build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Интернет и телекомуникации

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1234 28>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20538
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 30-Jun-2021 at 15:32
Од утре се укинува роамингот, како да сте дома, ако потрошите повеќе гигабајти, интернетот ќе ви биде прекинат

Од утре граѓаните тарифата за роаминг за телефонски повици и смс пораки ќе ја плаќаат како да се дома. Но, за да нема недоразбирања, ќе има ограничен интернет, објаснува првиот човек на Агенцијата за електронски комуникации, Јетон Акики.

„Доколку корисникот користи 1 гигабајт интернет за една недела во земјава, а за една недела во регионот потроши 5 гигабајти, тогаш операторот ќе му испрати смс порака дека интернетот ќе прекине или ќе биде ограничен“, посочија од АЕК.

Министерот за информатичко општество Јетон Шаќири вели дека договорот со операторите треба да се почитува и доколку на граѓаните им дојдат високи сметки, тогаш ќе треба да ја известат Агенцијата за електронски комуникации.

„Роаминг тарифата е кога наши граѓани се наоѓаат во друга држава и користат услуги од телекомуникациите. Предизвик ќе биде бидејќи бариерите и укинување на ограничувањата додека да се потврдиме во првиот месец, потоа во вториот месец ќе ни биде полесно за комуницирање“, истакна Шаќири.

Договорот за редуцирање на цените за роаминг услугите на јавните подвижни комуникациски мрежи во регионот на Западен Балкан е потпишан од одговорните министри за електронски комуникации на шест земји од Западен Балкан, како Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија, Црна Гора и Србија, во Белград во 2019. Обиди за укинување на роамингот има и за други земји како Бугарија и Грција, но се уште нема ништо конкретно.

https://mk.tv21.tv/od-utre-se-ukinuva-roamingot-kako-da-ste-doma-ako-potroshite-poveke-gigabajti-internetot-ke-vi-bide-prekinat/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20538
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 02-Jun-2021 at 14:00
Започна постапката за доделување радиофреквенции за 5Г

Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) ја стартуваше постапката за објава на тендер со којшто ќе додели одобренија за користење на радиофреквенции за петтата мобилна генерација 5Г. Регулаторното тело објави намера за спроведување постапка на јавен тендер со јавно наддавање за издавање ограничен број одобренија за користење радиофреквенции и отвори јавна расправа за објавениот број одобренија која ќе трае до 5 следниот месец. Дотогаш заинтересираните треба да достават намера за добивање радиофреквенции.

– Предмет на јавниот тендер се: – 2х30 MHz во фреквенциски опсег 694-790 MHz, – 328.5 MHz во фреквенциски опсег 3400-3800 MHz и 800 MHz во фреквенциски опсег 24.25-27.5 GHz – стои во објавата.

Агенцијата планира да додели три одобренија за користење на радиофреквенции во опсегот 700 MHz, седум одобренија за користење на радиофреквенции во опсегот 3.x GHz и четири одобренија за користење на радиофреквенции во опсегот 26 GHz.

– Ако бројот на заинтерсираните страни е помал или еднаков на предвидените одобренија за доделување тогаш постапката продлжува со поднесување барања до АЕК од заинтерсираната страна. Ако тој број е поголем постапката продолжува со постапка на јавен тендер или јавен тендер со јавно наддавање како што е предвидено во член 134 од Законот за електронски комуникации – изјавија за МИА од АЕК.

Од АЕК во објавата појаснуваат дека фреквенциските опсези 700 MHz, 3.х GHz и 26 GHz согласно своите пропагациски карактеристики претставуваат важен ресурс за обезбедување електронски комуникациски услуги на корисниците преку 5Г мрежа.

– Поради ограничениот слободен фреквенциски ресурс од само 2х30 MHz, 368.5 MHz и 2.7 GHz, соодветно за горенаведените опсези, потребно е да се ограничи бројот на одобренија. Во согласност со регулаторната политика во однос на користењето на радиофреквенции за обезбедување на јавни мобилни електронски комуникациски мрежи/услуги, за обезбедување на услови за присуство на пазарот на повеќе од два мрежни оператори на јавни мобилни електронски комуникациски мрежи/услуги, Агенцијата планира одобренијата А1 и В1 да ги резервира за доделување на нов мрежен оператор – наведе АЕК во образложение за причините за објавениот ограничен број одобренија за
користење на радиофреквенции што ќе се издаваат.

Операторите што ќе добијат одобрение за национално покривање се должни со новоиздадените и постоечките одобренија за користење на радиофреквенции да обезбедат покриеност, согласно Националниот оперативен бродбенд план. Конкретно , до крајот на 2023 година најмалку еден град да биде покриен со 5G сигнал, а до крајот на 2025 година, главните коридори согласно Договорот за основање на транспортна заедница на основната и сеопфатна патна мрежа во државата да бидат покриени со непрекинат 5G сигнал. До крајот на 2027 година сите градови во државата да бидат покриени со непрекинат 5G сигнал, а до крајот на 2029 година, секој граѓанин да има можност за пристап до интернет преку 5G со минимална брзина на пристап до интернет од најмалку 100 Mbps.

Сите заинтересирани страни што сакаат да ги користат објавените радиофреквенции треба да достават писмо за искажување интерес најдоцна до 5 јули годинава во архивата на Агенцијата за електронски комуникации на адресата Кеј Димитар Влахов бр.21 1000 Скопје.

Тони Јаневски, професор во областа телекомуникации на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, смета дека според сите предвидувања во светски рамки, до средината на оваа декада, некаде до 2025 година, доминантна и понатаму ќе биде 4G, бидејќи за новата 5G ќе биде потребно време да се имплементира и потоа да пенетрира на пазарот на мобилни услуги во дадена земја.

Но, како што укажа Јаневски во интервју за МИА, ова не е нешто ново за 5G, тоа се случува со секоја мобилна генерација кога се воведува за првпат. Притоа, секоја земја оди со своја динамика при воведувањето на новите генерации на мобилни технологии. Земјите тоа не го прават изолирано од другите, туку во хармонизација со регионалните телекомуникациски тела за регулирање на телекомуникациите. Кои фреквентни опсези ќе се доделат за 5G зависи од тоа во европскиот регион кои фреквентни опсези ќе бидат доделени во сите земји, за да може да функционира роамингот, односно корисниците да можат како и досега и понатаму да го користат истите мобилни уреди во секоја земја во која патуваат.

Новитет кај 5G е што првпат ќе се овозможи функционирање на мобилните технологии и на повисоки фреквентни опсези, каде што имаат поголемо слабеење радио брановите, заради што ќе треба да се зголеми бројот на базни станици и да се намали растојанието меѓу базните станици и корисниците (секако, ваквите решенија се главно за затворени простории, како што се домови, канцеларии, молови, фабрички хали, и слично).

Според Јаневски, на краток рок, може да се очекува да се добијат поголеми битски брзини по корисник во просек, како и постепено и понатаму да се зголемува максималното количество на податоци по корисник и тоа да се приближува кон неограничен пренос на податоци преку мобилната мрежа, слично како што сега е преку фиксната мрежа. Исто така, појасни Јаневски, доцнењето во мрежата ќе оди и понатаму во надолна линија, што заедно со зголемените битски брзини ќе придонесе до поголем квалитет на мобилните услуги за крајните корисници, за истата цена. Тоа ќе биде условено и од мобилниот уред кој корисникот ќе го користи.

– Покрај поквалитетниот мобилен Интернет пристап, со големи битски брзини и помали доцнења од крај до крај, на подолг рок се очекува 5G да направи импакт и во различните бизнис сектори, кои се нарекуваат уште и вертикали. Така, се очекува позабрзан развој на масивен Интернет на нештата за сите сектори (инаку, Интернет на нештата постои и со постоечките мобилни мрежи – на пример, разни сензори, мерење на далечина, fleet tracking, итн., но со 5G ќе може драстично да се зголеми бројот на поврзани уреди). Исто така, клучна придобивка од 5G на подолг рок (значи, тоа нема да биде со првите имплементации во првите години) се т.н. ултра-доверливи сервиси со многу мали доцнења, кои се наменети за автоматизација на процесите во индустријата преку користење на мобилни мрежи, за различни начини на комуникации со возила и летала од различен тип (автомобили, автобуси, возови, дронови, итн.), за асистенција при операции во здравството од далечина, за градење паметни градови (што е процес кој постојано се одвива, никогаш реално не завршува) – изјави Јаневски.

Според него, нема штетност од 5G за луѓето, бидејќи, како што наведе, 5G стандарди поминуваат низ детални и многубројни анализи во различни меѓународни тела од областа на телекомуникациите, и глобално и регионално, пред да бидат одобрени за користење, по што всушност следува имплементацијата на мрежите во пракса. Тоа, посочува, се прави за секоја мобилна и безжична технологија, а за 5G тој процес е завршен и 5G мрежите веќе масовно се имплементираат во земјите ширум светот.

На секои десет години се појавува нова мобилна генерација, во 1980-те беше првата мобилна генерација која ја немаше во Македонија), во 1990-те се појави втората генерација (2G) чиј најпознат претставник е ГСМ, а кај нас стартуваше во 1996 година со првиот мобилен оператор, во 2000-те се појавија стандардите за 3-та генерација (3G), во 2010-те стандардите за четвртата генерација (4G), а во 2020-те (тековно) се појавува петтата мобилна генерација (5G). Во тој стил, објасни Јаневски за МИА, во 2030-те со сигурност може да очекуваме нова мобилна генерација, шестата (6G), бидејќи развојот постојано продолжува во телекомуникацискиот сектор.

Стартот на постапката за доделување на радиофрекфенциите за 5Г претходно беше најавен за минатата година. На намерата на АЕК за објава на тендерот ѝ претходеше повик во февруари лани преку кој регулаторот доби мислење од сите заинтерсирани во врска со издавањето на одобренијата. Тогаш беа пристигнатите коментари од компаниите: Intracom Telecom, НЕОТЕЛ, Македонски Телеком, А1 Македонија и EOLO S.p.A. Двата постоечки оператори, како што информираше тогаш АЕК, се изјасниле дека поради условите со ковид пандемијата се за одложување на постапката за годинава.

https://plusinfo.mk/aek-zapochna-postapkata-za-dodeluva-e-radiofrekfencii-za-5g/?fbclid=IwAR1zvvm_IpqG_tvbAJ_i4Q2kUusioVE2tGooIpBuUyOEZJNkRyHtcl0bB_s
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2026
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 12-Apr-2021 at 19:35
Колку лош превод! Малку подобро од Google Translate.

Приватна - Private во македонски јазик асоцира на нешто што не е во државна сопственост. А нели нормално денес операторите низ свет се приватни корпорации. "Private" во случајов се однесува на тоа дека поставената 5G мрежа нема да биде комерцијално достапна на корисниците на Verizon туку ќе се користи единствено за потребите на пристаништето и нивниот ограничен број уреди кои ќе се закачуваат на таа мрежа. Private network! Нема ништо со сопственоста на компаниите кои ја поставуваат.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20538
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 12-Apr-2021 at 15:00
Verizon и Nokia ќе постават приватна 5G мрежа на пристаништето во Саутемптон

Verizon соработува со Nokia и Здружените британски пристаништа (ABP) на поставување приватна 5G платформа на пристаништето во Саутемптон, за да му обезбеди на центарот безбедна приватна мрежна врска со мало доцнење.

Со овој нов договор, пристаништето во Саутемптон ќе стане првото британско пристаниште на копно со приватна 5G мрежа.

Според партнерите, приватната 5G технологија создава основа за идна примена на апликациите за Интернет на нештата (IoT) и машинско учење за поефикасно работење, истовремено решавајќи ги проблемите на комуникација на податоците предизвикани од слаба Wi-Fi врска.

Тами Ервин, Извршен директор на Verizon Business изјави: „Компаниите како ABP се под поголем притисок да ги развиваат своите услуги со огромна брзина, за да ги искористат новите комерцијални можности.

„Заедно со Nokia, успеавме да ја опремиме ABP да ги искористи непосредните придобивки на приватните 5G понуди, и што е најважно да го подготвиме пристаништето во Саутемптон во целост да ги искористи новите технолошки апликации и аналитиката во реално време, која дигитално ќе ги трансформира неговите услуги во иднина“.

Платформата ќе му овозможи на ABP безбедна приватна безжична мрежа за податоци во избраните области на источниот и западниот дел на пристаништето, овозможувајќи комуникацијата на податоци да се обедини во една мрежа.

Се надеваме дека ова ќе ја намали претходната сложеност и ќе помогне да се подобри сигурноста и безбедноста на терминалните комуникации.

Технологијата може да помогне во овозможување на новите унапредувања на услугите, вклучувајќи го следењето на имотот, автономните управувани возила, управување со текот на работа, предвидливо одржување и надзор на безбедноста во блиска иднина.

Хенрик Л. Педерсен, Извршен директор на компанијата ABP истакна: „Градењето на флексибилни и еластични технолошки платформи за задоволување на потребите на нашите клиенти е клучен елемент на нашата стратегија, а со тоа што станавме прв оператор на пристаниште во Велика Британија, што нуди приватна 5G мрежа, е фантастично достигнување за ABP“.

Verizon Business ја лансираше својата меѓународна приватна 5G платформа за глобални претпријатија лоцирани во Европа и Азија-Пацифик во октомври 2020 година.

Моментно испорачано во партнерство со Nokia, решението им овозможува на претпријатијата во своите простории да развијат приватна индустриска наменска 5G мрежа.

Мрежата е заснована на Nokia Digital Automation Cloud, платформа за апликации што обезбедува висок пропусен опсег, ниска латенција, хипер-брза приватна безжична конекција и локално компјутерско работење.

Брајан Фитџералд, SVP на Verizon Business Group и Nokia изјави: „5G можноста ќе биде реализирана во целост со Industry 4.0, како што се отвора спектарот и приватните 5G мрежи почнуваат да работат на индустриските локации ширум светот“.

https://faktor.mk/verizon-i-nokia-kje-postavat-privatna-5g-mreza-na-pristanishteto-vo-sautempton
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20538
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 08-Feb-2021 at 13:11
НАЈВИСОКО НИВО НА ЗАШТИТА: Се носат законски измени за да имаме чисти електронски комуникациски мрежи

Владата преку закон ќе ја штити земјава од ризици кои може да ги донесе опрема што ќе ја набавуваат електронските комуникациски мрежи, односно телекомуникациските оператори во земјава, а особено оние кои се однесуваат на национална безбедност. Тоа ќе важи за добавувачите и производителите на ваква опрема, пред се оние што се под контрола на Влада на друга држава.

До Собранието е доставен Предлог на Закон за измени и дополнување на Законот за електронските комуникации, чии предлагач е Владата, а претставник е министерот за информатичко општетство и администрација, Јетон Шаќири.

Како што навела Владата, целта на овие законски измени е „да се ограничат, забранат или наметнат специфични барања и услови базирани на процена на ризик, во однос на снабдувањето, употребата и работењето на опремата за електронските комуникациски мрежи, со цел да се обезбедат т. н. ‚чисти електронски комуникациски мрежи'“.

А земајќи ги предвид безбедноста на критичните и чувствителни делови на електронските комуникациски мрежи, безбедност на самата опрема или околината (употреба, интерконекција, итн.), како такви ризици се сметаат - ризик од инволвирање на трета земја во ланецот на снабдување на опрема за електронските комуникациски мрежи, ризик од голема зависност од еден добавувач и производител на ниво на оператор или на национално ниво, како и да се елиминираат ризици за националната безбедност.

Агенцијата за електронски комуникации во соработка со Националниот Центар за одговор на Компјутерски Инциденти треба да направи детална процена на профилот на ризик на сите релевантни добавувачи и производители на мрежна опрема на национално ниво. Во законот се вели дека Агенцијата може да наметне обврска на добавувачите и производителите што се сметаат за високо ризични, што вклучува и исклучување од можноста за снабдување на опрема за клучни или сензитивни мрежни елементи.

„Во однос на процена на профилот на ризик за добавувачите и производителите на мрежна опрема, Агенцијата за електронски комуникациим особено ќе проверува дали добавувачот и производителот на мрежен хардвер и софтвер е под контрола на Влада на друга држава, дали добавувачот и производителот на мрежен хардвер и софтвер има транспарентна структура на сопственост, партнерство и структура на управување, како и тоа дали е предмет на правен систем кој ги спроведува практиките на корпоративна транспарентност, дали добавувачот и производителот на мрежен хардвер и софтвер е посветен на иновативноста и ги почитува правата на интелектуална сопственост“, се вели во предлог законските измени.

Натаму, се додава дека операторите се задолжуваат дека треба да имаат воспоставени процедури и треба да преземат мерки и соодветна контрола, со цел ефикасно управување со потенцијалните ризици, како што се специфични побарувања за добавувачи и производители согласно на нивниот профил на ризик.

„Истите треба да имплементираат адекватни, флексибилни и проверени технички мерки со цел да обезбедат стриктни мерки за пристап и контрола до мрежа, принцип на доделување на најмали привилегии со цел пристапот до различни мрежни елементи да биде минимизиран, принцип на поделба на одговорностите, оддалечен пристап треба да биде минимизиран или целосно избегнат за добавувачи и производители со висок ризик, соодветна автентикација, авторизација, евидентирање на записи и проверка со цел да се има јасна евиденција на пристапот до податоците и конфигурациските промени на мрежните елементи, операторот треба да избегнува мрежна виртуелизација за клучни мрежни функционалности и осетливи податоци и наместо мрежна виртуелизација треба да користи физичка поделба на ресурсите. При набавката на опрема операторите треба да имаат специфични безбедносни побарувања. Операторите се задолжуваат да имаат соодветни планови за издржливост и континуитет во случај на катастрофи кои ќе ја засегнат функционалноста на мрежите. Операторите ќе треба да користат услуги од добавувачи и производители кои ќе демонстрираат значителни мерки за долготрајна издржливост. Истите имаат обврска да ги заштити сообраќајот на комуникациската мрежа со цел да избегне неавторизиран пристап и промени на истиот и да ја зајакне физичката заштита на критичните и сензитивни мрежни елементи, особено на базните станици. Се предвидува и спроведување на алатки со цел да обезбеди интегритет на софтверот, да чува записи од спроведени промени или аплицирани закрпи, при надоградба на софтверот за електронските комуникациски мрежи“, се вели во предложените законски измени.

Владата тврдуи дека со нив ќе има безбедно управување, работа и мониторирање на електронските комуникациски мрежи. Се интервенира со цел да се обезбеди Центрите за управување со мрежата и управувањето со безбедносните работи да се поставени на територијата на земјава, тие да обезбедат јасно видливи и ефикасни системи за мониторирање најмалку на критичните и сензитивни мрежни елементи, да ги детектираат аномалиите на мрежата, како и да ги идентификуваат и избегнат заканите.

„Пристапот на мрежните елементи треба да биде обезбеден само за ограничен број персонал, кој е обучен и квалификуван за таа намена“, потенцираат од Владата.

Предлог измената на Законот за електронски комуникации предвидува и да се воведе контрола кога надлежностите за одржување на мрежната опрема е пренесена на друго лице. Кога надлежностите за одржување на мрежната опрема (физичка и виртуелна) се пренесува на други лица операторот ќе наметне засилени безбедносни процедури при обезбедување на пристап до мрежните елементи, особено за клучните делови на електронската комуникациска мрежа, особено доколку одржувањето на опремата е обезбедено од добавувач или производител со висок ризик.

„Со овие измени ќе се има предвид вкупниот ризик на влијание врз снабдувачот и производителот од трета земја, особено во врска со нејзиниот модел на управување, отсуството на договори за соработка за безбедност или слични аранжмани, како што се одлуки за соодветност, во врска со заштитата на податоците, или дали оваа земја е страна на мултилатерални, меѓународни или билатерални договори за сајбер безбедност, борба против компјутерски криминал или заштита на податоци“, стои во законот.

https://faktor.mk/najvisoko-nivo-na-zashtita-se-nosat-zakonski-izmeni-za-da-imame-chisti-elektronski-komunikaciski-mrezi
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20538
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 02-Feb-2021 at 16:56
(ВИДЕО) Власта сака да се осигура дека идната 5Г-мрежа нема да се гради со опрема на „Хуавеј“ и ЗТЕ







https://360stepeni.mk/video-vlasta-saka-da-se-osigura-deka-idnata-5g-mrezha-nema-da-se-gradi-so-oprema-na-huavej-i-zte/
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2026
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 29-Nov-2020 at 16:28
СЗО се има произјаснето за влијанието на мобилните технологии оддмна, а и за 5Г посебно. Македонија е членка на СЗО и нема потреба од студии за докажување и утврдување дали "сонцето изгрева од исток". Мотивот за студијава исклучиво може да раѓа сомнеж дека е обид да се прелеат пари преку консултантска куќа некаде.

5Г не е штетно и е сосема потребно на човештвото, секакви други глупости се само тресење у ладна вода помеѓу флет-еартх тероии и глобална завера против хуманкајнд.

Edited by user8642 - 29-Nov-2020 at 16:28
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20538
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 29-Nov-2020 at 16:25
АЕК бара студија за влијанието на 5G мрежата врз здравјето

Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) распиша меѓународен тендер за избор на компанија која ќе изработи научна студија „Влијанието на зрачењата од телекомуникациските уреди и технологии врз здравјето на луѓето и околината – животната средина која не опкружува (4Г, 5Г)”. Тендерот е објавен во Бирото за јавни набавки, а избраната компанија со која ќе биде склучен договор ќе има обврска во рок од шест месеци да ја изработи бараната студија која ќе биде и основа за понатамошните чекори кои ќе ги презема АЕК врзани за развој на безжичните телекомуникациски мрежи во земјава.

„Веројатно ниту една технолошка револуција не поминала без да предизвика страв кај одредена категорија луѓе. Иако, реално, 5Г за обичниот граѓанин ќе значи само надградба на 4Г мрежата којашто сега е во функција, сепак во АЕК постојано пристигнуваат поплаки кои се мотивирани од страв од новата генерација 5Г мрежи и барања да се отстранат антени за кои граѓаните сметаа дека се од новата генерација“, вели Сашо Димитријоски, директор на АЕК.

Тој вели дека со студијата ќе се добие документ каде точно ќе се знае што е во интерес на граѓаните и како стојат работите со 5Г мрежата.

„Денес веќе е дојдена ситуација дотаму што секој нов предавател се смета дека е антена за 5Г мрежа. Па дури имавме ситуација каде две антени без запалени, веројатно од оние кои веруваат во опасноста од 5Г мрежата, кои сметале дека станува збор за такви антени. Затоа и решивме да распишеме меѓународен тендер за избор на компанија која ќе направи сеопфатно истражување, мерење и анализа за влијанието на 5Г мрежата врз здравјето на граѓаните. Веруваме дека со неа ќе имаме документ каде точно ќе се знае што е во интерес на граѓаните и како стојат работите со 5Г мрежата“, вели Димитријоски.

Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) распиша меѓународен тендер за избор на компанија која ќе изработи научна студија „Влијанието на зрачењата од телекомуникациските уреди и технологии врз здравјето на луѓето и околината – животната средина која не опкружува (4Г, 5Г)”. Тендерот е објавен во Бирото за јавни набавки, а избраната компанија со која ќе биде склучен договор ќе има обврска во рок од шест месеци да ја изработи бараната студија која ќе биде и основа за понатамошните чекори кои ќе ги презема АЕК врзани за развој на безжичните телекомуникациски мрежи во земјава.

„Веројатно ниту една технолошка револуција не поминала без да предизвика страв кај одредена категорија луѓе. Иако, реално, 5Г за обичниот граѓанин ќе значи само надградба на 4Г мрежата којашто сега е во функција, сепак во АЕК постојано пристигнуваат поплаки кои се мотивирани од страв од новата генерација 5Г мрежи и барања да се отстранат антени за кои граѓаните сметаа дека се од новата генерација“, вели Сашо Димитријоски, директор на АЕК.

Тој вели дека со студијата ќе се добие документ каде точно ќе се знае што е во интерес на граѓаните и како стојат работите со 5Г мрежата.

„Денес веќе е дојдена ситуација дотаму што секој нов предавател се смета дека е антена за 5Г мрежа. Па дури имавме ситуација каде две антени без запалени, веројатно од оние кои веруваат во опасноста од 5Г мрежата, кои сметале дека станува збор за такви антени. Затоа и решивме да распишеме меѓународен тендер за избор на компанија која ќе направи сеопфатно истражување, мерење и анализа за влијанието на 5Г мрежата врз здравјето на граѓаните. Веруваме дека со неа ќе имаме документ каде точно ќе се знае што е во интерес на граѓаните и како стојат работите со 5Г мрежата“, вели Димитријоски.



https://www.slobodnaevropa.mk
Back to Top
Marxentric View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Apr-2020
Location: Paionia
Online Status: Offline
Posts: 334
  Quote Marxentric Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 21-Jul-2020 at 22:21
Originally posted by user8642

WiFi емитува на фреквенции 2500 MHz (2,5GHz) и 5000 MHz (5 GHz), во спектрални подрачја од таканаречениот ISM Band (Industrial, Scientific, Medical). Во суштина unlicensed band без обврски кон националните регулатори и наменети за широка масовна употреба, но со ограничени снаги. Wifi е ограничен на максимални снаги од 100mW (0,1 W). https://en.wikipedia.org/wiki/ISM_band

Мобилни комуникации (GSM 2G, UMTS 3G, LTE 4G, WiMax) емитуваат на фреквенции од 800Mhz, 900Mhz, 1800Mhz, 2100MHz, 2600Mhz, 3500MHz и сите овие фреквенции се стават под капата на umbrella-term-от таканаречениот "Sub-6GHz Band". Со 5G се воведуваат 700Mhz, 1400Mhz, 3400MHz кои ќе бидат исто така дел од овој "Sub-6GHz Band". И до тука 5G не е ништо поразличен од тоа што веќе масовно го имаме распространето по светот како мобилни комуникации. Снагите се од ред на 20-100-тина W зависно од големината и оптеретеноста на трансмитерите, зависи колку фреквенции се употребени, колку антени има, колку корисници со сообраќај има и слични фактори.

Но во понапредна фаза за неколку години ќе се воведува таканаречениот mmWave (milimeter Wave) на 26 GHz (26000 Mhz) (ќе има низ свет од 20-80 Ghz варијанти) што е малку понапред во радио спектарот (3-300 GHz) и оддтука извираат сите заблуди и приказни околу ова зрачењето. Тоа ни малку не допира до подрачјето на опасни (Ionising) фреквенции кои се некаде во Tera-Herz-но подрачје милион пати поголеми од 5G milimeterWave. Овие фрекнвеции mmWave се веќе во употреба масовна и во светот и во Европа и во Македонија и тоа се во употреба веќе децении наназад за таканаречените microwave communications. Во Македонија според јавни податоци од АЕК сега има над 3000 издадени активни одобренија за овој микробранов спектар, и тоа не од сега, него градени системи со години наназад, радиодифузија, војска, полиција, хидросистеми, оператори, радија, приватни телевизии медиуми, министерства, мепсо, елем, кој се не. Само сега намената на овие фреквецнии ќе им се промени согласно развојот на технологијата во наредните години и тоа не оддеднаш него во распон 5-10 години барем од сега.

И јас затоа реагирам бурно кон према ваквите гомнарии по youtube кои стануваат релевантни, наеднаш будала некоја ќе прочита нешто по интернет и 5Г оддеднаш ќе стане кобајаги опасно, а ние со децении буквално "се бањаме" во истите фреквенции и истите спектри кои се веќе во употреба и ништо не му е на човештвото. И уште да се сведува дебатата на ниво дали некој се залагал или не дека 2+2=5, па уште демократичност и воља за разговор требало да се покажува. Нема и не смее да има толернација за такви појави. Секоја кочница што е ставена на 5Г некаде по свет е зашто и тие што сметаат дека 2+2=5 се исто така гласачи и нивниот глас се брои исто, па затоа се калкулирало во дадениот момент, така сметале некои политичари дека ќе им донесе поени, не размислиле дека чопорот на интеренет ќе го изврти тоа дека добиле некаква битка против 5Г.

Да не ја заборавам телевизија и радио за споредба. Ова VHF-UHF телевизија е некаде 150-700 MHz со зрачни снаги од неколку kW кило-вати, значи од ред 1000 пати посилни од мобилни комуникации. kHz килохерцното радио, на пример предавателот во Овче Поле е на 810 kHz 0,8 Mhz (0,0008 Ghz за споредба), ама е со излезна снага од 1200 kW (1200000 W) значи 10^4 посилно од мобилна. И тоа е е еден од посилните во Европа, барем од оние што сеуште се активни, ова kHz радио со годините изумира како технологија пред се поради појавата на интернетот и streaming сервиси. https://en.wikipedia.org/wiki/List_of_European_medium_wave_transmitters

Многу бројки напишав, ама подобро така, ги давам за споредба само за да се види колку ефектот од 5G е беззначаен во нашево опкружување, а придобивките ќе бидат огромни!

Back to Top
Théoden View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2018
Location: Р. Македонија
Online Status: Offline
Posts: 561
  Quote Théoden Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 17-Jul-2020 at 14:10
Originally posted by user8642


Некогаш се срамеле од Тесла за денес да биде национален херој



Ова е сатира, не претерувајте сега. Big%20smile
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1631
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 17-Jul-2020 at 05:38
во однос аберо пост погоре;

точно и од нуклеарната енергија има големи бенефити, но истата е здраво регулирана надвор од урбани средини, ем доколку се случи хаварија се плаќаат пенали, конечно ако се премерува импакт факторот во однос Квалитет На Живење визави Економските Можности, во она општество каде IoT виа 5g и 6g ќе станат сеприсутна норма таму автоматизацијата ќе ги сведе Работници на статистички куршлус! но ако за тие ко тебе од ЕТФ ќе има екстра работа како одржувачи на роботика, но повторно во земја мала ко нашава такви нема да бидат многу, конечно и вас тогај пополека ќе ве заменат со AI-robo-сервисери!
главниот аир нормално и економски ќе го имаат глобални транснационални (глобалистички) концерни, а нам ни К од кајмакот нема да ни капне откако им спростриме неопходната инфраструктура, но нели ризик кој мнозина се волни сега да го пренебрегнат само како привремено би си полнеле џебои дали од Лиценци Такси Монтирање Корисници кои би слинеле за хајспид-данлод на блуреј филмои и разбира се Доктори кои би можеле да оперираат и подома виа видеолинк додека во страначка си земаат плата а тука хонорарно за свој Народ би подземале за на конто уште некој денар!
да не ја заборавиме и војската, нели поскапо ќе биде за нас ако им пркосиме на отанизирачките небулози дека 5g e норма која не смееме да не ја имплементираме, Но Чинам Доколку Се Впрегне Сеопшта Континуирана Научна и Невладина Јавна Дебата дека лесно ќе стигнеме до нзс што и каде ем како е неопходно од 5g во земјава, а таквата демистификација воедно и да се стави на Референдум, но биометриски а не вовчански, за да и’ бидеме на чисто дали вифи-ризиците ни се сестрано прифатливи, може ќе ги забраниме ваквите антени само за и околу Училишта Болници Старски Домои и слично т.е. ќе ги обезбедиме со емф-шилд, што како ултраефтина технологија веќе е на повидок виа Mxen-ите [1][2] но се додека про-и-контра дебатата на оваа тема не е канализирана артикулирано туку вака со Седи Абер Си Немаш Што Збориш реално се’ повеќе и повеќе ќе се намножуваат болни и заминати Сограѓани сега и од микробранои, мислам Аирлија доколку тоа им е Волја нивна работа, проблемот е што абер си немаат ниту што користат ниту како да го користат, сличен пример може да се апострофира во однос Метан-он и како виа Плински Боци за Готвење подома си го кркаат мнозина без притоа да проветруваат, само што ова види зрачењево е насекаде и постојано, дермани дрмаат дури и на Планина, а туму и отповеќе бидејќи кога телефоните се мачат да потфатат чист сигнал зрачат турбо, ова не значи дека не треба со мобилка да се оит на Планина, но нема потреба постојано да е вклучена, практично нам ни треба Добра Пракса За Тоа Каде и Како Може Да Се Користи Ви-Фи, сепак проблем се и Антенските Столбои, но нели ние ко западноевропски полтрони не би се дрзнале да им пркосиме на нивните спинувани стандарди што и самите амери пример го предочуваат [3]

~

во однос аберо од минати пост;

за првио ајде да речеме плакат, тоа не е пропаганда туку предупредување за ризиците од натрупувањето без осет жици по сите страни (нешто слично ко вифи-антените денес) што нормално предизвикувало куршлуси и жртви, а тоа ете ко предупредување го стаиле и во карикатура за да си знае Народ дека муабето пржи иако морале да го користат по секој основ [1][1] но ете думале со време па реагирале, иако и ден денес си постојат ризици та зар Рамче скоро не почина од струен удар и тоа кој век све!?

а за вторио прилог, што да се каже, Тесла токму меинстримерите го сотреле, кај најде него да го посочуваш ко срам за Србите, ако нешто си читал ќе дознаеше дека Михајло Пупин ја терал цела оваа пропаганда против него своевремено, веројатно им бил во пазуви на едикојси антитесла елити, просто погрешна предожба фрлаш, незнам може сум грешка евала за ова може ќе ме демантраш ...[/blocquote]
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2026
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 17-Jul-2020 at 03:00
Како изгледал пропаганден постер против појавата на струјата, истото што се случува денес со вакви неосновани отпори кон технолошки новитети.




Некогаш се срамеле од Тесла за денес да биде национален херој

Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2026
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 17-Jul-2020 at 02:54
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1631
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 17-Jul-2020 at 02:31

сеирот си е на место, ќе речеш дали навистина таквата парноја не е глупост, само заборавате дека живееме во времиња на подли спинои, демонајзинг инфилтраторска пропаганда воопшто не била реткост ни порано а не пак денес посреди фејкбук времиња, а нормал кој би форсирал спин него самата индустрија како би ја дефокусирала јавност од реалните ризици и зицери апропо својата недоквакана технологија, но евала ето меинстримерите си имаат оправдување зошто да им полираат во недоглед ѓоноите на корпоратистите, нели виа сеир и она малку простор што го има за Критична Мисла да се сузбие, О Абдалистан, дали навистина сите сте фино самоизвозени или тоа е неопходно за да си најдете мир по вијуги бидејќи реално ако пробате да му пристапите на проблемот трезвеноумно и почнете во однос ризиците слободоумно да думате може ќе ви се згади од комформизмот во кој денес се давите, во случајов вифи-сеприсутноста!?

наместо ваквите спинови да ги игнорирате и земете ето во однос предочените абери студии и тужби да барате начин како да ги демистифицирате, ето да ги најдете и побиете тие докази, вие се фаќате кој што по фејкбук спинувал, конечно можеби и чисто заради читаност на медиумот, но знаејќи колку пари се во игра и колку утре може некој да бара отштети ако се етаблира вистината воопшто за штетноста од неправилна употреба на вифи технологијата јасно е дека ваквите спинови најефтино им да ги пуштаат токму корпоратистите!

бреј едно нешто од видеото кое го имам предочено да демантиравте аргументирано, АЛО да ви се начуди Чоек на Критичнио Разум, се чудите како после успеале да ви протнат Ск’14 ерга-омнес отанизација итн. итн. добро е што сеуште не ви стаиле за пазачи мигранти, но и на тоа ќе дојде ред ко што ми мириса а како Народ е рамнодушен во однос удбалитичарските патки!
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2026
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 17-Jul-2020 at 01:13
@ StaroSkopje
Милиони години на светов функционира еден златен божји принцип Natural-Selection. Глупите што маските им биле комунизам заради незаштита ќе изумрат по логиката на нештата и ќе продолжи наредна генерација без нив. Многу едноставно и пожелно. Тие што не се адаптираат на новите времиња се осудени на пропаст и тоа, не треба многу да им се нервираме. Многу видови се создале и изумреле на светов, многу народи и држави се создале и многу изумреле кои не се снашле во времето. Нема тука правда, нема неправда, има само природа. Нзадравје нека е, не вреди да се објаснуваш со нерационални створења.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2692
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 17-Jul-2020 at 01:05
Женски Домаќински Муабети Здравје со игла не влегува што викаат?
bil gejc mu dal 10 miloni evra na zaev za dane cipira pravat esperiment so 5g anteni kene rakovo dat!11 smislia korona samo vakcini da ubutaat!!!1 Маја Синадиновска вика дека вирусот бил бактерија поспешена (а???) од 5G.

100 докази да им дадеш пак ќе измислат некоја глупост; дали печат немало на 538-та страница од документот на СЗО, дали масоните потплатиле 1000 научници да лажат, па ова, па она. Не знам кој е поретардиран, овие или Американцине што се дерат „комунизам“ на маските.

Edited by Staro Skopje - 17-Jul-2020 at 01:07
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1631
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 17-Jul-2020 at 01:05

што има врска нечија писменост, Луѓе ко Луѓе нормално ќе паничат, особено кога има контрадикторни појави ко што се она аберите од правничката во видеото кое го посочив, и повторно за истото не наоѓате сходно да го испегламе колку од тоа што е изнесено таму е точно или не, туку контрааргумент се заклочоци на регулаторни тела избушени од корпоратистите!

го наведов примерот со Дупонт еве го и со Баер и да не ги редам еден куп глупости на индустриските гиганти кои се заташкани, истото важи и за вифи-технологијата која на бизнисот му е неопходна заради раст но за сметка на Здравјето на Луѓето, а колку е сето ова опасно, хм, дека јас ќе донесам конечен заклучок тоа тешко, но чим постојат Истражувања кои велат дека дури и на клеточно ниво днк-ато се разградува виа вифи озраченост, тоа ми е доволна луфта да имам скепса во однос меинстримерсково тапшање по рамо ко уживајте ако беше опасно по Свет ќе ја забранеја технологијава!

Дали како Општество сме доволно Слободни имаме Демократија сакаме Поубаво Утре за жал не зависи од нас туку од исклучивоста на удбалитичарско-технократските елити бидејќи во моментов реално нема никаков простор некој некако да им го осуети комфорот за богатење без запреки!
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2026
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 17-Jul-2020 at 00:55
Еве до каде ескалирала глупоста последниве денови. Жицата во маските за заштита од вирусот била уствари 5Г антена. Што нема народ да измисли, или можда имаме нареден нобеловец за физика...



Edited by user8642 - 17-Jul-2020 at 00:56
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2026
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 17-Jul-2020 at 00:34
Уште малку релевантна документација за 5G. Меѓународна комисија за мониторинг на неојонизирачки зрачења што има да каже.

https://www.icnirp.org/en/applications/5g/index.html
https://www.computerweekly.com/news/252479989/ICNIRP-finds-no-health-risk-with-5G-technologies

Извадок:




Во однос на спектарот и бројките малку сликовито прикажано. 4ка се опасни јонизирачки зрачења како рентген и гама нуклеарни зрачења. Предизивикуваат распад на клетки, разорување на ДНК, пореметување во биохемиските процеси и се милион пати подалеку во спектарот него ли разликите меѓу 5Г и другите технологии за мобилни комуникации.

Во 1 се дел од спектарот кој моментално се користи за мобилни комуникации. Дел од 2ка ќе се пренамени од еден тип телекомуникации во друг тип со текот на годините, но и 2ка и 3ка моментално се во широка употреба.






Бонус џокер преглед на писменоста на македонскиот народ:


Edited by user8642 - 17-Jul-2020 at 00:37
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2692
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 17-Jul-2020 at 00:27
Има бројки и за тоа, телефонските линии паднале од 384k во 2014 на 382k во 2018, а претплатниците на мобилна телефонија од 2224k на 1969k (зошто толкав пад???). Во исто време, претплатниците на мобилен интернет се зголемиле од 1044k на 1348k.

Бројката на претплатници помалку кажува од онаа за користење на дотичните услуги; јас имам домашен телефон, ама освен Топ Шоп, понуди за постелнини, книги, кирби услуги, анкетари и одредени други субјекти (тоа се 10 повика годишно), никој не се јавува. И SMS пораките на телефон стануваат минато, сѐ се префрли на интернет.

Edited by Staro Skopje - 17-Jul-2020 at 00:30
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1234 28>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.785 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.