![]() |
![]() |
![]() |
Индустриски објекти и зони (општо) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 1718192021 35> |
Author | |
Navigator ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-May-2014 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 678 |
![]() ![]() |
Не е ова класична текстилна фабрика како повеќето кај нас, каде работниците само шијат и се извезува како полупроизвод. Фабриката е планирана како интегрирана, вклучувајќи ткајачница, предилница, фарбара, погони за шиење, така што од економски апсект би значела многу. Додеданата вредност на производот во државава би била голема. Уште повеќе што планираат да ја лоцираат во најпустиот дел од државата. Јас искрено се прашувам како ќе најдат 5000+ вработени.
|
|
![]() |
|
daci92 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 10-Dec-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1937 |
![]() ![]() |
Јас не сум видел за што и како се работи ,но во право си ,чим тие од фирмата излегле и кажале многу е веројатно да се случи, но мислам дека кинезите би играле правилно и ќе почнат од неколку објекти (еден,два дури можеби и три) и ако добро оди ќе се прошируваат да го достигнат овој план со текот на годините.
Од економски аспект не ни значи ништо освен можеби работни места, бидејќи сите знаеме како се платени текстилците (па и сите други во Македонија). |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Засега е само најава, но штом вака излегуваат пред медиуми со официјалните претставници на Веибо групацијата од Кина, ми се чини дека голема е веројатноста да се оствари оваа инвестиција. Што мислите?
Фото: МИА.мк |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Во близина на цементарница Усје. Не знам што ќе биде.
![]() ![]() |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Универзал комерц, во Визбегово, Скопје
![]() ![]() ![]() disinternacional.com.mk |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Производна хала на МИМАКО ВУД некаде во Скопје
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() disinternacional.com.mk |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
До зоната има асфалтиран пат,но внатре во зоната е права катастрофа.Снајди се па живи-така се вози
|
|
![]() |
|
jyvation ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4191 |
![]() ![]() |
Зошто нема асфалтиран пристапен пат до објективе?
|
|
![]() |
|
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
Ме изнемади пополнетоста на објекти во индустриската зона `Ивани Дол` во Кичево(оваа зона е во градот за разлика од `државната` која е на периферија).
Се градат многу објекти,а за кои немам информации за сите што ќе им биде намената. Во едниот од објектите бев кај мој пријател кој најпрво започна со една обична дупчалка и штрафцигери да прави мебел од иверици,пополека напредуваше,купуваше малку по малку во изнајмен простор,зеде некоја машина,па друга...и се реши да гради мала фабрика.Сеуште не е изградена целосно,но внатре функционира и прави мебел(кујни,детски,спални,комоди...).Пример дека можи да се успее и од нула. Тоа е овој објект зад камиончето. ![]() а еве ги и другите објекти,а за жал првиот инвеститор(од Турција) кој требаше да изгради фабрика за ремчина за сатови,објектот го пренамени во `ресторан`среде индустриска зона. ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() Edited by gjoko - 01-Jun-2014 at 01:19 |
|
![]() |
|
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
МИЗО: ДВОЈНО ЗГОЛЕМЕН ИЗВОЗОТ ОД ЗОНИТЕ
Од почетокот на годината до крајот на април вредноста на извозот од слободните економски зони изнесува 350 милиони евра. Извозот изнесувал 250 милиони евра и е поголем во однос на истиот период лани за 95 отсто. Ако продолжи ова темпо, до крајот на годинава се очекува да се надмине планираниот извоз од зоните од 1,2 милијарди евра и извозот од зоните во вкупниот извоз да достигне 30 проценти. „Драстично е зголемувањето на извозот во однос на минатата година. Само за еден месец е остварен извоз од зоните од околу 100 милиони евра и сме на пат да се достигне, можеби и да се надмине вкупниот планиран извоз од зоните од 1,2 милијарди евра на годишно ниво“, изјави за МИА, директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони, Виктор Мизо. Според него, ова е резултат на активноста на втората фаза во производството на „Џонсон Мети“, која активно произведува дополнителна вредност, како и на „Ван Хол“, „Џонсон контролс“ во Штип и на „Кемет електроникс“. Истовремено, многу е зголемен и извозот од „Продис“ и од „Текнохозе“ што е показател на ефикасноста на производството од овие компании, како и на заздравувањето на европската економија, бидејќи сите овие производи се наменети за тој пазар. http://www.utrinski.mk/?ItemID=B10EBC830C5B0B46BB0E5D115C93F606 |
|
![]() |
|
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
Ван Хол: воодушевени сме од Македонија!од Светлана Јовановска, НОВА | објавено на: 08-05-2014 11:04:41
Во понеделник во Македонија ќе биде свечено инаугурирана фабриката за производство на автобуси, белгиска инвестиција на фирмата “Ван Хол”. На свеченоста на отворањето на фабриката е предвидено обраќање на премиерот Груевски и на газдата на “Ван Хол” Филип Ван Хол. Според Дирк Сноуварт, портпарол на фабриката во Белгија, македонската производна линија работи веќе од 2012 година но свеченоста на отварањето е предвидена за 12 мај. Фабриката во Македонија веќе произвела 125 автобуси кои се наменети за американскиот пазар. “Работата во Македонија се одвива непречено и досега, наместо 100 автобуси колку што планиравме, произведовме 125. Морам да ви кажам дека сме воодушевени од нашето македонско искуство и од сите контакти што ги имавме во земјата со вработените, конструкторите и владата”. вели за НОВА портпаролот на фабриката. Ова е прв пат “Ван Хол” да гради фабрика во една странска земја а две фабрики за автобуси фирмата има изградено во Белгија. Во Македонија “Ван Хол” вработува 430 лица додека во Белгија се вработени 4.000 луѓе. Оваа инвестиција во белгискиот печат се толкува како за заштеда за фирмата. Во Македонија “платите се 80 отсто пониски отколку во Белгија. Со време фирмата има амбиција да произведува во Македонија исто толку автобуси колку што произведува во Белгија”, пишува дневниот весник “Де Тејд”. Белгиската фабрика нема да биде проширена и македонската инвестиција нема да донесе отпуштања во Белгија, ветува Ван Хол за белгискиот дневник. Но тој признава дека во Белгија фабриката дошла до својот лимит: “Без нашата македонска фабрика фирмата не би можела да преживее”, вели тој. Според портпаролот со кој НОВА зборуваше огромната разлика во платите помеѓу Белгија и Македонија не е единствената причина поради која Ван Хол решил да инвестира кај нас : “Во Македонија најдовме исто така големо искуство во производството на автобуси”. Инвестицијата во Македонија изнесува 40 милиони евра и се планира годинава да се произведат 300 автобуси а во 2015 година дури 500. Веста за делокализирањето на фабриката во Македонија предизвика многу коментари на социјалните мрежи. Тие главно искажуваат незадоволство поради производството на автобуси во Македонија каде што платите се 80 отсто пониски. Во Белгија за десет дена се одржуваат парламентарни избори па корисниците на социјалните мрежи сметаат дека владата мора да стори нешто за да го сопре заминувањето на белгискиот капитал во странство. “Нека им ги намалат платите на еврократите за 80 отсто па веднаш ќе има стане јасно за што станува збор!”, вели еден Фесјбуковец. “Кога политичарите ќе сфатат дека високите социјалните трошоци за работодавачите ја убиваат белгиската економија?”, се прашува Емануел кој го одобрува чекорот на “Ван Хол”, додека Алберт вели дека “македонските работници доаѓаат кај нас затоа што овде се подобро платени а нашите фирми одат кај нив за да плаќаат помалку”. http://novatv.mk/index.php?navig=8&cat=2&vest=13912 |
|
![]() |
|
Danielbtmk ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 26-Jan-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 693 |
![]() ![]() |
Во Штип почна изградбата на фабрика за автобуски шасии Во индустриската зона „Запад“ компанијата „Актива“ гради хала во која ќе се произведуваат шасии за потребите на белгиската компанија „Ван Хоол“ Иван Бојаџиски |
|
![]() |
|
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
многу земја заминало одовде,два и пол пати повисоко од камионите
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Во новоформираната индустриска зона „Караслари” се вршат интензивни градежните работи за изградба на фабриката на германската компанија „Marquardt GmbH”.
![]() Извор: Фејсбук страницата на општина Велес |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
stratus ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Aug-2010 Location: Bitola/Skopje Online Status: Offline Posts: 755 |
![]() ![]() |
![]() |
|
daci92 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 10-Dec-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1937 |
![]() ![]() |
Денес КСС (KeySafetySystems) објави дека инвестира во Македонија, поточно Кичево. Според нивниот сајт почетната инвестиција е браунфилд на крајот на 2014 година, а последена со гринфилд на средината на 2015 година.
Соопштението во ПДФ можете да го најдете директно на почетната страна на компанијата , а линкот е на почетокот. Мене лично ме интересира која компанија/загубар откупиле или ќе откупат во Кичево бидејќи во соопштението пишува дека земјиштето овозможува големи проширувања во иднина, а за гринфилд мислам дека ќе трчаат во ТИРЗ да влезат. |
|
![]() |
|
Danielbtmk ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 26-Jan-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 693 |
![]() ![]() |
Холандска „Антура“ во Кочани ќе отвори 300 работни местаАнтура од Кочани ќе продава расади на орхидеи на странските пазари, првенствено на западно-европските. Инвестицијата се проценува на 6 милиони евра... На самиот влез на Кочани речеиси една до друга ќе се простираат погоните на американската компанија Амфенол и холандската Антура. Багерите, машините, камионите, интензивно го рамнат теренот каде што Холанѓаните ја градат фабриката за украсно цвеќе. Со инвестицијата која се проценува на 6 милиони евра, ќе бидат вработени 300 лица. „Кога се зема во предвид оваа инвестиција, заедно со американската Амфенол, гледаме дека има голема перспектива во Кочани, за вработување, за иднината на младите. И за дополнително вклучување и на домашните компании во вакви проекти“, истакна Веле Самак- министер без ресор за привлекување странски инвестиции. Антура од Кочани ќе продава расади на орхидеи на странските пазари, првенствено на западно-европските. Плановите се до крајот на летото да завршат градежните работи во холандската фабрика, а по обуката на менаџментот во Холандија да започне и пробното производство. Веќе од крајот на годината за странство треба да заминат првите орхидеи од кочанската почва. Градоначалникот, Ратко Димитровски планира искористување на постојните напуштени погони, но и урбанизација на нови индустриски зони за идни инвеститори. „Правиме напори да главниот проблем во Општината, невработеноста, го сведеме, ако ништо друго, туку на ниво на Македонија, ако не и подолу“, вели Ратко Димитровски, градоначалник на Кочани. Во кочанскиот регион невработени се над 6.000 граѓани, најголемиот дел од нив се над 50 годишна возраст. |
|
![]() |
|
Danielbtmk ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 26-Jan-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 693 |
![]() ![]() |
Инвестиција на „Филкаб“ од 3,5 милиони евра
![]() Бугарската компанија „Филкаб“ инвестира 3,5 милиони евра во нов производствен капацитет за електроматеријали со што ќе се отворат 100 работни места. Ова го објавија денеска министерот за странски инвестиции Џери Наумоф и менаџментот на компанијата, која веќе 10 години е присутна на македонскиот пазар. Објектот ќе се простира на 10.000 квадратни метри во Визбегово и ќе произведува трафостаници за пренос на електрична енергија. Производството е наменето за домашниот пазар. „Оваа инвестиција ќе биде голем економски поттик за Скопје што ќе обезбеди повеќе од 50 вработувања во почетната фаза и можност за повеќе од 100 нови работни места, кога инвестицијата ќе работи со полн капацитет“, изјави Наумоф. Тој најави дека во моментов се преговара со уште неколку други бугарски компании од земјоделскиот сектор и минерални суровини кои сакаат да инвестираат во земјава. Според Миле Шаоски, претставник на „Филкаб“, досега се инвестирани околу еден милион евра во имот, проекти и складишни објекти. „Веруваме дека со одлуката да имаме сопствен производствен и логистички капацитет во Македонија ќе успееме да ја зајакнеме својата позиција не само на локалниот пазар, туку и во западнобалканскиот регион“, рече Шаоски. извор |
|
![]() |
|
Danielbtmk ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 26-Jan-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 693 |
![]() ![]() |
Британската компанија „Ендава“ влегува во МакедонијаКомпанијата за информатичка технологија „Ендава“, една од најбрзо растечките компании во Европа, го најави својот влез во Македонија. Британската компанија во земјава ќе произведува софтвер за големи фирми, а во првите 3-4 години во земјава има намера да вработи околу 450 луѓе, пред се ИТ инжинери. Инвестицијата на „Ендава“ во Македонија ќе изнесува два милиони евра, најави извршниот директор на компанијата Џон Которел, кој во Скопје се сретна со премиерот Никола Груевски и со претставници на економскиот тим во македонската Влада. „Од 40 градови во Европа го избравме Скопје затоа што постои брз раст на ИТ секторот, забрзаниот економски раст и високообразованиот кадар”, рече Которел. По првичната инвестиција во главниот град, компанијата има намера да отвори центри и во Штип и во Тетово. Директорот на Агенцијата за странски инвестиции Висар Фида вели дека компанијата веќе почнала со едуцирање на првиот тим на ИТ инженери. Седиштето на „Ендава“ е во Лондон, а компанијата има канцеларии и во Њујорк, Франкфурт. Атланта, Глазгов и Оксфорд. Оваа фирма во моментов вработува вкупно околу 1.500 луѓе. |
|
![]() |
|
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
Јас редовно купувам млечни производи од оваа фирма,и можам да кажам дека се доста квалитетни,на ранг на најдобрите во РМ
|
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 1718192021 35> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |