![]() |
![]() |
![]() |
Интернет и телекомуникации |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 1718192021 28> |
Author | |
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
1. Нема тука никаде фајлови. Све иде реал-тајм!
2. SDTV koristi mpeg2 како стандард. Никој не вика дека неможе да се закодира со мпег 4, ама у тој случај би ни требало прототип опрема, па да си играме двокатни автобуси! ![]() 3. АТSC користи само северна Америка. Во европа исклучиво се користи DVB-T и ништо различно! Не знам каде примети дека е најверојатно дека ќе приметниме атсц кога тоа се користи исклучиво во америка! |
|
![]() |
|
beTon ![]() Senior Member ![]() Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3893 |
![]() ![]() |
добро HDTVто ја користи таа компресија заради помал обем на фајловите, инаку истата компресија може да се користи и за SDTVто кој е возможен со DVB стандардот... а доколку сакаме HDTV ќе мора да избереме или ATSC или ISDB стандард, што мене ми е многу веројатно, сепак станува збор за словенски телеком и тоа единствен пријавен за сега... |
|
![]() |
|
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
Бетон за забораив да те корегирам HDTV e мпег4, а обичната DVB е мпег2! Инаку кај и да е веќе у скоро време кога ќе почне да се реализира проектов ќе имаме и детални податоци, здравје боже и по некој уред по дома, чак и DVB телевизор!
|
|
![]() |
|
beTon ![]() Senior Member ![]() Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3893 |
![]() ![]() |
види тоа е тоа но онаму каде нема доволно брзина во потканалот, затоа сега работата пополека се врти на mpeg4 која е далеку подобра компресија... инаку цената на крај пак ќе ја плаќаме ние доколку он.нет се одлучат за mpeg4 сигнал, тоа значи дека четири пати поскапо ќе не чинат кутиите за декодирање дома
![]() |
|
![]() |
|
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
Америка за терестријална тв користи сосема друг стандард ATSC! Така да примерот со минесота и не е баш такла релевантен! Инаку стнадрадиве детални од тендерот неможам да ги најдам да видам што конкретно се бара кај нас! Ако гледаме така теоретски може многу комбинации да се склопат, ама производителите на опрема се раководат пред се од економичноста па така произведуваат уреди кои и не дозволуваат така комбинации по желба околу брзините! Значи кај нас ете се одлучиле за DVB-T со Frame-ови од 16 Slot-ови и нека го направат! Инаку заматувањата се поради мпег-от. Кога има пмег пренос на неколку секунди се праќа комплетна слика (обично кога има смена на кадар) и после тоа се испраќа диференцијална слика од предходната која бара помалку меморија. Секвенцата иде така. Прво комплетно па после тоа последователно неколку десетици фрејмови диференцијални. Е сега комплетната зазема скоро меморија колку сите последоватлен диференцијални, па затоа се иде на редуцирање на комплетните слики. Кога ќе се редуцира бројот на комплетните слики со секоја наредна диференцијална се намалува квалитетот поради ефектот на "акумулација на грешка".
|
|
![]() |
|
beTon ![]() Senior Member ![]() Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3893 |
![]() ![]() |
па добро она со поголем број ТВа фигуративно го кажав затоа и велам теоретски, односно онолку сигнали колку може да собере во еден DTV канал т.е. стaндардните 19mbps, еве пример HDtv со мпг2 енкрипција влече 12mbps од каналот што значи уште 7mbps остануваат за други потканали односно 3,5mbps за квалитетен пренос по тв, а може да се оди и со 1mbps но проблемот е во брзите кадри каде наместо чиста слика ќе има заматување но има и слачаи кога и по десет подканали има во еден канал пр. The Comcast system in San Francisco carries 10 subchannels исто и pbs има десет потканали во еден канал во минесота... значи зависи од енкрипцијата и од брзината, но дефаулт не бев сигурен дека се четири, сепак може повеќе па и во текстот погоре новинарот наведува дека може 15 потканали во еден канал, што сигурно му го имаат кажано во АЕК со оглед дека во текстот сите информации му се добиени од таму. |
|
![]() |
|
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
Бетон баш ме заинтересира да го прочепкам ова со телевизијава! Ај ќе побарам технички спецификации да видам што точно се планира во Македонија. Денеска на вести слушнав дека се одложил рокот до 2015, ама неможам никаде да ја најдам веста! |
|
![]() |
|
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
А за тоа веста што ја постави горе, он.нет очигледно се доста амбизиозни во намерата чим се спремни да нудат мултиплекс со 15 канали (+1 за сигнализиација и синхронизација на останатите). Него ај да ги оставиме бројкиве колки тв-а ќе бидат тоа е веќе мање више техничко прашање. Поголемо прашање е колку тв-а имаме ние што се спремни да нудат квалитетна програма. Он.нет може и хдтв опрема да достави во секој дом, ама за кого?! За бтр и за шутел ли, за мтм ли?! Поголемо прашање е програмата што ќе ја нудат тв-ата, а технички може да се најде чаре, денеска технологијата нуди избор.
|
|
![]() |
|
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
![]() Друга работа. Смешно е да кажеш дека може да се пренесат колку тв сакаш по канал. Има тука милијарда фактори. Пред се е шумот кој ограничува брзина и захтева поголема моќност на сигнали што знае да биде проблем, тука се интерверенциите (интерсимболна, меќу канална, меќуфреквентна), битска брзина, брзина на кодирање и декодирање (неколку ввидови последователно). Сето ова да се смести во една мал домашен приемник е многу повеќе од скапо. Во ваквите технологии е зацртана битска брзина и никогаш не се нарушуваат стандардите. Инаку HDTV се разликува од обичната дигитална во начинот на кој се модулира (составува) сигналот. Инаку DVB стандардот е така склопен да во него слободно може да се пренесува HDTV кое ниту ќе зафати простор на другите тв-а, а ниту пак другите тв со тоа што не се HDTV ослободуваат простор за плус тв. Што се однесува до трипл плеј, тамо се користи DVB-C standardot кој во некои мали делови се разликува од DVB-T кој е наменет пред се за слободно дистрибуирање! Има некои нови стандарди на повидок како DVB-C2 кој дава одредена 64 mbps битска брзина па во нејзе се сместуваат тв-а како што ќе ги собере. DVB во последниве години се прошири нагло со новостите. Технологиите почнуваат да нудат неверојатни брзини. Кај нас ќе бидам презадоволен доколку успешно се воведе DVB-T и веќе се оттарасиме од ова аналогно пренесување што веќе цел свет го исфрла! Официјално сме посследна земја у Европа во полето на дигитална телевизија. Уште еднаш да резимирам. Она што викаш дека ако се смести ХДТВ ќе одземе простор на брзината е точно, или па ако се постави сдтв ќе остави простор за другите е точно, но за некои стандарди кои сега искачаат од тест фази или се користат помалку од некои поамбициозни држави. Кај нас ова што сега се става е најосновната DVB-T телевизија која секако дека ќе отвори врата и да добиеме прва HDTV телевизија у Македонија! |
|
![]() |
|
beTon ![]() Senior Member ![]() Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3893 |
![]() ![]() |
еве една најава од 2007 која ја немаме евидентирано
|
|
![]() |
|
beTon ![]() Senior Member ![]() Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3893 |
![]() ![]() |
не, не ме буни тоа, затоа и во првиот пост прашувам што стори он.нет со она ветувањето за трипл плеј бидејќи ветуваа дигитална тв преку кабел, значи јасно ова сега е само терестријален дигитален кој исто ќе се фаќа од телевизор. патем јас мислев дека имаат сопствени столбови за вифи предавателите, но она инфото од капитал, но и сега кога чув од тебе дека вифи предавателите се колку пластично шише, веќе јасно е дека тогаш повеќе им се исплатело да си изнајмат простор по столбовите на СРД. инаку и за акцес поинтот се користи терминот базна станица, што треба да асоцира на база каде пристигнува главниот сигнал од репетиторот, а потоа се распределува понатака до корисниците. а за она дека кај дигиталниот сигнал за разлика од аналогниот им аповеќе капацитет во еден канал тоа е точно но работите стојат далеку повеќе од 4 односно теоретски може колку сакаш но проблемот е во брзината на сигналот, па во случај да пуштат на некоја HDtv тогаш брзината драстично ќе се намали па во каналот ќе збере помалку ТВа како не би се нарушил квалитетот на сликата! |
|
![]() |
|
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
Бетон чекај малку сега! Предавател не е исто што и столб! Интернетот он нет го шири низ Македонија преку разни медиуми. Дали е тоа оптика, дали е вајмакс технологија, дали е постојна мрежа на срд, било како само да стигне до посакувана дестинација.
Е сега за вифи конкретно. Вифи мрежата низ Скопје требаше да биде целуларна мрежа со радиуси од околу 100-тина метри колку што е лимит за вифи. За да покриеш цела држава со вифи е тотлно нон-сенс и незнам како он-нет успеа за такво нешто да се нафати. Пред се не е воопшто профитабилно. Ние како општество ги немавме пројдено ниту 2г технологиите, а камо ли па 3г. Епа дури после овие технологии може да се иде на тотален вифи. Пази споредба 3г е на радиуси од 26000 метри, а вифи е на 100 метри. Колку само треба да е погуста вифи решетката и колку е само тоа непрофитабилно. Тој проект беше тотален нон-сенс и затоа пропадба. Инаку да се вратам на ширењето нет. Значи вака он.нет до аксес поинт-ите (не се викаат базни станици, тоа е кај мобилен) носи интернет како што му дојде при рака, обично тоа го праве со приватни вајрлес конекции, вајмакс-ови, закупени линии од пошта и слично. Од кога ќе си донесат своја енкриптирана мрежа до некое школо, градинка, институција, стан, после од тука зрачат нет во радиус од 100 метри. Ова захтеваше премногу споредна инсталација која не прави ништо друго освен што кошта! Таа опрема он.нет си ја има демонтирано и си ја продаде на нови корисници преку новите нет понуди кои ги имаше. Тие предаватели што он нет ги користеше беа за оние аксес поинт-и каде што се идеше со вајрлесс конекции и тие предаватели се со димензии колку едно шише пластично. Тоа може да се заштрафи било каде и да зрачи у отворен видик до 30 км. Ваквите предаватели се исклучиво насочени и не може да се користат за друга технологија освен за интернет. Не викам дека ептен не може, оно може да се примени, ама слабеењето на сигналот е преголемо, јер предавателот се знае за кој опсег на фреквенции е наменет! Кај дигиталната телевизија, односно поконкретно DVB-T зрачењето е пред се дифузно и ова е прва работа зашто овие предаватели не се користат. Втора работа е, се работи за потпотно различен опсег фрек. Инаку DVB-T работи на точно истите фреквенции како и VHF телевизијата само што сега кај DVB нема аналогно зрачење него е дигитално и на еден канал наместо по една тв, од сега се мултиплексираат по 4 тв. Кај телевизијата за мобилни (кај нас уште нема вакво нешто) може и по 8 тв на еден канал! Дигиталната тв ги користи сосема истите предаватели и истата опрема што се користела до сега само што содржината на тоа што се пренесува е различна. Значи нека не те буни тоа што ова се вика дигитална тв. Зборот дигитална апсолутно нема никаква поврзаност со кумпјутери ниту интернет мрежи! Edited by lslcrew - 04-Feb-2009 at 19:43 |
|
![]() |
|
beTon ![]() Senior Member ![]() Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3893 |
![]() ![]() |
па столб е столб, дали на него ќе закачиш ваков или онаков предавател тоа е друга работа. инаку сега баш прочепкав и статива, според информацијава од капитал wifi-то одело преку предавателите на СРД, а само базните станици биле на он.нет, така да немале столбови па ќе мора сега да креваат свои...
Edited by beTon - 04-Feb-2009 at 19:26 |
|
![]() |
|
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
Beton дигиталната телевизија воопшто не функционира како што ти мислиш, а прдавател за вифи и предавател за дигитална тв воопшто не е исто! Башка проектот во вифи пропадна!
|
|
![]() |
|
beTon ![]() Senior Member ![]() Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3893 |
![]() ![]() |
предавателите, за што станавме први во свет, мислиш базните станици добиваа сигнал од кабел, јасно е дека имаше предаватели кои сега можат да се искористат за дигиталната телевизија.
|
|
![]() |
|
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
Beton што има везе дигитална телевизија во вифи мрежа?!
|
|
![]() |
|
beTon ![]() Senior Member ![]() Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3893 |
![]() ![]() |
незнам само дали тоа со сопствена предавателска мрежа ќе ја искористат веќе постоечката вифи или сосем нови предаватели ќе креваат, патем што бидна со она трипл плеј што најавуваше пепи, бидна дигитална тв преку мрежата на телеком? |
|
![]() |
|
гитардемон ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5424 |
![]() ![]() |
![]() Веројатно се мисли на функциите што ги има и користа од него, инаку за изглед може секој да добие награда на светско ниво. Но сепак би требало да поработат и на тоа, дефинитивно! А немам корисничко име, не знам што нуди кога ќе се регистрираш (мака ми беше), но сигурно има нешто штом го планираат. А дека нема да победи се подразбира. Edited by гитардемон - 24-Jan-2009 at 13:22 |
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
|
![]() |
|
La Linea ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Nov-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2067 |
![]() ![]() |
Ве молам посетете го сајтот што го пишува горе во веста www.epolicy.mk. Видете што праќа Македонија како кандидат за награда на СВЕТСКИОТ самиот за информатичко општетство.
|
|
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
|
![]() |
|
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
Развојот на интернетот во Македонија граби со голем замаф! Само за една година интернет сообраќајот у Македонија пораснал за 2000 (две иљади) посто! Незнам што се чека за развој на интернетот преку каблите за струја. Впрочем ова е и најлесен начин да се донесе конекција до некои села и слично. Дали поради актуелнава ситуација со ЕВН е рабботава, незнам! Имаше порано два обида по ред да се внесе ова на нашиот пазар ама остана све само на иницијатива.
п.с. Линеа фала што ме потсети за развојот на широкопојасен нет! |
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 1718192021 28> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |