build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Енергетика
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Енергетика (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1718192021 27>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #361 Posted: 15-Sep-2010 at 05:52

Отворен реконструираниот Национален диспечерски центар на АД МЕПСО

Премиерот Никола Груевски денеска го отвори целосно реконструираниот Национален диспечерски центар со кој АД МЕПСО управува со електроенергетскиот преносен систем на Република Македонија.

- Оваа реконструкција значи нова и најсовремена опрема во Диспечерскиот центар, замена на диспечерскиот пулт, замена на целокупниот ентериер на салата на Центарот како и значително олеснета работа на диспечерите кои 24 часа дневно и седум дена во неделата го управуваат електро-енергетскиот систем на државата и се грижат за македонските корисници, рече премиерот Груевски.

Тој истакна дека АД МЕПСО практично доби нов Диспечерски центар кој ги исполнува сите стандарди пропишани од меѓународните енерегетски организации и со кој се обезбедува навремено и ефикасно следење на производството, преносот на целокупната електрична енергија, потрошувачката, напонот, фреквенцијата, оптоварувањата на преносната мрежа и други потребни информации.

- Вака организираниот систем за следење и управување со државниот електро-енергетски систем овозможува сигурно и стабилно снабдување со електрична енергија како на домашната економија така и на нашите граѓани, нагласи Груевски.

Досегашнот директор на АД МЕПСО Владимир Здравев потенцира дека Македонија со реконструкцијата има Национален диспечарски центар еднаков на оние што ги имаат земјите во ЕУ.

- Работата на диспечерите значајно ќе биде олеснета заради тоа што новиот дисплеј нуди модули и можности за полесно водење на системот и воочување на сите случувања во електроенергетскиот систем, рече Здравев, нагласувајќи дека сега Македонија е рамноправен партнер на Европската заедница на електроенергетски системи.

Тој посочи дека досегашниот менаџерски тим на МЕПСО успеал загубата од 27 милиони евра во 2007 година, во 2008 да ја намали на 4,5 милиони евра, а во 2009 година да оствари добивка од 13,8 милиони евра.

- Во 2010 година на полугодието компанијата е во добивка од речиси пет милиони евра, а до крајот на август добивката изнесува 7,6 милиони евра. Овој резултат е остварен во услови на намалена економска активност во нашата земја предизвикана од глобалната економска рецесија што претставува уште еден цврст аргумент дека деловната политика на менаџментот на АД МЕПСО е успешно избрана и доследно применета, рече Здравев.

Досегашниот директор на МЕПСО истакна дека годинава по првпат компанијата доби еден милион евра за надоместоци за трошоците за транзит на електрична енергија низ македонскиот систем од Европската асоцијација на преносни систем-оператори (ЕНТСО-Е).

Здравев нагласи дека во изминативе неколку години се реализирани многу значајни проекти во АД МЕПСО меѓу кои го истакна ставањето во функција на новата 400/110 KW-трафостаница Штип што е најголема инвестиција во енергетскиот сектор во источна Македонија во измјинативе 20 години.

http://sitel.com.mk/dnevnik/biznis/otvoren-rekonstruiraniot-nacionalen-dispecherski-centar-na-ad-mepso










МИА фото


Edited by lslcrew - 15-Sep-2010 at 05:55
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #362 Posted: 01-Sep-2010 at 17:35

МЕПСО купи опрема вредна над два милиони евра

01 септември 2010, 16:04
Извор: Макфакс
Скопје

Македонскиот електропреносен систем оператор (МЕПСО) објави дека купува опрема во вредност од над два милиони евра за 400 kV (киловолтно) и 110 kV (киловолтно) напонско ниво.

За таа цел претставници на АД МЕПСО и на АББ, реномиран шведски производител на електро-опрема, денеска склучија договор за купопродажба, испорака и инсталација на високонапонска опрема за 16 трафостаници.

Во рамки на овој проект финансиран со кредитна линија од Светската банка набавени се прекинувачи, одводници на пренапон и мерни трансформатори за далеководни полиња на 400 kV и на 110 kV напонско ниво,  раставувачи за 110 kV напонско ниво и друга дополнителна опрема, се појаснува во соопштението на МЕПСО.

Инсталацијата на новата опрема АББ ќе треба да ја изврши во наредните пет месеци. /крај/со/ап/

http://www.time.mk/read/72314c0fa7/d633b350ef/index.html
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #363 Posted: 20-Aug-2010 at 16:09

ЕВН ја осовременува електрична мрежа

Неколку милиони евра инвестирала ЕВН во реконструкција на застарената мрежа во државата на која повеќе од дваесет години не се интрвенирало. 

ЕВН%20ја%20осовременува%20електрична%20мрежа

Во Куманово, последните две години интензивно се работи на подобрување во снабдувањето со електрична енергија.

Се прават квартални анализи каде се појавуваат проблемите во зимскиот период па следните летни месеци мрежата се реконструира. Последните две години се поставени нови дваесетина трафостаници, а зајакнати се и постоечките на оние места каде што било неопходно. Сукцесивно се заменуваа старите дрвени бандери со нови бетонски, направени се два нови изводи со што ќе се зголеми довербата меѓу ЕВН и граѓаните - вели Атанас Ковачевски, портпаролот на ЕВН. 

Според Ковачевски, сите тие инвестиции покажуваат дека во 2010 година немало поголеми проблеми. Во наредниот период најавуваат реконструкција и дислокација на неколку трафостаници во градот каде што почесто се јавуваат проблеми, но и замена на дрвените електрични столбови како и ставање на нови кабли со поголем пречник. Од подрачната единица во Куманово известуваат дека според планираното,снабдувањето и наплатата до сега се задоволителни.

http://www.kumanovonews.com/vesti/vesti/evn-ja-osovremenuva-elektricna-mreza.html

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #364 Posted: 11-Aug-2010 at 16:01

АД ЕЛЕМ годинава вложи 100 милиони евра во РЕК Битола

АД „Електрани на Македонија“ и годинава продолжи да инвестира во нови енергетски проекти  кои ќе придонесат за солидна енергетска стабилност и унапредување на енергетскиот систем на Република Македонија.

Во таа насока, како што соопштуваат од ЕЛЕМ, во РЕК Битола започна реализацијата на модернизација и автоматизација на турбоагрегатите на термоелектраните „Битола“, најголемата инвестиција од  завршувањето на изградбата  на комбинатот во 1988 година.

- Според договорот, руската компанија „Силовие машини“, која е избрана како најповолен понудувач, по принципот „клуч на рака“, почнувајќи од годинава па заклучно со 2012 година, ќе ја реализира оваа инвестиција вредна  55,9 милиони евра, од кои 30 милиони евра се кредитно задолжување од Стопанска банка АД Скопје, додека останатите   25,9 милиони евра се сопствени средства на АД „Електрани на Македонија“, истакнуваат од компанијата.

Модернизацијата  на турбоагрегатите на ТЕ „Битола“, која е во тек, како што се посочува, е насочена пред се` кон зголемување на доверливоста во работа на термоелектраната и продолжување на експлоатациониот век на енергетските блокови за најмалку уште 120.000 работни часови.

- Инвестицијата ќе ја зголеми инсталираната моќност на секој од трите агрегати во ТЕ „Битола“ за дополнителни 8,32 мегавати по блок, односно вкупно 25 мегавати инсталирана моќност за трите блока. Тоа ќе значи и зголемување на производството на електрична енергија од 160 до 200 гигават часови на годишно ниво, без зголемување на специфичната потрошувачка на јаглен, се истакнува во соопштението од ЕЛЕМ и се додава дека со модернизацијата  на енергетските блокови ќе ги редуцира динамиката и оперативните трошоци за ремонти и тековно одржување на термоелектраната во наредниот период.

Годинава АД ЕЛЕМ   со отворањето  на подинската јагленова серија на рудникот „Суводол“ и набавката и монтажата  на еден нов БТО систем составен од багер СРс 1050 и одлагач А2РСБ 5500 во кој се вложени 25 милиони евра, како и зајакнувањето на  производниот процес на површинскиот коп Брод – Гнеотино со два багери дреглајни еш 10/70 вредни 4,5 милиони евра како и изградбата на  асфалтниот пат од село Новаци до рудничкиот круг во Брод - Гнеотино, инвестира   повеќе од 100 милиони евра во нашиот најголем електроенергетски капацитет.

- Потпишан е и договорот со германската компанија „Тисен Крупп“  за набавка и монтажа на главниот транспортен систем за јаглен од површинскиот коп Брод – Гнеотино до рудникот „Суводол“ во должина од 10 километри, што претставува инвестиција вредна 17,3 милиони евра, која ќе се реализира во наредните 12 месеци, потсетуваат од АД ЕЛЕМ и нагласуваат дека последните инвестиции ќе придонесат за продолжување на векот на експлоатација на РЕК„Битола“ и за стабилно производство на електрична енергија во наредните 20 до 25 години.

http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis/ad-elem-godinava-vlozi-100-milioni-evra-vo-rek-bitola

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #365 Posted: 11-Aug-2010 at 14:42

Започна модернизацијата во Термоелелктраната на РЕК „Битола“

Пеце Стефановски Коментари (0)   
11.08.2010 15:22
Термоелектраната РЕК „Битола“

 

Со инвеситиција тешка 56 милиони евра, Државните електрани на Македонија ја започнаа модернизацијата на турбоагрегатите во Термоелектраната на РЕК „Битола“.

Пристигната е опремата за целосна ревитализација и модернизација на првиот блок и по демонтажата на старата опрема и постројки, до 25-ти октомври се очекува да биде инсталирана и ставена во функција, велат менаџерите на ЕЛЕМ, кои денеска го посетија најголемиот производител на електрична енергија во Македонија.

„Со овој проект очекуваме да го продолжиме работниот век на РЕК „Битола“ најмалку за дваесет години. Тука зборувам, пред се, на Термоелелктраната, зашто очекуваме да добиеме нови турбини, како за низо, така за среден и висок притисок, понатака, целосна модернизација на генераторите, а со тоа, ќе добиеме нови 120.000 работни сати за целата турбина од целиот блок“, рече денеска директорот на ЕЛЕМ Влатко Чинговски.

Во наредните две години, ќе се пристапи кон модернизација и на вториот и третиот блок, со што, покрај продолжувањето на работниот век на термоелелктраната за две децении, инсталираната моќност на трите блока ќе се зголеми за 25 мегавати со зголемување на производството на електрична енергија за 200 гигават часови годишно, без зголемување потрошувачката на јаглен. Паралелно со оваа инвестиција, ќе се обезбедат и потребните количества на јаглен, вели првиот човек на ЕЛЕМ.

„Активно работиме на сериозно отпочнување со експлоатација на јагленокопот „Брод- Гнеотино“, од каде што првите количества на јаглен веќе доаѓаат оваа година. Со тоа, ќе го релаксираме рудникот „Суводол“: Понатаму, започнавме со отворањето на подинските јагленови серии, од каде што очекуваме идната година да започнат да течат првите количества на јаглен, и на тој начин, со една комбинирана експлоатација на трите рудници, во наредните дваесет години РЕК „Битола“ да биде стожер на електроенергетскиот сектор во Македонија“, рече првиот човек на државните електрани.

Последниве четири години, во развојот на РЕК „Битола“ се инвестираат 100 милиони евра или 60% од вкупните инвестиции на ЕЛЕМ, велат менаџерите на оваа државна компанија.

http://www.time.mk/read/f4f3d118fa/91cbc356e0/index.html
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2190
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #366 Posted: 19-Jul-2010 at 17:56
Проект за Постројка за производство  на когенеративна енергија од биомаса во Кочани

Место на реализација : Хартија КО - Кочани

На основа на постапката за верификација за ЦДМ проект ЕУРЕЦНА- Италија ја става на јавен увид ПДД документацијат а. Јавна расправа по истата ќе се одржи на ден 23.07.2010 год. со почеток во 11 часот во сала на Совет на Општина Кочани. Сите коментари  за истата можат  да се поднесат  по писмен пат до  едношалтерска канцеларија на Општина Кочани до 05.08.2010г.

За детални информации :

Тел 072 275 629

Координатор  Гоце Серафимов

http://www.kocani.gov.mk/pdf,%20ppt/biomasa/prevod%20PDD-CDM%20biomass-fed%20plant%20kocani%20-%20steam%20and%20electricity%20production%20-%20version%203%200.pdf

Ne razbrav baš no kolku što razbrav ke pravat stanica za proizvodstvo na energija od bio masa, so koja ke se snabdeva fabrikata i ostanototo omrežje.
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #367 Posted: 13-Jul-2010 at 14:08
Малешевијата со трафостаница на далечинско управување Делчево, 13 јули - Малешевскиот крај доби трафостаница на далечинско управување, со што се зголемува сигурноста во управување на мрежата во источниот дел на земјата, соопштуваат од „EVN Македонија“.

Трафостаницата  „Делчево“ е со јачина од 110 kV и е вклучена во централниот систем  за  далечинско управување на високо и  среднонапонската електроенергетска мрежа.

Со тоа, како и со зголемување на  мобилноста на  екипите во беровско и Македонска Каменица, се подобрува сигурноста во  управување со мрежата во источниот дел на земјава.

„Со софистицираниот „СКАДА“ систем овозможено е постојано далечинско набљудување на работата на трафостаниците, преглед на оптоварувањата во секој момент, реагирањето на заштитите, како и контрола на прекинувачите. Тоа овозможува помалите прекини во снабдувањето со електрична енергија да бидат санирани веднаш, а времето за лоцирање на поголемите прекини да се сведе на минимум“, соопштуваат од „ЕВН Македонија“.

Далечински се управуваат и скопските трафостаници на високо и средно напонско ниво,  како и 110 kV трафостаница „Теарце“.

По Делчево, наскоро во системот ќе бидат влучени и 110kv  трафостаници „Полог“ – гостиварско и „Овче поле“ – штипско.  / Журнал МК /

http://zurnal.mk/mk/cont.asp?k=21208181242&s=251209112732&ID=1371014139
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #368 Posted: 12-Jul-2010 at 17:31

Ѓубрето од лозјата ќе го грее Неготино

Од шест илјади тони биомаса од комињето и исечени винови лози може да се добијат 1.315 киловат-часови топлинска енергија и 350 киловат-часови струја

Комињето добиено како отпад при производството на грозје во винарската визба „Повардарие“ од Неготино со ѓубрето што останува по кроењето на виновите лози во иднина би можеле да се користат за добивање електрична и топлинска енергија во постројка во близина на винарницата. Ќе се добие топла вода, која преку систем на греење на далечина ќе ги затоплува јавните објекти во градот, како училишта, болници, полиција, зградата на општината. Голем интерес за новиот проект покажал и приватниот сектор, па ќе им била дадена можност и на домаќинствата да ја користат ова чиста енергија произведена на еколошки начин.

- Следува регистрацијата на проектот во рамките на механизмот за чист развој пред одборот на Обединетите нации - соопшти Никола Тиеци од консултантската куќа „Икаро“ од Италија.

Тој беше еден од промоторите на пилот-проект за добивање енергија од биомаса. Промоцијата се одржа вчера во Неготино, а е дел од билатералната соработка помеѓу Италија и Македонија. На промоцијата беше кажано дека од овој проект, на кој се работело изминативе шест месеци, интерес би имале и двете страни.

Промоторите истакнаа дека досега ѓубрето од лозаровинарството не се користело за ништо. Со овој проект, ќе им се помогне на лозаровинарите да се ослободат од него, а за тоа ќе добијат пари.

Со пилот-проектот се предвидува постројката да се храни со шест илјади тони биомаса годишно. Од вкупно произведената енергија, 80 отсто ќе бидат топлинска, а остатокот електрична. Тоа би значело производство на 350 киловат-часови електрична и 1.315 киловат-часови топлинска енергија. Со топлинската, би можеле да се загреат 30 илјади квадратни метри површина. Топлинската енергија ќе биде со пониска цена од онаа произведена со традиционални горива. Ако проектот се покаже како успешен тој би се пресликал со нови постројки во целиот Тиквешки регион.

Елаборатот за влијанието на проектот врз животната средина изработен од друштво за еколошки консалтинг од Скопје покажал дека работата на постројката ќе нема значително влијание врз животната средина. Италијанците веќе поднеле писмо за интерес до Министерството за животна средина. Во светот вакви постројки веќе биле секојдневие.

По довршувањето на бизнис-планот, тој ќе се понуди до инвеститори. Италијанците се сигурни дека ќе има интерес за вложување во економски исплатливиот проект кој тежи над 2 милиона евра.

Светлана Дарудова

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=A429CE7D07588847AB999AE2CBAC434D
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #369 Posted: 28-Jun-2010 at 15:15

Нова студија за старата топлана во Каменица

Општина Македонска Каменица работи на изготвување студија за активирање на постојната топлана во градот, која веќе десетина години не работи.

Според градоначалникот Дарко Митевски, студијата во која и Општината Македонска Каменица вложува сопствени пари треба да покаже дали може топланата да користи биомаса како енергент.

Воедно се очекува студијата да ги презентира расположивите капацитети за добивање биомаса во Источниот плански регион, како и за потенцијалите на расположливиот шумски фонд.

Студијата за ревитализација на топланата во Македонска Каменица е поддржана и со пари од Источниот плански регион, во чиј дел спаѓа и Македонска Каменица.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=CA6F5DFE69F0184AB9661B6634ED1B34
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #370 Posted: 24-Jun-2010 at 15:03
Нов далновод Вруток - Тетово dalekovod.jpgЗа три месеци се планира да завршат сите планирани работи на изградбата на новиот 110 киловолтен двосистемски далновод ХЕЦ „Вруток" - Тетово. На траса долга 40 км ќе бидат поставени 113 метални столбови.

Работите ги изведува АД Емо од Охрид. Инвеститорот АД за пренос на електрична енергија и управување со електроаенаергетскиот систем ќе вложи 3.000.000 евра сопствени средства и кредит добиен од Европската инвестициона банка.

 

Со ставањето во функција на новиот далновод, не само што ќе се зголеми капацитетот за пренос на електрична енергија, туку над 120.000 жители на полошките градови Гостивар и Тетово и на селските населби, редовно и навремено ќе се снабдуваат со електрична нергија без проблеми и дефекти.

http://www.porta3.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=2258&Itemid=125
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #371 Posted: 22-Jun-2010 at 18:55

ЕВН - ОПШТИНА ТЕТОВО


Реконструкција на електроенергетската мрежа


Реконструкција на електроенергетската мрежа во центарот на Тетово е заеднички проект на ЕВН-Македонија и општинските власти за модернизација на мрежата и подобрување на снабдувањето со електрична енергија. Со овој проект, нисконапонската воздушна мрежа на улиците во најстрогиот дел од центарот на Тетово, се реконструира во подземна со зголемен кабелски капацитет.

Со ова заедничко вложување на општината и ЕВН-Македонија се елиминираат сите атмосферски влијанија и критични точки при снабдувањето, а истовремено подземната електроенергетска мрежа се усогласува со тековната реконструкција на улиците во градот Тетово. Такви проекти се предвидени и во други делови од градот Тетово, за што ЕВН-Македонија не ја исклучува можноста и за понатамошна соработка со општината.

Инаку проблемите кои во годините наназад се јавуваа со снабдувањето со електрична енергија во Полошкиот регион се веќе минато. Тетово и Долни Полог на крајот на минатата година добија нова 110 кВ трафостаница со која се обезбеди квалитетно напојување за потрошувачите од општините Теарце, Јегуновце, Желино и дел од Тетово.

 
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #372 Posted: 20-Jun-2010 at 15:47
Груевски: Се очекува веројатно најкрупниот пакет на инвестиции во енергетиката

Скопје, 20 јуни 2010 (МИА) - Претседателот на Владата Никола Груевски денеска изјави дека веќе е сигурна изградбата на гасоводот во земјата и оти се добиени гаранции за изградба на хидроцентралата Бошков мост, а се работи и на изградбата на хидроцентралите Луково поле, Чебрен и Галиште.  

- Овие инвестиции како пакет се веројатно најкрупниот пакет на инвестиции во енергетиката од нашата независност до денес. Сите се веќе високо извесни, значи сигурни, и од тој аспект сериозно ќе влијаат на порастот на економијата и на БДП додека се градат, оцени премиерот.

Груевски изрази задоволство што изминатите денови претседателот на државата Ѓорге Иванов и заменик претседателопт на Владата Зоран Ставрески имаа успешни средби во Русија, каде се договорија неколку занчајни работи за изградба на гасоводот.

- Русија даде согласност Македонија да биде вклучена во гасоводот Јужен поток, што е многу значајно за нас, за нашата идна енергетска сигурност. Долго време работевме на овој случај. Лобиравме низ повеќе држави така што ова е круна на напорите што се правеа еден подолг период. Исто така, е потпишана и согласноста што наскоро треба да биде ратификувана во парламентите, со која ние го решаваме клириншкиот долг со Русија на начин што околу 60 милиони долари ќе бидат инвестирани во изградба на нашиот гасовод. Гасоводот нема да чини толку, ќе чини повеќе, рече Груевски. Останатите средства, додаде тој, ќе ги обезбедиме од буџетот и од Европската банка за обнова и развој. Во моментов гасоводот е во фаза на проектирање.

- Добивме исто така гаранции од Европската банка и од Европската инвестициона банка за финансирање на проектот Бошков мост, кој многу брзо би требало да се подготви и да се почне со градба, се надевам следната година. Во длабока фаза се разговорите и со позитивен сигнал од Светската банка за изградба на хидроцентралата Луково поле. Трет значаен проект се хидроцентралите Чебрен и Галиште, кои се во фаза на процедура на барање концесионер. Се очекува до крајот на ова лето да го дознаеме концесионерот, најави премиерот.

Овие инвестиции, според него, сериозно ќе влијаат на економијата и на БДП.  - Само Чебрен и Галиште додека се градат ќе има влијание за раст од два отсто на БДП, дополнително Бошков мост, Луково поле, изградбата на инфраструктура за гасификацијата...сите заедно ќе имаат сериозно влијание на растот на економијата и на отворање нови работни места, оцени Груевски.            

Претседателот на Владата, кој денеска беше на поставувањето камен-темелник на новата зграда на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, рече дека со ребалансот на Буџетот се прави кратење на многу позиции, но оти е внимавано да не запре ниту еден капитален проект.

- Можеби некои од нив само малку ќе забават, но сите остануваат во плановите за завршување. Сите проекти ќе бидат завршени, само малку ќе се раздолжи времетраењето на нивното завршување. Освен кај делот на капитални проекти, скратено е и во делот на материјални трошоци, и на други позиции. Извршивме и намалување на платите на министрите и на замениците министри и на некои други државни функционери за да покажаеме дека во овие тешки времиња ние сериозно и одговорно го разбираме скратувањето на средствата, изјави Груевски.

Премиерот демантираше дека Владата им должи на градежниците 600 милиони денари.

- Износот кој А1 телевизија го изнесе дека им должиме 600 милиони на градежниците е целосно неточен. Колку што разбрав тој износ е пласиран од поранешен министер, човек кој пред 17 години кратко време беше министер за финансии. Сумата е целосно неточна и е многу далеку од вистината. Ние се трудиме на сите навреме да им плаќаме, иако некогаш има мали задоцнувања, но за кратко време се средуваат тие работи. Тоа може директно да го проверите во фирмите со кои соработуваме, рече премиерот.

http://www.mia.com.mk/default.aspx?vId=74868322&lId=1&pmId=504
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #373 Posted: 10-Jun-2010 at 16:14

Здуњчани против изградбата на далноводот Вруток - Тетово

Жителите не го даваат имотот без соодветно обесштетување

Киро Кипроски


ГОСТИВАР - Шаќир Муслиу, Аќиме Незири, Неџати Незири и Резак Ајдини од гостиварското село Здуње вчера се спротивставија на монтирање метални столбови за новиот далновод ХЕЦ „Вруток“ – Тетово што треба да се постават на нивно земјиште. За овој зафат, што требаше да го изведат работниците на „ЕМО - Охрид“, фирма ангажирана од АД МЕПСО. Жителите бараат обесштетување. Незадоволните здуњчани беа поддржани од дваесетина соселани на чии ниви во наредниве денови, исто така, треба да има метални столбови.

„Не сум против поставување метален столб. Но, прво да ми платат обештетување, а потоа нека градат“, изјави седумдесет и петгодишниот Шаќир Муслиу. Тој вели дека за 841 евро три години бил по судови и дека повеќе потрошил за адвокат и за судски трошоци, од надоместокот што го очекува. Муслиу нагласува дека парите за купување нива ги заработил со мака и деноноќно работење на печалба, а некој сака да му земе имот без пари.

Со поставувањето метални столбови среде ниви, тврдат луѓето од Здуње, пазарната вредност е намалена за неколку пати. Во овој дел на здуњскиот атар, кој е претворен во индустриска зона, понудата се движи меѓу 70 и 100 евра за квадратен метар. „Три столба треба да има на моите ниви. Тоа не го дозволувам додека МЕПСО не плати за отштета“, категоричен е Неџати Незири.

Пред три години, незадоволни од понудената сума од 15 евра за квадратен метар, оштетените здуњчани го тужеа МЕПСО. По неколку рочишта и вештачење на стручњаци по агрономија и економисти, лани, Основниот суд Гостивар донесе решение со кое наместо 15 евра, тужената страна треба да им исплати 27 евра. Ова решение МЕПСО го обжали. Како што вели Никола Стојанов, портпарол на компанијата, согласни се да ги обесштетат сопствениците по завршување на судската постапка кога ќе биде утврден. За оваа намена се депонирани средства.

АД за пренос на електрична енергија и управување со електроенергетскиот систем во државна сопственост МЕПСО има судски извршни решенија за да гради и да подигнува метални столбови, а сопствениците да не ги попречуваат. Стојанов потенцира дека компанијата сака на мирен начин и во договор со сопствениците да ги изведува теренските работи.

Новиот 110-киловолтен двосистемски далновод ќе го поврзува ХЕЦ „Вруток“ - со трафостаница Тетово е од огромно значење за Полошкиот регион. Не само што ќе го зголеми капацитетот за пренос на електрична енергија, туку 120.000 жители на Гостивар и Тетово и на селските населби редовно и навремено ќе се снабдуваат со електрична енергија. Пред две години поради дефект на стариот далновод, жителите на овој регион неколку дена беа во мрак. За три месеци се очекува целосно да завршат сите работи и новиот 110-киловолтен далновод да биде ставен во функција. За изградбата на 113 метални столба на трасата долга 40 км ќе бидат ангажирани 3.000.000 евра кредит од Европската инвестициона банка и сопствени средства на МЕПСО.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=F252C049775DE54590205A72FBAFACC8
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #374 Posted: 31-May-2010 at 18:22
Компании
PrintPdf
ЕВН постави нова трафостаница во Визбегово
Автор: Петре Димитров     18:51 | 31 мај 2010

Почна реализацијата на проектот електрификација индустриска зона Визбегово во општина Бутел

Деновиве ЕВН Македонија постави 10кв трафостаница за напојување со електрична енергија на индустриските капацитети во оваа индустриска зона.

Со ова се овозможува стабилност во снабдувањето со електрична енергија особено поради зголемениот интерес за нови потрошувачки капацитети во овој реон. Инаку, во оваа зона предвидено е наскоро изградба на уште две 10 кв трафостаници кои целосно ќе го задоволат бараниот капацитет, но и ќе овозможат простор за нови идни приклучоци.

Сето ова е овозможено по зимското активирање на два нови 10кв изводи кои ја напојуваат оваа зона од 110кВ трафостаница „Васил Главинов“.

http://www.forum.com.mk/#23870;jsessionid=09C89118E2700D690C450151EF2B9304
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #375 Posted: 29-May-2010 at 20:16
ЕЛЕМ досега произведе речиси половина од планираната енергија за годинава
- Во првите пет месеци од оваа година „Електрани на Македонија“ успеаја да произведат 47,7 проценти од вкупното планирано производство за оваа година. -  генералниот директор на АД ЕЛЕМ, Влатко Чинговски на свеченоста што по повод  Денот на македонското електростопанство се одржа во РЕК Битола.
 
Произведените 47,7 отсто значи натфрлање за 9,1 насто од планираното производство на енергија во првите пет месеци од 2010. Чинговски нагласи дека дополнителен успех е фактот што се е реализирано со намалено производство на електрична енергија од страна на термоелектраните. Според Чинговски, најголемиот дел од произведената енергија паднала на грбот на хидроелектраните во земјава кои оствариле производство колку за цела година.

- Ако за цела година од  хидроелектраните сме планирале производство на 1.147 гигават часа, само за првите пет месеци „Електрани на Македонија“  произвеле над  1.190  гигават часа, што значи го натфрлиле годишниот план  за 3,5 насто. – нагласи Чинговски.

http://www.kurir.com.mk/index.php/vesti/makedonija/12857-elem-proizvedena-energija
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #376 Posted: 29-May-2010 at 20:01
Цитат е од премиерот, ваљда сакал да каже дека подготовката на тендерот конечно добива завршница.
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #377 Posted: 29-May-2010 at 19:57
cebren i galiste se gradat?cccccc kolku se neinformirani nasive novinari
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #378 Posted: 29-May-2010 at 19:39

Владата ќе инвестира преку 500 милиони евра во енергетиката

29 мај 2010, 17:00
Извор: Макфакс
Скопје

Во поглед на енергетиката, Владата има планирано неколку проекти со што ќе бидат инвестирани преку 500 милиони евра од Владата и плус средства од концесионерите, рече премиерот Никола Груевски.

„Она што сега следува е фокусирање на проектот „Бошков Мост“, додека проектот Чебрен и Галиште се проекти кој што добиваат полека своја завршница и ние се надеваме дека ќе завршат со успех. Само Чебрен и Галиште е проект кој ќе чинат меѓу 600 - 700 милиони евра и кој што во моментот се градат ќе влијаат на БДП од околу 2 отсто, а ќе се градат околу седум години“ рече Груевски.

Следен проект како што рече Груевски кој што директно Владата ќе го инвестира со подршка на ЕБРМ и Европската инвестициона банка е проектот „Бошков Мост“ кој што ќе чини 80 милиони евра и ќе биде значаен капацитет во енергетскиот систем на Македонија.

„Во план е исто така изградбата на Луково но и тука сме во преговори со Светската банка за подршка на овој проект. Тоа е на самата граница на Косово. Друг проект е истражувањето во Мариово за отворање на нов рудник во иднина“ рече Груевски.

Груевски додаде дека досегашните податоци укажуваат дека количината на руда веројатно ќе биде доволна за отворање рудник што неколку години ќе биде експлоатиран и ќе го продолжи векот на македонските енергетски капацитети, односно ќе овозможи изградба на нова термоцентрала од 300 мега вати, нагласи премиерот./крај/ир/
http://www.makfax.com.mk/#108742;jsessionid=858FA72B82FB1C9C269A329F94527031

Back to Top
nenad View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 741
  Quote nenad Quote  Post ReplyReply #379 Posted: 28-May-2010 at 07:03

vakvi vesti navistina me zbunuvaat. Ednas se veli deka nemame dovolno jaglen a potoa ke se pojavi nekoe otkritie na ogromni kolicini na istiot. Ako e tocno ova, propaga vo voda namerata da se gradi nuklearna centrala. Sepak imame dovolno jaglen! 

Do sledniot novinski tekst

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #380 Posted: 27-May-2010 at 22:08

ИНВЕСТИЦИЈА ВРЕДНА 25 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ВЕКОТ НА РЕК БИТОЛА

Нова експлоатација на јаглен во Суводол


Како што објаснуваат од Електрани на Македонија, во чијшто состав работи и РЕК Битола, експлоатацијата претставува нов извор на јаглен со којшто ќе се произведува електрична енергија, со што со ова производство ќе се продолжи животниот век на трите блока на термоелектраната во Битола за најмалку уште две децении


Нова инвестиција во РЕК Битола е вредна 25 милиони евра. Стартува експлоатација на подинските јагленови серии (ПЈС), а средствата се вложени за проектирање, изработка, монтажа и ставање во погон на овој БТО (Багер-транспортер-одлагач) систем, при што околу 20 отсто се сопствени средства на компанијата, а останатиот износ се банкарски кредити од германската КФВ банка и Стопанска банка.
Како што објаснуваат од Електрани на Македонија, во чијшто состав работи и РЕК Битола, експлоатацијата претставува нов извор на јаглен со којшто ќе се произведува електрична енергија, со што со ова производство ќе се продолжи животниот век на трите блока на термоелектраната во Битола за најмалку уште две децении.
- Понискиот јагленов комплекс лежи под главниот продуктивен слој на експлоатациското поле на рудникот Суводол и зафаќа површина од околу три километри квадратни, односно третина од вкупната површина зафатена со главниот јагленов слој на овој површински коп - објаснуваат од енергетската компанија. Според нив постапката почна уште во 2004 година кога беа извршени сите детални геолошки и геотехнички доистражувања во Суводол. Потоа се изготви е техничка документација, при што се добиени потребните параметри за геолошката градба, инженерско-геолошките и геомеханичките карактеристики врз кои минатата година се изработи Главен рударски проект за отворање и експлоатација на ПЈС.
- При истражните работи утврдени се геолошки резерви од 55.000.000 тони јаглен, од кои експлоатибилни резерви се 50.000.000 тони со коефициент на откривка од 1 : 4,7 метри кубни за тон - велат од ЕЛЕМ.
За потребната експлоатација на рудата во функција ќе биде ставена во погон нова модерна рударска опрема. Се работи за багер од типот СРС 1050 и одлагач А2РСБ 5500, производство на германската компанија Такраф" и двата монтирани на монтажните платоа во РЕК Битола од страна на фирмата ЕЛ-ТЕ инженеринг од Скопје.


http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=7F4A7D0A3A6B1D43ABADD3E20954D118
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1718192021 27>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.340 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.