спецификите на државите, за да не се направат грешки. Сето тоа што беше предложено од енергетската комисија е добро, но доколку Македонија има развиен пазар, како на пример Германија, каде што електричната енергија може да се набавува на часовно ниво и каде што пазарот е ликвиден. Но со оглед на тоа што Македонија нема развиен пазар, мислам дека дистрибутивната компанија тешко ќе може тоа сама да го прави на отворен пазар, бидејќи структурата на потрошувачката на електрична енергија кај нас се одликува со големи разлики во потрошувачката во текот на денот и ноќта.

Дали либерализацијата може да ја поскапи струјата за крајните потрошувачи?
- Со либерализирањето на снабдувањето се подобрува состојбата, бидејќи се воведува конкуренција, а со тоа граѓаните ќе имаат можност да избираат кој ќе им продава електрична енергија, нормално во зависност од цената и од квалитетот на услугите. Повеќе пати читам и слушам дека со либерализацијата на снабдувањето ќе се зголемела цената на крајните потрошувачи, што е апсолутно неточно, особено во делот на малата индустрија т.е. малите претпријатија. Малата индустрија со сегашните тарифи плаќа и по двапати повеќе од увозната цена на електрична енергија. Доколку се либерализира пазарот, промени ќе претрпат и тарифите, а со тоа и цените. Мислам дека развојот на малата индустрија во голема мера е закочен поради високите цени што ги плаќа за киловат-час и услугите што ги добива за тоа.

Какви се производствените резултати на компанијата и проекциите за увоз на струја?
- АД ЕЛЕМ за 2010 година има произведено 6.462.271 мегават-часа, што е 7,4 проценти повеќе од планираното за 2010 година и најголемо производство досега, особено во делот на производството на хидроцентралите, кое изнесува 2.184.831 мегавати. Успеавме минатата година да го намалиме увозот за 35,3 проценти, што би значело заштеда од околу 13 милиони евра.

Веќе подолго време во експертската јавност се дискутира за функционирање на регионална берза за електрична енергија. Што тоа практично значи и кои се очекувањата?
- Либерализацијата на пазарот на електрична енергија, а со тоа и транспарентноста и конкурентноста, се директно условени со функционирање на берза на електрична енергија, чија работа мора да е комплетно независна од сите учесници на пазарот.
Иднината на електроенергетскиот систем во Македонија ја гледам во таква околина. Без воспоставување на берза, која транспарентно ќе ја дефинира цената на електричната енергија, базирана на понуди и побарувања, тоа не може да се спроведе. Со воведувањето регионална берза, повеќе нема да постојат регулирани цени на електричната енергија за производството и снабдувањето, ценовната политика на компаниите нема да биде основана на трошоците на работа, туку на условите на пазарот.

Какви се плановите во делот на проектите и инвестициите за оваа година?
Во тек се активностите за поставување транспортен систем за ПК Брод-Гнеотино од 17,32 милиони евра, изградба на ХЕ „Света Петка“, модернизација на Блок 2 во ТЕ „Битола“. Оваа година ќе почнат и инвестициите за модернизација и ревитализација на котлите во ТЕ „Битола“, изградба на ХЕ „Бошков Мост“, изградба на ветерна фарма „Богданци“, изградба на браната „Луково Поле“ и доводот на „Корабски води“, имплементација на ЕРП-систем


http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=2181194433&id=10&prilog=0&setIzdanie=22210
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1516171819 27>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.430 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.